КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PFS 5000 E BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
s.l.IZVIMA NAVODILA
hr Originalne upute za rad
et Algupārane kasutusiuhend
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни
предупредувања, илустрации и
спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за
ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He ro преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и ислучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за системи за фино прскање
▶ Одржувајте ја Вашата работна површина чиста, добро осветлена и без садови со бои или растворувачи, крпи и други запаливи материјали во близина. Постои ризик од спонтано согорување. Во секое време имајте функционален противпожарен апарат или уред за гаснење пожар.
▶ Обезбедете добра вентилација во областа за прскање и довольно свеж воздух низ просторијата. Запаливите растворувачи што испаруваат создаваат експлозивна средина.
He прскајте и не чистете со материјали, чија точка на палење е под 55°C. Користете материјали на база на вода, тешко испарливи или слични материјали. Лесно испарливите разредени растворачи создаваат експлозивна околина.
▶ Не прскајте во близина на извори на палење како статички електрични искри, отворен пламен, пламен за палење, врели предмети, мотори, цигари и искри поради ставање и вадење на струјни кабли или користење на прекинувачи. Ваквите извори на палење може да доведат до запалување на околината.
▶ Не прскајте материјали за кои не е познато дали претставуваат опасност. Непознатите материјали може да создадат опасни работни услови.
▶ Не прскајте вода што врие. Прскајте само топла вода (макс. 55 °C) без хемиски додатоци.
Носете дополнителна опрема за лична заштита, како што се соодветни заштитни ракавици и заштитни маски или маски за дишење кога прскате или користите хемикалии. Носењето заштитна опрема за соодветни услови ја намалува изложеноста на опасни материи.



▶ Внимавајте на можните опасности од средствата за прскање. Внимавајте на ознаките на амбалажата или информациите на производителот на средството за прскање, како и барањата за носење на лични заштитни средства. Внимавајте на упатствата на производителот за да го намалите ризикот од пожар како и повредите од отровните и канцерогени средства.
▶ Приклучокот на струјниот кабел и активаторот на прекинувачот на системот за распрескување држете ги подалеку од бои и други течности. Никогаш не го користете кабелот до приклучната врска како потпора. Дефектите може да резултираат со електричен удар.
▶ Не ги оставајте децата без надзор. Така ће се осигурате дека децата нема да си играат со системот за фино прскање.
Ознаки

Налепницата за употреба на системот за фино прскање се наоћа на базната станица. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите системот за фино прскање.
(види „Употреба со соодветна намена“, Страница 247)
Системот за фино прскање е наменет за лазури и лакови, како и сидни бои.
Апликација на „дрво/ лазура“:
Прскање на лазури и
основни бои
Апликација на „дрво/ лак“:
Прскање на лакови за фарбање, лакови и масла на база на растворувачи и растворливи во вода
Прскање на
дисперзивни бои и
латекс бои

Чекор 1:
Одберете го
правилното капаче на
млазница

За апликација на „дрво/лазура“ одберете го сивото капаче на млазница (11)

За апликација на „дрво/лак“ одберете го црниот додаток со млазница (12)

За апликација на „сид“ одберете го белото капаче на млазница (10)
(види „Замена на
капачето на млазница
(види слики B1–B2)“,
Страница 248)

Чекор 2:
Подесување на
количината на
материјалот за
прскање
1-3
За апликација на „дрво/лазура“ степен 1, 2 или 3 поставете на тркалцето за подесување (4)
1-3
За апликација на „дрво/лак“ степен 1, 2 или 3 поставете на тркалцето за подесување (4)
4-5
За апликација на „сид“ степен, 4 или 5, поставете на копчето за подесување (4)
(види „Подесување на
количината на
материјалот за
прскање (види
слика J)“,
Страница 251)

Чекор 3:
Подесување на
количината за воздух

поставете на
регулацијата на
количина на воздух
(25)

За апликација на „дрво/лак“ поставете на регулацијата на количина на воздух (25)

За апликација на „сид“ поставете на регулацијата на количина на воздух (25)
(види „Подесување на количината за воздух (види слика D)“, Страница 251)
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни
напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за прскање на сите вообичаени бои: дисперзивни и латекс бои (бои за сидови), бои со растворувач и што се растворуваат во вода (препорачливо), лазури, прајмери, импрегнации, безбојни лакови (ALLPaint), масла и вода.
Електричниот алат не е наменет за обработка на раствори, средства за бајцување, материјали за премачкување што содржат киселина, средства за дезинфекција, пестициди и бои за фасади.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Пиштол за прскање
(2) Капаче за вентилација
(3) Преклопна навртка
(4) Тркалце за подесување на количината на материјалот за прскање
(5) Прекинувач
(6) Прстен за затворање
(7) Резервоар за материјалот за прскање
(8) Резервен сад за материјалот за прскање
(9) Приклучок за цревото (пиштол за прскање)
(11) Капаче со млазница (сиво: за апликација на „дрво/лазура“)
(12) Капаче со млазница (цирно: за апликација на „дрво/лак“)
(13) Сито за полнење
(14) Кофа за преточување ^3)
(15) Игла на млазницата
(16) Дихтунг за резервоарот
(17) Цевка за всисување
(18) Отвор за проветрување
(19) Канал за бојата
(20) Црево за воздух
(21) Бајонет-завртка
(22) Базна единица
(23) Рачка за носење
(24) Копче за држење
(25) Копче за вклучување/исклучување со регулирање на количината на воздух
(26) Приклучок за цревото (основна единица)
(27) Преграда за прибор
(28) Четка за чистење
(29) Поклопец за филтерот за воздух
(30) Филтер за воздух
a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од
стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може
да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Систем за фино распрескување | PFS 5000 E |
| Број на дел | | 3 603 B07 2.. |
| Номинална јачина W 1200 | | |
| Капацитет на транспорт ml/min 500 | | |
| Потрошување на време за 3 m2 нанесување на боја | min 1 | |
| Волумен на резервоарот за материјал за прскање | ml 1000 | |
| Должина на цревото за воздух | m | 4 |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | kg 4,9 | |
Систем за фино распрскување
PFS 5000 E
Класа на заштита
回/II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-1.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: 84 dB(A); ниво на звучна јачина 95 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К се одредуваат согласно
EN 62841-1:
$$
a _ {n} < 2, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}
$$
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Осигурајте се, дали пиштолот за прскање и основната единица се целосно монтирани со сите елементи за дихтување. Само на тој начин е загарантирана функцијата и безбедноста на системот за фино прскање.
Приклучување на црево за воздух (види слики A1–A3)
- Отворете го копчето за држење (24) и одмотајте го цревото за воздух (20) целосно од базната единица (22).
Приклучување на основна единица:
– Прицврстете една бајонет-завртка (21) на цревото за воздух во согласност со ознаките со стрелки во вдлабнатините на приклучокот (26) на основната единица.
- Свртете ја бајонет-завртката за четвртина вртење во правец на стрелките на часовникот.
Приклучување на пиштол за прскање:
– Прицврстете ја втората бајонет-завртка (21) на цревото за воздух во согласност со ознаките со стрелки во вдлабнатините на приклучокот (9) на пиштолот за прскање.
- Свртете ја бајонет-завртката за четвртина вртење во правец на стрелките на часовникот.
Напомена: Пред полнењето на материјалот за прскање, извадете го цревото за воздух (20) (четвртина вртење на бајонет-завртката (21) во правец спротивен на стрелките на часовникот; извлечете ја бајонет-завртката (21) од приклучокот (9)).
Замена на капачето на млазница (види слики B1-B2)
Системот за фино прскање се испорачува со три капачиња со млазници:
| Боја | бела Сива Црна |
| Состојба на испорака | Монтирано Во преградата за прибор(27) под копчето задржење (24) |
| Употреба | „Sид“ „Дрво/лазура“ „Дрво/лак“ |
Напомена: Пред изворот на капачето на млазница, проверете го материјалот за прскање со промешување. Реткиот материјал (на пр. боја за дрва) подобро се распрскува со сивото капаче со млазница (11) или црното капаче со млазница (12), а густиот материјал (на пр. боја за сидови) подобро се распрскува со белото капаче со млазница (10).
