BOSCH GNF 18V-40 Professional - Електрична рапидна машина

GNF 18V-40 Professional - Електрична рапидна машина BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GNF 18V-40 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 345 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GNF 18V-40 Professional - page 230
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GNF 18V-40 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Електрична рапидна машина во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GNF 18V-40 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GNF 18V-40 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GNF 18V-40 Professional BOSCH

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале

со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.

▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу нескреки се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган

или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.

▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни предупредувања за машината за сечење

▶ Користете само дијамантски дискови за сечење за вашиот електричен алат. Само затоа што дополнителната опрема може да се вгради на вашиот електричен алат, не значи дека може да се осигура безбедно работење.
▶ Не користете сегментирани дијамантски дискови за сечење со позитивен агол на наклон. Употребата на вакви дијамантски дискови за сечење може да го зголеми ризикот од телесни повреди.
He користете сегментирани дијамантски дискови за сечење со периферен отвор поголем од 10 mm. Употребата на вакви дијамантски дискови за сечење може да го зголеми ризикот од телесни повреди.
▶ Утврдената брзина на дискот за сечење мора да биде најмалку еднаква на максимальната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.
▶ Дисковите мора да се користат само за соодветни намени. пример: не користете диск за сечење за странично брусење. Абразивните дискови за сечење се наменети за периферно брусење, страничните сили што се применуваат на овие дискови може да предизвикаат нивно распарчување.
▶ Секогаш користете неоштетени прирабници со правилна големина и форма за вашиот диск. Соодветни прирабници за дискови го потпираат дискот, со што се намалува можноста од олабавување или кршење на дискот.
He употребувајте користени, зајакнати дискови од поголеми електрични алати. Дисковите наменети за поголеми електрични алати не се соодветни за големи брзини на мали алати, и може да се распрснат.
▶ Надворешниот дијаметар и дебелина на вашиот диск за сечење мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дискови за сечење со

232 | Македонски

несоодветна величина не може соодветно да се заштити и контролира.

Големината на осовината на дисковите и прирабниците мора правилно да се вклопува во вретеното на електричниот алат. Дисковите и прирабниците чијашто дупка за осовина не се вклопува во намонтираниот тврд дел на електричниот алат, ће изгубат рамнотежа, прекумерно ће вибрираат и може да предизвикаат губење на контрола.
▶ Користете ги сите завртки за монтирање кога монтирате дијамантски дискови директно на внатрешната прирабница и осигурајте се дека се правилно затегнати. Ако не се правилно монтирани, дијамантскиот диск може да ја наруши рамнотежата и да предизвика одвојување на дискот од вретеното на алатот.
▶ Не користете оштетени дискови за сечење. Пред секоја употреба, проверете дали дисковите за сечење имаат процепи или пукнатини. Доколку електричниот алат или дискот за сечење паднат, проверете дали се оштетени или инсталирајте неоштетен диск за сечење. По проверката или инсталирањето на дискот за сечење, вие и лујето во близина поместете се подалеку од работната површина на ротирачкиот диск за сечење и включете го електричниот алат на максимальна брзина без оптоварување. Доколку се забележат невообичаени вибрации, веднаш исключете го електричниот алат и заменете го дискот за сечење. Доколку не се детектираат невообичаени вибрации, продолжете да го користите електричниот алат уште една минута. Оштетените дискови вообичаено се расипуваат во текот на овој тест период.
Носете лична заштитна опрема. Во зависност од намената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Доколку е соодветно, носете респираторна заштита, како што се маска против прашина или респиратор, заштита за слух, ракавици и престилка за работилница за да се спречат мали абразивни фрагменти или фрагменти од обработениот материјал. Заштитата за очи мора да може да ги запре летачките остатоци што се создаваат при различни задачи. Респираторната заштита мора да може да ги филтрира честичките создадени од вашето работење. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на слухот.
Заштитата дадена заедно со алатот мора да биде безбедно прицврстена на електричниот алат и поставена да обезбеди максимальна безбедност, така што минимален дел од дискот да биде завртен кон операторот. Вие и лујето во близина поместете се подалеку од работната површина на ротирачкиот диск. Заштитата го заштитува операторот од скршените парчиња на дискот и случаен контакт со истиот.

Луфето во ваша близина треба да бидат оддалечени од работниот простор. Секој што влегува во работниот простор мора да носи лична заштитна опрема. Парчињата од делот што го обработувате или од расипаниот диск може да се распрскаат и да предизвикаат повреда надвор од непосредната работна површина.
▶ Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали.
Држете го електричниот алат само за изолираната површина, додека сечете, за дискот за сечење да не дојде во контакт со скриена жица. Ако дискот за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
He оставајте го електричниот алат долу додека дискот за сечење не запре целосно. Ротирачкиот диск за сечење може да ја зафати површината и да го повлече електричниот алат надвор од ваша контрола.
He го вклучувајте електричниот алат додека го држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачкиот диск за сечење може да ја закачи вашата облека, со повлекување на дискот за сечење кон вашето тело.
Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Вентилаторот на моторот повлекува прав во кукиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електричен удар.

Одбивање и слични предупредувања

Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или закачен ротирачки диск за сечење. Приклештувањето или закачувањето предизвикува брзо маневрирање на ротациониот диск за сечење, којшто од друга страна, предизвикува присилно насочување на неконтролираниот електричен алат во спротивен правец од ротирањето на дискот за сечење до точка на навалување.

На пример, ако диск за сечење е закачен или приклештен од делот што го обработувате, острицата на дискот за сечење која влегува во приклештената точка може да се зарие во површината на материјалот и дискот за сечење да се помести или ослободи. Дискот за сечење може да скокне или да се одбие од операторот, во зависност од неговата насока на движење на точката на приклештување. Дисковите за сечење, исто така, може да се искршат под овие услови.

Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки приложени подолу.

Цврсто држете го електричниот алат и поставете го телото и раката така што їе овозможите отпор на силите на одбивање. Секогаш користете помошна рачка, доколку има, за максимальна контрола на одбивањето или силата на вртење при вклучување.

Операторот може да ги контролира реакциите на силата на вртење или силите на одбивање, доколку се преземат соодветни превентивни мерки.

▶ Не ставајте ја раката во близина на ротирачкиот диск за сечење. Дискот за сечење може да се одбие преку вашата рака.
He го позиционирајте вашето тело во областа каде електричниот алат се движи, доколку настане одбивање. Одбивањето ќе го придвижи алатот во спротивен правец од движењето на дискот за сечење на точката на закачување.
▶ Обрнете посебно внимание при изработка на агли, остри ивици и др. Избегнувајте отскокнување и заглавување на дискот за сечење.Аглите, острите ивици или отскокнувањето може да доведат до закачување на дискот за сечење и да предизвикаат губење на контрола или одбивање.
He obidyvaјte се да длабите. Преголемиот притисок на дискот за сечење го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и искривување на дискот за сечење во засекот и можноста за одбивање или кршење на дискот за сечење, што може да доведе до сериозна повреда.
▶ Не поврзувајте пила со ланец, сечило за резбање на дрво или пила со запци. Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола.
He „притискајте“ го дискот за сечење и не применувајте прекумерен притисок. Не настојувајте да направите прекумерно длабок засек. Преоптоварувањето на дискот за сечење го зголемува оптоварувањето и осетливоста на виткање и навалување на дискот за сечење во засекот и можноста за одбивање или кршење на дискот за сечење.
Kogа дискот за сечење се навалува или кога го прекинува сечењето заради некоја причина, исключете го алатот и држете го неподвижен додека дискот за сечење целосно не запре. Никогаш не настојувајте да го извадите дискот за сечење од засекот додека се движи или може да дојде до одбивање. Проверете и преземете соодветно дејство за да ја елиминирате причината за навалување на дискот за сечење.
He започнувајте повторно со сечење во делот што го обработувате. Почекајте додека дискот за сечење да достигне целосна брзина и внимателно влезете повторно во засекот. Дискот за сечење може да се навали, придвижи или одбие ако го рестартирате електричниот алат во делот што го обработувате.
▶ Потпрете ги плочите или преголемиот дел што го обработувате за да го намалите ризикот од приклештување и одбивање на дискот за сечење. Големите делови што ги обработувате се искривуваат под својата тежина. Потпирачите мора да се стават под делот што го обработувате, покрај линијата на засекот и покрај ивицата на делот што го обработувате на двете страни на дискот за сечење.

▶ Користете дополнителни мерки за претпазливост кога правите „цебен засек“ во постоечки сидови или други слепи површини. Испакнат диск за сечење може да пресече цевки за гас или вода, електрични жици или предмети коишто може да предизвикаат одбивање.

