Combi 1066 HQ - Трактор STIGA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Combi 1066 HQ STIGA во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Трактор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Combi 1066 HQ - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Combi 1066 HQ на марката STIGA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Combi 1066 HQ STIGA
- УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА ВНИМАНИЕ: прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината.
[5] Свеќичка [6] Растојание помеѓу електродите [7a]
[7b] Ова мерење на CO₂ е резултат на тестирање преку фиксен циклусен тест во лабораториски услови на (матичен) мотор кој е претставен на типот на моторот (фамилијата на моторот) и не треба да имплицира ниту да изразува каква било гаранција за изведбата на одреден мотор.
5.1.1 Проверка на нивото на масло
Во текстот на упатството, некои параграфи со информации од особена важност поради поголема сигурност и подобро функционирање се евидентирани на различен начин, според следниот критериум: ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО прецизира или наведува други елементи за претходно назначеното со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета. Симболот нагласува опасност. Непочитувањето на ова предупредување создава можност за лични повреди или на трети лица и/или штети.
Фигурите во ова упатство се нумерирани 1, 2, 3, и така натаму Компонентите назначени во фигурите се одбележани со буквите A, B, C, и така натаму. Тоа што се однесува на еден дел на фигурата C во фигурата 2 е покажано со зборовите: “Да се погледне фигурата 2.C” или едноставно “(Фиг. 2.C)”. Фигурите се индикативни, претставените делови може да се разликуваат од ефективните.
Упатсвото е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на параграфот “2.1 Вежбање” е поднаслов на “2. Сигуроносни норми”. Деловите кои се однесуваат на наслови или параграфи се означени со кратенките пог. или пас. и со соодветниот број. Пример: “пог. 2”или “пас. 2.1”. ВНИМАНИЕ!: ПРЕД УПОТРЕБА НА МАШИНАТА, ПРОЧИТАЈТЕ ГО ВНИМАТЕЛНО СЛЕДНОВО УПАТСТВО. Да се сочува за понатамошни потреби.
4.1 НАРЕДБА ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ .............. 5
5.5 ИСКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ ЗА
ВРЕМЕ НА РАБОТАТА ......................... 6
5.6 ИСКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ НА
6.3 МЕНУВАЊЕ НА МАСЛО ..................... 7
6.5 ОДРЖУВАЊЕ НА ВОЗДУШНИОТ
ФИЛТЕР ............................................... 8
6.6 КОНТРОЛА И ОДРЖУВАЊЕ НА
Да се прочитаат вниматнелно упатствата за употреба пред ракување со машината. Да се здобие со познавање на наредбите и со соодветно користење на машината. Да се научи брзо запирањето на моторот. Непочитувањето на предупредувањата може да предизвика пожари и/ или тешки повреди. Да се зачуваат предупредувањата и упатствата за употреба за идна консултација.
- Да не се дозволи никогаш со машината да управуваат деца или лица кои немаат доволно искуство со управувањето. Локалните закони може да предвидат минимална возраст за управување со машината.
- Да не се користи никогаш машината доколку корисникот е уморен или болен, или доколку има конзумирано лекови, дргоги, алкохол или супстанции штетни за рефлексите и вниманието.
- Да се има во предвид дека корисникот е одговорен за несреќи и непредвидени ситуации кои може да се утврдат на трети лица или на нивниот имот.
2.2 ПРЕЛИМИНАРНИ ОПЕРАЦИИ
Додатоци за индивидуална заштита (DPI)„скр„
- Да не се користи машината без соодветна работна облека.
- Да не се облекува широка облека, врвци, накит или др предмети кои би можеле да се заплеткаат; Долгата коса да се собере и да се задржи сигурносната дистанца за време на стартот.
- Да се носат заштитни слушалки. Простор за работа / Машина
- Пред стартирање на моторот осигурајте се дека сите команди за движење на делови од машината се исклучени. Рафални мотори: гориво
- Предупредување: горивото е високо запаливо средство. Управувајте внимателно! – Чувајте го горивото во соодветни садови. – Полнењето на гориво да се изведува користејќи инка, на отворен простор и да не се пуши за време на овие операции. – Полнењето со гориво да биде завршено пред палење на моторот. Не го отварајте капакот на резервоарот за време на работа на моторот или доколку моторот е топол. – Доколку ви излезе надвор гориво немојте да го стартирате моторот. туку однесете ја машината подалеку од просторот во кој ви излегло горивото и исчистете го секој траг од гориво на машината и на теренот. – Капакот на резервоарот или садовите за гориво да се затвори до крај. – Да се избегнува истекувањето на горивото на работната облека и во спротивно да се смени истата пред палење на моторот.
