VS 100e Kit - механички дробилник STIGA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот VS 100e Kit STIGA во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот механички дробилник во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник VS 100e Kit - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. VS 100e Kit на марката STIGA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК VS 100e Kit STIGA
на напојување NOMINAL) [5] Максимална моќност на воздухот [6] Проток на воздух [7] Тежина без батерии [8] Ниво на акустичен притисок (според EN 50636-2-100) [9] Отстапување од мерењата [10] Измерено ниво на акустична моќност (според EN 50636-2-100) [11] Гарантирано ниво на акустична моќност (според 2000/14/EC) [12] Ниво на вибрации (според EN 50636-2-100) [13] Додатоци достапни на барање [14] Батерии [15] Полнач за батерија a) ЗАБЕЛЕШКА: вкупната посочена вредност за вибрациите е измерена со пробен метод за нормализирање и може да се користи за споредбена вредност на еден уред со друг. Вкупната вредност на вибрациите може да се користи и за прелиминарна проценка на изложеноста. b) ВНИМАНИЕ: емисијата на вибрациите при ефективна употреба треба да се разликува од вкупната посочена вредност според начинот на употреба на уредот. Затоа е неопходно во текот на работата да се направат повеќе безбедносни мерења за да се заштити операторот: носете чевли во текот на употребата, ограничете го времето на употреба на машината и скратете го времето кога треба да се притисне рачката за управување со забрзувачот. [1]
3.1.1 Предвидена употреба
1. Спрете машината (пар. 6.5);
ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО даваат прецизни или други информации како што е претходно наведено, со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета. Симболот посочува на опасност. Непочитувањето на мерките за претпазливост доведува до можност за лични или повреди и оштетувања на трети
Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви точки посочуваат на изборни одлики коишто не се присутни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали таа одлика е присутна кај дадениот модел. Сите индикации „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.
Прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината. Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или сериозни повреди. Чувајте ги сите предупредувања и упатства во случај да ви притребаат во иднина.
- Никогаш не дозволувајте деца или лица со намалени физичка, сетилна или ментална способност да ја користат машината ако немаат искуство или ако немаат соодветно знаење или пак лица коишто не ги знаат упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
- Никогаш не користете ја машината кога во непосредна близина има други лица, особено деца или животни. Неопходно
3.1 Опис на машината и предвидена употреба ........ 4
3.2 Главни делови (сл. 1) ............................................ 5
3.3 Етикета за идентификација на производот (Сл.
4.2 Монтирање / отстранување на цевката за
дување/вшмукување ............................................ 6
4.3 Монтирање на вреќата за собирање .................. 6
5.1 ПРЕКИНУВАЧ ЗА ВШМУКУВАЊЕ/ДУВАЊЕ...... 7
5.2 ПРЕКИНУВАЧ ЗА СТАРТУВАЊЕ/ЗАПИРАЊЕ ... 7
7.3 Чистење на машината .......................................... 9
7.4 Чистење на вреќата за собирање и ЦЕВКАТА ЗА
ВШМУКУВАЊЕ................................................... 10
7.5 Навртки и шрафови за фиксирање ................... 10
8. СКЛАДИРАЊЕ ............................................................. 10
8.1 Одложување на машината ................................. 10
8.2 Чување на батеријата ......................................... 10
е децата да бидат под надзор на друго возрасно лице. Децата не смее да си играат со апаратот.
- Никогаш не користете ја машината доколку корисникот е во состојба на замор или изнемоштеност, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз капацитетот за навремено реагирање или внимание,
- Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спаѓа и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
- Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица, проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се содржани во ова упатство.
- Носете соодветна облека, работни чевли отпорни на лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте на машината со боси нозе или со отворени сандали. Носете заштита за слухот, чевли против вибрации, заштитни очила, маска на лицето против прашина.
- Употребата на акустична заштита ја намалува можноста да ги слушнете можните предупредувања (повикување или аларми). Обрнувајте исклучително внимание на она што се случува околу областа за работа.
- Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни, облека со лелеави делови или со врвки и врски и слични додатоци што висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или за предмети и материјали кои се производ на работата.
