GAS 18V10 L Professional - Прашка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GAS 18V10 L Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GAS 18V10 L Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GAS 18V10 L Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GAS 18V10 L Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GAS 18V10 L Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
s.l.izirma navodila
hr Originalne upute za rad
Македонски.... Страница 156
Srpski ...... Strana 163
Slovenščina ....Stran 170
Hrvatski ....Stranica 176
Безбедносни напомени за всисувачи

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
▶ Овој всисувач не е предвиден за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или душевни способности или недоволно искусство и знаење. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
▶ Не ги оставајте децата без надзор. Така ће се осигурате дека децата нема да си играат со всисувачот.
▶ Почитувајте ги сите безбедносни прописи за материјалите што треба да се всисуваат.
He всисувајте прав настанат при обработка на буково или дабово дрво или азбест. Правта од камен може да се всисува само со системи за всисување, кои се ислучиво одобрени за употреба со GAS 18V-10 L od Bosch. Овие супстанции важат за канцерогени.
ПРЕДУ- ПРЕДУВА
Всисувачот користете го само доколку имате довольно информации за користењето, за
материјалот што се всисува и за негово безбедно отстранување. Деталните инструкции ја намалуваат опасности од погрешна употреба и повреди.
ПРЕДУ- ПРЕДУВА
Всисувачот е наменет за всисување на суви материи, а со соодветни дополнителни мерки и
за всисување на течности. Навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Со всисувачот не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жешка, запалива или експлозивна прав. Не го користете всисувачот во простории каде постои
опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Веднаш исключете го всисувают, доколку почне да излегува пена или вода и
испразнете го контејнерот. Инаку всисувачот може да се оштети.
▶ ВНИМАНИЕ! Всисувачот смее да се складира само во внатрешен простор.
▶ ВНИМАНИЕ! Редовно чистете ја пловката и проверете дали е оштетена. Инаку функцијата може да се наруши.
▶ Погрижете се за добра проветреност на работното место.
Всисувачот смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на всисувачот.
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето
на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.
▶ Пред користењето, проверете дали цревото за всисување е во беспрекорна состојба. При монтирањето на цревото на всисувачот, проверете да не излегува прав. Инаку може да ја вдишете правта.
▶ Не го чистете всисувают со директно насочен млаз вода. Навлегувањето на вода во горниот дел од всисувают го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
▶ Не работете со всисувачот кога го носите со ременот за носење. При всисување можете да се сопнете и да паднете на ременот за носење.
▶ Користете го ременот за носење исключиво со всисувачот.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на Вашиот всисувач. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите всисувачот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитаје ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Всисувач од класата на всисување L според IEC/EN 60335-2-69 за всисување на суви материи од штетни прашини со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m³

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот и внимателно вметнат
филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.
Опис на производот и перформансите
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Всисувают е наменет за собирање, всисување, пренос и одделување на незапаливи суви честички прав, незапаливи течности и мешавина од вода и воздух. Всисувают технички проверен за прав и одговара на класата на всисување L. Toј е прилагоден и на високите барања при негова комерцијална употреба на пр. во занаетчиството, индустријата и сервисните работилници. Всисувач од класата на всисување L според IEC/EN 60335-2-69 смее да се користи само за всисување на материи што се штетни по здравјето со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m³.
Користете го всисувачот само откако ће ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако ће ги добиете потребните упатства.
Rotational Airflow
Системот за филтрирање без кеса заштедува употреба на кеси за прав. Нечистотијата се собира на внатрешниот сид на садот.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на прикажаните компоненти се однесува на приказот на всисувачот на графичката страница.
