GGS 8 H Professional - мелница BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GGS 8 H Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GGS 8 H Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GGS 8 H Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GGS 8 H Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи напомени за безбедност за електричните апарати Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел). Безбедност на работното место Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот. Електрична безбедност Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено. Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ OBJ_BUCH-3414-001.book Page 145 Wednesday, December 20, 2017 8:15 AM146 | Македонски 1 609 92A 46N | (20.12.17) Bosch Power Tools погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар. Безбедност на лица Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди. Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојувањ
со струја, ова може да предизвика несреќа. Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани
Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав. Користење и ракување со електричниот апарат Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи. Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сече ње со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот
Безбедносни напомени за рамни брусилки Општи безбедносни напомени за брусење и работење со жичани четки Овој електричен апарат се употребува како алатка за брусење и жичана четка. Внимавајте на сите безбедносни напомени, упатства, прикази и податоци што сте ги добиле во прилог на електричниот апарат. Доколку не внимавате на следните упатства, може да дојде до електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Овој електричен апарат не е погоден за брусење со брусна хартија, полирање и сечење со брусни плочи. Доколку го користите електричниот апарат за несоодветни намени, може да предизвика опасност и
Не користете прибор што не е специјално предвиден и препорачан од производителот на овој електричен апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба, OBJ_BUCH-3414-001.book Page 146 Wednesday, December 20, 2017 8:15 AMМакедонски | 147 Bosch Power Tools 1 609 92A 46N | (20.12.17) само заради фактот дека приборот може да се прицврсти на вашиот електричен апарат. Дозволениот број на вртежи на алатот што се вметнува мора да биде исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот. Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот што се вметнува мора да одговараат на димензиите на вашиот електричен апарат. Погрешно димензионираните алати за вметнување не може доволно да се заштитат или контролираат. Алатите за вметнување со навој мора точно да одговараат на навојот на вретеното за брусење. Кај алатите за вметнување, што се монтираат со помош на прирабница, дијаметарот на дупката на алатот што се вметнува мора да одговара на дијаметарот на прифатот на прирабницата. Алатите за вметнување не може точно да се прицврстат на електричниот апарат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може да доведат до губење на контролата. Не користете оштетени алати за вметнување. Пред секое користење, проверете ги алатите што се вметнуваат како на пр. дали брусните плочи има скинати делови и процепи, дали на брусните дискови има пукнатини, дали се истрошени или изабени, и дали има олабавени или скршени жици на жичаната четка. Доколку ви падне електричниот апарат или алатот што се вметнува, проверете дали е оштетен или пак употребете неоштетен алат за вметнување. Откако сте го провериле и ставиле алатот за вметнување, не им дозволувајте на лицата да бидат во близина на нивото на вклучениот апарат и оставете го апаратот да врти една минута на највисок број на вртежи. Повеќето од оштетените алати за вметнување ќе се скршат во текот на овој пробен период. Носете заштитна опрема. Во зависност од употребата, носете целосна заштита за лицето, очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни ракавици или специјални престилки што ќе ве заштитат од честичките настанати при брусење на материјалот. Треба да ги заштитите очите од туѓите тела што летаат наоколу, а се настанати од различната употреба на уредот. Маските за заштита од прав и заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат правта што настанува при употребата. Доколку сте изложени на гласна врева подолго време, може да го изгубите слухот. Доколку има други лица во работното поле, држете ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе во работното поле, мора да носи лична заштитна опрема. Парчињата од делот што се обработува или скршениот алат за вметнува ње може да летнат наоколу и да предизвикаат повреди и надвор од директното поле на работа. Држете го уредот само за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува може да наиде на скриени електрични кабли или сопствениот приклучен кабел. Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар. Држете го струјниот кабел подалеку од алатите што се вметнуваат. Доколку загубите контрола над уредот, струјниот кабел може да се пресече или да се зафати и да ви ја заглави дланката или раката во алатот што се
