BOSCH GLI 18V-4000 Professional - Ламба

GLI 18V-4000 Professional - Ламба BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLI 18V-4000 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 160 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GLI 18V-4000 Professional - page 111
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GLI 18V-4000 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Ламба во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLI 18V-4000 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLI 18V-4000 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLI 18V-4000 Professional BOSCH

Македонски.... Страница 110

Srpski ...... Strana 115

Slovenščina ....Stran 120

Hrvatski ....Stranica 124

Безбедносни напомени

Безбедносни напомени за батериски светилки

BOSCH GLI 18V-4000 Professional - Безбедносни напомени за батериски светилки - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени

и упатства. Грешките настанати како

резултат од непридржување до

безбедносните напомени и упатства може да

предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

▶ Be молиме прочитајте ги и внимавајте на безбедносните напомени и упатства, што се приложени на батеријата или електричниот алат.
Ракувајте внимателно со батериската светилка.
Батериската светилка создава јака топлина, која може да доведе до зголемена опасност од пожар или експлозија.
▶ Со батериската светилка не работете во околина каде има опасност од експлозија.
По автоматското ислучување на батериската светилка не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали батериската светилка е изладена пред повторно да ја включите.
▶ Користете само оригинална Bosch опрема.

Изворот на светлина не може да се замени. Ако изворот на светлина е дефектен, мора да се замени целата батериска светилка.
▶ Пред каква било интервенција на батериската светилка (на пр. монтажа, одржување итн.) како и при транспорт и складирање, извадете ја батеријата од батериската светилка. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
▶ Не ги користете батериските светилки во сообраќајот. Батериските светилки не се дозволени за осветлување во сообраќајот.

BOSCH GLI 18V-4000 Professional - Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. - 1

Одржувајте минимално растојание на батериската светилка до сите осветлени површини и предмети. Ако нема довольно растојание, осветлените предмети може да се прегреат.

BOSCH GLI 18V-4000 Professional - Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. - 2

ВНИМАНИЕ! Не гледајте долго во зракот светлина. Оптичкото зрачење може да им наштети на очите.

He ja покривајте главата на светилката, доколку батериската светилка работи. Главата на светилката се затоплува со текот на работата и може да предизвика изгореници, доколку се акумулира топлина.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата će се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GLI 18V-4000 Professional - Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. - 3

BOSCH GLI 18V-4000 Professional - Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. - 4

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот.
Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.
▶ Никогаш не ги голтајте копчестите батерии.
Проголтувањето на копчеста батерија може во рок од 2 часа да доведе до сериозни внатрешни изгореници или смрт.

BOSCH GLI 18V-4000 Professional - Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. - 5

Бидете сигурни, дека децата не доағаат во допир со копчестата батерија. Доколку постои сомневање дека копчестата батерија є проголтана или е вметната во друг дел од телото, веднаш побарајте медицинска

ПОМОШ.

▶ При менување на батеријата внимавајте на прописна замена на батеријата. Инаку, постои опасност од експлозија.
He се обидувајте повторно да ја полните копчестата батерија и не ја премостувајте. Копчестата батерија може да протече, да експлодира, да се запали и да повреди лица.
▶ Прописно отстранете ги и фрлете ги испразнетите копчести батерии. Испразнетите копчести батерии може да протечат и со тоа да го оштетат производот или да повредат лица.
▶ Не ја прегревајте копчестата батерија и не ја фрлајте во орган. Копчестата батерија може да протече, да експлодира, да се запали и да повреди лица.
He ја оштетувајте копчестата батерија и не ја расклопувајте. Копчестата батерија може да протече, да експлодира, да се запали и да повреди лица.
Копчестата батерија не ја доведувајте во контакт со вода. Литиумот што истекува може со вода да создаде водород и со тоа да доведе до пожар, експлозија или до повреди на лица.

Ознаката со зборови Bluetooth ^2 -како и сликите (логоата) се регистрирани трговски марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.

▶ Осигурајте се дека светлото на батеријата не е случајно и/или неовластено управувано преку Bluetooth. Внесете PIN со Bosch-Апликацијата.
▶ Батериската светилка е опремена со безжичен интерфејс. Треба да се внимава на локалните

112 | Македонски

оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.

