BOSCH GAS 50 M Professional - Прашка

GAS 50 M Professional - Прашка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GAS 50 M Professional BOSCH во PDF формат.

📄 187 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GAS 50 M Professional - page 135
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GAS 50 M Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GAS 50 M Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GAS 50 M Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GAS 50 M Professional BOSCH

Македонски ...... Страна 135

Srpski.... Strana 141

Slovensko.... Stran 146

Hrvatski....Stranica 151

Eesti Lehekülg 157

Безбедносни напомени

BOSCH GAS 50 M Professional - Безбедносни напомени - 1

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Добро чувајте ги овие упатства.

▶ Овој вшмукувач не е предвиден за употреба од страна на деца и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или недоволно искусство и знаење. Овој вшмукувач може да го користат деца над 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор на лице одговорно за нивната безбедност или се упатени за безбедно ракување со вшмукувачот и ги разбираат опасностите што може да произлезат. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.

▶ Не ги оставајте децата без надзор. Така ће се осигурате дека децата нема да си играат со вшмукувачот.

▶ Не ги оставајте децата без надзор за време на чистењето или одржувањето на вшмукувачот.

▶ Не вшмукувајте материјали што содржат азбест. Азбестот важи како канцероген.

⚠ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Вшмукувачот користете го само доколку имате

доволно информации за негово користење, за материјалот што се вшмукува и за негово безбедно отстранување. Деталните инструкции ја намалуваат опасноста од погрешна употреба и повреди.

⚠️ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Вшмукувачот е наменет за вшмукување на суви

материјали, а со соодветни дополнителни мерки и за вшмукување на течности. Навлегувањето на течности во електричниот уред го зголемува ризикот од електричен удар.

▶ Со вшмукувают не вшмукувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не вшмукувајте жешка или запалива прав. Не го користете вшмукувают во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Конекторот користете го само за целите утврдени во упатството за употреба.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Веднаш исключете го вшмукувачот, доколку

почне да излегува пена или вода и испразнете го контејнерот. Инаку вшмукувачот може да се оштети.

ВНИМАНИЕ

Вшмукувачот смее да се користи и чува само во внатрешен простор.

Навлегувањето на дожд и влага во горниот дел на вшмукувачот го зголемува ризикот од електричен удар.

ВНИМАНИЕ

Редовно чистете ги сензорите за ниво на течност и проверете дали

се оштетени. Инаку функцијата може да се наруши.

Доколку користењето на вшмукувачот во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Приключете го вшмукувачот на прописно заземјена струјна мрежа. Конекторот и продолжниот кабел мора да имаат функционален заштитен проводник.
▶ Пред секое користење, проверете го вшмукувачот, кабелот и приклучокот. Не го користете вшмукувачот, доколку приметите оштетувања. Не го отворајте сами вшмукувачот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој їе користи само оригинални резервни делови. Оштетениот вшмукувач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен удар.

▶ Не го прегазувајте или гмечете кабелот. Не го тегнете кабелот за да го извадите приклучокот од конекторот или за влечење на вшмукувачот. Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен удар.

▶ Извлечете го приклучокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.

▶ Погрижете се за добра проветреност на работното место.

136 | Македонски

Вшмукувачот смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.

ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ

Вшмукувачот содржи прав што е опасна по

здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Неопходна е соодветна заштитна опрема. Не го користете вшмукувачот без комплетниот филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.

▶ Пред користењето, проверете дали цревото за вшмукување е во беспрекорна состојба. При монтирањето на цревото на вшмукувачот, проверете да не излегува прав. Инаку може да ја вдишете правта.
▶ Не го користете вшмукувачот како предмет за седење. Може да го оштетите вшмукувачот.
▶ Внимателно користете го струјниот кабел и цревото за вшмукување. Внимавајте притоа да не ги доведете другите лица во опасност.
▶ Не го чистете вшмукувачот со директно насочен млаз вода. Навлегувањето на вода во горниот дел на вшмукувачот го зголемува ризикот од електричен удар.

Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот вшмукувач. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите вшмукувачот.

⚠️ ПРЕТПАЗЛИВОСТ Прочитајте ги сите

напомени и упатства за безбедност.

Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

BOSCH GAS 50 M Professional - ⚠️ ПРЕТПАЗЛИВОСТ Прочитајте ги сите - 1

BOSCH GAS 50 M Professional - ⚠️ ПРЕТПАЗЛИВОСТ Прочитајте ги сите - 2

text_image M M

Вшмукувач од класата на прав М според IEC/EN 60335-2-69 за вшмукување на суви материјали за честички прав опасни по здравјето со гранична вредност на изложеност ≥ 0,1 mg/m³

Отворете го горниот дел на вшмукувачот 3 и цврсто задржете го. Фатете го набраниот филтер 18 за држачите и извадете го нагоре.

Опис на производот и мокноста

Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ од вшмукувачот и држете ја отворена, додека го читате упатството за употреба.

Употреба со соодветна намена

Уредот е наменет за собирање, вшмукување, пренос и складирање на дрвени струготини како и незапаливи суви честички прав, незапаливи течности и мешавина од вода и воздух. Вшмукувачот е технички проверен на прав и одговара на класата на вшмукување М. Тој е прилагоден и на високите барања при негова комерцијална употреба на пр. во занаетчиството, индустријата и сервисните работилници. Користете го вшмукувачот само откако ќе ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако ќе ги добиете потребните упатства.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.

1 Држач за кабел
2 Рачка за носење
3 Горен дел на вшмукувачот
4 Светла за предупредување
5 Регулатор на воздушниот проток
6 Прекинувач за избор на начинот на работа
7 Конектор за електричниот апарат
8 Pe3e

9 Прифат за цревото

10 Црево за вшмукување

11 Контејнер

12 Кочница за тркалото

13 Поклопец за горниот дел на вшмукувачот

14 Депо за опрема

15 Стега за држачот-водилка

16 Држач-водилка

20 Сензори за ниво на наполнетост

*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартдниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Македонски|137

Технички податоци

Вшмукувач за дрво GAS 50 M
Број на дел/артикл0 601 988 1..
Номинална јачинаW1
ФреквенцијаHz 50/60
Волумен на контејнерот (бруто)I50
Нето волуменI43
Волумен на вреќичката за правI21
макс. потпритисок*xПа 225
макс. количина на проток* м^3/ч 140
Јачина на вшмукувањеW316
Површина на набраниот филтер см^2 8600
Класа на правM
Тежина согласноEPTA-Procedure 01/2003кг 17,3
Класа на заштита +/I
Вид на заштитаIP 24

IFA-ревизорски извештај

BOSCH GAS 50 M Professional - Илустрација на компоненти - 1

201122735/1110

* измерено со црево за вшмукување ∅ 35 мм и 5 м должна

Податоците важат за номинален напон [U] 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при ниски напони, во зависност од изведбата во односната земја.

Изјава за сообразност CE

Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите применливи одредби од директивите 2011/65/EU, 2014/30/EU, 2006/42/EC включително нивните измени и е сообразен со следните норми: EN 60335-1, EN 60335-2-69.

Информација за бучава

Вредностите на емисија набучава одредени во согласност со EN 60335-2-69.

Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со А, типично е помало од 70 dB(A). Несигурност K = 3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да пречекори и 80 dB(A).

Носете заштита за слухот!

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на вшмукувачот, извлечете го струјниот приклучок од конекторот.

Монтирање на држачот-водилка

Возната подлога є конструирана за вшмукувачот да може полесно да се повлече со помош на држачот-водилка 16. При влечењето секогаш држете го држачот-водилка 16 со двете раце.

Ставете го држачот-водилка 16 во 2-та отвори на контејнерот 11. Притиснете ги стегите 15 низ соодветните отвори на држачот-водилка 16 и затворете ги стегите 15.

Тркалата се опремени со кочници 12. За фиксирање, притиснете ја кочницата на тркалото 12 надолу.

Менување/вметнување на врекичката за прав (види слика А)

  • Отворете ги затворачите 13 и извадете го горниот дел на вшмукувачот 3.
  • Извлечете ја полната врејичка за прав 17 од приклучната прирабница наназад. Затворете го отворот на врејичката за прав со затворање на капакот. Извадете ја затворената врејичка за прав од вшмукувачот.
  • Наместете ја новата вреќичка за прав 17 на приклучната прирабница на вшмукувачот. Проверете дали вреќичката за прав 17 по целата должна налегнува на внатрешниот сид од контејнерот 11. Поставете го горниот дел на вшмукувачот 3.
  • Затворете ги затворачите 13.