- Држете ја косата подалеку од решетката за влез на воздухот бидејќи може да се закачи за роторот и да предизвика тешки и несреќни повреди. Соодветно приберете ја косата доколку е долга. Област за работа/машина
- Проверете ја детално целата област за работа и со помош на гребло и метла растргајте го рачно отпадот и сè што би можело да биде отфрлено од машината (при употреба како раздувувач) или, да ја затне цевката за вшмукување (при употреба како вшмукувач) или, ако има извори на опасност (камења, гранки, железни остатоци, коски,
- Ако теренот е прашлив, ви препорачуваме малку да ја навлажните површината.
- За да се избегне ризикот од инциденти, не оставајте ја машината со топол мотор во лисја и сечена трева.
- Не користете ја машината во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
- Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление и при услови на добра видливост.
- Проверете дали други лица се наоѓаат најмалку на 15 метри оддалеченост од опсегот на работа на машината;
- Избегнувајте да работите на мокра трева, кога врне и кога ризик од временска непогода, особено грмотевици.
- Избегнувајте кога е можно да работите на мокар и лизгав терен или на терени кои се многу нерамни или закосени и не гарантираат стабилност на корисникот при
- Не изложувајте ја машината на дожд или влажни услови. Водата што може да навлезе во електричниот дел го зголемува ризикот од електричен удар.
- Обрнете особено внимание на нерамнините на теренот (грутки, канали), закосувањата, сокриени опасности и на присуството на дадени опасности коишто може да ја попречат видливоста.
- Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, дупки или препреки.
- Внимавајте на сообраќајот кога машината се користи во близина на пат.
- Внимавајте секогаш на правецот на ветерот и не работете никогаш наспроти ветер.
- Не користете ја машината во близина на отворени прозорци.
- Стартувајте ја машината на рамна и цврста
- Не користете ја машината на поплочена површина или врз чакал за да избегнете отфрлање на материјалот што може да предизвика повреди.
- Избегнувајте отфрлениот материјал да се отфрла во зоната за празнење бидејќи може да го спречи правилното отфрлање и може да доведе до контраудар од материјалот со отворите за вшмукување.MK - 3
- Во текот на работата, при употреба како раздувувач, машината треба секогаш треба да се држи цврсто со десната рака за горната рачка.
- За време на работата, кога се користи како вшмукувач, машината мора да се држи секогаш цврсто со двете раце, со десната рака за горната рачка и со левата рака на долната рачка на тој начин што вреќата за собирање ќе се наоѓа од десната страна на операторот.
- Избегнувајте контакт на телото со површина со маса или со земја, како цевки, радијатори, кујнски апарати, фрижидери. Ризикот од електричен удар се поттикнува ако телото се најде на маса или земја.
- Заземете цврста позиција и одржувајте внимателен пристап.
- Не губете рамнотежа.
- Не наведнувајте се нанапред.
- Посветете особено внимание на местото каде што стоите кога работите на падини.
- Никогаш не трчајте, туку одете.
- Обрнете внимание да не удирате силно во страни тела заради можна проекција на струготини предизвикани со движењето на
- Не насочувајте го протокот на воздух кон лица или животни.
- При употреба како раздувувач, секогаш обрнувајте исклучително внимание за да се избегне отфрлање на материјали или подигнување прашина кои може да предизвикаат повреди на лица или животни или оштетување на имоти.
- Немојте рачно да внесувате предмети во отворот за вшмукување.
- Не обидувајте се да вшмукувате парчиња метал, камења, шишиња, лименки, други туѓи телаа и масивни предмети што може да го оштетат роторот.
- Никогаш не стојте повисоко од основата на машината кога вшмукувате предмети.
- Држете ги секогаш лицето, рацете и телото подалеку од решетката за вшмукување и од отворот за исфрлање на воздухот и не попречувајте го протокот на воздух ниту при движењето ниту при употребата на
- Деловите што се вртат може да предизвикаат тешки повреди. Избегнувајте контакт со тие делови кога сè уште се вртат.
Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исклучете го моторот и оддалечете ја машината внимавајќи да не предизвикате други оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината. Продолжена изложеност на вибрации може да предизвика повреди и невроваскуларни нарушувања (познати и како „Рејнодов синдром“ или „бела рака“) особено кај оние што се изложени на циркуларни влијанија. Симптомите може да се покажат на рацете, на рачните зглобови или на прстите и се манифестираат со губење на осет, вкочанетост, чешање, болка, обезбојување и структурални промени на кожата. Овие ефекти може да се зголемат со ниски надворешни температури и / или од прекумерен притисок врз рачките. При појава на овие симптоми, треба да го намалите времето на користење на машината и да се советувате со лекар. Ограничување при употреба
- Машината не треба да ја користат лица што не се во состојба да ја држат цврсто со обете раце и/или да одржуваат стабилна рамнотежа на нозете во текот на работата.
- Никогаш не користете ја машината со оштетена заштита, ако недостасува или ако не правилно поставена.
- Никогаш не користете ја машината без да ги поставите предвидените дополнителни делови за дадена употреба (раздувување или вшмукување).
- Не исклучувајте, деактивирајте, вадете ги манометарот и безбедносните системи/ микропрекинувачи.
- Не користете го електричниот апарат ако прекинувачот не е правилно поставен во позиција за вклучување или исклучување. Ако електричниот апарат не може да се вклучи со прекинувачот, тој е опасен за употреба и треба да се поправи.
- Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не користете мала машина за изведување тешки работи; адекватно користење на машината го намалува ризикот и го подобрува квалитетот на работата.MK - 4
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.
- Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат. Користете само оригинални резервни
Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство се максимални вредности при употреба на машината. Мора да преземете безбедносни заштитни мерки и да ги избегнете можните штети заради зголемена бука и непријатност од вибрациите. Користете ја машината со постојана брзина и држете ја цврсто рачката со соодветна брзина и на минимален режим којшто е потребен да се заврши работата. Носете заштита против бучава и правете чести паузи, соодветни за работата.
- За намалување на ризикот од оган, не оставајте полни контејнери во затворен
АКУМУЛАТОРОТ ВАЖНО Следните безбедносни мерки ги опфаќаат безбедносните одредби коишто се претставени во даденото упатство за батеријата и за полначот на батеријата кое што се доставува со машината.
- Користете само полначи за полнење на батериите што ги препорачува производителот. Несоодветен полнач за батеријата може да предизвика електричен удар, прегревање или протекување на корозивната течност од батеријата.
- Користете само батерии со спецификации што се предвидени за вашиот апарат. Употреба на други батерии може да предизвика повреди и ризик од пламен.
2.6 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распаѓање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во ѓубре, туку треба да се селектираат и да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање материјали.
- Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на
- При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони. Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ 2012/19/UE, отпадот што се состои од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во согласност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на екокомпатибилен начин. Ако електричните апарати се одложат на ѓубриште или на земја, штетните состојки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синџирот на исхрана, со што ќе се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот. Откако ќе ѝ помине рокот на употреба, извадете ја батеријата обрнувајќи внимание на животната средина. Батеријата содржи материјал што е опасен за вас и за средината. Треба да се извади и расклопи во засебен сад што може да содржи литиумски
Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета на животната средина и ја намалува потребата за примарни материјали.
Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно преносен раздувувач/ вшмукувач за градини на батерии.MK - 5 Генерално, машината се состои од мотор којшто работи на вртежи за да произведе проток на воздух со голема моќност.
3.1.1 Предвидена употреба
Оваа машина е наменета и изработена за да отстранува со дување и вшмукување/дробење лисја, трева и други мали и лесни отпадоци.
3.1.2 Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба, поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):
- вшмукување или собирање на запаливи производи или кои претставуваат ризик од експлозија, врел јаглен или материјали што горат без пламен, изгасени цигари, стаклени парчиња, остри делови, метални предмети, камења и сè друго што може да претставува опасност за безбедноста на управувачот со машината и на останатите,
- насочување на воздухот кон лица и/или животни,
- употреба на машината од страна на повеќе луѓе. ВАЖНО Несоодветната употреба на машината доведува до отфрлање на гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност на производителот, префрлувајќи ги на корисникот произлезените обврски предизвикани од повреди или оштетувањата лично или на трети лица.