Никогаш не го оставајте електричниот апарат, доколку алатот за вметнување не е целосно во состојба на мирување. Ротирачкиот алат што се вметнува може да дојде во контакт со површината на која сте го оставиле апаратот, и да ја загубите контролата над електричниот апарат. Електричниот апарат не смее да биде во погон додека го носите. Вашата облека може да се зафати од ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт, и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело. Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот
че прав во куќиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрична несреќа. Не го користете електричниот апарат во близина на запаливи материјали. Искрите што се создаваат може да ги запалат овие материјали. Не користете алати за вметнување, за кои е потребно течно средство за разладување. Користењето на вода и други течни средства за разладување може да доведе до електричен удар. Повратен удар и соодветни безбедносни напомени Повратниот удар е ненадејна реакција како последица на заглавен или блокиран ротирачки алат што се вметнува, како брусна плоча, брусен диск, жичани четки итн. Заглавувањето или блокирањето предизвикуваат ненадејно запирање на ротирачкиот алат што се вметнува. Така, неконтролираниот електричен апарат се забрзува наспроти правецот на
е на алатот што се вметнува на местото на
Доколку на пр. се заглави или се блокира некоја брусна плоча, работ на брусната плоча кој влегува во делот што се обработува може да се закачи и така да ја скрши брусната плоча или да предизвика повратен удар. Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот или наспроти него, во зависност од правецот на вртење на плочата на местото на блокирање. Притоа брусните плочи може да се скршат. Повратниот удар е последица од погрешна употреба на електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни прописни мерки, како што е опишано подолу. Држете го цврсто електричниот апарат со двете дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе може да ја издржите повратната сила. Секогаш OBJ_BUCH-3414-001.book Page 147 Wednesday, December 20, 2017 8:15 AM148 | Македонски 1 609 92A 46N | (20.12.17) Bosch Power Tools користете дополнителна дршка, доколку постои, за да имате што е можно поголема контрола над силата од повратниот удар или реакциските моменти при работата на апаратот. Лицето кое го користи уредот може со соодветни мерки на претпазливост да го совлада повратниот удар или реакциските сили. Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на ротирачкиот алат што се вметнува. Алатот што се вметнува може да ви избега од рацете. Со вашето тело избегнувајте го полето каде електричниот апарат се движи со повратен удар. Повратниот удар го потиснува електричниот апарат во правец спротивен на движењето на брусната плоча на местото на блокирање. Особено внимателно работете во подрачјето со агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите алатот што се вметнува да се одбие од делот што се обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење на контролата или повратен удар. Не користете синџирести или запчести листови за пила. Таквите алати за вметнување честопати предизвикуваат повратен удар или губење на контролата над електричниот апарат. Специјални безбедносни напомени за брусење Користете исклучиво брусни тела одобрени за вашиот електричен уред и заштитна хауба предвидена за овие брусни тела. Брусните тела што не се предвидени за електричниот апарат, не може доволно да се заштитат и не се сигурни. Закривените брусни плочи мора да бидат монтирани, така што нивната површина за брусење не смее да стрчи над работ од заштитната хауба. Непрописно монтираните брусни плочи, кои стрчат над работ од заштитната хауба не може доволно да се
Заштитната хауба мора да се зацврсти на електричниот апарат и на највисоко ниво на безбедност, така што и најмалите делови на брусното тело ќе бидат видливи за лицето што го користи апаратот. Заштитната хауба помага, корисникот да се заштити од парчињата, случајниот контакт со брусното тело како и искрите, што може да ја запалат облеката. Телата за брусење смее да се користат само за предвидените можности на примена. На пр.: не брусете со страничната површина на брусната плоча за сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за сечење материјал со работ на плочата. Со странична употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се
Секогаш користете неоштетена стезна прирабница со соодветна големина и облик на брусните плочи. Соодветната прирабница ја држи брусната плоча и така ја намалува опасноста од кршење на брусната плоча. Прирабниците за брусни плочи за сечење се разликуваат од прирабниците за другите брусни плочи. Не користете истрошени брусни плочи од големи електрични апарати. Брусните плочи за големи електрични алати не се предвидени за повисок број на вртежи за малите електрични апарати и може да се