За вшмукување на суви материјали треба да вметнете една вреќичка за прав 17. Со користењето на вреќичка за прав 17 набраниот филтер 18 останува отворен подолго време, јачината на вшмукување се задржува подолго време и се олеснува отстранувањето на правта.

Доколку се вшмукаат материјали без или со гранична вредност на изложеност ≥ 1 mg/m³ (во согласност со класата на прав L), може да се вшмукаат директно во контејнерот.

Доколку за време на IS-режимот трепкаат светлата за предупредување 4 и/или за време на ENT-режимот се слуша акустичен сигнал, набраните филтри 18 мора да се исчистат. Притоа поставете го прекинувачот за начин на работа 6 на ознаката Електромагнетско чистење на филтерот. Набраните филтри се чистат околу 10 секунди. Доколку светлата за предупредување 4 потоа трепкаат и/или се слуша акустичен сигнал, мора да се замени врекичката за прав17.

138 | Македонски

Доколку светлата за предупредување 4 продолжат да трепкаат и/или се слуша акустичен сигнал, вшмукувачот мора да се провери како што е опишано во дел „Дефекти“.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Вшмукувачот содржи прав што е опасна по

здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Неопходна е соодветна заштитна опрема. Не го користете вшмукувачот без комплетниот филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.

Монтирање на цревото за вшмукување (види слика А)

Поставете го цревото за вшмукување 10 на прифатот за црево 9 и свртете го во насока на стрелките на часовникот се до крај.

Цевките за вшмукување спојте ги со ставање една во друга.

Напомена: Bosch препорачува користење на црева со одвод на статичкиот електрицитет со дијаметар од 19 мм или 35мм.

Употреба

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на вшмукувачот. Електричните уреди означени со 230 V исто така може да се користат на 220 V.
▶ Be молиме информирајте се за важечките одредби/закони во вашата земја во врска со постапувањето со честички прав што се штетни по здравјето.

За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот само доколку го користите.

Ознаки на прекинувачот за избор на начинот на работа

onВклучување (начин на работа IS)
offИсклучување
Електромагнетско чистење на филтерот
Користење со далечински прекинувач(начин на работа ENT)

Вшмукување на наталожена прав (начин на работа IS)

▶ Носете маска за заштита од прав.

Напомена: Во начинот на работа IS смее да се користи 35 mm црево и млазници наведени во опремата.

За да го включите, вшмукувачот, прекинувачот за избор на начин на работа 6 поставете го на on.

За да го включите, вшмукувачот, прекинувачот за избор на начин на работа 6 поставете го на off.

Вшмукувачот е опремен со контрола на волуменскиот проток (Airflow). Волуменскиот проток во начинот на работа IS е фиксно поставен на вредност од 20 m/s, независно од позицијата на регулаторот на волуменскиот проток 5.

Доколку оваа вредност се пречекори, на пр. поради насобрана нечистотија во цревото за вшмукување, полна врејичка за прав или блокиран набран филтер, трепка светлото за предупредување 4. Во тој случај, исключете го вшмукувачот и проверете го како што е опишано во делот „Дефекти“.

Вшмукување на правта што се создава додека работат електричните апарати (начин на работа ENT со далечинска автоматика) (види слика В)

▶ Носете маска за заштита од прав.
▶ Мора да постои доволен степен на проток на воздух (L) во просторот, бидејки издувниот воздух се враćа во просторијата. Внимавајте на односните прописи во земјата.

Во вшмукувачот има вградено шуко приклучница 7. Таму може да приключите надворешен електричен апарат. Преку приклучениот електричен уред, вшмукувачот автоматски їе започне со работа. Внимавајте на максимально дозволената јачина на приклучување на електричниот апарат што се приклучува.

За електричниот алат на располагање ви стојат различни системи на црева за приклучување како опрема.

Поставете го регулаторот за воздушен проток 5 на дијаметарот на цревото од 19 mm одн. 35 mm.

За да се овозможи доволен пренос на правта до местото на вшмукување, не треба да се пречекори најмалиот волуменски проток (Airflow) за приклучениот електричен апарат.

Дијаметар на цревотоПоставена вредност на воздушниот проток
35 mm70 m^3 /ч
19 мм20 m^3 /ч

Прекинувачот за избор на начинот на работа 6 поставете го на ознаката Користење со далечински управувач.

При овој начин на работа, волуменскиот проток електронски се контролира согласно позицијата на регулаторот на воздушен проток 5. Доколку е правилно избрана поставката, се овозможува доволен пренос на правта.

За Приклучување на вшмукувачот приключете го на конекторот 7 од приклучениот електричен апарат. Вшмукувачот автоматски почува со работа.

Доколку светлата за предупредување 4 трепкаат и се слуша акустичен сигнал, вшмукувачот морада се провери како што е опишано во дел „Дефекти“.

Исклучете го електричниот апарат, за да може да го исклучите електричниот уред. Вшмукувачот се включува автоматски околу 6 секунди подоцна.

Македонски|139

Во начинот на работа ENT со далечинска автоматика електронското ограничување на стартната струја ја ограничува јачината на струјата при вклучување на вшмукувачот и овозможува работа на 16-А-осигурувач.

Електромагнетско чистење на филтерот

Уредот е опремен со електромагнетско чистење на филтерот, што го чисти набраниот филтер 18 од насобраната прашина.

Подоцна, откако јачината на вшмукување Ѽе се намали, филтерот мора да се исчисти.

Прекинувают за избор на начинот на работа 6 поставете го на ознаката Електромагнетско чистење на филтерот. Доколку електричниот апарат е включен, їе мора да го ислучите.

Вшмукувачот вибрира околу 10 секунди и автоматски се ислучува.

Почекајте кратко пред повторно да го употребите вшмукувачот, за да може правта да стигне до контејнерот. Колку често треба да се чисти филтерот зависи од видот и количината на правта. Со редовна употреба, максималниот капацитет подолго се задржува.

Вшмукување на влажни материјали

▶ Со вшмукувают не вшмукувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не вшмукувајте жешка или запалива прав. Не го користете вшмукувают во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.
▶ Вшмукувачот не смее да се користи како водена пумпа. Вшмукувачот е наменет за вшмукување на воздушни и водени мешавини.
▶ Пред било каква интервенција на вшмукувачот, извлечете го струјниот приклучок од конекторот.

Напомена: Пред вшмукување на влажни материјали извадете ја вреќичката за прав 17 испразнете го контејнерот 11.

Вшмукувачот е опремен со сензори за ниво на наполнетост 20. Доколку се достигне максимальното ниво на наполнетост, вшмукувачот се исклучува. Прекинувачот за избор на начинот на работа 6 поставете го на off.

По вшмукувањето извадете го набраниот филтер 18 за да избегнете насобирање на мувла и оставете го да се исуши или извадете го горниот дел на вшмукувачот 3 и оставете го да се исуши.

Можности за примена

Вшмукувачот може да се користи за вшмукување и издувување на следните материјали:

  • Прав со гранична вредност на изложеност ≥ 0,1 mg/m³
  • Прав од минерални суровини со алуминиум хидроксид
  • Графитна прав
  • Алуминиумска прав
  • Хартиена прав
  • Праводсаги

  • Пудреста прав

  • Полиуретанска прав
    – GFK-прав на база на епоксидна смола, погледни ги безбедносните табеларни податоци на производителот
    – CFK-прав на база на епоксидна смола, погледни ги безбедносните табеларни податоци на производителот
  • Прав од лак без канцерогени состојки
  • Прав од дрво
    Во основа, вшмукувачот не смее да се користи во простории каде постои опасност од експлозија.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на вшмукувачот, извлечете го струјниот приклучок од конекторот.
▶ Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
▶ При сервис и чистење на вшмукувачот користете маска за заштита од прав.

Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.

Најмалку еднаш годишно потребно е са се изврши техничка проверка од страна на производителот или овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на филтерот, дали вшмукувачот добро дихтува и функцијата на уредот за контрола.

Кај вшмукувачите од класа М, што се користеле во нечиста околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите машински делови или да се третира со средство за дихтување. Пред да извршите било какви поправки, сите извалкани делови што не може довольно да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите делови морада се отстранат во непропустливи кеси во согласност со важечките одредби за отстранување на ваков отпад.

