STIGA SAB 500 AE - Дувалка

SAB 500 AE - Дувалка STIGA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SAB 500 AE STIGA во PDF формат.

📄 490 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice STIGA SAB 500 AE - page 285
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : STIGA

Модел : SAB 500 AE

Категорија : Дувалка

Преземете ги упатствата за вашиот Дувалка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SAB 500 AE - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SAB 500 AE на марката STIGA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SAB 500 AE STIGA

Преносен раздувувач за градини со напојување на батерија УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА ВНИМАНИЕ: пред да jа употребите машината, вниматељнопрочитаjте го упатството за

3.1.1 Предвидена употреба

Во ова упатство одредени поглавја содржат информации со одредена важност во однос на безбедноста и на функционалноста и се евидентирани на различни начини согласно овој критериум: ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО даваат прецизни или други информации како што е претходно наведено, со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета. Симболот посочува на опасност. Непочитувањето на мерките за претпазливост доведува до можност за лични или повреди и оштетувања на трети лица. Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви точки посочуваат на изборни одлики коишто не се достапни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали таа одлика е присутна кај дадениот модел. Сите индикации за позицијата на машината „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.

Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3 и така натаму. Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, B, C и така натаму. Насоката за компонентата C на сликата 2 се означува со изразот: „Видете на сл.

2. C“, или поедноставно „(слика 2.C)“.

Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се разликуваат во однос на оние на сликата.

Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус „2.1 Обука“ е заменето со „2. Безбедносни мерки“. Насоките за насловите или пасусите се означени со кратенки погл. или пас. и со соодветниот број. Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1.

3.1 Опис на машината и предвидена употреба 7

3.2 Ознаки за безбедност ................................. 8

3.3 Етикета за идентификација на производот 8

4.1 Делови за монтирање .................................. 9

5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА ................................... 9

5.1 Безбедносно копче (уред за активирање/

дезактивирање) .......................................... 9

5.2 Команда на рачката за забрзување ........... 9

7.3 Чистење на машината и на моторот ......... 12

7.4 Навртки и шрафови за фиксирање ........... 12

8. ОДЛОЖУВАЊЕ .................................................. 12

8.1 Одложување на машината ........................ 13

8.2 Одложување на батеријата ....................... 13

Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да ја запирате машината . Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат изгореници и/ или сериозни повреди.

  • Никогаш не дозволувајте машината да ја користат деца, лица со намалени физички, сензорни и ментални способност или лица коишто немаат доволни познавања, или други лица што не се запознаени со основните упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
  • Никогаш не користете ја машината доколку корисникот е во состојба на замор или изнемоштеност, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз капацитетот за навремено реагирање или внимание,.
  • Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спаѓа и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
  • Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица, проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се содржани во ова упатство.
  • Носете соодветна облека, работни чевли отпорни на лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте на машината со боси нозе или со отворени сандали. Носете заштита за слухот, чевли против вибрации, заштитни очила, маска на лицето против прашина.
  • Употребата на акустична заштита ја намалува можноста да ги слушнете можните предупредувања (повикување или аларми). Обрнувајте исклучително внимание на она што се случува околу областа за работа.
  • Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни, облека со лелеави делови или со врвки и врски и слични додатоци што висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или за предмети и материјали кои се производ на работата.
  • Држете ја косата подалеку од решетката за влез на воздухот бидејќи може да се закачи за роторот и да предизвика тешки и несреќни повреди. Соодветно приберете ја косата доколку е долга. Област за работа/машина
  • Проверете ја детално целата област за работа и со помош на гребло и метла растргајтеMK - 3 го рачно отпадот и сè што би можело да биде отфрлено од машината (при употреба како дувач) или, да ја затне цевката за вшмукување (при употреба како вшмукувач) или, ако има извори на опасност (камења, гранки, железни остатоци, коски, итн.) .
  • Ако теренот е прашлив, ви препорачуваме малку да ја навлажните површината.
  • За да се избегне ризикот од инциденти, не оставајте ја машината со топол мотор во лисја и сечена трева.
  • Не користете ја машината во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
  • Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление и при услови на добра видливост.
  • Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа за работа. Неопходно е децата да бидат под надзор на друго возрасно лице. Децата не смее да си играат со апаратот.
  • проверете дали други лица се наоѓаат најмалку на 15 метри оддалеченост од опсегот на работа на машината; .
  • Избегнувајте да работите на мокра трева, кога врне и кога ризик од временска непогода, особено грмотевици.
  • Избегнувајте кога е можно да работите на мокар и лизгав терен или на терени кои се многу нерамни или закосени и не гарантираат стабилност на корисникот при работата; .
  • Не изложувајте ја машината на дожд или влага. Водата што може да навлезе во електричниот дел го зголемува ризикот од електричен удар.
  • Обрнете особено внимание на нерамнините на теренот (грутки, канали), закосувањата, сокриени опасности и на присуството на дадени опасности коишто може да ја попречат видливоста.
  • Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, дупки или препреки.
  • Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи во близина на пат.
  • Внимавајте секогаш на правецот на ветерот и не работете никогаш наспроти ветер.
  • Не користете ја машината во близина на отворени прозорци.
  • Не користете ја машината на поплочена површина или врз чакал за да избегнете отфрлање на материјалот што може да предизвика повреди.
  • Избегнувајте отфрлениот материјал да се отфрла во зоната за празнење бидејќи може да го спречи правилното отфрлање и може да доведе до контраудар од материјалот со отворите за вшмукување.
  • Во текот на работата, при употреба како дувач, машината треба секогаш треба да се држи цврсто со десната рака за горната рачка.MK - 4
  • За време на работата, кога се користи како вшмукувач, машината мора да се држи секогаш цврсто со двете раце, со десната рака за горната рачка и со левата рака на долната рачка на тој начин што вреќата за собирање ќе се наоѓа од десната страна на операторот.
  • Избегнувајте контакт на телото со површина со маса или со земја, како цевки, радијатори, кујнски апарати, фрижидери. Ризикот од електричен удар се поттикнува ако телото се најде на маса или земја.
  • Заземете цврста позиција и бидете внимателни.
  • Не губете рамнотежа.
  • Обрнете внимание да не удирате силно во страни тела заради можна проекција на струготини предизвикани со движењето на воздухот.
  • Не насочувајте го протокот на воздух кон лица или животни.
  • При употреба како дувач, секогаш обрнувајте исклучително внимание за да се избегне отфрлање на материјали или подигнување прашина кои може да предизвикаат повреди на лица или животни или оштетување на имоти.
  • Не вметнувајте рачно предмети во отворот за вшмукување (при употреба како вшмукувач) и избегнувајте да вшмукувате големи предмети кои може да го оштетат роторот.
  • Никогаш не трчајте, туку одете.
  • Држете ги секогаш лицето, рацете и телото подалеку од решетката за вшмукување и од отворот за исфрлање на воздухот и не попречувајте го протокот на воздух ниту при движењето ниту при употребата на машината.
  • Деловите што се вртат може да предизвикаат тешки повреди Избегнувајте контакт со тие делови кога сè уште се вртат.
  • Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исклучете го моторот и оддалечете ја машината внимавајќи да не предизвикате други оштетувања Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината.
  • Продолжена изложеност на вибрации може да предизвика повреди и невроваскуларни нарушувања (познати и како „Рејнодов синдром“ или „бела рака“) особено кај оние што се изложени на циркуларни влијанија. Симптомите може да се покажат на рацете, на рачните зглобови или на прстите и се манифестираат со губење на осет, вкочанетост, чешање, болка, обезбојување и структурални промени на кожата. Овие ефекти може да се зголемат со ниски надворешни температури и / или од прекумерен притисок врз рачките. При појава наMK - 5 овие симптоми, треба да го намалите времето на користење на машината и да се советувате со лекар. Ограничување при употреба
  • Машината не треба да ја користат лица што не се во состојба да ја држат цврсто со обете раце и/или да одржуваат стабилна рамнотежа на нозете во текот на работата.
  • Никогаш не користете ја машината со оштетена заштита, ако недостасува или ако не правилно поставена.
  • Никогаш не користете ја машината без да ги поставите предвидените дополнителни делови за дадена употреба (раздувување или вшмукување).
  • Не исклучувајте, дезактивирајте, вадете ги манометарот и безбедносните системи/микропрекинувачи.
  • Не користете го електричниот апарат ако прекинувачот не е правилно поставен во позиција за вклучување или исклучување. Ако електричниот апарат не може да се вклучи со прекинувачот, тој е опасен за употреба и треба да се поправи.
  • Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не користете мала машина за изведување тешки работи; адекватно користење на машината го намалува ризикот и го подобрува квалитетот на работата.

Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.

  • Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат.
  • Децата не смее да го спроведуваат редовното чистење и одржување доколку не се под надзор. Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство се максимални вредности при употреба на машината. Мора да преземете безбедносни заштитни мерки и да ги избегнете можните штети заради зголемена бука и непријатност од вибрациите Користете ја машината со постојана брзина и држете ја цврсто рачката со соодветна брзина и на минимален режим којшто е потребен да се заврши работата. Носете заштита против бучава и правете чести паузи, соодветни за работата.
  • За намалување на ризикот од оган, не оставајте полни контејнери во затворен простор.

2.5 БАТЕРИЈА / ПОЛНАЧ

ЗА АКУМУЛАТОРОТ ВАЖНО Следните безбедносни инструкции ги опфаќаат безбедносните барања наведени во даденото упатство за акумулаторот и полначот на акумулаторот што се доставува заедно со косилката.

  • Користете само полначи за полнење на батериите што ги препорачува производителот. НесоодветенMK - 6 полнач за батеријата може да предизвика електричен удар, прегревање или протекување на корозивната течност од батеријата.
  • Користете само батерии со спецификации што се предвидени за вашиот апарат. Употреба на други батерии може да предизвика повреди и ризик од пламен.
  • Проверете дали апаратот е исклучен пред да ја ставите батеријата. Ставање батерија во вклучен електричен апарат може да предизвика пожар.
  • Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли, навртки и други мали метални предмети што може да предизвикаат краток спој на контактите. Краток спој на контактите на батеријата може да доведе до експлозија и пламен.
  • Не користете го полначот за батеријата на места каде има гасови, запаливи супстанци или лесно запаливи површини, како што се хартија, ткаенина и слично. За време на полнењето, батеријата се загрева и може да предизвика оган.
  • За време на транспорт на акумулаторите, обрнете внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и не користете метални кутии за транспорт.

ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на граѓанските погодности и на просторот во кој живееме.

  • Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување. Користете ја машината само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите луѓето).
  • Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распаѓање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во ѓубре, туку треба да се селектираат и да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање материјали.
  • Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето
  • При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони. Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ 2012/19/ EU, отпадот што се состои од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во согласност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на еко-компатибилен начин. Ако електричните апарати се одложат на ѓубриште или на земја, штетните состојки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат воMK - 7 синџирот на исхрана, со што ќе се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот. Откако ќе ѝ помине рокот на употреба, извадете ја батеријата обрнувајќи внимание на животната средина. Батеријата содржи материјал што е опасен за вас и за средината. Треба да се извади и расклопи во засебен сад што може да содржи литиумски јони. Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета на животната средина и ја намалува потребата за примарни материјали.

И покрај тоа што се почитувани сите безбедносни предупредувања, сепак може да се појават одредени други ризици кои не може да се исклучат. Во однос на типот на конструкција на машината, можните предвидени опасности може да бидат:

  • Исфрлање делови коишто може да ги оштетат очите,
  • Повреди на ушите ако не се носи никаква акустична заштита.

ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно преносен дувач за градини на батерии. Генерално, машината се состои од мотор којшто работи на вртежи за да произведе проток на воздух со голема моќност.

3.1.1 Предвидена употреба

Оваа машина е проектирана и конструирана за:

  • преместување и натрупување со помош на дувачот, на листови, трева, остатоци од косење со различна тежина и средни големини.

3.1.2 Несоодветна употреба

Која и да е друга употреба,поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):

  • вшмукување или собирање на запаливи производи или кои претставуваат ризик од експлозија, врел јаглен или материјали што горат без пламен, изгасени цигари, стаклени парчиња, остри делови, метални предмети, камења и сè друго што може да претставува опасност за безбедноста на управувачот со машината и на останатите,
  • насочување на воздухот кон лица и/или животни,
  • вметнување предмети во решетката за вшмукување,
  • употреба на машината без правилно поставена дополнителна опрема како што налага производителот за разните начини на употреба или несоодветна употреба на машината,
  • употреба на машината од страна на повеќе луѓе. ВАЖНО Несоодветната употреба на машината доведува до поништување на гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност на производителот, корисникот е одговорен доколку дојде до за предизвиканата штета или повреда на себе или на трети лица.