Дополнителни безбедносни напомени

BOSCH GNF 18V-40 Professional - Дополнителни безбедносни напомени - 1

BOSCH GNF 18V-40 Professional - Дополнителни безбедносни напомени - 2

Носете заштита за слухот, аштитни очила, маска за аштита од прав и ракавици. Како маска за заштита од

прав носете маска од класата FFP 2 со филтрирање на најмалку една честичка.

Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување.
He ja факајте брусната плоча за сечење по работата, додека не се олади. Брусната плоча за сечење за време на работата се вжештува.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата їе се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GNF 18V-40 Professional - Дополнителни безбедносни напомени - 3

BOSCH GNF 18V-40 Professional - Дополнителни безбедносни напомени - 4

Заштитете ги батериите од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност

од експлозија и краток спој.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GNF 18V-40 Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за употреба во комбинација со всисувач од класа на прашина М или Н. Може да се користи за вдлабнување во претежно минерални материјали (на пр. сидови, песочник, варовник и бетон) без додавање вода кога е цврсто потпрен на основната плоча.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Копче за отворање на горниот заштитен поклопец

(2) Млазници за всисување

(3) Клип за насочување на кабли (без функција)

(4) Батерија ^a)

(5) Копче за отклучување на батерија ^a)

(6) Прекинувач за включување/исклучување

(7) Преклопник за активирање на прекинувают за вклучување/исклучување

(8) Основна плоча

(9) Лизгачки валјаци

(10) Копче за блокирање на вретеното

(11) Тркало за прилагодување на длабочината на сечење (прилагодување на длабочината на сечење)

(12) Поставена длабочина на сечење

(13) Приказ за позиција за сечење (2x)

(14) Заштитен отвор

(15) Долен заштитен поклопец

(16) Граничник за длабочина

(17) Горен заштитен поклопец

(18) Рачка (изолирана површина на рачката)

(19) Стрелка за приказ на поставената длабочина на сечење

(20) Копче за отклучување

(21) Брусно вретено

(23) Дијамантски диск за сечење

(24) Дистанцери (7x)

(25) Брзозатезна навртка со држач

(26) Брзозатезна навртка SDS-clic a)

(27) Затезна навртка ^a)

(28) Клуч со два отвори за затезна навртка ^a)

(29) Стрелка за насока на вртење

(30) Црево за всисување ^a)

(31) Држач

(32) Кука

(34) Алат за отстранување на сегменти

(35) Приказ за наполнетост на батеријата ^a)

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.

Технички податоци

Глодалка за жлебови во сидGNF18V-40
Број на дел3 601 FC5 0..
Номинален напон V= 18
Номинален број на вртежи во празен од ^A) min ^-1 4700
макс. дијаметар на дијамантските брусни плочи за сечењеmm 150
Работа со дијамантска брусна плоча за сечење
– мин. дебелина на брусната плоча за сечењеmm 2,0
– Макс. дебелина на брусната плоча за сечењеmm 2,5
Работа со 2 дијамантски брусни плочи за сечење
– мин. дебелина на брусната плоча за сечењеmm 2 × 2,0
– Макс. дебелина на брусната плоча за сечењеmm 2 × 2,5
Отвор за прифатот mm 22,23
Навојот на вретено M14
Длабочина на резот ^B) mm 10–40
Ширина на жлебот ^C) mm 2–39
Тежина ^D) kg 4,2
Сопирачка за исфрлување од брзина
Мек старт ●
Заштита од рестартирање
препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35
дозволена околна температура при работење ^E) и при складирање°C -20 ... +50
компатибилни акумулаторски батерииGBA18V...GBA 18V...ProCORE18V...EXPERT18V...EXBA18V...CORE18V...
препорачани батерии за целосна мојностEXPERT18V... ≥ 8.0 Ah
препорачани полначи GAL18...GAL 18...GAL 36...GAL12V/18...GAL 12V/18...GAX 18...EXAL18...

A) Номинален број на вртежи во празен од според IEC 62841-2-22 за избирање соодветни алати за вметнување. Вистинскиот број на вртежи во празен од не смее да ho надмине номиналниот број на вртежи во празен од и затоа є помал.

В) Во зависност од типот на брусната плоча и абењето. Максималната длабочина на сечење се постигнува со нов дијамантска брусна плоча за сечење со дијаметар од 150 mm.