▶ Деактивирајте го безжичниот интерфејс на пр. при транспорт. За да го ислучите безжичниот интерфејс отстранете ги копчестата батерија и батеријата.
▶ Пред вклучување на батериската светилка со помош на Bosch-апликацијата бидете сигурни, дека има визуелен контакт до батериската светилка и дека се запазени cite безбедносни мерки.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
▶ Оваа батериска светилка не е предвидена за користење од страна на деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или недоволно искусство и знаење. Оваа батериска светилка може да ја користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со батериската светилка и ги разбираат опасностите кои може да произлезат од тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди
He им дозволувајте на децата да ја користат батериската светилка. Таа е наменета за професионална употреба. Децата можат од невнимание да се заслепат себеси или други лица.
He ја користете повеće батериската светилка, ако капакот на батеријата веке не може да се затвори, извадете ја копчестата батерија и поправете ја батериската светилка.

Опис на производот и перформансите

Наменета употреба

Батериската светилка е наменета за преносливо, просторно и временски ограничено осветлување во внатрешниот простор и не е погодна за вообичаено осветлување на простории.

Bluetooth® овозможува да се користи батериската светилка со помош на Bosch-апликацијата „Bosch Toolbox“.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) LED светилки
(2) Потпорна ногарка
(3) Безбедносен држач
(4) Рачка за носење
(5) Приказ за нивото на осветлување
(6) Приказ за наполнетост на батеријата

(7) Прекинувач за включување/исклучување
(8) Батерија ^A)
(9) Прифат за стативот
(10) Копче за отклучување на батерија ^A)
(11) Капак на преградата за батерии
(12) Копчеста батерија
(13) Разладно тело
(14) Прифат за батерија

A) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Батериски светилки GLI 18V-4000 C
Број на дел/артикл3 601 D46 8..
Номинален напон V= 18
Времетраење на светлото ^A) ,околуmin/Ah 30
Вкупен светлосен флукс
1. Степен Во 1 000
2. Степен Во 2 000
3. Степен Во 4 000
Дозволена околна температура при полнење°C 0 ... +35
Препорачана околна температура при полнење ^B) и при складирање°C -20 ... +50
Препорачани акумулаторски батерииGBA 18V...ProCORE18V...
Препорачани полначи GAL 18...GAX 18...GAL 36...
Копчеста батерија V=Тип3CR 2032
Класа на заштита / III
Пренос на податоци
Bluetooth ^® Bluetooth ^ 4.2(Low Energy)
Опсег на сигналот ^D) m15
Опсег на оперативна фреквенцијаMHz 2 402-2 480

Батериски светилки GLI 18V-4000 C

A) при максимальна осветленост вкл. преостанато време во режим на затемнување
В) ограничена јачина при температури <0 °C
C) Мобилните уреди мора да се компатибилни со наведената Bluetooth ^® -верзија и да го поддржуваат Generic Access Profile (GAP).
D) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, включително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. сидов, регали, куфери итн.) опсегот на Bluetooth ^ може значително да се намали.
Одблесокот на осветлените објекти може да биде со лажна боја.

Системски барања

Мобилен уред (таблет,паметен телефон)Android, iOS ^A)

A) Минимални системски барања можете да најдете во App Store на вашиот мобилен уред (на пр. Google Play или iTunes).

Монтажа

За да може батериската светилка да се лоцира и без батерија (8) од мобилен уред, таа е опремена со копчеста батерија.

При првото пуштање во употреба извадете ја разделната фолија меѓу копчестата батерија (12) и контактот за копчести батерии.

За да го отворите капакот на преградата за батерии (11), свртете го спротивно од стрелките на часовникот со одвртувач и потоа извадете го капакот на преградата за батерии. Отстранете ја фолијата од контактот за копчести батерии и повторно затворете го капакот од преградата за батерии.

Полнење на батеријата (опрема)

Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не й наштетува на батеријата.

Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку батеријата е испразнета, батериските светилки се исклучуваат со заштитен прекинувач.

По автоматското ислучување на батериската светилка не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети. Проверете дали батеријата е наполнета и дали батериската светилка е изладена пред повторно да ја включите.

За да ја извадите батеријата (8) притиснете на копчињата за отклучување (10) и извлечете ја батеријата од батериската светилка. Притоа не употребувајте сила. Внимавајте на напомените за отстранување.

Употреба

Ставање во употреба

Ставете ја наполнетата батерија (8) во прифатот за батерија (14), додека не почувствувате да се вклопи.

Поставување

Поставете ја батериската светилка на стабилна рамна површина. Внимавајте да биде безбедно поставена. Безбедносниот држач (3) ја штити светилката (1) од оштетување, ако батериската светилка е случајно превртена.

Прицврстување на статив

Со прифатот за статив (9) може да ја завртите батериската светилка на статив.

Поврзете ја батериската светилка цврсто со стативот. Осигурајте се дека батериската светилка нема да може да се олабави и/или да падне.

Внимавајте стативот да биде безбедно поставен.

