GLL 3-50P - Далнометар BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLL 3-50P BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Линиски ласер (3-линиски ласер) |
| Модел | Bosch GLL 3-50P |
| Димензии (приб.) | 160 x 80 x 100 mm |
| Тежина (со батерии) | приб. 0,5 kg |
| Напојување | 4 x 1,5 V AA (Mignon) |
| Времетраење на батериите | приб. 10 h (во континуиран режим) |
| Ласерска класа | 2M (IEC 60825-1) |
| Бранова должина | 635 nm (црвена) |
| Опсег на самовнивелирање | ± 4° |
| Точност на нивелирање | ± 0,3 mm/m |
| Работен опсег (пречник) | до 50 m |
| Број на ласерски линии | 3 (хоризонтална, вертикална, крст) |
| Време на вклученост | 100 % (континуиран режим) |
| Навој за статив | 1/4" |
| Работна температура | -10 °C до +40 °C |
| Температура на складирање | -20 °C до +70 °C |
| Заштита од прашина и прскање вода | IP 5X (заштитен од прашина) |
| Чистење | Чистете ја оптиката со мека, сува крпа |
| Безбедносни упатства | Не гледајте во ласерскиот зрак; внимавајте на заштита за очи |
| Резервни делови | Батерии, евентуално заштитни очила и целна плоча |
| Гаранција | Видете го упатството за употреба |
Frequently Asked Questions - GLL 3-50P BOSCH
Прашања на корисниците за GLL 3-50P BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Далнометар во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLL 3-50P - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLL 3-50P на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLL 3-50P BOSCH
Македонски ...... Страна 146
Srpski Strana 153
Slovensko.... Stran 158
Hrvatski....Stranica 164
Eesti Lehekülg 170
Безбедносни напомени

Сите напомени треба да се прочитаат и да се внимава на нив, за да може да го користите безбедно вашиот мерен уред и без опасност. Не ја оштетувајте ознаката за предупредување. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА.
▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со натпис за предупредување на англиски јазик (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна со број 12).


▶ Пред првата употреба, над натписот за предупредување на англиски јазик, залепете ја испорачаната налепница со Вашиот јазик.

Не го насочувајте ласерскиот зрак на лица или животни и не погледнувајте во него. Овој мерен уред создава ласерски зраци од класата 2 според IEC 60825-1. Притоа лицата може да се заслепат.
▶ Не ги користете ласерските очила како заштитни очила. Ласерските очила служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во сообрајают. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Merниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Може да ги заслепат другите лица поради невнимание.
He работete со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Целна табла за ласерот

Не ја принесувајте целната табла за ласерот 21 во близина на пејсмејкери. Магнетот создава магнетно поле на целната табла за ласерот, кое може да ја наруши функцијата на пејсмејкерите.









Македонски | 147
▶ Целната табла за ласерот 21 држете ја подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди осетливи на магнет. Поради влијанието на магнетите на целната табла на ласерот може да дојде до неповратни загуби на податоците.
Опис на производот и мокноста
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на мерниот уред, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии.
Технички податоци
| Ласер со вкрстени линии GLL 3-50 | ||
| Број на дел/артикл | 3 601 K63 8.. | |
| Работно поле ^1) – стандардно | м | 10 |
| – соласерски приеммик | 5 – 50 | |
| Точност при нивелирање | мм/м ± 0,3 | |
| Работно поле на ласерската точка | м | 5 |
| Точност на ласерската точка | мм/м ± 0,6 | |
| Типично поле на самонивелирање | ° | ± 4 |
| Типично време на нивелирање | с | < |
| Температура при работа | °C –10... +40 | |
| Температура при складирање | °C –20 ... +70 | |
| релативна влажност на воздухот макс. | % | 90 |
| Класа на ласер | 2 | |
| Тип на ласер | пм | 635 |
| mW | <1 | |
| С _6 | 1 | |
| најкратко времетраење на импулсот | с | 1/1 600 |
| Прифат за стативот | " | 1/4 |
| " | 5/8 | |
| Батерии | 4 x 1 , 5 V LR6 ( A A | |
| Времетраење на работата во мин. | ч | 6 |
* заштитено од прав и прскање на вода
Ве молиме внимавајте на серискиот број на спецификационата плочка на мерниот уред, трговските ознаки на поединечните мерни уреди може да варираат.
Серискиот број 13 на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на вашиот мерен уред.
Ласер со вкрстени линии GLL 3-50
1) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (напр. директна изложеност на сончеви зраци).
* заштитено од прав и прскање на вода
Ве молиме внимавајте на серискиот број на спецификационата плочка на мерниот уред, трговските ознаки на поединечните мерни уреди може да варираат.
Серискиот број 13 на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на вашиот мерен уред.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерните апарати на графичката страница.
1 Излезен отвор за ласерскиот зрак
2 Приказ за импулсна функција
3 Копче за импулсна функција
4 Копче за начин на работа
5 Приказ на батеријата
6 Прифат на стативот 1/4"
7 Преграда за батерија
8 Поклопец на преградата за батеријата
9 Ознака за половите
10 Фиксирање на поклопецот на преградата за батерија
11 Прифат на стативот 5/8"
12 Натпис за предупредување на ласерот
13 Сериски број
14 Прекинувач за вклучување/исклучување
15 Водечки жлеб
16 Шина водилка
17 Шраф за фиксирање за ногарката на извлекување
18 Вртливо тркалце
19 Ротирачка платформа
20 Магнет
21 Целна табла за ласерот
22 Градежен статив BS 150*
23 Ласерски очила*
24 Универзален држач BM 1*
25 Телескопска рачка ВТ 350*
26 Мерна плоча со ногарка*
27 Ласерски приемник*
28 Држач*
29 Kyфер*
* Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака.








148 | Македонски
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
За отворање на поклопецот на преградата за батерии 8 притиснете на блокадата 10 и отворете го поклопецот на преградата за батерии. Ставете ги батериите. Внимавајте на точноста на половите согласно надворешниот приказ на поклопецот на преградата на батерии.
Доколку приказот за батерија трепка 5 црвено, тогаш мора да ги замените батериите.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
▶ Доколку не сте го користеле мерниот уред повеке време, извадете ги батериите. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Користење на ротирачката платформа

Поставете го мерниот уред со водечкиот жлеб 15 на шината водилка 16 на ротирачката платформа 19 и притиснете го мерниот уред до крај на платформата. За да го извадите, извлечете го мерниот уред во обратен правец од ротирачката платформа.
Извлекување на телескопските ногарки

Одвртете го шрафот за фиксирање 17 за ногарката на извлекување. Извлечете ја ногарката нанадвор. Фиксирајте ја ногарката со зацврствување на шрафот на фиксирање 17. Повторете ја постапката за двете други ногарки.
Употреба
Ставање во употреба
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или осцилации во температурата.
Напр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи осцилации во температурата, оставете го мерниот уред најпрво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или осцилации во температурата, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Избегнувајте ги ударите и превртувањата на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете проверка на точноста (види „Точност на нивелирањето“).
▶ Исключете го мерниот уред за време на транспортот. При ислучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
Вклучување/исклучување
За Вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачет за вклучување/исклучување 14 во позиција „on“ (за работење без автоматиката за нивелирање) или во позиција „on“ (за работење со автоматика за нивелирање). Веднаш по вклучувањето, мерниот уред пушта ласерски линии од излезните отвори 1.
▶ Не го насочувајте зракот светлина на лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За Исклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување 14 во позиција „off“. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.
При пречекорување на највисоката дозволена работна температура од 40 °C се исклучува заради заштита на ласерската диода. Откако ће се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.
Деактивирање на автоматиката за исклучување
Мерниот уред автоматски се ислучува по 30 мин. работа. За да ја деактивирате автоматиката на ислучување, при вклучување на мерниот уред, држете го притиснато копчето за начин на работа 4 3 с. Доколку автоматиката за исклучување е деактивирана, ласерските линии кратко трепкаат по 3 с.
▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
За да го активирате автоматското исклучување, исключете го мерниот уред и повторно включете го (без да биде притиснато копчето за начин на работа 4).
Мерниот уред има 4 начини на работа, кои може да ги промените било кога:
- Хоризонтален режим (начин на работа А): емитира една хоризонтална ласерска линија
– Режим на вкрстени линии (начин на работа В): емитира една хоризонтална и една вертикална ласерска линија - Вертикален режим (начин на работа C): емитира две вертикални, ортогонални ласерски линии,
- Комбинација на хоризонтален и вертикален режим (начин на работа D): емитира една хоризонтална и две вертикални ласерски линии
При сите начини на работа на подот се проектира една ласерска точка.
По вклучувањето, мерниот уред се наога во начин на работа „D“. За да го смените начинот на работа, притиснете на копчето за начин на работа 4.
Македонски|149

