BOSCH GLT 18V-5000 Professional - Ламба

GLT 18V-5000 Professional - Ламба BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLT 18V-5000 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 131 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GLT 18V-5000 Professional - page 84
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GLT 18V-5000 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Ламба во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLT 18V-5000 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLT 18V-5000 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLT 18V-5000 Professional BOSCH

mk Оригинално упатстро за работа

Безбедносни напомени

Безбедносни напомени за светилки

BOSCH GLT 18V-5000 Professional - Безбедносни напомени за светилки - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да

предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

▶ Be молиме прочитајте ги и внимавајте на безбедносните напомени и упатства, што се приложени на батеријата или електричниот алат.
Ракувајте внимателно со светилката. Светилката создава јака топлина, која може да доведе до зголемена опасност од пожар или експлозија.
▶ Со светилката не работете во околина каде има опасност од експлозија.

По автоматското исклучување на светилката не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали светилката е изладена пред повторно да ја включите.

▶ Користете само оригинална Bosch-опрема.

Изворот на светлина не може да се замени. Ако изворот на светлина е дефектен, мора да се замени целата светилка.

BOSCH GLT 18V-5000 Professional - Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. - 1

BOSCH GLT 18V-5000 Professional - Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. - 2

Одржувајте минимално растојание на светилката до сите осветлени површини и предмети. Ако нема довольно растојание,

осветлените предмети може да се прегреат.

BOSCH GLT 18V-5000 Professional - Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. - 3

ВНИМАНИЕ! Не гледајте долго во зракот светлина. Оптичкото зрачење може да им наштети на очите.

He покривајте ја главата на светилката, доколку светилката работи. Главата на светилката се затоплува со текот на работата и може да предизвика изгореници, доколку се акумулира топлина.
▶ Кога ја транспортирате и складирате светилката, извадете ја батеријата од светилката. Светилката може да се загрее.

BOSCH GLT 18V-5000 Professional - Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. - 4

Користете ја светилката само во затворен простор.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж

84 | Македонски

воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.

▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.

BOSCH GLT 18V-5000 Professional - | Македонски - 1

BOSCH GLT 18V-5000 Professional - | Македонски - 2

Заштитете ги батериите од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност

од експлозија и краток спој.

▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Внимавајте стативот да биде безбедно поставен. Стативот може да се преврти на нерамна или лабава површина или ако ногарките на стативот не се целосно отворени.
▶ Погрижете се сите лостови за блокирање да се секогаш затворени. Лабав статив може да се олабави или да се преврти.

Опис на производот и перформансите

Видете ги илустрациите во предниот дел од упатството за работа.

Наменета употреба

Светилката е наменета за преносливо, просторно и временски ограничено осветлување во внатрешниот простор и не е погодна за вообичаено осветлување на простории.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на насликаните компоненти се однесува на приказот на светилката на графичката страница.

(1) Страничен елемент за осветлување
(2) Глава на светилката
(3) Приказ за степенот на осветлување
(4) Копче за вклучување/исклучување
(5) Приказ за наполнетост на батеријата
(6) Окна за појас за на рамо ^a)

(7) Копче за блокирање

(8) Батерија ^a)

(9) Копче за отклучување на батерија ^a)

(10) Рачка за носење

(11) Лост за блокирање

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.

Технички податоци

Батериски светилки GLT18V-5000
Број на дел3 601 JP5 0..
Номинален напон V= 18
Макс. номинална јачинаW43
Времетраење на светлината ^AIB , прибл.min/Ah 25
Вкупен светлосен флукс ^B
– 1. степен Im 1000
– 2. степен Im 2500
– 3. степен Im 5000
Висина, макс. см 220
Индекс на прикажување бои>80
Препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35
Дозволена околна температура при работење ^C и при складирање°C –20 ... +50
Препорачани акумулаторски батерииGBA 18V...ProCORE18V...
Препорачани полначи GAL 18V...GAX 18...GAL 36...
Класа на заштита / IIIΦ

Батериски светилки GLT18V-5000

Вид на заштита IP54

A) при целосна осветленост (без преостанатото време на работа во режим на затемнување)
В) Мерено при 20-25 °C со батерија ProCORE18V 4.0Ah
C) ограничена мокност на температури < 0 °C
Одблесокот на осветлените објекти може да биде со лажна боја. Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Батерија

Bosch продава светилки дури и без батерии. Од пакувањето можете да видите дали акумулаторската батеријата е включена во опсегот на испорака на вашата светилка.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за вашата светилка.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во светилката, таа се држи во позиција со помош на пружина.

Приказ за наполнетост на батеријата

Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само ако светилката е исклучена.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , еда се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Трајно светло 5 × зелено 80–100 %
Трајно светло 4 × зелено 60–80 %
Трајно светло 3 × зелено 40–60 %
Трајно светло 2 × зелено 20–40 %
Трајно светло 1 × зелено 5–20 %
Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 %

Приказ за наполнетост на батеријата (светилка)

Кога е включена светилката, петте зелени LED-светилки на приказот за наполнетоста на батеријата (5) ja покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата (8).

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.

Употреба

Поставување

Притиснете на копчето за блокирање (7) и преклопете ги ногарките на стативот целосно.

Поставете ја светилката на стабилна рамна површина. Внимавајте да биде безбедно поставена.

Отворете го лостот за блокирање (11) и продолжете ги телескопските шипки до саканата работна висина. Затворете го лостот за блокирање (11). Ако треба, затегнете ги завртките на лостот за блокирање со одвртувач.

86 | Shqip

Ротирање/навалување на главата на светилката

Главата на светилката (2) и елементот за осветлување (1) може да се ротираат и навалуваат во различни позиции.

  • Глава на светилката: ротирање за 243°, навалување за 117,5°
  • Страничен елемент за осветлување: навалување за 120°

Вклучување/исклучување и поставување го бројот на вртежи

Копче за включување /исклучување (4)Функција
1×притискањеВклучување на светилката, ниско ниво на осветленост (1. степен)
2×притискањаВклучување на светилката, средно ниво на осветленост (2. степен)
3×притискањаВклучување на светилката, целосно осветлено (3. степен)
4×притискањаВклучување на светилка

Ако светилката е затемнета околу 5 минути, таа веднаш се ислучува со следното притискање.

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

При пречекорување на дозволената оперативна температура, светилката се исклучува. Оставете ја светилката да се излади и включете ја повторно.

Совети при работењето

Кратко пред да се исклучи светилката поради празна батерија, таа трепнува 3× и светне со намалена осветленост.

За транспорт на светилката, преклопете ја светилката и користете ги рачките за носење (10).

Носење со појасот за на рамо

Закачете ремен за на рамо на окната на ременот (6).

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред каква било интервенција на светилката (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од светилката. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Светилката не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да се менуваат или одржуваат.

Исчистете го пластичното стакло на светилката со сува, мека крпа, за да избегнете оштетувања. Не користете средства за чистење или раствори.

Изворот на светлина не може да се замени. Ако изворот на светлина е дефектен, мора да се замени целата светилка.

Сервисна служба и совети при користење

Северна Македонија

Тел.: 02/2467610

BOSCH GLT 18V-5000 Professional - Северна Македонија - 1

Нашиот сервисен адреси и линкови за услуги на поправка и нарачка на резервни делови можете да ги најдете на: www.bosch-pt.com/serviceaddresses

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Отстранување

Светилките, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GLT 18V-5000 Professional - Отстранување - 1

Не фрлајте ги светилката и акумулаторските батерии/батериите во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на луфето поради можното присуство на опасни материи.

Shqip

Udhëzime sigurie

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLT 18V-5000 Professional

Категорија : Ламба