GAS 12-25 PL Professional - Прашка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GAS 12-25 PL Professional BOSCH во PDF формат.
| Вид на производ | Прашина и вода вшмукувач класа L |
| Марка | Bosch |
| Модел | GAS 12-25 PL Professional |
| Номинална влезна моќност | 1250 W |
| Напон / фреквенција | 220-240 V, 50-60 Hz |
| Бруто капацитет на резервоарот | 25 L |
| Нето капацитет за течности | 15 L |
| Волумен на вреќа за прашина | 20 L |
| Максимална депресија (вшмукувач) | 19 kPa |
| Максимална депресија (турбина) | 20 kPa |
| Максимален проток (вшмукувач) | 36 L/s |
| Максимален проток (турбина) | 65 L/s |
| Тежина (според EPTA 01:2014) | 9 kg |
| Степен на заштита | IPX4 |
| Ниво на звучен притисок | 76 dB(A) |
| Класа на филтрација | L (IEC/EN 60335-2-69) |
| Главни функции | Вшмукување суво/течно, дување, автоматско вклучување/исклучување |
| Главен филтер | Набран HEPA филтер |
| Чистење на филтерот | Автоматско со воздушни удари |
| Приклучок за електричен алат | Да, максимална моќност 2100 W (варира во зависност од земјата) |
| Безбедност | Автоматско исклучување со плови при максимално полнење со течност |
| Вклучени додатоци | Вшмукувачко црево 3 m, подна млазница, вшмукувачки цевки, адаптер |
| Предвидена употреба | Професионални апликации (градилишта, индустрија, работилници) |
Frequently Asked Questions - GAS 12-25 PL Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GAS 12-25 PL Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GAS 12-25 PL Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GAS 12-25 PL Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GAS 12-25 PL Professional BOSCH
Македонски...... Страница 176
Srpski ...... Strana 184
Slovenščina ....Stran 192
Hrvatski ......Stranica 199
Безбедносни напомени за всисувачи

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од неприджување до безбедносните напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Чувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
▶ Овој всисувач не е предвиден за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или душевни способности или недоволно
искуство и знаење. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
▶ Не ги оставајте децата без надзор. Така їе се осигурате дека децата нема да си играат со всисувачот.
▶ Не всисувајте прав настанат при обработка на буково или дабово дрво, камен или азбест. Овие материјали важат за канцерогени.
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Всисувачот користете го само доколку имате довольно информации за користењето, за
материјалот што се всисува и за негово безбедно отстранување. Деталните инструкции ја намалуваат опасности од погрешна употреба и повреди.
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Всисувачот е наменет за всисување на суви материи, а со соодветни дополнителни мерки и
за всисување на течности. Навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Со всисувачот не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жежок или запалива прав. Не го користете всисувачот во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Конекторот користете го само за целите утврдени во упатството за употреба.
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Веднаш исключете го всисувают, доколку почне да излегува пена или вода и
испразнете го контејнерот. Инаку всисувачот може да се оштети.
▶ ВНИМАНИЕ! Всисувачот смее да се складира само во внатрешен простор.
▶ ВНИМАНИЕ! Редовно чистете ја пловката и проверете дали є оштетена. Инаку функцијата може да се наруши.
Доколку користењето на всисувачот во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен прекинувач за диференцијална струја. Употребата на заштитен прекинувач со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Приклучете го всисувачот на прописно заземјена струјна мрежа. Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат функционален заштитен проводник.
▶ Пред секое користење, проверете го всисувачот, кабелот и приклучокот. Не го користете всисувачот, доколку забележите оштетувања. Не
го отворајте сами всисувачот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал, кој користи само оригинални резервни делови.
Оштетениот всисувач, кабел и приключок го зголемува ризикот за електричен удар.
▶ Не го прегазувајте или притискајте кабелот. Не го влечете кабелот за да го извадите приклучокот од конекторот или за движење на всисувачот.
Оштетениот кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
▶ Извлечете го приклучокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
▶ Погрижете се за добра проветреност на работното место.
▶ Всисувачот смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на всисувачот.
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Всисувачот содржи прав што е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, како и вадењето
на контејнерот за собирање прав смее да се врши само од страна на стручен персонал. Потребна е соодветна заштитна опрема. Не го користете всисувачот без комплетниот филтерски систем. Инаку го загрозувате вашето здравје.
▶ Пред користењето, проверете дали цревото за всисување е во беспрекорна состојба. При монтирањето на цревото на всисувачот, проверете да не излегува прав. Инаку може да ја вдишете правта.
▶ Не го користете всисувачот како предмет за седење. Може да го оштетите всисувачот.
▶ Внимателно користете го струјниот кабел и цревото за всисување. Внимавајте притоа да не ги доведете другите лица во опасност.
▶ Не го чистете всисувачот со директно насочен млаз вода. Навлегувањето на вода во горниот дел од всисувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на Вашиот всисувач. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите всисувачот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства.
Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Всисувач од класата на всисување L според IEC/EN 60335-2-69 за всисување на суви материи од штетни прашини со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m³