- За менување на капачето на млазница одвртете ја преклопната навртка (3).
– Извадете го капачето за вентилација (2).
- Отшрафете го монтираното капаче со млазница.
– Отворете го копчето за држење (24) и земете го соодветното капаче со млазница од преградата за прибор (27).
– Завртете го капачето со млазница на навојот во пиштолот за прскање.
- Ставете го капачето за вентилација (2) на капачето на млазницата и затегнете го со преклопната навртка (3).
Работа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Подготовка за работа
▶ Прскањето на работ на површински води или на соседни површини во близина на подрачје на вовлекување.
▶ При купување на бои, лакови и средства за прскање внимавајте на нивната подносливост од животната средина.
Подготвување на површината за прскање
Површината за прскање мора да биде чиста, сува и да не е замастена.
- Огрубете ги мазните површини и потоа отстранете ја правта од брусењето.
При употреба сите непокриени површини може да се извалкаат од маглата од прскање. Затоа темелно припремете ја околината на површината за прскање:
– Внимателно покријте ги подовите, мебелот, вратите, прозорците и рамките на вратите и на прозорците итн. За покривање на подовите се препорачува на пр. платно.
– Фиксирајте го материјалот за покривање. Доколку материјалот за покривање не е доволно фиксиран, може да се помести или оддува од силниот проток на воздух.
▶ Внимателно поставете ги приклучниците и приклучоците. Непокриените приклучници и приклучоци може да предизвикаат краток спој и да го зголемат ризикот од електричен удар.
Подготовка на материјалот за прскање
▶ При разредувањето внимавајте на тоа, материјалот за прскање и средството за разредување да одговараат еден на друг. При користење на погрешно средство за разредување може да настанат грутки, кои ги затнуваат пиштолите за прскање.
▶ При разредувањето на материјалот за прскање внимавајте на тоа, точката на палење на мешавината по разредувањето мора да биде повторно над 55 °C. На пр., разредувањето на лакови што содржат растворачи ја снижува точката на палење.
▶ Почитувајте ги информациите за бои дадени од производителот во врска со прскањето, на пр., во техничките информации или листот со податоци. Бидете сигурни дека нема да прскате со бои за кои производителот тврди дека не се соодветни.
– Добро промешајте го материјалот за прскање.
Употребата на материјал за прскање на собна
температура доведува до подобра слика на прскање.
– Доколку е потребно, разредете го материјалот за прскање.
Доколку пробното прскање не произведе добро прскање, разредете во 5 % чекори додека не се постигне оптимално прскање.
Материјал за прскање Препорачан
разредувач
| Средство за заштита на дрво, масла, 0 % лазури, средства за импрегнација, вода |
| Бои со раствор или бои за лакирање разредени со вода (препорачано), прајмери, прајмери за заштита од 'ріга, лакови за радијатори, дебелослојни лазури | 0–5 % |
Дисперзивни и латекс бои (сидови) најмалку 5 %
Табела за разредување
| Материјал за прскање [ml] | Средство за разредување [ml] за разредување |
| 5 % 10 % 15 % |
| 300 15 30 45 | | |
| 400 20 40 60 | | |
| 500 25 50 75 | | |
| 600 30 60 90 | | |
| 700 35 70 105 | | |
| 800 40 80 120 | | |
Напомена: Пред полнењето на материјалот за прскање, извадете го цревото за воздух (20) (четвртина вртење на бајонет-завртката (21) во правец спротивен на стрелките на часовникот; извлечете ја бајонет-завртката (21) од приклучокот (9)).
– При користење на големи количини, преточете го материјалот за прскање во мала кофа за преточување (14) (на пр. 10 I боја за сид во 2,5- или 5,0 I празна кофа).
- Со едната рака држете го цврсто пиштолот за прскање и со другата рака вртете го резервоарот (7) во правец на ознаката за отворање.
- Извадете го пиштолот за прскање од резервоарот (7).
– Доколку користите веке отворен материјал за прскање, ставете го претходно исчистеното сито за полнење (13) на резервоарот (7), за да ги задржи евентуалните грутки боја при полнењето.
– Наполнете со материјал за прскање максимально до ознаката 1000 на садот (7).
– Ставете го пиштолот за прскање на резервоарот (7). Вртете го резервоарот (7) во правец на ознаката за затворање, додека не слушнете прстенот за затворање (6) да се вклопи правилно.
– Направете една проба на површина за тестирање.


250 | Македонски
Доколку добиете оптимална слика на прскање, може да започнете со прскањето.
ИЛИ
Ако резултатот од прскање не е задоволителен или ако не излезе боја: (види „Отстранување на пречки“, Страница 253)
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат.
▶ Внимавајте на тоа, за време на употребата, основната единица да не всисува прав или други нечистотии.
▶ Внимавајте да не ја испрскате основната единица.
▶ Прекинете го процесот на прскање, доколку за време на прскањето излегува течност од другите места надвор од предвидената млазница и поправете го пиштолот за прскање. Постои опасност од електричен удар.
▶ Не се прскајте себе си, други лица или животни.
– Проверете, дали е монтирано правилното капаче со млазница. (види „Замена на капачето на млазница (види слики B1–B2)“, Страница 248)
– Ставете го мрежниот приклучок во сидната дозна.
– Земете го во рака пиштолот за прскање и насочете го кон површината за прскање.
- За включување, притиснете на копчето за включување/исклучување (25).
– За регулирање на количината за воздух, поставете го копчето за включување/ислучување (25) на саканата аппликација (види „Подесување на количината за воздух (види слика D)“, Страница 251).
– Притиснете го прекинувачот (5) на пиштолот за прскање.
Напомена: Доколку е включена основната единица, од капачето за вентилација (2) секогаш струи воздух.
Исклучување
- Отпуштете го контролниот прекинувач (5) и за исклучување притиснете на копчето за вклучување/исклучување (25).
– Влечете го мрежниот приклучок од сидната дозна.
Совети при работењето
Напомена: Внимавајте на правецот на ветрот, доколку го користите електричниот алат на отворено.
– Најпрво извршете пробно прскање и наместете ја сликата на млазот и количината на материјал за прскање во зависност од материјалот за прскање. За подесување, видете во следните поглавја.
– Пиштолот за прскање држете го на подеднакво растојание од 20–25 см вертикално кон објектот за прскање.
– Почнете со прскање надвор од површината за прскање.
– Во зависност од подесената слика на прскање, движете ги пиштолите за прскање рамномерно хоризонтално или вертикално.
Подеднаков квалитет на прскање се постигнува, кога насоките на прскање се преклопуваат за 4–5 cm.
– При прскање на легнати објекти или при прскање на плафон, пиштолите за прскање држете ги малку на косо и движете се наназад оддалечувајки се од површината на прскање.
Опасност од сопнување! Внимавајте на можните пречки.
– Избегнувајте прекини внатре во површината за прскање.
Рамномерното водење на пиштолот за прскање дава еднаков квалитет на површината.
Нерамномерното растојание и агол на прскање води кон зголемено создавање магла од боја, а поради тоа и до нерамномерно бојосани површини.
– Завршете со процесот на прскање надвор од површината за прскање.
Не го исцирпувајте соседема резервоарот со материјал за прскање. Доколку цевката за всисување не е потоната во материјалот за прскање, Ѽе се прекине млазот на прскање и се создава нерамномерна површина.
– По паузи или повторно полнење на резервоарот, проверете го (7) капачето за млазница (10)/(11)/(12) и капачето за вентилација (2) и доколку е потребно исчистете ги.
– Доколку се насобере материјал за прскање на капачето за вентилација (2) или на капачето за млазницата, исчистете ги компонентите со испорачаната четка за чистење (28) или со вообичаена четка за миење.
Подесување на сликата на прскање (види слика I)
▶ Никогаш не го активирајте прекинувачот (5), додека го поставувате капачето за вентилација (2).
– Свртете го капачето за вентилација (2) во саканата позиција.

Капаче за вентилација
Млаз за прскање Примена


Округол млаз за
агли, рабови и
тешко достапни
места
Подесување на количината на материјалот за прскање (види слика J)
(PAINTVolume)
– Свртете го тркалцето за подесување (4), за да ја подесите саканата количина на материјал за прскање: Степени 1/2/3: апликација на „дрво/лазура/лак“, Степени 4/5: апликација на „сид“.
- Започнете со пробно прскање на ниво 1 и зголемете ја количината на материјал за прскање додека не се постигне посакуваното прскање. Доколку не се постигне задоволително прскање, разредете го материјалот за прскање во 5 % чекори (види „Подготовка на материјалот за прскање“, Страница 249).
Напомена: Интензитетот на нанесување боја во голема мера зависи од брзината на движење.
| Премногу | Количината на материјал за |
| материјал за | прскање мора да се |
| прскање на | намали. |
| површината за | – Поставете понизок |
| прскање | степен. |

| Премалку | Количината на материјал за |
| материјал за | прскање мора да се |
| прскање на | зголеми. |
| површината за | – Поставете повисок |
| прскање | степен. |

Подесување на количината за воздух (види слика D) (AIRVolume)
– Со вртење на регулацијата на количина на воздух (25) поставете ја соодветната апликација за да ја подесите точната количина на воздух и притисокот на материјалот за прскање што го користите. Започнете со минимум/апликација „Дрво/Глазура“.
Поставување на апликацијата
| редок материјал за прскање | густ материјал за прскање |
Поставување на апликацијата