(1) Сад
(2) Поклопец за горниот дел на всисувачот
(3) Копче за вклучување-исклучување
(4) Приказ за наполнетост на батеријата
(5) Горен дел на всисувачот
(6) Рачка за носење
(7) Прифат за држачот за цревото за всисување/подните млазници
(8) Прифат за цревото
(9) Окца за прицврстување
(10) Прифат за држачот за цевката всисување/подните млазници
(11) Копче за отклучување на капакот на преградата за батерија
(12) Поклопец на преградата за батерии
(13) Црево за всисување
(14) Адаптер за всисување
(15) свиткана млазница
(16) Млазница за фуги
(17) Подна млазница
(18) Цевка за всисување
(19) Преграда за батеријата
(20) Батерија ^a)
(21) Копче за отклучување на батерија ^a)
(22) Завртки за прицврстување
(23) Поклопец
(24) Држач за поклопецот на преградата за батерии
(25) Држач за цевката за всисување и млазниците за фуги
(26) Завртка за фиксирање за држачот (27)
(27) Држач за цревото за всисување и подните
млазници
(28) Копче на притискање
(29) Ремен за носење ^a)
(30) Лизгачки валјак ^a)
(31) Прифат за лизгачкиот валјак
(32) Отвор за непотребен воздух
(33) Филтер
(34) Пловка
(35) Држач за филтерот
(36) Врвки за држење на цревото за вшмукување
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Батериски всисувач за влажно/суво всисување | GAS 18V-10 L | |
| Број на дел | 3 601 JC6 3.. | |
| Напон V 18 | ||
| Номинална јачина W 260 | ||
| Волумен на садот (бруто) I 10 | ||
| Нето волумен (течност) I 6 | ||
| макс. потпритисок ^A) | ||
| – Всисувач ^B) | hPa 90 | |
| – Турбина hPa 115 | ||
| макс. количина на проток ^A) | ||
| – Всисувач ^B) | l/s | 24 |
| m ^3 /h | 86 | |
| – Турбина l/s | 34 | |
| m ^3 /h | 122 | |
| Времетраење на работењетопо полнење на батеријата | min/Ah 4 | |
| Класа на прав L | ||
| Тежина согласноEPTA-Procedure 01:2014 | kg 5,1–6,1 | c) |
| Вид на заштита IPX4 | ||
| Батериски всисувач за влажно/суво всисување | GAS 18V-10 L |
| препорачана околнатемпература при полнење | °C 0 ... +35 |
| дозволена околнатемпература при работење ^D) ипри складирање | °C -20 ... +50 |
| Препорачани акумулаторскибатерии | GBA 18V...ProCORE18V... |
| Препорачани полначи GAL 18... | GAX 18...GAL 36... |
A) Мерено при 20–25 °C со батерија GBA 18V 6.3Ah.
В) измерена со црево за всисување (13) и свиткана
млазница (15)
С) во зависност од употребената батерија
D) ограничена јачина при температури < 0 °C
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60335-2-69.
Нивото на звучниот притисок на всисувают, оценето со А, типично изнесува 79 dB(A). Несигурност K = 2 dB.
Нивото на звук при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60335-2-69:
$$ a _ {n} < 2, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}. $$
Батерија
Bosch продава батериски всисувачи и без акумулаторска батерија. Може да дознаете од пакувањето дали акумулаторската батерија е включена во опсегот на испорака на вашиот всисувач.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за Вашиот всисувач.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање и вадење на батеријата (види слики A1-A2)
▶ Не употребувајте сила при ставање на батеријата.
Батеријата е конструирана така да само во правилна позиција може да се вметне во производот.
▶ Секогаш одржувајте ги чисти и суви преградата и отворот за батерија, за да може добро и безбедно да работите.
– Притиснете на копчето за отклучување (11) за отворање на капакот на преградата за батерија (12).
– Вметнете ја батеријата (20) во отворот за батерија (19), додека не слушнете да се вклопи.
– За вадење на батеријата (20) притиснете го копчето за отклучување (21) на батеријата и извлечете ја од преградата за батерии (19).
– Затворете го капакот на преградата за батерија (12).
Замена на поклопецот на преградата за батерии (види слики А3-А5)
Доколку сакате да користите батерија ProCORE18V 12Ah, поклопецот на преградата за батерии (12) нема да може повеće да се затвори. Поклопецот на преградата за батерии (12) може во овој случај (23) да се замени со дизајниран поклопец.
Во влажна или мокра околина всисувачот може да се користи само доколку е затворен поклопецот на преградата за батерии.
Демонтирање на поклопецот на преградата за батерии (види слики А3)
Извадете ја батеријата (20) од преградата за батерии (19).
Извадете ги двете завртки за прицврстување (22) (ST4×12) со крестест одвртувач PH1 и тргнете го поклопецот на преградата за батерии (12).
Притиснете го држачот (24) надолу на поклопецот на преградата за батерии и вметнете го поклопецот (23).
Поставете плоснат одвртувач, повлечете го поклопецот (23) малку кон назад и извлечете го.
Притиснете го притоа држачот (24) надолу на поклопецот на преградата за батерии.
Приказ за наполнетост на батеријата
При вметната акумулаторска батерија, состоитјбата на наполнетост можете да ја видите на приказот за состоитјба на наполнетост на батеријата (4) на всисувачот, а при извадена батерија можете да ја видите на самата акумулаторска батерија.
Приказ за состојба на наполнетост на батеријата на всисувачот
По вклучувањето на всисувачот, одделно зголемено и намалено светнуваат петте зелени LED-светилки на приказот за Costaјбата на наполнетост на батеријата (4). Потоа LED-светилките ја прикажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата (20).
Приказ за состојба на наполнетост на батеријата на акумулаторската батерија
Ако ја извадите акумулаторската батерија од всисувачот, costојбата на наполнетост може да се прикаже со зелени LED-светилки на приказот за Costaјба на наполнетост на акумулаторската батерија.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , вада се прикаже наполнетоста.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
▶ Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред да направите на поставки на уредот, замена на деловите или тргање на всисувачот настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
Монтирање на држачите за опремата за всисување (види слика В)
– Цврсто вметнете го држачот (25) за цевка за всисување и млазницата за фуги од горе во предвидениот прифат (10), додека не се вклопат.
– Цврсто вметнете го држачот (27) за црево за всисување и подната млазница од горе во предвидениот прифат (7) и затегнете ја завртката за фиксирање (26).
Монтирање на црево за всисување (види слика С)
- Ставете го цревото за всисување (13) во прифатот за црево (8), додека двете копчиња на притискање (28) не се вклопат во цревото за всисување.
Напомена: При всисувањето, поради триењето на правта во цревото и опремата за всисување настанува електростатичко полнење, што корисникот го чувствува во форма на статичко празнење (во зависност од влијанијата на околината и телесната чувствителност).
Монтирање на опремата за вшмукување
Цревото за всисување (13) е опремено со систем со стеги, со којшто може да се приклучи опремата за всисување (адаптер за всисување (14), свиткана млазница (15)).
Монтирање на адаптерот за всисување или заоблената млазница (види слика D)
Вметнете го адаптерот за всисување (14) или заоблената млазница (15) на цревото за всисување (13), додека не слушнете да се вклопат двете копчиња на притискање (28).
За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (28) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.
Монтирање на млазниците и цевките
– По потреба цврсто вметнете ги цевките за всисување (18) една во друга и потоа на свитканата млазница (15).
– Вметнете ја подната млазница (17) или млазницата за фуги (16) цврсто на цевката за всисување (18) или на свитканата млазница (15).
Ременот за носење е погоден само за носење и фиксирање на всисувачот!
Дозволете карабинерите на ременот за држење (29) да навлезат во окцата за прицврстување (9) на всисувачот.
Вметнете ги 4 чивиите за прицврстување на лизгачките валјаци (30) во прифатот за лизгачки валјаци (31), додека не слушнете да се вклопат.
Според нормата EN 12529 (дијаметар на чивијата за прицврстување 11 mm) може да се користат и други лизгачки валјаци.
▶ Проверете ја функционалноста на сопирачката на тркалцето пред да започнете со користење на всисувачот.
Употреба
Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред да направите на поставки на уредот, замена на деловите или тргање на всисувачот настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
▶ Притоа внимавајте на чист и уреден работен простор поради опасност од сопнување.
Ставање во употреба
▶ Всисувачот не смее да се користи без филтер.
▶ Користете само неоштетен филтер (без пукнатини, дупчиња итн.). Веднаш заменете го оштетениот филтер.
▶ Пред всисувањето бидете сигурни дека единицата на филтерот е цврсто монтирана.
▶ Пред да всисувате проверете дали капакот на преградата за батерии е безбедно затворен.
▶ Ве молиме информирајте се за важечките одредби/закони во врска со постапувањето со честички прав што се штетни по здравјето.
▶ Правта од камен всисувајте ја само со експлицитно наведена комбинација на електричен алат и систем за всисување, за што е докажано дека законските ограничувања се испочитувани. Напомените ће ги најдете на http://www.bosch-professional.com/dust.
Во основа, всисувачот не смее да се користи во простории каде постои опасност од експлозија.
За да се овозможи оптимален капацитет на всисување, мора секогаш целосно да го одвиткате цревото за всисување (13) од држачот на цревото за всисување (27).
Вклучување/исклучување
Завклучување на всисувачот притиснете го копчето за вклучување-исклучување (3).
За исклучување на всисувачот, одново притиснете го копчето за вклучување-исклучување (3).
Поради безбедносни причини всисувачот не се вклучува, ако го држите притиснато копчето за вклучување-исклучување (3) подолго од 5 s.
Вшмукување на суви материјали
Всисување на правта што се создава додека работат електричните алати (види слика G)
▶ Мора да постои доволен степен на проток на воздух во просторот, бидејки издувниот воздух се враćа во просторијата. Внимавајте на односните прописи во земјата.
– Монтирајте го адаптерот за всисување (14) или свитканата млазница (15) (види „Монтирање на адаптерот за всисување или заоблената млазница (види слика D)“, Страница 160).
- Вметнете го адаптерот за всисување (14) или свитканата млазница (15) во млазниците за всисување на електричниот алат.
Само со користење на адаптер за всисување (14):
Напомена: При работење со електрични алати, чијшто довод на воздух до цревото за всисување е мал (на пр. убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори отворот за дополнителен (32) на адаптерот за всисување (14). Со тоа се подобрува целокупниот капацитет на всисувачот и на електричниот алат. Притоа, свртете го прстенот над отворот за непотребен воздух (32), додека не се појави максимален отвор.
Вшмукување на влажни материјали
▶ Со всисувачот не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жешка, запалива или експлозивна прав. Не го користете всисувачот во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.
Пред всисување на влажни материи
- Испразнете го садот (1).
– Исчистете го филтерот (33) и повторно вметнете го во всисувачот(види „Чистење/замена на филтерот (види слики I1-I2)“, Страница 162).
Всисувачот е опремен со пловка (34). Откако ће се постигне максимальната висина на полнење, всисувањето ће се прекине.
По секое висување на влажни материи
- Испразнете го садот (1).
– Испразнете ја водата од филтерот (33).
По висување на влажни материи за да се избегне создавање на мувла
– Извадете го горниот дел на всисувачот (5) и оставете го добро да се исуши.
– Извадете го филтерот (33) и него оставете го добро да се исуши (види „Чистење/замена на филтерот (види слики I1-I2)“, Страница 162).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред да направите на поставки на уредот, замена на деловите или тргање на всисувачот настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
▶ Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
▶ При сервис и чистење на всисувачот користете маска за заштита од прав.
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој го одржува и другите лица. Пред демонтажата,
всисувают треба да се исчисти за да се избегнат евентуалните опасности. Просторијата во која ће се демонтира всисувают, мора да биде добро проветрена.