Не го закачувајте всисувачот, на пр. при транспорт, на кука од кран. Всисувачот не е погоден за транспорт со кран. Постои опасност од повреда и оштетување.

Не го користете всисувачот како предмет за седење, спроводник и не стапнувајте на него. Инаку всисувачот може да се преврти и оштети. Постои опасност од повреда.


Всисување на наталожена прав од електрични алати кои работат Всисувачот автоматски се вклучува и одложено се исклучува

Исклучување

Всисување
Всисување на наталожена прав
Податоци за дозволената јачина на приклучување на приклучениот електричен алат (во зависност од земјата)
Опис на производот и перформансите
Наменета употреба
Уредот е наменет за собирање, всисување, пренос и одделување на незапаливи суви честички прав, незапаливи течности и мешавина од вода и воздух. Всисувачот технички проверен за прав и одговара на класата на всисување L. Toј е прилагоден и на високите барања при негова комерцијална употреба на пр. во занаетчиството, индустријата и сервисните работилници. Всисувач од класата на всисување L според IEC/EN 60335-2-69 смее да се користи само за всисување на материи што се штетни по здравјето со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m³.
Користете го всисувачот само откако їе ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако їе ги добиете потребните упатства.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на прикажаните компоненти се однесува на приказот на всисувачот на графичката страница.
(1) Прекинувач за избор на начинот на работа
(2) Конектор за електричниот алат
(3) Прифат за цревото (функција на всисување)
(4) Лента за влечење
(5) Блокатор за тркалцето
(6) Тркалце за промена на правецот
(7) Сад
(8) Ротор
(9) Поклопец за горниот дел на всисувачот
(10) Горен дел на всисувачот
(11) Држач за цревото за всисување
(12) Рачка за носење
(13) Прифат на цревото (функција на издувување)
(14) Држач за цевките за всисување
(15) Црево за всисување
(16) Адаптер за всисување
(17) Свиткана млазница
(18) Млазница за фуги
(19) Пластична кеса/кеса за прав ^4
(20) Главен филтер
(21) Филтер за влага
(22) Пред-фильтер
(23) Гумена лента
(24) Четки
(25) Подна млазница
(26) Цевка за всисување
(27) Копче на притискање
(28) Држач за филтерот
(29) Корпа на филтерот
(30) Отвор за всисување
(31) Стеги за прицврстување на пластичната кеса
(32) Отвор за непотребен воздух
A) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандартниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Всисувач за мокро/суво всисување | GAS 12-25 PL |
| Број на дел/артикл | 3 601 J7C 1.. |
| Номинална јачина W 1250 | |
| Фреквенција Hz 50–60 | |
| Волумен на садот (бруто) I 25 | |
| Нето волумен (течност) I 15 | |
| Волумен на кесата за прав I 20 | |
| макс. потпритисок ^A) | |
| – Всисувач kPa 19 | |
| – Турбина kPa 20 | |
| макс. количина на проток ^A) | |
| – Всисувач I/s 36 | |
| – Турбина I/s 65 | |
| Старт/Стоп-автоматика kg ● | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | 9 |
| Класа на заштита / I | + |
Всисувач за мокро/суво всисување
GAS 12-25 PL
Вид на заштита kg IPX4
A) измерено со црево за всисување ∅ 35 mm и 3 m должна Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Старт/Стоп автоматика
| Номинален напон | макс. јачина мин. јачина | |
| ЕУ 220–240 V 2100 W 100 W | ||
| ОК 240 V 2100 W 100 W | ||
| ЦХ 230 V 2100 W 100 W | ||
Податоци за дозволената јачина на приклучување на приклучениот електричен алат.
Кај други модели специфични за земјата, овие вредности може да се разликуваат. Внимавајте на податоците на приклучницата на всисувачот.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 60335-2-69.
Нивото на звучниот притисок на всисувают, оценето со А, типично изнесува 76 dB(A). Несигурност K = 3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да надмине 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60335-2-69: a_h < 2,5 m/s^2 , K = 1,5 m/ s^2 .
Монтажа
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
Монтирање на опремата за всисување (види слика А)
Цревото за всисување (15) е опремено со систем со стеги, со којшто може да се приклучи опремата за всисување (адаптер за всисување (16), свиткана млазница (17)).
Монтирање на млазниците и цевките
– Ставете ја свитканата млазница (17) на цревото за всисување (15), додека не слушнете да се вклопат двете копчиња на притискање (27) на цревото за всисување.
– Потоа прицврстете ја саканата опрема за всисување (подна млазница, млазница за фуги, цевка за всисување итн.) на заоблената млазница (17).
– За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (27) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.
Монтирање на адаптерот за всисување
– Ставете го адаптерот за всисување (16) на цревото за всисување (15), додека двете копчиња на притискање (27) не слушнете да се вклопат на цревото за всисување.
– За демонтирање, притиснете на двете копчиња на притискање (27) навнатре и извлечете ги деловите еден од друг.
Монтирање на цревото за всисување
Функција на всисување (види слика B1)
– Ставете го цревото за всисување (15) во прифатот за црево (3) и свртете го до крај во правецот на вртење
Напомена: При всисувањето, поради триењето на правта во цревото и опремата за всисување настанува електростатичко полнење, што корисникот го чувствува во форма на статичко празнење (во зависност од влијанијата на околината и телесната чувствителност). Во основа, Bosch препорачува антистатичко црево за всисување (опрема) при всисување на ситна прав и суви материјали.
Функција на издувување (види слика В2)
Всисувачот располага со функција за издувување. Не го издувувајте испуштениот воздух во слободен простор. Користете ја функцијата за издувување само со чисто црево. Правта може да биде опасна по здравјето.
– Включете го всисувачот најмалку 5 s (прекинувач за вклучување/исклучување (1) на ознаката „Всисување“), за да го исчистите цревото за всисување (15) од наталожената прав.
– Свртете го цревото за всисување (15) до крај во правец на вртење ☑извлечете го од прифатот за црево (3).
– Ставете го цревото за всисување (15) во прифатот за црево (13) и свртете го до крај во правецот на вртење
Вадење/вметнување на пред-филтерот
Пред-филтерот (22) ја задржува грубата нечистотија и со тоа го зголемува животниот век на главниот филтер. Морате да го извадите пред-филтерот од садот, ако сакате да всисувате влажни материи или да го исчистите главниот филтер.
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
– Извадете го пред-филтерот (22) од садот (7).
Вметнување на пред-филтер (види слика D2)
– Вметнете го пред-филтерот (22) со стрелките во правец на прифатот за црево (3) во садот (7).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).
Вадење/вметнување на главниот филтер
Главниот филтер (20) е НЕРА-набран филтер со екстра високи перформанси за чистење на издувниот воздух. Морате да го извадите главниот филтер од садот, ако сакате да всисувате влажни материи.
Вадење на главниот филтер (види слика E1)
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
– Свртете го држачот на филтер (28) до крај во правецот на вртење ☑ извадете го држачот за филтер заедно со главниот филтер (20) од горниот дел на всисувачот (10).
Вметнување на главниот филтер (види слика E2)
– Ставете го држачот на филтерот (28) заедно со главниот филтер (20) преку корпата за филтер (29) и свртете го држачот на филтерот (28) до крај во правецот на вртење
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).
Вметнување/вадење на филтерот за влага
За полесно отстранување, при всисување на мешавина од вода и цврсти материјали всисувачот содржи филтер за влага (21), кој Ѽе ја одвои водата од цврстите материјали.
Вметнување на филтерот за влага (види слика F1)
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
– Свртете го држачот на филтер (28) до крај во правецот на вртење ☑ извадете го држачот за филтер заедно со главниот филтер (20) од горниот дел на всисувачот (10) (види слика E1).
– Целосно ставете го филтерот за влага (21) на корпата за филтер (29).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
– Извадете го филтерот за влага (21) од корпата за филтер (29).
– Ставете го држачот на филтерот (28) заедно со главниот филтер (20) преку корпата за филтер (29) и свртете го држачот на филтерот (28) до крај во правецот на вртење (свиди слика E2).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).
Ставање/вадење на пластичната кеса или кесата за прав (всисување на суви материи)
За всисување на суви материи можете да користите пластична ъеса (19) или ъеса за прав (опрема) во садот (7). Со тоа се олеснува складирањето на груби нечистотии.
Ставање на пластичната кеса (види слики G1-G3)
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
– Извадете го пред-филтерот (22) од садот (7).
– Ставете ја пластичната ćеса (19) со отворот за полнење нагоре во садот (7). Прицврстете ја пластичната ćеса под отворот за всисување (30) со помош на стегите (31).
– Проверете дали пластичната кеса (19) е целосно налегната на внатрешните сидови на садот (7).
– Наместете го остатокот од пластичната кеса (19) преку работ на садот (7).
– Вметнете го пред-филтерот (22) со стрелките во правец на прифатот за црево (3) во садот (7).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).
Извадете ја пластичната кеса и затворете
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
– Извадете го пред-филтерот (22) од садот (7).
– Извлечете го работ на полната пластична кеса (19) наназад од стегите (31).
– Внимателно извадете ја пластичната кеса (19) од садот (7) без да ја оштетите.
– Внимавајте на тоа, пластичната кеса да не стрчи на отворот за всисување (30) или на другите остри предмети.
Менување/вметнување на кесата за прав (опрема)
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
– Извадете го пред-филтерот (22) од садот (7).
– Извлечете ја полната ćеса за прав (19) наназад од прилучната прирабница. Затворете го отворот на ćесата за прав со затворање на капакот. Извадете ја затворената ćеса за прав од садот (7).
– Наместете ја новата кеса за прав на приклучната прирабница на всисувачот. Проверете дали кесата за прав по целата должна налегнува на внатрешниот сид од садот(7).
– Вметнете го пред-филтерот (22) со стрелките во правец на прифатот за црево (3) во садот (7).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).
Вметнување на гумената лента (всисување влажни материи) (види слика Н)
Напомена: Барањето за степен на пропустливост (класа на прав L) е утврдено само за всисување на суви материјали.
– Извадете ги четките (24) со соодветен алат од подната млазница (25).
– Поставете ја гумената лента (23) во подната млазница (25).
Напомена: Структурираната страна на гумената лента мора да покажува нанадвор.
Употреба
Извлечете го приклучокот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на всисувачот. Полначите означени со 230 Уисто така може да се користат и на 220 V.
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на всисувачот.
▶ Информирајте се за важечките одредби/закони во Вашата земја во однос на постапувањето со честички прав што се штетни по здравјето.
Всисувают може да се користи за всисување и издувување на следните материјали:
– Прав со гранична вредност на изложеност > 1 mg/m ^3 Во основа, всисувачот не смее да се користи во простории каде постои опасност од експлозија.
За да се загарантира оптимален капацитет на всисување мора секогаш целосно да го одвиткувате цревото за всисување (15) од горниот дел на всисувачот (10).
Всисување на суви материјали
Напомена: Проверете дали при суво всисување предфилтерот (22) и главниот филтер (20) се вметнати во всисувачот (исто така види слики D2 и E2).
Всисување на наталожена прав
– За да го включите всисувачот, поставете го прекинувачот за избор на режим на работа (1) на ознаката „Всисување“.
– За да го исключите всисувачот, поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (1) на ознаката „Исклучување“.