Специјални безбедносни напомени за работење со жичани четки Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената употреба на жичаните четки, може да се изгубат делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците со висок притисок на површината. Деловите од жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека и/или во кожата. Доколку користите заштитна хауба, не дозволувајте таа да дојде во контакт со жичаните четки. Четките во
чинија или лонец, заради притисокот и центрифугалната сила може да го зголемат својот
Дополнителни сигурносни напомени Носете заштитни очила. Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување или може да предизвика електричен удар. Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/ исклучување и ставете го во позиција Исклучено, доколку се прекине напојувањето со струја, на пр. по снемување струја или влечење на струјниот
Не ги допирајте брусните дискови, пред да се
Плочите за време на работењето стануваат многу жешки. Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. Опис на производот и моќноста Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба. OBJ_BUCH-3414-001.book Page 148 Wednesday, December 20, 2017 8:15 AMМакедонски | 149 Bosch Power Tools 1 609 92A 46N | (20.12.17) Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е наменет за брусење и отстранување на остатоци од метал со корундни брусни
Електричниот апарат исто така е погоден за работење со жичани четки. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката
1 Стезна навртка (GGS 8 SH) 2 Отворена заштитна хауба со шраф за фиксирање (GGS 8 SH) 3 Вретено за брусење 4 Приклучна прирабница (GGS 8 SH) 5 Површина за држење (грло на вретеното) 6 Прекинувач за вклучување/исклучување 7 Брзозатезна навртка * 8 Затезна навртка (GGS 8 H) 9 Стезна прирабница 10 Затворена заштитна хауба со навртка за фиксирање (GGS 8 H) 11 Приклучна прирабница (GGS 8 H) 12 Рачка (изолирана површина на дршката) 13 Шраф за фиксирање на заштитната хауба
Клин за придржување 15 Клуч со два отвори за затезната навртка 16 Ознака на индексот 17 Прстен за задржување 18 Навртка за фиксирање на заштитната хауба 19 Вилушкаст клуч со ширина 24 мм* *Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Информации за бучава/вибрации Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-3. Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 87 dB(A); ниво на звучна јачина 98 dB(A). Несигурност K=3 dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 60745-2-3: Брусење на површини (грубо брусење): a
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата. Технички податоци
Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Монтирање на заштитните уреди Поставете ги заштитните хауби на тој начин што ќе го спречат летањето на искри во правец на лицето што го користи апаратот. Заштитна хауба за брусење (GGS 8 SH) (види слика A) Поставете ја заштитната хауба 2 на грлото од вретеното. Подесете ја позицијата на заштитната хауба 2 според потребите на работниот процес. Блокирајте ја заштитната Рамна брусилка GGS 8 SH Број на дел/артикл 3 601 B14 ... Номинална јачина W1200 Излезна моќ W700 макс. број на вртежи min
Навој на вретеното за
M 14 макс. должина на вретеното мм 31 Прифат на алатот мм 20 макс. дебелина на брусната
мм 32 макс. дијаметар на брусното
Класа на заштита /II Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Процесот на вклучување создава краткотрајно паѓање на напонот. Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки на другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,36 омови нема пречки. OBJ_BUCH-3414-001.book Page 149 Wednesday, December 20, 2017 8:15 AM150 | Македонски 1 609 92A 46N | (20.12.17) Bosch Power Tools хауба 2 со шрафот за фиксирање 13 и затегнете го шрафот со најмалку 10 Nm. Заштитна хауба за брусење (GGS 8 H) (види слика E) Поставете ја заштитната хауба 10 на грлото од вретеното. Подесете ја позицијата на заштитната хауба 10 според потребите на работниот процес. Блокирајте ја заштитната хауба 10 со двете навртки за фиксирање 18 и затегнете ги истите со најмалку 10 Nm. По монтажата на алатот за брусење, затворете ја заштитната хауба 10 и затегнете ги двете пеперутка-
Монтирање на брусни алати Брусните тела мора да се движат беспрекорно кружно. Не ги употребувајте повеќе брусните тела што не се тркалезни, туку заменете ги истите или центрирајте ги со помош на брусен камен (опрема). Со брусниот камен може да се обработуваат и произволни специјални облици надвор од основниот облик на брусните тела. Доколку користите алати за брусење со уметок со навој, внимавајте крајот на вретеното за брусење 3 да не го допира перфорираното дно на алатот за брусење. GGS 8 SH (види слика B) – Вртете го вретеното за брусење 3, сè додека не се поклопи отворот во вретеното за брусење 3 и отворите на куќиштето. Вметнете го клинот за придржување 14 низ отворите на куќиштето и отворот на вретеното за брусење 3
