EasyShear - Градинарски ножици BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот EasyShear BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Градинарски ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник EasyShear - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. EasyShear на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК EasyShear BOSCH
Безбедносни напомени Значење на симболите Прочитајте го упатството за
Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од исфрлените парчиња. Предупредување: Одржувајте безбедно растојание од уредот додека работи. Не употребувајте го производот кога врне и не оставајте го на дожд. Предупредување: Сечилото работи и по гасењето на уредот! Држете ги рацете понастрана од
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. Bosch Power Tools F 016 L81 893 | (09.12.2019)164 | Македонски u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се F 016 L81 893 | (09.12.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 165 предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни правила за електричните ножици за жива ограда u Чувајте ги сите делови на своето тело подалеку од сечилото. Не обидувајте се да ги отстраните заглавените отпадоци од сечилото додека машината е вклучена. Сечилото се движи и по гаснењето на моторот. Еден момент на невнимание при работа со електричните ножици за жива ограда може да резултира со тешки повреди. u Ножиците за режење држете ги за рачките додека сечилото мирува и внимавајте да не го притиснете копчето за вклучување. Внимателното држење на ножиците го намалува ризикот од случајно вклучување и повредите кои можат да настанат како последица од тоа. u Кога ги пренесувате или складирате електричните ножици секогаш ставете ја заштитната футрола. Внимателното ракување со машината го намалува ризикот од повреда. u Бидете сигурни дека прекинувачот е згаснат и кабелот исклучен кога сакате да отстраните заглавена пречка од уредот. Случајното вклучување на ножиците при отстранување заглавена пречка може да доведе до тешки последици. u Држете ги ножиците само за изолираните рачки, зошто сечилото може да дојде во допир со скриени електрични инсталации. Контактот на сечилото со кабли може да ги наелектризира металните делови на пилата и да доведе до струен удар на ракувачот. u Сите струјни кабли чувајте ги понастрана од полето на режење. Во грмушките кои ги режете може да има скриени струјни кабли и жици и така случајно сечилото од ножиците да дојде во контакт со нив. u Не користете ги ножиците при невреме, особено кога постои опасност од грмотевици. Со тоа ќе ја намалите веројатноста да Ве удри гром. Безбедносни напомени за тримерот за грмушки и трева u Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со ограничени физички, сензорни или душевни можности, со недостаток на искуство и знаење, освен ако не им се обезбедени соодветни инструкции или надзор за Bosch Power Tools F 016 L81 893 | (09.12.2019)166 | Македонски употреба на машината од страна на личност одговорна за нивната безбедност. Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
u Никогаш не дозволувајте им на деца и луѓе кои не се запознаени со овие инструкции да го користат уредот. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот. Чувајте го производот вон дофат на деца кога не го употребувате. u Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други луѓе или имот. u Не користете ја машината кога во непосредна близина има луѓе, а особено деца или животни. u Не работете при лоши временски услови, посебно кога постои ризик од грмотевици. u Користете ја машината само по дневна светлина или под добро осветлување. u Проверете да се поставени и прицврстени сите заштитни капаци и штитници. Пред употреба спроведете ги сите неопходни проверки и поправки. u Вклучете го моторот само кога нозете и рацете Ви се понастрана од сечилото. u Чувајте ги стапалата и рацете подалеку од сечилото. u Не допирајте или вметнувајте никакви проводни предмети (како одвртувачи или слично) во микро- УСБ-приклучокот за полнење. u Уредот содржи батерија, којашто не е менлива. Безбедносни напомени за полначи u Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени физички, сензорни или психички ограничувања и/или недостаток на знаење или на личности незапознаени со ова упатство да го употребуваат уредот. Државните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот. u Надгледувајте ги децата. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со полначот. u Полначот држете го подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во полначот го зголемува ризикот од електричен удар. u Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар. u Пред секоја употреба на уредот, проверете го УСБ- кабелот. Ако утврдите штета, не употребувајте го уредот. Никогаш не отворајте го полначот сами. Сите поправки мораат да се вршат во Бош сервисен центар. Оштетените полначи и УСБ-кабли го зголемуваат ризикот од струен удар. u Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) односно во запалива околина. Постои опасност од пожар заради затоплувањето на уредот што произлегува при
u При оштетувања на уредот може да дојде до испарувања. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта
Следните симболи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги симболите и нивното значење. Точната интерпретација на симболите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот. F 016 L81 893 | (09.12.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 167 Ознака Значење Секогаш носете заштитни наочари и крути обувки кога работите со уредот. Полначот употребувајте го само внатре, во суви услови. Правец на движење Правец на реакција Носете заштитни ракавици
Исклучување Дозволена функција Забранети акции CLICK! Чујна бучава Додатна опрема/резервни делови Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства. Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни
Видете ги илустрациите на крајот на упатството. Употреба со соодветна намена Уредот е наменет за сечење на тенки грмушки и за косење трева покрај рабови. вградени компоненти (види слика A) (1) Приказ за наполнетост на батеријата (2) Капаче на микро-USB-приклучокот (3) Прекинувач за вклучување/исклучување (4) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување (5)
(во зависност од земјата) (11) Микро-USB-приклучок (12) Копче за заклучување на покривката
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци EasyShear Тример за трева Тример за грмушки Број на артикл 3 600 H33 3.. 3 600 H33 3.. Номинален напон V 3,6 3,6 Должина на сечилото мм − 120 Ширина на сечилото мм 80 − Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 кг 0,46 0,53 Препорачана околна температура при
Класа на заштита / II
во зависност од државата Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Информации за бучава/вибрации Тример за трева Измерени вредности на бучава според EN50636-2-94. Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A, типично е помало од 70dB(A). Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збор на трите насоки) несигурност K дадени се во согласност со EN50636-2-94:
Електрични ножици Утврдени вредности на емисија на бучава EN 62841-4-2. Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: Ниво на звучен притисокXXdB(A); ниво на звучна моќност XXdB(A). Несигурност К== XXdB. Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збор на трите насоки) несигурност K дадени се во согласност со EN 62841-4-2:
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата. Пуштање во погон u Користете ги само полначите коишто се наведени во Технички податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за Вашиот уред. Полнење на батеријата (види слика B) Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не ú наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена од длабинско празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку батеријата е празна, електричниот апарат се исклучува со заштитен прекинувач: Машината повеќе не работи. Напомена: Микро УСБ-отворот (11) за приклучок на микро УСБ-кабелот (9) се наоѓа во рачката. Ако батеријата мора да се наполни, индикаторот за наполнетост (1) трепка зелено. Исклучете го уредот и наполнете ја батеријата. Поврзете го уредот со приложениот микро УСБ кабел (9) со полначот (10). Приклучете го полначот (10) во утикачот. Постапката на полнење започнува. При полнењето се загрева рачката на уредот. Тоа е
Индикаторот за наполнетост (1) свети црвено за време на полнењето. Кога батеријата е наполнета, индикаторот за наполнетост (1) се гасне. Исклучете го полначот од струја кога полнењето е
Внимавајте на напомените за отстранување. F 016 L81 893 | (09.12.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 169 Монтажа/Демонтажа на сечилото (види слика
Притснете го копчето за заклучување (12) и турнете го капакот (5) наназад. Извадете го капакот (5) од
Преклопете го сечилото (6)/(7) нагоре и потоа сечилото (6)/(7) извадете го. Поклопете ги дупчињата на сечилата (6)/(7) на чворчињата и поклопете ги сечилата (6)/(7) надолу. Затворете го капакот (5) повторно и на крај турнете го нанапред додека не клакне.
u Внимавајте капакот на УСБ-приклучокот (2) да е затворен за време на употребата. На тој начин ќе избегнете запушување. u Не користете оштетено сечило (на пример со пукнатини и сл.). Веднаш заменете го оштетеното
Вклучување/исклучување (види слика D) Притиснете го копчето за заклучување (4) и додека е притиснато, притиснете го и прекинувачот (3). Ослободете го копчето за заклучување (4). Кога ќе го притиснете прекинувачот (3) ЛЕД индикаторот свети зелено. Приказ за наполнетост на батеријата ЛЕД светло Капацитет Индикаторот свети трајно зелено 33−100% Индикаторот свети трајно црвено, додека прекинувачот е полупритиснат 0-33% Режење грмушки (само со ножиците за
u Забележете дека производот е исклучен при отстранување на исечениот материјал или одржување. Случајното вклучување може да доведе до тешки
Пред работа прегледајте ја живата ограда да нема некакви предмети, како на пример жица. Можат да се сечат гранки до макс. 8 мм. Рамномерно движете го уредот нанапред по површината за режење за да ги фатите гранките со него. Двостраните сечила овозможуваат косење во двете насоки или со цик-цак
После употреба, за пренесување поставете го штитникот на сечилото. Препорачана сезона на режење Листопадни живи огради режете во фебруари и во јуни. Иглести огради режете во април и септември. Четинарите и другите брзорастечки огради режете ги во април и јуни на 6 недели. Сечење ивици (само со ножиците за трева) Движете го електричниот апарат по должина на линијата за сечење. Избегнувајте сечилото да дојде во контакт со поплочени површини, камења или ѕидови на градината, бидејќи тоа може значително да го намали животниот век на сечилото. После употреба, за пренесување поставете го штитникот на сечилото. Отстранување грешки Проблем Можна причина Помош Батеријата кратко
Батеријата се приближува кон крајот на својот работен век Побарајте помош од сервис. Индикаторот за наполнетост на батеријата свети црвено и уредот не се
Температурата на батеријата е превисока Температурата на околината е превисока. Не оставајте го уредот надвор додека врне. Почекајте 10–15 минути да се олади батеријата. Одржување и сервис Одржување, чистење и чување u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
u Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа. Не редете други предмети врз уредот. Одржувајте ги уредот и отворите за проветрување чисти, за да функционираат добро и безбедно. Никогаш не прскајте го уредот со вода. Никогаш не потопувајте го уредот во вода. Bosch Power Tools F 016 L81 893 | (09.12.2019)170 | Srpski Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир
Не редете други предмети врз уредот. Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот. Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови. Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови. Сервисна служба и совети при користење www.bosch-garden.com За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Отстранување Електричните уреди, батериите, опремата и амбалажите треба да се сортираат за повторна употреба. Не фрлајте ги уредите и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Тример за трева Тример за грмушки Број на дел/артикл
Notice-Facile