GLI18V-5000 Professional - Ламба BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLI18V-5000 Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GLI18V-5000 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Ламба во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLI18V-5000 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLI18V-5000 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLI18V-5000 Professional BOSCH
Македонски...... Страница 97
Srpski ...... Strana 101
Slovenščina ....Stran 105
Hrvatski ....Stranica 109
Безбедносни напомени за светилки

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
▶ Be молиме прочитајте ги и внимавајте на безбедносните напомени и упатства, што се приложени на батеријата или електричниот алат.
Ракувајте внимателно со светилката. Светилката создава јака топлина, која може да доведе до зголемена опасност од пожар или експлозија.
▶ Со светилката не работете во околина каде има опасност од експлозија.
▶ По автоматското исклучување на светилката не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали светилката е изладена пред повторно да ја включите.
▶ Користете само оригинална Bosch-опрема.
Изворот на светлина не може да се замени. Ако изворот на светлина е дефектен, мора да се замени целата светилка.
▶ Не користете ги светилките во сообраќајот. Светилките не се дозволени за осветлување во сообраќајот.

Одржувајте минимално растојание на светилката до сите осветлени површини и предмети. Ако нема довольно растојание, предмети може да се прегреат.

ВНИМАНИЕ! Не гледајте долго во зракот светлина. Оптичкото зрачење може да им наштети на очите.
He покривајте ја главата на светилката, доколку светилката работи. Главата на светилката се затоплува со текот на работата и може да предизвика изгореници, доколку се акумулира топлина.

Користете ја светилката само во затворен простор.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж
98 | Македонски
воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.


Заштитете ги батериите од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност
од експлозија и краток спој.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот.
Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.