3.1.3 Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за „домашна
A. Единица со мотор: овозможува движење на роторот. B. Предна цевка за дување/вшмукување. C. Задна цевка за дување/вшмукување. D. Рачка: овозможува управување со
E. Предна рачка: овозможува подобро управување со машината. F. Прекинувач за вклучување и искучување на брзината: овозможува стартување, исклучување и приспособување на работната брзина на машината. G. Вреќа за собирање: го собира вшмуканиот материјал. H. Прекинувач за вшмукување/дување: му овозможува на корисникот да ја промени функцијата на машината.
I. Тркала: овоможуваат машината да се
движи полесно J. Оддел за батерии: простор наменет за сместување на батериите K. Батерии (ако не се доставуваат со машината, видете го поглавјето 13, „Дополнителна опрема на барање“): уред што обезбедува енергија за ел. палење на моторот. Одликите на батеријата се опишани во засебно упатство. L. Полнач за батерија (ако не се доставува со машината, видете го поглавјето 13, “Дополнителна опрема на барање“): уред што се користи за полнење на батеријата. Одликите на батеријата се опишани во засебно упатство.
2. Ознака за усогласеност
8. Напон и фреквенција на напојувањето
Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот. ВАЖНО Користете ги дадените податоци за идентификација секојпат кога контактирате со овластен центар. ВАЖНО Примерот за изјавата за усогласеност се наоѓа на последната страница во упатството.
3.4 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ (сл. 2)
На машината има разни симболи. Значење на симболите:MK - 6 ВНИМАНИЕ! ОПАСНОСТ! Оваа машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно. ВНИМАНИЕ! Пред да ја користите оваа машина, прочитајте го упатството за употреба. Користете заштита за ушите и очите. Да не се изложува на дожд (или на влага). ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊА! Внимавајте на можни исфрлувања на материјали коишто ги предизвикува протокот на воздухот коишто може да предизвикаат тешки повреди на лица и предмети. ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊА! Оддалечете ги сите лица или домашни животни најмалку 15 метри додека работи
Извадете ја батеријата пред да извршувате каква и да било проверка, чистење или одржување/приспособување на машината. Перки на вентилаторот Ротирачките перки на вентилаторот може да предизвикаат сериозна повреда. Не допирајте го вентилаторот кога алатот е во употреба. ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Побарајте нови етикети од соодветен центар или од овластениот сервисер.
За потребите на складирање и транспорт, одредени компоненти на машината не се монтирани во фабриката, туку треба да се монтираат по вадење на амбалажата следејќи ги следните упатства. Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со доволно простор за поместување на машината и на амбалажата користејќи секогаш соодветни алати. Не користете ја машината пред да завршите со сите постапки наведени во поглавјето „МОНТИРАЊЕ“.
1. Отворете го пакувањето внимателно за да
не ги расфрлите деловите.
2. Прочитајте ја документацијата во кутијата
каде се наведени овие упатства.
3. Извадете ги од кутијата сите делови што
4. Извадете ја машината од кутијата.
5. Фрлете ги кутијата и амбалажата во
согласност со локалните одредби. Пред да започнете со монтирање, уверете се дека батеријата не е ставена на своето место.
4.2 МОНТИРАЊЕ / ОТСТРАНУВАЊЕ
Поставете ја предната цевка за дување/ вшмукување (сл. 3.A) во задната цевка за дување/вшмукување (сл. 3.B) и зацврстете ја со соодветниот шраф (сл. 3.C).
1. Поврзете ја вреќата за собирање (сл. 4.А)
со испусниот отвор (сл. 4.В), погрижувајќи се да биде правилно прицврстена.
2. Поврзете ја вреќата за собирање со
предната цевка (сл. 5.А) користејќи ја соодветната кука (сл. 5.В).
4.4 МОНТИРАЊЕ НА ПРЕДНАТА РАЧКА
Ставете ја рачката (сл. 6.A) во лежиштето и прицврстете ја во саканата позиција користејќи го соодветниот јазок (сл. 6.B).
