HX9911/88 - Brosse a dents PHILIPS - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil HX9911/88 PHILIPS au format PDF.

Page 670
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : PHILIPS

Modèle : HX9911/88

Catégorie : Brosse a dents

Téléchargez la notice de votre Brosse a dents au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice HX9911/88 - PHILIPS et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil HX9911/88 de la marque PHILIPS.

MODE D'EMPLOI HX9911/88 PHILIPS

Вовед Добре дојдовте во семејството на Philips Sonicare! Оваа четка за заби ви овозможува да добиете супериорно отстранување на забен камен, побели заби и поздрави непца. Користејќи ја комбинацијата на нежна звучна технологија на Sonicare и клинички развиени и докажани функции, може да бидете сигурни дека го добивате најдоброто чистење, секој пат. Дополнителна поддршка и регистрација на производот ви се достапни на: www.philips.com/support

Важни безбедносни информации Користете го производот само за неговата намена. Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите производот и неговите батерии и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната употреба може да доведе до опасности и сериозни повреди.

Чувајте ги основата за полнење и/или кутијата за полнење при патување подалеку од вода. По чистењето, проверете дали основата за полнење и/или кутијата за полнење при патување се сосема суви пред да ги поврзете со ѕидниот штекер. Овој уред може да го користат деца и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или со недостиг на искуство и знаење, доколку се под надзор или добиваат инструкции за користењето на уредот на безбеден начин и ги разбираат потенцијалните опасности. Децата не треба да го чистат или да го одржуваат уредот без надзор. Децата не треба да си играат со уредот.

Користете само оригинални додатоци или потрошни средства на Philips. Користете го само полначот што е обезбеден со производот. Ако е доставен, користете ги само оригиналниот USB кабел и USB единицата за напојување. Уредот не содржи делови што корисникот може да ги сервисира. Ако уредот се оштети, престанете да го користите и контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. Ако кабелот е оштетен, заменете го полначот со нов. Не користете ги основата за полнење и/или кутијата за полнење при патување надвор или во близина на загреани површини. Немојте да чистите ниту еден дел од производот во машината за миење садови. Овој уред е дизајниран само за чистење заби, непца и јазик. Престанете да ја користите главата на четката со згмечени или извиткани влакна. Менувајте ја главата на четката на секои 3 месеци или порано ако се појават знаци на абење. Избегнувајте директен контакт со производи што содржат есенцијални масла или кокосово масло. Контактот може да доведе до вадење на влакната. Престанете да го користите апаратот и советувајте се со забар/лекар ако настане претерано крвавење по користењето, ако крвавењето продолжи да се појавува по 1 седмица од користењето или ако почувствувате непријатност или болка. Ако сте имале орална хируршка интервенција или операција на непцата во претходните 2 месеци, советувајте се со стоматологот пред да го користите уредов. Ако имате пејсмејкер или друг имплантиран уред, контактирајте со докторот или со производителот на имплантираниот уред пред употребата. Ако имате прашања од медицинска гледна точка, консултирајте се со доктор пред да го користите уредов.

Уредов е уред за лична нега и не е наменет за користење на повеќе пациенти во стоматолошка ординација или институција.

Безбедносни упатства за батеријата -

Користете само оригинални додатоци и потрошни средства на Philips. Користете ја само единицата за напојување што се одвојува TCAxxxx и/или CBAxxxx. Користете ја само батеријата на полнење дадена со производот. Полнете и користете го производот на температура помеѓу 5 °C и 40 °C. Чувајте ги производот и батериите подалеку од оган и немојте да ги изложувате на директна сончева светлина или високи температури. Ако производот се загрее премногу или почне да мириса, ја промени бојата или ако полнењето трае подолго од вообичаено, престанете со користењето и полнењето на производот и контактирајте со Philips. Немојте да го отворате, изменувате, продупчувате, оштетувате или расклопувате производот или батеријата за да спречите батериите да се загреваат или да испуштаат токсични или опасни супстанции. Немојте да правите краток спој, премногу да ги наполнувате или обратно да ги полните батериите. Ако батериите се оштетени или протекуваат, избегнувајте контакт со кожата или очите. Ако се случи тоа, веднаш исплакнете добро со вода и побарајте лекарска помош.

