GLI18V-1500 Professional - Ламба BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLI18V-1500 Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GLI18V-1500 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Ламба во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLI18V-1500 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLI18V-1500 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLI18V-1500 Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
Македонски.... Страница 80
Shqip.... Fage 83
Srpski ...... Strana 86
Slovenščina ....Stran 89
Hrvatski....Stranica 93
Безбедносни напомени
Безбедносни напомени за светилки

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
▶ Ве молиме прочитајте ги и внимавајте на безбедносните напомени и упатства, што се приложени на батеријата или електричниот алат.
Ракувајте внимателно со светилката. Светилката создава јака топлина, која може да доведе до зголемена опасност од пожар или експлозија.
▶ Со светилката не работете во околина каде има опасност од експлозија.
По автоматското исклучување на светилката не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали светилката е изладена пред повторно да ја включите.
▶ Користете само оригинална Bosch-опрема.
Изворот на светлина не може да се замени. Ако изворот на светлина е дефектен, мора да се замени целата светилка.
▶ Пред каква било интервенција на светилката (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од светилката.
При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
▶ Не користете ги светилките во сообрајајот.
Светилките не се дозволени за осветлување во сообрајают.

0,2 m
Одржувајте минимално растојание на светилката до сите осветлени површини и предмети. Ако нема довольно растојание,
осветлените предмети може да се прегреат.
▶ Не покривајте ја главата на светилката, доколку светилката работи. Главата на светилката се затоплува со текот на работата и може да предизвика изгореници, доколку се акумулира топлина.

ВНИМАНИЕ! Не гледајте долго во зракот светлина. Оптичкото зрачење може да им наштети на очите.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.


Заштитете ги батериите од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност
од експлозија и краток спој.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
Светилката што не ја користите чувајте ја подалеку од дофат на деца. Светилката не смее да ја користат лица кои не се запознаени со неа или не ги
прочитале овие упатства. Светилките се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
Опис на производот и перформансите
Видете ги илустрациите во предниот дел од упатството за работа.
Наменета употреба
Светилката е наменета за преносливо, просторно и временски ограничено осветлување во внатрешен и надворешен простор и не е погодна за вообичаено осветлување на простории.
Со специјалниот капак на батеријата, светилката е отпорна на прав и прскање.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на насликаните компоненти се однесува на приказот на светилката на графичката страница.
(1) Глава на светилката
(2) Прекинувач за включување/исклучување
(3) Рачка за носење со жлебови за закачување
(4) Прифат на стативот 1/4"
(5) Капак на батеријата
(6) Блокирање на капакот на батеријата
(7) Копче за отклучување на батерија ^a)
(8) Батерија ^a)
(9) Шарки
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.
Технички податоци
| Батериски светилки GLI18V-1500 | ||
| Број на дел 3 601 DA8 0.. | ||
| Номинален напон V= 18 | ||
| Макс. номинална јачина | W | 15 |
| Времетраење на светлинатаA) B), прибл. | min/Ah 135 | |
| Макс. вкупен светлосен флукс | Im 1500 | |
| Дозволена околна температура | ||
| – При полнење °C 0 ... +35 | ||
| – При работење C) и при складирање | °C -20 ... +45 | D) |
| Препорачани акумулаторски батерии(≤ 8,0 Ah) | GBA18V...GBA 18V...ProCORE18V...EXPERT18V...EXBA18V...CORE18V... | |
Батериски светилки GLI18V-1500
A) при максимальна осветленост вкл. преостанато време во режим на затемнување
В) Мерено при 20–25 °C со батерија ProCORE18V 8.0Ah и 800 lm
C) ограничена мокност на температури < 0 °C
D) • До 40 °C: макс. 1500 лумени (15 W)
• До 45 °C: макс. 800 лумени (8 W)
Е) важи само при затворен и блокиран капак за батерија
Одблесокот на осветлените објекти може да биде со лажна боја.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Вметнување на батеријата
Oслободете ја бравата на капакот на батеријата (6) и отворете го капакот (5).
Ставете ја наполнетата батерија (8) во главата на светилката (1), додека не се вклопи и не налегне на главата на светилката (1).
Затворете го капакот на батеријата (5), а потоа и бравата на капакот на батеријата (6).
▶ При затворање на капакот на батеријата внимавајте на правилно поставување на гумената трака. Инаку нема да се загарантира заштитата од прав и прскање.
82 | Македонски
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во светилката, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , вада се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
| Трајно светло 5 × зелено 80–100 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Употреба
Ставање во употреба
Извадете го капакот на батеријата (види слика В)
Мошне голема батерија спречува затворање на капакот на батеријата (5). Во овој случај може да се извади капакот на батеријата.
Вметнете ги двете шарки навнатре спроти силата на пружината. Извадете го капакот на батеријата. Без капак на батеријата нема IP заштита!
За повторно да го ставите капакот на батеријата, вметнете ги двете шарки навнатре спроти силата на пружината. Поставете го капакот на батеријата на куќиштето. Двете игли на шарките нека се вклопат во отворите на куќиштето.
Поставување
Поставете ја светилката на стабилна рамна површина. Внимавајте да биде безбедно поставена.
Закачување
Може да се користи засечената рачка за носење (3) за да се закачи светилката. Внимавајте да биде безбедно прицврстена.
Прицврстување на статив
Со прифатот за статив (4) може да ја завртите светилката на статив.
Цврсто затегнете ги завртките 1/4". Внимавајте стативот да биде безбедно поставен.
Вклучување/исклучување и поставување го бројот на вртежи
Прекинувач за функција включување/исклучување
| 1× притискање Вклучување на светилката, затемнето |
| 2× притискања Вклучување на светилка, целосно осветлено |
3× притискања Вклучување на светилка
Ако светилката е затемнета околу 5 минути, таа веднаш се ислучува со следното притискање.
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
При надминување на дозволената оперативна температура прво се намалува осветленоста, пред евентуално да се исклучи светилката заради заштита.
Оставете ја светилката да се излади и включете ја повторно.
Совети при работењето
Дефект - Причини и помош
Причина Помош
Светилката не се вклучува по безжичното полнење.
| Индукциската батерија мора одново да се активира. | Извадете ја 10 секунди батеријата (8). |
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред каква било интервенција на светилката (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од светилката.
При невнимателно притискање на прекинувачот за включување/исклучување постои опасност од повреди.
Светилката не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да се менуваат или одржуваат.
Исчистете го пластичното стакло на светилката со сува, мека крпа, за да избегнете оштетувања. Не користете средства за чистење или раствори.
Изворот на светлина не може да се замени. Ако изворот на светлина е дефектен, мора да се замени целата светилка.
Сервисна служба и совети при користење
Северна Македонија
Тел.: 02/2467610
Линкот до нашите адреси за сервис и гарантни услови може да ги најдете на последната страница.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Отстранување
Светилките, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не фрлајте ги светилката и акумулаторските батерии/батериите во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.