GKS 36 VLI Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GKS 36 VLI Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GKS 36 VLI Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GKS 36 VLI Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GKS 36 VLI Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи напомени за безбедност за електричните апарати Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел). ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ OBJ_BUCH-3274-001.book Page 181 Wednesday, August 16, 2017 1:53 PM182 | Македонски 1 609 92A 3ZU | (16.8.17) Bosch Power Tools Безбедност на работното место Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот. Електрична безбедност Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено. Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар. Безбедност на лица Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат
оже да доведе до сериозни повреди. Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа. Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
јте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани
Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав. Користење и ракување со електричниот апарат Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ј а загрозува безбедноста и мора да се поправи. Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените OBJ_BUCH-3274-001.book Page 182 Wednesday, August 16, 2017 1:53 PMМакедонски | 183 Bosch Power Tools 1 609 92A 3ZU | (16.8.17) делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации. Користење и ракување на батерискиот апарат Батериите полнете ги со полначи што се препорачани исклучиво од производителот. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар. Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар. Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спој увалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар. При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот
Безбедносни напомени за тркалезни пили Постапка на сечење ОПАСНОСТ: Не посегнувајте со дланките во полето на работа со пилата или листот на пилата. Со другата рака држете ја дополнителната дршка или куќиштето на моторот. Доколку со двете дланки ја држите пилата, нема да може да се повредите. Не посегајте под делот што се обработува. Доколку заштитната хауба е под делот што се обработува, нема да може да ве штити од листот за пилата. Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, смее да се види помалку од полната висина на запците. Делот што се обработува никогаш не го држете во рака или над ногата. Зацврстете го делот што се обработува на стабилен прифат. Важно е, добро да го зацврстите делот што се обработува, за да ја сведете на минимум опасноста од телесен контакт, заглавување на листот на пилата или губење на контролата. Држете го електричниот апарат за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува може да наиде на скриени електрични кабли. Контактот со електрични спроводници ги става и металните делови од електричниот апарат под напон и води до електричен
При должинско сече ње секогаш употребувајте граничник или аголна водилка. Ова ја подобрува прецизноста при сечење и ја намалува можноста да се заглави листот на пилата. Секогаш користете листови за пила во правилна големина и со соодветен отвор на прифатот (на пр. со ромбоиден или тркалезен облик). Листовите за пила, што не одговараат на монтажните делови на пилата, нема да сечат рамно и може да доведат до губење на контролата. Никогаш не употребувајте оштетени или погрешни подлошки или шрафови за листот за пилата. Подлошките или шрафовите за листот на пилата се специјално конструирани за вашата пила, за оптимална јачина или работна безбедност. Последици од повратни удари – и соодветни безбедносни напомени – повратниот удар е ненадејна реакција поради закачен, заглавен или погрешно насочен лист од пилата, што доведува до тоа пилата неконтролирано да се подигне и да излезе од делот што се обработува и да се придвижи во правец на лицето што ја користи; – доколку листот на пилата се закачи или заглави во резниот процеп, се блокира, и моторната сила ја враќа пилата во правец на лицето што ј
