STIGA BL 500e Kit - Дувалка

BL 500e Kit - Дувалка STIGA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BL 500e Kit STIGA во PDF формат.

📄 488 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice STIGA BL 500e Kit - page 280
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : STIGA

Модел : BL 500e Kit

Категорија : Дувалка

Преземете ги упатствата за вашиот Дувалка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BL 500e Kit - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BL 500e Kit на марката STIGA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BL 500e Kit STIGA

Преносен раздувувач за градини со напојување на батерија УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА ВНИМАНИЕ: пред да jа употребите машината, вниматељнопрочитаjте го упатството за

3.1.1 Предвидена употреба

6.1.2 Употреба на предпазните

ремъци (ако е предвидена) Предпазните ремъци трябва да се носят преди да се закачи машината към подходящото закрепване (фиг. 4.A, 4.C), а коланите трябва да се регулират според височината и телосложението на оператора. Коланът (Фиг. 9.A) трябва да преминава над дясното или лявото рамо и да върви по хълбока. Никога не носете коланите диагонално през раменете, а само през едното рамо, така че в случай на опасност бързо да можете да се отдалечите от машината.

6.1.3 Употреба на раницата

акумулатор (ако е предвиден)

акумулатор (ако е предвиден)

Во текстот на упатството, некои параграфи со информации од особена важност поради поголема сигурност и подобро функционирање се евидентирани на различен начин, според следниот критериум: ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО даваат податоци или дополнителни информации за она што е претходно наведено и имаат за цел да се спречи оштетување на машината или предизвикување на друга штета. Симболот посочува на опасност. Непочитувањето на предупредувањето може да доведе до лична повреда или повреди на трети лица и/или штети. Пасусите означени со сиви квадратчиња ги посочуваат опционалните карактеристики коишто не се достапни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали се достапни карактеристики за овој модел. Сите индикации за позицијата на машината „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.

Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3 и така натаму. Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, B, C и така натаму. Насоката за компонентата C на сликата 2 се означува со изразот: „Видете на сл. 2.C“, или поедноставно „(слика 2.C)“. Фигурите се индикативни. Вистинските делови може да се разликуваат во однос на оние на сликата.

Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус „2.1 Обука“ е поднаслов на „2. Безбедносни мерки“. Насоките за насловите или пасусите се означени со кратенки погл. или пас. и со соодветниот број. Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1.

3.1 Опис и употреба на машината ..................... 7

3.2 Ознаки за безбедност ................................. 8

3.3 Етикета за идентификација на

4.1 Делови за монтирање .................................. 9

4.2 Монтирање / демонтирање на

цевката на дувачот ....................................... 9

4.3 Склопување на точката за закачување на

појасот (доколку е достапна) ..................... 10

4.4 ПОСТАВУВАЊЕ НА РАНЕЦОТ ЗА

БАТЕРИЈА (доколку е достапен) ............... 10

5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА ................................. 10

5.1 Безбедносно копче (активирање /

деактивирање) .......................................... 10

5.2 Команда на рачката за забрзување ......... 10

7.3 Чистење на машината и на моторот ......... 14

7.4 Навртки и шрафови за фиксирање ........... 14

8. СКЛАДИРАЊЕ .................................................... 14

8.1 Одложување на машината ........................ 14

8.2 Одложување на батеријата ....................... 15

Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да ја запирате машината. Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди.

1. Никогаш не дозволувајте

машината да ја користат деца, лица со намалени физички, сензорни и ментални способност или лица коишто немаат доволни познавања , или други лица што не се запознаени со основните упатствата. Локалните закони може да предвидат минимална возраст за управување со машината.

никогаш машината доколку корисникот е уморен или болен, или доколку има консумирано лекови, дроги, алкохол или супстанции штетни за рефлексите и вниманието.

3. Да се има во предвид

дека корисникот е одговорен за несреќи и непредвидени ситуации кои може да се утврдат на трети лица или на нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спаѓа и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.

4. Во случај кога во

опкружувањето на машината има други лица, проверете дали операторот ги почитува упатствата што се содржани во ова упатство.

Лична заштитна опрема (ЛЗО)

облека, работни чевли отпорни на лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте на машината со боси нозе или со отворени сандали. Носете заштита за слухот, чевли против вибрации, заштитни очила, маска на лицето против прашина.

акустична заштита ја намалува можноста да ги слушнете можните предупредувања (повикување или аларми). Обрнувајте исклучително внимание на она што се случува околу областа за работа.

3. Не носете марами,

наметки, ремени, бразлетни, облека со лелеави делови или со врвки и врски и слични додатоци што висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или за предмети и материјали кои се производ на работата.

подалеку од решетката за влез на воздухот бидејќи може да се закачи за роторот и да предизвика тешки и несреќни повреди.MK - 3 Соодветно приберете ја косата доколку е долга. Простор за работа / Машина

1. Проверете ја детално

целата област за работа и со помош на гребло и метла растргајте го рачно отпадот и сè што би можело да биде отфрлено од машината.

2. Ако теренот е прашлив,

ви препорачуваме малку да ја навлажните површината.

3. За да се избегне ризикот

од инциденти, не оставајте ја машината со топол мотор во лисја и сечена трева.

машината во ризични амбиенти во присуство на лесно запаливи гасови и прашина. Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.

2. Работете само на дневна

светлина или при добро вештачко осветлување и при услови на добра видливост.

3. Оддалечете ги лицата

децата и животните од работниот простор. Не може да се чуваат деца додека се користи на машината, тие треба да бидат чувани од друго лице. Децата не смее да си играат со апаратот.

другите лица се најмалку 15 метри оддалечени од опсегот на работа на машината.

работите на мокра трева, кога врне и кога ризик од временска непогода, особено грмотевици.

6. Избегнувајте кога е

можно да работите на мокар и лизгав терен или на терени кои се нерамни или закосени и не гарантираат стабилност на корисникот при работата.

7. Не изложувајте ја

машината на дожд или влага. Водата што може да навлезе во електричниот дел го зголемува ризикот од електричен удар.

внимание на нерамнините на теренот (наклони, вдлабнатини), закосувањата, скриените опасности и пречките коишто можат да ја ограничат видливоста.

внимание во присуство на стрмнини, дупки или препреки.

сообраќајот кога машината се користи во близина на пат.

11. Внимавајте секогаш

на правецот на ветерот и не работете никогаш наспроти ветер.

машината во близина на отворени прозорци.

машината на поплочена површина или врз чакал за да избегнете отфрлање на материјалот што може да предизвика повреди.

14. Избегнувајте отфрлениот

материјал да се отфрла во зоната за празнење бидејќи може да го спречи правилното отфрлање и може да доведеMK - 4 до контраудар од материјалот со отворите за вшмукување.

1. Во текот на работата,

при употреба како дувач, машината треба секогаш треба да се држи цврсто со десната рака за горната рачка.

2. Избегнувајте контакт

на телото со површина со маса или со земја, како цевки, радијатори, кујнски апарати, фрижидери. Ризикот од електричен удар се поттикнува ако телото се најде на маса или земја.

позиција и бидете внимателни.

не удирате силно во страни тела заради можна проекција на струготини предизвикани со движењето на воздухот.

6. Не насочувајте го

протокот на воздух кон лица или животни.

7. При употреба како

дувач, секогаш обрнувајте исклучително внимание за да се избегне отфрлање на материјали или подигнување прашина кои може да предизвикаат повреди на лица или животни или оштетување на имоти.

трчајте, туку одете.

9. Држете ги секогаш

лицето, рацете и телото подалеку од решетката за вшмукување и од отворот за исфрлање на воздухот и не попречувајте го протокот на воздух ниту при движењето ниту при употребата на машината.

10. Деловите што се вртат

може да предизвикаат тешки повреди Избегнувајте контакт со тие делови кога сè уште се вртат.

  • Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исклучете го моторот и оддалечете ја машината внимавајќи да не предизвикате други оштетувања Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината.
  • Подолгата изложеност на вибрации може да предизвика повреди и невроваскуларни нарушувања (познати и како „Рејноов синдром“ или „студени раце“) особено кај луѓето кои страдаат од нарушувања на циркулацијата. Симптомите може да се покажат на рацете, на рачните зглобови или на прстите и се манифестираат со губење на осет, вкочанетост, чешање, болка, обезбојување и структурални промени на кожата. Овие ефекти може да се зголемат со ниски надворешни температури и / или од прекумерен притисок врз рачките. При појава наMK - 5 овие симптоми, треба да го намалите времето на користење на машината и да се советувате со лекар. Ограничувања на употребата

1. Машината не треба

да ја користат лица што не се во состојба да ја држат цврсто со обете раце и/ или да одржуваат стабилна рамнотежа на нозете во текот на работата.

2. Никогаш не користете

ја машината со оштетена заштита, ако недостасува или ако не правилно поставена.

3. Никогаш не користете ја

машината без да ги поставите предвидените дополнителни делови за дадена употреба.

дезактивирајте, вадете ги манометарот и безбедносните системи/микропрекинувачи.

електричниот апарат ако прекинувачот не е правилно поставен во позиција за вклучување или исклучување. Ако електричниот апарат не може да се вклучи со прекинувачот, тој е опасен за употреба и треба да се поправи.

6. Не изложувајте ја

машината на непотребни сили и не користете мала машина за изведување тешки работи; адекватно користење на машината го намалува ризикот и го подобрува квалитетот на работата.

Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.

  • Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат.
  • Децата не смее да го спроведуваат редовното чистење и одржување доколку не се под надзор. Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство се максимални вредности при употреба на машината. Мора да преземете безбедносни заштитни мерки и да ги избегнете можните штети заради зголемена бука и непријатност од вибрациите Користете ја машината со постојана брзина и држете ја цврсто рачката со соодветна брзина и на минимален режим којшто е потребен да се заврши работата. Носете заштита против бучава и правете чести паузи, соодветни за работата.
  • За намалување на ризикот од оган, не оставајте полни контејнери во затворен простор.

безбедносни инструкции ги опфаќаат безбедносните барања наведени во даденото упатство за акумулаторот и полначот на акумулаторот што се доставува заедно со косилката.MK - 6

  • Користете само полначи за полнење на батериите што ги препорачува производителот. Несоодветен полнач за батеријата може да предизвика електричен удар, прегревање или протекување на корозивната течност од батеријата.
  • Користете само батерии со спецификации што се предвидени за вашиот апарат. Употреба на други батерии може да предизвика повреди и ризик од пламен.
  • Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја ставите батеријата. Ставање батерија во вклучен електричен апарат може да предизвика пожар.
  • Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли, навртки и други мали метални предмети што може да предизвикаат краток спој на контактите. Краток спој на контактите на батеријата може да доведе до експлозија и пламен.
  • Не го користете полначот за акумулатор на места каде што има запаливи пареи, супстанции или лесно запаливи површини, како што се хартија, ткаенина и слично. За време на полнењето, акумулаторот се загрева и може да предизвика пожар.
  • За време на транспорт на акумулаторите, обрнете внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и не користете метални кутии за транспорт.

ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Заштитата на животната средина треба да е приоритет при користење на косилката, и да биде од корист за граѓаните и за животната средина.

  • Избегнувајте да го вознемирувате соседството. Користете ја машината само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите луѓето).
  • Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распаѓање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина овие отпадоци не се фрлаат во ѓубре, туку треба да бидат разделени и да се достават до соодветни центри за собирање на истите, кои ќе се погрижат за рециклирање на материјалите.
  • Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето
  • Кога косилката ќе се расипе, не ја исфрлајте надвор, туку однесете ја во депонијата за отпадни материјали, согласно позитивните локални одредби. Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ 2012/19/ EU, отпадот што се состои од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во согласност со националните одредби, електричните апаратиMK - 7 за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на еко-компатибилен начин. Ако електричните апарати се одложат на ѓубриште или на земја, штетните состојки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синџирот на исхрана, со што ќе се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот. На крајот на работниот век, ослободете се од акумулаторот на безбеден и еколошки начин. Батеријата содржи материјал што е опасен за вас и за средината. Треба да се извади и расклопи во засебен сад што може да содржи литиумски јони. Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета на животната средина и ја намалува потребата за примарни материјали.

Дури и кога се почитуваат сите безбедносни предупредувања, сепак може да се појават одредени други ризици кои не може да се исклучат. Во однос на типот на конструкција на машината, можните предвидени опасности може да бидат:

  • Исфрлање делови коишто може да ги оштетат очите,
  • Повреди на ушите ако не се носи никаква акустична заштита.

3. ПОЗНАВАЊЕ НА МАШИНАТА

3.1 ОПИС И УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно преносен дувач за градини на батерии. Генерално, машината се состои од мотор којшто работи на вртежи за да произведе проток на воздух со голема моќност.

3.1.1 Предвидена употреба

Оваа машина е проектирана и конструирана за:

  • преместување и натрупување со помош на дувачот, на листови, трева, остатоци од косење со различна тежина и средни големини.

3.1.2 Несоодветна употреба

Секоја различна употреба од горенаведената може да биде опасна и/или да предизвика штети на лица или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):

  • вшмукување или собирање на запаливи производи или кои претставуваат ризик од експлозија, врел јаглен или материјали што горат без пламен, изгасени цигари, стаклени парчиња, остри делови, метални предмети, камења и сè друго што може да претставува опасност за безбедноста на управувачот со машината и на останатите,
  • насочување на воздухот кон лица и/или животни,MK - 8
  • вметнување предмети во решетката за вшмукување,
  • употреба на машината без правилно поставена дополнителна опрема како што налага производителот за разните начини на употреба или несоодветна употреба на машината,
  • употреба на машината од страна на повеќе луѓе. ВАЖНО Неправилното користење на машината ја поништува гаранцијата и го ослободува Производителот од секаква одговорност, и целата одговорност за штета или повреда на корисникот или трети лица, ја сноси корисникот.

3.1.3 Тип на корисник

Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за непрофесионална употреба.

3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

На машината има симболи (сл. 2). Нивната функција е да го потсетат корисникот на неопходноста од внимателна употреба. Значење на симболите: ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ! Оваа машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Пред да ја користите оваа машина, прочитајте го упатството за употреба. Користете заштита за ушите и очите. Да не се изложува на дожд (или на влажност). ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊА! Внимавајте на можни исфрлувања на остатоци предизвикани од протокот на воздух: што можат да предизвика сериозни повреди на лица или оштетување на предмети. ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊА! Сите лица и миленичиња треба да бидат најмалку 15 метри подалеку додека работи машината! Опасност од осакатување! Секогаш држете ги рацете подалеку од решетката за влез на воздухот. Роторот може да предизвика несреќни повреди. Опасност од сериозни повреди! Држете ја лелеавата облека подалеку од решетката за влез на воздухот бидејќи може да се закачи за роторот и да предизвика сериозни повреди. Опасност од сериозни повреди! Држете ја косата подалеку од решетката за влез на воздухот бидејќи може да се закачи за роторот и да предизвика сериозни повреди. Соодветно приберете ја косата доколку е долга. ВАЖНО Сите оштетени или нечитливи ознаки мора да се заменат. Нарачајте резервни ознаки од Овластен сервисен центар.

3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА

НА ПРОИЗВОДОТ Етикетата за идентификација на производот ги содржи следните податоци (сл. 1 ):

4. Ознака за усогласеност

5. Напон на напојување

9. Класа II; Dual изолација

Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.MK - 9 ВАЖНО Наведете ги податоците од етикетата за идентификација на производот секогаш кога ќе го контактирате Овластениот сервисен центар. ВАЖНО Пример на Изјавата за сообразност се наоѓа на последната страница во ова упатство.

Машината се состои од следните главни делови коишто соодветствуваат на следните функции (сл.1 ): A. Единица со моторот: овозможува движење на роторот. B. Цевка на дувачот: елемент предвиден за излез на протокот на воздух. C. Рачка: овозможува управување на машината. D. Појас (доколку е достапен): опрема што се состои од платнени ремени што минуваат над рамениците, помага да се издржи тежината на машината во текот на работата. E. Точка за закачување на појасот (доколку е достапна): тука се закачува појасот за машината. F. Батерија (дополнителна опрема по избор, пасус 14.1) : уред што обезбедува енергија за стартување на уредот; неговите спецификации и правила за користење се опишани во специјалниот прирачник. G. Полнач за батеријата (дополнителна опрема по избор, пасус 14.2): уред што се користи за полнење на акумулаторот; неговите спецификации и правила за користење се опишани во специјалниот прирачник. Достапни се модели на полначи за два акумулатора: G1 (за брзо полнење на акумулатор); G2 (за стандардно полнење на акумулатор);. H. Ранец за батерија (додаток на барање, пас. 14.3): уред во кој се ставаат батериите.

I. Кабел за поврзување: кабел

што се користи за поврзување на машината со ранецот за батерија. J. Симулатор на батерија (додаток на барање, пас. 14.4): уред што, кога е вметнат во куќиштето на машината, овозможува употреба на ранецот за батерија.

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или несреќи. За потребите на складирање и транспорт, одредени компоненти на машината не се монтирани во фабриката, туку треба да се монтираат по нејзиното отпакување. Следете ги упатствата подолу. Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со доволно простор за поместување на машината и на амбалажата користејќи секогаш соодветни алати. Не ја користете машината пред да ги прочитате упатствата наведени во делот „МОНТИРАЊЕ“.

4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ

Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.

1. Отворете го пакувањето внимателно

за да не ги расфрлите деловите.

2. Прочитајте ја документацијата во кутијата

каде се наведени овие упатства.

3. Извадете ги од кутијата сите

делови што не се монтирани.

4. Извадете ја машината од кутијата.

5. Фрлете ги кутијата и амбалажата

согласно локалните одредби. Пред да започнете со монтирање, уверете се дека батеријата не е на своето место.

4.2 МОНТИРАЊЕ / ДЕМОНТИРАЊЕ

НА ЦЕВКАТА НА ДУВАЧОТ

1. Порамнете го уредот за заклучување

(Сл.3.А) со делот (Сл. 3.B) на отворот за излез на воздухот (Сл. 3.C).

2. Притиснете ја цевката (Сл. 3.D) додека не

се прицврсти со погонската единица и не кликне кога ќе се вметне на своето место. – За да ја извадите цевката, притиснете го копчето (Сл. 3.А) и извлечете ја. ВАЖНО Запрете ја машината и извадете ја батеријата (пасус 7.2.2) при секое вадење на цевката на дувачот.MK - 10

4.3 СКЛОПУВАЊЕ НА ТОЧКАТА

ЗА ЗАКАЧУВАЊЕ НА ПОЈАСОТ (ДОКОЛКУ Е ДОСТАПНА)

1. Ставете ја точката за закачување на

појасот во испакнатината на левата страна (Сл. 4.A) или на десната страна (Сл. 4.C) на машината.

Поставете ја точката за закачување на левата страна ако за време на работата ја држите машината со десната рака, или на десната страна ако за време на работата ја држите машината со левата рака.

2. Прицврстете ја точката за закачување

на појасот со дадената завртка (Сл. 4.B)

РАНЕЦОТ ЗА БАТЕРИЈА (ДОКОЛКУ Е ДОСТАПЕН) Ранецот за батерија се испорачува склопен (Сл. 1.H) и може да се извади од држачот на ременот (Сл. 5) и да се носи во рака. За да го извадите ранецот од ременот, притиснете на двете горни копчиња (Сл. 5.A). Преградите за батеријата се наоѓаат од двете страни на ранецот (Сл. 6) Овие работи може да ги најдете на десната страна на ранецот:

  • приклучница за кабел (Сл. 7.A)
  • избирач за батерија (Сл. 7.B)
  • една USB порта за полнење на други уред (на пр. мобилни телефони) (Сл. 7.C) За да ги прицврстите каблите, да не висат, има жлебови од двете страни и одзади, во кои може да се вметне кабелот за струја.

(АКТИВИРАЊЕ / ДЕАКТИВИРАЊЕ) Притиснете го ова копче (Сл. 8.А) за да го активирате и деактивирате електричното коло на машината; ќе се ВКЛУЧИ соодветната ЛЕД сијалица (Сл. 8.C). Со притискање на копчето за брзина (Сл. 8.B) се поставува моќноста на воздухот и се вклучуваат 3-те соодветни LED сијалици (Сл. 8.D). Ако работата е прекината (без исклучување на машината), при повторно вклучување, машината ќе почне со претходно поставената брзина. ЛЕД сијалиците се исклучуваат: електричното коло е целосно дезактивирано.

При преместување, никогаш не го ставајте прстот на копчето за да не дојде до ненадејно стартување на машината. Иконата за „Предупредување“ (Сл. 8.E) се ВКЛУЧУВА во случај на дефект на машината (видете ја табелата за решавање на проблеми, пас. 13).

5.2 КОМАНДА НА РАЧКАТА

ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ Со ракување на рачката за забрзување (Сл. 8.F) овозможува стартување / запирање на машината и истовремено активирање / деактивирање на вентилаторот.

– притиснете ја рачката за забрзување. Машината застанува автоматски со пуштање на рачката за забрзување.

6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или несреќи.

6.1 ПРЕЛИМИНАРНИ ОПЕРАЦИИ

Пред да започнете со работа, неопходно е да спроведете серија контроли и операции за да обезбедите дека работата ќе се одвива на ефикасен начин и со максимална безбедност.

6.1.1 Контрола на батеријата

Машината се доставува без батерија.MK - 11 Набавете батерија со соодветен капацитет за работните задачи и прво наполнете ја докрај следејќи ги упатствата што се содржат во упатството за батеријата. Списокот на батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наоѓа во табелата „Технички податоци“.

  • Пред секоја употреба: – проверете ја состојбата на наполнетост на акумулаторот следејќи ги насоките дадени во упатството за акумулаторот.

6.1.2 Употреба на појасот

(доколку е достапен) Појасот мора да се стави пред да се закачи машината за соодветниот прицврстувач (Сл. 4.A, 4. C) и ремените треба да се регулираат во однос на висината и градбата на операторот. Ременот (Сл. 9.A) мора да поминува преку десното или левото рамо и да оди кон страната. Никогаш не носете појас преку телото. Поставете го преку едното рамо за да може брзо да ја тргне машината подалеку од вашето тело во случај на опасност.

6.1.3 Употреба на ранецот

(доколку е достапен)

1. Вметнете ја батеријата во една од

преградите на ранецот (Сл. 6) и турнете ја за да влезе докрај, сè додека не слушнете кликнување што сигнализира дека батеријата се фиксирала во преградата, а потоа проверете го електричниот контакт;

2. Поврзете го кабелот со ранецот во

соодветната приклучница (Сл. 7.A) и ротирајте го сè додека не слушнете кликнување што сигнализира дека кабелот се фиксирал во приклучницата, а потоа проверете го електричниот контакт;

3. подесете го ременот и закопчајте

го појасот напред (Сл. 10).

6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ

Спроведете ги следните безбедносни контроли и проверете дали резултатите соодветствуваат со даденото во табелата. Секогаш проверувајте ги безбедносните контроли пред работа.

6.2.1 Општа контрола

Предмет Резултат Рачки (сл. 1.C) Чисти, исушени, правилно и цврсто фиксирани на машината Точка за закачување на појасот (Сл. 1.E) Правилно поставување Завртки на машината Добро зашрафени (не разлабавени) Отвори за воздух

Цевка на дувачот (сл. 1.B) Правилно поставена. Ротор Никаков знак на

Батерија (сл. 1.F) Без никакви оштетувања на куќиштето и без протекување на течност Машина Нема знаци на оштетување или абење

забрзувачот (сл. 8.F) Треба да се движи слободно и без примена на сила. Пробно возење Нема чудни вибрации. Нема чудни звуци

7. Ставете ја батеријата на

своето место (сл. 7.2.3 ).

8. Вклучете ја машината

со притискање на копчето (Сл. 8.А).

1. Отпуштете ја командата

за забрзувачот (Сл. 8.F).

треба автоматски брзо да се врати во неутрална позиција, и

Ако некој од резултатите не е ист како што е посочено во табелата, не ја користете машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и поправка.MK - 12

6.3.1 Стартување со батерија

1. Заземете цврста и стабилна позиција

2. уверете се дека цевката на дувачот не е

насочена кон присутни лица или отпад,

3. вметнете ја батеријата во своето

куќиште (Сл. 11) (пас. 7.2.3);

6.3.2 Стартување со симулатор на

батерија (доколку е достапен)

1. Заземете цврста и стабилна позиција

2. уверете се дека цевката на дувачот не е

насочена кон присутни лица или отпад,

3. правилно вметнете го симулаторот

на батерија во своето куќиште во машината (Сл. 11.J)

4. поврзете го кабелот со симулаторот

на батерија (Сл.11.I)

5. изберете ја батеријата со помош

на избирачот (Сл. 7.B)

6. притиснете го безбедносното

За време на работата мора да ја држите машината цврсто за горната рачка (Сл. 12). ЗАБЕЛЕШКА За време на работата, батеријата е заштитена од целосно празнење со помош на заштитен уред што ја исклучува машината и ја попречува работата. ЗАБЕЛЕШКА По една минута на неактивност, машината автоматски ќе се исклучи.

6.4.1 Регулација на моќноста

секогаш е препорачливо да ја поставите брзината на роторот во однос на типот материјал што треба да се отстрани со помош на копчето (слика 8.B) за отстранување: – мала брзина на дувачот за лесни материјали и мали грмушки на тревникот, – средба брзина на дувачот за отстранување трева и лесни лисја на асфалт или цврст терен, – голема брзина на дување (3 LED вклучени, Сл. 8.D) за потешки материјали како што е свеж снег или обемна нечистотија.

6.4.2 Совети за работа

Напредувајте полека држејќи го крајниот дел на цевката на дувачот на соодветно растојание од теренот (сл. 12). За да избегнете раскршување на материјалот што треба да се отстрани, насочете го млазот на воздух околу страничните рабови на насобраниот материјал. Никогаш не насочувајте го млазот на воздухот кон центарот на насобраниот материјал.

За да ја исклучите машината:

1. отпуштете на рачката за

забрзување (Сл. 8.F);

2. деактивирајте го безбедносното

копче (Сл. 8.А) Штом ќе ја застанете машината, потребни се неколку секунди пред да застане роторот. Застанете ја секогаш машината: – при менување на локација на работа. При преместување, никогаш не држете ја раката врз командата за забрзување за да избегнете ненадејно стартување.

6.6.1 По употреба со батерија

1. Извадете ја батеријата од своето

куќиште и наполнете ја (пас. 7.2.2);

2. Оставете моторот да се олади пред да ја

складирате машината во затворен простор;

3. Исчистете ја машината (пас. 7.3);

4. Уверете се дека нема делови кои се

оштетени или не се прицврстени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте го овластениот сервисен центар.MK - 13

6.6.2 По употреба со симулатор на

батерија (доколку е достапен)

1. Поставете го избирачот од ранецот

за батерија на „OFF“ (Сл. 7.B);

2. извадете го симулаторот на

батерија од машината (Сл. 13.J);

3. извадете го ранецот за батерија;

4. извадете го кабелот од симулаторот

на батерија (Сл.13.I) и од ранецот за батерија (Сл. 7.A)

5. извадете ја батеријата од ранецот

(Сл. 14) и наполнете ја (пас. 7.2.2);

6. оставете моторот да се олади

пред да ја складирате машината во затворен простор;

7. Исчистете ја машината (пас. 7.3);

8. Уверете се дека нема делови кои се

оштетени или не се прицврстени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте го овластениот сервисен центар. ВАЖНО Секогаш вадете ја батеријата (пас.

7.2.2) секојпат кога ја оставате машината

без надзор или нема да работите.

7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ

7.1 ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или несреќи. Пред да интервенирате на кој било начин на машината:

  • запрете ја машината;
  • Извадете ја батеријата од своето куќиште и наполнете ја (пас. 7.2.2);
  • Оставете моторот да се олади пред да ја складирате машината во затворен простор;
  • носете соодветна облека, заштитни ракавици и очила;
  • прочитајте ги соодветните упатства,. Предупредување! Ризик од повреди поради опасни подвижни делови! – Зачестеноста и висот на интервенција се дадени во „Табелата за одржување“ (видете поглавје 12). Табелата го прикажува опсегот што ќе ви помогне при одржување на ефикасноста и безбедноста на машината. Во неа се прикажани главните интервенции и предвидените интервали за секоја од ставките. Извршете ја постапката во предвидениот период. – Користењето на неоригинални делови и додатоци може да има негативни последици врз функционирањето и сигурноста на машината. Производителот одбива секаква одговорност за штети предизвикани од споменатите производи. – Оригиналните резервни делови се обезбедени од страна на Овластените центри за помош и Дилерите. ВАЖНО Сите работи за одржување и подесување што не се опишани во ова упатство, треба да се вршат кај локалниот дилер или во овластениот сервисен центар.

7.2.1 Автономија на батеријата

Зачувувањето на енергија на акумулаторот (и со тоа е потребна површина за сечење пред полнењето) најчесто зависи од:

  • однесувањето на операторот кој треба да избегнува: – често палење и гаснење во текот на работата, – несоодветна брзина на вртењето на роторот за типот на материјалот што треба да се отстрани (пасус 6.4.1). За да се зголеми автономијата на батеријата, секогаш треба:
  • да применувате соодветна брзина на вртењето на роторот за типот на материјалот што треба да се отстрани. Во случај кога сакате да ја користите машината за многу долга работа и користите стандардна батерија, може:
  • да набавите втора стандардна батерија за да ја замените веднаш потрошената батерија без да треба да ја прекинувате работата,
  • купете батерија со поголема резервна моќност во споредба со стандардната батерија (пас. 14.1).

7.2.2 Исклучување и полнење

1. Притиснете го копчето за фиксирање

што се наоѓа во батеријата на машината (Сл. 13.A) или на ранецот за батерија (Сл. 14. A) (доколку е достапен);

2. извадете ја батеријата од машината

(Сл. 13.B) или од ранецот за батерија (Сл. 14.B) (доколку е достапен);

3. ставете го акумулаторот (Сл. 15.А) во

куќиштето на полначот (Сл. 15.B);MK - 14

4. Поврзете го полначот (Сл. 15.B) во

приклучница со напонот наведен на плочата со податоци;

5. секогаш полнете докрај следејќи ги

упатствата дадени во упатството за акумулаторот/полначот за акумулатор. ЗАБЕЛЕШКА Батеријата е опремена со заштитен уред што го прекинува полнењето ако амбиенталната температурата не е меѓу 0 и +45 °C. ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може да се полни во секое време, дури и делумно без ризик од оштетување.

7.2.3 Повторно поставување

на батеријата Кога полнењето е завршено:

1. Извадете ја батеријата од куќиштето на

полначот (Сл. 16.A) (не ја оставајте да се полни, откако веќе целосно се наполнила);

2. Извадете го полначот (Сл. 16.B) од струја,

3. вметнете ја батеријата во своето

куќиште во машината (Сл. 11.A) или во една од преградите на ранецот за батерија (Сл. 6) (доколку е достапен)

4. турнете ја за да влезе докрај, сè

додека не слушнете кликнување што сигнализира дека батеријата се фиксирала во преградата, а потоа проверете го електричниот контакт.

7.3 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА

И НА МОТОРОТ За намалување на ризикот од запалување, одржувајте ги машината, а особено моторот од остатоци од лисја, гранки.

  • Секогаш чистете ја машината по употребата со чиста и мокра крпа потопена во неутрален детергент.
  • Отстранете ги сите траги на влага со мека и сува крпа. Влагата остава простор за ризик од електричен удар.
  • Не користете абразивни детергенти и растворувачи да ги исчистите пластичните делови или рачките.
  • Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.
  • Одржувајте го роторот секогаш чист од прашина и остатоци коишто се раздувале со воздухот кон решетката. Не прскајте го роторот со вода.
  • За да избегнете прегревање или оштетување на моторот или на батеријата, секогаш проверувајте дали решетката за воздух за ладење е чиста и без остатоци.
  • Сите завртки, навртки и лостови треба да бидат добро прицврстени за да се осигурате дека опремата е безбедна за работа.
  • Редовно проверувајте дали рачките се цврсто фиксирани.

ВАЖНО Безбедносните правила што треба да се почитуваат при складирање на машината се опишани во пасус 2.4. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или несреќи.

8.1 ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА

Кога машината треба да се одложи:

1. извадете ја батеријата од своето

куќиште и наполнете ја (пас. 7.2.2);

2. Оставете моторот да се олади пред да ја

складирате машината во затворен простор;

3. Исчистете ја машината (пас. 7.3);

4. Уверете се дека нема делови кои се

оштетени или не се прицврстени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените завртки и навртки, или контактирајте го овластениот сервисен центар;

5. Складирајте ја машината:

– на суво место; – заштитена од лошите временски услови; – подалеку од дофат на деца; – уверувајќи дека сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.

8.2 ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА

Батеријата треба да се чува во средина без директна сончева светлина, на студени и места без влага. ЗАБЕЛЕШКА Ако не ја користите подолг период, полнете ја батеријата на секои два месеца за да ѝ се продолжи животниот век.

9. РАКУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ

Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на машината потребно е: – запрете ја машината (пас. 6.5); – извадете ја батеријата од своето куќиште и наполнете ја (пас. 7.2.2); – држете ја машината исклучиво за рачките и поставете ги цевките така да не претставуваат пречка.MK - 15 Кога ја транспортирате машината со возило, не заборавајте да: – ги извадите цевките, – обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или синџири, – поставете ја така што нема да биде опасност за никого.

10. ПОМОШ И ПОПРАВКА

Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите интервенции и одржувања на косилката што не се дадени во ова упатство треба да се извршат од страна на Дилерот или Овластениот сервисен центар, бидејќи имаат големо познавање и ракуваат со потребната опрема за правилно извршување на работата, земајќи го предвид соодветниот степен на безбедност и состојбата на косилката. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.

  • Одржувањата и поправките под гаранција смее да ги врши само Овластениот сервисен центар.
  • Овластените сервисни центри користат само оригинални резервни делови. Оригиналните резервни делови и дополнителна опрема се специјално дизајнирани за машината.
  • Резервните делови и дополнителната опрема коишто не се одобрени, употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални ја нарушуваат безбедноста на машината и го ослободуваат Производителот од секоја обврска или одговорност.
  • Се препорачува да ја носите косилката една годишно во Овластениот сервисен центар за сервисирање и безбедносна проверка.

11. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА

Гаранцијата ги покрива сите штети на материјалите и производството. Корисникот треба внимателно да ги следи сите упатства кои се дадени до приложената документација. Гаранцијата не покрива штета предизвикана од:

  • неуспешно проучување на документацијата што доаѓа заедно со машината;
  • користење на дополнителна опрема што не е испорачана или одобрена од страна на производителот. Гаранцијата не покрива и:
  • нормално абење на потрошните материјали;
  • нормално абење. Купувачот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на купувачот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин не ја лимитираат оваа гаранција.

12. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Интервенција Период Забелешки

Проверете ги сите спојки Пред секоја употреба пас. 7.4 Безбедносни контроли / проверка на командите Пред секоја употреба пас. 6.2 Проверка на состојбата на батеријата Пред секоја употреба * Полнење на батеријата На крајот на секоја употреба пас. 7.2.2

Чистење на машината и на моторот На крајот на секоја употреба пас. 7.3 Проверка на можни оштетувања на машината. Ако е потребно, контактирајте со овластен сервисен центар. На крајот на секоја употреба -

  • Прочитајте во упатството за батеријата/полначот за батеријата.MK - 16

пали со притискање на командата на забрзувачот Нема батерија или не е ставена правилно Проверете дали батеријата е правилно вметната (пас. 7.2.3) Празна батерија Проверете ја состојбата на наполнетост и наполнете ја батеријата (пас. 7.2.2) Дефект на командата на забрзувачот или дувачот е оштетен Не користете ја машината. Веднаш исклучете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар.

2. Моторот се гаси во

текот на работата Батеријата не е правилно вметната Проверете дали батеријата е правилно вметната (пас. 7.2.3) Празна батерија Проверете ја состојбата на наполнетост и наполнете ја батеријата (пас. 7.2.2)

воздухот не излегува од цевката на дувачот Цевката на дувачот е блокирана или затната Застанете ја машината, извадете ја батеријата и тргнете ја пречката.

прекумерни вибрации во текот на работата Разлабавени или оштетени делови Застанете ја машината, извадете ја батеријата и: – проверете дали има оштетувања, – проверете дали деловите се разлабавени и затегнете ги, – обезбедете замена или поправка на оштетените делови со резервни делови со соодветни карактеристики.

5. Машината испушта чад

во текот на работата Раздувувачот е оштетен. Не користете ја машината. Веднаш исклучете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар.

на батеријата е незадоволителна Условите за работа се многу тешки и бараат поголема потрошувачка на енергијата Оптимизирајте ја работата (пас. 7.2.1) Батеријата не е доволна за работните потреби Користете и втора батерија или батерија со продолжено времетраење (пас. 14.1) Намален капацитет на батеријата Купете нова батерија

полни батеријата Батеријата не е поставена правилно во полначот Проверете дали е правилно поставена (пас. 7.2.3) Условите во средината за работа не се соодветни Вклучете го полнењето во средина со соодветна температура (видете го упатството за употреба за батеријата/полначот за батеријата) Нечисти контакти Исчистете ги контактите Нема напон кај полначот на

Проверете дали приклучокот е вметнат и дали има довод на ел. енергија Полначот на батеријата има дефект Заменете го дефектниот дел со

Ако истиот опстојува, проверете го упатството за батеријата / полначот за

8.E) постојано свети Неуспешна самопроверка Не користете ја машината. Веднаш исклучете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар.MK - 17 НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ

(Сл. 8.E) трепка Грешка во акумулаторот Не користете ја машината. Веднаш исклучете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар. Блокиран ротор Не користете ја машината. Веднаш исклучете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар. Преголема потрошувачка на струја Оптимизирајте ја употребата на машината. Прегреано струјно коло Не користете ја машината. Веднаш исклучете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар. Доколку проблемот продолжува и по употреба на опишаните решенија обратете се на вашиот продавач..

Достапни се батерии со различен капацитет за да одговараат на специфичните барања за работа (Сл. 17). Списокот на батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наоѓа во табелата „Технички податоци“.

14.2 ПОЛНАЧ ЗА БАТЕРИЈА

Уред што се користи за полнење на акумулаторот: брзо (Сл. 18.A), стандардно (Сл. 18.B).

14.3 РАНЕЦ ЗА БАТЕРИЈА

Уредот се користи за поставување на двете батерии и ја обезбедува електричната енергија потребна за работа на машината. Обезбеден е со кабел што се користи за поврзување со машината (Сл. 1.I) и со избирач (Сл. 7.B) за избор на една од двете батерии (позиција „1“ и „2“) и „OFF“.

14.4 СИМУЛАТОР НА БАТЕРИЈА

Симулатор на батерија: уред што, кога е вметнат во куќиштето на машината, овозможува употреба на ранецот за батерија.NL - 1 LET OP!: VOORALEER DE MACHINE TE GEBRUIKEN, DIENT MEN DEZE HANDLEIDING AANDACHTIG TE LEZEN. Bewaren voor toekomstige behoeften.

2. изјавува со целосна лична одговорност

дека следната машина:

3. Усогласено со спецификациите според

2. изјавува со целосна лична одговорност

дека следната машина:

3. Усогласено со спецификациите според