BOSCH GTB 18V45 Professional - шрафцигер

GTB 18V45 Professional - шрафцигер BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GTB 18V45 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 201 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH GTB 18V45 Professional - page 138
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GTB 18V45 Professional

Категорија : шрафцигер

Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GTB 18V45 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GTB 18V45 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GTB 18V45 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, Bosch Power Tools 1 609 92A A3B | (27.02.2025)138 | Македонски метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

1 609 92A A3B | (27.02.2025) Bosch Power ToolsМакедонски | 139 Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од

u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за одвртувачи u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена жица. Ако прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен

u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. u Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за завртување и одвртување на завртки. Bosch Power Tools 1 609 92A A3B | (27.02.2025)140 | Македонски Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Бит за одвртувач (2) Гранична чаура (3) Прилагодлива чаура за граничник за длабочина што се повлекува (4) Граничник за длабочина што се повлекува (5) Прекинувач за менување на правецот на вртење (6) Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (7)

(8) Копче за отклучување на батерија (9) Копче за вклучување/исклучување PowerSAVE (10) LED-светилка за осветлување на местата на завртување/одвртување (11) LED-приказ на PowerSAVE (12) Прекинувач за вклучување/исклучување (13) Рачка (изолирана површина на рачката) (14) Универзален држач за битови (15) Држач за појас

Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Технички податоци Батериски одвртувач/

GTB 18V-45 Број на дел 3601JK70.. Номинален напон V= 18 Број на вртежи во празен

0–4500 Макс. вртежен момент при завртување во меки материјали според ISO

Nm 6,0 Прифат на алатот ¼"завртка со

шестаголна глава Макс. завртување-Ø mm 6

Мерено при 20−25°C со батеријаProCORE18V 4.0Ah

Мерено соGBA 18V 1.5Ah иProCORE18V 12.0Ah. C) ограничена моќност на температури <0°C Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841-2-2. Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 79dB(A); ниво на звучна јачина87dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соEN62841-2-2: Затегнување на завртки и навртки со максимална дозволена големина: a

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. 1 609 92A A3B | (27.02.2025) Bosch Power ToolsМакедонски | 141 Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен алат. Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе. u По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се

Внимавајте на напомените за отстранување. Вадење на батеријата Батеријата (7) има два степени на блокирање, што спречуваат, да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата (8). Се додека е вметната батеријата во електричниот уред, таа се држи во позиција со помош на пружина. За вадење на батеријата (7) притиснете на копчињата за отклучување (8) и извлечете ја батеријата нанапред од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила. Приказ за наполнетост на батеријата Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Тип на батерија GBA 18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60−100% Трајно светло 2× зелено 30−60% Трајно светло 1× зелено 5−30% Трепкаво светло 1× зелено 0−5% Тип на батерија ProCORE18V... LED светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80−100 % Трајно светло 4× зелено 60−80 % Трајно светло 3× зелено 40−60 % Трајно светло 2× зелено 20−40 % Трајно светло 1× зелено 5−20 % Трепкаво светло 1× зелено 0−5 % Промена на алат (види сликаA) u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. Извлечете го граничникот за длабочина(4) од електричниот алат. Извадете го битот за завртување(1). По потреба може да го извадите и универзалниот држач за битови(14) и да го замените. Доколку е потребно, користете клешти. По успешната замена на алатот, повторно вметнете го граничникот за длабочина(4).

Ставање во употреба Вметнување на батеријата Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на истиот. Прекинувачот за менување на правецот на вртење (5) поставете го на средината, за да спречите несакано вклучување. Наполнетата батерија (7) вметнете ја во рачката, додека не се вклопи и не легне рамно во

Подесување правец на вртење (види сликиE–F) Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (5) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (12) е притиснат ова не е

Десен тек: Притиснете го прекинувачот за правец на вртење(5) на левата страна на електричниот алат во правец кон предната страна на алатот. Прекинувачот за правец на вртење(5)на десната страна на електричниот алат автоматски се поместува наназад. Лев тек: Притиснете го прекинувачот за правец на вртење(5) на левата страна на електричниот алат наназад (т.е. обратно од предната страна на алатот). Bosch Power Tools 1 609 92A A3B | (27.02.2025)142 | Македонски Прекинувачот за правец на вртење(5)десната страна на електричниот алат автоматски се поместува нанапред. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) и држете го притиснат. LED-светилката свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (12) е напола или целосно притиснат и овозможува осветлување на местото на завртување/одвртување при неповолни светлосни