За одржување од страна на корисникот, вшмукувачот мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој го одржува и другите лица. Пред демонтажата, вшмукувачот треба да се исчисти за да се избегнат евентуалните опасности. Просторијата во која ќе се демонтира вшмукувачот, морадобро да биде проветрена. За време на одржувањето носете лична заштитна опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде сте работеле.

140 | Македонски

Вадење/заменување на набраниот филтер (види слика С)

Веднаш заменете го оштетениот набран филтер 18.

  • Со железна паричка или сл. свртете го затворачот на резето 8 за 1/4 во правец на стрелката и притиснете го резето.
  • Отворете го горниот дел на вшмукувачот 3 и цврсто задржете го. Фатете го набраниот филтер 18 за држачите и извадете го нагоре.
  • Исчистете го набраниот филтер 18.
  • Поставете го новиот исчистен набран филтер 18 и внимавајте добро да легне.
  • Повторно вратете го горниот дел на вшмукувачот 3 на место. Солесен притисок од горе, резето 8 повторно ке се вклопи.

Контејнер

Избришете го контејнерот 11 одвреме-навреме со вообичаено средство за чистење што не гребе и оставете го да се исуши.

Филтерот за заштита на моторот 19 скоро и да нема потреба од одржување. Одвреме-навреме извадете го филтерот за заштита на моторот и исплакнете го под чиста вода. Пред да го вратите на место, оставете го добро да се исуши.

Сензори за ниво на наполнетост
BOSCH GAS 50 M Professional - Контејнер - 1

text_image 20 BOSCH

Повремено исчистете ги сензорите за ниво на наполнетост 20.

Отворете ги затворачите 13 и извадете го горниот дел на вшмукувачот 3.

Исчистете ги сензорите за ниво на наполнетост 20 со една мека крпа.

Вратете го на место горниот дел на вшмукувачот 3 и затворете ги затворачите 13.

Дефекти

Доколку светлата за предупредување 4 трепкаат или се слуша акустичен сигнал, мора да се исчисти набраниот филтер 18. Притоа поставете го прекинувачот за вид на режим 6 на ознаката Електромагнетско чистење на филтерот. Набраните филтри се чистат околу 10 секунди.

Осигурете се дека регулаторот на воздушен проток 5 стои во позиција на употребениот дијаметар на цревото.

  • Истресете ја преостанатата прав од набраниот филтер 18 и доколку е неопходно, заменете го набраниот филтер 18.
  • Проверете дали отворот на вреќичката за прав 17 е запушен или вреќичката за прав 17 е полна. Во ваков случај заменете ја вреќичката за прав 17.

Доколку по вклучувањето светлата за предупредување 4 одново трепкаат и/или се слуша акустичен сигнал, постапете на следниов начин.

  • Во начинот на работа ENT со далечинска автоматика исключете го приклучениот електричен уред и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата 7.
  • Включете го вшмукувачот.
  • Приклу чете 35 мм црево.
  • Доколку светлата за предупредување не трепкаат 4 вшмукувачот и цревото се во ред.
  • Доколку светлата за предупредување трепкаат 4, проверете дали во системот на вшмукување и цревото за вшмукување 10 има заглавена нечистотија.
  • Доколку и потоа светлата за предупредување 4 продолжат да трепкаат, исчистете го набраниот филтер 18 и доколку е неопходно заменете го.
  • Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина на вшмукување, однесете го вшмукувачот во сервисната служба.

Сервисна служба и совети при користење

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови їе најдете на:

www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

Македонија

Д.Д.Електрис

Вшмукувачот, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не го фрлајте вшмукувачот во домашната канта за губре!

Srpski|141

Само за земји во рамки на ЕУ

BOSCH GAS 50 M Professional - Само за земји во рамки на ЕУ - 1

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

Се задржува правото на промена.

Srpski

Uputstva o sigurnosti

BOSCH GAS 50 M Professional - Uputstva o sigurnosti - 1

Čitajte sva upozorenja i uputstva. Propusti kod pridržavanja upozorenja i uputstava mogu imati za posledicu električni udar, požar i/ili teške povrede.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GAS 50 M Professional

Категорија : Прашка