Climate 3000i - Клима BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Climate 3000i BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за Climate 3000i BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Клима во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Climate 3000i - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Climate 3000i на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Climate 3000i BOSCH
Содржина 1 Објаснување на символите и безбедносни
1 Објаснување на символите и безбедносни напомени .. 129
1.1 Објаснување на символите .... 129
1.2 Општи безбедносни напомени ..... 129
1.3 Напомени за овој прирачник ..... 131
2 Податоци за производот .... 131
2.1 Изјава за сообразност .... 131
2.2 Технички податоци за далечинскиот управувач .. 131
2.3 Употреба со мулти-сплит клима уред ..... 131
2.4 Податоци за разладното средство ..... 131
3 Ракување .... 132
3.1 Преглед на внатрешната единица.... 132
3.2 Преглед на далечинскиот управувач ..... 132
3.3 Употреба на далечинскиот управувач ..... 133
3.4 Поставување на главниот режим на работа . . . . 133
3.5 Поставување тајмер ..... 133
3.6 Други функции ..... 134
3.6.1 Поставување на функција за дување во повеće насоки.... 134
3.6.2 Вклучување на индикаторот и алармот (Mute Mode) .... 134
3.6.3 Функции за заштеда на енергија.... 134
3.6.4 Намалување на бучава (Silent Mode) ..... 134
3.6.5 Индиректно дување на воздухот (Wind avoid me) 134
3.6.6 Брзо ладење/загревање ..... 134
3.6.7 Самостојно чистење (I clean) ..... 135
3.6.8 Заштита од мраз (8 °C Heating) ..... 135
3.6.9 Заклучување на копчињата.... 135
3.6.10 Напредни функции за работата.... 135
4 Отстранување дефекти.... 135
4.1 Дефекти со приказ на код (Self diagnosis function) ..... 135
4.2 Дефекти без приказ на код ..... 135
5 Одржување.... 136
5.1 Замена на батериите ..... 136
5.2 Чистење на уредот и далечинскиот управувач. .. 136
5.3 Чистење на филтерот за воздух ..... 137
5.4 Подолго време на неработење ..... 137
5.5 Режим на рачна работа ..... 137
6 Заштита на животната средина и исфрлање во отпад .. 137
напомени
1.1 Објаснување на симболите
Предупредување
Во предупредувањата, сигналните зборови посочуваат кон типот и сериозноста на последиците ако не се следат мерките за избегнување на опасноста.
Дефинирани се следните сигнални зборови и може да се употребуваат во овој документ:

ОПАСНОСТ
ОПАСНОСТ означува дека їе се случаат тешки до смртни лични повреди.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ означува дека може да се случаат тешки до смртни лични повреди.

ВНИМАНИЕ
ВНИМАТЕЛНО означува дека може да се случай лесни до средни лични повреди.
НАПОМЕНА
НАПОМЕНА значи дека може да се случай материјални штети.
Важни информации

Важните информации без опасности за лични или материјални штети се означени со прикажаниот символ за информации.
| Символ Значење | |
![]() | Предупредување за запаливи супстанци: разладното средство R32 во овој производ е во гасна состојба и има слаба запаливост и ниска токсичност (A2L или A2). |
![]() | Одржувањето треба да го спроведува квалификувано лице, кое їе ги следи насоките во упатствата за одржување. |
![]() | Внимавајте при работата на насоките во упатствата за ракување. |
Ta6.1
1.2 Општи безбедносни напомени
Овие упатства за ракување се наменети за корисникот на клима уредот. Мора да се следат насоките во сите упатства релевантни за системот. Ако не се следат насоките, може да дојде до материјални штети и лични повреди, коишто може да бидат дури и смртоносни.
▶ Прочитајте ги и чувајте ги упатствата за ракување за сите составни делови на системот.
▶ Внимавајте на безбедносните напомени и предупредувањата.
⚠️ Прописна употреба
Внатрешната единица е предвидена за инсталација во објект со поврзување со надворешната единица и дополнителните компоненти на системот, на пример, регулатори.