За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување (12) притиснете го копчето за фиксирање (6). За да го исклучите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (6), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/ исклучување (12) и потоа отпуштете го. Поставување на број на вртежи Бројот на вртежите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/ исклучување (12). Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување (12) се постигнува мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на

Завртување завртки За завртување завртки ставете ја завртката на битот за завртување(1). Завртката се држи со помош на магнет на универзалниот држач на битови(14). Притиснете го прекинувачот за правец на вртење(5) на левата страна на електричниот алат во правец кон предната страна на алатот. Вклучете го електричниот алат и притиснете го врвот на завртката силно кон делот што се обработува. Завртката се завртува до достигнување на поставената длабочина на завртување во делот што се обработува. Граничник за длабочина што се повлекува(4) го допира делот што се обработува и погонот се исклучува; универзалниот држач за битови(14) веќе не се врти. Проверете ја длабочината на завртување и ев. подесете го граничникот за длабочина што се повлекува(4). Подесување на длабочината на завртување (видисликаB) Со чаурата за подесување(3)може да се избере длабочината на завртување на главата на одвртувачот во делот што се обработува. Свртете ја чаурата за подесување(3) во позиција на вашата сакана длабочина на завртување. Бројот на скалата (видлив на работ на чаурата за подесување(3)) може да се користи како појдовна точка за вашата сакана длабочина на завртување. Вртењето на чаурата за подесување(3) во правец на стрелките на часовникот резултира со поголема длабочина на завртување, а вртењето во правец спротивен на стрелките на часовникот со помала длабочина на завртување. Со завртување на чаурата за подесување(3) преку позицијатаMAX таа целосно се отстранува од чаурата за затворање краеви(2). Најдобро ќе подесите доколку направите пробно завртување. Режим PowerSAVE (види сликаC) Кратко притиснете на копчето за вклучување/исклучување PowerSAVE(9), за да го активирате режимот PowerSAVE. LED- приказот PowerSAVE(11) светнува. Потоа кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување(12) и блокирајте го со притискање на копчето за фиксирање(6). Моторот останува деактивиран/исклучен, дури и ако прекинувачот за вклучување/исклучување(12) се притисне. Сега малку притиснете го електричниот алат кон делот што се обработува, за да го активирате

Ако електричниот алат не се користи 30минути, LED- приказот PowerSAVE се гаси(11). За повторно да го активирате режимот PowerSAVE, ослободете го заклучувањето со кратко притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување(12). Потоа повторно притиснете го прекинувачот за вклучување/ исклучување(12) и заклучете го со копчето за фиксирање(6). LED-приказот PowerSAVE(11) повторно

Граничник за длабочина што се повлекува (види сликаD) За олабавување завртки насочете ги стрелките на чаурата за подесување(3) и на погонското куќиште на електричниот алат едни кон други. Повлечете ја чаурата за подесување(3) наназад, додека нема веќе меѓупростор на погонското куќиште и не слушнете да се вклопи. Битот за завртување(1) сега јасно се гледа. Електричниот алат е подготвен да олабавува или одвртува завртки. Притиснете го прекинувачот за правец на вртење(5) на левата страна на електричниот алат наназад (т.е. обратно од предната страна на алатот). Прекинувачот за правец на вртење(5)десната страна на електричниот алат автоматски се поместува нанапред. Вклучете го електричниот алат. 1 609 92A A3B | (27.02.2025) Bosch Power ToolsМакедонски | 143 Напомена: олабавувањето завртки може да се направи со целосно вадење на граничникот за длабочина што се повлекува(4). Граничникот за длабочина што се повлекува(4) не може да се повлече ако чаурата за подесување(3) се наоѓа во или над позицијата MAX. Заштита од преоптоварување во зависност од температурата Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При големо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата се намалува бројот на вртежи. Дури по постигнувањето на дозволената температура на батеријата, електричниот алат повторно работи со полн број на вртежи. Заштита од длабинско празнење Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веќе. Совети при работењето Држач за појас Со држачот за појас (15) може да го закачите електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ќе ви бидат слободни, а електричниот алат ќе го имате на дофат во секое време. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат

Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Електричните алати кои повеќе не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/ батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање. Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *