STIGA SBP 375 - Дувалка

SBP 375 - Дувалка STIGA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SBP 375 STIGA во PDF формат.

📄 414 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice STIGA SBP 375 - page 241
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : STIGA

Модел : SBP 375

Категорија : Дувалка

Преземете ги упатствата за вашиот Дувалка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SBP 375 - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SBP 375 на марката STIGA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SBP 375 STIGA

Раздувувачот за градини со мотор на внатрешно согорување којшто се носи на раменици УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА ВНИМАНИЕ: пред да jа употребите машината, вниматељнопрочитаjте го упатството за употреба.

(*) ВНИМАНИЕ! Вредноста на вибрациите може да варира од функцијата на примената на машината и од нејзините поставки и е поголема од посоченото. Неопходно е да се воспостават мерките на безбедност и заштита за корисникот што треба да го поднесат генерираното оптоварување од вибрациите во реални услови на употреба. Таквата намера треба да ги земе во предвид сите фази на циклусот на работа, како што се на пример исклучувањето или работа на празно.

ОПАСНОСТ! Горивото е силно запалимо.

3.1.1 Предвидена употреба

поне 1 минута, за да се загрее.

Во ова упатство одредени поглавја содржат информации со одредена важност во однос на безбедноста и на функционалноста и се евидентирани на различни начини согласно овој критериум: ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО даваат прецизни или други информации како што е претходно наведено, со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета. Симболот посочува на опасност. Непочитувањето на мерките за претпазливост доведува до можност за лични или повреди и оштетувања на трети лица. Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви точки посочуваат на изборни одлики коишто не се присутни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали таа одлика е присутна кај дадениот модел. Сите индикации „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.

Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3 и така натаму. Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, B, C и така натаму. Насоката за компонентата C на сликата 2 се означува со изразот: „Видете на сл.

2. C“, или поедноставно „(слика 2.C)“.

Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се разликуваат во однос на оние на сликата.

Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус „2.1 Обука“ е заменето со „2. Безбедносни мерки“. Насоките за насловите или пасусите се означени со

3.1 Опис на машината и предвидена употреба 5

3.2 Ознаки за безбедност ................................. 5

3.3 Етикета за идентификација на производот 6

4.1 Делови за монтирање .................................. 7

5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА ................................... 7

5.1 Команда на рачката за забрзувачот ........... 7

5.2 Рачка за регулирање на забрзувачот и

застанување на моторот .............................. 7

5.3 Команда за придушувачот ........................... 8

5.4 Копче за командата на уредот за

7.4 Чистење на машината и на моторот ......... 12

7.5 Навртки и шрафови за фиксирање ........... 12

8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ ................................ 12

8.1 Чистење на филтерот за воздух ................ 12

8.2 Контрола на свеќичката ........................... 13

8.3 Јаже за палење ......................................... 13

8.4 Регулација на карбураторот ...................... 13

9. ОДЛОЖУВАЊЕ .................................................. 13

9.1 Одложување на машината ........................ 13

кратенки погл. или пас. и со соодветниот број. Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1”.

Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да ја запирате машината Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди.

  • Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината, или други лица што не се запознаени со основните упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
  • Никогаш не користете ја машината доколку корисникот е во состојба на замор или изнемоштеност, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз капацитетот за навремено реагирање или внимание,
  • Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спаѓа и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
  • Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица, проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се содржани во ова упатство.
  • Носете соодветна облека, работни чевли отпорни на лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте на машината со боси нозе или со отворени сандали. Носете заштита за слухот, чевли против вибрации, заштитни очила, маска на лицето против прашина.
  • Оваа машина е екстремно бучна и затоа треба да се носи акустична заштита.
  • Употребата на акустична заштита ја намалува можноста да ги слушнете можните предупредувања (повикување или аларми). Обрнувајте исклучително внимание на она што се случува околу областа за работа.
  • Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни, облека со лелеави делови или со врвки и врски и слични додатоци што висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или за предмети и материјали кои се производ на работата.
  • Соодветно приберете ја косата доколку е долга. Област за работа/машина
  • Проверете ја детално целата област за работа и со помош на гребло и метла растргајте го рачно отпадот и сè што би можело да биде отфрлено од машината (при употреба како раздувувач) или, да ја затне цевката за вшмукување (при употреба како вшмукувач) или, ако има извори на опасност (камења, гранки, железни остатоци, коски, итн.)
  • Ако теренот е прашлив, ви препорачуваме малку да ја навлажните површината. Мотор со согорување: гориво ОПАСНОСТ! Бензинот и мешавината се лесно запаливи! ОПАСНОСТ! Горивото е лесно запаливо.
  • Конзервирајте ги бензинот и мешавината во соодветни контејнери за таа намена, на безбедно место, подалеку од извор на топлина или отворен оган.
  • Чувајте ги контејнерите и просторот за чување гориво без остатоци од лисја или трева.
  • Не оставајте го контејнерот на дофат на деца.
  • Не пушете додека ја подготвувате мешавината, додека полните или дополнувате гориво и секојпат кога работите со горивото.
  • Дополнувајте гориво со инка и на отворено.
  • Избегнувајте да ги вдишувате испарувањата од горивото.
  • Никогаш не отворајте го капачето на резервоарот или не дополнувајте гориво додека моторот работи или е уште загреан.
  • Полека отворете го капачето на резервоарот оставајќи внатрешниот притисок постепено да испари.
  • Не приближувајте извори на отворен оган до резервоарот за да ја проверите содржината.
  • Ако се истури del carburante, немојте да го палите моторот, туку прво отстранете ја машината од местото на истурање и избегнувајте палење на оган додека не не испари целото истурено гориво.
  • Веднаш исчистете го секој остаток од истуреното гориво од машината или од местото на истурање.MK - 3
  • Секогаш докрај затворајте го капачето на резервоарот и на садовите со со гориво.
  • Не палете ја повторно машината на место каде се долевало гориво; bклучувањето на моторот треба да се одвива на најмалку 3 метри оддалеченост од местото каде се извршило полнењето на горивото.
  • Избегнувајте контакт на горивото со делови од облеката и, доколку тоа се случи, пресоблечете се пред да го запалите моторот.
  • Не палете го моторот во затворен простор каде може да се соберат опасни јаглерод моноксидни гасови. Операциите за палење треба да се изведат на отворено или во простор којшто добро се проветрува. Запомнете дека издувните гасови се отровни.
  • Кога ја палите машината, не насочувајте го придушувачот, а со тоа и издувните гасови кон запаливи материи.
  • Не користете ја машината во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните контакти или механичките делови може да генерираат искри кои може да ги запалат правот или испарувањата.
  • Никогаш не користете ја машината во затворени простории, во присуство на гасови, во експлозивна атмосфера или во близина на запаливи материјали или електрични апарати.
  • Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление и при услови на добра видливост.
  • Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа за работа. Неопходно е децата да бидат под надзор на друго возрасно лице.
  • проверете дали други лица се наоѓаат најмалку на 15 метри оддалеченост од опсегот на работа на машината;
  • Избегнувајте кога е можно да работите на мокар и лизгав терен или на терени кои се многу нерамни или закосени и не гарантираат стабилност на корисникот при работата;
  • Избегнувајте да работите на мокра трева, кога врне и кога ризик од временска непогода, особено грмотевици.
  • Обрнете особено внимание на нерамнините на теренот (грутки, канали), закосувањата, сокриени опасности и на присуството на дадени опасности коишто може да ја попречат видливоста.
  • Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, дупки или препреки.
  • Внимавајте секогаш на правецот на ветерот и не работете никогаш наспроти ветер.
  • Не користете ја машината во близина на отворени прозорци.
  • Во текот на работата, избегнувајте расчистениот материјал да се собира во зоната а испуст бидејќи може да се отфрли кон отворите за вшмукување.
  • Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи во близина на пат.
  • За да се избегне ризикот од инциденти, не оставајте ја машината со топол мотор во лисја и сечена трева, или меѓу други запаливи материјали.
  • Во текот на работата, при употреба како раздувувач, машината треба секогаш треба да се држи цврсто со десната рака за горната рачка.
  • За време на работата, кога се користи како вшмукувач (ако е предвидено), машината мора да се држи секогаш цврсто со двете раце, со десната рака за горната рачка и со левата рака на долната рачка на тој начин што вреќата за собирање ќе се наоѓа од десната страна на операторот.
  • Заземете цврста позиција и одржувајте внимателен пристап.
  • Не губете рамнотежа.
  • Обрнете внимание да не удирате силно во страни тела заради можна проекција на струготини предизвикани со движењето на воздухот.
  • Не насочувајте го протокот на воздух кон лица или животни.
  • При употреба како раздувувач, секогаш обрнувајте исклучително внимание за да избегнете отфрлање на материјали или подигнување прашина кои може да предизвикаат повреди на лица или животни или оштетување на имоти.
  • При употреба како вшмукувач, ако е предвидено), не вметнувајте рачно предмети во отворот за вшмукување и избегнувајте да вшмукувате големи предмети кои може да го оштетат роторот.
  • Никогаш не трчајте, туку одете.
  • Секогаш држете ги лицето, рацете и телото подалеку од решетката за вшмукување (кога се користи како вшмукувач и ако е предвидено) и од отворот за излез на воздухот (кога се користи како раздувувач).
  • Не попречувајте го протокот на воздухот ниту во текот на палењето, ниту додека работите со машината.MK - 4
  • Деловите што се вртат може да предизвикаат тешки повреди. Избегнувајте контакт со тие делови кога сè уште се вртат.
  • Не допирајте ги деловите на моторот што се загреваат во текот на работата. Ризик од опекотини.

Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исклучете го моторот и оддалечете ја машината внимавајќи да не предизвикате други оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината.

Продолжена изложеност на вибрации може да предизвика повреди и невро-васкуларни нарушувања (познати и како „Рејнодов синдром“ или „бела рака“) особено кај оние што се изложени на циркуларни влијанија. Симптомите може да се покажат на рацете, на рачните зглобови или на прстите и се манифестираат со губење на осет, вкочанетост, чешање, болка, обезбојување и структурални промени на кожата. Овие ефекти може да се зголемат со ниски надворешни температури и / или од прекумерен притисок врз рачките. При појава на овие симптоми, треба да го намалите времето на користење на машината и да се советувате со лекар. Ограничување при употреба

  • Во текот на работата, при употреба како раздувувач, машината треба секогаш треба да се држи цврсто со десната рака за горната рачка.
  • Машината не треба да ја користат лица што не се во состојба да ја држат цврсто со обете раце и/или да одржуваат стабилна рамнотежа на нозете во текот на работата.
  • Никогаш не користете ја машината со оштетена заштита, ако недостасува или ако не правилно поставена.
  • Никогаш не користете ја машината без да ги поставите предвидените дополнителни делови за дадена употреба (раздувување или вшмукување).
  • Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете ги манометарот и безбедносните системи/микропрекинувачи.
  • Не менувајте ги регулациите на моторот и не доведувајте го моторот во голем режим на работа. Ако моторот почне да работи со прекумерен број на вртежи, ризикот од лични повреди се зголемува.
  • Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не користете мала машина за изведување тешки работи; адекватно користење на машината го намалува ризикот и го подобрува квалитетот на работата.

