Smart Connector - Прибори за градинарски алати STIHL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Smart Connector STIHL во PDF формат.
| Тип на производ | Прибор за градинарска алатка (Smart Connector) |
| Бренд | STIHL |
| Модел | Smart Connector |
| Технологија на поврзување | Bluetooth® 4.2, Bluetooth Low Energy (BLE), Generic Access Profile (GAP) |
| Тип на батерија | Литиумска копчеста батерија CR2032 |
| Животен век на батеријата | До 12 месеци |
| Температурен опсег (употреба и складирање) | -30 °C до +60 °C |
| Степен на заштита | IP67 (заштитен од прашина и привремено потопување) |
| Фреквентен опсег | ISM 2,4 GHz |
| Максимална преносна моќност | 1 mW |
| Опсег на сигналот | Околу 10 m (променливо во зависност од условите) |
| Компатибилни оперативни системи | Android или iOS (тековна или понова верзија) |
| Методи на прицврстување | Леплива лента, завртки (ø3 или 4 mm), кабелски стеги, слепи заковки (ø3,5 mm) |
| Тежина (проценка) | Околу 10 g |
| Димензии (проценка) | Околу 3,5 cm x 3,5 cm x 1,2 cm |
| Одржување | Чистете со влажна крпа или мека сува четка. Не користете агресивни детергенти, растворувачи или чистач под висок притисок. |
| Безбедност | Почитувајте ги безбедносните упатства: не користете како играчка, надгледувајте ги децата, користете само одобрени батерии, не предизвикувајте краток спој, правилно затворете го капакот. |
| Поправливост | Не е поправливо: заменете ако капакот повеќе не може да се затвори или во случај на дефект. |
| Општи информации | Веб-страница: connect.stihl.com / support.stihl.com. Видете го целосното упатство за детали. |
Frequently Asked Questions - Smart Connector STIHL
Прашања на корисниците за Smart Connector STIHL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прибори за градинарски алати во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Smart Connector - STIHL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Smart Connector на марката STIHL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Smart Connector STIHL
Упатство за употреба


Подготовка за употреба
Прочитајте ги и запазете ги следниве информации и безбедносни упатства. Несоодветното користење
може да предизвика тешки повреди. Несоодветното користење може да предизвика тешки повреди.

Прочитајте ги и следете ги сите безбедносни инструкции во упатството за употреба на производот STIHL или на тујиот производ на кого се наоға STIHL Smart Connector-от.
Повеќе информации за Smart Connector, STIHL connected, за компатибилните производи и често поставаните прашања се достапни на страницата https://
connect.stihl.com/ или кај специјализиран продавач STIHL.
Брендот Bluetooth® и сликовните ознаки (логоа) се регистрирани
трговски марки во сопственост на
Bluetooth SIG, Inc. Секоја употреба на овој бренд/сликовна ознака од страна на STIHL е со лиценца.
STIHL Smart Connector-от е опремен со Bluetooth® безжичен интерфејс.
Локалните ограничувања на користењето (на пример, во авиони или болници) мора да се запазат.
Безбедносни упатства
Наменска употреба
STIHL Smart Connector-от, во комбинација со Арр овозможува
персонализација и пренос на информации за оперативното време
на производи со помош на Bluetooth®
■ Ненаменското користење на Smart Connector-от може да доведе до тешки телесни повреди и материјални штети.
▶ Smart Connector-от користете го само онака, како што е опишано во ова упатство за употреба, во App и на страницата https://connect.stihl.com/.
▶ Smart Connector-от не смее да се користи како играчка. Доколку Smart Connector-от се користи во близина на деца: Надгледувајте ги децата.
■ Батериите што STIHL не ги одобрил за Smart Connector-от, може да предизвикаат пожари и експлозии. Луге може да бидат тешко повредени или усмртени и можна е материјална штета.
▶ Користете литиумска копчеста батерија IEC-CR2032 што смее да се користи во температурен опсег од - 30 °C до 60 °C.
Примена
!
ПРЕДУПРЕДУВА ЊЕ
■ Во небезбедна состојба е можно компонентите да не функционираат правилно и безбедносните механизми да бидат ислучени. Луғе може да бидат тешко повредени или усмртени.
▶ Smart Connector-от користете го со затворен капак.
▶ Уверете се дека прстенот за дихтување се наоға во водилката помеғу куқиштето и капакот.
- Капакот затворете го така што симболот стрелка їе покажува кон симболот точка на ку́киштето.
▶ Smart Connector-от не смее да се монтира на рачки, прекинувачи, командни елементи, заштитни механизми, отвори за воздух, подвижни делови или безбедносни етикети.
▶ Smart Connector-от не смее да се монтира на места што се изложени на топлина или искрење.
▶ Доколку Smart Connector-от се монтира со помош на завртки или нитни: Не оштетувајте ги електричните компоненти, кабелот, водовите за гориво или другите компоненти.
▶ Доколку Smart Connector-от се монтира со помош на завртки: Користете соодветен сврдел со пречник од 3 mm, односно од 4 mm, како што е опишано во App.
▶ Доколку Smart Connector-от се монтира со помош на нитни: Користете соодветен сврдел со пречник од 3,5 mm.
▶ Отворите направете ги од
внатрешната страна на дадениот
дел од кукиштето и во
демонтирана состојба.
▶ Доколку Smart Connector-от се монтира со помош на завртки: Завртките затегнете ги така да немаат зазор.
▶ Kora STIHL Smart Connector-от се користи на STIHL производ: Smart
Connector-от ставете го само на местото што е опишано и прикажано во STIHL App и Smart Connector-от ставете го само на начин што е опишан и прикажан во App и на страницата https://connect.stihl.com/.
▶ Kora STIHL Smart Connector-от се користи на туғ производ:
Запазете го упатството за употреба на произведувачот на туғиот производ.
▶ Клемите на батеријата никогаш не премостувајте ги со жици или со други метални предмети.
▶ Батеријата наместете ја според поларитетот (+/-). „+“ полот е свртен кон капакот.
Одржување, складирање и поправка
!
ПРЕДУПРЕДУВА ЊЕ
■ Агресивните средства за чистење, чистењето со воден млаз или шпицестите предмети може да го оштетат Smart Connector-от. Ако Smart Connector-от не се чисти исправно, можно е компонентите да не функционираат правилно и безбедносните механизми да бидат ислучени. Луге може да бидат тешко повредени.
▶ Smart Connector-от држете го слободен од туғи тела. Чистење по потреба, со сува крпа или со мека, сува четка.
▶ Не користете средства за чистење или растворувачи.
▶ Smart Connector-от не чистете го со чистач со висок притисок и не
прскајте го со вода и други течности.
■ Децата не можат да ги препознаат и проценат опасностите од Smart Connector-от. Децата може да бидат тешко повредени.
▶ Smart Connector-от чувајте го подалеку од деца
■ Електричните контакти на Smart Connector-от и металните компоненти може да кородираат под дејство на влага. Smart Connector-от може да биде оштетен.
▶ Smart Connector-от чувајте го во чиста и сува состојба.
Батерија
!
ПРЕДУПРЕДУВА ЊЕ
■ Батеријата не е заштитена од сите влијанија на средината. Ако батеријата се изложи на одредени влијанија на средината, батеријата може да се запали или да експлодира. Луғе може да бидат тешко повредени и можна е материјална штета.
▶ Smart Connector-от чувајте го од топлина и орган.
▶ Smart Connector-от не фрлајте го во орган.
▶ Smart Connector-от користете го и чувајте го во температурен опсег меѓу - 30 °C и + 60 °C.
▶ Smart Connector-от не
потопувајте го во течности.
▶ Smart Connector-от не изложувајте го на висок притисок.
▶ Smart Connector-от не изложувајте го на микробранови.
▶ Smart Connector-от чувајте го од хемикалии и соли.
- Од оштетена батерија може да истече течност. Ако течноста дојде во допир со кожата или со очите, можно е да предизвика надразнување на кожата или на очите.
▶ Избегнете допир со течноста.
▶ При допир со кожата: Погодените места на кожата измијте ги со многу вода и сапун.
▶ При допир со очите: Очите плакнете ги најмалку 15 минути со многу вода и побарајте лекарска помош.
■ Ако дојде до голтање на копчестата батерија, тоа во рок од 2 часа може да предизвика тешки повреди или смрт од внатрешни изгореници и перфорација на хранопроводот.

▶ Батеријата и Smart Connector-от чувајте ги надвор од дофатот на деца и на други неовластени лица.
▶ Капакот на Smart Connector-от секогаш мора да биде цврсто затворен. Ако капакот не може да се затвори, извадете ја батеријата и заменете го Smart Connector-от.
▶ Ако дојде до голтање на копчестата батерија: Не предизвикувајте повраќање. Тоа може да доведе до заглавување на батеријата во хранопроводот. Веднаш побарајте лекарска помош.