Надворешната единица е предвидена за инсталација надвор од објект со поврзување со една или повеće внатрешни единици и дополнителните компоненти на системот, на пример, регулатори.
Секоја друга употреба се смета за непрописна. Непрописната употреба и штетите што резултираат од неа се исклучени од гаранцијата.
За инсталација на специјални локации (подземно паркиралиште, балкон или други полуотворени простори):
▶ Внимавајте на барањата за местото на инсталација наведени во техничката документација.
⚠️ Општи опасности предизвикани од разладното средство
▶ О в о ј уред е наполнет со разладно средство. Гасот од разладното средство може да биде токсичен ако дојде во контакт со орган.
▶ Редовно проверувајте го и одржувајте го системот со помош на сертифициран специјалист.
▶ Ако се сомневате дека некаде протекува разладното средство од системот, темелно проветрете ја просторијата и известете сертифициран специјалист.
Непрописните измени на системот за климатизација може да предизвика лични повреди и/или материјални штети.
▶ Работите треба да ги изведува само сертифициран специјалист.
▶ Не правете никакви измени на надворешната единица, внатрешната единица или на другите делови на системот за климатизација.
▶ Исключете го системот за климатизација од струја пред секое одржување.
⚠️ Напомени за ракувањето со системот
Погрешната употреба на системот за климатизација може да го наруши вашето здравје.
▶ Не задржувајте се предолго директно под воздухот што дува.
▶ Погрижете се собната температура да е соодветна за лицата што се наогаат во просторијата, како во случајот на бебиња, деца, постари лица, неподвижни или лица со пречки.
▶ Никогаш не ставајте предмети во уредот, така може да се повредите.
Погрешното ракување со уредот може да ја влоши неговата работа, или дури и тој да се оштети и да претрпите лични повреди.
▶ Не блокирајте ги отворите за влез и излез на воздухот на уредот.
▶ З а т в о р а јте ги вратите и прозорците од просторијата додека уредот работи.
▶ Заштитете ја внатрешната единица од навлегување на вода во неа.
▶ Редовно проверувајте ја монтажната рамка на надворешната единица за да видите дали е изабена и дали е цврста.
▶ Не ставајте тешки работи врз надворешната единица, на пример, други предмети, и не качувајте се врз неа.
▶ Правта, испарувањата и влагата треба да бидат минимальни во просторијата каде што е поставена внатрешната единица.
▶ Не користете лесно запаливи гасови во близина на уредот, на пример, спрејови.
▶ Ако има нешто што не е во ред со клима уредот (на пример, мирис на изгорено, дефектен кабел), тогаш веднаш исключете го од струја.
⚠ Безбедност на електричните уреди за домашна употреба и слични намени
Со цел да се избегнат опасности, важат следниве спецификации во однос на EN 60335-1:
«Овој уред можат да го користат деца над 8-годишна возраст, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, или пак без искусство и знаење, земајки предвид дека се под надзор или добивают упатства како безбедно да го користат уредот и ги разбираат опасностите што произлегуваат од употребата. Децата не смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не смеат да се изведуваат од страна на деца без да бидат под надзор.»
«Доколку се оштети кабелот за струја, истиот мора да го замени производителот или сервисна служба, или пак друго квалификувано лице со цел да се избегнат опасностите што произлегуваат од замената.»
1.3 Напомени за овој прирачник
Ке пронајдете збир од илустрации на крајот од овој прирачник. Текстот содржи упатувања кон илустрациите.
Во зависност од моделот, вашиот производ може да се разликува од тој во илустрациите во овој прирачник.
2 Податоци за производот
2.1 Изјава за сообразност
Овој производ соодветствува на европейските и националните законски побарувања во поглед на конструкцијата и работата.

Со СЕ-ознаката се упатува на тоа дека производот е сообразен во однос на сите применливи регулативи на ЕУ со кои се предвидува примената на ознаката.
Целосниот текст од изјавата за сообразност можете да ја пронајдете на интернет: www.bosch-climate.rs.