4.5 МОНТИРАЊЕ НА РЕМЕНОТ
Прицврстете го карабинерот на ременот во соодветниот прстен (сл. 7.А) што се наоѓа на горниот дел од машината.MK - 7 ВАЖНО Застанете ја машината и секогаш вадете ја батеријата (пасус 7.2.2) при секое вадење на цевката нза дување/вшмукување и на вреќата за собирање.
ВШМУКУВАЊЕ/ДУВАЊЕ Прекинувачот му овозможува на корисникот да ја промени функцијата на машината: – со поставување на прекинувачот на „BLOW“ (ДУВАЊЕ) (сл. 8.A) се активира функцијата за дување; – со поставување на прекинувачот на „VAC“ (ВШМУКУВАЊЕ) (сл. 8.B) се активира функцијата за вшмукување. Режимот на функционирање на машината мора да се постави пред да ја вклучите машината.
Прекинувачот за стартување/запирање (сл. 9) има двојна функција:
1. Стартување/запирање на машината со
истовремено активирање/деактивирање на вртењето на роторот; За да ја запрете машината, придвижете го прекинувачот во позицијата за застанување „0“.
2. Ова овозможува брзината на
вртење на роторот да се приспособи со вртење на прекинувачот во саканата позиција (од 1 до 5). Стартувањето на машината предизвикува истовремено и вртење на роторот.
(сл. 10) Пред секоја употреба, проверете ја состојбата на батеријата и дополнете ја следејќи ги насоките посочени во упатството за батеријата.
6.1.2 Приспособување на
каишот за рамо Приспособете ја должината на каишот за рамо така што цевката за вшмукување ќе биде наместена многу блиску до земјата. (сл. 7).
6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
Секогаш извршувајте ги безбедносните контроли пред работа.
(сл. 1.D, 1.E) Чисти, исушени, правилно и цврсто фиксирани на машината Навртки на машината Добро зашрафени (не разлабавени) Отвори за воздух
Задна цевка за дување/ вшмукување (сл. 1.B, 1.C) и вреќаа за собирање (сл. 1.G) Правилно поставена. Никаков знак на оштетување Без пречки. Ротор Никаков знак на
Батерија (сл. 1.K) Без никакви оштетувања на куќиштето и без протекување на течност Прекинувач за стартување/ запирање (сл. 1.F) Треба лесно да се движи од една во друга позиција Машина Никаков знак на оштетување или
Нема чудни вибрации. Нема чудни звуци.
6.2.2 Тестирање на работата на машината
машината (пасус 6.3). Машината е стартувана и роторот се врти.
прекинувачот во позицијата за запирање „0“ (сл. 9).
треба лесно да се движи и машината треба да запре. Ако некој од резултатите не е ист како што е посочено во табелата, не користете ја машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и поправка.MK - 8
1. Заземете цврста и стабилна позиција.
2. Уверете се дека цевката за дување/
вшмукување не е насочена кон присутни лица или отпад. Проверете дали прекинувачот е во позицијата за запирање „0“.
3. Вметнете ги батериите (сл. 11.A) во
одделот за батерии, притискајќи ги докрај сè додека не слушнете звук на кликнување што ги блокира на место и обезбедува електричен контакт. ЗАБЕЛЕШКА Машината работи само ако се вметнати двете батерии.
4. Изберете го начинот на работа што сакате
да го користите со движење на рачката за контрола на прекинувачот (сл. 8).
5. Придвижете го прекинувачот во позицијата
за палење (сл. 9). Стартувањето на машината предизвикува истовремено и вртење на роторот.
Во текот на работата, машината треба секогаш треба да се држи цврсто со двете раце за рачките. ЗАБЕЛЕШКА За време на работата, батеријата е заштитена од комплетно празнење преку заштитниот уред кој што ја исклучува машината и ја блокира работата.
6.4.1 Совети за работа
1. Напредувајте полека држејќи го крајниот
дел на цевката на раздувувачот на соодветно растојание од теренот (сл. 7).
2. За да избегнете раскршување на
материјалот што треба да се отстрани, насочете го млазот на воздух околу страничните рабови на насобраниот материјал. Никогаш не насочувајте го млазот на воздухот кон центарот на насобраниот материјал.
3. Секогаш држете ја единицата цврсто за
4. Кога ја користите единицата како
дробилка, користете го каишот за рамо.
6.4.2 Решетки за воздух
Никогаш не покривајте ги решетките за воздух. Секогаш одржувајте ги слободни од блокада и ѓубре. Решетките мора секогаш да се одржуваат чисти за да се овозможи моторот да се лади ефикасно.
6.4.3 Функција на раздувувач
1. Завртете ја рачката за контрола на
прекинувачот позиционирајќи ја на „BLOW“ (ДУВАЊЕ) (сл. 8.А).
2. Држете го раздувувачот цврсто.
3. Насочете го воздушниот млаз нанапред и
дувајте од една кон друга страна притоа држејќи ја млазницата на соодветно растојание од земјата или подот. Полека придвижете се нанапред, така што купот од насобраното ѓубре постојано ќе биде
6.4.4 Функција за вшмукување/дробење
1. Завртете ја рачката за контрола на
прекинувачот позиционирајќи ја на „VAC“ (ВШМУКУВАЊЕ) (сл. 8.B)
2. Цврсто држете го вшмукувачот.
3. Тркалата-водилки (сл. 1.I), на крајот од
цевката за вшмукување, се користат за полесно насочување на цевката за вшмукување по земјата.
4. Ситните остатоци од ѓубре, како на пример
лисја и гранки, ќе бидат здробени кога ќе поминат низ куќиштето на вентилаторот.
5. Празнете ја вреќата често за да
гарантирате долготраен рок на употреба и подобри перформанси.
6.4.5 Регулација на моќноста
Секогаш треба да ја регулирате брзината на вртење на роторот во согласност со типот на материјалот што треба да се отстрани: – средна брзина на раздувувачот, за лесни материјали и мали џбунови на тревникот, и за отстранување трева и лесни лисја на асфалт или цврст терен; – максимална брзина на раздувувачот, за влажни лисја, потешки материјали, како свеж снег и големи ѓубришта.
За да ја запрете машината, придвижете го прекинувачот во позицијата за запирање „0“ (сл. 9).MK - 9 Роторот продолжува да се врти неколку секунди дури и по запирањето на
Секогаш запирајте ја машината кога се движите меѓу зони на кои се изведува работа. При преместување, никогаш не држете ја раката врз командата за забрзување за да избегнете случајно стартување.
1. Извадете ја батеријата од лежиштето и
проверете го полнењето (пасус 7.2.2).
2. Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
3. Исчистете ја машината (пасус 7.3).
4. Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте со овластен сервисер.
5. Проверка на можни оштетувања на
машината. Ако е потребно, контактирајте со овластен сервисен центар. ВАЖНО Секогаш вадете ја батеријата (пасус 7.2.2) секојпат кога ја оставате машината без надзор или нема да работите.
7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1 ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Пред да извршувате каква и да било проверка, чистење или одржување/ приспособување на машината.
- Запрете ја машината (пасус 6.5).
- Извадете ја батеријата и наполнете ја одново (пасус 7.2.2) (никогаш не оставајте ја батеријата вметната во дофат на деца или неовластени лица).
- Погрижете се сите делови што се движат да бидат целосно запрени.
- Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија.
- Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.
- Прочитајте ги соодветните упатства. ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација коишто несе опишани во ова упатство треба да се извршат кај застапникот или во овластен сервис.
7.2.1 Автономија на батеријата
Автономијата на батеријата (што значи обработена површина пред повторно полнење) вообичаено е условена од активности на операторот, што треба да се избегнуваат: – често стартување и запирање во текот на
– несоодветна брзина на вртењето на роторот за типот на материјалот што треба да се отстрани (пасус 6.4.5). За оптимизирање на работниот век на батеријата, секогаш се препорачува да ја поставите брзината на вртење на роторот да биде соодветна на типот на материјал што треба да се отстрани. Во случај кога сакате да ја користите машината за многу долготрајна работа и користите стандардна батерија, може:
- да набавите дополнителна стандардна батерија за да ја замените веднаш потрошената батерија без да треба да ја прекинувате работата. ЗАБЕЛЕШКА Секогаш користете целосно наполнети батерии. Ако една од двете батерии не е целосно наполнета, машината ќе се исклучи кога батеријата ќе се испразни.
- да набавите батерија со поголема автономија во однос на стандардната батерија (пасус 13.1).
7.2.2 Отстранување и полнење на
батеријата (сл. 12,13)
Батеријата се доставува со заштита што го прекинува полнењето ако температурата во средината не е меѓу 0 и +45°C.
7.3 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА
- За да го намалите ризикот од запалување, одржувајте ги машината без остатоци од лисја и гранки.
- Секогаш чистете ја машината по употребата со чиста и мокра крпа потопена во неутрален
- Отстранете ги сите траги на влага со мека и сува крпа. Влагата остава простор за ризик од електричен удар.
- Не користете абразивни детергенти и растворувачи да ги исчистите пластичните делови или рачките.MK - 10
- Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.
- Одржувајте го роторот секогаш чист од прашина и остатоци коишто се раздувале со воздухот кон решетката. Не прскајте го роторот со вода.
- За да избегнете прегревање или оштетување на моторот и на батеријата, секогаш проверувајте дали решетката за воздух за ладење е чиста и без остатоци.
7.4 ЧИСТЕЊЕ НА ВРЕЌАТА ЗА
СОБИРАЊЕ И ЦЕВКАТА ЗА ВШМУКУВАЊЕ
1. Поставете го прекинувачот за вклучување/
исклучување на „0“ и почекајте додека машината целосно не се исклучи.
2. Извадете го пакетот батерии.
3. Празнете ја вреќата за собирање по
секоја употреба за да избегнете дефект и опструкција на воздушниот проток што може да ја намали ефикасноста на
4. Завртете ја вреќата наопаку и енергично
истресете ја за да ги отстраните преостанатиот прав и ѓубре.
5. Внимателно извадете ги сите материјали
што го попречуваат слободниот проток во цевката за вшмукување.
- Сите навртки и шрафови одржувајте ги соодветно зацврстени за да сте сигурни дека машината е безбедна за работа.
- Редовно проверувајте дали рачките се цврсто фиксирани.
8.1 ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Кога машината треба да се складира:
1. Извадете ја батеријата од лежиштето и
проверете го полнењето (пасус 7.2.2).
2. Оставете моторот да се излади пред да се
остави машината во која било просторија.
3. Исчистете ја машината (пасус 7.3).
4. Проверете дали деловите се разлабавени
или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте со овластен сервисер.
5. Складирајте ја машината:
– во сува просторија; – засолнета од лоши временски услови; – и на место надвор од дофатот на децата; – уверувајќи дека сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.
8.2 ЧУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
Ако батеријата не е наполнета подолг временски период, секогаш треба да се чува на темно и ладно место, каде што нема влага и каде што амбиенталната температура е од 0 до 45°C. ВАЖНО Во случај на долготрајна неактивност, полнете ја батеријата секои два месеци за да го продолжите работниот век.
9. ПРЕНЕСУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секогаш кога е потребно пренесување или транспорт на машината потребно е:
1. Запрете ја машината (пасус 6.5);
2. Погрижете се сите делови што се движат
да бидат целосно запрени;
3. Извадете ја батеријата од лежиштето и
проверете го полнењето (пасус 7.2.2);
4. Фатете ја машината само за рачките и
насочете ги цевките подалеку од машината за да не претставуваат пречка.
5. Погрижете се дека со пренесувањето
на машината нема да се предизвика оштетување или повреда.
10. ПОМОШ И ПОПРАВКА
Во ова упатство се дадени сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите активности за приспособување и одржување што не се споменати во ова упатство мора да ги изврши продавачот или специјализиран центар.Секоја операција што се извршува во несоодветни објекти или од страна на неквалификуван песонал ќе ги поништи сите тврдења од гаранцијата и сите обврски и одговорности на производителот.
- Резервните делови и дополнителната опрема коишто не се одобрени, употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални ја нарушуваат безбедноста на машината и го ослободува производителот од секоја обврска или одговорност.
- Оригиналните резервни делови се набавуваат во сервисните центри или кај авторизираните застапници.
11. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Условите од гаранцијата се наменети само за потрошувачи, т.е. непрофесионални оператори.MK - 11 Гаранцијата ги покрива сите дефекти поврзани со квалитетот на материјалите и квалитетот на производството, што се утврдени за време на гарантниот период од страна на продавачот или специјализиран центар. Примената на гаранцијата е ограничена на поправка или замена на наводниот дефектен дел. Примената на гаранцијата е предмет на редовно одржување на машината. Гаранцијата не ги покрива штетите настанати од:
- Незапознаеност со приложената документација (Упатството за употреба).
- Професионална употреба.
- Невнимание, небрежност.
- Надворешна причина (гром, удар, присуство на туѓи тела во внатрешноста на машината) или несреќен
- Употребата и монтирањето што или не се правилни или производителот не ги дозволува.
- Несоодветно одржување.
- Модификации на машината.
- Користење резервни делови коишто не се оригинални (приспособливи резервни делови).
- Користење дополнителна опрема која не е одобрена ниту доставена од производителот. Гаранцијата не покрива:
- Операции за одржување (опишани во упатството за
- Нормално абење на потрошните материјали.
- Естетска истрошеност на машината како резултат на употребата.
Дополнителни трошоци што настануваат при активирање на гаранцијата, како на пример пренесување на машината до објектот на корисникот, транспортирање на машината кај продавачот, изнајмување опрема за замена на делови или ангажирање надворешна компанија за сите одржувачки работи. Корисникот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на корисникот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин на ниеден начин не се ограничени со оваа гаранција.
копчето, но моторот не се стартува Нема батерии или не се ставени правилно Проверете дали батериите се правилно вметнати (пасус 7.2.3) Слаба батерии/слаби батерии Проверувајте ја состојбата на наполнетост и наполнете ги батериите (пасус 7.2.2) Расипан прекинувач за стартување/ запирање или оштетен раздувувач Не користете ја машината. Веднаш запрете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар.
2. Моторот се гаси во
текот на работата Батериите не се правилно вметнати Проверете дали батериите се правилно вметнати (пасус 7.2.3) Слаба батерии/слаби батерии Проверувајте ја состојбата на наполнетост и наполнете ги батериите (пасус 7.2.2)
но воздухот не излегува од цевката на раздувувачот Цевката на раздувувачот е блокирана или затната Запрете ја машината, извадете ги батериите и тргнете ги можните пречки.
прекумерни вибрации во текот на работата Разлабавени или оштетени делови Застанете ја машината, извадете ја батеријата и: – проверете ги оштетувањата, – проверете дали деловите се разлабавиле и затегнете ги, – обезбедете замена или поправка на оштетените делови со резервни делови со соодветни карактеристики.
Раздувувачот е оштетен. Не користете ја машината. Веднаш запрете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар.MK - 12 ПРОБЛЕМ МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
на батеријата е незадоволителна Условите за работа се многу тешки и бараат поголема потрошувачка на енергијата Подобрете ја употребата (пасус 7.2.1) Батеријата не е доволна за работните потреби Користете батерии со проширен опсег (пасус 13.1) Намален капацитет на машината Купете нова батерија
полни батеријата Батериите не се поставена правилно во полначот Проверете дали поставеноста е точна (пасус 7.2.2) Условите во средината за работа не се соодветни Вклучете го полнењето во средина со соодветна температура (видете го упатството за употреба за батеријата/полначот за батеријата) Нечисти контакти Исчистете ги контактите Нема напон кај полначот на
Проверете дали приклучокот е вметнат и дали има довод на ел. енергија Полначот на батеријата има дефект Заменете го дефектниот дел со
Ако проблемот не исчезне, проверете го упатството за батеријата / полначот за
Контактирајте со застапникот за помош ако проблемите не се решат откако сте ги направиле горепосочените операции.
Достапни се батерии со различен квалитет наменети за одредени работни задачи (сл. 14). Списокот со батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наоѓа во табелата „Технички податоци“.
2. изјавува со целосна лична одговорност
дека следната машина: Преносен Раздувувач -Вшмукувач а) Тип / основен модел c) етикета d) мотор: акумулатор
Notice-Facile