Не принесувајте ја светилката во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетот на светилката создава поле, кое
може да ја наруши функцијата на имплантите и медицинските уреди.
▶ Светилката држете ја подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на магнетот, може да дојде до неповратно губење на податоците.
▶ Не поставувајте ја светилката на плафон со помош на магнетите за прицврстување. Доколку падне, постои опасност од повреда.
▶ Проверете дали магнетот за прицврстување може стабилно да ја држи светилката. Доколку падне, постои опасност од повреда.
▶ Не прикачувајте ја светилката на електрични кабли или други небезбедни предмети. Постои опасност од пожар и повреда.
▶ Ако светилката е прикачена со магнет или кука за закачување, не оптоварувајте ја со дополнителна тежина и проверете дали е добро прицврстена.
Магнетот и куката за закачување се дизајнирани ислучиво за носење на светилката вклучувајки ја и вметнатата батерија. Со дополнителна тежина, светилката може да се расипе или да падне.
▶ Ако светилката е прикачена со магнет или кука за закачување, не поместувајте ја светилката или предметот на кој е прикачена. Светилката може да падне.
Kogа ја користите светилката во подигната положба, прицврстете ја соодветно со опрема за заштита од пафање. Ова спречува материјални штети и лична повреда ако светилката случајно падне.
Опис на производот и перформансите
Видете ги илустрациите во предниот дел од упатството за работа.
Наменета употреба
Светилката е наменета за преносливо, просторно и временски ограничено осветлување во внатрешниот простор и не е погодна за вообичаено осветлување на простории.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на насликаните компоненти се однесува на приказот на светилката на графичката страница.
(1) Глава на светилката
(2) Приказ за степенот на осветлување
(3) Копче за включување/исклучување
(4) Приказ за наполнетост на батеријата
(5) Рачка за носење
(6) Ногарка за стоење
(7) Точка на прицврстување на делот за заштита од пад
(8) Куки за закачување
(9) Капак на батеријата
(10) Блокирање на капакот на батеријата
(11) Магнети
(12) Прифат на стативот 5/8"
(13) Батерија ^a)
(14) Копче за отклучување на батерија ^a)
(15) Шарки
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.
Технички податоци
Светилка GLI18V-5000
Број на дел
3 601 JP5 1..
Светилка GLI18V-5000
| Номинален напон V= 18 | |
| Макс. номинална јачина W 43 | |
| Времетраење на светлината,околу ^A)B) | min/Ah 25 |
| Вкупен светлосен флукс ^B) | |
| – 1. степен Im 1000 | |
| – 2. степен Im 2500 | |
| – 3. степен Im 5000 | |
| препорачана околнатемпература при полнење | °C 0 ... +35 |
| дозволена околнатемпература при работење ^C) ипри складирање | °C -20 ... +40 |
| компатибилни батерии(≤ 8 Ah) | GBA18V...GBA 18V...ProCORE18V...EXPERT18V...EXBA18V...CORE18V... |
| препорачани полначи GAL18... | GAL 18...GAL 36...GAL12V/18...GAL 12V/18...GAX 18...EXAL18... |
| Класа на заштита / III | ^D) |
| Вид на заштита IP54 | |
A) при целосна осветленост (без преостанатото време на работа во режим на затемнување)
В) Мерено при 20-25 °C со батерија ProCORE18V 8.0Ah
C) ограничена мокност на температури < 0 °C
D) важи само при затворен и блокиран капак за батерија
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Одблесокот на осветлените објекти може да биде со лажна боја.
Батерија
Bosch продава светилки дури и без батерии. Од пакувањето можете да видите дали акумулаторската батеријата е включена во опсегот на испорака на вашата светилка.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за вашата светилка.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за
транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање и вадење на батеријата (види слика А)
Ослободете ја блокадата (10) на капакот на батеријата (9) и отворете го капакот.
Ставете ја наполнетата батерија (13) во главата на светилката (1), додека не се вклопи и не налегне на главата на светилката.
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во светилката, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Затворете го капакот на батеријата.
▶ При затворање на капакот на батеријата внимавајте на правилно поставување на гумената трака. Инаку нема да се загарантира заштитата од прав и прскање.
Приказ за наполнетост на батеријата
При вметната акумулаторска батерија, може да ја видите costојбата на наполнетост на батериите на приказот за Costaјба на наполнетост на батеријата (4) на светлото. Ако батеријата се извади од светлото, може да ја прикажете и Costaјбата на наполнетост на батеријата.
Приказ за наполнетост на батеријата на светлото
Koga е включена светилката, петте зелени LED-светилки на приказот за наполнетоста на батеријата (4) ја покажуваат сostoјбата на наполнетост на батеријата.
Приказ за наполнетост на акумулаторската батерија на акумулаторската батерија од 18 V
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само ако светилката е ислучена.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
| Трајно светло 5 × зелено 80–100 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Откривање ризик од дефект на батеријата
EXPERT18V... | EXBA18V...
LED-светилките на приказите за наполнетост на батеријата, покрај статусот на наполнетост на батеријата, може да укажат и на ризик од дефект на батеријата. За да ја активирате функцијата, притиснете и задржете го копчето за приказот за наполнетост вдесекунди. Анализата на батеријата се сигнализира со включено светло на приказот за наполнетост на батеријата. Резултатот се прикажува на приказот за наполнетост на батеријата.

1 LED-светилка: батеријата има висок ризик од дефекти. Перформансите и времето на
траење можеби веке се намалени. Се препорачува да се замени батеријата.

5 LED-светилки: Батеријата е во добра состојба со низок ризик од дефекти.
Напомена: проценката на ризикот од дефект на батеријата работи во две фази и нуди поедноставена проценка на Costaјбата. Батеријата или е оценета во добра Costaјба или има зголемен ризик од дефекти. Не се прикажува процентот на здравјето на батеријата.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.
Употреба
Ставање во употреба
Извадете го капакот на батеријата (види слика В)
Мошне голема батерија спречува затворање на капакот на батеријата (9). Во овој случај може да се извади капакот на батеријата.
Вметнете ги 2-те шарки (15) навнатре спроти силата на пружината. Извадете го капакот на батеријата. Без капак на батеријата нема IP заштита!
За повторно да го ставите капакот на батеријата (9) вметнете ги 2-те шарки (15) навнатре спроти силата на пружината. Поставете го капакот на батеријата на куќиштето. 2-те игли на шарките вклопете ги во отворите на куќиштето.
Поставување
Поставете ја светилката на стабилна рамна површина. Внимавајте да биде безбедно поставена.
Вклучување/исклучување и поставување го бројот на вртежи
| Копче за вклучување/исклучување (3) | функција |
1× притискање Вклучување на светилката, ниско ниво на осветленост (1. степен)
2× притискања Вклучување на светилката, средно ниво на осветленост (2. степен)
3× притискања Вклучување на светилката, целосно осветлено (3. степен)
4× притискања Вклучување на светилка
Ако светилката е затемнета околу 5 минути, таа веднаш се ислучува со следното притискање.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
При пречекорување на дозволената оперативна температура, светилката се исклучува. Оставете ја светилката да се излади и включете ја повторно.
Совети при работењето
Кратко пред да се ислучи светилката поради празна батерија, таа трепнува 3× и светне со намалена осветленост.
Навалување на главата на светлото
Може да ја навалите главата на светлото (1) во 7 нивоа за максимум 135°.
Куки за закачување
Со куката за закачување (8) може да го закачите светлото.
▶ Не користете ја куката за закачување за да влечете предмети кон себе. Куката за закачување или светлото може да се скршат.
▶ Секогаш користете ги двете куки за закачување за да го закачите светлото.
Магнетно прицврстување
Со магнетите (11) може да го прицврстите светлото на феромагнетни површини.
При прицврстување, осигурајте се дека сите магнети секогаш се во контакт со феромагнетната површина.
▶ Држете ги прстите подалеку од задниот дел на држачот кога го прикачувате светлото на површини. Силното влечење на магнетите може да ви ги свитка прстите.
При фиксирање, внимавајте да избегнете гребнатини на чувствителните површини.
Прицврстување на статив
Со прифатот за статив (12) може да го прицврстите светлото на статив.
Цврсто затегнете ги завртките 5/8". Внимавајте стативот да биде безбедно поставен.
Прицврстување на светлото за да не падне
Напомена: за да се осигурате дека светилката нема да падне, за тежината на системот треба да користите соодветен додаток за заштита од пагање. Максималната дозволена должна на уредот за заштита од пагање изнесува 0,5 m.
За да го заштитите уредот од пагање користете врвка со анкер на рачката или користете го делот за заштита од пагање со амортизација на пад.
При прицврстувањето на делот за заштита од пагање почитувајте го соодветното упатство за работа.
Изберете ја фиксната точка на прицврстување така што светлото ће може слободно да падне во системот за заштита од паѓање во случај на пад без да го загрози корисникот. Секогаш прикачувајте ја спротивната страна на додатокот за заштита од паѓање на стабилна структура (на пр. зграда или скеле). Уредот за заштита од паѓање мора да може слободно да се движи и може да се прикачи само на (7) дозволената област за прицврстување на светилката.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред каква било интервенција на светилката (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од светилката.
При невнимателно притискање на прекинувают за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Светилката не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да се менуваат или одржуваат.
Исчистете го пластичното стакло на светилката со сува, мека крпа, за да избегнете оштетувања. Не користете средства за чистење или раствори.
Изворот на светлина не може да се замени. Ако изворот на светлина е дефектен, мора да се замени целата светилка.
Сервисна служба и совети при користење
Северна Македонија
Тел.: 02/246 76 10

Нашиот сервисен адреси и линкови за услуги на поправка и нарачка на резервни делови можете да ги најдете на: www.bosch-pt.com/serviceaddresses
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Отстранување
Светилките, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не фрлајте ги светилката и акумулаторските батерии/батериите во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.
Srpski
Sigurnosne napomene za lampe

Pročitajte sva upozorenja i uputstva.
Propusti u poštovanju napomena za sigurnost i uputstava mogu da prouzrokuju električni udar, požar i/ili teške povrede.
Čuvajte sva upozorenja i uputstva za budućnost.
▶ Pročitajte sve sigurnosne napomene i uputstva, koja su priložena uz bateriju ili električni alat uz koji je baterija isporučena.
▶ Oprezno rukujte lampom. Lampa razvija veliku toplotu, što uzrokuje povećanu opasnost od požara i eksplozija.
▶ Lampu nemojte koristiti u potencijalno eksplozivnom okruženju.
Nakon automatskog isključenja lampe ne pritiskajte dalje prekidač za uključivanje/isključivanje.
Akumulator se može oštetiti. Uverite se da je akumulator napunjen i da se lampa ohladila pre nego što je ponovo uključite.