2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ

Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.

  • Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат.
  • За да го намалите ризикот од пожар, редовно проверувајте дали има пролеано масло и/или гориво.

Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство се максимални вредности при употреба на машината. Мора да преземете безбедносни заштитни мерки и да ги избегнете можните штети заради зголемена бука и непријатност од вибрациите. Користете ја машината со постојана брзина и држете ја цврсто рачката со соодветна брзина и на минимален режим којшто е потребен да се заврши работата. Носете заштита против бучава и правете чести паузи, соодветни за работата.

  • Никогаш не чувајте ја машината со гориво во резервоарот во просторија каде испарувањата од горивото може да допрат до отворен пламен, искра или до извор на топлина.
  • За намалување на ризикот од оган, не оставајте полни контејнери во затворен простор.

2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на граѓанските погодности и на просторот во кој живееме.

  • Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосреднотоMK - 5 опкружување. Користете ја машината само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите луѓето).
  • Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, маслата, горивото, акумулаторот, филтрите, делови во распаѓање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смее да се фрлаат во ѓубре туку треба да се селектираат и однесат во соодветни собирни центри кои рециклираат материјали.
  • Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето.
  • При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.

ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно раздувувач што се носи на рамо и се напојува со мотор со внатрешно согорување. Генерално, машината се состои од двотактен мотор со внатрешно согорување којшто работи на вртежи за да произведе проток на воздух со голема моќност.

3.1.1 Предвидена употреба

Оваа машина е проектирана и конструирана за:

  • преместување и натрупување со помош на раздувувачот, на листови, трева, остатоци од косење со различна тежина и средни големини.

3.1.2 Несоодветна употреба

Која и да е друга употреба,поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):

  • вшмукување или собирање на запаливи производи или кои претставуваат ризик од експлозија, врел јаглен или материјали што горат без пламен, изгасени цигари, стаклени парчиња, остри делови, метални предмети, камења и сè друго што може да претставува опасност за безбедноста на управувачот со машината и на останатите,
  • насочување на воздухот кон лица и/или животни,
  • вметнување предмети во решетката за вшмукување,
  • употреба на машината без правилно поставена дополнителна опрема како што налага производителот за разните начини на употреба или несоодветна употреба на машината,
  • употреба на машината од страна на повеќе луѓе. ВАЖНО Несоодветната употреба на машината доведува до отфрлање на гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност на производителот, префрлувајќи ги на корисникот произлезените обврски предизвикани од повреди или оштетувањата лично или на трети лица.

3.1.3 Вид на корисник

Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за „домашна употреба“.

3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

На машината има разни симболи (сл. 2). Нивната задача е да го потсетуваат операторот на постапките што треба да ги следи внимателно и со задолжителни мерки за претпазливост. Значење на симболите: ВНИМАНИЕ! ОПАСНОСТ! Оваа машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно. ВНИМАНИЕ! Пред да ја користите оваа машина, прочитајте го упатството за употреба. Користете заштита за ушите и очите.MK - 6 Да не се изложува на дожд (или на влага). ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊА! Внимавајте на можни исфрлувања на материјали коишто ги предизвикува протокот на воздухот коишто може да предизвикаат тешки повреди на лица и предмети.

ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊА! Оддалечете ги сите лица или домашни животни најмалку 15 метри додека работи машината! Опасност од осакатување! Секогаш држете ги рацете подалеку од решетката за влез на воздухот. Роторот може да предизвика несреќни повреди. Опасност од опасни повреди! Држете ја облеката со лелеави делови подалеку од решетката за влез на воздухот бидејќи може да се закачи за роторот и да предизвика тешки и несреќни повреди. Опасност од опасни повреди! Држете ја косата подалеку од решетката за влез на воздухот бидејќи може да се закачи за роторот и да предизвика тешки и несреќни повреди. Соодветно приберете ја косата доколку е долга. ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Побарајте нови етикети од соодветен центар или од овластениот сервисер.

3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА

НА ПРОИЗВОДОТ Етикетата за идентификација на производот ги содржи следните податоци (сл. 1 ):

1. Ниво на акустична моќност

2. Ознака за усогласеност со CE

Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот. ВАЖНО Користете ги дадените податоци за идентификација секојпат кога контактирате со овластен центар. ВАЖНО Примерот за изјавата за усогласеност се наоѓа на последната страница во упатството.

