BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Прашка

GAS 55 M AFC Professional - Прашка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GAS 55 M AFC Professional BOSCH во PDF формат.

📄 299 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GAS 55 M AFC Professional - page 207
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GAS 55 M AFC Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GAS 55 M AFC Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GAS 55 M AFC Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GAS 55 M AFC Professional BOSCH

Безбедносни напомени за всисувачи

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Безбедносни напомени за всисувачи - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да

предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

▶ Овој всисувач не е предвиден за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или душевни способности или недоволно искусство и знаење. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.

▶ Не ги оставајте децата без надзор. Така ће се осигурате дека децата нема да си играат со всисувачот.

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Не всисувајте материјали што содржат азбест. Азбестот важи за канцероген.

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Всисувачот користете го само доколку имате довольно информации за користењето, за

материјалот што се всисува и за негово безбедно отстранување. Деталните инструкции ја намалуваат опасности од погрешна употреба и повреди.

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Всисувачот е наменет за всисување на суви материи, а со соодветни дополнителни мерки и

за всисување на течности. Навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар.

▶ Со всисувачот не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жежок или запалива прав. Не го користете всисувачот во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Конекторот користете го само за целите утврдени во упатството за употреба.

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Веднаш исключете го всисувают, доколку почне да излегува пена или вода и

испразнете го контејнерот. Инаку всисувачот може да се оштети.

▶ ВНИМАНИЕ! Всисувачот смее да се складира само во внатрешен простор.
▶ ВНИМАНИЕ! Редовно чистете ги сензорите за ниво на наполнетост на течност и проверете дали се оштетени. Инаку функцијата може да се наруши.
Доколку користењето на всисувачот во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен прекинувач за диференцијална струја. Употребата на заштитен прекинувач со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Приклучете го всисувачот на прописно заземјена струјна мрежа. Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат функционален заштитен проводник.
▶ Пред секое користење, проверете го всисувачот, кабелот и приклучокот. Не го користете всисувачот, доколку забележите оштетувања. Не го отворајте сами всисувачот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал, кој користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот всисувач, кабел и приключок го зголемува ризикот за електричен удар.
▶ Не го прегазувајте или притискајте кабелот. Не го влечете кабелот за да го извадите приклучокот од конекторот или за движење на всисувачот.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
▶ Извлечете го приклучокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на

деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.

▶ Погрижете се за добра проветреност на работното место.
Всисувачот смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ће бидете сигурни во безбедноста на всисувачот.

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето

на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.

▶ Пред користењето, проверете дали цревото за всисување е во беспрекорна состојба. При монтирањето на цревото на всисувачот, проверете да не излегува прав. Инаку може да ја вдишете правта.
▶ Не го користете всисувают како предмет за седење. Може да го оштетите всисувают.
▶ Внимателно користете го струјниот кабел и цревото за всисување. Внимавајте притоа да не ги доведете другите лица во опасност.
▶ Не го чистете всисувачот со директно насочен млаз вода. Навлегувањето на вода во горниот дел од всисувачот го зголемува ризикот од електричен удар.

Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на Вашиот всисувач. Запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите всисувачот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Всисувач од класата на прав М според IEC/EN 60335-2-69 за всисување на суви материи за честички прав опасни по здравјето со гранична вредност на изложеност ≥ 0,1 mg/m³

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот филтерски систем. Инаку го загрозувате Вашето здравје.

За транспорт на всисувачот и за заштеда на простор при складирање на опремата на всисувачот и/или електричниот алат, може да прикачите L-Вохх на горниот дел од всисувачот.

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Ознаки - 1

Не всисувајте со расклопена L-Вохх. Тежиштето на всисувачот се поместува нагоре. Всисувачот може да се преврти. Постои опасност од повреда и оштетување.

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Ознаки - 2

Прикачување на максимум една L-Вохх.

max. 1 L-Boxx max. 15 kg

Тежината на L-Вохх заедно со содржината не смее да изнесува над 15 kg.

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Ознаки - 3

Не го закачувајте всисувачот, на пр. при транспорт, на кука од кран. Всисувачот не е погоден за транспорт со кран. Постои опасност од повреда и оштетување.