2.2 Технички податоци за далечинскиот управувач
| Напојување 2 ААА Батерии | |
| Опсег на сигналот 8 m | |
| Дозволена амбиентална температура –5 °C ... 60 °C | |
Ta6.2
2.4 Податоци за разладното средство
Овој уред содржи флуориран гас што предизвигува ефект на стаклена градина како разладно средство. Единицата е херметички затворена. Следните податоци за разладното средство соодветствует на барањата од Регулативата на ЕУ 517/2014 за флуорирани гасови што предизвигувает ефект на стаклена градина.
2.3 Употреба со мулти-сплит клима уред
Внатрешната единица може да се користи со систем на мулти-сплит клима уред. Во таков случај, деактивирајте ги следните функции:
- Функции за заштеда на енергија ECO и GEAR
• Самосто јно чистење (I clean)
• Намалување на бучава (Silent Mode) - Режим на рачна работа
- Откривање на протекување разладно средство
- Автоматски режим на заштеда на енергија во режим на подготвеност (1 W standby)
i
Напомени за операторот: кога инсталатерот дополнува разладно средство, дополнителната и вкупната количина разладно средство треба да ги внесе во следната табела.
3.1 Преглед на внатрешната единица
Легенда за слика 1:
[1] Горен капак
[2] Место за мал филтер
[3] Филтер за воздух
[4] Задна страна на дисплејот
[5]Копче за рачна работа
[6] Преграда за воздухот
Дисплеј на внатрешната единица

text_image
88.80010033387-001
Симбол Објаснување
| Број Приказ на температурата | |
| WLAN-поврзување ^1) активно | |
| ON | Се прикажува за одредени функции кога се включени.Кога внатрешната единица е исключена, укажува на тоадека е активен тајмерот за вклучување. |
| OF Се прикажува за одредени функции кога се исключени. | |
| dF Активно | автоматско одмрзнување |
| FP | Заштитата од мраз е активна: внатрешната единица јаодржува собната температура на најмалку 8 °C. |
| CL | Функцијата за самостојно чистење е активна (I clean) |
| Ex, Px, Fx | Код за дефект («х» означува цифра). |
1) Можно е само со IP-Gateway како опрема.
Таб. 4 Символи на дисплејот
3.2 Преглед на далечинскиот управувач
Копчиња за далечинско управување

flowchart
graph TD
A["①"] --> B["Mode"]
B --> C["ECO/GEAR"]
D["②"] --> E["SET"]
E --> F["OK"]
G["③"] --> H["Turbo"]
H --> I["LED"]
I --> J["Clean"]
K["Switch"] --> L["✓"]
M["Swing"] --> N["✓"]
O["Energy"] --> P["✓"]
Поз. Копче Функција
| Mode Поставување режим на работа. | |
| ecoGeor | Функција за заштеда на енергија |
Поз. Копче Функција
| 2 | SET | Бирање напредни функции за работата. |
| OK | Потврда на изборот. | |
| ➊ | Поставување тајмер. | |
| Зголемување температура. | ||
| Намалување температура. | ||
| 3 | ➌ | Степен на вентилаторот |
| Swing | Поставување на функција за дување во повеќе насоки. | |
| ➂ | Индиректно дување на воздухот (Wind avoid me) | |
| Turbo | Брзо ладење/загревање | |
| LED | Исклучување на дисплејот на внатрешната единица и алармот (Mute Mode). | |
| Clean | Самостојно чистење (I clean) |
Таб. 5 Копчиња за далечинско управување
Приказ на далечинскиот управувач

text_image
① ② AUTO COOL DRY HEAT FAN SET TEMP. ECO GEAR ON 8.8.8 °F OFF % RH AUTO 0010037254-001Поз. Симбол Објаснување
| 1 | Функција за работата: активно е индиректно дување на воздухот (Wind avoid me). | |
| Инфографик: активно е самостояното чистење (I clean). | ||
| Без функција. | ||
| Функција за работата: активен е режим на намалување. | ||
| Функција за работата: активна е функцијата "Следи ме" (Follow Me); мерење на температурата со далечинскиот управувач. | ||
| Инфографик: безжична контрола. | ||
| Инфографик: статус на батеријата | ||