Машината се состои од следните главни делови коишто соодветствуваат на следните функции (сл.1): A. Мотор: овозможува движење на роторот. B. Цевка на раздувувачот: елемент предвиден за излез на протокот на воздух. C. Рачка со команда: овозможува вклучување на командите за машината и за насочување на цевката на раздувувачот. D. Резервоар за гориво: сад за гориво што го напојува моторот. E. Плоча за потпора: е плоча врз која е поставена машината. Има рачка што го олеснува транспортот и на неа се прикачуваат ремените за носење на рамо. Опремена е со систем за намалување на вибрациите коишто се елиминираат во поголем дел во текто на работата. F. Ременици: опрема што се состои од платнени ремени што минуваат под рамениците. Помага да се издржи тежината на машината во текот на работата. G. Клучеви за затегнување: алат којшто се користи за вртење на шрафовите, навртките за да ги затегне или разлабави.

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности. За потребите на складирање и транспорт, одредени компоненти на машината не се монтирани во фабриката, туку треба да се монтираат по вадење на амбалажата следејќи ги следните упатства.MK - 7 Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со доволно простор за поместување на машината и на амбалажата користејќи секогаш соодветни алати. Не користете ја машината пред да завршите со сите постапки наведени во поглавјето „МОНТИРАЊЕ“.

4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ

Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.

1. Отворете го пакувањето внимателно

за да не ги расфрлите деловите.

2. Прочитајте ја документацијата во кутијата

каде се наведени овие упатства.

3. Извадете ги од кутијата сите

делови што не се монтирани.

4. Извадете ја машината од кутијата.

5. Фрлете ги кутијата и амбалажата

согласно локалните одредби.

4.1.2 Поставување на цевката

за раздувувачот и на рачката со команди

1. Вметнете ја флексибилната цевка (сл.

3.B) во цевката за излез на воздухот (сл. 3.A) и фиксирајте ја спојницата со клешти да се закачи цврсто.

2. Вметнете ја цевката (сл. 3.C) во

флексибилната туба (сл. 3.B) внимавајќи работ (сл. 3.G) да биде свртен надолу. Фиксирајте ја спојницата со клешти за да ги закачите цевките цврсто.

3. Вметнете ја потпората за рачката со

командите (сл. 3.H) на цевката (сл. 3.C), порамнувајќи ја со истакнатиот дел (сл. 3.G). Поставете го прстенот (сл. 3.I) на истакнатиот дел (сл. 3.J).

4. Фиксирајте ја рачката со команди (сл.

3.K) и затегнете ги шрафовите (сл. 3.L).

5. Поминете го кабелот низ

отворите за него (сл. 3.M).

6. Порамнете го отворот на цевката (сл. 3.D)

со делот (сл. 3.N) на цевката (сл. 3.C). Притиснете ја цевката (сл. 3.C) и свртете ја за 90° во правецот на стрелките на часовникот iза да се закачи цврсто.

7. Следете ја постапката опишана во

двете точки погоре за да ја поставите цевката (сл. 3.E) на крајниот дел од цевката на раздувувачот (сл. 3.F).

4.1.3 Вадење на цевките за

раздувувачот ВАЖНО Застанете ја машината (пасус 6.5) секојпат кога ќе ја извадите цевката од раздувувачот. Врз основа на типот на цевката: – Ако цевката е фиксирана со истакнатиот дел за спојувањето, вртејќи ја обратно од стрелките на часовникот. – Ако цевката е фиксирана со спојница, извадете ја спојницата со клешти и раздвојте ги цевките.

ЗА ЗАБРЗУВАЧОТ Рачката за команда на забрзувачот (сл. 4.А) овозможува регулација на брзината на вртењето на роторот. Брзината на вртење на роторот треба да се прилагоди на видот на работата (поглавје 6.4.1) и може да се регулира со нанесување помалку или повеќе притисок врз командата на забрзувачот. Максималната брзина се постигнува со командата за забрзување во долен правец.

5.2 РАЧКА ЗА РЕГУЛИРАЊЕ

НА ЗАБРЗУВАЧОТ И ЗАСТАНУВАЊЕ НА МОТОРОТ Рачката (сл. 4.Б) има двојна функција:

1. Овозможува застанување и

палење на моторот (сл. Моторот застанува (сл. 4.C). Ако рачката е поставена во други положби, моторот може да се запали и да се стави во функција.

2. За да ја регулирате брзината на вртење

на роторот, одржувајте го забрзувачот блокиран во саканата позиција. Брзината на вртење на роторот може да се регулира ако ја вртите рачката надолу и нагоре. Максималната брзина се постигнува кога рачката е свртена докрај надолу.MK - 8 ЗАБЕЛЕШКА Ви препорачуваме да ја користите функцијата за регулирање на забрзувачот во текот на долготрајна работа за да избегнете постојано држење на копчето на рачката со командата за забрзувачот.

5.3 КОМАНДА ЗА ПРИДУШУВАЧОТ

Се користи кога се пали студен мотор. Командата за придушувачот има две позиции: Позиција А (сл. 5 А) - придушувачот е исклучен (нормална работа и палење со загреан мотор). Позиција В (сл. 5.B) - придушувачот е во средна позиција (да го олесни палењето на моторот). Позиција С (сл. 5.С) - придушувачот е активиран (за палење на моторот на ладно).

5.4 КОПЧЕ ЗА КОМАНДАТА НА УРЕДОТ

ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ (ПРИМЕР) Со притискање на гуменото копче за уредот за поттикнување, се иницира гориво во карбураторот со што се олеснува палењето на моторот.

5.5 РАЧКА ЗА РАЧНО ПАЛЕЊЕ

Овозможува рачно палење на моторот (сл. 6.A).

6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

6.1 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ

Пред да започнете со работа, неопходно е да спроведете серија контроли и операции за да обезбедите дека работата ќе се одвива на ефикасен начин и со максимална безбедност. Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот. ВАЖНО Машината се испорачува без бензин.

6.1.1 Полнење гориво

Пред да ја користите машината, наполнете гориво. За начините за подготвување на мешавината и за безбедните начини за дополнување на гориво (видете пасус. 7.2, 7.3).

6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ

Спроведете ги следните безбедносни контроли и проверете дали резултатите соодветствуваат со даденото во табелата. Секогаш извршувајте ги безбедносните контроли пред работа.

Навртки на машината Добро зашрафени (не разлабавени) Отвори за воздух

Цевка на раздувувачот (сл. 1.B) Правилно поставена.

забрзувачот (сл. 4.A) Треба да се движи слободно и без примена на сила. Регулатор за забрзувачот (сл. 4.B) Треба да се движи слободно и без примена на сила. Ротор Никаков знак на

Машина Никаков знак на оштетување или

Електрични кабли и кабел за свеќичката Комплетни за да се избегне искрење. Капаче на свеќичката (сл. 9.F) Цело и правилно поставено на свеќичкатаMK - 9

6.2.2 Тест за работата на машината

Дејство Резултат Запалете ја машината (пасус 6.3); Машината се пали. Роторот работи на минимум и цевката на раздувувачот испушта малку воздух. Активирајте ја рачката за команда на забрзувачот (сл. 4.A) / регулаторот за забрзувачот (сл. 4.B) Роторот работи и цевката на раздувувачот испушта воздух. Пуштете ги рачката за команда на забрзувачот (сл. 4.A) / регулаторот за забрзувачот (сл. 4.B) Командата се враќа автоматски и брзо во неутрална позиција. Роторот работи на минимум и цевката на раздувувачот испушта малку воздух. Поставете ја рачката за регулирање на забрзувачот и застанете го моторот во позицијата „STOP“ (сл. 4.C) Моторот застанува. Роторот застанува и цевката на раздувувачот не испушта воздух. Ако некој од резултатите не е ист како што е посочено во табелата, не ја користете машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и поправка.

ВАЖНО На машината има етикета (сл. 2) каде се дадени основните чекори на палењето. Етикетата има функција да ве насочува набрзина и не ја заменува постапката што е тука објаснета.

1. Заземете цврста и стабилна позиција:

2. Уверете се дека цевката на

раздувувачот не е насочена кон присутни лица или отпад. ВАЖНО За да избегне кинење, не влечете го јажето за палење по целата должина, не виткајте го по работ на отворите на водилката и постепено ослободувајте го ракофатот со тоа што ќе избегнувате враќање на неконтролиран начин. ВАЖНО Не мотајте го јажето за палење околу раката.

6.3.1 Палење на ладно

За палење на „ладно“ треба да се изведе палење најмалку по 5 минути од смирување на моторот или по полнење гориво.

1. Прво запалете го моторот ставајќи ја

рачката за регулирање на забрзувачот (сл. 4.B) само до половина ’од.

2. Вклучете го придушувачот, носејќи ја

рачката во позиција «С» (сл. 5.C).

3. Притиснете го копчето за командата

на уредот за поттикнување (сл. 5.D) 10 пати за да го поттикнете горивото.

4. Цврсто држете ја машината на

теренот притискајќи со една рака за да не изгубите контрола во текот на палењето (сл. 6.B).

5. Оваа машина е опремена со EASY-START.

Повлечете го копчето за палење со рамномерен потег без нагли движења (палењето се случува на крајот од движењето). Повлечете уште неколку пати да постигнете првично палење.

6. Поставете ја командата за придушувачот

во положба „B“ (сл. 5.B).

7. Повлечете го ракофатот за

палење сè додека не постигнете правилно палење на моторот.

8. Оставете го моторот да работи

1 минута за да се загрее.

9. Исклучете ја командата за

придушувачот (сл. 5.A), ставајќи ја рачката во позиција «A».

10. Донесете ја рачката за регулирање

на забрзувачот (сл. 4.B) на минимум за да го исклучите уредот за првично забрзување и поставете го моторот во работа на минимум. ВАЖНО Доколку ракофатот на јажето за палење се скине при влечење со притиснат придушувач, моторот може да се задуши и да се предизвикаат потешкотии при палење. Во случај на задушување на моторот (видете пасус 14.5).

6.3.2 Палење на топло

во претходната процедура (сл. 6.3.1).

6.3.3 Употреба на ремените

Ремените се ставаат по палење на моторот. Ремените и ременчињата треба да се регулираат согласно висината и големината на операторот.MK - 10

1. Носете ги ремените како нормални

рачки на ранец (сл. 7.A).

2. Затворете ги копчињата со црвен клип

на десната страна и за навртката.

3. Одржувајте ги ремените на тој начин

што правилно ќе го распоредуваат товарот врз рамениците.

4. За да ја издржите тежината на цевката на

раздувувачот, ставете конектор (сл. 7.В) на потпората за рачката со командите (сл. 7.C) и закопчајте ја црната тока со клип на десното рамо (сл. 7.D).

Во текот на работата, машината треба секогаш треба да се држи цврсто со десната рака за рачката со командата (сл. 15).

6.4.1 Регулација на моќноста

Секогаш треба да ја регулирате брзината на вртење на роторот согласно со типот на материјалот што треба да се отстрани: – мала брзина на раздувувачот за лесни материјали и мали грмушки на тревникот, – средба брзина на раздувувачот за отстранување трева и лесни лисја на асфалт или цврст терен, – голема брзина на раздувувачот (командата за забрзувачот е притисната докрај) за потешки материјали како свеж снег и големи ѓубришта.

6.4.2 Совети за работа

Може да ја регулирате позицијата и закосеноста на рачката со командите (сл. 3.K) за да постигнете позиција за удобна работа. За да регулирате: – Отшрафете го шрафот (сл. 3.L). – За да ја регулирате закосеноста, свиткајте ја рачката со командите напред или назад. – За да ја регулирате позицијата, движете ја напред или назад потпората за рачката. – Откако ќе регулирате, ставете г ошрафот (сл. 3.L). Напредувајте полека држејќи го крајниот дел на цевката на раздувувачот на соодветно растојание од теренот (сл. 8.A). За да избегнете раскршување на материјалот што треба да се отстрани, насочете го млазот на воздух околу страничните рабови на насобраниот материјал. Никогаш не насочувајте го млазот на воздухот кон центарот на насобраниот материјал. ВАЖНО Застанете ја машината (пасус 6.5) при менување на локацијата на работа.

За да ја исклучите машината:

1. Пуштете ја рачката за команда на

забрзувачот (сл. 4.A) и поставете ја на почетна позиција рачката за регулирање на заврзувањето (сл. 4.B) и оставете го моторот да работи со минимум вртежи уште малку.

2. Поставете ја рачката (сл. 4.B) во

Штом ќе ја застанете машината, потребни се неколку секунди пред да застане роторот. Моторот може да е многу врел веднаш по гаснење. Не допирајте го. Постои опасност од опекотини. ВАЖНО Застанете ја машината (пасус 6.5), отстранете го капачето на свеќичката (сл. 9.F) секојпат кога ја оставате машината без надзор или кога нема да ја користите. ВАЖНО Застанете ја машината (пасус 6.5) при менување на локацијата на работа.

  • Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија.
  • Исчистете ја машината (пасус 7.4).
  • Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте со овластен сервисер.MK - 11

7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности. Пред да интервенирате на кој било начин на машината:

  • Застанете ја машината;
  • Отстранете го капачето на свеќичката (сл. 9.F);
  • Проверете дали моторот е соодветно изладен;
  • Прочитајте ги соодветните упатства;
  • Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.
  • Зачестеноста и висот на интервенција се дадени во „Табелата за одржување“ (видете поглавје 13). Табелата го прикажува опсегот што ќе ви помогне при одржување на ефикасноста и безбедноста на машината. Во неа се прикажани главните интервенции и предвидените интервали за секоја од ставките. Извршете ја соодветната постапка пред првата појава.
  • Употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални, може да доведе до несакани ефекти врз работата и безбедноста на машината. Производителот ја отфрла сета одговорност во случај на штети или поврди предизвикани од такви производи.
  • Оригиналните резервни делови се набавуваат во сервисните центри или кај авторизираните застапници.
  • Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените делови се заменуваат, никогаш не се поправаат. ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација коишто несе опишани во ова упатство треба да се извршат кај застапникот или во овластен сервис.

7.2 ПОДГОТОВКА НА МЕШАВИНАТА

Оваа машина има двотактен мотор и работи на мешавина од бензин и масло за подмачкување. ВАЖНО Употребата на само бензин се оштетува моторот и се изнудува губење на гаранцијата. ВАЖНО Користете само гориво и подмачкувачи со висок квалитет за одржување на машината и за да гарантирате траење на механичките делови.

7.2.1 Карактеристики на бензинот

Користете само безоловен бензин (зелен бензин) со број на октани не помал од 90 N.O. ВАЖНО Зелениот бензин создава талог во резервоарот ако се чува повеќе од два месеци. Секогаш користете свеж бензин!

7.2.2 Карактеристики на маслото

Ставајте само синтетичко масло од врвен квалитет, наменет за двотактни мотори со специфичен минимум JASO FC. Кај застапникот може да ги најдете соодветните масла, создадени за овој вид мотор, до оној степен кој гарантира поголема заштита. Користењето на овие масла дозволува составување на една мешавина од 2,5%, што значи 1 дел масло се меша со секои 40 дела од бензин.

7.2.3 Подготовка и конзервација

на мешавината Табелата ги посочува количините бензин и масло што треба да се користат за да ја подготвите мешавината. Бензин Синтетичко масло за двотактни

1. Ставете во еден сад приближно

половина од количината бензин.

2. Додајте го целото масло.

3. Додајте го остатокот од бензинот.

4. Затворете го капакот и

измешајте енергично. ВАЖНО Мешавината подлежи на стареење. Не подготвувајтеMK - 12 големи количини на мешавина зa да се избегне формирање талог. ВАЖНО Чувајте ги добро обезбедени и идентификувани контејнерите со мешавината и со бензинот за да се избегне замена во моментот на користење. ВАЖНО Од време навреме чистете ги контејнерите за бензин и за мешавина за да се отстранат евентуалните талози.

Полнењето гориво се извршува кога машината не работи и со извадено капаче на свеќичката. Пред полнење:

1. Протресете го енергично

резервоарот за мешавина.

2. Поставете ја машината на рамна

површина, во стабилна позиција со капачето на резервоарот за мешавината одгоре. ЗАБЕЛЕШКА На капачето за резервоарот за мешавината (сл. 11.A) го има следниот симбол: Резервоар за мешавина

3. Исчистете го капачето на резервоарот

во круг за да се избегне навлегување нечистотии при полнењето.

4. Отворете го внимателно капачето на

резервоарот за мешавина за да се испушти притисокот постепено.

5. Наполнете со инка и не ставајте од

мешавината до грлото на резервоарот.

7.4 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА

И НА МОТОРОТ За да го намалите ризикот од запалување, одржувајте ги машината, а особено моторот без остатоци од листови и гранки.

  • Секогаш чистете ја машината по употребата со чиста и мокра крпа потопена во неутрален детергент.
  • Отстранете ги сите траги на влага со мека и сува крпа. Влагата остава простор за ризик од електричен удар.
  • Не користете абразивни детергенти и растворувачи да ги исчистите пластичните делови или рачките.
  • Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.
  • Одржувајте го роторот секогаш чист од прашина и остатоци коишто се раздувале со воздухот кон решетката. Не прскајте го роторот со вода.
  • За да избегнете прегревање или оштетување на моторот, секогаш проверувајте дали решетката за воздух за ладење е чиста и без остатоци.
  • Сите завртки, навртки и лостови одржувајте ги соодветно зацврстени за да сте сигурни дека косачката е безбедна за работа.
  • Редовно проверувајте дали рачките се цврсто фиксирани.

8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ

ВАЖНО Чистењето на филтерот за воздух е битно за добра работа и векот на самата машина. Не работете без филтер или со оштетен филтер за да не предизвикате непоправливи оштетувања на моторот. Чистењето треба да се спроведува секои 8– 10 часови работа. За чистење на филтерот:

1. Отшрафете ги двете копчиња (сл.

9.A) и извадете го капакот (сл. 9.B).

2. Извадете го филтерот од хартија (сл.

9.C) и филтерот од сунѓер (сл. 9.D).

3. Издувајте го филтерот од хартија

за да ги отстраните нечистотијата и остатоците (сл. 10.А).

4. Исперете го филтерот од

сунѓер со вода (сл. 10.B). ВАЖНО Не користете бензин, детергент или друго средство за чистење на филтерот.

5. Оставете го филтерот од сунѓер

да се исуши на воздух.

6. Исчистете го местото за филтерот

од нечистотии, остатоци и ѓубре.

7. составете го елементот со филтрите на

своето место (сл. 9) (проверете дали iфилтерот од сунѓер е убаво исушен);

8. Ставете го капачето (сл. 9.B),

фиксирајте ги копчињата (сл. 9.A).MK - 13

8.2 КОНТРОЛА НА СВЕЌИЧКАТА

До свеќичката (сл. 9.G) се пристапува кога ќе го извадите капачето (сл. 9.F). Свеќичката треба да се замени со друга со аналогни карактеристики во случај кога електродите се прегорени или неправилно изолирани, или на секои 100 часа функционирање. Работите на свеќичката ги изведува продавачот или специјализиран сервисен центар. Проверете ја табелата за одржување и таблата за идентификација за соодветните интервенции на свеќичката.

Застапникот треба да го смени јажето за палење при првите знаци на оштетување.

8.4 РЕГУЛАЦИЈА НА КАРБУРАТОРОТ

Карбураторот се регулира во фабрика во режим да дава максимални резултати во секоја ситуација на користење, со минимално емитирање на штетни гасови и во согласност со важечките закони. Во случај на лоша изведба, обратете се кај застапникот да ги провери карбураторот и моторот. Регулации на карбураторот: T = регулација на минимум L = регулација на горивото при мала сила H = регулација на горивото при голема сила

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да се следат во текот на ракување се наведени во пас. 2.4. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

9.1 ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА

Аконема да ја користите машината повеќе од 2-3 месеци, треба да се применат неколку решенија за да се избегнат потешкотии при обновување на работата или трајни оштетувања на моторот. Пред одлагање на машината:

1. Испразнете го резервоарот на

отворено и кога моторот е студен.

2. Оставете го моторот да работи

на минимум додека не согори целото гориво што останало во резервоарот и во карбураторот.

3. Оставете го моторот да се излади.

4. Исчистете ја темелно машината.

5. Проверете дали деловите се разлабавени

или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте со овластен сервисер.

6. Одложете ја машината:

– во сува просторија, – засолнета од лоши временски услови – и на место надвор од дофатот на децата. – уверувајќи дека сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето. Кога треба да ја запалите машината:

1. Подгответе ја машината (поглавје. 6).

10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ

Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на машината потребно е: – Застанете ја машината (пасус 6.5). – Почекајте да застане роторот. – Отстранете го капачето на свеќичката (сл. 9.G). – - да се фати машината само за рачките и да се насочат цевките за да претставуваат пречка. Кога ја носите машината со возило: – извадете ги цевките, – обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или синџири, – поставете ја на начин да не претставува опасност за никого.

11. ПОМОШ И ПОПРАВКА

Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите интервенции за регулација и одржување што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејќи знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ќе се заврши правилно,MK - 14 земајќи го во предвид првобитниот степен на безбедност и условите на машината. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.