- Не ја користете машината во ризични амбиенти во присуство на лесно запаливи гасови и прашина. Електричен контакт или механичко триење можат да предизвикаат палење на прашината или на издувната пареа.
- Не го палете моторот во затворен простор каде што може да се акумулира јаглерод моноксид. Операцијата на стартување треба да се одвива на отворен простор или во простории со провев. Не заборавајте дека издувните гасови можат да бидат токсични.
- Оддалечете ги лицата децата и животните од работниот простор. Не може да се чуваат деца додека се користи на машината, тие треба да бидат чувани од друго лице.
- Пред поправка, чистење, преглед, регулирања да се искчлучи моторот и откачи кабелот на свеќичката (Со исклучок на различни индикации наведени во упаствата).
- Да не се допираат деловите на моторот при работа бидејќи се топли, постои ризик од изгореници. Ограничувања на употребата
- Да не се користи машината доколку заштитата е недоволна или пак додатоците се несоодветно наместени.
- Да не се отстрануваат или манипулираат присутните сигурносни системи3
- Да не се изменуваат функциите на моторот ниту пак да се турира. Доколку моторот работи со претеран број на вртења ризикот од повреди се зголемува.
- Не користете течности за стартување ниту нешто слично.
- Да не се навалува настрана до точка која може да предизвика излегување на горивото од капачето на резервоарот на моторот.
- Моторот не смее да работи без свеќички.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ГАРАЖИРАЊЕ
И ТРАНСПОРТ Регуларно изведено одржување и соодветно гаражирање се мерки за безбедност за машината. Расипаните делови треба да се менуваат а никако да не се поправаат. Користете само оригинални делови:користењето на неоригинални делови или неточно монтирање на истите доведува до зголемени повреди и несреќи и го ослободува производителот од било каква обврска.
- Во случај да треба да се испразни резервоарот, извршете го празнењето на отворено и при студен мотор.
- Контролирајте редовно да не има губење на масло и/или гориво за да се намали ризикот од пожари.
- Не оставајте гориво во резервоарот доколку машината е гаражирана во зграда каде испарувањата од горивото може да допрат во контакт со оган, искри или извори на топлина.
- Машината да се излади на отворено пред гаражирањето.
- Транспортирањето треба да се врши со празен резервоар.
Заштитата на животната средина треба да е приоритетна и релевантна при користењето на машината,во корист на меѓучовечкиот соживот и средината во која живееме.
- Избегнувајте да го вознемирувате соседството.
- Почитувајте ги локалните правила за исфрлање на обвивки, масла, горива, филтри, распаднати делови или било каков елемент со висок еколошки импакт; овие отпадоци не се фрлаат во ѓубре, туку треба да бидат разделени и да се достават до соодветни центри за собирање на истите, кои ќе се погрижат за рециклирање на истите.
- Кога машината ќе престане да работи не ја оставајте било каде во животната средина, туку обратете се во центар за собирање на машини од овој вид.
Процесот на согорување генерира токсични супстанци, како на пр. јаглерод моноксид, азотни оксиди и јаглеводород. Важно е да се контролираат овие супстанци затоа што може да реагираат со фотохемиски смог, како и со директна изложеност на сончева светлина. Јаглерод моноксид не реагира на ист начин на изложеност на сончева светлина, но сепак може да се смета како токсичен. Нашите машини се опремени со системи за намалување на емисијата за супстанците наведени погоре.
3. ПОЗНАВАЊЕ НА МАШИНАТА
3.1 ОПИС И УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
Машината претставува рафален мотор. Моторот е инструмент чија изведба, регуларното функционирање и траење зависат од многу фактори надворешни и други, поврзани за квалитетот на користените производи и регуларноста на одржувањето. Во продолжетокот се изложени информации за поголема долготрајност на машината. Секоја различна употреба од горенаведената може да биде опасна и/или да предизвика штети на лица или предмети. ВАЖНО Со несоодветна употреба на машината се губи гаранцијата и се ослободува производителот од било какви трошоци за штети или повреди, лични или спрема трети лица.
