BL 300e - Дувалка STIGA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BL 300e STIGA во PDF формат.
Прашања на корисниците за BL 300e STIGA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Дувалка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BL 300e - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BL 300e на марката STIGA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BL 300e STIGA
MK Преносен раздувувач за градини со напојување на батерија УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА
ВНИМАНИЕ: пред да ја употребите машината, внимательнопрочитајте го упатството за употреба.
3.1.1 Предвидена употреба
• 0°C - 60°C за 1 месец
• 0°C - 45°C за 3 месеца
• 0°C - 25°C за 1 година
3.1 Опис на машината и предвидена употреба 6
3.2 Главни делови (Сл. 1) 6
3.3 Етикета за идентификација на производот (сл. 1) ...... 7
3.4 Ознаки за безбедност (Сл. 2)......7
- МОНТИРАЊЕ 7
4.1 Распакување.... 7
4.2 Монтирање ОСНОВА ЗА НАПОЈУВАЊЕ
(Сл. 3) 8
4.3 Монтирање НА ШИНАТА ЗА
ПРИЦВРСТУВАНЬЕ НА СИДОТ (сл.4) ...... 8
4.4 Монтирање / отстранување на цевката на раздувувают .... 8
- КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА.... 8
5.1 ПРЕКИНУВАЧ ЗА СТАРТУВАНЬЕ/ ЗАПИРАНЬЕ 8
- УПОТРЕБА НА МАШИНАТА 8
6.1 Воведни операции.... 8
6.2 Безбедносни контроли 8
6.3 Стартување 9
6.4 Работа 9
6.5 Запирање....9
6.6 По употребата.... 10
- РЕДОВНО ОДРЖУВАНЬЕ.... 10
7.1 Општи информации.... 10
7.2 Батерија 10
7.3 Чистење на машината.... 11
7.4 Навртки и шрафови за фиксирање...... 11
- СКЛАДИРАЊЕ.... 11
8.1 Складирање на машината.... 11
8.2 Одложување на батеријата.... 11
-
ПРЕНЕСУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ 11
-
ПОМОШ И ПОПРАВКА 12
- ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА 12
- УТВРДУВАЊЕ ПРОБЛЕМ.... 12
- ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА НА БАРАЊЕ ..... 13
13.1 Батерии (Сл. 14) ...... 13
прецизни или други информации како што е претходно наведено, со цел да не се оште машината или да не се предизвика штета.
Символот посочува на опасност. Непочитувањето на мерките за претпазливост доведува до можност за лични или повреди и оштетувања на трети лица.
Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви точки посочуваат на изборни одлики коишто не се присутни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали таа одлика е присутна кај дадениот модел.
Сите индикации „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1 ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ АПАРАТИ
⚠️ ВНИМАНИЕ Прочитајте ги сите предупредувања во однос на безбедноста и целосното упатство. Непридржување кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат електричен удар, изгореници и сериозни повреди.
Сочувајте ги предупредувањата заедно со упатството за идна консултација.
Терминот „електричен апарат” наведен во предупредувањето се однесува на вашиот апарат со напојување на батерии (без кабел).
1) Обезбедување на работната средина а) Одржувајте ја работната средина чиста и добро осветлена. Пренатрупаните темни средини може да доведат до инциденти.
b) Не користете ги електричните апарати во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија.
Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
с) Децата и другите кои што се во близина треба да се оддалечат кога се користат електричните апарати. Одвлекување внимание може да предизвика губење контрола.
2) Електрична безбедност
a) Приклучоците за електричните алати мора да одговараат на штекерот. Никогаш немојте да го модицирате приклучокот на кој било начин. Не користете приклучоци за адаптер со заземјени електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте контакт на телото со заземјени површини, како цевки, радијатори, ладилници и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар доколку вашето тело е заземјено..
с) Не изложувајте ги електричните алати на дожд или на влага. Водата што може да навлезе во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар.
d) Не користете го кабелот за други намени. Никогаш не користете го кабелот за носење, влечење или исклучување на електричниот алат. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижни делови. Оштетен или заплеткан кабел го зголемува ризикот од електричен удар.
e)Кога работите со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел погоден за надворешна употреба. Употребата на соодветен кабел за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен удар.
f) Доколку работењето со електричниот алат на влажналокација е неизбежно, користете заштитено напојување со уред за преостаната струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од електричен удар.
3) Лична безбедност
a) Бидете внимателни, контролирајте што се случаува и со целосно внимание служете се со електричните апарати. Не користете ги електричните апарати кога сте уморни или под влијание на лекови,
алкохол или дрога. При растроеност, не користете го електричниот апарат бидејки може да предизвика тешки телесни оштетувања.
b) Користете заштитна облека. Секогаш ставајте заштитни очила. Носење на заштитна опрема како што се маска против прав, чевли против лизгање, заштитен шлем и заштита за уши го намалуваат ризикот од телесни повреди.