  • Само овластените сервиси за помош може да ги извршуваат поправките и одржувањето што се под гаранција.
  • Овластените сервисни центри користат само оригинални резервни делови. Оригиналните резервни делови и дополнителна опрема се специјално дизајнирани за машината.
  • Оригиналните резервни делови и дополнителна опрема се специјално дизајнирани за машината.
  • Резервните делови и дополнителната опрема коишто не се одобрени, употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални ја нарушуваат безбедноста на машината и го ослободува производителот од секоја обврска или одговорност.
  • Препорачуваме да ја однесете машината во овластен сервисен центар секојпат кога треба да се работи на одржување, поправка или проверка на безбедносните уреди.

12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА

Гаранцијата ги покрива сите штети на материјалите и производството. Корисникот треба внимателно да ги следи сите упатства кои се дадени до приложената документација. Гаранцијата не ги покрива штетите настанати затоа што:

  • Не сте се запознале со приложената документација.
  • Употребата и монтирањето не се правилни или конзистентни.
  • Се користат резервни делови коишто не се оригинални.
  • Се користи дополнителна опрема која не е одобрена ниту доставена од производителот. Гаранцијата не покрива и:
  • Нормално абење на потрошните материјали.
  • Нормално абење. Купувачот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на купувачот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин не ја лимитираат оваа гаранција.

13. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Интервенција Период Пасус

Контрола на сите спојки Пред секоја употреба 7.5 Безбедносни контроли / проверка на командите Пред секоја употреба 6.2 Општо чистење и контрола На крајот на секоја

Контрола/дополнување гориво Пред секоја употреба 7.3 Општо чистење и контрола На крајот на секоја

Чистење на филтерот за воздух 8-10 часа / по секоја сезона 8.1 Чистење на свеќичката 10 часа / по секоја сезона *** Замена на свеќичката 100 часа / по секоја сезона *** *** Работа што треба да ја изведе застапникот или специјализиран центар за сервисирање.MK - 15

или пак не може да се стави во движење Процедурата на палење не е правилна Следете ги упатствата (пасус 6.3). Свеќичката е нечиста или оддалеченоста меѓу електродите не е точна Проверете ја свеќичката (пасус 8.2). Филтерот за воздух е затнат Исчистете го и / или заменете го филтерот (пасус 8.1). Проблеми со согорување Контактирајте со овластен сервисен центар

2. Моторот се пали, но

со мала моќност Филтерот за воздух е затнат Исчистете го и / или заменете го филтерот (пасус 8.1). Проблеми со согорување Контактирајте со овластен сервисен центар

неправилно или нема моќ врз оптоварувањето Свеќичката е нечиста или оддалеченоста меѓу електродите не е точна Проверете ја свеќичката (пасус 8.2). Проблеми со согорување Контактирајте со овластен сервисен центар

Имало талози од мешавината Подгответе ја мешавината според упатството (пасус 7.2). Проблеми со согорување Контактирајте со овластен сервисен центар

Рачката за палење се активира неколку пати со вклучен придушувач, Извадете ја свеќичката (пасус 8.2) и повлечете ја внимателно рачката на јажето за палење (сл. 6.А) за да го елиминирате прекумерното гориво. Потоа, исушете ги електродите на свеќичката и поставете ја на моторот.

но воздухот не излегува од цевката на раздувувачот Цевката на раздувувачот е блокирана или затната Застанете ја машината и тргнете ја пречката.

прекумерни вибрации во текот на работата Разлабавени или оштетени делови Запрете ја машината и извадете го кабелот од свеќичката (сл. 9.F). Проверете дали има оштетувања Проверете дали деловите се разлабавени и затегнете ги Извршете ги проверките, замените или поправките во авторизиран центар.

8. Машината удрила во

страни предмети. Оштетување или разлабавени делови Запрете ја машината и извадете го кабелот од свеќичката (сл. 9.F). Проверете дали има оштетувања Проверете дали деловите се разлабавени и затегнете ги Извршете ги проверките, замените или поправките во авторизиран центар.

Раздувувачот е оштетен. Не користете ја машината. Веднаш застанете ја машината, извадете го кабелот од свеќичката и обратете се во сервисен центар. Контактирајте со застапникот за помош ако проблемите опстојуваат откако сте ги направиле горепосочените операции.NL - 1 LET OP!: VOORALEER DE MACHINE TE GEBRUIKEN, DIENT MEN DEZE HANDLEIDING AANDACHTIG TE LEZEN. Bewaren voor toekomstige behoeften.

Декларација за усогласеност со ЕУ (Директива за машини 2006/42/CE, Анекс II, дел A)

2. изјавува со целосна лична одговорност

дека следната машина: Преносен Раздувувач -Вшмукувач / раздувување / вшмукување а) Тип / основен модел б) Месец / Година на производство

3. Усогласено со спецификациите според

Декларација за усогласеност со ЕУ (Директива за машини 2006/42/CE, Анекс II, дел A) 1. Компанијата

2. изјавува со целосна лична одговорност

дека следната машина: Преносен Раздувувач -Вшмукувач / раздувување / вшмукување а) Тип / основен модел б) Месец / Година на производство г) мотор: мотор со согорување

3. Усогласено со спецификациите спореддирективите:

д) тело за сертификација ѓ) тест СЕ за типот