С) во зависност од дебелината на дијамантските брусни плочи за сечење

D) со прилучна прирабница (22), дистанцери (24), затезна навртка (25) и без батерија (тежината на батеријата може да ја видите на www.bosch-professional.com)

E) ограничена моćnost на температури < 0 °C Технички податоци одредени со батерија EXPERT18V 15.0Ah.

Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно IEC 62841-2-22.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 103 dB(A); ниво на звучна јачина 111 dB(A). Несигурност K=3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вредности на вибрации a_h (континуирани вибрации), p_r (повторени ударни вибрации) и несигурност К утврдени според IEC 62841-2-22:

$$ a _ {n} = 3, 7 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2} (K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}), a _ {\mathrm{pF}} = 8 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2} (K = 6 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}) $$

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Батерија

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.

Приказ за наполнетост на батеријата

Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , вода се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Трајно светло 5 × зелено 80–100 %
Трајно светло 4 × зелено 60–80 %
Трајно светло 3 × зелено 40–60 %
Трајно светло 2 × зелено 20–40 %
Трајно светло 1 × зелено 5–20 %
Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 %

Откривање ризик од дефект на батеријата

EXPERT18V... | EXBA18V...

LED-светилките на приказите за наполнетост на батеријата, покрај статусот на наполнетост на батеријата, може да укажат и на ризик од дефект на батеријата. За да ја активирате функцијата, притиснете и задржете го копчето за приказот за наполнетост вдесекунди. Анализата на батеријата се сигнализира со включено светло на приказот за наполнетост на батеријата. Резултатот се прикажува на приказот за наполнетост на батеријата.

BOSCH GNF 18V-40 Professional - EXPERT18V... | EXBA18V... - 1

1 LED-светилка: батеријата има висок ризик од дефекти. Перформансите и времето на еби веке се намалени. Се препорачува да се ријата.

BOSCH GNF 18V-40 Professional - EXPERT18V... | EXBA18V... - 2

5 LED-светилки: Батеријата е во добра состојба со низок ризик од дефекти.

Напомена: проценката на ризикот од дефект на батеријата работи во две фази и нуди поедноставена проценка на сostoјбата. Батеријата или е оценета во

добра состојба или има зголемен ризик од дефекти. Не се прикажува процентот на здравјето на батеријата.

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Монтажа

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Всисување на прав/струготини

Избегнувајте да работите без мерки за намалување на прашината. Соодветен уред за всисување прав ја намалува количината на прав што е опасна по здравјето. Погрижете се за добра проветреност на работното место. Секогаш користете соодветна респираторна заштита. Затоа, доколку е возможно, користете соодветен всисувач за прав за материјалот што се обработува. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Барања за всисувачот

Препорачан номинален дијаметар на цревотоmm ≥ 28
Потребен потпритисок ^A) mbar ≥ 140
hPa ≥ 140
Потребна количина на проток ^A) l/s ≥ 23
m ^3 /h ≥ 82,8
Препорачана ефикасност на филтеротКласа на прашина M^B)

A) Вредност на мокноста на приклучокот за всисување на електричниот алат
В) Според IEC/EN 60335-2-69

Следете го упатството на всисувачот. Престанете да работите кога ће се намали моїноста на всисување и отстранете ја причината.

Надворешно всисување (види слика В)

Млазниците за всисување (2) слободно се вртат.

Поставете црево за всисување (30) (опрема) на млазниците за всисување (2). Поврзете го цревото за всисување (30) со всисувач за прав (опрема). Прегледот

за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Препорачуваме да користите антистатички црева и спроводливи всисувачи. Може да користите конвенционални црева и всисувачи, но не се препорачува поради можно статично полнење.

Користете правосмукалки со класа на прашина М или Н. Препорачуваме да носите маска за прашина.

Минералната прашина е опасна по здравјето и може да предизвика рак.

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

Напомени за примена на глодалките за жлебови во сид

Внимавајте на следните информации за да ги намалите емисиите на прашина што се појавуваат при работа.