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Ознаки - 4

Не го користете всисувают како предмет за седење, спроводник и не стапнувајте на него. Инаку всисувают може да се преврти и оштети. Постои опасност од повреда.

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Ознаки - 5

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Ознаки - 6

Всисување на наталожена прав од електрични алати кои работат Всисувачот автоматски се вклучува и одложено се исклучува

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Ознаки - 7

Исклучување

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Исклучување - 1

Всисување

Всисување на наталожена прав

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Всисување - 1

line | Point | Value | |---|---| | 1 | 15 | | 2 | 22 | | 3 | 35 |

15 Контрола на волуменскиот проток за дијаметар на цревото од 15 mm

22 Контрола на волуменскиот проток за дијаметар на цревото од 22 mm

35 Контрола на волуменскиот проток за дијаметар на цревото од 35 mm

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Всисување - 2

text_image Min Max

Min/Max Бесстепена контрола на јачината на всисување:

– максимален капацитет на всисување при работа каде се создава голема количина прав

– намален капацитет на всисување при работа каде се создава помала количина прав и на пр. за регулирање на јачината на всисување помеfy приклучениот електричен алат и површините на делот што се обработува (на пр. при брусење)

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Всисување - 3

AFC Автоматско чистење на филтерот (AFC = Automatic Filter Cleaning)

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Всисување - 4

Податоци за дозволената јачина на приклучување на приклучениот електричен алат (во зависност од земјата)

Опис на производот и перформансите

Наменета употреба

Уредот е наменет за собирање, всисување, пренос и складирање на дрвени струготини како и незапаливи суви честички прав, незапаливи течности и мешавина од вода и воздух. Всисувачот е технички проверен на прав и одговара на класата на всисување М. Тој е прилагоден и на високите барања при негова комерцијална употреба на пр. во занаетчиството, индустријата и сервисните работилници.

Всисувач од класата на прав М според IEC/EN 60335-2-69 смее да се користи за всисување и издувување на честички прав опасни по здравјето со гранична вредност на изложеност ≥ 0,1 mg/m³.

Користете го всисувачот само откако ће ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако ће ги добиете потребните упатства.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на прикажаните компоненти се однесува на приказот на всисувачот на графичката страница.

(1) Cad
(2) Чепови за приклучокот за издувување
(3) Прифат за цревото
(4) Држач за цревото за всисување
(5) Конектор за електричниот алат
(6) Регулатор за волуменскиот проток
(7) Прекинувач за избор на начинот на работа
(8) Регулатор за капацитетот на всисување

(9) AFC-копче

(10) Рачка за носење

(11) L-Boxx-прифат

(12) Држач-водилка

(15) Капак за горниот дел на всисувачот

(16) Ротор

(17) Блокатор за тркалцето

(18) Тркалце за промена на правецот

(19) Држач за тркалцето за промена на правецот

(20) Окце за затворање на поклопецот за филтер

(21) Држач за млазница за фуги/заоблена млазница

(22) Држач за цевките за всисување

(23) Испусно црево

(24) Држач за подна млазница

(25) Адаптер за всисување

(26) Отвор за непотребен воздух

(27) Црево за всисување
(28) Свиткана млазница
(29) Врекичка за отпад
(30) Набран филтер (PES)
(31) Млазница за фуги
(32) Гуменалента
(33) Четки
(34) Подна млазница
(35) Цевка за всисување
(36) Прифат за држачот за цревото за всисување
(37) Копче на притискање
(38) Контролна LED светилка
(39) Поклопец за филтерот
(40) Сензори за ниво на наполнетост

Технички податоци

Всисувач за мокро/суво всисувањеGAS 55 M AFC
Број на дел/артикл3 601 JC3 3..
Номинална јачина W 1200
Фреквенција Hz 50–60
Волумен на садот (бруто) I 55
Нето волумен (течност) I 40
Волумен на кесата за прав I 27
макс. потпритисок ^A)
– Всисувач hPa 230
– Турбина hPa 254
макс. волуменски проток ^A)
– Всисувач I/s36
m ^3 /s0,036
– Турбина I/s74
m ^3 /s0,074
макс. капацитет на всисување W 1380
Површина на набраниот филтерm ^2 0,615
Класа на прав M
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014kg 16,2
Класа на заштита ± /I
Вид на заштитаIPX4

A) измерено со црево за всисување ∅ 35 mm и 3 m должна Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.