– Олабавете ја затезната навртка 1 со испорачаниот клуч за две дупки 15 и извадете ја. – Исчистете го вретеното за брусење 3 и сите делови што треба да се монтираат. – Поставете го брусното тело и затегнете ја затезната навртка 1 со клучот за две дупки 15. Внимавајте брусните тела да може слободно да се вртат во заштитната хауба 2. Користете конусно брусно тело само за поврзување со отворената заштитна хауба 2 и соодветниот систем за затегање (затегнувачка навртка 1 или брзозатегнувачка навртка 7 и приклучна прирабница 4). GGS 8 H (види слика F) – Вртете го вретеното за брусење 3, сè додека не се поклопи отворот во вретеното за брусење 3 и отворите на куќиштето. Вметнете го клинот за придржување 14 низ отворите на куќиштето и отворот на вретеното за брусење 3. – Олабавете ја затезната навртка 8 со вилушкаст клуч 19 (ширина на клучот 24 мм) со вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот. – Извадете ја стезната прирабница 9. – Исчистете го вретеното за брусење 3 и сите делови што треба да се монтираат. – Поставете ги брусните тела и стезната прирабница 9 и затегнете ја затезната навртка 8 со вилушкаст клуч 19 (ширина на клучот 24 мм). Внимавајте брусните тела да може слободно да се вртат во заштитната хауба 10. Употребувајте рамни брусни тела само со отворена заштитна хауба 10 и соодветен систем за затегање (затезна навртка 8, стезна прирабница 9 и приклучна прирабница 11). Менување на приклучната прирабница (види слика D) GGS 8 SH За прицврстување на конусните брусни тела користете ја приклучната прирабница 4, затезната навртка 1 и отворената заштитна хауба 2. Поткренете го прстенот за задржување 17 со шрафцигер од жлебот на вретеното за брусење 3 и извадете ја приклучната прирабница 4. Монтирајте ја соодветната приклучна прирабница 4. GGS 8 H За прицврстување на рамните брусни тела користете ја приклучната прирабница 11, затезната навртка 8, стезната прирабница 9 и затворената заштитна хауба 10. Поткренете го прстенот за задржување 17 со шрафцигер од жлебот на вретеното за брусење 3 и извадете ја приклучната прирабница 11. Монтирајте ја соодветната приклучна прирабница 11. Брзозатезна навртка (GGS 8 SH) (види слика C) За едноставна промена на алатот за брусење без користење на други алати, наместо стезната навртка 1 може да употребите брзозатезна навртка 7. Брзозатезната навртка 7 не смее да се употребува за четките. Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки 7. При зашрафувањето внимавајте на тоа, испишаната страна на навртката 7 да не покажува кон брусната плоча; стрелката мора да покажува кон ознаката на индексот 16. Прописно зацврстената, неоштетена брзозатезна навртка може да ја олабавите со вртење на нарецканиот прстен во правец спротивен на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка не ја одвртувајте со клешти, туку употребете клуч со два отвори 15. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица. OBJ_BUCH-3414-001.book Page 150 Wednesday, December 20, 2017 8:15 AMМакедонски | 151 Bosch Power Tools 1 609 92A 46N | (20.12.17) – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Ставање во употреба Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот апарат, турнете го најпрво прекинувачот за вклучување/исклучување 6 нанапред, притиснете го и на крај држете го притиснат. За зацврстување на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување 6 турнете го прекинувачот за исклучување/вклучување 6 понапред. За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучувањ е 6 одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 6 и потоа ослободете го. Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку една минута 1, без да го користите апаратот на материјал. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди. За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите. Заштита од рестартирање Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот апарат по прекин на струја. За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/исклучување 6 ставете го во положба
склучено и одново вклучете го електричниот апарат. Совети при работењето Движете го брусното тело напред-назад со рамномерен лесен притисок, за да постигнете оптимални работни резултати. Преголемиот притисок го намалува учинокот на електричниот апарат и резултира со брзо изабување на брусното тело. Одржување и сервис Одржување и чистење Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. При екстремни услови на примена, доколку е возможно користете секогаш уред за вшмукување. Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и приклучете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на метали, во внатрешноста на електричниот апарат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот апарат. Складирајте ја и третирајте го приборот со внимание. Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Notice-Facile