3.1.1 Тип на корисник
Машината е наменета за широка потрошувачка, односно за непрофесионални потрошувачи. Наменета е за корисници во хоби.4
3.2 СИГУРНОСНА НАЗНАКА
На машината се присутни разни симболи . Нивната фунција е да го потсетат корисникот на неопходноста од внимателна употреба. Значење на симболите: ВНИМАНИЕ! Ауспухот е топол. Не допирај. ВНИМАНИЕ! Наполнете масло до нивото «MAX».Не полнете повеќе од нивото «MAX».
3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Напишете го производствениот бр. (S/n) „скр„ на машината на предвидената етикета од задната страна на обвивката.
3.4 ДЕЛОВИ НА МОТОРОТ
Машината се состои од следните главни делови (фиг. 1 ). A. Капаче за полнење масло со стапче за ниво B. Карбуратор C. Капаче на воздушниот филтер D. Капаче на свеќичката E. Производствен број на моторот
3.5 АМБИЕНТАЛНИ УСЛОВИ
Функционирањето на ендотермичниот мотор во четири времиња е условено од: a) Tемпература: – На ниски температури може да има потешкотии при палење на ладно. – Работејќи на високи температури може да има потешкотии при палење на топло поради испарување на горивото. – Во кадичката на карбураторот или пумпата. – Во секој случај да се прилагоди употребата на масло на надворешните температури. b) Надморска висина: – Максималната моќ на ендотермичниот мотор се намалува со зголемување на надморската висина. – Со значително зголемување на надморската висина треба да се намали користењето на моторната моќ.
Добриот квалитет на горивото е основа за пра- вилна работа на моторот. Горивото треба да ги исполнува следните по-
10%. в) Не додавајте масло. г) Додајте стабилизатор на горивото за да го заштитите системот на согорување од соз- давање смолест талог. Употребата на несоодветно гориво ќе ги оштети деловите на моторот и ќе ја поништи гаранцијата
ЗАБЕЛЕШКА Да се користи гориво наведено во техничката табела. Да не се користат други видови гориво. Можно е користење на еколошки горива,како на пример алкилиран бензин.Составот на овој бензин има понизок еколошки импакт врз луѓето и животната средина. Не се покажани негативни ефекти со користење на истата. Сепак постојат многу видови еколошки горива па неможе да се дадат прецизни индикации за ефектите од нивното користење.
Користете масла со добар квалитет, бирајќи го степенот во функција од температурата нивната употреба.
- Да се користи само масло за чистење со квалитет не понизок од SF-SG.
- Да се одбере степен на вискозност SAE врз основа на техничката табела.
- Користење на повеќестепено масло може да придонесе до поголемо конзумирање во топлите периоди, во тој случај проверувајте го почесто нивото на масло.
- Не мешајте масла со ралични карактеристики и од различни марки.
- Користењето на масло SAE 30 на температури пониски од +5°C може да го оштети моторот поради неадекватна лубрификација.
Ефикасноста на воздушниот филтер е потребна за да се избегне5 влегувањето на честички или прашини во моторот намалувајќи го траењето и функционалноста на истиот.
- Одржување на филтрирачкиот елемент без честички и ефикасен (пас. 6.5).
- Доколку е потребно да се замени филтрирачкиот елемент со оригинален дел; Некомпатибилни делови можат да ја компромитираат трајноста и ефикасноста на моторот.
- Не го пуштајте моторот без коректно монтиран филтер.
Постојат многу видови свеќички за ендотермични мотори.
- Користете свеќички од назначениот тип со точен термички степен.
- Внимание на должината на конецот; подолг конец може неповратно да го оштети моторот.
- Да се контролира чистотата и соодветното растојание помеѓу електродите (пас. 6.6).
4.1 НАРЕДБА ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ
Го регулира бројот на обрти на моторот. Наредбата за забрзување (обично со полуга /менувач), е монтирана на машината и е поврзана за моторот со кабел. Консултирајте го упатството за да ја препознаете полугата на менувачот и нејзините позиции обележани со знаците:
- FAST= Највисока брзина; да се користи за време на работата.
- SLOW = најниска брзина.
- CHOKE = да се користи при ладно палење (каде што е предвидено)
Добро е пред секоја употреба на моторот да се изврши контрола поради проверка на исправното функционирање на истиот.