Всисување на правта што се создава додека работат електричните алати (види слика I)
▶ Мора да постои доволен степен на проток на воздух (L) во просторот, бидејки издувниот воздух се враćа во просторијата. Внимавајте на односните прописи во земјата.
Во всисувачот има вградено шуко приклучница (2). Таму може да приключите надворешен електричен алат. Внимавајте на максимально дозволената јачина на приклучување на приклучениот електричен алат.

– Монтирајте го адаптерот за всисување (16) (види „Монтирање на адаптерот за всисување“, Страница 179).
– Вметнете го адаптерот за всисување (16) во
млазниците за всисување на електричниот алат.
Напомена: При работење со електрични алати, чијшто довод на воздух до цревото за всисување е мал (на пр. убодни пили, брусилки итн.), мора да се отвори отворот за дополнителен воздух (32) на адаптерот за всисување (16). Само на тој начин полуавтоматското чистење на филтерот може да работи без проблем.
Притоа, свртете го прстенот над отворот за непотребен воздух (32), додека не се појави максимален отвор.
– За вклучување на Старт/Стоп-автоматиката на всисувачот, поставете го прекинувачот за избор на режим на работа (1) на ознаката „Старт/Стоп-автоматика“.

– За ставање во употреба на всисувачот приключете го на приклучницата (2) од приключениот електричен алат. Всисувачот автоматски почува со работа.
– Исключете го електричниот алат, за всисувањето да заврши.
Функцијата за продолжен тек на Старт/Стопавтоматиката продолжува да работи уште 6 секунди за да ја всиса останатата прав од цревото за всисување.
– За да го исклучите всисувачот, поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (1) на ознаката „Исклучување“.

