CYBEX Anoris T iSize - автоседиште

Anoris T iSize - автоседиште CYBEX - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Anoris T iSize CYBEX во PDF формат.

📄 195 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice CYBEX Anoris T iSize - page 145
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за Anoris T iSize CYBEX

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот автоседиште во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Anoris T iSize - CYBEX и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Anoris T iSize на марката CYBEX.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Anoris T iSize CYBEX

Ви благодариме што одлучивте да го купите Anoris Ti-Size при изворот на седиште за автомобил.

Прочитајте го внимателно ова упатство за корисник пред да го монтирате седиштето за автомобил во возилото и секогаш чувајте го при рака во специјално наменетиот оддел (24).

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА

Без одобрение на органот за Типска хомологација, седиштето за автомобил не смее да се менува или да се додава на каков било начин.

Со цел детето да биде соодветно заштитено, задолжително е да го користите детското седиште како што е опишано во ова упатство за употреба.

Не користете го седиштето за автомобил пред детето да биде на возраст од 15 месеци и да достигне должна од 76 см. Не користете го ако максимальната тежина на детето надминува 21 кг.

Ова седиште за автомобил може да се монтира само на седишта на возило што се одобрени за користење со системи за врзување деца во согласност со прирачникот на возилото.

He користете други носечки контактни точки освен оние опишани во упатството за корисник и означени на седиштето на возилото за да го прицврстите седиштето за автомобил.

Пред секое патување треба да проверите дали е штитникот правилно затегнат и дали е добро прицврстен на телото на детето. Каишите никогаш не смее да се превитнуваат!

Само оптимално приспособениот наслон за глава може да му понуди на детето максимална заштита и удобност.

Седиштето за автомобил мора секогаш да биде монтирано и прицврстено правилно во возилото, дури и кога не се употребува.

Потпорната ногалка мора секогаш да биде во директен контакт со подот на возилото. Ако возилото има прегради за складирање во просторот за нозе, треба да контактирате со производителот на возилото за да бидете сигурни дека подот на возилото може да ја поддржи потпорната ногалка.

Со цел седиштето за автомобил да овозможува најдобра можна заштита, секогаш треба да ја употребувате линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) на страната на вратата.

Седиштето за автомобил исто така беше тестирано и одобрено за користење без линеарна странична заштита од удари (L.S.P.) во отворена позиција.

Яинеарната странична заштита од удари (L.S.P.) што е завртена кон внатрешности на возилото мора да биде затворена ако седиштето за автомобил се употребува на предното патничко седиште или ако друго лице седи на задното седиште на возилото.

Никогаш не обидувајте се да го расклопите седиштето сами, дури и кога планирате да го отстраните во отпад. Строго препорачуваме да не отстранувате фиксни делови, како што е штитникот. Почитувајте ги упатствата за отфрање во отпад наведени во ова упатсво за корисник.

Никогаш не отстранувајте поединечни делови од штитникот! Може да се отстрани само надворешната навлака на штитникот.

Не ставајте никакви предмети на штитникот. Не користете никакви остри предмети на или во близина на штитникот.

Секогаш треба да бидете сигурни дека седиштето за автомобил не е заглавено на некоја површина нога ја затворате вратата на возилото или да нога го приспособувате задното седиште.

Багажот или кои било други предмети во возилото мора секогаш да бидат добро прицврстени. Во спротивно, може да се разлетаат низ возилото, што би можело да предизвика смртоносни повреди.

Седиштето за автомобил никогаш не смее да се употребува без навлака. Бидете сигурни дена се употребува само оригинална навлака СУВЕХ на седиштето за автомобил, бидејки навлаката претставува интегрален дел од системот за врзување.

Никогаш не оставајте го детето во возилото без надзор.

Некои делови од овој систем за врзување на дете може да се загреат кога се изложуваит на директна соччева светлина и би можеле да предизвикаат изгореници на детската кожа. Заштитете ги детето и седиштето за автомобил од директно изложување на соччева светлина

Сообрајајна несреќа може да предизвика оштетување на седиштето за автомобил што не може да се види со голо око. Во случај на сообрајајна несреќа, заменете го седиштето за автомобил. Ако се двоумите, советувајте се со застапникот или со производителот.

Не користете го ова седиште за автомобил подолго од 10 години.

Седиштето на возилото е изложено на големо оптоварување за време на рокот на траење, што води до промени во квалитетот на неговите материјали со тек на врее.

Само отстранливата навлака на седиштето за автомобил може да се пере во машина.

Пластичните делови може да се чистат со благо средство за чистење и топла вода. Никогаш не користете агресивни средства за чистење или белила!

На некои седишта на возило изработени од чувствителни материјали користењето седишта за автомобил може да остави дамки и/или да предизвика бледнеење. За да го спречите ова, можете да ставите ћебе, крпа или сличен предмет под седиштето за автомобил за да го заштитите седиштето на возилото.