Електромагнетни полиња (EMF) Овој Philips уред е во согласност со сите важечки стандарди и регулативи во врска со изложеноста на електромагнетни полиња.

Директива за радио опрема Со ова, Philips изјавува дека електричните четки за заби опремени со интерфејс со радиофреквенција (Bluetooth или BrushSync) се во согласност со директивата 2014/53/EU.

Bluetooth радиофреквенција: 2,4 GHz Максимална моќност на Bluetooth радиофреквенцијата: 3 dBm - NFC радиофреквенција: 13,56 MHz - Максимална моќност на NFC радиофреквенцијата: -26 dBm Целосниот текст на декларацијата за усогласеност со ЕУ е достапен на следнава интернет-адреса: www.philips.com/support

Предвидена намена Електричните четки за заби Sonicare DiamondClean 9000 се наменети за отстранување на наталожениот забен камен и остатоци од храна од забите за да се намали расипувањето на забите и да се подобри и одржи оралното здравје. Електричните четки за заби Sonicare DiamondClean 9000 се наменети за лична употреба. Користењето од страна на деца треба да биде под надзор на возрасни лица.

Вашата Philips Sonicare (сл. 1) 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16

Рачка Копче за вклучување/исклучување Индикатор за интензитет Копче за режим/интензитет Индикатор за режим Светло за потсетување за замена на глава на четка Индикатор за батерија Додатоци: Капак за главата на четката Паметни глави на четките за заби Симбол BrushSync Чаша за полнење Држач за полнење Основа за полнење Кутија за патување Кутија за патување со полнач Ѕиден адаптер USB(-А) Забелешка: Вклучените додатоци може да се разликуваат според купениот модел.

674 Македонски Следниве симболи може да се појавуваат на производот: Прочитајте го упатството за операторот.

Дел за напојување што се вади: „xxxxxx“ го означува бројот на моделот на одобрените полначи што треба да се користат.

Апликација Sonicare – Вовед Апликацијата Sonicare се спарува со вашата четка за заби за да ви овозможи поврзано искуство. Апликацијата е компатибилна со голем број паметни телефони iPhone и Android™. За да започнете со користење на апликацијата Sonicare: 1 Преземете ја апликацијата Sonicare на вашиот телефон. 2 Осигурете се дека Bluetooth на вашиот телефон е вклучен. 3 Подигнете ја четката за заби за да се осигурите дека е активна (вклучени светла). 4 Отворете ја апликацијата и следете ги чекорите. 5 Спарете ја четката за заби со апликацијата. 6 Создајте ја вашата сметка преку апликацијата. Завршете го ажурирањето на фирмверот, доколку е побарано, за пристап до најновите подобрувања и функции. 7 Редовно четкајте со четката за заби поврзана со апликацијата. Кога редовно ја синхронизирате четката за заби со апликацијата, ќе добивате ажурирања што ќе ви помогнат да го подобрите вашето орално здравје.

8 Редовно синхронизирајте. 9 Држете го телефонот блиску до четката за заби за оптимално префрлање податоци. За рачно синхронизирање: Спарувајте ја/поврзувајте ја вашата четка за заби со апликацијата на секои две седмици за да имате корист од нејзините функции/можности. За автоматско синхронизирање: дајте дозвола за локација додека ја поставувате апликацијата. Со давање дозвола за локација, вашиот телефон знае кога е во опсегот на поврзување на вашата четка за заби и може да ги освежи податоците за четкање во апликацијата за да ги обезбеди најновите сознанија и препораки. Забелешка: Bluetooth на телефонот треба да е вклучен кога ја користите апликацијата, така што вашата четка за заби може да ги пренесе и ажурира податоците за четкање во апликацијата. Ако имате прашања за тоа зошто се собираат вашите податоци за четкање, проверете ја Изјавата за приватност на Sonicare, достапна во текот на целиот процес на поставување на апликацијата.