Старт/Стоп автоматика

Податоци за дозволената јачина на приклучување на приклучениот електричен алат.

Кај други модели специфични за земјата, овие вредности може да се разликуваат. Внимавајте на податоците на приклучницата на всисувачот.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60335-2-69.

Нивото на звучниот притисок на всисувачот, оценето со А, типично изнесува 70 dB(A). Несигурност K = 3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да надмине 80 dB(A).

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60335-2-69: a_n < 2,5 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2 .

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на всисувачот, извлечете го струјниот приклучок од приклучницата.

Монтирање на држач за цревото за всисување (види слика А)

– Вметнете го држачот (4) за цревото за всисување цврсто од горе во предвидените прифати за тоа (36), додека не се вклопи.

Монтирање на црево за всисување (види слика В)

– Поставете го цревото за всисување (27) на прифатот за црево (3) и свртете го во насока на стрелките на часовникот до крај.

Напомена: При всисувањето, поради триењето на правта во цревото и опремата за всисување настанува електростатичко полнење, што корисникот го чувствува во форма на статичко празнење (во зависност од влијанијата на околината и телесната чувствителност). Во основа, Bosch препорачува антистатичко црево за всисување (опрема) при всисување на ситна прав и суви материјали.

Монтирање на опремата за всисување (види слика C)

Цревото за всисување (27) е опремено со систем со стеги, со којшто може да се приклучи опремата за всисување (адаптер за всисување (25), свиткана млазница (28)).

Монтирање на млазниците и цевките

– Ставете ја свитканата млазница (28) на цревото за всисување (27), додека не слушнете да се вклопат двете копчиња на притискање (37) на цревото за всисување.
– Потоа прицврстете ја саканата опрема за всисување (подна млазница, млазница за фуги, цевка за всисување итн.) на заоблената млазница (28).
– За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (37) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.

Монтирање на адаптерот за всисување

– Ставете го адаптерот за всисување (25) на цревото за всисување (27), додека двете копчиња на притискање (37) не слушнете да се вклопат на цревото за всисување.
– За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (37) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.

Ставање/вадење на врекичката за отпад или кесата за прав (всисување на суви материи) (види слика D)

За всисување на суви материи во согласност со класата на прав М мора да ставите вреќичка за отпад (29) или вреќичка за прав.

Доколку се всисаат материјали без или со гранична вредност на изложеност ≥ 1 mg/m³ (во согласност со класата на прав L), може да се всисаат директно во контејнерот.

Напомена: Доколку користите хартиена филтер врејичка мора, а при користење на платнена филтер врејичка треба да го исключите автоматското чистење на филтерот (AFC) (види „Автоматско чистење на филтерот (види слика I)“, Страница 213).

ПРЕДУ-

ПРЕДУВАЊЕ

Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето

на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.

Вметнување на врекичката за отпад

– Отворете ги затворачите (15) и извадете го горниот дел на всисувачот (13).
– Ставете ја врејичката за отпад (29) со отворот за полнење нанапред во контејнерот (1).
– Навлечете го отворот за полнење на приклучната прирабница до крај.
– Проверете дали врејичката за отпад (29) целосно лежи на внатрешните сидови на контејнерот (1).
– Наместете го остатокот од вреќичката за отпад (29) над површината на контејнерот (1).

– Вметнете го горниот дел на всисувачот (13) и затворете ги затворачите (15).

Извадете ја вреќичката за отпад и затворете

– Отворете ги затворачите (15) и извадете го горниот дел на всисувачот (13).
– Извлечете ја полната вреќичка за отпад (29) од приклучната прирабница наназад.
– Внимателно извадете ја вреќичка за отпад (29), од садот (1) без да ја оштетите. Внимавајте на тоа, вреќичката за отпад да не стрчи на прилучната прирабница или на другите остри предмети.
– Извлечете го капакот со лепливи ленти и залепете ја вреќичката за отпад. Потоа прикачете ја вреќичката за отпад (29) под отворот за полнење со извадениот капак со лепливи ленти.