| 2 | Начин на работа: автоматска работа | |
| Начин на работа: ладење | ||
| Начин на работа: одвлажнување | ||
| Начин на работа: греење | ||
| Начин на работа: режим на вентилатор |
Поз. Символ Објаснување
| 3 Прикавта вредност: стандардно се прикажува поставената температура, брзината на фенот или (при активен тајмер) поставката за тајмерот. | |
| Инфографик: показател за пренос; засветува кога далечинскиот управувач испраќа сигнал до внатрешната единица. | |
| eco | Инфографик: активна е функцијата за заштеда на енергија. |
| GEAR | Инфографик: активна е функцијата за заштеда на енергија. |
| ON OFF | Инфографик: активен е тајмерот за вклучување/исклучување. |
| Инфографик: активно е намалувањето на бучава (Silent Mode). | |
| Приказ на вредност: прикажан е моменталниот степен на вентилаторот. Има 10 различни степени на моќност и поставување на AUTO за автоматска регулација. | |
| 4 | Инфографик: активна е автоматската функција за вертикално дување во повеće насоки (нагоре/ надолу). |
| Инфографик: активна е функцијата за брзо ладење/greeње. | |
Таб. 6 Символи на дисплејот
3.3 Употреба на далечинскиот управувач
Опсегот на сигналот изнесува 8 m. Предметите што го попречуваат патот на сигналот или флуоресцентните светла што можеби се употребуваат во просторијата може да имаат влијание врз преносот на сигналот.
▶ Насочете го далечинскиот управувач кон сензорот за сигнал на уредот и притиснете го посакуваното копче.
Уредот ке испушки звук кога сигналот е примен.
НАПОМЕНА
Беспрекорната функција на далечинскиот управувач може трајно да се влоши.
▶ Не поставувајте го далечинскиот управувач под директна сончева светлина.
▶ Не оставајте го далечинскиот управувач во близина на грејно тело.
▶ Заштитете го далечинскиот управувач од влага и удари.
3.4 Поставување на главниот режим на работа
Вклучување/исклучување на уредот
▶ Притиснете го копчето ⏻ за да го включите или исключите уредот. Уредот започнува со поставениот режим на работа.
Поставките може да се прават и додека уредот е ислучен. Уредот ги зачувува поставките во случај кога снемува струја.
i
По исклучувањето, уредот останува во режим на подготвеност. Интелигентната технологија на вклучување и исклучување овозможува автоматски режим на заштеда на енергија во режим на подготвеност (1 W standby).
Автоматска работа
При автоматска работа, уредот автоматски преминува од ладење кон греење и обратно за да ја оддржи посакуваната температура.
▶ Притискајте го копчето Mode додека на дисплејот не се прикаже Ⓐ.
▶ Поставете ја посакуваната температура со копчињата ∧ и ∨.
i
Не можете да го поставите степенот на вентилаторот кога уредот е во режим на автоматска работа.
Ладење
▶ Притискајте го копчето Mode додека на дисплејот не се прикаже
▶ Притискајте го копчето ✝ додека не ја достигнете посакуваната брзина на дување.
▶ Поставете ја посакуваната температура со копчињата ∧ и ∨.
Режим на вентилатор
▶ Притискајте го копчето Mode додека на дисплејот не се прикаже
▶ Притискајте го копчето 🚙 додека не го достигнете посакуваниот степен на вентилаторот. За автоматската регулација можете да изберете AUTO.
i
Не можете да ја одредувате или видите температурата кога сте поставиле режим на вентилатор.
Одвлажнување
▶ Притискајте го копчето Mode додека на дисплејот не се прикаже ≈.
▶ Поставете ја посакуваната температура со копчињата ∧ и ∨.
i
Не можете да го одредувате степенот на вентилаторот кога уредот е во режим на одвлажнување.
Греење
▶ Притискајте го копчето Mode додека на дисплејот не се прикаже
▶ Поставете ја посакуваната температура со копчињата ∧ и ∨.
▶ Притискајте го копчето ⚙️ додека не ја достигнете посакуваната брзина на дување.
i
Кога надворешната температура е многу ниска, резултатите од работата на системот за климатизација може да не бидат задоволителни. Во такви случаи, препорачуваме да поставите дополнително грејно тело.
3.5 Поставување тајмер
Тајмерот за включување и ислучување можете да го поставувате меѓу 0 до 24 часа, при што првите 10 часа можете да ги поставувате во периоди од по 30 минути, а повеće од тоа во периоди од по 1 час. Ако поставите на 0 часа, тајмерот се поништува.
Поставување на тајмер за вклучување на уредот
▶ Притиска јте го копчето додека не се прикаже символот.
▶ Притискајте на ∧ или ∨ додека не се постави посакуваното време.
По кратко време, поставката се презема.
Поставување на тајмер за исклучување на уредот
▶ Притиска јте го копчето додека не се прикаже символот.
▶ Притискајте на ∧ или ∨ додека не се постави посакуваното време.
По кратко време, поставката се презема.
Откажување на тајмерот
▶ Изберете го соодветниот тајмер со копчето .
▶ Поставете на 0,0 часа. По кратко време, тајмерот їе се откаже.
Комбинирање на тајмерот
Двата тајмера може истовремено да се поставуваат. Секој тајмер може да се испрограмира да се активира пред другиот.
▶ Поставете го тајмерот за вклучување и исклучување на уредот. Поставките автоматски се комбинираат.
| Актуелно време 13:00 час | |
| Поставки за тајмерот за вклучување | 4,0 часа |
| Поставки за тајмерот за исклучување | 8,5 часа |
| Време на вклучување | 17:00 час |
| Време на исклучување | 21:30 час |
Таб. 7 Пример
i
Не може да се испрограмира тајмерот за вклучување и исклучување за уредот да работи со различни температури или други поставки.
3.6 Други функции
3.6.1 Поставување на функција за дување во повеке насоки
НАПОМЕНА
Кога перката за насочување на воздухот се задржува во најдолната позиција подолг временски период за време на ладењето, може да се појави кондензација. Рачното вертикално приспособување на перката за насочување на воздухот може да предизвика дефект.
▶ Употребувајте го само далечинскиот управувач за да ја приспособите вертикално перката за насочување на воздухот.
Хоризонтално движење на перката (лево/десно)
Хоризонталната позиција мора да се постави рачно.
▶ Исклучете ја внатрешната единица од струја.
▶ Спуштете ја надолу преградата за воздух (→ Слика 2).
▶ Занишајте ја перката за насочување на воздухот со рака хоризонтално во посакуваната позиција.
▶ Вратете ја преградата за воздух во оригиналната позиција.
Автоматско вертикално движење на перката (нагоре/надолу)
▶ Drжете го копчето Swing притиснато подолго од 2 секунди за да се активира вертикалното движење на перките.
На далечинскиот управувач ќе се појави символот ☐.
▶ За да заврши автоматското вертикално движење на перките: повторно притиснете го копчето Swing.
Позиција на чистење
За поедноставно чистење, можете да ја наместите перката за насочување на воздухот во посебна позиција (зависно од моделот).
▶ Kora уредот е ислучен, држете ги притиснати истовремено копчињата Mode и Swing во траење од една секунда.
▶ За да ја смените позицијата на чистење: повторно држете ги двете копчиња притиснати.
3.6.2 Вклучување на индикаторот и алармот (Mute Mode)
▶ За да го включите или исключите дисплејот на внатрешната единица и алармот: притиснете го копчето LED.
▶ За да се прикаже актуелната собна температура: држете го копчето LED притиснато 5 секунди.
▶ За да се прикаже поставената температура: држете го копчето LED притиснато уште 5 секунди.