5.1.1 Контрола на нивото на масло
1. Наместете ја машината на рамно.
2. Исчистете околу капачето.
3. Одвртете го капакот (фиг. 2.A),
исчистете го крајниот дел на стапчето за ниво (фиг. 2.B) внесете го потпирајќи го капачето на отворот, како што е покажано без завртување.
4. Извадете го капакот со стапчето и
контролирајте го нивото на масло кое треба да се наоѓа помеѓу двете цртички «MIN» и «MAX».
5. Да се наполни со масло доколку е
потребно со истиот капак до нивото «MAX», внимавајќи да не излезе надвор од отворот за полнење.
6. Завртете го капакот до крај (фиг. 2.A)
и исчистете ги трагите од масло. ЗАБЕЛЕШКА Полнете постепено додавајќи мали количини масло, контролирајќи го нивото на маслото на секое дополнување. Не смее да се полни над нивото «MAX»; преполнување со масло може да предизвика:
- чадливвост на издувните гасови;
- контаминација на свеќичката или филтерот за воздух со последователни потешкотии во стартирањето. ЗАБЕЛЕШКА Во врска со видот на масло за користење придржувајте се до техничката табела.
5.1.2 Проверка на воздушниот филтер
Ефикасноста на воздушниот филтер е услов за коректно функционирање на моторот; да не се пали моторот доколу елементот недостига или е скршен.
1. Исчистете ја површината околу
филтерот (фиг. 3.A).
2. Извадете го капакот (фиг. 3.A) одвртувајќи
го соодветното копче(фиг. 3.B).
3. Проверете ја состојбата на филтерот
(фиг. 3.C), кој треба да биде целосен, чист со перфектна ефикасност, доколку не е така потребно е да се смени филтрирачкиот елемент (пар. 6.5).
4. Намонтирајте го капакот (фиг. 3.A).
5.1.3 Снабдување со гориво
Операцијата на полнење гориво е објаснета во прирачникот на машината овде само ќе се повикаме на истата. За да наполните гориво:6
1. Одвртете го капакот и отстранете го.
3. Наполнете гориво и отстранете ја инката.
4. На крајот на полнењето затворете
го убаво капакот и исчистете ги евентуалните траги од гориво. ВАЖНО Избегнувајте да истурате гориво врз пластичните делови на моторот за да не се оштетат, и веднаш исчистете го секој траг на гориво од нив. Гаранцијата не ги покрива штетите на пластиката предизвикани од гориво.
5.1.4 Капак на свеќичката
Поврзете го цврсто капакот (фиг. 4.A) на кабелот на свеќичката (фиг. 4.B), внимавајќи да нема траги од нечистотија врз крајот на свеќичката.
5.2 ПАЛЕЊЕ НА МОТОРОТ (ЛАДНО)
Палењето на моторот треба да биде според инструкциите во Упатството за употреба, имајќи го предвид секогаш предупредувањето да се исклучат сите уреди (доколку е предвидено) во состојба да ја придвижат машината или да го исклучат моторот.
1. Наместете ја полугата во позиција
«CHOKE» (ако е присутна) или на позиција «FAST».
2. Свртете го клучот за палење на моторот
како што е објаснето во инструкциите на Упатството за употреба. После неколку секунди, вратете ја постепено полугата во позиција «CHOKE» (ако е присутна) во позиција «FAST» или «SLOW».
5.3 ПАЛЕЊЕ НА МОТОРОТ (ТОПЛО)
Следете ја целата процедура на ладно палење со забрзувачот во позиција «FAST».
5.4 УПОТРЕБА НА МОТОРОТ ЗА
ВРЕМЕ НА РАБОТАТА Поради оптимизирање на моќта и изведбата на моторот, потребно е користење на најголема брзина со менувачот на позиција «FAST». ВАЖНО Не работете на наклон поголем од 20° за да не се расупе моторот.
5.5 ИСКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ
ЗА ВРЕМЕ НА РАБОТАТА
1. Донесете го менувачот во
2. Оставете го моторот да работи
барем 15-20 секунди.
3. Исклучете го моторот според
инструкциите на Прирачникот за користење на машината.
1. Наместете го менувачот на
2. Оставете го моторот да работи
барем 15-20 секунди.
3. Исклучете го моторот според
инструкциите на Прирачникот за користење на машината.