Менување/вметнување на кесата за прав (опрема)

  • Отворете ги затворачите (15) и извадете го горниот дел на всисувачот (13).
    – Извлечете ја полната єеса за прав наназад од приклучната прирабница. Затворете го отворот на єесата за прав со затворање на капакот. Извадете ја затворената єеса за прав од садот (1).
    – Наместете ја новата єеса за прав на приклучната прирабница на всисувачот. Проверете дали єесата за прав по целата должна налегнува на внатрешниот сид од садот(1).
    – Вметнете го горниот дел на всисувачот (13) и затворете ги затворачите (15).

Вметнување на гумената лента (всисување влажни материи) (види слика E)

Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа на прав М) е утврдено само за всисување на суви материјали.

– Извадете ги четките (33) со соодветен алат од подната млазница (34).
– Поставете ја гумената лента (32) во подната млазница (34).

Напомена: Структурираната страна на гумената лента мора да покажува нанадвор.

За транспорт на всисувачот и за заштеда на простор при складирање на опремата на всисувачот и/или електричниот алат, може да прикачите L-BOXX на горниот дел од всисувачот.

- Прикачете го L-ВОХХ на држачите (11).

▶ Не всисувајте со прикачен L-BOXX. Тежиштето на всисувачот се поместува нагоре. Всисувачот може да се преврти. Постои опасност од повреда и оштетување.
▶ Не го носете всисувачот на рачката за носење на прикачениот L-BOXX. Всисувачот е претежок за

рачките за носење на L-BOXX. Постои опасност од повреда и оштетување.

Употреба

▶ Извлечете го приключокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на всисувачот. Полначите означени со 230 Уисто така може да се користат и на 220 V.
▶ Информирајте се за важечките одредби/закони во Вашата земја во однос на постапувањето со честички прав што се штетни по здравјето.

Всисувачот може да се користи за всисување и издувување на следните материјали:

– Прав со гранична вредност на изложеност ≥ 0,1 mg/m ^3

Во основа, всисувачот не смее да се користи во простории каде постои опасност од експлозија.

За да се загарантира оптимален капацитет на всисување мора секогаш целосно да го одвиткувате цревото за всисување (27) од горниот дел на всисувачот (13).

Всисување на суви материјали

Всисување на наталожена прав

– Подесете го регулаторот на волуменски проток (6) на дијаметарот на цревото.
- За да го включите всисувачот прекинувачот за избор на начин на работа (7) поставете го на ознаката „Всисување“.
- За да го исклучите всисувают, поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (7) на ознаката „Исклучување“.

Всисувачот е опремен со контрола на волуменскиот проток. Контролата на волуменскиот проток е фиксно поставена на режимот на работа „Всисување“ на вредност од 20 m/s, независно од позицијата на регулаторот на волуменскиот проток (6).

Доколку оваа вредност се пречекори, на пр. поради насобрана нечистотија во цревото за всисување, полна вреќичка за прав или вметнат набран филтер, се слуша звучен сигнал за предупредување. Во тој случај, исключете го всисувачот и проверете го како што е опишано во делот „Отстранување на пречките“.

Всисување на правта што се создава додека работат електричните алати (види слика G)

▶ Мора да постои доволен степен на проток на воздух (L) во просторот, бидејки издувниот воздух се

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Всисување на правта што се создава додека работат електричните алати (види слика G) - 1

враќа во просторијата. Внимавајте на односните прописи во земјата.

Во всисувачот има вградено шуко приклучница (5). Таму може да приключите надворешен електричен апарат. Внимавајте на максимально дозволената приклучна мој на електричниот алат што се приклучува.

За да се овозможи доволен пренос на правта до местото на всисување, не треба да се пречекори најмалиот волуменски проток за приклучениот електричен алат.

Дијаметар на цревото Поставена вредност за волуменски проток

35 mm 57,9 m ^3/h
22 mm 41,2 m ^3/h
15 mm 12,7 m ^3/h

– Подесете го регулаторот на волуменски проток (6) на дијаметарот на цревото.
– Монтирајте го адаптерот за всисување (25) (види „Монтирање на адаптерот за всисување“, Страница 210).
– Вметнете го адаптерот за всисување (25) во млазниците за всисување на електричниот алат.

Напомена: При работење со електрични алати, чијшто довод на воздух до цревото за всисување е мал (на пр. убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори отворот за дополнителен воздух (26) на адаптерот за всисување (25). Само на тој начин полуавтоматското чистење на филтерот може да работи без проблем.

Притоа, свртете го прстенот над отворот за непотребен воздух (26), додека не се формира максимален отвор.

– За вклучување на Старт/Стоп- автоматиката на всисувачот, поставете го прекинувачот за избор на режим на работа (7) на ознаката „Старт/Стоп-автоматика“. При овој режим на работа, волуменскиот проток електронски се контролира согласно позицијата на регулаторот (6). Доколку е правилно избрана поставката, се овозможува доволен пренос на правта.

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - враќа во просторијата. Внимавајте на односните прописи во земјата. - 1

  • За ставање во употреба на всисувают приключете го на приклучницата (5) од приклучениот електричен алат. Всисувают автоматски почува со работа.
    – Исключете го електричниот алат, за всисувањето да заврши.

Функцијата за продолжен тек на Старт/Стоп автоматиката продолжува да работи уште 15 секунди, за да ја всиса останатата прав од цревото за всисување.

– За да го исклучите всисувачот, поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (7) на ознаката „Исклучување“.

Доколку слушнете звучен сигнал за предупредување, мора да го проверите всисувачот како што е опишано во делот „Отстранување на пречки“.

▶ Со всисувачот не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жежок или запалива прав. Не го користете всисувачот во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.

▶ Всисувачот не смее да се користи како водена пумпа. Всисувачот е наменет за всисување на мешавини од воздух и вода.

Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа на прав М) е утврдено само за всисување на суви материјали.

Работни чекори пред всисување на влажни материи

– По потреба отстранете ја врекичката за отпад (29) или кесата за прав.

Напомена: За полесно отстранување, при всисување на мешавина од вода и цврсти материјали, користете водена филтер вреќичка (опрема), која Ѽе ја одвои водата од цврстите материјали.

– Поставете ја гумената лента (32) во подната млазница (34) (види „Вметнување на гумената лента (всисување влажни материи) (види слика E)“, Страница 211).

– Исключете го автоматско чистење на филтерот (AFC) (види „Автоматско чистење на филтерот (види слика I)“, Страница 213).

Всисување на течности

- За да го включите всисувают, поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (7) на ознаката „Всисување“.

Всисувают е опремен со сензори за ниво на наполнетост (40). Доколку се достигне максимальното ниво на наполнетост, всисувают се исклучува. Прекинувачот за избор на начинот на работа (7) поставете го на ознаката „Исклучување“.

Напомена: При всисување на неспроводливи материјали (на пр. емулзија настаната при дупчење, масла и маснотии) всисувачот нема да се исклучи и при полн контејнер. Состојбата на наполнетост мора постојано да се проверува и контејнерот навреме да се празни. Доколку при всисувањето на влажни материи се слушне акустичен сигнал за предупредување, безбедноста на функцијата на всисувачот не е нарушена. Нема потреба од мерки за отстранување на пречките.

– За да го исклучите всисувачот, поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (7) на ознаката „Исклучување“.
– Извлечете го испусното црево (23) од неговиот држач и испуштете ја валканата вода преку испусното црево.
– При транспорт на всисувачот, завртете ги чеповите (2) на прифатот на цревото (3).
- Испразнете го садот (1).

За да се избегне создавање на мувла по всисување на влажни материи:

– Извадете го набраниот филтер (30) и оставете го добро да се исуши.
– Извадете го горниот дел на всисувачот (13), отворете го капакот на филтерот (39) и оставете ги добро да се исушат.

