BOSCH GSI 14 CE - Мултифункционални алати

GSI 14 CE - Мултифункционални алати BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSI 14 CE BOSCH во PDF формат.

📄 174 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GSI 14 CE - page 126
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GSI 14 CE

Категорија : Мултифункционални алати

Преземете ги упатствата за вашиот Мултифункционални алати во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSI 14 CE - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSI 14 CE на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSI 14 CE BOSCH

Безбедносни напомени Општи напомени за безбедност за електричните апарати Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел). Безбедност на работното место Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот. Електрична безбедност Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.

јте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено. Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар. Безбедност на лица Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди. Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Д околку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа. Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани

Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав. Користење и ракување со електричниот апарат Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ј а загрозува безбедноста и мора да се поправи. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ OBJ_BUCH-1845-002.book Page 126 Friday, June 14, 2013 12:48 PMМакедонски | 127 Bosch Power Tools 3 609 929 C51 | (14.6.13) Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат. Безбедносни напомени за машина за

Општи безбедносни напомени за брусење и брусење со брусна хартија Овој електричен апарат се употребува како алатка за брусење и брусење со брусна хартија. Внимавајте на сите безбедносни напомени, упатства, прикази и податоци што сте ги добиле во прилог на електричниот апарат. Доколку не внимавате на следните упатства, може да дојде до електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Овој електричен апарат не е погоден за работа со жичани четки, полирање и сечење со брусни плочи. Доколку го користите електричниот апарат за несоодветни намени, може да предизвика опасност и

Не користете прибор што не е специјално предвиден и препорачан од производителот на овој електричен апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба, само заради фактот дека приборот може да се прицврсти на вашиот електричен апарат. Дозволениот број на вртежи на алатот што се вметнува мора да биде исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот. Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот што се вметнува мора да одговараат на димензиите на вашиот електричен апарат. Погрешно димензионираните алати за вметнување не може доволно да се контролираат. Алатите за вметнување со наво ј мора точно да одговараат на навојот на вретеното за брусење. Кај алатите за вметнување, што се монтираат со помош на прирабница, дијаметарот на дупката на алатот што се вметнува мора да одговара на дијаметарот на прифатот на прирабницата. Алатите за вметнување не може точно да се прицврстат на електричниот апарат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може да доведат до губење на контролата. Не користете оштетени алати за вметнување. Пред секое користење, проверете ги алатите што се вметнуваат како на пр. дали брусните плочи имаат скинати делови и процепи, дали на брусните цилиндри има пукнатини, дали се истрошени или изабени, и дали има олабавени или скршени жици на жичаната четка. Доколку ви падне електричниот апарат или алатот што се вметнува, проверете дали е оштетен или пак употребете неоштетен алат за вметнување. Откако сте го провериле и ставиле алатот за вметнување, не им дозволувајте на лицата да бидат во близина на нивото на вклучениот апарат и оставете го апаратот да врти една минута на највисок број на вртежи. Повеќето од оштетените алати за вметнување ќе се скршат во текот на овој пробен период. Носете заштитна опрема. Во зависност од употребата, носете целосна заштита за лицето, очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни ракавици или специјални престилки што ќе ве заштитат од честичките настанати при брусење на материјалот. Треба да ги заштитите очите од туѓите тела што летаат наоколу, а се настанати од различната употреба на уредот. Маските за заштита од прав и заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат правта што настанува при употребата. Доколку сте изложени на гласна врева подолго време, мо

изгубите слухот. Доколку има други лица во работното поле, држете ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе во работното поле, мора да носи лична заштитна опрема. Парчињата од делот што се обработува или скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу и да предизвикаат повреди и надвор од директното поле на работа. Држете го уредот само за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува може да наиде на скриени електрични OBJ_BUCH-1845-002.book Page 127 Friday, June 14, 2013 12:48 PM128 | Македонски 3 609 929 C51 | (14.6.13) Bosch Power Tools кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар. Држете го струјниот кабел подалеку од алатите што се вметнуваат. Доколку загубите контрола над уредот, струјниот кабел може да се пресече или да се зафати и да ви ја заглави дланката или раката во алатот што се