За време на одржувањето носете лична заштитна опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши техничка проверка од страна на производителот или овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата на уредот за контрола.
Кај всисувачите од класата L, што се користеле во нечиста околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите машински делови или да се третира со средство за дихтување. Пред да извршите какви било поправки, сите извалкани делови што не може довольно да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се отстранат во непропустливи їеси во согласност со важечките одредби за отстранување на ваков отпад.
– Повремено исчистете го ку́киштето на всисувачот со влажна крпа.
– Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува крпа.
Исчистете го садот (1) по секоја употреба, за да го одржите оптималниот перформанс на всисувачот.
– Отворете ги затворачите (2) и извадете го горниот дел на всисувачот (5).
– Истресете го садот (1) над соодветен сад за отпад.
– Доколку е потребно, исчистете го садот со една влажна крпа.
Доколку е потребно, исчистете го филтерот (види „Чистење/замена на филтерот (види слики I1–I2)“, Страница 162).
– Повторно вметнете го горниот дел на всисувачот (5) и затворете ги затворачите (2).
Чистење/замена на филтерот (види слики I1-I2)
Капацитетот на всисување зависи од состојбата на филтерот. Затоа редовно чистете го филтерот.
Веднаш заменете го оштетениот филтер.
– Отворете ги затворачите (2) и извадете го горниот дел на всисувачот (5).
– Свртете го филтерот (33) до крај во правецот на вртење би извадете го од држачот за филтер (35).
– Сушење на филтерот:
Потчукнете го филтерот (33) над соодветен сад за отпад. Внимавајте на тоа да не се оштетат ламелите на филтерот.
За да добиете максимальна сила на всисување, исчеткајте ги ламелите на филтерот со мека четка. или
Филтерот е влажен:
Исплакнете го филтерот (33) под млаз вода и потоа оставете го добро да се исуши. или
Заменете го оштетениот филтер (33).
– Ставете го филтерот (33) над држачот за филтер (35) и свртете го до крај во правецот на вртење
– Повторно вметнете го горниот дел на всисувачот (5) и затворете ги затворачите (2).
Бидете сигурни дека затворачите безбедно їе се вклопат.
Дефекти
Проверете при недоволна јачина на всисување:
– Дали е полн садот (1)?
▷(види „Чистење на садот (види слики H1–H2)“, Страница 162).
– Дали филтерот (33) е запушен со прав?
▷(види „Чистење/замена на филтерот (види слики I1-I2)“, Страница 162).
– Дали е преслаб капацитетот на батеријата?
▷Наполнете ја акумулаторската батерија.
Редовното празнење на садот (1) и чистењето на филтерот (33) гарантира оптимален капацитет на всисување.
Доколку и понатаму не може да се постигне јачината на всисување, контактирајте со сервисната служба на
Bosch.
– Ставете ги цевките за всисување (18) во држачите (25).
– Ставете ги млазниците за фуги (16) во цевка за всисување (18).
– Ставете ги подните млазници (17) во држачот (27).
– Свиткајте го цревото за всисување (13) од долу околу држачот (27) и прицврстете ги врвките за држење (36).
– Носете го всисувачот само за рачката за носење (6) или за ременот за носење (доколку има).
– Складирајте го всисувачот во сува просторија и заштитете го од неовластено користење.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Всисувачот, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не го фрлајте всисувачот и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, всисувачите што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одденно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 163).
Srpski
Sigurnosne napomene za usisivač

Pročitajte sva upozorenja i uputstva.
Propusti u poštovanju napomena za sigurnost i uputstava mogu da prouzrokuju električni udar, požar i/ili teške povrede.
Čuvajte sva upozorenja i uputstva za budućnost.
Ovaj usisivač nije predviđen za to da ga koriste deca i lica sa ograničenim fizičkim, senzornim ili mentalnim sposobnostima ili nedostatkom iskustva i znanja. U suprotnom postoji opasnost od pogrešnog rukovanja i povreda.