Седиштето за автомобил е опремено со интегриран систем со воздушно перниче. Исто така е тестирано и одобрено без активен систем на воздушни перничиња.

ДЕЛОВИ НА ПРОИЗВОДОТ

Линеарна странична заштита од удари (L.S.P.) (1)Рачка за приспособување на наслонот за глава (13)
Заштитна лента на батерија (2)Рачка за приспособување на позиција (14)
Оддел за батерија (3)
Потпорна ногалка (4)Штитник (15)
Екрански панел (5)Копчиња за приспособување на кαιш (16)
Копчиња за отпуштање ISOFIX (6)
Рачки за заклучување ISOFIX (7)Закопчувалка (17)
Точки за закотвување ISOFIX (8)Јазиче за закопчување (18)
Индикатори ISOFIX (9)Каиши за приспособување (19)
Копче за приспособување на потпорна ногалка (10)Копче за проверка (20)
Индикатор на штитник (21)
Индикатор на потпорна ногалка (11)Индикатор на батерија (22)
Наслон за глава (12)Копче за заклучување на L.S.P. (23)
Оддел за упатството за употреба (24)

Линеарната странична заштита од удари (L.S.P) (1) се отвора автоматски нога го вадите седиштето за автомобил од пакувањето. Бидете сигурни дека линеарната странична заштита од удари (L.S.P) насочена кон вратата на возилото е во целосно отворена позиција пред да почете да возите.

Пред првата употреба, заштитната лента на батерија (2) мора да се отстрани од одделот за батерија (3) во долниот дел на седиштето за автомобил.

Штом ће почнете да го монтирате седиштето за автомобил, ће слушнете предупредувачки звук нога потпорната ногалка (4) ће се монтира правилно. Ако сте почнале со монтирање, но не слушате предупредувачки звук или не светат визуелните индикатори на екранскиот панел (5), мора да ги замените батериите.

ТОЧНА ПОЗИЦИЈА ВО ВОЗИЛОТО

Ова е подобрен систем за врзување деца i-Size. Одобрен е во согласност со Регулативата на OH бр. R1 29/03 за употреба во седечки позиции во возило компатибилно со i-Size, како што е назначено од производителите на возилото во нивните прирачници за корисник на возило. Ако возилото нема седечка позиција i-Size, проверete го приложениот список со типови возила за да видите дали е дозволено да го користите.

Може да ја добиете најновата верзија од списокот со типови од www.cybex-online.com.

Ако возилото не е опремено со ISOFIX, седиштето за автомобил не може да се употребува.

Ако во возилото нема довольно простор, може да ја затворите линеарната странична заштита од удари (L.S.P.).

Нема гаранција дека сите седечки и лежечки позиции може да се употребуваат во сите одобрени возила.

Заради безбедност и удобност, ви препорачуваме да го користите седиштето за автомобил зад седиштето на предниот патник.

МОНТИРАЊЕ ВО ВОЗИЛОТО

Секогаш треба да бидете сигурни дека...

- наслоните за грб во возилото се закочени во исправена позиција,

•кога го монтирате седиштето за автомобил на предното патничко седиште, седиштето на возилото е приспособено колку што е можно поназад

  1. Отклопете ја потпорната ногалка (4) сё додека не се заклучи во најоддалечената позиција.

  2. Поставете го седиштето за автомобил на соодветно седиште во возилото.

  3. Ослободете ги копчињата за отпуштање ISOFIX (6) за да ги протегнете рачките за заклучување ISOFIX (7).

Нолчињата за ослободување ISOFIX може да се ослободат самостояно, со што им се дозволува на рачките за заклучување ISOFIX да се приспособат независно.

  1. Турнете ги рачките за заклучување ISOFIX (7) надвор од седиштето за автомобил во најоддалечената позиција.

5 Турнете ги Рачките за заклучување ISOFIX (7) во точките за закотвување ISOFIX (8) сё додена не се фиксираат во соодветната позиција и додека не слушнете звук на закопчување. Бојата на индикаторите ISOFIX (9) је се измени од ЦРВЕНА во ЗЕЛЕНА.

Тожните за закотвување ISOFIX се две метални ушички на секое седиште на возилото. Се наогаат помеѓу наслонот за грб и површината за седење на седиштето на возилото. Ако не сте сигурни, осврнете се на упатството за корисник на возилото.

  1. Обидете се да го отстраните седиштето за автомобил за да бидете сигурни дека е добро прицврстено со точките за закотвување ISOFIX (8).

  2. Турнете го седиштето за автомобил кон наслонот за грб на седиштето на возилото сё додека не се порамни целосно со наслонот за грб.

  3. Притиснете го копчето за приспособување на потпорната ногалка (10) и извлечете ја ногалката сё додека не го допре подот на возилото.