– доколку листот на пилата се изврти или погрешно го насочи резот на пилата, запците на задната ивица од листот на пилата може да се закачат на површината на делот што се обработува, при што листот на пилата се вади од резниот процеп и ја придвижува пилата во правец на лицето што ја користи. Повратниот удар е последица од погрешна употреба на пилата. Тој може да се спречи со соодветни прописни мерки, како што е опишано подолу. Држете ја цврсто пилата со двете дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе може да ја издржите повратната сила. Секогаш застанувајте бочно од листот за пилата, никогаш не го водете листот на пилата во иста линија со телото. Во случај на повратен удар, пилата може да отскокне наназад, но корисникот може да ја совлада доколку ги презел соодветните мерки. OBJ_BUCH-3274-001.book Page 183 Wednesday, August 16, 2017 1:53 PM184 | Македонски 1 609 92A 3ZU | (16.8.17) Bosch Power Tools Доколку се заглави листот на пилата или Вие ја прекинете работата, исклучете ја пилата и држете ја мирно во делот што се обработува, додека листот на пилата не дојде во состојба на мирување. Никогаш не се обидувајте да ја извадите пилата од делот што се обработува или да ја влечете наназад, доколку листот на пилата се движи, бидејќи така може да настане повратен удар. Откријте ја причината за заглавување на листот на пилата и преземете ги соодветните мерки. Доколку сакате повторно да ја стартувате пилата што е заглавена во делот што се обработува, центрирајте го листот на пилата во резниот процеп и проверете, дали се заглавени запците од пилата во делот што се обработува. Доколку е заглавен листот на пилата, тој може да излезе од делот што се обработува и да предизвика повратен удар, доколку пилата одново се стартува. Потпрете со големи плочи, за да го избегнете ризикот од повратен удар поради заглавен лист од пилата. Големите плочи може да се свиткаат под својата тежина. Плочите мора да ги потпрете на двете страни, како во близина на местото на сечење, така и на
Не користете тапи или оштетени листови за пила. Листовите на пилата со тапи или неправилни запци, заради претесниот резен процеп, предизвикуваат зголемено триење и заглавување на листот на пилата или повратен удар. Пред сечењето со пила зацврстете ги шрафовите за подесување на длабочината и аголот на сечење. Доколку за време на сечењето се променат поставките, листот на пилата може да се заглави и да настане повратен удар. Особено бидете претпазливи при длабинско сечење во скриено подрачје, како на пример, во ѕид. Листот на пилата може да се блокира при сечењето во скриени предмети или да предизвика повратен удар. Функција на долната заштитна хауба Пред секое користење, проверете дали долната заштитна хауба се затвора беспрекорно. Не ја користете пилата доколку долната заштитна хауба не се врти слободно или не се затвора веднаш. Не ја затегнувајте и зацврстувајте долната заштитна хауба никогаш во отворена позиција. Доколку пилата падне на под поради невнимание, долната заштитна хауба би можела да се оштети. Отворете ја заштитната хауба со лостот за повлекување м оже слободно да се движи и дали во секој агол и длабочина на сечење не го ниту допира листот на пилата ниту другите делови. Проверете ја функцијата на пружината на заштитната хауба. Доколку долната заштитна хауба и пружината не се беспрекорни, пилата треба да ја пратите на одржување пред да ја употребите. Оштетените делови, насобраната прашина или струготини ја забавуваат функцијата на заштитната
Отворете ја долната заштитна хауба со рака, за специјални резови како „за резови со вдлабнување и аголни резови“. Отворете ја долната заштитна хауба со лостот за повлекување и отпуштете го, штом ќе вдлабне листот на пилата во делот што се обработува. При секое друго работење со пилата, долната заштитна хауба треба автоматски да работи. Никогаш не ја ставајте пилата на работната маса или на подот, доколку долната заштитна хауба не го покрива листот на пилата. Незаштитениот лист на пилата ќе ја придвижи пилата спротивно од правецот на сечење и ќе исече се што му стои на патот. Зем
обѕир времето потребно за да запре пилата. Дополнителни сигурносни напомени Не ја фаќајте исфрлената струготина со раце. Може да се повредите од ротирачките делови. Не работете со пилата на плафон. Тогаш немате доволна контрола врз електричниот апарат. Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. Не го фиксирајте електричниот апарат. Тој не е предвиден за работа на маса за сечење. Не користете листови на пила од HSS-челик. Таквите листови на пила може лесно да се скршат. Не сечете железни метали. Струготините би можеле да го запалат вшмукувачот за прав. При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, оган, вода или влага. Постои опасност од експлозија. Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата м оже да ги надразни дишните
OBJ_BUCH-3274-001.book Page 184 Wednesday, August 16, 2017 1:53 PMМакедонски | 185 Bosch Power Tools 1 609 92A 3ZU | (16.8.17) Користете батерии кои се соодветни на Вашиот електричен апарат од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее. Опис на производот и моќноста Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба. Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е наменет за правење на должински и напречни резови на дрво со рамни и коси резови. Со соодветни листови за пила може да се сечат и тенки нежелезни метали, напр. профили. Обработката на железни метали не е дозволена. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката
1 Куки за закачување 2 Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување 3 Прекинувач за вклучување/исклучување 4 Рачка (изолирана површина на дршката) 5 Копче за отклучување на батеријата 6 Батерија* 7 Заштитна хауба 8 Лост за подесување на заштитната хауба со повратен
11 Паралелен граничник 12 Ознака на резот 0° 13 Ознака на резот 45° 14 Пеперутка завртка за паралелниот граничник 15 Пеперутка завртка за претходно бирање на аголот на косо сечење 16 Скала на закосени агли 17 Копче за блокирање на вретеното 18 Дополнителна дршка (изолирана површина на
19 клуч со внатрешна шестоаголна глава 20 Вретено на пилата 21 Приклучна прирабница 22 Лист за кружната пила* 23 Стезна прирабница 24 Затезен шраф со подлошка 25 Ознаки на заштитната хауба 26 Копче за приказот за наполнетост на батеријата 27 Приказ за наполнетоста на батеријата 28 Приказ за контрола на температурата 29 Скала за подесување на длабочината на сечење 30 Затезен лост за претходно бирање на длабочината на
31 Пар стеги за шрафот* 32 Шраф за прицврстување на адаптерот за
33 Адаптер за вшмукување 34 Црево за вшмукување* *Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Рачна кружна пила GKS 36 V-LI Број на дел/артикл 3 601 F73 ... Номинален напон V= 36 Број на празни вртежи min
макс. длабочина на резот – при агол на косо сечење 0° – при агол на косо сечење 45°
Блокада за вретеното Димензии на основната плоча мм 146 x 290 макс. дијаметар на листовите за
мм 165 мин. дијаметар на листовите за
0...+45 –20...+50 Препорачани батерии GBA 36V Препорачани полначи AL 36.. GAL 36.. *во зависност од употребената батерија ** ограничена јачина при температури <0 °C OBJ_BUCH-3274-001.book Page 185 Wednesday, August 16, 2017 1:53 PM186 | Македонски 1 609 92A 3ZU | (16.8.17) Bosch Power Tools Информации за бучава/вибрации Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-5. Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 98 dB(A); ниво на звучна јачина 109 dB(A). Несигурност K=1,5 dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 60745-2-5:
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може знач ително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Полнење на батеријата Користете ги само полначите што се наведени на страницата со опрема. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]“) од длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќ
По автоматското исклучување на електричниот апарат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се
Внимавајте на напомените за отстранување. Вадење на батеријата Батеријата 6 има два степени на заклучување кои спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отворање на батеријата 5. Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа се држи во позиција со помош на федер. За да ја извадите батеријата 6: – Притиснете ја батеријата наспроти основата на електричниот апарат (1.) и истовремено на копч
отворање 5 (2.). – Извлечете ја батеријата од електричниот апарат, додека не се појави една црвена лента (3.). – Уште еднаш притиснете го копчето за отворање 5 и целосно извадете ја батеријата. Приказ за наполнетоста на батеријата (види слика B) Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на батеријата 27 ја покажуваат наполнетоста на батеријата 6. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот апарат е во мирување. Притиснете го копчето 26, за да се прикаже наполнетоста на батеријата (ова исто така е возможно и кога е извадена батеријата). По околу 5 секунди приказот за наполнетост сам се гаси. Доколку по притискањето на копчето 26 не свети LED,
ата е дефектна и мора да се замени. За време на процесот на полнење трите зелени LED светла светнуваат едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е целосно наполнета, доколку трите зелени LED светла постојано светат. Околу 5 минути откако ќе се наполни целосно батеријата, трите зелени LED светла повторно се
Ставање/менување на листот за кружната пила Пред било каква интервенција на електричниот апарат извадете ја батеријата. При ставањето на листот на пилата носете заштитни ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои опасност од повреда. ЛЕД светло Капацитет Трајно светло 3 x зелено ≥ 2/3 Трајно светло 2 x зелено ≥ 1/3 Трајно светло 1 x зелено <1/3 Трепкаво светло 1 x зелено Резерва OBJ_BUCH-3274-001.book Page 186 Wednesday, August 16, 2017 1:53 PMМакедонски | 187 Bosch Power Tools 1 609 92A 3ZU | (16.8.17) Користете само листови за пила, кои одговараат на карактеристичните податоци дадени во ова упатство за употреба. Во никој случај не користете дискови за брусење како алат за вметнување. Бирање на листот за пилата Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство. Демонтажа на листот на пилата (види слика A) При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