Доколку е включено автоматското вклучување на филтерот (AFC = Automatic Filter Cleaning) набраниот филтер (30) ће се чисти на секои 15 секунди со воздушен млаз (пулсирачки звук).

Подоцна, откако јачината на всисување ке се намали, мора да се активира чистењето на филтерот.

Со редовно чистење на филтерот се зголемува рокот на траење на филтерот.

За да се постигне идеален рок на употреба на филтерот, деактивирајте го чистењето на филтерот само во исклучителни случаи: на пр. при всисување на чисти течности или при користење на хартиена филтер вреќичка.

Доколку набраниот филтер е извалкан на површината, тој сепак е целосно функционален. Рачно чистење на набраниот филтер со тропање или издувување не е потребно и може да го исчисти филтерот.

Напомена: Автоматското чистење на филтерот е фабрички включено.

Вклучувањето/исклучувањето на автоматското чистење на филтерот е возможно само доколку уредот е включен.

- AFC деактивиран

Контролната LED светилка (38) се гаси.

- AFC активиран

▶ Извлечете го приключокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
▶ Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
▶ При сервис и чистење на всисувачот користете маска за заштита од прав.

Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој го одржува и другите лица. Пред демонтажата, всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се демонтира всисувачот, мора добро да биде проветрена. За време на одржувањето носете лична заштитна опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде сте работеле.

Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши техничка проверка од страна на производителот или овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата на уредот за контрола.

Кај всисувачи од класа М, што се користеле во нечиста околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите машински делови или да се третира со средство за дихтување. Пред да извршите какви било поправки, сите извалкани делови што не може довольно да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се отстранат во непропустливи єеси во согласност со важечките одредби за отстранување на ваков отпад.

Вадење/замена на набраниот филтер (види слики J1-J2)

Капацитетот на всисување зависи од состојбата на филтерот. Затоа редовно чистете го филтерот.

Веднаш заменете го оштетениот набран филтер (30).

– Извлечете го од окцето за затворање (20) и отворете го поклопецот за филтерот (39).
– Фатете го набраниот филтер (30) за држачите и извадете го нагоре.
– Отстранете ја правта и нечистотијата, што испafa при вадење на набраниот филтер (30), со влажна крпа од рабовите на поклопецот за филтерот (39). PES и PTFE-набраните филтри може да се исплакнат под проточна вода.
– Поставете го новиот исчистен набран филтер (30) и внимавајте добро да легне.
– Повторно затворете го поклопецот за филтер (39) (додека не слушнете да се вклопи).

Чистење на садот

– Избришете го садот(1) одвреме-навреме со вообичаено неабразивно средство за чистење и оставете го да се исуши.

Чистење на сензорите за нивото на наполнетост (види слика K)

Повремено исчистете ги сензорите за ниво на наполнетост (40).

– Отворете ги затворачите (15) и извадете го горниот дел на всисувачот (13).
– Исчистете ги сензорите за ниво на наполнетост (40) со мека крпа.
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (13) и затворете ги затворачите (15).

214 | Македонски

– Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел (14).
– Прикачете ја опремата на соодветните држачи: цевката за всисување (35) во држачите (22), млазницата за фуги (31) во држачот (21), подната млазница (34) во држачот (24).
– Отворете ги еластичните ленти на држачите на чревото за всисување (4) и поставете го чревото за всисување (27) на горниот дел на всисување во држачот (4). Повторно закачете ги еластичните ленти.
– Прикачете ја L-Вохх на држачите (11).
– Складирајте го всисувачот во сува просторија и заштитете го од неовластено користење.

– За да ги фиксирате тркалцата (18) притиснете ја кочницата на тркалцата (17).

– При транспорт на всисувачот, завртете ги чеповите (2) на прифатот на цревото (3).
– Носете го всисувачот само за рачката за носење (10).
– Држачот-водилка (12) користете го за туркање или за влечење на всисувачот низ скалила.

Отстранување на пречки

▶ Ако се појави дефект (на пр. скршен филтер), всисувачот за прав мора веднаш да се ислучи. Пред ново стартување мора да се отстрани дефектот.