Никогаш не го оставајте електричниот апарат, доколку алатот за вметнување не е целосно во состојба на мирување. Ротирачкиот алат што се вметнува може да дојде во контакт со површината на која сте го оставиле апаратот, и да ја загубите контролата над електричниот апарат. Електричниот апарат не смее да биде во погон додека го носите. Вашата облека може да се зафати од ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт, и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело. Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот влече прав во куќиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрична несреќа. Не го користете електричниот апарат во близина на запаливи материјали. Искрите што се создаваат може да ги запалат овие материјали. Не користете алати за вметнување, за кои е потребно течно средство за разладување. Користењето на вода и други течни средства за

е може да доведе до електричен удар. Повратен удар и соодветни безбедносни напомени Повратниот удар е ненадејна реакција како последица на заглавен или блокиран ротирачки алат што се вметнува, како брусна плоча, брусен диск, жичани четки итн. Заглавувањето или блокирањето предизвикуваат ненадејно запирање на ротирачкиот алат што се вметнува. Така, неконтролираниот електричен апарат се забрзува наспроти правецот на вртење на алатот што се вметнува на местото на

Доколку на пр. се заглави или се блокира некоја брусна плоча, работ на брусната плоча кој влегува во делот што се обработува може да се закачи и така да ја скрши брусната плоча или да предизвика повратен удар. Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот или наспроти него, во зависност од правецот на вртење на плочата на местото на блокирање. Притоа брусните плочи може да се скршат. Повратниот удар е последица од погрешна употреба на електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни прописни мерки, како што е опишано подолу. Држете го цврсто електричниот апарат со двете дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе може да ја издржите повратната сила. Секогаш користете дополнителна дршка, доколку постои, за да имате што е можно поголема контрола над силата од повратниот удар или реакциските моменти при работата на апаратот. Лицето кое го користи уредот може со соодветни мерки на претпазливост да го совлада повратниот удар или реакциските сили. Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на ротирачкиот алат што се вметнува. Алатот што се вметнува мо же да ви избега од рацете. Со вашето тело избегнувајте го полето каде електричниот апарат се движи со повратен удар. Повратниот удар го потиснува електричниот апарат во правец спротивен на движењето на брусната плоча на местото на блокирање. Особено внимателно работете во подрачјето со агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите алатот што се вметнува да се одбие од делот што се обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се вметнува е склон на заглавување доколку се одбие од аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење на контролата или повратен удар. Не користете синџирести или запчести листови за пила. Таквите алати за вметнување честопати предизвикуваат повратен удар или губење на контролата над електричниот апарат. Специјални безбедносни напомени за брусење со брусна хартија Не користете предимензионирани брусни листови, туку следете ги податоците на производителот за големината на брусниот лист. Брусните листови, кои стрчат над брусните дискови, може да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на брусните листови или повратен удар. Дополнителни сигурносни напомени Носете заштитни очила. Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/ исклучување и ставете го во позиција Исклучено, доколку се прекине напојувањето со струја, на пр. по снемување струја или влечење на струјниот приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано рестартирање на уредот. Електричниот апарат секогаш користете го со алат што се вметнува. Работата без алат за вметнување е опасна и може да доведе до повреди. Опис на производот и моќноста Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба. OBJ_BUCH-1845-002.book Page 128 Friday, June 14, 2013 12:48 PMМакедонски | 129 Bosch Power Tools 3 609 929 C51 | (14.6.13) Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е наменет за брусење на суви материјали, структурирање, сатинирање и матирање на метални површини. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката

1 Блокада за вретеното 2 Шраф за заклучување на заштитната хауба 3 Копче за контрола на бројот на вртежи 4 Прекинувач за вклучување/исклучување 5 Дополнителна дршка (изолирана површина на

6 Заштитна хауба 7 Клин за осовината 8 Шраф за заклучување 9 Алат за вметнување* 10 Продолжеток за вретеното 11 Водечки валјак 12 Пеперутка-навртки 13 Рачка (изолирана површина на дршката) 14 Инбус клуч *Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Информации за бучава/вибрации Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745. Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 89 dB(A); ниво на звучна јачина 100 dB(A). Несигурност K=3 dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 60745:

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптеретувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптеретувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот пред да влијанието од вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата. Изјава за сообразност Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните производи во „Технички податоци“ се сообразни со следните норми или нормативни документи: EN 60745 според одредбите на регулативите 2011/65/EU, 2004/108/EC, 2006/42/EC. Техничка документација (2006/42/EC) при: Robert Bosch GmbH, PT/ETM9 D-70745 Leinfelden-Echterdingen Robert Bosch GmbH, Power Tools Division D-70745 Leinfelden-Echterdingen