с) Избегнувајте нестандардизирани приклучоци. Проверете дали уредот е исключен пред да ја ставите батеријата, го зафаćате или транспортирате електричниот апарат. Транспортирање на електричниот апарат со прстот на прекинувачот , поставување на батеријата кога прекинувачот е во позиција „ON“ (включено) со леснотија доведува до инциденти.
d) Отстранете ги сите клучеви или алатки за регулација пред да го включите електричниот апарат. Ако некој клуч или алатка останат во контакт со некој ротирачки дел може да предизвика тешки телесни оштетувања.
e) Не губете рамнотежа. Секогаш имајте сигурна потпора и соодветна рамнотежа. На тој начин најдобро їе го контролирате електричниот апарат во непредвидени ситуации.
f) Облечете се соодветно. Не носете широки алишта или накит. Косата, облеката и ракавиците треба да се држат настрана од деловите што се движат. Широка облека, накит или долга коса може да се закачат за деловите во движење.
g) Ако имате уреди за поврзување на апарати за издвојување и собирање на нечистотии, проверете дали се поврзани и се користат на правилен начин. Употребата на овие апарати може да ги намали ризиците што се поврзани со нечистотиите.
h) Не дозволувајте слободата стекната од честата употреба на алатки да ви овозможи да бидете самоуверени и да ги игнорирате принципите за безбедност на алатката. Несовесно постапување може да предизвика сериозна повреда за дел од секундата.
4) Употреба и безбедносно ракување со електричниот апарат
a) Не прегревајте го електричниот апарат. Користете го електричниот апарат прилагоден на работните услови. Правилно користење на апаратот
обезбедува најдобра и најсигурна работа, според моćноста за која е создаден.
b) Не користете го електричниот апарат ако прекинувачот не е правилно поставен во позиција за включување или ислучување. Ако електричниот апарат не може да се вклучи со прекинувачот, тој е опасен за употреба и треба да се поправи.
с) Извадете ја батеријата од лежиштето пред наква било регулација или менување делови или пред складирање на апаратот. Овие безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на електричниот апарат.
d) Одложете го електричниот апарат кога не го користите подалеку од дофат на деца и не давајте апаратот да го користат лица што не се запознале со истиот и не го прочитале ова упатство. Електричните апарати се опасни во рацете на неискусни корисници.
e) Редовно извршувајте проверка на електричниот апарат. Проверете дали подвижните делови се наместени правилно и слободни за движење, дека не се оштетени и елиминирајте ја секоја друга можност што може да повлијае врз функционалноста на овој апарат. Во случај на оштетувања, електричниот апарат треба да се поправи пред повторна употреба. Многу инциденти се предизвикани заради невнимателно користење.
f) Користете го електричниот апарат и дополнителната опрема согласно дадените упатства, одржуваји ги работните услови и типот на работа што треба да се изврши. Употребата на овој електричен апарат за работи што се разликуваат од превидените може да предизвикаат опасни ситуации.
g) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и без масло и маснотии. Лизгави рачки и површини за фаќање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
5) Употреба и мерки на претпазливост при употреба на деловите за батеријата
a) Проверете дали апаратот е ислучен пред да ја ставите батеријата. Ставање батерија во включен електричен апарат може да предизвика инциденти.
b) Полнете само со полнач што го одредува производителот. Адаптираниот полнач за одредена група батерии може да доведе до ризик од пожар ако се користи за друга група батерии.
с) Користете електрични делови само со специфично утврдена група батерии. Употребата на каква било друга група батерии може да создаде ризик од повреди или инциденти.
d) Кога групата со батеријата не се користи, треба да се чува подалеку од други метални ситни предмети како спајалки, монети, шајки, игли, шрафови и други ситни метални предмети коишто може да создадат врска меѓу двете клеми. Создавањето врска меѓу клемите на батеријата може да предизвика изгореници или искри.
e) Ако е во лоша состојба, батеријата може да протече: избегнувајте секаков контакт. Ако има случаен контакт, исплакнете веднаш со вода. Ако течноста ви навлезе во очи, веднаш побарајте медицинска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика иритација на кожата и изгореници.
f) Не користете батерија или алатка која е оштетена или модифицирана. Оштетените или модифицирани батерии може да покажат непредвидливо однесување што резултира со пожар, експлозија или ризик од повреда.
g) Не изложувајте батерија или алатка на орган или прекумерна температура. Изложеноста на орган или на температура над 130 °C може да предизвика експлозија. ЗАБЕЛЕШКА. Температурата „130 °C“ може да се замени со температурата „265 °F“.
h) Следете ги сите упатства за полнење и не полнете ги батеријата или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температури надвор од одредениот опсег, може да ја оштети батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.
6) Помош
a) Електричниот апарат треба да го поправа квалификувано лице со примена на само оригинални резервни делови. На тој начин се одржува безбедноста на електричниот апарат.
b) Никогаш не сервисирајте оштетени батерии. Сервисирањето на батериите треба да го врши само производителот или овластени даватели на услуги.