– Притиснете го копчето за блокада на вретеното 17 и држете го притиснато. Копчето за блокирање на вретеното 17 активирајте го само доколку вретеното на пилата е во состојба на мирување. Инаку електричниот апарат може да се
– Одвртете го 19 затезниот шраф 24 со инбус клуч во правец на вртење . – Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен механизан 10 и држете
– Извадете ја стезната прирабница 23 и листот за пилата 22 од вретеното на пилата 20. Монтирање на листот за пилата (види слика A) При замена на алатот, најдобро е да го поставите електричниот апарат на челната страна од куќиштето на
– Исчистете го листот за пилата 22 и сите стезни делови што се монтираат. – Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен механизан 10 и држете ја цврсто. – Поставете го листот на пилата 22 на приклучната прирабница 21. Правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на листот за пилата) мора да одговара на стрелката за правец на вртење на заштитната хауба со повратен механизам 10. –Поставете ја стезната прирабница 23 и зашрафете го затезниот шраф 24 во правец на вртење . Внимавајте на правилна положба на монтирање на приклучната прирабница 21 и стезната прирабница 23. – Притиснете го копчето за блокада на вретеното 17 и држете го притиснато. –Со клуч со внатрешна шестаголна глава 19 затегнете ја затегнувачката завртка 24 во правец на вртење . Затегнувачкиот момент треба да изнесува 6–9 Nm, а тоа одговара на ¼ рачни вртења или 3 цртки на ознаката 25 на заштитната хауба 7. Вшмукување на прав/струготини Пред било каква интервенција на електричниот апарат извадете ја батеријата. Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – За да постигнете висок степен на вшмукување на прав, користете го вшмукувачот GAS25/GAS50/ GAS 50 M за дрво или GAS 50 MS за дрво и/или минерална прав заедно со овој електричен апарат. –Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорач ува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Монтирање на адаптерот за вшмукување (види слика G) Прицврстете го адаптерот за вшмукување 33 со шрафот за прицврстување 32 на основната плоча 9. На адаптерот за вшмукување 33 може да се приклучи црево за вшмукување со дијаметар од 35 мм. Адаптерот за вшмукување не смее да се монтира без приклучено надворешно вшмукување. И
каналот за вшмукување може да се запуши. На адаптерот за вшмукување не смее да се приклучува вреќичка за прав. Инаку системот за вшмукување може да се запуши. Заради обезбедување на оптимално вшмукување, адаптерот за вшмукување 33 мора редовно да се чисти. Надворешно вшмукување Цревото за вшмукување 34 поврзете го со вшмукувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство. Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
ето што се обработува. При вшмукување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален вшмукувач.
Видови употреба Пред било каква интервенција на електричниот апарат извадете ја батеријата. Подесување на длабочината на сечење (види слика C) Подесете ја длабочината на сечење на дебелината на делот што се обработува. Под делот што се обработува, смее да се види помалку од полната висина на запците. OBJ_BUCH-3274-001.book Page 187 Wednesday, August 16, 2017 1:53 PM188 | Македонски 1 609 92A 3ZU | (16.8.17) Bosch Power Tools Отпуштете го затезниот лост 30. За помала длабочина на сечење тргнете ја пилата од основната плоча 9, а за поголема, притиснете ја пилата кон основната плоча 9. Саканата димензија подесете ја на скалата за длабочина на сечење. Повторно цврсто стегнете го затезниот лост
Затезната сила на затезниот лост 30 може дополнително да се подеси. Притоа отшрафете го затезниот лост 30 и повторно зашрафете го поместен за најмалку 30° во правец спротивен на стрелките на часовникот. Подесување на закосениот агол Најдобро е да го поставите електричниот апарат на челната страна на заштитната хауба 7. Отшрафете ја пеперутка-завртката 15. Навалувајте ја пилата странично. Саканата димензи ја подесете ја на скалата 16. Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката
Напомена: При сечење со закосување длабочината на сечење е помала од прикажаната вредност на скалата за подесување на длабочината на сечење 29. Ознаки за сечење Ознаката за сечење 0° 12 ја прикажува позицијата на листот од пилата при правоаголно сечење. Ознаката за сечење 45° 13 ја прикажува позицијата на листот од пилата при 45°-рез. За прецизен рез поставете ја кружната пила на делот што се обработува како што е прикажано на сликата. Најдобро е да направите пробен рез. Ставање во употреба Вметнување на батерија Наполнетата батерија 6 притиснете ја однапред навнатре во подножјето на електричниот апарат. Целосно вметнете ја батеријата во подножјето, додека црвената линија не исчезне и додека батеријата не се заклучи. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво активирајте ја блокадата при вклучување 2 и притиснете го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 3 и држете го притиснат. За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за вклучување/исклучување 3 нема да се блокира, туку за време на работата постојано мора да биде притиснат. За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите. Кочница за исфрлување од брзина Вградената кочница за исфрлање од брзина го намалува вибрирањето на листот за пилата по исклучување на електричниот апарат. Приказ за контрола на температурата Црвеното LED светло на приказот за контрола на температурата 28 сигнализира, дека батеријата или електрониката на електричниот апарат (со вметната батерија) не е во оптималните граници на температурата. Во овој случај електричниот апарат не работи или не работи со полна ја
Контрола на температурата на батеријата: – Црвеното LED светло 28 свети постојано при вметнувањето на батеријата во полначот: Батеријата е надвор од границите на температурата за полнење од 0°C до 45°C и не може да се наполни. – Црвеното LED светло 28 трепка при притискање на копчето 26 или на прекинувачот за вклучување/ исклучување 3 (при ставена батерија): Батеријата е надвор од границите на работна температура. –При температура на батеријата од над 70 °C електричниот апарат се исклучува, додека батеријата не се врати во оптималните граници на температура. Контрола на температурата на електрониката на електричниот апарат: – Црвеното LED светло 28 постојано свети при
е на прекинувачот за вклучување/ исклучување 3: Температурата на електрониката на електричниот апарат изнесува помалку од 5 °C или повеќе од 75 °C. –При температура од над 90 °C електрониката на електричниот апарат се исклучува, додека не се врати повторно во границите на температурата за работа. Заштита од длабинско празнење Литиум-јонската батерија е заштитена со Електронска заштита на ќелиите („Electronic Cell Protection [ECP]“) од длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе. Совети при работењето Заштитете ги листовите за пилата од удари. Водете го електричниот апарат рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење. Пресилната брзина значително го намалува рокот на употреба на електричниот алат и му штети на електричниот апарат. Јачината на пилата и квалитетот на сечењето значително зависат од состојбата и формата на запците на листот за пилата. Затоа користете само остри и соодветни листови за пила за делот што го обработувате. Сечење на дрво Правилниот избор на лист за пилата зависи од видот, квалитетот на дрвото и од тоа дали ќе се прават должински или напречни резови. 45°0° 0° 45° OBJ_BUCH-3274-001.book Page 188 Wednesday, August 16, 2017 1:53 PMМакедонски | 189 Bosch Power Tools 1 609 92A 3ZU | (16.8.17) При должински резови на смреки, настануваат долги, спирални струготини. Правта што настанува при обработка на даб и бука е особено штетна по здравјето, затоа работете со вшмукувач за прав. Сечење со паралелен граничник (види слика D) Паралелниот граничник 11 овозможува прецизни резови по должината на делот што се обработува, како на пример сечење на ленти со исти димензии. Сечење со помошен граничник (види слика E) За обработка на големи парчиња или за сечење на прави рабови, на делот што се обработува може да зацврстите една даска или лајсна како помошен граничник и да ја водите кружната пила со основната плоча по должината на помошниот граничник. Куки за закачување (види слика F) Со куките за закачување 1 може да го закачите електричниот апарат на пр. на скала. Отворете ги куките за закачување 1 во саканата позиција. При закачувањето на електричниот уред, внимавајте листот за пилата да е заштитен од невнимателно допирање. Постои опасност од
Повторно склопете ги куките за закачување 1, кога ќе сакате да работите со електричниот апарат. Напомени за оптимално користење на батериите Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во граници на температура од –20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот летно време. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранува
Одржување и сервис Одржување и чистење Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да се движи слободно и да се затвора. Пределот околу заштитната хауба со повратен механизам секогаш треба да биде чист. Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка. Необложените листови за пила може да се заштитат од корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред сечењето, отстранете го м аслото, за да не остави дамки на
Остатоците од смола и лепак на листот за пилата го нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги листовите на пилата веднаш по употребата. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! OBJ_BUCH-3274-001.book Page 189 Wednesday, August 16, 2017 1:53 PM190 | Srpski 1 609 92A 3ZU | (16.8.17) Bosch Power Tools Само за земји во рамки на ЕУ Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Notice-Facile