■ Наводно целосно испразнета батерија се уште може да обезбеди опасна струја со краток спој или може да истекува. Луге
може да бидат тешко повредени и можна е материјална штета.
Запазете ги сите законски прописи во врска со згрижувањето. Веднаш згрижете ги испразнетите батерии. Не отворајте ги и не фрлајте ги во орган. Не отворајте ги и не фрлајте ги во орган.
Smart Connector-от може да се прицврсти само на одредени производи. Во зависност од производот, Smart Connector-от мора да се прицврсти на одредено место. Smart Connector-от може да се прицврсти на следниве начини:
– со лепливата лента на неговата задна страна – со 2 приложени завртки и подлошки – со 2 стеги за кабли – со 2 слепи нитни од алуминиум, со пречник од 3 mm и должна соодветна за дадениот производ. Мора да се изврши пред-дупчење со сврдел со пречник од 3,5 mm од внатрешната страна на кукиштето. STIHL препорачува прицврстувањето со приложените завртки, стеги за кабли или со слепи нитни да го изврши специјализиран продавач на STIHL.
Доколку Smart Connector-от се прицврстува на туғ производ, STIHL препорачува Smart Connector-от да биде прицврстен со леплива лента на неговата задна страна.
Услов за детекцијата на оперативното време е наизменично електромагнетно поле на растојание од прибл. 10 см. Наизменичното електромагнетно поле го создаваат
Следниве чекори мора да се извршат за да се постави Smart Connector-от:
- Апликацијата преземете ја од App Store на мобилниот краен уред и креирајте налог.
▶ Додајте производи во апликацијата и следете ги инструкциите на екранот.
▶ Местото опишано во апликацијата, на коешто се прицврстува Smart Connector-от, исчистете го со средство за чистење врз основа на изопропанол. Местото мора да биде рамно, чисто, суво и без маснотии.
▶ Smart Connector-от прицврстете го како што е опишано во апликацијата или на страницата https://connect.stihl.com/.
▶ При лепење на Smart Connector-от: Залепете и притиснете цврсто на собна температура. Крајната сила на лепење се постигнува по 3 дена.
▶ Ако чекорите не може да се извршат: Не користете го Smart Connector-от и побарајте помош од специјализиран продавач STIHL.
Технички податоци
– Дозволени батерии: Користете литиумска копчеста батерија IEC-CR2032 со дозволен температурен опсег за користење и чување од - 30 °C до 60 °C
– Работен век на батеријата: до 12 месеци
– Дозволен температурен опсег за користење и чување: - 30 °C до 60 °C
– Вид заштита: IP67
- Врска за пренос на податоци: Bluetooth® 4.2. Мобилниот краен уред мора да биде компатибилен со Bluetooth® Low Energy 4.0 и да поддржува Generic Access Profile (GAP).
– Фреквентен опсег: ISM опсег 2,4 GHz
– Излезна мою на зрачење: 1 mW
– Домет на сигналот: околу 10 m. Јачината на сигналот зависи од условите на средината и од мобилниот краен уред. Можно се големи варијации на дометот, во зависност од надворешните услови, включително користениот приемен уред. Во затворени простори и низ метални бариери (на пример, сидови, регали, куфери), можно е значително намалување на дометот.
– Побарувања од оперативниот систем на мобилниот краен уред: Android или iOS (во тековната или повисока верзија)
Симболи на производот
Следниве символи може да се наогаат на Smart Connector-от:

Производот не фрлајте го заедно со домашното эубре.
ЕЗ Изјава за сообразност
STIHL Smart Connector
изјавува дека радио системот тип 0000 STIHL Smart Connector е во согласност со Директивата 2014/53 / EY.
Целосниот текст на Декларацијата за сообразност на ЕУ е достапен на следната Интернет-адреса: www.stihl.com/conformity
UKCA Изјава за сообразност
STIHL Smart Connector
ANDREAS STIHL AG & Co. KG изјавува дека радио системот тип STIHL Smart Connector е во согласност со Директивата. Целосниот текст на Декларацијата за сообразност на е достапен на следната Интернет-адреса: www.stihl.com/conformity
Видеа
ВВЗа таа цел, погледнете го и нашето видео:
Отстранување пречки
Поддршка за производи и помош при користење
Поддршка за производи и помош при користење се достапни кај специјализираниот продавач STIHL. Можности за остварување контакт и други информации може да најдете на https://support.stihl.com/ или https://www.stihl.com/.