2.2 БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ СПЕЦИФИЧНИ ЗА ЕЛЕКТРИЧЕН ГРАДИНАРСКИ РАЗДУВУВАЧ
Во долунаведените безбедносни предупредувања, поимот „машина“ може да биде заменет со алтернативни зборовни фрази (на пр. „градинарски раздувувач“, „градинарска смукалка“, „градинарски/а раздувувач/смукалка“ или „собирач на лисја“).
a) Не користете ја машината при лоши временски услови, особено доколку постои опасност од гром. На овој начин го намалувате ризикот да бидете погодени од гром.
b) Носете заштитни очила и заштита за ушите. Со носење соодветна заштитна опрема го намалувате ризикот од лична повреда.
ЗАБЕЛЕШКА 302 Делот за носење заштита за ушите од предупредувањето во точката погоре може опционално да се изостави, доколку измереното ниво на звучниот притисок во увото на операторот, во согласност со Анекс I, не надминува 85 dB(A).
с) При користење на машината секогаш носете заштитни чевли коишто не се лизгаат. Не користете ја машината со боси нозе или со отворени сандали. Ова го намалува ризикот од повреда на стапалата.
d) Не носете облека со опуштен крој, или додатоци нако марами, врвци, ланци, вратоврски, итн., коишто би можеле да бидат вовлечени во влезните отвори за воздух. Врзете ја косата назад, или покријте ја долгата коса, за да сте сигурни дека нема да ви биде вовлечена во влезните отвори за воздух. Ако некое од овие нешта се вовлече во влезните отвори за воздух, се зголемува и ризикот од лична повреда.
e) Не користете ја машината за дување нешта што горат или чадат, како на пр., цигари, щибрит или вжештена пепел. Ваквите запалливи извори го зголемуваат ризикот од орган.
f) Не допирајте го вентилаторот додека се движи. Исклучете ја машината и почекајте вентилаторот да запре со движење, пред да отстраните кој било дел што може да е поврзан со вентилаторот. Ова го намалува ризикот од повреда од делови што се движат.
g) При чистење на заглавен материјал или сервисирање на машината, проверете дали е ислучен прекинувачот за напојување. Неочекуваното активирање на машината при чистење на заглавениот
материјал или при сервисирање може да доведе до сериозни повреди.
Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исключете го моторот и оддалечете ја машината внимавајни да не предизвикате други оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината.
Продолжена изложеност на вибрации може да предизвика повреди и невроваскуларни нарушувања (познати и како „Рејнодов синдром“ или „бела рака“) особено кај оние што се изложени на циркуларни влијанија. Симптомите може да се покажат на рацете, на рачните зглобови или на прстите и се манифестираат со губење на осет, вкочанетост, чешање, болка, обезбојување и структурални промени на кожата. Овие ефекти може да се зголемат со ниски надворешни температури и / или од прекумерен притисок врз рачките. При појава на овие симптоми, треба да го намалите времето на користење на машината и да се советувате со лекар.
2.3 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.
a) За прекинување на работата на машината поради сервисирање, проверка, складирање или за промена на додаток, исключете го изворот со струја, одвоете ја машината од напојувањето и проверете дали сите делови што се движат потполно застанале.
b) Пред да почнете со проверка, нагодувања или складирање на машината, оставете ја да се олади.
с) Грижливо одржувајте ја машината и чувајте ја на суво место, надвор од дофат на деца.
d) Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. д) Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат. Секогаш користете оригинални резервни делови.
е) За намалување на ризикот од орган, не оставајте полни контејнери во затворен простор.
f) Некогаш не обидувајте се да ја оневозможите функцијата за заклучување на безбедносниот уред.
⚠️ Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство се максимальни вредности при употреба на машината. Употребата на елемент за косење којшто не е стабилен, движењето со преголема брзина, неодржувањето на машината, значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки за да елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава или значителни вибрации. Редовно одржувајте ја машината, носете слушалки против бучава и правете паузи во работата.
Следните безбедносни мерки ги опфаќаат безбедносните одредби коишто се претставени во даденото упатство за полначот на батеријата кое што се доставува со машината.
- Користете само полначи за полнење на батериите што ги препорачува производителот. Несоодветен полнач за батеријата може да предизвика електричен удар, прегревање или протекување на корозивната течност од батеријата.
- Користете само батерии со спецификации што се предвидени за вашиот апарат. Употреба на други батерии може да предизвика повреди и ризик од пламен.
- Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли, навртки и други мали метални предмети што може да предизвикаат краток спој на контактите. Краток спој на контактите на батеријата може да доведе до експлозија и пламен.
- Не користете го полначот за батеријата на места каде има гасови, запаливи супстанци или лесно запаливи површини, како што се хартија, ткаенина и слично. За време на полнењето, батеријата се загрева и може да предизвика орган.
- За време на транспорт на акумулаторите, обрнете внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и не користете метални кутии за транспорт.
2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на грағанските погодности и на просторот во кој живееме.
- Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување. Користете ја машината само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите лугето).
- Во текот на работата доаға до одредено распрскување на маслото во средината, кое пак е неопходно за подмачкување на синцирот. Заради тоа, користете само биоразградливи масла, специфични за вакво користење. Употребата на минерално масло или моторно масло предизвикува сериозни штети на околината.
- Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во губре, туку треба да се селектираат и да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање материјали.
- Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето.
- При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.

Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ 2012/19/UE, отпадот што се состоит од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во согласност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на екокомпатибилен начин. Ако електричните апарати се одложат на Губриште или на земја, штетните Costaјки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синцирот на исхрана, со што ће се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.

Откако ће ј помине рокот на употреба, извадете ја батеријата обрнувајки внимание на животната средина. Батеријата содржи материјал што е опасен за вас и за средината. Треба да се
извади и расклопи во засебен сад што може да содржи литиумски јони.

Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета на животната средина и ја намалува потребата за примарни материјали.
И покрај тоа што се почитувани сите безбедносни предупредувања, сепак може да се појават одредени други ризици кои не може да се исключат. Во однос на типот на конструкција на машината, можните предвидени опасности може да бидат:
- Исфрлање делови коишто може да ги оштетат очите;
- Повреди на ушите ако не се носи никаква акустична заштита.
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно преносен раздувувач за градини на батерии.
Генерално, машината се состоит од мотор којшто работи на вртежи за да произведе проток на воздух со голема моćност.
3.1.1 Предвидена употреба
Машината е дизајнирана и произведена за преместување и натрупување на листови, трева, различни остатоци со различна ограничена тежина и средни големини со раздувување.
3.1.2 Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба, поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):
- вшмукување или собирање на запаливи производи или кои претставуваат ризик од експлозија, врел јаглен или материјали што
горат без пламен, изгасени цигари, стаклени парчиња, остри делови, метални предмети, камења и сё друго што може да претставува опасност за безбедноста на управувачот со машината и на останатите,
- насочување на воздухот кон лица и/или животни,
- вметнување предмети во решетката за вшмукување,
- употреба на машината од страна на повеće луге.
ВАЖНО Несоодветната употреба на машината доведува до отфрлање на гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност на производителот, префрлувајки ги на корисникот произлезените обврски предизвикани од повреди или оштетувањата лично или на трети лица.
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за „домашна употреба“.
3.2 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ (Сл. 1)
A. Единица со моторот: овозможува движење на роторот.
В. Цевка на раздувувачот: елемент предвиден за излез на протокот на воздух.
С. Рачка: овозможува управување на машината.
D. Батерии (ако не се доставуваат со машината, видете го поглавјето 13, „Дополнителна опрема на барање“): уред што обезбедува енергија за ел. палење на моторот. Одликите на батеријата се опишани во засебно упатство.
E. Полнач за батерија (ако не се доставува со машината, видете го поглавјето 13, "Дополнителна опрема на барање"): уред што се користи за полнење на батеријата. Одликите на батеријата се опишани во засебно упатство.
F. Копче за ослободување на цевката за раздувувач.
G. Прекинувач за стартување/запирање
Н. Шини за прицврстување на сид
I. Основа за напојување
J. Отвор за предмети
К. Доставени навртки
ВАЖНО Машината работи само кога се ставени двете батерии.
ЗАБЕЛЕШКА
Батериите може да се полнат
директно на машината преку основата за напојување.
3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ (сл. 1)
- Име и адреса на производителот
- Тип на машина
- Ниво на акустична моїност
- Ознака за усогласеност
- Напон на напојување
- Година на производство
- Сериски број
- Код на производ
- Брзина без оптоварување
Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Користете ги дадените податоци
идентификација секојпат кога контактирате со овластен центар.
3.4 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ (Сл. 2)
машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно.

Пред да ја користите оваа машина, прочитајте го упатството за употреба.


Користете заштита за ушите и очите.

Да не се изложува на дожд (или на влага).

Внимавајте на можни исфрлувања на материјали коишто ги предизвикува протокот на воздухот коишто може да предизвикаат тешки повреди на лица и предмети.

Оддалечете ги сите лица или домашни животни најмалку 15 метри додека работи машината.

Извадете ја батеријата пред да извршувате каква и да било проверка, чистење или одржување/приспособување на машината.

ВНИМАНИЕ!
За батеријата и полначот за батерии, погледнете го приложениот прирачник.
ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или
не се читливи, треба да се заменат. Побар нови етикети од соодветен центар или од областениот сервисер.
4. МОНТИРАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба
да ги следите се дадени во погл. 2. Стро придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.
За потребите на складирање и транспорт, одредени компоненти на машината не се монтирани во фабриката, туку треба да се монтираат по вадење на амбалажата следејки ги следните упатства.