3.1.3 Вид на корисник

Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за "домашна употреба".MK - 8

3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

На машината има симболи (сл. 2). Нивната задача е да го потсетуваат операторот на постапките што треба да ги следи внимателно и со задолжителни мерки за претпазливост. Значење на симболите: ВНИМАНИЕ! ОПАСНОСТ! Оваа машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно. ВНИМАНИЕ! Пред да ја користите оваа машина, прочитајте го упатството за употреба. Користете заштита за ушите и очите. Да не се изложува на дожд (или на влажност). ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊЕ! Внимавајте на можни исфрлувања на остатоци предизвикани од протокот на воздух: што можат да предизвика сериозни повреди на лица или оштетување на предмети. ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊА! Сите лица и миленичиња треба да бидат најмалку 15 метро подалеку додека работи машината! Опасност од осакатување! Секогаш држете ги рацете подалеку од решетката за влез на воздухот. Роторот може да предизвика несреќни повреди. Опасност од опасни повреди! Држете ја лелеавата облека подалеку од решетката за влез на воздухот бидејќи може да се закачи за роторот и да предизвика сериозни повреди. Опасност од сериозни повреди! Држете ја косата подалеку од решетката за влез на воздухот бидејќи може да се закачи за роторот и да предизвика сериозни повреди. Соодветно приберете ја косата доколку е долга. ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Нарачајте резервни ознаки од Овластен сервисен центар.

3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА

НА ПРОИЗВОДОТ Етикетата за идентификација на производот ги содржи следните податоци (сл. 1 ):

4. Ознака за усогласеност

5. Волтажа и вид напојување

9. Класа II; Двојна изолација

Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот. ВАЖНО Наведете ги податоците од етикетата за идентификација на производот секогаш кога ќе го контактирате Овластениот сервисен центар. ВАЖНО Примерот за изјавата за сообразност се наоѓа на последната страница во упатството.

Машината се состои од следните главни делови коишто соодветствуваат на следните функции (сл.1 ): A. Единица со моторот: овозможува движење на роторот. B. Цевка на дувачот: елемент предвиден за излез на протокот на воздух. C. Рачка: овозможува управување на машината. D. Батерија (дополнителна опрема по избор, пасус 14.1) : уред што обезбедува енергија за стартување на уредот неговите спецификации и правила за користење се опишани во специјалниот прирачник.MK - 9 E. Полнач за батеријата (дополнителна опрема по избор, пас. 14.2): уред што се користи за полнење на акумулаторот; неговите спецификации и правила за користење се опишани во специјалниот прирачник. Достапни се модели на полначи за два акумулатора: E1 (за брзо полнење на акумулатор); E2 (за стандардно полнење на акумулатор).

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности. За потребите на складирање и транспорт, одредени компоненти на машината не се монтирани во фабриката, туку треба да се монтираат по нејзиното отпакување. Следете ги упатствата подолу. Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со доволно простор за поместување на машината и на амбалажата користејќи секогаш соодветни алати. Не користете ја машината пред да завршите со сите постапки наведени во делот „МОНТИРАЊЕ“.

4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ

Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.

1. Отворете го пакувањето внимателно

за да не ги расфрлите деловите.

2. Прочитајте ја документацијата во кутијата

каде се наведени овие упатства.

3. Извадете ги од кутијата сите

делови што не се монтирани.

4. Извадете ја машината од кутијата.

5. Фрлете ги кутијата и амбалажата

согласно локалните одредби. Пред да започнете со монтирање, уверете се дека батеријата не е на своето место.

4.1.2 Монтирање / демонтирање

на цевката на дувачот

1. Порамнете го уредот за заклучување

(Сл.3.А) со делот (Сл. 3.B) на отворот за излез на воздухот (Сл. 3.C).

2. Притиснете ја цевката (Сл. 3.D) додека не

се прицврсти со погонската единица и не кликне кога ќе се вметне на своето место. – За да ја извадите цевката, притиснете го копчето (Сл. 3.А) и извлечете ја. ВАЖНО Запрете ја машината и извадете го акумулаторот(пасус 7.2.2) при секое вадење на цевката.

АКТИВИРАЊЕ/ДЕЗАКТИВИРАЊЕ) Притиснете го ова копче (Сл. 5.А) за да го активирате и деактивирате електричното коло на машината; ќе се ВКЛУЧИ соодветната ЛЕД сијалица (Сл. 5.C). Со притискање на копчето за брзина (Сл.5.D) ја поставува моќноста на воздухот и се ВКЛУЧУВААТ 3-те соодветни ЛЕД сијалици (Сл. 5.F). Ако работата е прекината (без исклучување на машината), при продолжување машината повторно ќе почне со претходно поставената брзина.. ЛЕД сијалиците се исклучуваат: електричното коло е целосно дезактивирано. ВАЖНО При преместување, никогаш не држете го прстот врз копчето за да избегнете случајно палење. Иконата за „Предупредување“ (Сл. 5.E) се ВКЛУЧУВА во случај на дефект на машината (видете ја табелата за решавање на проблеми, пас. 13).

5.2 КОМАНДА НА РАЧКАТА

ЗА ЗАБРЗУВАЊЕ Со ракување на рачката за забрзување (Сл. 5.F) овозможува стартување / запирање на машината и истовремено активирање / деактивирање на сечилата.

– притиснете ја рачката за забрзување. Машината застанува автоматски со пуштање на рачката за забрзување.MK - 10

6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

6.1 ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ

Пред да започнете со работа, неопходно е да спроведете серија контроли и операции за да обезбедите дека работата ќе се одвива на ефикасен начин и со максимална безбедност.

6.1.1 Контрола на батеријата

Машината се доставува без батерија. Набавете батерија со соодветен капацитет за работните задачи и прво наполнете ја докрај следејќи ги упатствата што се содржат во упатството за батеријата. Списокот на акумулатори коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наоѓа во табелата "Технички податоци".

  • Пред секоја употреба: – проверете ја состојбата на полначот за акумулаторот следејќи ги насоките посочени во упатството за акумулаторот.

6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ

Спроведете ги следните безбедносни контроли и проверете дали резултатите соодветствуваат со даденото во табелата. Секогаш проверувајте ги безбедносните контроли пред работа.

6.2.1 Општа контрола

Предмет Резултат Рачки (сл. 1.C) Чисти, исушени, правилно и цврсто фиксирани на машината Завртки на машината Добро зашрафени (не разлабавени) Отвори за воздух

Цевка на дувачот (сл. 1.B) Правилно поставена. Ротор Никаков знак на

Батерија (сл. 1.D) Без никакви оштетувања на куќиштето и без протекување на течност Машина Нема знаци на оштетување или абење

забрзувачот (сл. 5.F) Треба да се движи слободно и без примена на сила. Пробно возење Нема чудни вибрации. Нема чудни звуци

1. Ставете ја батеријата на

своето место (сл. 7.2.3 ).

2. Вклучете ја машината

со притискање на копчето (Сл. 5.А).

3. Притиснете ја командата

за забрзувачот (Сл. 5.F). Машината е запалена и роторот се врти.

1. Отпуштете ја командата

за забрзувачот (Сл. 5.F).

автоматски брзо да се врати во неутрална позиција,

Ако некој од резултатите не е ист како што е посочено во табелата, не ја користете машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и поправка.

1. Заземете цврста и стабилна позиција

2. уверете се дека цевката на дувачот не е

насочена кон присутни лица или отпад,

3. соодветно вметнете го акумулаторот

во своето куќиште (пас. 7.2.3);

4. притиснете го безбедносното копче (сл. 5.A)

5. Притиснете ја командата за

забрзувачот (Сл. 5.F).

Во текот на работата, машината треба секогаш треба да се држи цврсто со десната рака за горната рачка (сл. 4). ЗАБЕЛЕШКА За време на работата, батеријата е заштитена од комплетно празнење преку заштитниот уред кој што ја исклучува машината и ја блокира работата.. ЗАБЕЛЕШКА По една минута на неактивност, машината автоматско ќе се исклучи.MK - 11

6.4.1 Регулација на моќноста

секогаш е препорачливо да ја поставите брзината на роторот во однос на типот материјал што треба да се отстрани со помош на копчето (слика 5.B) за отстранување: – мала брзина на дувачот за лесни материјали и мали грмушки на тревникот, – средба брзина на дувачот за отстранување трева и лесни лисја на асфалт или цврст терен, – голема брзина на дување (3 вклучени ЛЕД, Сл. 5.D) за потешки материјали како што е свеж снег или обемна нечистотија.

6.4.2 Совети за работа

Напредувајте полека држејќи го крајниот дел на цевката на дувачот на соодветно растојание од теренот (сл. 4). За да избегнете раскршување на материјалот што треба да се отстрани, насочете го млазот на воздух околу страничните рабови на насобраниот материјал. Никогаш не насочувајте го млазот на воздухот кон центарот на насобраниот материјал.

За да ја исклучите машината:

1. отпуштете на рачката за забрзување (Сл. 5.F);

2. деактивирајте го безбедносното копче (Сл. 5.А)

3. почекајте додека сечилото

да престане да врти. Штом ќе ја застанете машината, потребни се неколку секунди пред да застане роторот. Застанете ја секогаш машината: – при менување на локација на работа. При преместување, никогаш не држете ја раката врз командата за забрзување за да избегнете ненадејно стартување.

  • Извадете го акумулаторот од куќиштето и наполнете го (пас. 7.2.2).
  • Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија.
  • Исчистете ја машината (пас. 7.3).
  • Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените завртки и навртки, или контактирајте го овластениот сервисен центар. ВАЖНО Секогаш вадете ја батеријата (пас.

7.2.2) секојпат кога ја оставате машината

без надзор или нема да работите.

7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности. Пред да интервенирате на кој било начин на машината:

  • запрете ја машината;
  • извадете ја батеријата од лежиштето и проверете го полнењето (пас. 7.2.2);
  • оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија;
  • носете соодветна облека, заштитни ракавици и очила;
  • прочитајте ги соодветните упатства,. Предупредување! Ризик од повреди поради опасни подвижни делови! – Зачестеноста и висот на интервенција се дадени во "Табелата за одржување" (видете поглавје 12). Табелата го прикажува опсегот што ќе ви помогне при одржување на ефикасноста и безбедноста на машината. Во неа се прикажани главните интервенции и предвидените интервали за секоја од ставките. Извршете ја соодветната постапка пред првата појава. – Употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални, може да доведе до несакани ефекти врз работата и безбедноста на машината. Производителот ја отфрла сета одговорност во случај на штети или повреди предизвикани од такви производи. – Оригиналните резервни делови се обезбедени од страна на Овластените центри за помош и Дилерите. ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација коишто несе опишани во ова упатство треба да се извршат кај застапникот или во овластен сервис.MK - 12

7.2.1 Автономија на батеријата

Зачувувањето на енергија на акумулаторот (и со тоа е потребна површина за сечење пред полнењето) најчесто зависи од:

  • однесувањето на операторот кој треба да избегнува: – често палење и гаснење во текот на работата, – несоодветна брзина на вртењето на роторот за типот на материјалот што треба да се отстрани (пасус 6.4.1). За да се зголеми автономијата на батеријата, секогаш треба:
  • да применувате соодветна брзина на вртењето на роторот за типот на материјалот што треба да се отстрани. Во случај кога сакате да ја користите машината за многу долга работа и користите стандардна батерија, може:
  • да набавите втора стандардна батерија за да ја замените веднаш потрошената батерија без да треба да ја прекинувате работата,
  • да набавите батерија со поголема автономија во однос на стандардната батерија (пас. 14.1).

7.2.2 Исклучување и полнење на батеријата

1. Притиснете го копчето за заклучување

во куќиштето на акумулаторот (Сл. 6.А) и извадете го акумулаторот (Сл. 6.B);

2. ставете го акумулаторот (Сл. 7.А) во

куќиштето на полначот (Сл. 7.B);

3. поврзете го полначот (Сл. 7.B) во приклучок

со напонот наведен на плочата со податоци;

4. секогаш полнете докрај следејќи ги

упатствата дадени во упатството за акумулаторот/полначот за акумулатор. ЗАБЕЛЕШКА Батеријата се доставува со заштита што го прекинува полнењето ако температурата во средина не е меѓу 0 и +45 °C. ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може да се полни во секој момент, дури и делумно без ризик од оштетување.