Всисување на влажни материјали
▶ Со всисувают не всисувајте запаливи или експлозивни течности, на пр. бензин, масло, алкохол, средства за растворање. Не всисувајте жежок или запалива прав. Не го користете всисувают во простории каде постои опасност од експлозија. Правта, пареата или течностите може да се запалат или да експлодираат.
▶ Всисувают не смее да се користи како водена пумпа. Всисувают е наменет за всисување на мешавини од воздух и вода.
Напомена: Проверете дали при всисување на влажни материи пред-фильтрот (22) и главниот филтер (20) да се извадени од всисувачот (исто така види слики D1 и E1).
Работни чекори пред всисување на влажни материи
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
– Извадете го пред-филтерот (22) од садот (7).
– По потреба отстранете ја пластичната кеса (19) или кесата за прав.
– Свртете го држачот на филтер (28) до крај во правецот на вртење ☑ изъвадете го држачот за филтер заедно со главниот филтер (20) од горниот дел на всисувачот (10).
– Целосно ставете го филтерот за влага (21) на корпата за филтер (29).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).
– Поставете ја гумената лента (23) во подната млазница (25).
Всисување на течности
– Включете го всисувачот (прекинувач за избор на начинот на работа (1) на ознаката „Всисување“).
Всисувают е опремен со пловка. Откако će се постиgne максимальната висина на полнење, всисувањето će се прекине.
– Прекинувачот за избор на начинот на работа (1) поставете го на ознаката „Исклучување“.
– Испразнете го садот (7).
За да се избегне создавање на мувла по всисување на влажни материи: (види „Чистење на филтерот за влага“, Страница 183)
Автоматско чистење на филтерот
Подоцна, откако јачината на всисување Ѽе се намали, мора да се активира чистењето на филтерот.
Колку често треба да се чисти филтерот зависи од видот и количината на правта. Со редовна употреба, максимальниот капацитет подолго се задржува.
– Исключете го всисувачот за 6–10 секунди и потоа повторно включете го. Повторете го ова повекепати.
– Пред-филтерот (22) се чисти при ислучување со воздушен притисок.
– За работење по чистење на филтерот повторно включете го всисувачот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Извлечете го приключот од конекторот, пред одржувањето или чистењето на всисувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт на всисувачот.
▶ Одржувајте ја чистотата на всисувачот и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
За одржување од страна на корисникот, всисувачот мора да се демонтира, да се исчисти и одржува, доколку е изводливо, без да предизвика опасност за персоналот кој го одржува и другите лица. Пред демонтажата, всисувачот треба да се исчисти за да се избегнат евентуалните опасности. Просторијата во која ће се демонтира всисувачот, мора добро да биде проветрена. За време на одржувањето носете лична заштитна опрема. По одржувањето, исчистете го просторот каде сте работеле.
Најмалку еднаш годишно потребно е да се изврши техничка проверка од страна на производителот или овластен сервисер, на пр. да се проверат оштетувања на филтерот, дали всисувачот добро дихтува и функцијата на уредот за контрола.
Кај всисувачите од класата L, што се користеле во нечиста околина, треба да се исчисти надворешноста како и сите машински делови или да се третира со средство за дихтување. Пред да извршите какви било поправки, сите извалкани делови што не може довольно да се исчистат, мора да се отстранат. Ваквите делови мора да се отстранат во непропустливи єеси во согласност со важечките одредби за отстранување на ваков отпад.
Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Чистење на садот
– Избришете го садот(7) одвреме-навреме со вообичаено неабразивно средство за чистење и оставете го да се исуши.
Чистење на филтерот
Редовното празнење на садот за прав и чистењето на филтерот гарантираат оптимален перформанс на всисување. Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина на всисување, однесете го всисувачот во сервисната служба.
Чистење на пред-филтерот
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
– Извадете го пред-филтерот (22) од садот (7).
– Истресете го пред-фильтерот(22) над соодветен сад за отпад.