Машина за сатинирање GSI 14 CE Број на дел/артикл 3 601 HB1 0.. Номинална јачина W 1400 Број на празни вртежи min

750 – 3000 Макс. надворешен дијаметар на алатот за вметнување мм 115 Макс. ширина на алатот за

мм 100 Дијаметар на прифатот мм 19 Одредување на број на вртежи

Заштита од рестартирање

Тежина согласно EPTA- Procedure 01/2003 кг 3,4 Класа на заштита /II Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Henk Becker Executive Vice President Engineering Helmut Heinzelmann Head of Product Certification PT/ETM9 OBJ_BUCH-1845-002.book Page 129 Friday, June 14, 2013 12:48 PM130 | Македонски 3 609 929 C51 | (14.6.13) Bosch Power Tools

Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Монтирајте ги дополнителната дршка и заштитната хауба (види слика A) Работете само со монтирана дополнителна дршка 5. –Со приложениот клуч со внатрешна шестаголна глава 14 олабавете го шрафот 2 на заштитната хауба 6. – Поставете ја заштитната хауба 6 на прирабницата на вретеното. Навалувајте ја заштитната хауба 6 во зависност од вашите работни услови и работна позиција. – Зацврстете го шрафот 2. – Монтирајте ја дополнителната дршка 5 на заштитната хауба 6. Монтирање на водечкиот валјак (види слика B) Монтирајте го водечкиот валјак 11 со пеперутка- навртките 12 на заштитната хауба. Монтирајте го продолжетокот на вретеното (види слика C) – Притиснете на блокадата за вретеното 1 и монтирајте го продолжетокот на вретеното 10 со помош на вилушкаст клуч (SW 21). – Поставете го клинот за осовината 7 во продолжетокот на вретеното 10. Монтирање на алатот што се вметнува (види слика D) – Притиснете ја блокадата за вретеното 1. – Вметнете го алатот за вметнување на продолжетокот на вретеното. Внимавајте дали клинот за осовината 7е цврсто вметнат. – Зацврстете го шрафот за заклучување 8. Внимавајте да соодветствуваат правците на стрелките на алатот што се вметнува и на куќиштето на електричниот

Избор на алат за вметнување/средство за брусење Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни алати за вметнување/средства за брусење: – Валање со фиксно нанесено средство за брусење – Валање со употреба на средства за брусење што се

– Валјак за промена на правецот за употреба со брусни

Ставање во употреба Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 4 и држете го притиснат. За зацврстување на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување 4 турнете го прекинувачот за исклучување/вклучување 4 понапред. За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување 4 одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 4 и потоа ослободете го. За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите. Бирање на бројот на вртежи Користете број на вртежи соодветен на намената, за да избегнете оштетување на материјалот. Со копчето за подесување на број от на вртежи 3 може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на апаратот. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична

Доколку користите волна, поставете максимален степен на број на вртежи 4. Инаку волната ќе стане

Гранулација За брусење на суви материјали и пред-брусење грубо 40, 60 За структурирање и израмнување на мали

За сатинирање и матирање на метални површини фино 120 –240 Валјаци со волна OBJ_BUCH-1845-002.book Page 130 Friday, June 14, 2013 12:48 PMSrpski | 131 Bosch Power Tools 3 609 929 C51 | (14.6.13) Совети при работењето Капацитетот на отстранување при брусење на површини, во главно, се одредува со изборот на брусно средство како и претходно избраниот број на вртежи. Работете со што е можно помал притисок на површината, за да го продолжите рокот на употреба на брусното средство. Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусното средство. Работете со умерени движења, вршете го брусниот процес паралелно и со преклопување кон брусните шини. За постигнување на перфектна површина, не користете брусни средства со гранулација поголема од едно зрно. Користете само оригинална Bosch опрема за брусење. Само беспрекорните брусни средства може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот апарат. Прицврстете го електричниот апарат на работната маса. Прицврстените електрични апарати и острите алати за вметнување може да предизвикаат тешки

Складирање на брусните средства Брусните средства складирајте ги во оригиналното пакување на собна температура од 15 °C – 25 °C и 40 % – 70 % влажност на воздухот. Не ги складирајте брусните средства на бетонско дно, во близина на отворени прозори и греење. Не ги виткајте брусните ленти, бидејќи ќе станат неупотребливи. Одржување и сервис Одржување и чистење Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Отстранете ја насобраната прав од брусењето со една

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.

Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Отстранување Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта