Climate Class 8000i - Клима BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Climate Class 8000i BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за Climate Class 8000i BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Клима во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Climate Class 8000i - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Climate Class 8000i на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Climate Class 8000i BOSCH
Содржина 1 Објаснување на символите и безбедносни
1 Објаснување на симболите и безбедносни напомени .... 82
1.1 Објаснување на символите....82
1.2 Општи безбедносни напомени....83
1.3 Напомени за овој прирачник .... 83
2 Податоци за производот ....84
2.1 Изјава за сообразност .... 84
2.2 Поедноставена изјава за сообразност за ЕУ за системи со радио-бранови .... 84
2.3 Содржина на достава....84
2.4 Димензии и минимални растојанија ..... 84
2.4.1 Внатрешна и надворешна единица ..... 84
2.4.2 Разладни линии....84
3 Монтажа ....85
3.1 Пред монтажа....85
3.2 Услови за местото на поставување....85
3.3 Монтажа на уредот....85
3.3.1 Монтирање на внатрешната единица ..... 85
3.3.2 Монтажа на надворешната единица .... 86
3.4 Поврзување на цевките....86
3.4.1 Поврзување на разладните линии со
внатрешната и надворешната единица .... 86
3.4.2 Поврзување одвод за кондензација на
внатрешната единица ....86
3.4.3 Проверка за протекувања и полнење на системот....86
3.5 Електричен приклучок....87
3.5.1 Општи напомени....87
3.5.2 Поврзување на внатрешната единица.....87
3.5.3 Поврзување на надворешната единица ..... 87
4 Пуштање во употреба ....88
4.1 Список на проверки за пуштање во употреба. .... 88
4.2 Тест на функциите ....88
4.3 Предавање на корисникот ....88
5 Отстранување дефекти....89
5.1 Дефекти со приказ на код....89
5.2 Дефекти без приказ на код....89
6 Заштита на животната средина и исфрлање во отпад....90
7 Напомени за заштита на податоците ....90
8 Технички податоци....91
напомени
1.1 Објаснување на символите
Предупредување
Во предупредувањата, сигналните зборови посочуваат кон типот и сериозноста на последиците ако не се следат мерките за избегнување на опасноста.
Дефинирани се следните сигнални зборови и може да се употребуваат во овој документ:

ОПАСНОСТ
ОПАСНОСТ означува дека їе се случаат тешки до смртни лични повреди.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ означува дека може да се случаат тешки до смртни лични повреди.

ВНИМАНИЕ
ВНИМАТЕЛНО означува дека може да се случай лесни до средни лични повреди.
НАПОМЕНА
НАПОМЕНА значи дека може да се случаат материјални штети.
Важни информации

Важните информации без опасности за лични или материјални штети се означени со прикажаниот символ за информации.
Символ Значење
![]() | Предупредување за запаливи супстанци:разладното средство R32 во овој производ е вогасна состојба и има слаба запаливост и нискатоксичност (A2L или A2). |
![]() | Одржувањето треба да го спроведуваквалификувано лице, кое їе ги следи насоките воупатствата за одржување. |
![]() | Внимавајте при работата на насоките во упатстватаза ракување. |
Ta6.1
1.2 Општи безбедносни напомени
Овие упатства за монтажа се наменети за специјализирани лица за технологија за разладување и климатизација, како и за електротехничари. Мора да се следат насоките во сите упатства релевантни за системот. Ако не се следат насоките, може да дојде до материјални штети и лични повреди, коишто може да бидат дури и смртоносни.
▶ Прочитајте ги сите упатства за монтажа за сите компоненти на системот пред монтажата.
▶ Внимавајте на безбедносните напомени и предупредувањата.
▶ Внимавајте на националните и регионалните прописи, технички правила и регулативи.
▶ Документирајте го сработеното.
⚠️ Прописна употреба
Внатрешната единица е предвидена за инсталација во објект со поврзување со надворешната единица и дополнителните компоненти на системот, на пример, регулатори.
Надворешната единица е предвидена за инсталација надвор од објект со поврзување со една или повеće внатрешни единици и дополнителните компоненти на системот, на пример, регулатори.
Секоја друга употреба се смета за непрописна.
Непрописната употреба и штетите што резултираат од неа се исключени од гаранцијата.
За инсталација на специјални локации (подземно паркиралиште, балкон или други полуотворени простори):
▶ Внимавајте на барањата за местото на инсталација наведени во техничката документација.
⚠️ Општи опасности предизвикани од разладното средство
▶ Овој уред е наполнет со разладно средство R32. Гасот од разладното средство може да биде токсичен ако дојде во контакт со орган.
▶ Ако истече разладно средство за време на монтажата, темелно проветрете ја просторијата.
▶ По монтажата, проверете дали има некакво протекување на системот.
▶ Не ставајте никакви други супстанци во разладното коло освен наведеното разладно средство (R32).
⚠️ Безбедност на електричните уреди за домашна употреба и слични намени
Со цел да се избегнат опасности, важат следниве спецификации во однос на EN 60335-1:
«Овој уред можат да го користат деца над 8-годишна возраст, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, или пак без искусство и знаење, земајки предвид дека се под надзор или добивают упатства како безбедно да го користат уредот и ги разбираат опасностите што произлегуваат од употребата. Децата не смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не смеат да се изведуваат од страна на деца без да бидат под надзор.»
«Доколку се оштети кабелот за струја, истиот мора да го замени производителот или сервисна служба, или пак друго квалификувано лице со цел да се избегнат опасностите што произлегуваат од замената.»
⚠️ Предавање на корисникот
Подучете го корисникот при предавањето на клима уредот за ракувањето и условите на работа на уредот.
▶ Објаснете како се ракува со уредот – притоа, особено посветете внимание на тоа како се користи безбедно.
▶ Особено внимавајте на следниве точки:
– Модификациите или сервисирањето смее да го врши само одобрен специјалист.
– За уредот да работи безбедно и еколошки, задолжително е барем еднаш годишно да се проверува и да се чисти и одржува по потреба.
▶ Можните последици (лични до смртоносни повреди, или материјални штети) произлегуваат поради недостаток или несоодветна проверка, чистење и одржување.
▶ Предајте ги упатствата за монтажа и ракување на корисникот за да ги има на располагање во иднина.
1.3 Напомени за овој прирачник
Ке пронајдете збир од илустрации на крајот од овој прирачник.
Текстот содржи упатувања кон илустрациите.
Во зависност од моделот, вашиот производ може да се разликува од тој во илустрациите во овој прирачник.
2 Податоци за производот
2.1 Изјава за сообразност
Овој производ соодветствува на европейските и националните законски побарувања во поглед на конструкцијата и работата.

Со СЕ-ознаката се улатува на тоа дека производот е сообразен во однос на сите применливи регулативи на ЕУ со кои се предвидува примената на ознаката.
Целосниот текст од изјавата за сообразност можете да ја пронајдете на интернет: www.bosch-climate.rs.
2.2 Поедноставена изјава за сообразност за ЕУ за системи со радио-бранови
Со ова Bosch Thermotechnik GmbH изјавува дека опишаниот производ во овие упатства Climate Class 6000i/8000i соодветствува на технологијата што користи радио-бранови согласно Директивата 2014/53/EY.
Целосниот текст од изјавата за сообразност за ЕУ можете да ја пронајдете на интернет: www.bosch-climate.rs.
2.3 Содржина на достава
Легенда за слика 1:
[1] Надворешна единица (исполнета со разладно средство)
[2] Внатрешна единица (исполнета со азот)
[3] Монтажна плоча
[4] Плех (само за модели во боја CLC8001i... T/S/R) 1)
[5] Капак за терминали со завртка
[6] Далечински управувач со батерии
[7] Комплет памфлети за производната документација
[8] Материјал за прицврстување (7 долги завртки, 1 специјална завртка за прицврстување на далечинскиот управувач и 8 типли)
[9] Плочка (за прицврстување на кабелот)
[10] Дренажна врска и дренажна тацна (само за модели CLC8001i...)
[11] Дренажен приключок (само за модели CLC6001i...)
2.4 Димензии и минимални растојанија
2.4.1 Внатрешна и надворешна единица
Слика 2
[1] Типла (се содржи во достава)
[2] Специјална завртка (се содржи во достава)
А Модел CLC8001i...
В Модел CLC6001i...
[1] Цевка за гас
[2] Цевка за течност
[3] Сифонски лак како отстранувач на масло

Ако надворешната единица е поставена повисоко од внатрешната, поставете сифонски лак на не повеće од 6 m и додајте други на секои 6 m (→ Слика 3, [1]).
▶ Придржувајте се до максимальната должна на цевката и максимальната разлика во висината меѓу внатрешната и надворешната единица.
| Максимална должина на цевка1)[m] | Максимална разлика во висина2)[m] | |
| Сите типови ≤ 15 ≤ 10 |
1) Страна на гасот или течноста
2) Измерено од долниот раб до долниот раб.
Таб. 2 Должина на цевка и разлика во висина
| Дијаметар на цевка | ||
| Тип на уред Страна на течноста [mm] | Страна на гасот [mm] | |
| Сите типови | 6,35 (1/4") | 9,53 (3/8") |
Таб. 3 Дијаметар на цевка во зависност од типот на уредот
| Дијаметар на цевка [mm] | Алтернативен дијаметар на цевка [mm] |
| 6,35 (1/4") | 6 |
| 9,53 (3/8") | 10 |
Таб. 4 Алтернативен дијаметар на цевка
| Спецификации на цевката | |
| Мин. должина на цевковод | 3 m |
| Дополнително разладно средство при должина на цевковод поголема од 7,5 m (страна на течноста) | CLC6001i...: 15 g/mCLC8001i...: 0 g/m ^1) |
| Дебелина на цевка при дијаметар меѓу 6,35 mm и 12,7 mm | ≥ 0,8 mm |
| Дебела топлинска заштита | ≥ 6 mm |
| Материјал на топлинска заштита | Полиетиленска пена |
1) Претходно наполнето за максимальна должна на цевка од 15 m.
Ta6.5
3 M o n t a j a
3.1 Пред монтажа

ВНИМАНИЕ
Опасност за повреди поради остри рабови!
▶ Носете заштитни ракавици при монтажата.

ВНИМАНИЕ
Опасност поради изгореници!
Линиите на цевките се загреваат додека уредот работи.
▶ Осигурете се дека линиите се изладени пред да ги допирате.
▶ Проверете дали содржината на доставата е точна.
▶ Проверете дали има звук на шиштење од цевките на внатрешната единица поради негативен притисок.
3.2 Услови за местото на поставување
▶ Придржувајте се до минималното растојание (→ слика 4).
Внатрешна единица
▶ Не монтирајте ја внатрешната единица во просторија со отворен извор на запалување (пр. отворен пламен, гасен уред или електрична греалка што се користи).
▶ Уредот може да се монтира во просторија со основна површина од 4 m² се додека висината на монтажа е најмалку 2,5 m. Ако точката на монтажа е ниска, тогаш подната површина мора да биде довольно голема.
▶ Местото на монтажа не смее да се наога на надморска височина поголема од 2000 m.
▶ Одржувајте ги влезовите и излезите за воздух слободни и без препреки за да може воздухот да циркулира непречено. Во спротивно, уредот може да не работи задоволително и да се зголеми нивото на бучава.
▶ Држете ги телевизорот, радиото и другите вообичаени уреди барем 1 м од уредот или неговиот далечински управувач.
▶ Изберете сид за внатрешната единица којшто ги ублажува вибрациите.
Надворешна единица
▶ Не изложувајте ја надворешната единица на испарувања од машинско масло, извори на врела пареа, сулфурни гасови итн.
▶ Не монтирајте ја надворешната единица каде што е директно изложена на вода или морски ветер.
▶ Надворешната единица мора да биде заштитена од снег.
▶ Издувниот воздух или бучавата од работата на уредот не смее да ја вознемирува околината.
▶ Воздухот мора да има добра циркулација околу надворешната единица, но не смее уредот да биде изложен на силен ветер.
▶ Кондензацијата што се создава при работата мора слободно да истекува и да не создава проблеми по околината. Ако е потребно, поставете црево низ кое ће истекува. Во ладните региони, не се препорачува поставување на истечно црево бидејки може да замрзне
▶ Поставете ја надворешната единица на стабилна подлога.
3.3 Монтажа на уредот
НАПОМЕНА
Материјални штети поради непрописна монтажа!
Непрописната монтажа може да предизвика уредот да отпадне од сидот.
▶ Монтирајте го уредот само на цврст и рамен сид. Сидот мора да има капацитет да ја издржи тежината на уредот.
▶ Употребете завртки и типли наменети само за типот на сид и за тежината на уредот.
3.3.1 Монтирање на внатрешната единица
▶ Отворете го пакетот и извадете ја внатрешната единица.
▶ Поставете ја внатрешната единица со стиропорот на неа на нејзината предна страна.
▶ Отворете ја монтажната плоча на задната страна на внатрешната единица.
▶ Одредете го местото каде што ће биде монтирана земјаќи ги предвид минималните растојанија (→ Слика 2).
▶ Прицврстете ја монтажната плоча на сидот со завртка и типла преку средна точка и изнивелирајте ја (→ Слика 4).
▶ Прицврстете ја монтажната плоча и со другите шест завртки и типли за да биде припиена за сидот.
▶ Издупчете отвор во sidот за црево (се препорачува отворот на sidот да се наога позади самата внатрешна единица → Слика 5).
i
Ознаките [1] служат за позиционирање на отворите.
▶ Ако е потребно, променете ја позицијата на истекување на кондензацијата (→ Слика 6).
i
Фитинзите за цевка на внатрешната единица во главно се наоғаат на нејзината задна страна. Препорачуваме да ги издолжите цевките пред да ја прикачите внатрешната единица.
▶ Изведете ги фитинзите за цевките како во поглавјето 3.4.Изведете ги фитинзите за цевките како во поглавјето.
▶ Ако е потребно, подвиткајте ги цевките во посакуваната насока и направете отвор на страната или долу на капакот (→ Слика 8).
▶ Поставете ги цевките низ сидот и прикачете ја внатрешната единица на монтажната плоча (→ Слика 9).
▶ За CLC8001i... T/S/R има дополнителни плехови коишто мора да се постават на соодветните точки (→ слика 10, [2]).
– Одредете ја позицијата на плеховите. 1)
– Отстранете ја лепливата фолија.
– Приспособете ги плеховите на постоечките плехови [1].
Ако треба да ја отстраните внатрешната единица од монтажната плоча:
▶ Притиснете ги ознаките на долната страна на внатрешната единица и повлечете ја внатрешната единица нанапред (→ слика 11, [1]).
i
Кај моделите во боја CLC8001i... овие ознаки не се гледаат бидејки на тоа место има плех. Сепак, може да се отстрани внатрешната единица од сидот со притискање на соодветните точки на овој начин.
3.3.2 Монтажа на надворешната единица
▶ Поставете го пакетот исправено.
▶ Исечете ги и отстранете ги ремените што го држат пакетот затворен.
▶ Отворете го пакетот горе и отстранете го пакувањето.
▶ Зависно од типот на монтажа, подгответе и монтирајте штендер или сидна конзола.
▶ Поставете ја или прикачете ја надворешната единица и употребете ги доставените или од корисникот снабдените ублажувачи на вибрации за ногарките.
▶ При монтажа со штендер или сидна конзола, испорачаната дренажна тацна [2] може да се постави со дренажен аголник [3] врз отворите за дренажа [1] (→ слика 12).
3.4 Поврзување на цевките
3.4.1 Поврзување на разладните линии со внатрешната и надворешната единица

ВНИМАНИЕ
Истекување на разладно средство поради неправилно поврзување
▶ Ако пренаменувате постоечки компресиски фитинзи, секогаш изработувајте ги компресиските делови одново.

Бакарните цевки се достапни во метри или инчи, но навојот на компресиските навртки е секогаш ист. Компресиските фитинзи на внатрешната и надворешната единица се изработени за инчи.
▶ При употреба на метрички бакарни цевки, компресиските навртки треба да се заменат со други што имаат одговарачки дијаметар (→ Табела 6).

Ако капењето вода предизвика проблем, поврзете црево за дренажа [4].
▶ Отстранете го капакот за спојките за цевка (→ Слика 13).
▶ Изведете ги фитинзите за цевките како во поглавјето 3.4.Изведете ги фитинзите за цевките како во поглавјето.
▶ Повторно поставете го капакот за спојките за цевка.
▶ Одредување на дијаметар и должна на цевка (→ Страница 84).
▶ Исечете ја цевката со секач за цевки (→ Слика 7).
▶ Измазнете го крајот на цевката и исчистете го од деланки.
▶ Поставете ја навртката на цевката.
▶ Проширете ја цевката со соодветен алат за да одговара на димензиите од Табела 6.
Навртката мора да може лесно да се поставува на работ, но не и да испаға од него.
▶ Поврзете ја цевката и затегнете ја спојката со вртежната сила дадена во Табела 6.
▶ Повторете го чекорот горе за втората цевка.
НАПОМЕНА
Намалена ефикасност поради размена на топлина меѓу разладните линии
▶ Изолирајте ги топлински разладните линии одделно една од друга.
▶ Поставете ја изолацијата на цевките и фиксирајте ја.
| Надворешен дијаметарна цевка ∅ [mm] | Вртежна сила [Nm] Дијаметар накомпресискиот отвор (A)[mm] | Компресиски крај нацевка | Однапред монтирананавојна компресисканавртка |
| 6,35 (1/4") 18-20 8,4-8,7 1/4" | 90°±43/8"A45°±2R0.4~0.8 | ||
| 9,53 (3/8") 32-39 13,2-13,5 |
Таб. 6 Спецификации за фитинзите за цевки
3.4.2 Поврзување одвод за кондензација на внатрешната единица
Садот за кондензат на внатрешната единица е опремен со два приклучока. Фабрички се монтирани црево за кондензација и чепови, коишто можете да ги смените (→ Слика 6).
▶ Поставете го цревото за кондензација така што їе има пад за слевање на кондензатот.
3.4.3 Проверка за протекувања и полнење на системот
Проверка за протекувања
Следете ги националните и локалните регулативи за проверката за протекувања.
▶ Отстранете ги капачињата од трите вентили (→ Слика 14, [1], [2] и [3]).
▶ Поврзете Шрадер-отворач [6] и уред за мерење притисок[4] на Шрадер-вентилот [1].
▶ Завртете го Шрадер-отворачот и отворете го Шрадер-вентилот [1].
▶ Оставете ги вентилите [2] и [3] затворени и наполнете го системот со азот додека притисокот 10 % не го надмине номиналниот од 42,5 bar.
▶ Проверете по 10 минути дали притисокот е променет.
▶ Ставајте азот додека не се достигне номиналниот притисок.
▶ Проверете дали притисокот е променет по 1 час.
▶ Испуштете го азотот.
Полнење на системот
НАПОМЕНА
Дефектна функција поради погрешно разладно средство
Надворешната единица е наполнета со разладно средство R32 фабрички.
▶ Kogа ће мора да дополните разладно средство, наполнете го уредот само со истото средство. Не мешајте различни типови на разладно средство.
▶ Празнете го системот со вакуумска пумпа (→ Слика 14, [5]) во времетрање од 30 минути и исушете го додека не достигне околу -1 bar (или околу 500 Micron).
▶ Отворете го горниот вентил [3] (од страната на течноста).
▶ Проверете со уред за мерење притисок [4] дали има слободен проток.
▶ Отворете го долниот вентил [2] (од страната на гасот). Разладното средство е распоредено низ системот.
▶ На крајот, проверете го притисокот.
▶ Одвртете го Шрадер-отворачот [6] и затворете го Шрадер-
вентилот [1].
▶ Отстранете ги вакуумската пумпа, уредот за мерење притисок и Шрадер-отворачот.
▶ Поставете ги капачињата на вентилите.
▶ Вратете го капакот за спојките за цевки на надворешната единица.
Опасност по животот поради струен удар!
Допирањето на електричните делови додека се под напон може да предизвика струен удар.
▶ Пред да работите на електричните делови: отповрзете ги сите полови на напојувањето (осигурувачи/LS-прекинувач) и осигурете ги од повторно вклучување.
▶ На електричниот систем смее да работи само лиценциран електричар.
▶ Внимавајте на мерките за заштита согласно националните и меѓународните прописи.
▶ Ако во мрежното напојување има одреден безбедносен ризик, или пак се случаи краток спој при инсталирањето, информирајте го операторот во писмена форма и не инсталирајте го уредот додека не го отстраните проблемот.
▶ Поврзете ги сите електрични приклучоци согласно шемата за електриката.
▶ Отстранувајте ја изолацијата од каблите само со специјална алатка.
▶ Не поврзувајте други уреди на истиот штекер на којшто е поврзан уредот.
▶ Внимавајте да не помешате кој е фазен, а кој е неутрален спроводник. Инаку може да предизвикате дефект на функциите.
▶ Ако сте постојано приклучени за струјната мрежа, поставете заштита од преголем напон и прекинувач на колото дизајниран за 1,5-кратно поголема потрошувачка од максималната потрошувачка на уредот.
3.5.2 Поврзување на внатрешната единица
Внатрешната единица се поврзува со надворешната единица преку 4-жичан комуникациски кабел од типот H07RN-F. Проводниот пречник на комуникацискиот кабел треба да биде најмалку 1,5 mm².
НАПОМЕНА
Материјални штети поради погрешно поврзана внатрешна единица
Внатрешната единица се снабдува со струја преку надворешната единица.
▶ Поврзувајте ја внатрешната единица само на надворешната.
За поврзување на комуникацискиот кабел:
▶ Отворете го горниот и предниот капак.
– Отворете ги резиньата на горниот капак.
– Држете го капакот со вашето тело и кренете го.
– Откачете го предниот капак од куките и извлечете ја шината нанапред. (→ слика 15).
▶ Подгответе го крајот на кабелот за поврзување [3] за внатрешната единица (→ слика 16 до 17).
▶ Отстранете ги завртките [4] и отстранете го капакот [5] за приключните клеми.
▶ Отворете го влезот за кабелот на задната страна на внатрешната единица и протнете го кабелот.
▶ Поврзете го кабелот на клемите N, 1, 2.
▶ Поврзете заштитен спроводник [2] на
▶ Внимавајте како се назначени жиците во однос на клемите за поврзување.
▶ Повторно поврзете го капакот за приклучните клеми.
▶ Повторно прицврстете ги предниот и горниот капак.
▶ Спроведете го кабелот до надворешната единица.
3.5.3 Поврзување на надворешната единица
Со надворешната единица се поврзува кабел за струја (3-жичан), а за внатрешната единица комуникациски кабел (4-жичан).
Користете кабли од типот H07RN-F со доволен спроводен пречник и осигурете го приключокот со осигурувач (→ Табела 7).
| Надворешна единица | Мрежен осигурувач | Спроводен пречник | |
| Кабел за струја | Комуникациски кабел | ||
| Сите типови 16 А ≥ 1,5 mm | 2 | ≥ 1,5 m2 | |
Ta6.7
▶ Подгответе го крајот на кабелот за струја (→ слика 18).
▶ Подгответе го крајот на комуникацискиот кабел (→ слика 19).
▶ Отстранете ги капаците [3+6] на електричните приклучоци (→ слика 20).

Моделот CLC6001i... го има само надворешниот капак [3].
▶ Прицврстете ги кабелот за струја [2] и комуникацискиот кабел [1] на стегите [4]. Поставете ги доставените вметки [5] помеѓу ако е потребно.
▶ Поврзете го кабелот за струја на клемите N, 1, и
▶ Поврзете го комуникацискиот кабел на клемите N, 1, 2 и (назначете ги жиците на прилучните клеми како кај внатрешната единица).
▶ Вратете ги капаците.
4.1 Список на проверки за пуштање во употреба
| 1 Надворешната и внатрешната единица се прописно монтирани. | |
| 2 Цевките се прописно• п о в р з а н и ,• изолирани топлински,• проверени дали протекуваат. | |
| 3 Поставен е соодветен одвод за кондензација и истиот е тестиран. | |
| 4 Електричниот приклучок е прописно поврзан.• Напојувањето со струја е во нормален опсег• Заштитниот спроводник е прописно поставен• Кабелот за поврзување е цврсто приключен со клемите | |
| 5 Сите капаци се поставени и прицврстени. | |
| 6 Преградата за насочување на воздухот на внатрешната единица е правилно монтирана и актуаторот е на место. |
Ta6.8
По успешното инсталирање со проверка за протекување и поставен електричен приключок, можете да го тестирате системот.
▶ Приключете го уредот во струја.
▶ Включете ја внатрешната единица со далечинскиот управувач.
▶ Drжете го копчето ON/OFF [1] притиснато 5 секунди за да го поставите режимот на ладење (→ слика 21)
Ке се огласи звук на бипкање и ќе затрепка работната сијаличка.
▶ Тестирајте дали лади добро во времетраење од 5 минути.
▶ Уверете се дека преградата за насочување на воздухот [2] се движи слободно.
▶ Изберете го режимот за греење на далечинскиот управувач.
▶ Тестирајте дали загрева добро во времетраење од 5 минути.
▶ Повторно притиснете го копчето ON/OFF за да го завршите режимот.
4.3 Предавање на корисникот
▶ Кога системот е поставен, предајте го прирачникот со упатствата за монтажа на корисникот.
▶ Објаснете му на корисникот како да ракува со системот со помош на упатствата за ракување.
▶ Препорачајте му на корисникот да ги прочита внимателно упатствата за ракување.
5 Отстранување дефекти
5.1 Дефекти со приказ на код

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност по животот поради струен удар!
Допирањето на електричните делови додека се под напон може да предизвика струен удар.
▶ Пред да работите на електричните делови: отповрзете ги сите полови на напојувањето (осигурувачи/LS-прекинувач) и осигурете ги од повторно вклучување.
Дефект на уредот може да биде сигнализиран и со секвенцијално трепкање на следните сијалички:
- Работна сијаличка ⏻ (зелена)
Бројот на трепкања укажува на кодот на дефект.
На пример, во случај на дефект 23 - 4 работната сијаличка ⏻ (зелена) трепнува 2 patи, а потоа сијаличката за тајмер ⏻ (портокалова) 3 patи и сијаличката за WLAN ⚫ зелена) 4 patи. Алтернативно, можете да го проверите кодот за дефект преку далечинскиот управувач →.
Ако некој дефект не престане и по 10 минути:
▶ Исклучете ја и повторно включете ја внатрешната единица.
Ако дефектот продолжи:
▶ Јавете се во корисничката служба и кажете го кодот за дефект и дајте податоци за уредот.
| 00 – 0 Нормална работа | |
| 01 – ... Краток спој на термисторот на надворешната единица | |
| 02 – ... | Дефект поради превисока температура во компресорот или разменувачот на топлина |
| 03 – 0 | Надворешната единица е исклучена краткотрајно поради заштита. |
| 05 – ... | Отворено струјно коло на термисторот на надворешната единица |
| 06 – ... | Преоптоварување поради недоволно разладно средство или блокиран влез/излез на воздух. Дефект со IPM-модулот или заштитата од прекумерна струја на плочата на главното струјно коло на надворешната единица. |
| 07 – ... | |
| 09 – ... | Дефект на термисторот или 4-насочниот вентил или недоволно разладно средство. |
| 10 – ... | Грешка со параметрите на надворешната единица во EEPROM |
| 11 – ... Дефект на вентилаторот на надворешната единица | |
| 13 – ... Дефект на компресорот при стартување или работа | |
| 14 – ... Дефект на модулацијата на амплитуди на импулс | |
| 17 – ... | Погрешен електричен приключок на уред со отворено струјно коло |
| 18 – ... Погрешен електричен приключок на уред со краток спој | |
| 19 – ... Дефект на вентилаторот на внатрешната единица | |
| 20 – ... Грешка со параметрите на внатрешната единица во EEPROM | |
| 24 – ... | Комуникациски дефект на внатрешната единица со WLAN |
| 26 – ... Дефект на термисторот на внатрешната единица | |
Ta6.9
5.2 Дефекти без приказ на код
| Дефект Можно причина Решение | ||
| Мо́кноста на внатрешната единица е можеби преслаба. | Можеби е извалкан разменувачот на топлина на надворешната или внатрешната единица. | ► Исчистете го разменувачот на топлина на надворешната или внатрешната единица. |
| Премалку разладно средство ► Проверете ги цевките за протекувања и ако треба отстранете ги протекувањата.► Дополнете разладно средство. | ||
| Не функционира надворешната или внатрешната единица. | Нема струја ► Проверете го приклучокот за струја.► Включете ја внатрешната единица. | |
| Активиран е заштитниот прекинувач за диференцијална струја. | ► Проверете го приклучокот за струја.► Проверете го заштитниот прекинувач за диференцијална струја. | |
| Надворешната или внатрешната единица започнува и запира ненадејно. | Премалку разладно средство во системот. ► Проверете ги цевките за протекувања и ако треба отстранете ги протекувањата.► Дополнете разладно средство. | |
| Премногу разладно средство во системот. | Извлечете малку од разладното средство со уред за шмукање на разладно средство. | |
| Во разладното средство има влага или нечистотии. | ► Испуштете го разладното средство.► Наполнете ново разладно средство. | |
| Преголеми флуктуации во напонот. | ► Инсталирајте регулатор на напонот. | |
| Компрессорот е дефектен. | ► Заменете го компресорот. | |
Ta6.10
6 Заштита на животната средина и исфрлање во отпад
Заштитата на животната средина е корпоративен принцип на групацијата Bosch.
Квалитетот на производите, економичноста и заштитата на животната средина се од еднаква важност за нас. Строго се придржуваме до законите и прописите за заштитата на животната средина.
За да ја заштитиме животната средина, ги користиме најдобрата можна технологија и материјали, земајки ги предвид економските аспекти.
Пакување
Кога се работи за пакувањето и амбалажата, включени сме во националните системи за рециклирање со цел да се загарантира оптимално рециклирање.
Сите употребени материјали за пакувањето се поволни во однос на животната средина и може да се рециклираат.
Стар уред
Старите уреди содржат вредни материјали коишто може да се пренаменат.
Лесно се расклопуваат компонентите. Пластиката е означена.
Така можете да ги сортирате и рециклирате или исфрлите различните компоненти.
Овој символ значи дека производот не смее да се исфрла во отпад со обичниот отпад од дома Kinството, туку мора да се однесе во соодветен центар за рецилажа каде што ќе се истретира, рециклира и исфрли.
Символот важи за земјите со прописи за електронски
отпаден материјал, на пример, европската регулатива 2012/19/EG за електронски и електрични стари уреди. Таквите прописи ги дефинираат општите услови што се однесуваат на враќањето и рециклирањето на електронските стари уреди што се на сила во поединечните земји.
Со оплед дека електронските уреди содржат опасни супстанци, мора да се рециклираат за да се минимизираат можните ризици по животната околина и човековото здравје. Освен тоа,
рециклирањето на електронските отпадни материјали помага да се зачуваат производните ресурси.
За повеće информации околу еколошкиот начин на исфрлање на електрични и електронски стари уреди, обратете се кај локалните надлежни власти, во комуналното претпријатие или таму каде што сте го купиле производот.
Повеќе информации їе пронајдете овде:
www.weee.bosch-thermotechnology.com/
Батерии
Батериите не смее да се исфрлаат со отпадот од домакинството.
Употребените батерии мора да се однесат во локален центар за собирање таков отпад.
Уредот содржи флуориран гас со ефект на стаклена градина R32 (потенцијал на глобално затоплување од 675 ^1) ) со слаба запаливост и ниска токсичност (A2L или A2).
Содржената количина е наведена на фабричката
табличка на надворешниот уред.
Разладните средства се опасност за животната средина и мора да се соберат и исфрлат на посебен начин.
7 Напомени за заштита на податоците
За да се овозможи далечинско надгледување и далечинско управување на систем за гreeње/вентилација Bosch со помош на овој производ, потребна е интернет врска. По поврзувањето со интернетот, овој производ автоматски се поврзува со сервер на Bosch. Притоа, податоците за врската, особено IP-адресата, автоматски се пренесуваат и обработуваат од страна на Bosch Thermotechnik. Обработката може да се постави со ресетирање на производот на фабрички поставки. Дополнителни информации за обработката на податоци їе пронајдете во следните напомени за заштита на податоците и на интернет.
8 Технички податоци
| CLC6001i-Set 25 HE | CLC6001i-Set 35 HE | CLC8001i-Set 25 HE | CLC8001i-Set 35 HE | ||
| Ладење | |||||
| Номинална моќност kW | 2,5 | 3,5 | 2,5 | 3,5 | |
| kBTU/h | 9 | 12 | 9 | 12 | |
| Потрошувачка при номинална моќност W 550 870 480 780 | |||||
| Моќност (мин. - макс.) kW 0,9-3,0 0,9-4,2 0,9-3,0 0,9-4,2 | |||||
| Оптоварување при ладење (Pdesignc) kW 2,5 3,5 2,5 3,5 | |||||
| Енергетска ефикасност (SEER) | – | 7,7 7,6 8,5 8,5 | |||
| Класа на енергетска ефикасност | – | A++ | A++ | A+++ | A+++ |
| Греење | |||||
| Номинална моќност | kW | 3,2 | 4,0 | 3,2 | 4,2 |
| kBTU/h | 10,9 | 13,6 | 10,9 | 14,3 | |
| Потрошувачка при номинална моќност W 750 | 1000 | 610 910 | |||
| Моќност (мин. - макс.) kW 0,9-4,5 0,9-5,5 0,9-5,0 0,9-6,5 | |||||
| Оптоварување при греење (Pdesignh) kW 2,8 3,0 2,8 3,2 | |||||
| Енергетска ефикасност (SCOP) | – | 4,6 4,6 5,1 5,1 | |||
| Класа на енергетска ефикасност | – | A++ | A++ | A+++ | A+++ |
| Општо | |||||
| Напојување | V / Hz | 220-240 / 50 | 220-240 / 50 | 220-240 / 50 | 220-240 / 50 |
| Макс. потрошувачка | W | 1430 | 1840 | 1500 | 2000 |
| Разладно средство | – | R32 R32 | R32 R32 | ||
| Количина на полнење на разладно средство | g | 910 | 910 | 1100 | 1100 |
| Номинален притисок | MPa | 4,25 | 4,25 | 4,25 | 4,25 |
| Внатрешна единица | |||||
| Проток (висок/низок) | m3/h | 687/636 | 696/678 | 786/852 | 852/852 |
| Ниво на звучен притисок(високо/ниско/тивко) | dB(A) | 39/33/23 | 40/34/23 | 46/37/23 | 46/37/23 |
| Јачина на бучава | dB(A) | 54 | 55 | 57 | 59 |
| Димензии(ширина × длабочина × височина) | mm | 879 × 229 × 289 | 879 × 229 × 289 | 879 × 229 × 289 | 879 × 229 × 289 |
| Нето-тежина | kg | 9 | 9 | 10 | 10 |
| Надворешна единица | |||||
| Проток | m3/h | 1728 | 1872 | 1950 | |
| Звучен притисок | dB(A) | 48 | 49 | 47 | 48 |
| Јачина на бучава | dB(A) | 62 | 63 | 59 | 61 |
| Дозволена амбиентална температура(ладење/греење) | °C | -10...48/-15...24 | -10...48/-15...24 | -10...48/-15...24 | -10...48/-15...24 |
| Димензии(ширина × длабочина × височина) | mm | 780 × 269 × 540 | 780 × 269 × 540 | 800 × 300 × 630 | 800 × 300 × 630 |
| Нето-тежина | kg | 30 | 30 | 39 | 39 |
Ta6.11