⚠️ Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејни секогаш соодветни алати. Не користете ја машината пред да завршите со сите постапки наведени во поглавјето „МОНТИРАЊЕ“.
4.1 РАСПАКУВАЊЕ
- Отворете го пакувањето внимателно за да не ги расфрлите деловите.
- Прочитајте ја документацијата во кутијата каде се наведени овие упатства.
- Извадете ги од кутијата сите делови што не се монтирани.
- Извадете ја машината од кутијата.
- Фрлете ги кутијата и амбалажата во согласност со локалните одредби.
⚠️ Пред да започнете со монтирање, проверете дали батериите не се поставени на своего место.
4.2 МОНТИРАЊЕ ОСНОВА ЗА НАПОЈУВАЊЕ (СЛ. 3)
ЗАБЕЛЕШКА Алатката може
да биде обесена на сидот.
Батериите може да се полнат директно на машината преку основата за напојување (Сл. 3.А).
ЗАБЕЛЕШКА Основата за напојување може
да се прицврсти на сидот (Сл. 3.В) (со доставените навртки, Сл. 1.К).
4.3 МОНТИРАЊЕ НА ШИНАТА ЗА ПРИЦВРСТУВАЊЕ НА СИДОТ (СЛ.4)
Штом ја поставите шината (Сл. 1. Н) на sidот (со доставените навртки), лизнете ја основата за напојување (Сл. 4.А) и отворот за предмети (Сл. 4.В)
4.4 МОНТИРАЊЕ / ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЦЕВКАТА НА РАЗДУВУВАЧОТ
- Порамнете ја цевката на раздувувачот (Сл. 5. В) со отворот на излезот за воздухот од моторната единица (Сл. 5.А) и свртете ја докрај за да се закачи цврсто.
ЗАБЕЛЕШКА
Монтирањето е правилно
кога крилцето (Сл. 5.Н) се заклучува во седиште.
- За да ја извадите цевката на раздувувачот (Сл. 5.В) притиснете го копчето за ослободување (Сл. 5.Ф).
ВАЖНО Запрете ја машината и секогаш вадете ги батериите (Сл.. 12) секојпат кога ће ја извадите цевката на раздувувачот.
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1 ПРЕКИНУВАЧ ЗА СТАРТУВАЊЕ/ ЗАПИРАЊЕ
Прекинувачот за палење/застанување (Сл. 6.А) има две функции:
- Стартување/запирање на машината со истовремено активирање/ деактивирање на вртењето на рото
- овозможува регулација на брзината на вртењето на роторот.
За да ја запалите машината, придвижете го прекинувачот од позицијата за застанување (Сл. 6.А.1) кон позицијата за палење (Сл. 6.А.2).
⚠️ Стартувањето на машината предизвинува истовремено и вртење на роторот.
За да ја застанете машината, придвижете го прекинувачот во позицијата за застанување (Сл. 6.А.1).
Брзината на вртење на роторот треба да се прилагоди на видот на работата (поглавје 6.4.1) и може да се регулира со движење на прекинувачот во саканата положба:
– позиција за палење (Сл. 6.А.2) за средна брзина на раздувувачот;
– позиција за голема брзина (Сл. 6.А.3) за максимальна брзина на раздувувачот.
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.
Пред секоја употреба, проверете ја состојбата на батеријата и дополнете ја следејки ги насоките посочени во упатството за батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА Машината работи само ако се ветнати двете батерии.
6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
⚠️ Секогаш извршувајте ги безбедносните контроли пред работа.
| Предмет | Резултат |
| Рачки (Сл. 1.С) | Чисти, исушени, правилно и цврсто фиксирани на машината. |
| Навртки на машината | Добро зашрафени (не разлабавени) |
| Отвори за воздух за ладење | Без пречки |
| Цевка на раздувувачот(Сл. 1.В) | Правилно поставена.Никаков знак наоштетување Без пречки. |
| Ротор Никаков знак на | оштетување |
| Батерија (Сл. 1.Д) Без никак | ви оштетувањана кукиштето и безпротекување на течност |
| Прекинувач застартување/запирање (Сл. 6.А) | Треба лесно да се движиод една во друга позиција |
| Машина Никаков знак на | оштетување илиизабеност.Нема чудни вибрации.Нема чудни звуци. |
6.2.2 Тестирање на работата на машината
| Дејство Резултат | |
| 1. Стартувајте ја машината (пасус 6.3). | Машината е стартувана и роторот се врти. |
| 1. Придвижете го прекинувачот во позицијата за застанување (Сл. 6.А.1). | 1. Прекинувачот треба лесно да се движи и машината треба да запре. |
⚠️ Ако некој од резултатите не е ист како што е посочено во табелата, не ја користете машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и поправка.
6.3 СТАРТУВАЊЕ
He стартувајте ја машината кога е во состојба на полнење.
- Заземете цврста и стабилна позиција.