4. На исклучен и оладен мотор,
извадете го капакот (фиг. 4.A) на свеќичката и извадете го клучот (дококлу е предвидено).
5. Отстранете ги сите наталожени
честички од моторот посебно од зоната на пригушувачот на ауспухот, за да се намали ризикот од пожар.
- Се преферира чистење со млаз на воздух под притисок (максимум 6 bar) внимавајќи да не влезат во внатрешниот дел на моторот честички и прашина.
- Оставете ја машината (и моторот) на суво, заштитено од невреме и соодветно проветрено место.
5.8 ПРОДОЛЖЕНО НЕКОРИСТЕЊЕ
Во случај на предвидено некористење на моторот повеќе од 30 дена (пр. на крајот од сезоната) потребно е да се преземат мерки за безбедност до следното користење.
- Празнење на резервоарот за да се спречи формирање на талог, одвртувајќи го капачето (фиг. 5.A) на кадичката на карбураторот празнејќи го горивото во соодветен сад. На крајот од операцијата да се заврти капакот (фиг. 5.A) затворајќи го до крај.
- Отстранете ја свеќичката и ставете во отворот за истата околу 3 cl на чисто моторно масло, потоа држејќи го отворот затворен со крпа, вклучете го7 на кратко моторот да работи за да се дистрибуира маслото на внатрешната површина на цилиндерот. На крајот намонтирајте ја свеќичката, без да се поврзе капачето со кабелот.
Секое настојување да се смени системот за контрола на емисијата може да ги зголеми нивоата на емисија над законските лимити. Оваа дефиниција вклучува отстранување или менување на делови, како на пр. системот за довод, системот за гориво и издувниот систем.
Мерките за безбедност за следење при операции на одржување се опишани во параграфот 2.4. Сите контроли и интервенции да се извршуваат со исклучен мотор додека машината е во мирување . Исклучете ја свеќичката и прочитајте ги соодветните инструкции пред секоја интервенција за чистење и одржување. Носете адекватна работна облека, ракавици и очила при одржувањето.
- Видовите на интервенции и нивното повторување се наведени во “Табела за одржување”.
- Користењето на неоригинални делови и додатоци може да има негативни последици врз фунционирањето и сигурноста на машината. Производителот одбива секаква одговорност за штети предизвикани од споменатите производи.
- Оригиналните делови се обезбедени од работилниците за сервисирање и овластените препродавачи. ВАЖНО Сите операции кои не се опишани во овој прирачник треба да бидат изведени од вашиот продавач или од специјализиран Центар.
6.2 ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊА
ВАЖНО Сопственикот е одговорен за одржување на машината, како што е опишано во долунаведената табела. ВАЖНО Да се чисти почесто кога се работи во особено сложени услови или кога има честички во воздухот. ЗАБЕЛЕШКА Филтрите треба да се чистат / менуваат почесто, доколку машината се користи на правлива површина.
Малку prvite 5 дома Во секој 5 дома posle sekoja upotreba Во секој 50 дома ili na na kraj sezona Во секој 100 дома Контрола на нивото на масло (пас. 5.1.1)
Шистење на пригушувачот на моторот (пас. 7)
Контрола и чистење на воздушниот
Менување на воздушниот филтер (пас. 8)
Контрола на свеќичката (пас. 9)
Менување на свеќичката (пас. 9
Контрола на филтерот
Да се менува маслото на секои 25 часа ако моторот работи со полна ефективност или на високи температури.
Да се чист почесто воздушниот филтер во случај на работење на машината во области полни со прашина.
Да се изведе во специјализиран Центар.
6.3 МЕНУВАЊЕ НА МАСЛО
Во врска со видот на масло да се придржува до табелата со технички податоци. Испуштањето на масло да се изведува на топол мотор, внимавајќи да не се дојде во контакт со моторот или испуштеното масло.8 Доколку не постојат различни инструкции во Прирачникот за користење на машината, за менување на маслото е потребно:
1. Да се намести машината на рамно.
2. Да се исчисти пределот околу капачето,
да се одврти капакот со стапче (фиг. 6.A).
3. Да се внесе млазницата на соодветниот
шприц (фиг. 6.B) во резервоарот за масло и да се вшмука целата содржина.
4. Да се наполни со ново масло (пар. 5.1.1).
6.4 6.4 ЧИСТЕЊЕ НА ПРИГУШУВАЧОТ
И НА МОТОРОТ Чистењето на моторот и пригушувачот се изведува на ладен мотор.
- Преку млаз на компримиран воздух (фиг. 7.A), одстранете ги од пригушувачот и од неговата обвивка талози или нечистотија што може да предизвика пожар.
- Да се внимава на излезите на воздух за ладење да бидат проодни (фиг. 7.A).
- Пластичните делови да се исчистат со сунѓер со вода и детергент (фиг. 7.B).
1. Исчистете ја зоната околу капачето
(фиг. 8.A) на филтерот.
2. Извадете го капакот (фиг. 8.A)
одвртувајќи го навртокотнад истиот.
3. Отстранете го филтрирачкиот
елемент (фиг. 8.B + 8.C).
4. Отстранете го предфилтерот
(фиг. 8.C) полначот (фиг. 8.B).
5. Исчукајте го филтерот (фиг. 8.B) врз
цврста површина од внатрешната страна за да се отстрани прашината и честичките.
6. Измијте го предфилтерот со сунѓер
(фиг. 8.C) со вода и детергент и оставете го да се исуши на воздух. ВАЖНО Не користете вода, бензин, детергенти за чистење на полначот. ВАЖНО Предфилтерот (фиг. 8.C) со сунѓер НЕ треба да биде замастен.
1. Исчистете го седиштето на филтерот
(фиг. 8.D) од прашина и талози, притоа затворајќи го одводот за вшмукување со крпа (фиг. 8.E) за да се избегне нивното влегување во моторот.
2. Отстранете ја крпата (фиг. 8.E),
наместете го филтрирачкиот елемент(фиг. 8.C + 8.B) во седиште и намонтирајте го капакот (фиг. 8.A)
6.6 КОНТРОЛА И ОДРЖУВАЊЕ
1. Одмонтирајте ја свеќичката (фиг. 9.A)
со клучот во вид на цевка (фиг. 9.B).
2. Исчистете ги електродите (фиг. 9.C)
со метална четка за отстранување на евентуални јаглени талози.
3. Контролирајте го со мерач (фиг.
9.D) соодветното растојание помеѓу електродите (0,6 - 0,8 mm).
4. Намонтирајте ја свеќичката (фиг.
9.A) и затворете ја до крај со клуч во вид на цевка (фиг. 9.B). Заменете ја свеќичката доколку се прегорени електродите или порцеланот е скршен или напукната. Внимание Пожар! Не го проверувајте уредот за палење доколку свеќичката не е во седиште. ВАЖНО Користете свеќички од препорачаниот вид (види Техничка табела).9
Недостиг на гориво Проверете и наполнете (кап. 5.1.3) Старо гориво или талог во резервоарот Испразнете го резервоарот и ставете свежо гориво Несоодветна процедура на палење Изведете го палењето на соодветен начин (пар. 5.2 и пар. 5.3) Неповрзнана свеќичка Проверета го капакот на свеќичката дали е добро затворен (пар. 5.1.4) Влажна свеќичка, нечисти електроди или несоодветно растојание на електродите Проверка (пар. 6.6) Затнат воздушен филтер Проверка и чистење (пар. 6.5) Несоодветно масло за сезоната Замена на масло со соодветно (пар. 6.3) Испарување на гориво во карбураторот (vapor lock) поради високи температури Почекајте извесно време и обите се повторно да запалите (пар. 5.3) Проблеми при карбурирање Обратете се во Овластен центар за сервисирање Проблеми при палење Обратете се во Овластен центар за сервисирање
функционирање Нечисти електроди на свеќичката или несоодветно растојание на електродите Проверка (пар. 6.6) Капакот на свеќичката е неправилно поставен Проверете дали капакот на свеќичката е правилно поставен (пар. 5.1.4) Затнат воздушен филтер Проверка и чистење (пар. 6.5) Наредба на менувачот во позиција «CHOKE» (доколку е присутен) Наместете го менувачот во позиција «FAST» Проблеми при карбурирање Обратете се во Овластен центар за сервисирање Проблеми при палење Обратете се во Овластен центар за сервисирање
3. Губење на моќта за
време на работа Затнат воздушен филтер Проверка и чистење (пар. 6.5) Проблеми при карбурирање Обратете се во Овластен центар за сервисирање Доколку проблемот продолжува и по употреба на опишаните решенија обратете се на вашиот продавач.1
Notice-Facile