7.2.3 Повторно поставување на

батеријата во машината Кога полнењето е завршено:

1. Извадете ја батеријата (сл. 8.А) од нејзиното

место во полначот за батеријата (избегнете да ја држите за местото под полначот);

2. откачете го полначот на батерии

(сл. 8.B) од струја,

3. ставете ја батеријата (сл. 9.A) на своето

место притискајќи ја докрај сè додека не слушнете звук на кликнување што ја блокира на место и обезбедува електричен контакт

7.3 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА

И НА МОТОРОТ За намалување на ризикот од запалување, одржувајте ги машината, а особено моторот од остатоци од лисја, гранки.

  • Секогаш чистете ја машината по употребата со чиста и мокра крпа потопена во неутрален детергент.
  • Отстранете ги сите траги на влага со мека и сува крпа. Влагата остава простор за ризик од електричен удар.
  • Не користете абразивни детергенти и растворувачи да ги исчистите пластичните делови или рачките.
  • Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.
  • Одржувајте го роторот секогаш чист од прашина и остатоци коишто се раздувале со воздухот кон решетката. Не прскајте го роторот со вода.
  • За да избегнете прегревање или оштетување на моторот или на акумулаторот, секогаш проверувајте дали решетката за воздух за ладење е чиста и без остатоци.

7.4 НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ

  • Сите завртки, навртки и лостови треба да бидат добро прицврстени за да се осигурате дека опремата е безбедна за работа.
  • Редовно проверувајте дали рачките се цврсто фиксирани.

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да се следат во текот на ракување се наведени во пас. 2.4. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.MK - 13

8.1 ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА

Кога машината треба да се одложи:

1. извадете ја батеријата од лежиштето и

проверете го полнењето (пас. 7.2.2);

2. оставете моторот да се излади пред да се

остави машината во која било просторија;

3. чисто (пас. 7.3);

4. Уверете се дека нема делови кои се оштетени

или не се прицврстени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените завртки и навртки, или контактирајте го овластениот сервисен центар;

5. складирајте ја машината:

– на суво место; – заштитена од лошите временски услови; – подалеку од дофат на деца; – уверувајќи дека сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.

8.2 ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА

Батеријата треба да се чува во средина без директна сончева светлина, на студени и места без влага. ЗАБЕЛЕШКА Ако не ја користите подолг период, полнете го акумулаторот секои два месеца за да ѝ се продолжи рокот на траење.

9. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ

Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на машината потребно е: – застанете ја машината (пас. 6.5); – извадете ја батеријата од лежиштето и проверете го полнењето (пас. 7.2.2); – држете ја машината исклучиво за рачките и поставете ги цевките така да не претставуваат пречка. Кога ја транспортирате машината со возило, не заборавајте да: – ги извадите цевките, – обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или синџири, – да ја поставите така што нема да претставува опасност за никого.

10. ПОМОШ И ПОПРАВКА

Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите интервенции за регулација и одржување што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејќи знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ќе се заврши правилно, земајќи го во предвид првобитниот степен на безбедност и условите на машината. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.

  • Одржувањата и поправките под гаранција смее да ги врши само Овластениот сервисен центар.
  • Овластените сервисни центри користат само оригинални резервни делови. Оригиналните резервни делови и дополнителна опрема се специјално дизајнирани за машината.
  • Резервните делови и дополнителната опрема коишто не се одобрени, употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални ја нарушуваат безбедноста на машината и го ослободува производителот од секоја обврска или одговорност.
  • Се препорачува да ја носите косилката една годишно во Овластениот сервисен центар за сервисирање и безбедносна проверка.

11. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА

Гаранцијата ги покрива сите штети на материјалите и производството. Корисникот треба внимателно да ги следи сите упатства кои се дадени до приложената документација. Гаранцијата не покрива штета предизвикана од:

  • неуспешно проучување на документацијата што доаѓа заедно со машината;
  • користење на дополнителна опрема што не е испорачана или одобрена од страна на производителот. Гаранцијата не покрива и:
  • нормално абење на потрошните материјали;
  • нормално абење. Купувачот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на купувачот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин не ја лимитираат оваа гаранција.MK - 14

12. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Интервенција Период Забелешка

Проверете ги сите спојки Пред секоја употреба пас. 7.4 Безбедносни контроли / проверка на командите Пред секоја употреба пас. 6.2 Проверка на состојбата на батеријата Пред секоја употреба * Полнење на батеријата На крајот на секоја употреба пас. 7.2.2

Чистење на машината и на моторот На крајот на секоја употреба пас. 7.3 Проверка на можни оштетувања на машината. Ако е потребно, контактирајте со овластен сервисен центар. На крајот на секоја употреба -

  • Прочитајте во упатството за батеријата/полначот за батеријата.

пали со притискање на командата на забрзувачот Нема батерија или не е ставена правилно Проверете дали батеријата е ставена (пас. 7.2.3) Празна батерија Проверувајте ја состојбата на наполнетост и наполнете го акумулаторот (пас. 7.2.2) Дефект на командата на забрзувачот или дувачот е оштетен Не користете ја машината. Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар.

2. Моторот се гаси во

текот на работата Батеријата не е правилно вметната Проверете дали батеријата е ставена (пас. 7.2.3) Празна батерија Проверувајте ја состојбата на наполнетост и наполнете го акумулаторот (пас. 7.2.2)

воздухот не излегува од цевката на дувачот Цевката на дувачот е блокирана или затната Застанете ја машината, извадете ја батеријата и тргнете ја пречката.

прекумерни вибрации во текот на работата Разлабавени или оштетени делови Застанете ја машината, извадете ја батеријата и: – проверете ги оштетувањата, – проверете дали деловите се разлабавиле и затегнете ги, – обезбедете замена или поправка на оштетените делови со резервни делови со соодветни карактеристики.

5. Машината испушта чад

во текот на работата Раздувувачот е оштетен. Не користете ја машината. Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар.

на батеријата е незадоволителна Условите за работа се многу тешки и бараат поголема потрошувачка на енергијата Подобрете ја употребата (пас. 7.2.1) Батеријата не е доволна за работните потреби Користете и втора батерија или поголема батерија (пас. 14.1) Намален капацитет на акумулаторот Купете нов акумулаторMK - 15 НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ

полни батеријата Батеријата не е поставена правилно во полначот Проверете дали е соодветно поставена (пас. 7.2.3) Условите во средината за работа не се соодветни Вклучете го полнењето во средина со соодветна температура (видете го упатството за употреба за батеријата/ полначот за батеријата) Нечисти контакти Исчистете ги контактите Нема напон кај полначот на батеријата Проверете дали приклучокот е вметнат и дали има довод на ел. енергија Полначот на батеријата има дефект Заменете го дефектниот дел со оригинален Ако истиот опстојува, проверете го упатството за батеријата / полначот за батеријата

8. ЛЕД индикаторот (Сл.

5.E) постојано свети Неуспешна самопроверка Не користете ја машината. Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар.

(Сл. 5.E) трепка Грешка во акумулаторот Не користете ја машината. Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар. Блокиран ротор Не користете ја машината. Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар. Преголема потрошувачка на струја Оптимизирајте ја употребата на машината. Прегреано струјно коло Не користете ја машината. Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар. Контактирајте го дилерот за помош ако проблемите не прекинат дури и откако ќе ги направиле горепосочените операции.

Има батерии со различен квалитет наменети за одредени работни задачи (сл. 10). Списокот на акумулатори коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наоѓа во табелата „Технички податоци“.

Декларација за усогласеност со ЕУ (Директива за машини 2006/42/CE, Анекс II, дел A)

2. изјавува со целосна лична одговорност

дека следната машина: Преносен Раздувувач -Вшмукувач / раздувување / вшмукување а) Тип / основен модел б) Месец / Година на производство

3. Усогласено со спецификациите според

Декларација за усогласеност со ЕУ (Директива за машини 2006/42/CE, Анекс II, дел A) 1. Компанијата

2. изјавува со целосна лична одговорност

дека следната машина: Преносен Раздувувач -Вшмукувач / раздувување / вшмукување а) Тип / основен модел б) Месец / Година на производство г) мотор: акумулатор

3. Усогласено со спецификациите спореддирективите:

д) тело за сертификација ѓ) тест СЕ за типот