- Уверете се дека цевката на раздувувают не е насочена кон присутни лица или отпад.
⚠️ Провереде дали прекинувачот за стартување/запирање (Сл. 6.А) е во позиција „А. 1“ - Вметнете ги батериите (Сл. 8) во одделот за батерии, притискајки ги докрај сё додека не слушнете звук на кликнување што ги блокира на место и обезбедува електричен контакт.
ЗАБЕЛЕШКА Машината работи само ако вметнати двете батерии.
- Придвижете го прекинувачот во позицијата за стартување (сл.9.A.2/ сл.9.A.3.).
⚠️ Стартувањето на машината предизвикува истовремено и вртење на роторот.
ЗАБЕЛЕШКА Стартувајте ја машината на рамна и цврста површина.
6.4 РАБОТА
⚠️ Во тенот на работата, машината треба секогаш треба да се држи цврсто со раката за рачката (Сл. 10).
ЗАБЕЛЕШКА За време на работата, батеријата е заштитена од комплетно празнење преку заштитниот уред кој што ја исклучува машината и ја блокира работата.
Секогаш треба да ја регулирате брзината на вртење на роторот во согласност со типот на материјалот што треба да се отстрани:
– средна брзина на раздувувачот (Сл. 9.А.2) за лесни материјали и мали жбунови на тревникот и за отстранување трева и лесни лисја на асфалт или цврст терен,
– Максимална брзина на раздувувачот (Сл. 9.А.3), за влажни лисја, потешки материјали, како свеж снег и големи губришта.
6.4.2 Совети за работа
- Се препорачува користење на машината на температура помеѓу -10°C и 60°C
- Напредувајте полека држејки го крајниот дел на цевката на раздувувачот на соодветно растојание од теренот (Сл. 10).
- За да избегнете раскршување на материјалот што треба да се отстрани, насочете го млазот на воздух околу страничните рабови на насобраниот материјал. Никогаш не насочувајте го млазот на воздухот кон центарот на насобраниот материјал.
6.5 ЗАПИРАЊЕ
За да ја застанете машината, придвижете го прекинувачот во позицијата за застанување (Сл. 11.А.1).
⚠️ Роторот продолжува да се врти неколку секунди дури и по запирањето на машината.
Секогаш запирајте ја машината кога се движите меѓу зони на кои се изведува работа.
⚠️ При преместување, ниногаш не држете ја раката врз прекинувачот за палењеза да избегнете случајно палење.
6.6 ПО УПОТРЕБАТА
- Извадете ги батеријата од лежиштето.
- Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија.
- Исчистете ја машината (пасус 7.3).
- Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте со овластен сервисер.
- Проверка на можни оштетувања на машината. Ако е потребно, контактирајте со овластен сервисен центар.
ВАЖНО Секогаш вадете ги батериите (Сл. 12) кога не ја користите машината или ја машината безнадзор, освен ако не се полни.
6.6.1 Отстранување на батериите
За да ги извадите батериите, притиснете го Ткопчето за блокирање за батеријата (Сл. 12.С).
7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.
⚠️ Пред да извршите наква било контрола, исчистете или интервенирајте кај одржувањето/регулацијата на машината:
- Запрете ја машината (пасус 6.5).
- Отстранете ги батериите (никогаш не оставајте ја батеријата внатре или во дофат на деца или неовластени лица).
- Погрижете се сите делови што се движат да бидат целосно запрени.
- Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија.
- Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.
- Прочитајте ги соодветните упатства.
ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација коишто не се опишани во ова упатство треба да се извршат кај застапникот или во овластен сервис.
7.2 БАТЕРИЈА
7.2.1 Автономија на батеријата
Автономијата на батеријата (што значи обработена површина пред повторно да биде потребно полнење) вообичаено е условена од активности на операторот, кој треба да избегнува:
– често стартување и запирање на машината во текот на работата,
– несоодветна брзина на вртењето на роторот за типот на материјалот што треба да се отстрани (пасус 6.4.1).
За оптимизирање на работниот век на батеријата, облатає се препорачува да ја поставите брзината на вртење на роторот да биде соодветна на типот на материјал што треба да се отстрани.
Во случај да сакате да ја користите машината за многу долга работа и користите стандардни батерии, може:
- да набавите други две стандардни батерии за да ги замените веднаш потрошените батерии без да треба да ја прекинувате работата;
- да набавите две батерии со поголема автономија во однос на стандардната батерија (пасус 13.1).
7.2.2 Полнење на батериите директно на машината (Сл. 13)
СБатериите може да се полнат директно на машината поврзувајки го конекторот (Сл. 13.А) со машината (Сл. 13.В) преку основата за напојување.
⚠️ Пред да ја полните машината, осигурајте се дека прекинувачот за палење е во позиција „А. 1“ (Сл. 6).
Машината може да биде обесена на сидот (сл.13):
- со прицврстување на основата за напојување директно на сидот (сл.13.1).