  • Користете само комбинации на глодалки за жлебови во сид и вшмукувачи од класата на прав М или Н коишто се препорачани од Bosch. Други комбинации може да доведат до полошо собирање на прашината.
    – Почитувајте ги упатствата за работа на всисувачот за одржување и чистење на правосмукалката вклучувајки ги и филтрите. Испразнете ги садовите за собирање прав веднаш кога ќе се наполнат. Редовно чистете ги филтрите на всисувачот и секогаш целосно вметнувајте ги филтрите во всисувачот.
    – Користете црева за всисување предвидени од Bosch. Не ракувајте со цревото за всисување. Ако делчиња од камен влезат во цревото за всисување, прекинете ја работата и веднаш исчистете го. Избегнувајте превиткување на цревото за всисување.
    – Користете ја глодалката за жлебови во сид исключиво за предвидената намена.
    – Користете само беспрекорни и остри алати за вметнување. Забележително забавениот напредок во работата е знак за истрошени алати за вметнување.
    – Внимавајте на општите барања за работни места на градилиштата.
  • Обезбедете добра вентилација.
    – Обезбедете чиста работна површина. При подолги жлебови, вшмукувачот мора да може слободно да се подесува одн. да се подеси навреме.
    – Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за заштита од прав и по потреба ракавици. Како маска за заштита од прав носете маска од класата FFP 2 со филтрирање на најмалку една честичка.
  • Користете соодветен всисувач за чистење на работното место. Не мешајте ја наталожената прашина со метење.

Монтирање на дијамантската брусна плоча за сечење

▶ При ставање и менување на дијамантската брусна плоча за сечење се препорачува носење на заштитни ракавици.
▶ Дијамантската брусна плоча за сечење за време на работата станува многу жешка, не ја допирајте пред да се олади.
▶ Користете само дијамантски дискови за сечење. Сегментните дијамантски плочи смеат да покажуваат негативен агол на сечење и максимален процеп од 10 мм помећу сегментите.

Свртете го горниот заштитен капак (види слика А)

За промена на алатот, горниот заштитен капак (17) мора да биде целосно подигнат. Ставете го електричниот апарат на цврста подлога.

Отворете го електричниот алат со копчето за отлучување (20). Отворете го горниот заштитен капак (17) преку токата (1).

Демонтирање на уредот за затегање (види слика А)

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачет за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (10), за да го зацврстите вретеното за брусење.

▶ Притиснете го копчето за блокирање на вретеното само кога вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се оштети.

– При користење на затезната навртка (27): олабавете ја затезната навртка со клуч со два отвори (28).
– При користење на брзозатезната навртка со држач (25): отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка (25) и свртете ја силно во правец спротивно на стрелките на часовникот. Олабавете ја фиксираната брзозатезна навртка со клуч со два отвори.
– При користење на брзозатезната навртка (26): вртете го нарецканиот прстен во правец спротивен на стрелките на часовникот. Олабавете ја фиксираната брзозатезна навртка со клуч со два отвори.

Извадете ги дистанцерите (24) и прилучната прирабница (22). Исчистете го вретеното за брусење (21) и сите делови за монтирање.

Одредување на ширината на жлебот

Ширината на жлебот се одредува според бројот на дистанцерите (24) помећу двете дијамантски брусни плочи за сечење (23) и дебелината на дијамантските брусни плочи за сечење.

Ширината на жлебот се пресметува на следниов начин: Ширина на жлебот = дебелина на дистанцерите + дебелина на дијамантските брусни плочи за сечење.

238 | Македонски

Можната ширина на жлебот е прикажана во делот „Технички податоци“ (види „Технички податоци“, Страница 234).

Може да го користите електричниот апарат со една или две дијамантски брусни плочи за сечење.

Поставете ја прилучната прирабница (22) на вретеното за брусење (21). Прилучната прирабница мора точно да лежи на вретеното за брусење со својот прифат за вртење.

Поставете ја дијамантската брусна плоча за сечење (23) и дистанцерите (24) на приклучната прирабница (22).

▶ Независно од саканата ширина на жлебот мора секогаш да ги монтирате сите испорачани

дистанцери. Дијамантската брусна плоча за сечење (23) може да се олабави уште за време на работата и да предизвика повреди.

Број на потребните дистанцери:

4 парчиња, секое по 6 мм дебелина

3 парчиња, секое по 4 мм дебелина

Помеѓу 2-те дијамантски брусни плочи за сечење (23) мора да се монтира најмалку еден дистанцер (24).

Напомена: Дозволено е да се користат само дијамантски брусни плочи за сечење. Употребата на врзани зајакнати брусни плочи за сечење не е дозволена!

При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот алат (погледнете ја стрелката за правец на вртење (29)на горниот заштитен капак).

Притиснете на копчето за блокирање на вретеното (10), за да го зацврстите вретеното за брусење.

– При користење на затезната навртка (27): завртете ја затезната навртка и затегнете ја со клуч со два отвори (28).
– При користење на брзозатезната навртка со држач (25): отворете го нагоре држачот на брзозатезната навртка и свртете ја силно во правецот на стрелките на часовникот. Потоа преклопете го надолу држачот за фиксирање на брзозатезната навртка. Не е довольно затегнување на работ на дискот.
– При користење на брзозатезната навртка (26): завртете ја брзозатезната навртка и свртете ја силно брусната плоча за сечење во правецот на стрелките на часовникот.

Заклучете го горниот заштитен капак (17) со токата (1). Потоа занишајте го горниот заштитен капак додека механизмот за отпуштање не се вклопи (20).

Кога работите со 2 дијамантски брусни плочи за сечење (23) секогаш заменувајте ги во парови.

Редоследот на монтажата може да се види на графичката страница.

Приказ за позиција за сечење

Постојат 3 ознаки што ги означуваат позициите на дијамантските брусни плочи за сечење (13).

– Внатрешна ознака: ја покажува позицијата на внатрешната дијамантска брусна плоча (23), ако помеѓу прилучната прирабница (22) и оваа дијамантска брусна плоча не е вметнат дистанцер (24).
– Централна ознака: го покажува геометрискиот центар помеѓу внатрешните и надворешните дијамантски брусни плочи за сечење.
– Надворешна ознака: ја покажува позицијата на надворешната дијамантска брусна плоча (23), ако оваа дијамантска брусна плоча за сечење е поставена однадвор, т. е. потоа не се користат повеće дистанцери (24).

Работа

Претходно бирање на длабочината на резот

▶ Подесувањето на длабочината на резот смее да се врши само доколку електричниот апарат е исклучен.

Посакуваната длабочина на сечење може претходно да се избере со помош на тркалото за прилагодување на длабочината на сечење (11).

Поставете ја саканата длабочина на сечење на дијамантските брусни плочи за сечење со вртење на тркалото за прилагодување на длабочината на сечење (11), така што ознаката со стрелка (19) на основната плоча (8) ће покажува кон саканата вредност на длабочината на сечење (12). Уверете се дека тркалото за прилагодување на длабочината на сечење (11) е вклопено. При користење без вклопено тркало, вистинската длабочина на сечење за време на работата може да варира, да биде поголема или помала. Поради абење на дијамантските брусни плочи за сечење, вистинската постигната длабочина на сечење може да биде помала од поставената вредност на длабочината на сечење (12). Пред употреба, измерете ја вистинската длабочина на пенетрација на дијамантските брусни плочи за сечење. Длабочината на сечење може да се постави на 10 mm, 15 mm, 20 mm, 25 mm, 30 mm, 35 mm, 40 mm или MAX. Поставката MAX обезбедува максимальна можна длабочина на сечење за секое ниво на абење на дијамантските брусни плочи за сечење.

Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

▶ Пред ставање во употреба, проверете дали горниот заштитен капак (17) е заклучен во почетната положба. Почетната положба се достигнува, кога куката е(32) фиксирана во држачот(31). Инаку дијамантските брусни плочи за сечење може да дојдат во контакт со делот што се обработува и може да ја

загубите контролата над електричниот апарат при включувањето.

▶ Пред употребата проверете ги дијамантските брусни плочи за сечење. Дијамантските брусни плочи за сечење мора да биде монтирани беспрекорно и да може слободно да се вртат. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или дијамантски брусни плочи за сечење што вибрираат. Оштетените дијамантски брусни плочи за сечење може да пукнат и да предизвикаат повреди.

За включување на електричниот алат, свртете го преклопникот (7) и притиснете го прекинувачот за включување/ислучување (6) надолу. Повторно отпуштете го преклопникот (7).

За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6). Насоката на движење на електричниот алат е кон предната рачка. Исто така се означува со стрелки (33) на основната плоча.

Секогаш ракувајте со електричниот алат со двете раце на означените површини за рачка.

Сопирачка за исфрлување од брзина

BOSCH GNF 18V-40 Professional - Сопирачка за исфрлување од брзина - 1

Електричниот алат има електронска сопирачка за исфрлување од брзина. При исклучување на електричниот алат или при прекин на доводот на струја, алатот за вметнување їе запре за неколку секунди.

мек старт

Електронскиот мек старт го ограничува вртежниот момент при вклучувањето и му овозможува на електричниот алат непречено да се вклучи.

Напомена: Ако електричниот алат работи со полна брзина веднаш откако ће се вклучи, мекото стартување и заштита од рестартирање се дефектни. Електричниот алат мора веднаш да се испрати до сервисната служба, адресите ће ги најдете во делот „Сервисна служба и совети за користење“.

Заштита од рестартирање

BOSCH GNF 18V-40 Professional - Заштита од рестартирање - 1

Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на доводот на струја.

За повторно вклучување ставете го прекинувают за вклучување/исклучување (6) во исключена позиција и одново включете го електричниот алат.

Напомени за работењето

▶ Внимавајте на процепите во носечките сидови „Напомени за статика“.
▶ Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.

Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина.
▶ Електричниот апарат смее да се користи само за сечење на суви материјали.

Заштитете ги брусните плочи за сечење од удари и маснотија. Не ја притискајте странично брусната плоча за сечење.

– Прилагодете ја длабочината на сечење. (види „Претходно бирање на длабочината на резот“, Страница 238) За да се поправат грешките, коишто настануваат при кршење на сегментите, се препорачува длабочината на сечење претходно да се избере за 5 mm подлабоко од саканата длабочина на жлебот.

– Поставете го електричниот алат со лизгачките валјаци (9) на површината на која треба да се работи.

– Включете го електричниот алат.

– Притиснете ја предната рачка во правец на делот што се обработува за да можат дијамантските брусни плочи за сечење да навлезат во материјалот надвор од основната плоча. Првично, мора да се надмине мал отпор.

– Водете го електричниот апарат со двете дршки и со умерен притисок по материјалот што се обработува.

– Електричниот алат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот. Водете го електричниот алат во насоката на работење прикажана на основната плоча.

– По завршување на работа на работниот процес, извлечете го електричниот алат од жлебот додека работи моторот.

– Исключете го електричниот алат.

– Повратната пружина и почетниот отпор работат заедно спречуваат олабавување на дијамантските брусни плочи за сечење кога електричниот алат е поставен исправено на подот или масата. Доколку електричниот алат е во својата почетна позиција, т. е. ако држачот (31) е фиксиран во куката (32), постои мал ризик електричниот алат да се помести или оштети површината (поради триење помеѓу ротирачките дијамантски брусни плочи за сечење и контактната површина) доколку случајно се вклучи. Меѓутоа, ако електричниот алат не е во својата почетна позиција поради примена на сила (на пр. силен удар), дијамантските брусни плочи за сечење може накратко да удрат и да застанат на површината.

Не блокирајте ги дијамантските брусни плочи за сечење што излегуваат со страничен противпритисок.

▶ Дијамантската брусна плоча за сечење за време на работата станува многу жешка, не ја допирајте пред да се олади.

240|Shqip

BOSCH GNF 18V-40 Professional - Напомени за работењето - 1

text_image (34)

Отстранете ги останатите сегменти во материјалот со алатот за отстранување на сегменти (34).

Криволиниското сечење не е возможно, бидејки дијамантските брусни плочи за сечење може да се заглават во делот што се обработува.

При сечење на плочести материјали, истите мора да се потпрат или постават на цврста подлога.

При изведување на сегменти во sid на (пр. со електропневматски чекани за дупчење) може да го спречите лупењето на материјалот на површината, доколку претходно направите жлеб со максимальна длабочина на сечење со глодалката за жлебови во sid.

При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со чакал, дијамантскиот диск за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантскиот диск за сечење јасно укажува на тоа.

Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете го кратко дијамантскиот диск за сечење во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.

Значителното попуштање во работата и венецот од искри кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча. Може повторно да ја наострите со кратки резови во абразивен материјал, на пр. силикатен камен.

Напомени за статиката

Процепите во носечките сидови подлежат на прописите специфични за земјата. Мора задолжително да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

▶ Не чистете го електричниот алат со компримиран воздух за да избегнете разгорување на опасна прашина.

Откако ће завршите со работата, демонтирајте ги уредите за затегање и исчистете ги сите делови за затегање и заштитниот капак.

Складирајте и третирајте го приборот со внимание.

Сервисна служба и совети при користење

Северна Македонија

Тел.: 02/2467610

Линкот до нашите адреси за сервис и гарантни услови може да ги најдете на последната страница.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GNF 18V-40 Professional - Отстранување - 1

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.

Shqip

Udhëzime sigurie

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GNF 18V-40 Professional

Категорија : Електрична рапидна машина