Функции на апликацијата Електричната четка за заби Sonicare е опремена со паметни сензори за да ви дава повратни информации за вашите навики на четкање, вклучително со: - Дневни сесии на четкање - Потрошено време за секоја сесија на четкање - Применет притисок на четкање - Потсетник за замена на глава на четка (според вистинското користење) Апликацијата Sonicare ги собира податоците преку паметните сензори и ги следи вашите навики на четкање со тек на време.

Започнување 1 Порамнете ја главата на четката, така што влакната ќе бидат поставени во истата насока со предниот дел на рачката.

2 Цврсто притиснете ја главата на четката врз металниот издаден дел сѐ додека нема каде повеќе да оди. Забелешка: нормално е да има мал простор меѓу главата на четката и рачката.

Користење на четката за заби Philips Sonicare Ако ја користите вашата четка за заби Sonicare по прв пат, нормално е да чувствувате повеќе вибрации отколку кога користите неелектрична четка за заби. Вообичаено е за тие што ја користат по прв пат да вршат премногу притисок. Применете само нежен притисок и оставете четката за заби да го врши четкањето наместо вас. Следете ги долунаведените упатства за четкање за најдобро искуство. За да ви помогне да се префрлите на новата електрична четка за заби Sonicare, користете пониска поставка во првите 1 – 2 недели, а потоа префрлете се на повисока поставка.

Упатства за четкање 1 Навлажнете ги влакната на четката и ставете мало количество паста за заби.

2 Ставете ја четката за заби со влакната кон забите под мал агол (45 степени). Притискајќи цврсто за влакната да достигнат до непцата или малку под линијата на непцата. Забелешка: Центарот на четката мора да биде во контакт со забите цело време. 3 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување за да ја вклучите Philips Sonicare.

4 Нежно поставете ги влакната од четкичката на забите и непцата. Четкајте ги забите со мали движење напред-назад, така што влакната на четкичката ќе достигнуваат помеѓу забите. Продолжете со ова движење за целото време на четкањето. Забелешка: влакната од четката треба малку да се рашират. Не се препорачува да четкате како со рачна четка за заби. Забелешка: Ако примените преголем притисок, ќе бидете предупредени преку промена на вибрациите на рачката и потсетникот за замена на главата на четката ќе светка во портокалова боја. 5 За да ги исчистите внатрешните површини на предните заби, свртете ја рачката на четката полунагоре и направете неколку вертикални преклопувачки движења на четкање на секој заб. 6 Откако ќе го завршите циклусот на четкање, може дополнително да ги четкате површините за џвакање на забите и местата каде што настануваат дамки. Може да го четкате и јазикот, со вклучена или исклучена четка за заби, како што претпочитате. Забелешка: Вашата четка за заби Philips Sonicare е безбедна за употреба на протези (главите на четките се трошат побрзо кога се користат на протези) и

678 Македонски забни реставрации (пломби, коронки, винири) доколку се правилно залепени и не се компромитирани.

BrushPacer За да се осигурите дека ќе четкате подеднакво во устата, поделете ја устата на 6 дела со функцијата BrushPacer. BrushPacer го дели времето на четкање на 6 еднакви сегменти и означува кога треба да преместите на следната област. Сегментите се назначуваат со кратка пауза во вибрациите. Четката за заби автоматски застанува на крајот од сесијата за четкање. Забелешка: Може да се додадат дополнителни сегменти кога го користите режимот White+ или Gum Health.

Режими Вашата електрична четка за заби е опремена со до 4 различни режими: Clean, White+, Gum Health и Deep Clean+. Според паметната глава на четката што ја користите, технологијата BrushSync автоматски ќе ги избере оптималниот режим и интензитет. За да смените режими, притиснете на копчето режим/интензитет додека рачката е исклучена. Clean и Deep Clean+

Отстранување на забен камен

Отстранување на забен камен и површински дамки

Отстранување на забен камен и масажа на непцата

Препорачано ниво на интензитет

Вкупно време на четкање

Clean: четкајте го секој сегмент 20 секунди

Четкајте го секој сегмент 20 секунди,

Четкајте го секој сегмент 20 секунди,

Deep Clean+: четкајте го секој сегмент 30 секунди*

потоа четкајте ги сегментите 7 и 8 по 20 секунди секој

потоа четкајте ги сегментите 7, 8, 9 и 10 по 20 секунди секој

Забелешка: Кога четкате со апликацијата Philips Sonicare во режимот „Deep Clean+“, времето на четкање ќе биде 2 минути кога сте поврзани со апликацијата и 3 минути кога не сте поврзани со апликацијата.

