M18 CHX502X - приклучок MILWAUKEE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот M18 CHX502X MILWAUKEE во PDF формат.
| Вид на производ | Безжичен ударна дупчалка (перфоратор) |
| Напон | 18 V |
| Брзина на вртење без оптоварување | 0 - 1400 min⁻¹ |
| Брзина на удар | 0 - 5100 min⁻¹ |
| Енергија на удар (EPTA 05/2009) | 2,5 J |
| Капацитет на дупчење во бетон | 25 mm |
| Капацитет на дупчење во челик | 13 mm |
| Капацитет на дупчење во дрво | 28 mm |
| Дијаметар на круна-сврдла (бетон/тула) | 65 mm |
| Дијаметар на стезната стегачка | 43 mm |
| Тежина (со акумулатор Li-Ion 4,0 Ah) | 3,6 kg |
| Ниво на звучен притисок (K=3 dB(A)) | 90,7 dB(A) |
| Ниво на акустична моќност (K=3 dB(A)) | 101,7 dB(A) |
| Вибрации - дупчење со удар (бетон) | 12,4 m/s² (неодреденост 1,5 m/s²) |
| Вибрации - длетување | 9,5 m/s² (неодреденост 1,5 m/s²) |
| Напојување | Интермитабилен литиум-јонски акумулатор 18 V (систем M18) |
| Заштита на акумулаторот | Од преоптоварување (зуење 2 s потоа стопирање) |
| Редовно одржување | Чистење на отворите за вентилација; замена на истрошени четки |
| Препорачана заштитна опрема | Заштита за слух, очила, маска против прашина, ракавици |
| Резервни делови и сервис | Користете исклучиво Milwaukee додатоци; сервисирање во овластен центар |
Frequently Asked Questions - M18 CHX502X MILWAUKEE
Прашања на корисниците за M18 CHX502X MILWAUKEE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник M18 CHX502X - MILWAUKEE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. M18 CHX502X на марката MILWAUKEE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК M18 CHX502X MILWAUKEE
| ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИБормашина-чекан на батерии | M18 CHX |
| Производен број4474 21 03 ... | ... 000001-999999 |
| Волтажа на батеријата 18 V | |
| Брзина без оптоварување 0 - 1400 min | -1 |
| Јачина на удар под оптоварување макс. 0 - 5100 min | -1 |
| Единствена ударна сила според ЕПТА-процедурата 05/2009 | 2,5 J |
| Капацитет на дупчење во бетон 25 mm | |
| Капацитет на дупчење во челик 13 mm | |
| Капацитет на дупчење во дрво 28 mm | |
| Јазолен сечач во бетон, тули и варовни карпи. 65 mm | |
| Дијаметар на вратот на врв. 43 mm | |
| Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 (Li-Ion 4,0 Ah) 3,6 kg | |
| Информации за бучаватаИзмерените вредности се одредени согласно стандартот EN 60745. А-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A))Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A))Носте штитник за уши. | 90,7 dB (A)101,7 dB (A) |
| Информации за вибрацииВкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 60745.Бушење во бетон со ударна дупчалка: Вибрациска емисиона вредност a_h,HD Несигурност КДлетување: Вибрациска емисиона вредност a_h,Cheq Несигурност К | 12,4 m/s ^2 1,5 m/s ^2 9,5 m/s ^2 1,5m/s ^2 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и временијата, во коишто апаратот е ислучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни
упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА РОТИРАЧКИ ЧЕКАН
Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух.
Користете помошни рачки кои доагаат заедно со алатот. Губењето контрола може да предизвика повреда.
Држете го електричниот алат за издадените површини при изведување на операции при кои алатот за сечење можат да дојдат во контакт со скриени жици. Контакт со жица под напон исто така ќе направи проводници од металлите делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар.
Останати безбедносни и работни упатства
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината
постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го телото. Користете систем за ансорпција на прашината и носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината работи.
Кога работите на сидови, таван или под внимавајте да ги избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на батерија (ризик од краток спој).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката, заменливата батерија или полночат и пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
Користете ислучиво Систем М18 за полнење на батерии од М18 систем. Не користете батерии од друг систем. Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Вртливиот пневматски чекан може да биде употребен за дупчење и дупчење во дрво, метал како и пластика при независна употреба далеку од главното напојување.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТЕУ- ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите
2011/65/EU (RoHS), 2006/42/EC, 2014/30/EU
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-6:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:2015
EN 50581:2012

Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50oC (122oФ) го намалуваат траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по употреба.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни моменти, заглавување на дупчалката, ненадејно запирање или краток спој, електро-уредот бучи 2 секунди, а потоа самостояјно се гаси.
За повторно вклучување ослободете го прекинувачот и включете повторно.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата може да загрее многу. Во таков случај батеријата исклучува.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно да ја напоните и активирате.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЮНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на истите.
Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни материи. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат ислучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.


ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано.
Важна забелешка! Доколку карбонските четкички се истрошени, со цел истите да бидат заменети алатот треба да биде пратен во постпродажниот центар. Ова ќе обезбеди долг употребен век и највисоки перформанси.
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кaj: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ

Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба.

ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!

Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз машината.

Дополнителна опрема - Не е включена во стандардната, а достапна е како додаток.

Електричните апарати и батериите што се полнат не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните апарати и батериите треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици.

СЕ-знак

UkrSEPRO знак на конформитет.

EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.