- со прицврстување на шината на која се лизга основата за полнење и држачот за предмети на сидот (сл.13.II).
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата се доставува со
заштита што го прекинува полнењето ако температурата во средината не е меѓу 0°C и 40°C.
ВАЖНО Батеријата може да се полни во8. СКЛАДИРАЊЕ
секој момент, дури и делумно, без ризик од оштетување.
Батериите се полнат делумно последователно, според дијаграмот:
| Фаза Батерија(сл.12) | Полнење |
| 1A (Д) 40% | |
| 2B (Л) 40% | |
| 3A (Д) 100% | |
| 4B (Л) 100% |
ЗАБЕЛЕШКА Делумното полнење овозможува да ја користите машината за завршување работата, без да треба да чекате целосно наполни.
ЗАБЕЛЕШКА Не вадете ги батериите додека машината се полни.
ЗАБЕЛЕШКА Не стартувајте ја машината кога е во состојба на полнење.
7.3 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
- За да го намалите ризикот од запалување, одржувајте ги машината без остатоци од лисја и гранки.
- Секогаш чистете ја машината по употребата со чиста и мокра крпа потопена во неутрален детергент.
- Отстранете ги сите траги на влага со мека и сува крпа. Влагата остава простор за ризик од електричен удар.
- Не користете абразивни детергенти и растворувачи да ги исчистите пластичните делови или рачките.
- Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.
- Одржувајте го роторот секогаш чист од прашина и остатоци коишто се раздувале со воздухот кон решетката. Не прскајте го роторот со вода.
- За да избегнете прегревање или оштетување на моторот и на батеријата, секогаш проверувајте дали решетката за воздух за ладење е чиста и без остатоци.
7.4 НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ
- Сите навртки и шрафови одржувајте ги соодветно зацврстени за да сте сигурни дека машината е безбедна за работа.
- Редовно проверувајте дали рачките се цврсто фиксирани.
8.1 СКЛАДИРАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога треба да ја складирате машината:
- Извадете ги батериите од лежиштето
- Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија.
- Исчистете ја машината (пасус 7.3).
-
Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте со овластен сервисер.
-
Складирајте ја машината:
_da^- во сува просторија;
– засолнета од лоши временски услови;
– и на место надвор од дофатот на децата;
– увервајки дека сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.
- Машината може да биде обесена на сидот. (Сл. 13.I-II)
ЗАБЕЛЕШКА Проверете дали sidот може да издржи товар од најмалку 20 kg.
8.2 ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Наполнете ги батериите (пасус. 7.2.2).
Батериите мора да се чувват во затворени простории без влага, на температура помегу:
• 0°C - 60°C до 1 месец
• 0°C - 45°C до 3 месеци
• 0°C - 25°C до 1 година
ВАЖНО Во случај на долготрајна
неактивност, полнете ја батеријата секои два месеци за да го продолжите работниот век.
9. ПРЕНЕСУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на машината потребно е:
- Запрете ја машината (пасус 6.5);
- Погрижете се сите делови што се движат да бидат целосно запрени;
- Извадете ги батеријата од лежиштето;
- Држете ја машината само за рачките и насочете ги цевките подалеку од машината за да не претставуваат пречка;
- Погрижете се дека со пренесувањето на машината нема дасе предизвика оштетување или повреда.
Кога ја носите машината со возило:
-
извадете ги цевките;
-
поставете ја на начин да не претставува опасност за никого.
Во ова упатство се дадени сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите активности за приспособување и одржување што не се споменати во ова упатство мора да ги изврши продавачот или специјализиран центар. Секоја операција што се извршува во несоодветни објекти или од страна на неквалификуван песонал їе ги поништи сите тврдења од гаранцијата и сите обврски и одговорности на производителот.
- Резервните делови и дополнителната опрема коишто не се одобрени, употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални ја нарушуваат безбедноста на машината и го ослободува производителот од секоја обврска или одговорност.
- Оригиналните резервни делови се набавуваат во сервисните центри или кај авторизираните застапници.
11. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Условите од гаранцијата се наменети само за потрошувачи, т.е. непрофесионални оператори. Гаранцијата ги покрива сите дефекти поврзани со квалитетот на материјалите и квалитетот на производството, што се утврдени за време на гарантниот период од страна на продавачот или специјализиран центар.
Примената на гаранцијата е ограничена на поправка или замена на наводниот дефектен дел.
Примената на гаранцијата е предмет на редовно одржување на машината.
Гаранцијата не ги покрива штетите настанати од:
- Незапознаеност со приложената документација (Упатството за употреба).
- Професионална употреба.
- Надворешна причина (гром, удар, присуство на туғи тела во внатрешноста на машината) или несреќен случај.
- Употребата и монтирањето што или не се правилни или производителот не ги дозволува.
- Несоодветно одржување.
- Модификации на машината.
- Користење резервни делови коишто не се оригинални (приспособливи резервни делови).