Сите четири начини на работа може да се изберат со и без автоматика за нивелирање.
При режимот на работа со вкрстени линии и вертикален режим, со вртливото тркалце 18, вертикалните линии може точно да се постават на мерниот објект.
Импулсна функција
За работење со ласерски приемник 27 мора –, независно од избраниот начин на работа –, да биде активирана импулсната функција.
При активирана импулсна функција, ласерските линии трепкаат со многу висока фреквенција и така може да се најде ласерскиот приемник 27.
За да ја включите импулсна функција, притиснете го копчето 3. При включена импулсна функција приказот свети 2 зелено.
За човечкото око видливоста на ласерските линии е намалена доколку е включена импулсната функција.
За работење без ласерски приемник, исключете ја импулсната функција со одново притискање на копчето 3. Кога е ислучена импулсната функција, се гаси приказот 2.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога или прицврстете го на обичен фото статив.
За работење со автоматика за нивелирање, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 14 во позиција „о п“.
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање ±4°. Штом їе престанат да трепкаат ласерските линии, мерниот уред е изнивелиран.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, напр. бидејки подлогата на мерниот уред отстапува повеće од 4° од хоризонталата, ласерските линии трепкаат. Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на хоризонталната одн. вертикалната ласерска линија во однос на референтните точки за да се избегнат грешки.
Работење без автоматика за нивелирање
За работење без автоматика за нивелирање, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 14 во позиција „on“. При ислучена автоматика за нивелирање, ласерските линии континуирано светат.
При ислучена автоматика за нивелирање, мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Во режимот со вкрстени линии, двете ласерски линии повеќе не поминуваат принудно вертикално една кон друга.
Точност при нивелирање
Влијанија на точноста
Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.
Бидејки температурните разлики се најголеми во близина на подот, мерниот уред треба да се монтира секогаш на статив почнувајки од мерната линија од 20 м. Доколку е возможно, поставувајте го мерниот уред во средината на работната површина.
Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на. пр. падови или јак потрес). Поради тоа, пред секоја употреба проверувајте ја точноста на уредот.
Најпрво проверете ја точноста на висините како и нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалната ласерска линија.
Доколку, при некоја од проверките, мерниот уред го пречекори максимальното мерно отстапување, дајте го на поправка во сервисната служба на Bosch.
Проверка на точности на висината на хоризонталната линија
За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5 м на цврста подлога помеѓу два сида А и В.
- Монтирајте го мерниот уред во близина на сидот А на еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Включете го мерниот уред. Изберете го режимот на вкрстени линии со автоматиката за нивелирање.

- Насочете го ласерот во близина на сидот А и оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на сидот (точка 1).








150 | Македонски

- Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на спротивниот сид В (точка II).
- Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на сидот В, включете го и оставете го да се нивелира.

– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што точката на вкрстување на ласерските линии точно їе ја погоди претходно означената точка II на sidот В.

- Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Насочете го на sidот А, така што вертикалната ласерска линија проаға низ веке означената точка 1. Оставете го мерниот уред да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на sidот А (точка III).
- Разликата d на двете означени точки T и ПП на sidот A го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред.
Максимално дозволеното отстапување d_max може да го пресметате на следниот начин:
d_max = двојно растојание на сидовите x 0,3 мм/м
Пример: При растојание на сидовите од 5 м, максимальното отстапување смее да изнесува
d_max=2×5×0,3mm/m=3mm. Ознаките смеат да најмногу 3 мм една од друга.
Проверка на точноста на нивелирањето на хоризонталната линија
За проверка, потребна ви е слободна површина од околу 5 x 5 м.
– Поставете го мерниот уред на цврста, рамна подлога во средината меѓу сидовите А и В. Оставете го мерниот уред да се нивелира во хоризонтален режим.

- На 2,5 м растојание од мерниот уред, на двата сида означете ја средината на ласерската линија (точка I на sidот А и точка II на sidот В).

– Поставете го мерниот уред, свртен за 180° во 5 м растојание и оставете го да се нивелира.
– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што средината на ласерските линии точно је ја погоди претходно означената точка II на sidот В.
- На сидот А обележете ја средината на ласерската линија како точка III (вертикално над или под точката I).
- Разликата d на двете означени точки 1 и 11 на sidот A го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од хоризонталата.
Максимално дозволеното отстапување d_max може да го пресметате на следниот начин:
d_max = двојно растојание на сидовите x 0,3 мм/м
Пример: При растојание на сидовите од 5 м, максимальното отстапување смее да изнесува
d_max = 2 × 5 м × 0, 3 м м / м = 3 м м. Ознаките смеат далежат најмногу 3 мм една од друга.
Македонски | 151
Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалната линија
За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од најмалку 2,5 м.
- Поставете го мерниот уред на 2,5 м растојание од отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на статив). Оставете го мерниот уред да се нивелира во режим на вкрстени линии, и насочете ги ласерските линии кон отворот на вратата.

- Означете ја средината на вертикалната ласерска линија на подот од отворот на вратата (точка 1), на 5 м растојание од другата страна на отворот од вратата (точка 11) како и на горниот раб на вратата од отворот (точка 11).

– Поставете го мерниот уред на другата страна на отворот од вратата директно зад точката II. Оставете го мерниот уред да се нивелира и насочете ја вертикалната ласерска линија така што нејзината средина ќе поминува точно низ точките I и II.
- Разликата d помеѓу точката ШИ и средината на ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата го дава точното отстапување на мерниот уред од вертикалата.
- Измерете ја висината на отворот од вратата.
Максимално дозволеното отстапување d_max може да го пресметате на следниот начин:
d_max = двојна висина на отворот од вратата x 0,3 mm/m Пример: При висина на точките од вратата од 2 m, максималното отстапување смее да изнесува d_max = 2 x 2 m x 0, 3 mm/m = 1, 2 mm. Ознаките смеат да лежат најмногу 1,2 mm една од друга.
Проверка на точноста на ласерскиот сноп
За проверката потребна ви е слободна мерна линија на цврста подлога со растојание од околу 5 м помеѓу подот и плафонот.
- Монтира јте го мерниот уред на ротирачка платформа и поставете го на подот.
– Включете го мерниот уред и оставете го да се нивелира.

- Означете ја средината на горната точка на вкрстување на плафонот (точка Т). Освен тоа, обележете ја средината на долната ласерска точка на подот (точка П).

- Свртете го мерниот уред за 180°. Позиционирајте го на тој начин, што средината на долната ласерска точка ќе лежи на веке обележаната точка II. Оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на горната ласерска точка (точка III).
- Разликата d на двете означени точки I и III на плафонот го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалата.
На мерната линија од 5 м, максимальното дозволено отстапување изнесува: 5 м x ±0,6 мм/м x 2 = ±6 мм.
Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу 6 мм.

152 | Македонски
Совети при работењето
▶ За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со мерна плоча (опрема) (види слики G – H)
Со помош на мерната плоча 26 ознаката од ласерот може да ја пренесете на подот, одн. висината на ласерот да ја пренесете на сид.
Со нулта-полето и скалата може да го измерите отстапувањето кон саканата висина и повторно да го пренесете на друго место. На тој начин отпага точното подесување на мерниот уред на висината на која треба да се пренесе.
Мерната плоча 26 има рефлектирачки слој, кој ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак на големи растојанија одн. при јаки сончеви зраци. Зајакнувањето на осветлувањето може да се препознае само кога гледате паралелно кон ласерскиот зрак на мерната плоча.
Работење со статив (опрема)
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 5/8"-прифатот на стативот 11 на навојот на стативот 22 или обичен градежен статив. За зацврстување на обичен фото статив користете 1/4"-прифат за статив 6. Зашрафете го мерниот уред со шрафот за фиксирање на стативот.
При неповолни светлосни услови (осветлена околина, директни сончеви зраци) и на големи растојанија за подобро наогање на ласерската линија користете го ласерскиот приемник 27. При работата со ласерски приемник користете ја импулсната функција (види „Импулсна функција“, страна 149).
Ласерски очила (опрема)
Ласерските очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин црвеното светло на ласерот изгледа посветло за окото.
▶ Не ги користете ласерските очила како заштитни очила. Ласерските очила служат за подобро препознавање на ласерскиот зрак, но не заштитуваат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските очила како очила за сонце или пак во сообрајајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
Примери за работа
Примери за работа (види ги спиките А – F)
Примери за можностите на примена на мерниот уред ке најдете на графичките страници.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Складирајте го и транспортирајте го мерниот уред само во испорачаниот куфер.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности. Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласerot и притоа внимавајте на влакненцата.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во куферот.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови ће најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на полначот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Мерните уреди, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според европската регулатива 2012/19/EU мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:
Не ги фрлајте батериите во домашната канта за губре, во оган или во вода. Доколку е возможно батериите треба да се отстрануваат испразнети, собрани, рециклирани или еколошки згрижени.
Се задржува правото на промена.








Srpski|153
Srpski
Uputstva o sigurnosti