Интензитети Вашата моќна четка за заби има 3 различни поставки за интензитет: - низок интензитет (една цртичка) - среден интензитет (две цртички) - висок интензитет (три цртички) Кога е прицврстена на рачката, паметната глава на четката автоматски ќе го избере препорачаниот интензитет. Ако сакате да смените на поинаков интензитет, можете да го направите тоа со притискање на копчето за режим/интензитет додека четкате. Интензитетот не може да се смени кога рачката е исклучена или паузирана.

Технологија BrushSync Технологијата BrushSync ѝ овозможува на главата на четката да комуницира со рачката користејќи микрочип. Симболот на дното од главата на четката означува дека главата е опремена со оваа технологија. Технологијата BrushSync овозможува: - Потсетник за замена на глава на четка - Спарување на режим BrushSync Philips Sonicare нуди широка лепеза на паметни глави за четка, опремени со технологијата BrushSync. За да го истражите целиот спектар на глави на четки за заби и ја најдете главата на четката што најмногу Ви одговара, одете на www.philips.com/toothbrushheads за повеќе информации.

Повратни информации на сензорот за притисок BrushPacer SmarTimer EasyStart Потсетник за замена на глава на четка Режим на спарување на главата на четката

Повратни информации на сензорот за притисок Четката за заби Sonicare го мери притисокот што го применувате додека четкате за да ги заштити непцата и забите од оштетување. Ако премногу притискате, рачката ќе ја промени вибрацијата и иконата за потсетување за замена на главата на четката ќе трепка во портокалова боја сѐ додека не го намалите притисокот. Забелешка: Вашиот производ доаѓа со активиран сензор за притисок. За да ја деактивирате оваа функција (видете „Активирање или деактивирање на функциите”).

BrushPacer BrushPacer е тајмер за интервали што Ви помага да четкате рамномерно низ устата преку делење на устата на 6 делови.

SmarTimer SmarTimer означува дека циклусот на четкање завршил со автоматско исклучување на четката за заби на крајот од циклусот на четкање. Стоматолозите препорачуваат четкање не помалку од 2 минути двапати дневно. Забелешка: Ако го притиснете копчето за вклучување/исклучување откако ќе го започнете циклусот на четкање, четката за заби паузира. По пауза од 30 секунди, SmarTimer се ресетира.

EasyStart Забелешка: За да активирате EasyStart. (видете „Активирање или деактивирање на функциите”) Овој модел на Philips Sonicare доаѓа со деактивирана функција EasyStart. Функцијата EasyStart полека ја зголемува силата во текот на првите 14 четкања за да ви помогне да се навикнете на четкањето со Philips Sonicare. Функцијата EasyStart функционира со сите режими. Одрекување од одговорност Кога четката за заби Philips Sonicare се користи за

682 Македонски клинички испитувања, таа мора да се користи со висок интензитет со рачката целосно наполнета, а функцијата EasyStart деактивирана.

Потсетник за замена на глава на четка Вашата четка Philips Sonicare е опремена со технологија BrushSync што го следи абењето на главата на четката. Забелешка: Оваа функција работи само со паметните глави на четки Philips Sonicare со технологијата BrushSync. 1 Кога ќе прикачите нова паметна глава за четка за заби по прв пат, рачката препознава дека имате глава за четка на Philips со технологија BrushSync и започнува да го следи абењето на главата на четката. 2 Со тек на време, врз основа притисокот што го применувате и вкупното време кога се користела главата на четката, рачката го следи абењето на главата на четката за да го определи оптималното време за замена на главата на четката. Оваа функција гарантира најдобро чистење и нега на вашите заби. 3 Кога индикаторот на потсетникот за менување на главата на четката ќе светне во портокалова боја, треба да ја замените главата на четката. Забелешка: Сите паметни глави на четките за заби доаѓаат со активирана функција за потсетник за замена на главата на четката за заби. За да го деактивирате потсетникот за менување на главата на четката, видете „Активирање или деактивирање на функциите“.

