BOSCH GDS 18V-350 Professional - шрафцигер

GDS 18V-350 Professional - шрафцигер BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GDS 18V-350 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 255 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GDS 18V-350 Professional - page 180
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GDS 18V-350 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GDS 18V-350 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GDS 18V-350 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GDS 18V-350 Professional BOSCH

mk Оригинално упатстро за работа

sr Originalno uputstvo za rad

sl Izvima navpdila

hr Originalne upute za rad

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ-

ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.

He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.

▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.

▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр.,

маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ће доведат до намалување на лични повреди.

▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова

упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.

u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
и Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
u Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
„ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He go изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.

и Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
и Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за одвртувачи

и Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
и Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена жица. Ако прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
« Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар.
и Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
и Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
и Пред било каква интервенција на електричниот уред (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и

при негов транспорт и складирање, ставете го прекинувачот за правец на вртење во средна позиција. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GDS 18V-350 Professional - Безбедносни напомени за одвртувачи - 1

text_image max.50°C

Заштитете го електричниот алат од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија.

BOSCH GDS 18V-350 Professional - Безбедносни напомени за одвртувачи - 2

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

▶ Приклучете го електричниот уред на прописно заземјена струјна мрежа. Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат функционален заштитен проводник.

Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Зачувувањето на податоците е активирано во алатот за вметнување.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GDS 18V-350 Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

BOSCH GDS 18V-350 Professional - Опис на производот и перформансите - 2

BOSCH GDS 18V-350 Professional - Опис на производот и перформансите - 3

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до

безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за навртување и олабавување на завртки, како и за затегнување и олабавување на навртки во дадените граници на димензии.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Прифат на алатот
(2) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(3) Стега за прицврстување на појас ^a)
(4) Батерија ^a)
(5) Копче за отклучување на батерија ^a)
(6) Кориснички интерфејс
(7) Прекинувач за вклучување/исклучување
(8) Рачка (изолирана површина на рачката)
(9) Алат за вметнување (на пр. клуч за втиснување) ^a)
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.

(10) Приказ за претходно избирање на број на вртежи

(11) Екран за автоматско исклучување (ABR)

(12) Копче за режим

A) Мерено при 20-25 °C со батерија ProCORE18V 12.0Ah.
В) во зависност од употребената батерија
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Технички податоци

Батериски ударен одвртувачGDS 18V-350
Број на дел3 601 JM5 0..
Батериски ударен одвртувачGDS 18V-350
Номинален напон V= 18
Број на вртежи во празен од ^A(B)
– Поставка 1 min-11200
– Поставка 2 min-11700
– Поставка 3 min-12300
Број на удари ^A(B)
– Поставка 1 min-11800
– Поставка 2 min-12600
– Поставка 3 min-13400
Макс. затезен момент ^A(B)
– Поставка 1 Nm 85
– Поставка 2 Nm 200
– Поставка 3 Nm 350
Машински завртки-∅ mm M10–M18
Прифат на алатот 1/2"
Тежина kg 1,5 (2,0 Ah)–2,5(12,0 Ah)
препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35
Дозволена околна температура при работење и при складирање°C –20 ... +50
Препорачани акумулаторски батерииGBA 18V...ProCORE18V...
Препорачани полначи GAL 18...GAX 18...GAL 36...
Класа на заштита☐/II

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-2.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 99 dB(A); ниво на звучна јачина 107 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-2:

Затегнување на завртки и навртки со максимальна дозволена големина: a_n < 13,9 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Батерија

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.

Приказ за наполнетост на батеријата

Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, ўили , вода се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Трајно светло 5 × зелено 80–100 %
Трајно светло 4 × зелено 60–80 %
Трајно светло 3 × зелено 40–60 %
Трајно светло 2 × зелено 20–40 %
Трајно светло 1 × зелено 5–20 %
Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 %

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

▶ Пред било каква интервенција на електричниот уред (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, ставете го прекинувачот за правец на вртење во средна позиција. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачет за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

▶ При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да се случаи да не може да се контролира.

Поставете го алатот за вметнување (9) на четириаголниот прифат за алат (1).

Држач за појас

Со држачот за појас може да го закачите електричниот алат на пр. на ремен. Така двете дланки ће ви бидат слободни, а електричниот алат ће го имате на дофат во секое време.

Употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
▶ Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е ислучен. Доколку алатите што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.

Функционалност

Прифатот за алат (1) и алатот што се вметнува се ставаат во погон со електромотор со помош на погон и ударен механизмам.

Работната постапка се дели во две фази:

Завртување и Затегнување (ударен механизмам во акција).

Ударниот механизмам се активира, штом се затегне спојот на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа ударниот механизмам ја претвора силата на моторот во еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.

Подесување на правецот на вртење (види слика С)

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (2) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за

вклучување/исклучување (7) е притиснат ова не е ВОЗМОЖНО.

Вртење во десно: За навртување на завртки и прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (2) на лево до крај.

Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (2) на десно до крај.

Подесување на бројот на вртежи/удари

Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку їе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (7).

Со нежно притискање на прекинувают за вклучување/исклучување (7) се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.

Вклучување/исклучување

За ставање во употреба на електричниот алат

притиснете го прекинувачот за включување/исклучување (7) и држете го притиснат.

Работното светло свети при малку или целосно притиснат прекинувач за включување/исклучување (7) и овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост.

За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7).

Корисничкиот интерфејс служи за претходно избирање на бројот на вртежи и на режимот на работење, како и за прикажување на претходното избирање на бројот на вртежи и на режимот на работење.

Автоматско исклучување (ABR = Auto-Bolt Release)Автоматското исклучување (ABR) е функција за олабавување на завртките и навртките: електричниот алат се исклучува автоматски што ќе се олабави завртката или навртката.Автоматското исклучување (ABR) спречува:– завртките да паднат од материјалот откако ќе се олабават– навртките да паднат при олабавување на навојот на заврткатаОвој режим на работење функционира само кога електричниот алат е поставен на ротација налево, а завртката или навртката е уште прицврстена.Функцијата за автоматско исклучување (ABR) не е активна ако завртките или навртките се веќе олабавени.

Одредување на број на вртежи

Притиснете го копчето за режим (12) за да го активирате корисничкиот интерфејс (6).

Со копчето за режим (12) може претходно да го изберете потребниот број на вртежи во 3 степени. Притискајте го копчето за режим (12), додека саканата поставка сигнализира на приказот за број на вртежи (10).

Избраната поставка е зачувана.

Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

Податоците во приложената табела се препорачани вредности.

Основна поставка за број на вртежи при степен
1 2 3
[min-1][min-1][min-1]
Број на степени на вртежи
31200 1700 2300

Со копчето за избор режим (12) може претходно да го поставите потребниот број на вртежи, но не за време на работата.

Изберете режим на работење

GDS 18V-350

Електричниот алат има 1 претходно дефиниран режим на работење: автоматско ислучување (ABR).

Поставете го електричниот алат на ротација налево.

Притиснете го копчето за режим (12), за да го активирате режимот на работење за автоматско ислучување (ABR).

Ако е активиран режимот на работење за автоматско исклучување (ABR), ће се вклучи приказот за автоматско исклучување (ABR) (11).

Кога олабавувате навртка, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (7) докрај за да ја активирате функцијата за автоматско исклучување (ABR).

При замена на батерија останува претходната поставка.

Напомена: приказот за автоматско ислучување

(ABR) (11) се пали само кога е включена функцијата за автоматско ислучување (ABR). Електричниот алат мора да е поставен на ротација налево.

Напомена: автоматското исклучување (ABR)

функционара само кога завртките или навртките се прицврстени. Прекинувачот за вклучување/исклучување (7) мора да се притисне докрај.

Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот. Максimalниот постигнат вртежен момент е резултат од збирот на сите поединечни вртежни моменти постигнати со удари. Максimalниот вртежен момент се постигнува по времетраење на удар од 6–10 секунди. По овој период, затезниот вртежен момент се зголемува минимально.

Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч.

Завртувања во цврсто лежиште, лежиште со пружина или меко лежиште

Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во последователни удари и да се пренесат во дијаграм, Ѽе се добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на кривата одговара на максимальниот постигнат вртежен момент, а косината покажува кога е постигнат.

Еден вртежен момент зависи од следните фактори: – Цврстината на завртките/навртките

– Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
– Цврстина на материјалот што се навртува
– Подмачканост на завртките

Зависно од горенаведените фактори, постојат следниве видови на примена:

– Цврсто лежиште при навртување метал на метал со користење на подлошки. Максималниот вртежен момент се постигнува по релативно кратко време на удар (кос тек на линијата). Непотребното долго време на удари й штети на машината.
– Лежиште со пружина при навртување метал на метал, при користење на прстенести пружини, подлошки, болцни или завртки/навртки со конусно лежиште, како и при користење на продолжетоци.
- Меко лежиште при навртување на пр. метал на дрво или при користење на оловни или фибер дискови како подлога.

При лежиште со пружина одн. меко лежиште максimalниот вртежен момент на прицврстување е помал отколку при цврсто лежиште. Исто така е потребно значително подолго време на удари.

Референтни вредности за максимален вртежен момент за затегнување на завртките

Податоци во Nm, пресметано од просекот на затегнување; искористување на границата на еластичност 90 % (при број на триења _ak. = 0,12 ). Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со момент клуч.

M8 6.57 8.7 11 11.6 13.1 14.6 17.5 19.7 23 33 39

M10 13 17.5 22 23 26 29 35 39 47 65 78

M12 22.6 30 37.6 40 45 50 60 67 80 113 135

M14 36 48 60 65 72 79 95 107 130 180 215

M16 55 73 92 98 110 122 147 165 196 275 330

M18 75 101 126 135 151 168 202 227 270 380 450

Совети

Пред навртување на големи, подолги завртки во цврсти материјали, претходно издупчете 2/3 од должината на завртката според внатрешниот дијаметар на навојот.

Напомена: Внимавајте, да не навлезат ситните метални делови во електричниот алат.

По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При прејако оптоварување или кога дозволената температура на батеријата ќе се надмине, електрониката на електричниот алат се исклучува.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

u Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот влече прав во кукиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрични опасности.
u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
и Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Доколку батеријата не функционира повеće, обратете се кај овластената сервисна служба за Bosch-електрични алати.

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цертежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на:

Litiyum-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно є да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните

напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GDS 18V-350 Professional - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GDS 18V-350 Professional - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Електричните алати кои повеје не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.

Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 187).

▶ При отстранување, вградените батерии смеат да се извадат само од страна на стручен персонал. Со отворање на обвивката на кујиштето, електричниот алат може да се уништи.

За да ја извадите батеријата од електричниот алат, притискајте на електричниот алат додека целосно не се испразни батеријата. Одвртете ги завртките на куќиштето и извадете ја обвивката на куќиштето, за да ги извадите батериите. За да избегнете краток спој, извадете ги поединечно еден по друг приклучоците на батеријата и потоа изолирајте ги половите. Дури и при целосното празнење во батеријата има преостанат капацитет, којшто може да се ослободи при краток спој.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GDS 18V-350 Professional

Категорија : шрафцигер