Вклучување/исклучување и поставување го бројот на вртежи

Прекинувач за включување/исклучувањеФункција

1 x притискајте Вклучување на батериска светилка, затемнето (1. Степен)
2 x притискајте Вклучување на батериска светилка, затемнето (2. Степен)
3 x притискајте Вклучување на батериска светилка, целосно осветлено (3. Степен)
4 x притискајте Исклучување на батериска светилка

Ако батериската светилка била включена околу 5 минути, таа веднаш се исклучува со следното притискање.

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

При пречекорување на дозволената оперативна температура, батериската светилка се ислучува.

Оставете ја батериската светилка да се олади и повторно включете ја.

Приказ за наполнетост на батеријата (батериска светилка)

Кога е включена батериската светилка, петте зелени LED- светилки на приказот за наполнетоста на батеријата (6) ја покажуваат состоитјбата на наполнетост на батеријата (8).

Приказ за наполнетост на батеријата

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на

114 | Македонски

батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку батериската светилка е исключена.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, щили , изда се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Трајно светло 3× зелено 60-100 %
Трајно светло 2× зелено 30-60 %
Трајно светло 5× зелено 80–100 %
Трајно светло 3× зелено 40–60 %
Трајно светло 2× зелено 20-40%

Пред целосно да се истроши копчестата батерија, на апликацијата се прикажува предупредување.

За да го отворите капакот на преградата за батерии (11), свртете го спротивно од стрелките на часовникот со одвртувач и потоа извадете го капакот на преградата за батерии. Извадете ја празната копчеста батерија и вметнете нова. При вадењето внимавајте на тоа, држачот за батерии да не е оштетен. Внимавајте на тоа, позитивниот пол на копчестата батерија да биде свртен нагоре.

Затворете го повторно капакот од преградата за батерии.

Управување преку апликацијата

Батериската светилка е опремена со Bluetooth ^ -модул, којшто со безжична технологија овозможува пренос на податоци до одредени мобилни уреди со Bluetooth ^ -интерфејс (на пр. паметен телефон, таблет).

За да можете да ја користите батериската светилка преку Bluetooth®, потребна ви е Bosch-апликацијата „Bosch Toolbox“. Преземете ја апликацијата преку соодветниот App-Store (Apple App Store, Google Play Store).

Потоа во апликацијата изберете ја потточката „My Tools“. Екранот на вашиот мобилен уред ги покажува сите понатамошни чекори за поврузување на батериската светилка со уредот.

Откако ће се воспостави врска со мобилниот уред и кога ће се направи авторизација, на располагање се следните функции:

  • Далечинска контрола
  • Временска контрола
    – Комбинирање на повеće батериски светилки во една група
  • Персонализирање
    – Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
    – Општи информации и подесувања
  • Управување

Совети при работењето

Кратко пред да се ислучи батериската светилка поради празна батерија, таа трепнува три пати и светне со намалена осветленост.

Дефект - Причини и помош

Причина Помош
Не може да се воспостави Bluetooth®-поврзување со батериската светилка.

Батериската светилка не испраќа Bluetooth®-сигнал.Извадете ги за 10 секунди копчестата батерија (12) и батеријата (8).

Светлото на батеријата не се користи преку Bluetooth® и покрај вметнатата и наполнетата батерија.

Bluetooth®-модулот не е активиран.Притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување неколку пати (7), сё додека батериската светилка не се користи преку Bluetooth®.

Батериската светилка не се вклучува по безжичното полнење.

Индукциската батерија мора одново да се активира.Извадете ја 10 секунди батеријата (8).

PIN-от на Bluetooth-поврзувањето не функционира.

PIN-от мора да се ресетира на фабрички поставки.Извадете ги за 10 секунди копчестата батерија (12) и батеријата (8).

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на

прекинувают за включување/исклучување постои опасност од повреди.

Батериската светилка не мора да се одржува и не содржи делови, што треба да се менуваат или одржуваат.

Исчистете го стаклото на батериската светилка со сува, мека крпа, за да избегнете оштетувања. Не користете средства за чистење или раствори.

Кога копчестата батерија е целосно испразнета, заменете ја со нова.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Јани Лукровски 66; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје

E-пошта: servisrojka@yahoo.com

Тел: +389 2 3174-303

Mo6: +389 70 388-520, -530

Транспорт

Lithiум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GLI 18V-4000 Professional - Отстранување - 1

Батериските светилки, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GLI 18V-4000 Professional - Отстранување - 2

Не ги фрлајте батериските светилки и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейската регулатива 2012/19/EY батериските светилки што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 115).

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLI 18V-4000 Professional

Категорија : Ламба