  4. Индикаторот на потпорната ногалка (11) ће стане ЗЕЛЕН кога потпорната ногалка ће се постави правилно на подот на возилото и предупредувачкиот звук ће запре.

  5. Повлечете ја потпорната ногалка (4) нанадвор до следната позиција за фиксирање за да обезбедите оптимално пренесување на силата.

Движењето на седиштето за автомобил од една на друга страна, исто така не го потпре наспроти наслонот за грб на возилото.

ОТСТРАНУВАЊЕ ОД ВОЗИЛОТО

  1. Отклучете ги рачките за заклучување ISOFIX (7) на двете страни притискајки ги истовремено копчињата за отпуштање ISOFIX (6) и влечејки ги наназад.
  2. Отстранете го седиштето за автомобил и турнете ги Рачките за заклучување ISOFIX (7) целосно наназад во нивните транспортни позиции.
  3. Притискајки го копчето за приспособување на потпорна ногалка (10), турнете ја потпорната ногалка (4) назад и потоа преклопете ја за да заштедите простор.

ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА НАСЛОНОТ ЗА ГЛАВА

Наслонот за глава (12) може да се приспособи со помош на рачката за приспособување на наслонот за глава (13).

Кога го приспособувате наслонот за глава (12), погрижете се растојанието помеѓу рамениците на детето и наслонот за глава да не е поголемо од 2 см (приближно 2 прста).

ПРИСПОСОБУВАЊЕ НА ЛЕЖЕЧКАТА ПОЗИЦИЈА

За да го приспособите седиштето за автомобил во саканата лежечка позиција, притиснете ја рачката за приспособување на позиција (14) што се наога на предниот дел на седиштето за автомобил.

Сеногаш треба да бидете сигурни дека го слушате звукот на заклучување на седиштето за автомобил кога го приспособувате во саканата лежечка позиција.

ВРЗУВАЊЕ НА ДЕТЕТО

  1. Откопчајте го штитникот (15) со притискање на копчињата за приспособување на каишот (16) и истовремено повлечете го штитникот нанапред.
  2. Откопчајте ја закопчувалката (17) од штитникот (15) со притискање на црвеното копче за ослободување на седиштето за автомобил и ставете го штитникот до седиштето за автомобил.
  3. Сместете го детето во седиштето за автомобил.
  4. Вратете го штитникот (15) назад и закопчајте го јазичето на кαιш (18) на штитникот во соодветната закопчувалка (17) на седиштето за автомобил. Бидете сигурни дека слушате соодветен звук нога закопчувалката се закопчува. Каишите не смее да бидат превиткани. Индикаторот на штитник (21) станува ЗЕЛЕН.

  5. Повлечете го штитникот (15) за да проверите дали закопчувалката (17) се заклучила правилно.

  6. Затегнете ги двата кайши за приспособување (19) влечејки ги со еднаква сила долж штитникот за да го приспособите штитникот на големината на детето. Движете го штитникот малку налево и надесно за да го исправите. Затегнете ги кайшите за да го поставите штитникот цврсто на детското тело и карлицата.

Секојпат кога го врзувате детето, треба да проверите дали штитникот е поставен правилно и да ги затегнете кайшите за приспособување.

Пред да го почнете патувањето проверете дали сите индикатори на екранскиот панел (5) се зелени со притискање на копчето за проверка (20).

Воздушното перниче на седиштето за автомобил се наога во штитникот и дава дополнителна сигурност во случај на сообраќајна несреќа.

Со цел воздушното перниче на седиштето за автомобил да биде активно, мора да се исполнуваат следните услови:

•нивото на батеријата е задоволувачко,

•седиштето за автомобил е монтирано правилно и штитникот е закопчан,

• сите индикатори на екранскиот панел светат со ЗЕЛЕНА боја.

УПРАВУВАЊЕ СО БАТЕРИЈА

Во зависност од траењето на батеријата и начините на користење, може да биде неопходно да ги замените батериите. Ако батериите се празни, воздушното перниче, индикаторите и предупредувачките сигнали не се активни.

Предупредувачкиот сигнал покажува дека батериите мора да се заменат.

За да ги замените батериите, треба да го отворите одделот за батерии (3) со соодветен алат. Отнако ће ги замените батериите, мора повторно да го затворите одделот. Индикаторот на батерија на екранскиот панел ће светне со ЗЕЛЕНА боја. Sve aktuelne informacije o odlaganju u vašoj zemlji možete pronaći na go.cybex-online.com/anoris-t-isize-disposal.

Користете го само препорачаниот тип батерии CR17450 (3V DC).

- Внимавајте да не ги ставите обратно позитивните и негативните полови на батериите.

•Користете само исти и нови неоштетени батерии.

•Секогаш отстранувајте ги празните батерии.

•Сите батерии треба да се чуваат надвор од дофат на деца.

- Не полнете ги батериите.

  • Не изложувајте ги батериите на силни удари.
  • Никогаш не изложувајте го овој производ или батериите на орган.
  • Не чувајте ги батериите во топла и влажна средина.
  • Не расклопувајте ги батериите. Не предизвикувајте краток спој на батериите.
  • Отстранете ги батериите ако планирате да не ги користите подолго време.

ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ СИГНАЛИ

Индикаторите на екранскиот панел (5) се активираат штом барем една рачка за заклучување ISOFIX се поврзува со возилото. Внимавајте на следните предупредувачки сигнали:

CYBEX Anoris T iSize - ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ СИГНАЛИ - 1

Неправилно монтирање на Рачките за заклучување ISOFIX

Двете рачки за заклучување ISOFIX мора да се прицврстат правилно.

CYBEX Anoris T iSize - Неправилно монтирање на Рачките за заклучување ISOFIX - 1

Неправилно монтирање на потпорната ногалка

Потпорната ногалка мора да биде целосно протегната и правилно потпрена врз подот.

CYBEX Anoris T iSize - Неправилно монтирање на потпорната ногалка - 1

Штитникот не е закопчан

Проверете дали јазичето за закопчување е закопчано.

CYBEX Anoris T iSize - Штитникот не е закопчан - 1

Неправилна работа

Завршете го патувањето како што сте планирале и потоа контантирајте со застапникот или со производителот.

CYBEX Anoris T iSize - Неправилна работа - 1

Нивото на батериите е < 30%

Батериите треба да се заменат наскоро.

CYBEX Anoris T iSize - Нивото на батериите е &lt; 30% - 1

Нивото на батериите e < 10%

Батериите мора да се заменат што е можно побргу

За да го проверите тековниот статус на индикаторите, притиснете го копчето за проверка.

ЗАТВОРАЊЕ НА ЛИНЕАРНАТА СТРАНИЧНА ЗАШТИТА ОД УДАРИ

За да ја затворите линеарната странична заштита од удари ( L.S.P.) (1), следете ги следните чекори:

  1. Повлечете го наслонот за глава (12) во највисоката позиција и повлечете ја навлаката на наслонот за глава нагоре за да го најдете копчето за заклучување на L.S.P (23)
  2. Затворете ја линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) (1) и задржете ја притисната надолу. Турнете го копчето за заклучување на L.S.P (23) нанадвор.
  3. Штом копчето за заклучување на L.S.P (23) се притисне максимально, линеарната странична заштита од удари (L.S.P.) (1) може да се отпушки.
    За да ја отворите повторно линеарната странична заштита од удари ( L.S.P.) (1), притиснете цврсто во областа на L.S.P. со ознака „ПРИТИСНИ (PRESS)“.

ЧИСТЕЊЕ И НЕГА НА ПРОИЗВОДОТ

Навлаката се состоит од 3 составни дела прицврстени на седиштето за автомобил во неколну точки. Олабавете ги сите точки на прицврстување. Потоа може да се отстранат сите посебни делови. Отстранете ја само горната навлака на штитникот.
За да ја вратите навлаката, направете го тоа по обратен редослед.

Само отстранливата навлака на седиштето за автомобил може да се пере на 30°C на циклус за благо перење. Перете ја навлаката одделно од други алишта и никогаш не сушете ја во машина за сушење! Не сушете ја навлаката директно на силно сонце!

ГАРАНЦИЈА И РЕГУЛАТИВИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ ВО ОТПАД

CYBEX GmbH (Riedingerstr. 18, 95448 Bayreuth, Германија) за овој производ ви дава 3 години гаранција. Гаранцијата важи во земјата во која производот му беше продаден првпат на клиент во малопродажба. Содржината на гаранцијата и сите основни информации потребни за потврдување на гаранцијата може да се најдат на нашата почетна страница go.cybex-online.com/manufacturer-warranty-car-seats. Ако гаранцијата се наведува во описот на производот, тоа нема да влијае врз вашите законски права кон нас во поглед на дефекти.

CYBEX Anoris T iSize - ГАРАНЦИЈА И РЕГУЛАТИВИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ ВО ОТПАД - 1

Седиштето за автомобил и неговите компоненти се специјален отпад и не смеат да се отстрануваат во отпад заедно со отпадот од домајинствата. Производот мора да се отстрани во отпад во согласност со регионалните правила. Сите тековни информации за отфрлање во вашата земја може да се најдат на go.cybex-online.com/anoris-t-isize-disposal.

CERTIFIKACIJA

Anoris Ti-Size

UN R129/03

Starost: 15+ M

Veličina: 76 - 115 cm

Težina: do 21 kg

CYBEX Anoris T iSize - CERTIFIKACIJA - 1

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : CYBEX

Модел : Anoris T iSize

Категорија : автоседиште