3.6.3 Функции за заштеда на енергија
Уредот ги нуди следните функции за заштеда на енергијата:
- ECO ^1) : работа со степен на вентилаторот AUTO и поставена температура од најмалку 24 °C
• GEAR (75%): потрошувачката на струја се намалува за 25 %
• GEAR (50%): потрошувачката на струја се намалува за 50 % - Ако нема ниту еден од символите горе: нормална работа
▶ За да ја активирате функцијата за заштеда на енергија, притискајте го копчето –дедека не се прикаже посакуваната функција.
i
Функцијата ECO се поставува автоматски на 24 °C ако однапред поставената температура е пониска. Функцијата се исклучува ако температурата падне под 24 °C.
3.6.4 Намалување на бучава (Silent Mode)
Оваа функција ја намалува бучавата на внатрешната и надворешната единица за време на работата. Особено е корисна кога треба да ги земете предвид соседите вечерно време.
▶ Држете го копчето во траење од 2 секунди за време на работата.
Запирање на функцијата:
▶ Повторно држете го копчето во траење од 2 секунди.
-ИЛИ-
Кога надворешната единица работи тивко поради ниско-фреквентна работа на компресорот, не се достигнува капацитетот на компресорот за ладење/греење.
3.6.5 Индиректно дување на воздухот (Wind avoid me)
Со оваа функција се спречува директно дување на воздухот кон луге.
i
Функцијата е достатна само во режимот за ладење, одвлажнување и вентилатор.
При брзото ладење/загревање, внатрешната единица работи со максимальна моćност за просторијата да може брзо да се загрее или излади.
▶ Брзо ладење: включете го ладењето и притиснете на копчето Turbo.
▶ Брзо загревање: включете го греењето и притиснете на копчето Turbo.
Запирање на функцијата:
▶ Повторно притиснете го копчето Turbo.
3.6.7 Самостојно чистење (I clean)
Уредот има функција за самостояно чистење на испарувачот. Со самостояјното чистење, правта, мувлата и замастеноста се замрзнуваат. На крајот, сето тоа брзо се одмрзнува и се суши со топол воздух.
▶ За да го активирате самостояното чистење: притиснете на копчето Clean.
За време на самостояното чистење, дисплејот на внатрешната единица прикажува CL. По 20 до 45 минути, самостояното чистење автоматски завршува.
3.6.8 Заштита од мраз (8 °C Heating)
Заштитата од мраз може да се активира за да се одржува температурата на најмалку 8 °C.
▶ За време на греєњето 2х притиснете го копчето ∨ во рок од 1 секунда.
Уредот останува ислучен додека температурата не падне под 8 °C.
Запирање на функцијата:
3.6.9 Заклучување на копчињата
Со ова копчињата на далечинскиот управувач се заклучени.
▶ За да ги отключите/заклучите копчињата: држете ги копчињата Clean и Turbo истовремено во траење од 5 секунди.
Кога копчињата се заклучени, на дисплејот се прикажува символот 🔒.
3.6.10 Напредни функции за работата
▶ Изберете ја функцијата со копчето Set или копчињата ∧, ∨.


ja за тивок режим Задоврзување со WLAN потребен е вграден IP-Gateway (опрема).
ja "Следи ме"
ја за безжична контрола
▶ Потврдете го изборот со копчето OK.
4 Отстранување дефекти
4.1 Дефекти со приказ на код (Self diagnosis function)
Ако се случа некаков дефект на уредот, трепкаат LED-сијаличките подолго време или дисплејот го покажува кодот за дефект (пр. EH 02).
Ако некој дефект не престане и по 10 минути:
▶ Исключете ја кратко и повторно включете ја внатрешната единица.
Ако дефектот продолжи:
▶ Јавете се во корисничката служба и кажете го кодот на дефект и дајте податоци за уредот.