– Вметнете го пред-филтерот (22) со стрелките во правец на прифатот за црево (3) во садот (7).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).
Чистење главниот филтер
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
– Свртете го држачот на филтер (28) до крај во правецот на вртење ☑ изъвадете го држачот за филтер заедно со главниот филтер (20) од горниот дел на всисувачот (10).
– Исчеткајте ги ламелите на главниот филтер (20) со мека четка.
или
Заменете го оштетениот главен филтер (20).
– Ставете го држачот на филтерот (28) заедно со главниот филтер (20) преку корпата за филтер (29) и свртете го држачот на филтерот (28) до крај во правецот на вртење
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).
Чистење на филтерот за влага
За да се избегне создавање на мувла по всисување на влажни материи:
– Отворете ги затворачите (9) и извадете го горниот дел на всисувачот (10) (види слика C).
– Оставете го горниот дел на всисувачот (10) добро да се исуши.
– Извадете го филтерот за влага (21) од корпата за филтер (29).
– Измијте го филтерот за влага (21) под млаз вода и потоа добро исушете го.
– Целосно ставете го филтерот за влага (21) на корпата за филтер (29).
– Вметнете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги затворачите (9).
– Завиткајте го мрежниот кабел околу рачката за носење (12).
– Ставете ги цевките за всисување (26) во држачите (14).
– Вметнете го цревото за всисување (15) на горниот дел за всисување во држачот (11).
– Носете го всисувачот за рачката за носење (12) или повлечете го зад себе на рамна површина со помош на лентата за влечење (4).
– Складирајте го всисувачот во сува просторија и заштитете го од неовластено користење.
– За да ги фиксирате тркалцата (6) притиснете ја кочницата на тркалцата (5).
Отстранување на пречки
▶ Ако се појави дефект (на пр. скршен филтер), всисувачот за прав мора веднаш да се исклучи.
Пред ново стартување мора да се отстрани дефектот.
Проблем Помош
| Турбината за всисување не работи. – Проверете ги струјниот кабел, приключокот за струја, осигурувачот и прилучницата. | |
| Прекинувачот за избор на начинот на работа (1) стои на „Старт/Стоп автоматика“.– Поставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (1) на ознаката „Всисување“ одн. включете го прилучениот електричен алат на приключницата (2). | |
| Турбината за всисување повторно не работи и по празнењето на садот. | – Исклучете го всисувачот и почекајте 5 секунди и потоа повторно включете. |
| Се губи силата на всисување. | – Испразнете го садот (7).– Отстранете ја блокадата од млазницата за всисување, цевката за всисување (26), цревото за всисување (15) или главниот филтер (20).– Заменете ја пластичната ćеса (19) или ćесата за прав.– Правилно вклопете го држачот за филтер (28).– Правилно поставете го горниот дел на всисувачот (10) и затворете ги капачињата (9).– Заменете го пред-филтерот (22), главниот филтер (20) или филтерот за влага (21). |
| Излегува прав при всисувањето | – Проверете го правилното вградување на главниот филтер (20).– Заменете го главниот филтер (20). |
Проблем Помош
| Автоматиката на ислучување(всисување на влажни материи) нереагира. | Кај електрични неспроводливи течности или при создавање на пена нефункционира автоматиката на ислучување.– Постојано контролирајте на состојбата на наполнетост. |
| Автоматското чистење на филтеротне работи | – Испразнете го садот (7). |
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Валиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Всисувачот, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не го фрлајте всисувачот во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/ЕУ за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, всисувачите што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Srpski
Sigurnosne napomene za usisivač

Pročitajte sva upozorenja i uputstva.
Propusti u poštovanju napomena za sigurnost i uputstava mogu da prouzrokuju električni udar, požar i/ili teške povrede.
Čuvajte sva upozorenja i uputstva za budućnost.
▶ Ovaj usisivač nije predviđen za to da ga koriste deca i lica sa ograničenim fizičkim, senzornim ili mentalnim sposobnostima ili nedostatkom iskustva i znanja. U suprotnom postoji opasnost od pogrešnog rukovanja i povreda.