- Користење дополнителна опрема која не е одобрена ниту доставена од производителот.
Гаранцијата не покрива:
- Операции за одржување (опишани во упатството за употреба).
- Нормално абење на потрошните материјали.
- Нормално абење.
- Естетска истрошеност на машината како резултат на употребата.
- Дополнителни трошоци што настануваат при активирање на гаранцијата, како на пример пренесување на машината до објектот на корисникот, транспортирање на машината кај продавачот, изнајмување опрема за замена на делови или ангажирање надворешна компанија за сите одржувачки работи.
Корисникот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на корисникот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин на ниеден начин не се ограничени со оваа гаранција.
12. УТВРДУВАЊЕ ПРОБЛЕМ
Контактирајте го застапникот за помош ако проблемите не се решат откако сте ги направиле горепосочените операции.
| ПРОБЛЕМ МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ | ||
| 1. Го притиснавте копчето, но моторот не се стартува | Нема батерија или не е ставена правилно | Проверете дали батериите се правилно вметнати (пасус 6.3) |
| Празна батерија Проверувајте ја состојбата на наполнетости наполнете ги батериите ако е потребно (пасус 7.2) | ||
| Расипан прекинувач за стартување/запирање или оштетен раздувувач | Не користете ја машината. Веднаш застанете ја машината, извадете ги батериите и обратете се во сервисен центар. | |
| 2. Моторот се гаси во текот на работата | Батеријата не е правилно вметната | Проверете дали батериите се правилно вметнати (пасус 6.3) |
| Празна батерија Проверувајте ја состојбата на наполнетости наполнете ги батериите ако е потребно. (пасус 7.2) | ||
| 3. Роторот врти,но воздухот неизлегува од цевкатана раздувувачот | Цевката на раздувувачот е блокирана или затната | Запрете ја машината, извадете ги батериите и тргнете ги можните пречки. |
| 4. Има бучава и/или прекумерни вибрацииво текот на работата | Разлабавени или оштетени делови Запрете ја машината,извадете ги батериите и:– проверете ги оштетувањата,– проверете дали деловите се разлабавиле и затегнете ги,– обезбедете замена или поправка на оштетените делови со резервни делови со соодветни карактеристики. | |
| 5. Машината испуштачад во текот наработата | Раздувувачот е оштетен. Не користете ја машината.Веднаш застанете ја машината,извадете гибатериите и обратетесе во сервисен центар. | |
| 6. Автономијатана батеријата енезадоволителна | Условите за работа се многу тешки и бараат поголемапотрошувачка на енергијата | Оптимизирајте ја работата (пасус 7.2) |
| Батеријата не е доволназа работниките потреби | Користете батерии со поголема автономија (поглавје 13) | |
| Намален капацитет на машината Купете нови батерии | ||
| 7. Полначот не јаполни батеријата | Батериите не се правилно вметнативо полначот или приклучокот не е правилно поврзан со машината | Проверете дали поставеноста е точна (пасус 6.3) |
| Условите во средината заработа не се соодветни | Включете го полнењето во срединасо соодветна температура (видете го упатството за употреба за батеријата/полначот за батеријата) | |
| Нечисти контакти | Исчистете ги контактите | |
| Нема напон кај полночат на батеријата | Проверете дали приклучокот е вметнати дали има довод на ел. енергија | |
| Полначот на батеријата има дефект | Заменете го дефектниот дел со оригинален | |
| Батеријата е прежешка или престудена. | Доведете ја батеријата на амбиентална темпераура од 0 до 40°C | |
| Ако проблемот не исчезне, проверете го упатството за батеријата / полночат за батеријата | ||
13. ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА НА БАРАЊЕ
13.1 БАТЕРИИ (СЛ. 14)
Има батерии со различен квалитет наменети за одредени работни задачи.
Списокот со батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наога во табелата „Технички податоци“.
13.2 ПОЛНАЧ ЗА БАТЕРИЈА (СЛ. 15)
Има разни уреди за полнење на батериите.
Списокотсо полначи за батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наога во табелата „Технички податоци“.
INDEX
- ALGEMEEN.... 1
- VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN....1
-
LEER DE MACHINE KENNEN 6
3.1 Beschrijving machine en beoogd gebruik.....6
3.2 Hoofdonderdelen (Afb. 1)....6
3.3 Identificatielabel product (Afb. 1)....6
3.4 Veiligheidssignalen (Afb. 2) ...... 7 -
MONTAGE....7
4.1 Uitpakken 7
4.2 DE OPLAADBASIS monteren (Afb. 3)......7
4.3 DE RAIL VOOR MUURBEVESTIGING monteren (Afb. 4)....7
4.4 Montage / demontage van de BLAAS-ZUIGBUIS 8 -
BEDIENINGSELEMENTEN....8
5.1 SCHAKELAAR START/STOP 8
- GEBRUIK VAN DE MACHINE....8
МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.