4.2 Дефекти без приказ на код
Ако се појават дефекти за време на работата што не може да се отстранат:
▶ Јавете се во корисничката служба и кажете го дефектот и дајте податоци за уредот.
| Мо́кноста на внатрешната единица е можеби преслаба. |
Температурата е превисоко или прениско поставена.
| Филтерот за воздух е извалкан и мора да се исчисти. |
| Неповолни влијанија од околината врз внатрешната единица, на пример, попречени отвори за воздух на уредот, отворени врати/прозорци во просторијата или многу јаки извори на топлина во просторијата. |
| Се активира тивката работа и спречува целосно искористување на капацитетот. |
| Дефект Можно причина | |
| Внатрешната единица не се вклучува. | Внатрешната единица има механизмам за заштита од преоптоварување. Може да поминат 3 минути додека да биде возможно повторно стартување на внатрешната единица. |
| Батериите на далечинскиот управувач се празни. | |
| Тајмерот е включен. | |
| Начинот на работа се менува од ладење или гreeње во режим на вентилатор. | Внатрешната единица го менува начинот на работа за да го спречи формирањето мраз. |
| Поставената температура е привремено достигната. | |
| Внатрешната единица генерира бела магла. | Големите температурни разлики меѓу воздухот во просторијата и климатизираниют воздух во влажни региони може да предизвика бела магла. |
| Внатрешната и надворешната единица генерираат бела магла. | Ако гreeњето се вклучи директно по одмрзнувањето, може да се создаде бела магла поради зголемената влажност на воздухот. |
| Внатрешната и надворешната единица создаваат бучава. | Може да се создаде звук на шуштење во внатрешната единица ако решетката за струење на воздухот се ресетира. |
| Малото шуштење поради работата е сосема нормално. Може да се создаде поради протекување на разладното средство. | |
| Може да се појави звук на чкрипење додека се шират или собираат металните и пластичните делови на уредот за време гreeњето/ладењето. | |
| Надворешната единица прави разни звуци за време на работата, коишто се нормални. | |
| Внатрешната или надворешната единица испушта прав. | За време на подолги периоди на исклучен уред, може да се насобере прав во него ако не бил покриен. |
| Лош мирис за време на работата. | Лошиот мирис што се шири во воздухот може да навлезе во уредот и уредот да го рашири. |
| Филтерот за воздух има мувла и мора да се исчисти. | |
| Вентилаторот на надворешната единица не работи постојано. | Вентилаторот работи различно заради оптимална работа. |
| Работата е непостојана, непредвидлива или внатрешната единица не реагира. | Може да има пречки предизвикани од предаватели за мобилна телефонија или засилувачи на сигнал.► Исклучете ја внатрешната единица краткотрајно од струја и повторно включете ја. |
| Преградата за воздухот или перката за насочување на воздухот не се движи правилно. | Преградата за воздухот или перката за насочување на воздухот била приспособена рачно или не е правилно монтирана.► Исклучете ја внатрешната единица и проверете дали компонентите се правилно наместени.► Включете ја внатрешната единица. |
Ta6.8
5 0 д р ж у в а

ВНИМАНИЕ
▶ Исклучете го уредот од струја пред одржувањето.
▶ Сите чекори за одржување што не се наведени овде треба да ги извршува само сертифициран специјалист.
Потребни ви се 2 батерии со големина AAA. Не се препорачува употреба на батерии што може да се полнат.
▶ Отстранете го капачето за преградата за батерии (→ Слика 3).
▶ Поставете нови батерии и внимавајте на точниот поларитет.
▶ Повторно вратете го капачето за преградата за батериите.
H e
5.2 Чистење на уредот и далечинскиот управувач
НАПОМЕНА
Уредот може да се оштети поради непрописно чистење!
▶ Не прскајте директно со вода или не потопувајте го во вода.
▶ Не користете жешка вода, абразивен прашок или јаки средства за разредување.
▶ По чистењето, избришете ја внатрешната единица и далечинскиот управувач со мека крпа.
▶ Надворешната единица треба да ја чисти само сертифициран специјалист.
5.3 Чистење на филтерот за воздух
НАПОМЕНА
Филтерот за воздух може да се изобличи ако се остави на директна сончева светлина.
▶ Не поставувајте го филтерот за воздух на директна сончева светлина.
Чистете го филтерот за воздух на секои 2 недели, како и пред или по подолго време на неработење.
▶ Исклучете ја внатрешната единица.
▶ Кренете го капакот на внатрешната единица.