Режим на спарување на главата на четката Главите на четките со технологија BrushSync се опремени со микрочип кој комуницира со рачката и автоматски ја спарува со препорачаниот режим и интензитет.

Забелешка: Ако ги промените режимите/интензитетот, главата на четката ќе ја запомни последната употребена поставка.

Активирање или деактивирање на функциите Можете да ги активирате или деактивирате следниве функции на вашата четка за заби: - EasyStart - Потсетник за замена на глава на четка - Повратни информации на сензорот за притисок Забелешка: Можете да го активирате или деактивирате потсетникот за замена на главата на четката за заби кога на рачката се наоѓа паметна глава на четка за заби.

Чекор 1: Ставете ја рачката на држачот за полнење или во чашата за полнење. Чекор 2: Притиснете и задржете го копчето за вклучување/исклучување:

Потсетник за Повратни информации замена на глава на сензорот за на четка притисок

Чекор 3: Пуштете го копчето за вклучување/исклучување кога ќе слушнете: 1 титкање

Заедно со: Ако видите дека индикаторот за батерија трепка 2 пати и слушнете 3 тона, од потивок кон погласен, тогаш функцијата е активирана.

ИЛИ Ако видите индикаторот за батерија да трепка во портокалова боја еднаш и слушнете 3 тона, од погласно кон потивко, тогаш функцијата е деактивирана.

Полнење и статус на батеријата Оваа четка за заби Philips Sonicare има капацитет од најмалку 28 сесии на четкање, секоја сесија по 2

минути (14 дена, доколку се користи двапати дневно) при целосно наполнета батерија. Индикаторот за батеријата го покажува статусот на батеријата кога ја завршувате 2-минутната сесија за четкање, кога ја паузирате четката за заби или додека се полни. Забелешка: Потребни се до 24 часа за батеријата целосно да се наполни пред првото користење, но може да ја користите четката за заби Philips Sonicare и пред целосно да се наполни.

Полнење Полнење на основата за полнење 1 Приклучете го кабелот на основата за полнење во електричен штекер. 2 Ставете го држачот за полнење или чашата за полнење на основата за полнење. 3 Ставете ја рачката на држачот за полнење или во чашата за полнење. - Индикаторот за батерија светнува и рачката испушта звучен сигнал двапати. Тоа означува дека четката за заби се полни. 4 Полначот ќе ја полни вашата четка за заби сѐ додека не се наполни целосно. Рачката се полни кога индикаторот за батеријата трепка. Кога рачката целосно ќе се наполни, индикаторот на батеријата светнува 30 секунди, а потоа се исклучува.

Полнење со кутијата за патување Забелешка: Вклучените додатоци може да се разликуваат според купениот модел. 1 Земете го USB-кабелот од дното на кутијата за полнење при патување. 2 Поврзете ја кутијата за полнење преку USB-кабел на влезно напојување од 5V DC, или од:

Обезбедениот USB адаптер стандарден USB компјутерски конектор наведен од страна на UL или сертифициран според ANSI/UL 60950-1 или, - електрично напојување со USB излезна порта наведено од страна на UL или сертифицирано според ANSI/UL 60950-1 LPS или, - електрично напојување наведено од страна на UL или сертифицирано според 1310 класа 2. 3 Поставете ја рачката во кутијата за патување. Кутијата за патување ќе ја полни вашата четка за заби сѐ додека не се наполни целосно.

Статус на батеријата Статус на батеријата (рачка во приклучен полнач или во кутија за патување со полнач) Кога рачката е поставена на полначот или во кутијата за патување со полнач, индикаторот на батеријата го прикажува нивото на батеријата.