Проблем Помош

Турбината за всисување не работи. – Проверете го струјниот кабел, приключокот за струја, осигурувают,прилучницата и сензорите за наполнетост (40).
Прекинувачот за избор на режим на работа (7) стои на „Старт/Стоп автоматика“.– Поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (7) на ознаката„Всисување“ одн. включете го приклучениот електричен алат наприклучницата (5).
Турбината за всисување сеисклучува.– Испразнете го садот (1).
Турбината за всисување повторноне работи и по празнењето на садот.– Исклучете го всисувачот и почекајте 5 секунди, по 5 секунди повторновключете.– Сензорите за состојба на наполнетост (40) како и нивниот меѓу-простор (40)исчистете ги со четка.
Се губи силата на всисување. – Отстранете ја блокадата од млазницата за всисување, цевката за всисување(35), цревото за всисување (27) или набраниот филтер (30).
– Заменете ја вреќичката за отпад (29) или ъесата за прав.– Правилно поставете го капакот за филтерот (39).– Правилно поставете го горниот дел на всисувачот (13) и затворете гикапачињата (15).– Заменете го набраниот филтер (30).
Излегува прав при всисувањето– Проверете дали набраниот филтер (30) е правилно монтиран.– Заменете го набраниот филтер (30).
Автоматиката на исклучување(всисување на влажни материи) нереагира.– Сензорите за состојба на наполнетост (40) како и нивниот меѓу-простор (40)исчистете ги со четка.
Кај електрични неспроводливи течности или при создавање на пена нефункционира автоматиката на исклучување.– Постојано контролирајте на состојбата на наполнетост.
Се слуша звучен сигнал запредупредување.Капацитетот на всисување е поставен на најслабо.– Регулаторот на капацитет на всисување (8) поставете го на повисокавредност.
Поставен е погрешен дијаметар на црево.– Поставете го регулаторот на волуменски проток (6) на правилен дијаметар нацревото.
Цревото за всисување (27) е затнато или свиткано.– Отстранете ја блокадата или одвиткајте го.

1 609 92A 4LZ | (19.11.2018) Bosch Power Tools

Проблем Помош

Вреќичката за отпад/прав е полна.- Заменете ја вреќичката за отпад (29) или ćесата за прав.
Набраниот филтер (30) е извалкан.- Исчистете го или ев. заменете го набраниот филтер.
Нема доволен проток на воздух на приклучениот електричен алат.- Отворете го отворот за дополнителен воздух (26) на адаптерот за всисување (25): Вртете го прстенот на адаптерот за всисување додека целосно не се отвори отворот за дополнителен воздух.- Доколку има: отворете го отворот за непотребен воздух на електричниот алат.
Нарушена функција на контролната електроника.- Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Автоматското чистење на филтерот не работи.- Активирајте го чистењето на филтерот (притиснете го AFC-копчето (9)).
- Приклучете го цревото за всисување (27).
Автоматското чистење на филтерот не може да се исклучи.- Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Автоматското чистење на филтерот не може да се вклучи.- Контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.

Опрема

Број на опрема
Хартиена филтер вреќичка (суво) 2 607 432 035
Платнена филтер вреќичка (суво)2 607 432 037
Филтер вреќичка за влажно всисување (мокро)2 607 432 039
Вреќичка за отпад (РЕ) (суво/мокро)2 607 432 043

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Македонија

Д.Д.Електрис

Всисувачот, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Македонија - 1

Не го фрлајте всисувачот во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според Европската регулатива 2012/19/EУ за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, всисувачите што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

Srpski

Sigurnosne napomene za usisivač

BOSCH GAS 55 M AFC Professional - Sigurnosne napomene za usisivač - 1

Pročitajte sva upozorenja i uputstva.

Propusti u poštovanju napomena za sigurnost i uputstava mogu da prouzrokuju električni udar, požar i/ili teške povrede.

Čuvajte sva upozorenja i uputstva za budućnost.

- Ovaj usisivač nije predviđen za to da ga koriste deca i lica sa

216 | Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GAS 55 M AFC Professional

Категорија : Прашка