▶ Притиснете го и извадете го филтерот за воздух нагоре (→ Слика 4).
▶ Извадете го малиот филтер за воздух, ако има таков (→ Слика 1, [2]).
- Исчистете го малиот филтер за воздух со мала рачна правосмукалка.
▶ Исчистете го големиот филтер за воздух со топла вода и умерено средство за чистење и оставете го да се исуши во сенка.
▶ Вратете ги малиот и големиот филтер за воздух.
5.4 Подолго време на неработење
Ако треба уредот да биде надвор од употреба подолго време:
▶ Исчистете го филтерот за воздух.
- Активирајте го самостояното чистење на внатрешната единица со копчето Clean.
▶ По самостояното чистење, оставете вентилаторот да работи додека внатрешната единица не се исуши.
▶ Исклучете ја внатрешната единица од струја.
▶ Отстранете ги батериите од далечинскиот управувач.
▶ Заштитете го уредот од прашина.
Оштетување на уредот поради неправилно работење
Режимот на рачна работа на уредот не е наменета за постојана употреба.
▶ Таа се применува само во случај на тестирање или во итен случај.
▶ Се употребува само кратко време.
▶ Исклучете ја внатрешната единица.
▶ Кренете го капакот на внатрешната единица.
▶ Притиснете го копчето за рачен режим на ладење со помош на тенок предмет:
– Притиснете еднаш: се присилува автоматска работа.
– Притиснете двапати: се присилува ладење.
– Притиснете трипати: внатрешната единица се исклучува.
▶ За да го вратите уредот во нормален режим на работа, употребете го далечинскиот управувач.
6 Заштита на животната средина и исфрлање во отпад
Заштитата на животната средина е корпоративен принцип на групацијата Bosch.
Квалитетот на производите, економичноста и заштитата на животната средина се од еднаква важност за нас. Строго се придржуваме до законите и прописите за заштитата на животната средина.
За да ја заштитиме животната средина, ги користиме најдобрата можна технологија и материјали, земајки ги предвид економските аспекти.
Пакување
Кога се работи за пакувањето и амбалажата, включени сме во националните системи за рециклирање со цел да се загарантира оптимално рециклирање.
Сите употребени материјали за пакувањето се поволни во однос на животната средина и може да се рециклираат.
Стар уред
Старите уреди содржат вредни материјали коишто може да се пренаменат.
Лесно се расклопуваат компонентите. Пластиката е означена. Така можете да ги сортирате и рециклирате или исфрлите различните компоненти.
Овој символ значи дека производот не смее да се исфрла во отпад со обичниот отпад од дома Kinството, туку мора да се однесе во соодветен центар за рециклажа каде што ќе се истретира, рециклира и исфрили.
Симболот важи за земјите со прописи за електронски отпаден материјал, на пример, европейската регулатива 2012/19/EG за електронски и електрични стари уреди. Таквите прописи ги дефинираат општите услови што се однесуваат на враќањето и рециклирањето на електронските стари уреди што се на сила во поединечните земји.
Со огледдека електронските уреди содржат опасни супстанци, мора да се рециклираат за да се минимизираат можните ризици по животната околина и човековото здравје. Освен тоа, рециклирањето на електронските отпадни материјали помага да се зачуват производните ресурси.
За повеće информации околу еколошкиот начин на исфрлање на електрични и електронски стари уреди, обратете се кај локалните надлежни власти, во комуналното претпријатие или таму каде што сте го купиле производот.
Повеќе информации їе пронајдете овде:
www.weee.bosch-thermotechnology.com/
Батерии
Батериите не смее да се исфрлаат со отпадот од домакинството. Употребените батерии мора да се однесат во локален центар за собирање таков отпад.
Уредот содржи флуориран гас со ефект на стаклена градина R32 (потенцијал на глобално затоплување од 675 ^1) ) со слаба запаливост и ниска токсичност (A2L или A2).
Содржената количина е наведена на фабричката табличка на надворешниот уред.
Разладните средства се опасност за животната средина и мора да се соберат и исфрлат на посебен начин.