Статус на батеријата

Индикатор за батерија

Светнува 30 секунди, а потоа се исклучува

Статус на батеријата (кога рачката не е поставена на полначот или во кутијата за патување со полнач) Кога четката за заби е активна, индикаторот за батерија на долниот дел од рачката го прикажува нивото на батеријата.

Статус на батеријата Индикатор за батерија

Трепка во портокалова боја

Рачката емитува 3 титкања по четкањето

Трепка во портокалова боја

Рачката емитува 2 групи од по 5 звучни сигнали по четкањето

Забелешка: За да штеди енергија, индикаторот на батеријата ќе се исклучи кога нема да се користи. Забелешка: Кога батеријата е целосно празна, четката за заби се исклучува. Поставете ја четката за заби на полначот за да ја наполните. Забелешка: За целосна наполнетост на батеријата во секое време, може да ја држите вашата четка за заби на полначот кога не се користи.

Чистење Рачка на четката за заби 1 Отстранете ја рачката на четката за заби и исплакнете ја областа на металниот издаден дел со топла вода. Осигурете се дека ќе ги отстраните сите траги од пастата за заби. Внимание: не туркајте го гуменото капаче врз металниот издаден дел со остри објекти, бидејќи може да се оштети. 2 Избришете ја целата површина на рачката со влажна крпа. Забелешка: Не допирајте ја рачката на мијалникот за да го отстраните вишокот вода.

Глава на четката за заби 1 Плакнете ги главата и влакната на четката за заби по секое користење. 2 Најмалку еднаш неделно, вадете ја главата на четката од рачката и плакнете ја спојката на главата на четката со топла вода. Капачето на главата на четката за заби треба да се мие секогаш кога е потребно.

Полнач 1 Исклучете го полначот од струја пред да го чистите. 2 Избришете ја површината на полначот со влажна крпа.

Кутија за патување Исплакнете со топла вода и користете влажна крпа за да ја исчистите внатрешноста на кутијата за патување.

Кутија за патување со полнач 1 Исклучете ја кутијата за патување со полнач пред чистењето. 2 Користете влажна крпа за да ја избришете површината на кутијата за патување.

Чување Ако не планирате да го користите производот подолго време, исклучете го од електричниот штекер, исчистете го и складирајте го на ладно и суво место подалеку од сончева светлина.

Замена Заменувајте ги главите на четката Philips Sonicare на секои 3 месеци за да се постигнат оптимални резултати. За замена, користете само глави на четка на Philips Sonicare.

Решавање проблеми Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги имате со уредот. Доколку не можете да го решите проблемот со помош на информациите

дадени подолу, одете на www.philips.com/support за да побарате список од најчесто поставуваните прашања или јавете се во Центарот за грижа на корисници во вашата земја.

Не можам целосно да ја прикачам главата на четката. Има мал простор помеѓу главата на четката и рачката. Вибрациите на мојата четка за заби Philips Sonicare се послаби од порано.

Решение Тоа е нормално. Потребен е мал простор за да се овозможи движење со цел да се испуштат вибрациите потребни за чистење на забите.

Главата на четката за заби е преблиску до телото на рачката.

Отстранете ја главата на четката за заби од рачката и повторно поставете ја на металниот издаден дел, оставајќи мала празнина. (1 – 2 mm)

Батеријата е празна.

Наполнете ја рачката од четката за заби на полначот.

Ја наполнив мојата четка за заби, ама функционира само кратко време.

Рачката на четката за заби не е поставена вертикално на полначот, што доведува до тоа да нема полнење.

Поставете ја рачката вертикално на основата за полнење и осигурете се дека полначот е приклучен.

Четката за заби престанува да работи.

Батеријата е празна.

Наполнете ја рачката од четката за заби на полначот.

Лоцирање на бројот на моделот Видете на долната страна од рачката на четката за заби Philips Sonicare за бројот на моделот (HX99XX).

Гаранција и поддршка Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја страницата www.philips.com/support или прочитајте го летокот со меѓународната гаранција.

ИСКЛУЧОЦИ ОД ГАРАНЦИЈАТА Што не е покриено со гаранцијата: - Приклучоци за уста, вклучувајќи глави за четката и млазници. - Оштетување предизвикано од употреба на неовластени резервни делови или неовластени глави на четка за заби. - Оштетување предизвикано од погрешно користење, запоставување, промени или неовластени поправки. - Нормално трошење и абење, вклучувајќи скршени делчиња, гребаници, абразии, промена на бојата или избледување.

Овој симбол означува дека електричните производи и батерии не треба да се фрлаат во обичниот отпад од домаќинствата. Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи и батерии.

Вадење на батеријата на полнење СОДРЖИ ЛИТИУМ-ЈОНСКА ЌЕЛИЈА ШТО МОЖЕ ДА СЕ ПОЛНИ. МОРА ДА СЕ РЕЦИКЛИРА ИЛИ ПРАВИЛНО ДА СЕ ФРЛИ. Вградената батерија на полнење мора да се отстранува само од страна на квалификуван професионалец кога се фрла производот. Пред да ја отстраните батеријата, проверете дали батеријата е целосно испразнета.

Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога ракувате со алати за отворање на уредот и кога ја фрлате

батеријата на полнење. Заштитете си ги очите, рацете, прстите и површината на којашто работите. Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете, производот и батериите се суви. За да се избегне случаен краток спој на батериите по отстранувањето, не дозволувајте терминалите на батериите да дојдат во контакт со метални предмети (на пр., парички, шноли за коса, прстени). Немојте да ги виткате батериите во алуминиумска фолија. Залепете ги терминалите на батериите или ставете ги батериите во пластична кеса пред да ги фрлате.

Отстранување на батеријата на полнење За да ја отстраните батеријата на полнење, ќе ви треба крпа или ткаенина, чекан и рамен (стандарден) шрафцигер. Почитувајте ги основните безбедносни мерки при следење на постапката опишана подолу. 1 За да ја испразните батеријата на полнење од преостанатото полнење, отстранете ја рачката од полначот, вклучете ја четката за заби и оставете ја да работи додека не сопре. Повторувајте го овој чекор сѐ додека повеќе не можете да ја вклучите четката за заби. 2 Отстранете ја и фрлете ја главата на четката. Покријте ја целата површина на рачката со крпа или ткаенина.

3 Држете го горниот дел на рачката со едната рака и удрете го куќиштето на рачката околу 1 цм над долниот крај. Удрете силно со чекан на сите 4 страни за да се отстрани крајното капаче.

692 Македонски Забелешка: Можеби ќе треба да удирате на краевите неколку пати за да ги одвоите внатрешните врски.

4 Отстранете го крајното капаче од рачката на четката за заби. Ако крајното капаче не се одвои лесно од куќиштето, повторувајте го чекорот 3 додека крајното капаче не се одвои.

5 Држејќи ја рачката наопаку, притиснете го издадениот дел на цврста површина. Ако внатрешните компоненти не се одвојат лесно од куќиштето, повторувајте го чекорот 3 додека не се одвојат. 6 Турнете го шрафцигерот помеѓу батеријата и црната рамка на долниот дел од внатрешните компоненти. Потоа вртете го шрафцигерот подалеку од батеријата за да го одвоите долниот дел на црната рамка. 7 Вметнете го шрафцигерот под долниот дел на батеријата и црната рамка за да ја одвоите металната плочка што ја поврзува батеријата со зелената печатена струјна плоча. Ова ќе го одвои долниот крај на батеријата од рамката. 8 Фатете ја батеријата и извлечете ја од внатрешните компоненти за да ја одвоите од втората метална плочка на батеријата. Внимание: Внимавајте на острите рабови од плочките на батеријата за да не ги повредите прстите. 9 Покријте ги контактите на батеријата со лента за да се спречи електричен спој од преостанатото полнење на батеријата.

Батеријата на полнење сега може да се рециклира, а остатокот од производот може соодветно да се фрли. Забелешка: не фрлајте го уредот во вообичаениот отпад од домаќинството на крајот на неговиот животен век, туку однесете го на назначено место за рециклирање. На овој начин помагате за зачувување на животната средина.