Апликација на „дрво/
лазура“

Апликацијата овозможува бесстепено регулирање на количината на воздух и притисокот.
Прејака магла од боја:
Количината на воздух мора да се намали.
– Свртете ја регулацијата на количината на воздух (25) на лево.
Премногу грубо распрескување:
Количината на воздух мора да се зголеми.
– Свртете ја регулацијата на количината на воздух (25) на десно.
Навлажнување на тапети
За едноставно отстранување на старите тапети, истите можете да ги попрскате со топла вода (макс. 55 °C). За ова користете го сивиот капаче на млазница (11).
Работни паузи и транспорт (види слики K-L)
За едноставен транспорт на системот за фино распрескување, на основната единица има рачка за носење (23).
На долната страна од основната единица (22) има валјаци. За време на работењето, може да ја повлечете накај себе основната единица на цревото за вентилација (20).
Во паузите при работата, пиштолот за прскање (1) може да го оставите на рамна работна површина. Не смее да истекува материјал за прскање.
▶ Пиштолите наполнети со материјал за прскање секогаш поставувајте ги исправени на рамна површина. Доколку го легнете пиштолот, од него може да истече материјал за прскање.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
252 | Македонски
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
По секоја употреба, веднаш темелно исчистете ги поединечните делови на системот за фино прскање, особено компонентите што спроведуваат боја. Правилното чистење е предуслов за беспрекорна и безбедна работа на пиштолите за прскање. При недостиг или нестручно чистење не важи правото на гаранција.
Чистење по употреба на бои базирани на вода (види слика М)
Секогаш чистете ги пиштолот за прскање и садот за материјал за прскање со млака вода.
Никогаш не чистете ги млазниците и отворите за воздух на пиштолот за прскање со остри предмети.
– Исклучете ја основната единица (22) и извадете го цревото за воздух (20) од пиштолот за прскање (1).
– Олабавете го садот (7) од пиштолот за прскање (1). Држете го садот (7) под вертикалната цевка (17) и притиснете го контролниот прекинувач (5) на пиштолот за прскање, за да може да се врати материјалот за прскање назад во садот.
– Целосно испразнете го садот (7).
Материјалот за прскање може да се чува за
понатамошна употреба во херметички затворен сад за
бои. За тоа на пр. користете го резервниот сад (8) со
капак или оригиналниот сад за материјал за прскање.
- Исчистете го садот (7).
– Демонтирајте ја вертикалната цевка (17) со дихтунг за садот (16) и добро исплакнете ја.
Повторно прицврстете ја вертикалната цевка (17) со дихтунг за садот (16) на пиштолот за прскање.
– Наполнете го садот (7) со топла вода и повторно прицврстете го на пиштолот за прскање (1).
– Повторно приключете го цревото за воздух (20) на пиштолот за прскање (1).
– Прскајте додека не излезе само чиста вода.
Евентуално повторно наполнете го садот со топла
вода.
– Извадете го цревото за воздух (20) и од основната единица (22) и од пиштолот за прскање (1).
– Доколку е потребно, исчистете ја основната единица со влажна крпа, потоа тргнете ги настрана основната единица (22) и цревото за воздух (20) од непосредното место на чистење.
– Демонтирајте ја преклопната навртка (3), капачето за вентилација (2), искористеното капаче со млазница (10)/(11)/(12) и цевката за вшмукување (17) со дихтунгот за резервоарот (16).
- Во една кофа со топла вода исчистете ги сите делови што спроведуваат боја со четка за чистење (28) или вообичаена четка за миење. Исчистете го и каналот за боја (19) на пиштолот за прскање (1).
– Проверете дали во цевката за всисување (17) со дихтунгот на резервоарот (16) нема материјал за прскање и дали е оштетена.
– Исчистете го отворот за проветрување (18) со четка за чистење (28).
– По потреба, темелно исчистете го ситото за полнење (13) темелно со топла вода.
– Исчистете го резервоарот (7) и пиштолот за прскање (1) однадвор со влажна крпа.
– Пред да ги вградите деловите, оставете ги целосно да се исушат.
– Монтирајте го системот за фино распрескување по обратен редослед.
Дихтунгот на резервоарот (16) притиснете го нагоре во жлебот на цевката за всисување (17).
Осигурете се дека дихтунгот на резервоарот е правилно позициониран во жлебот на цевката за всисување, за да се заптијат добро пиштолите за прскање.
Цевката за всисување (17) ставете ја повторно до крај во каналот за боја (19).
Чистење по употреба на бои базирани на растворувач (види слика М)
Пиштолите за прскање и садот за материјалот за прскање
секогаш чистете ги со соодветното средство за
разредување за користениот материјал за прскање.
Никогаш не чистете ги млазниците и отворите за воздух
на пиштолот за прскање со остри предмети.
При чистење со разредувачи и бои со разредувачи
носете соодветни ракавици.
– Исклучете ја основната единица (22) и извадете го цревото за воздух (20) од пиштолот за прскање (1).
– Доколку е потребно, исчистете ја основната единица со крпа натопена со средство за разредување, потоа тргнете ја настрана основната единица (22) и цревото за воздух (20) од непосредното место на чистење.
– Олабавете го садот (7) од пиштолот за прскање (1). Држете го садот (7) под вертикалната цевка (17) и притиснете го контролниот прекинувач (5) на пиштолот за прскање, за да може да се врати материјалот за прскање назад во садот.
– Целосно испразнете го садот (7).
Материјалот за прскање може да се чува за
понатамошна употреба во херметички затворен сад за
бои. За тоа на пр. користете го резервниот сад (8) со
капак или оригиналниот сад за материјал за прскање.
- Исчистете го садот (7).
– Демонтирајте ја вертикалната цевка (17) со дихтунг за садот (16) и добро исплакнете ја.
Повторно прицврстете ја вертикалната цевка (17) со дихтунг за садот (16) на пиштолот за прскање.
– Наполнете го садот (7) до половина со растворувач и повторно прицврстете го на пиштолот за прскање (1).
– Протресете го пиштолот за прскање повеće пати. Притоа внимавајте да не испрскате од средството за разредување. Постои опасност од експлозија.
- Олабавете го садот (7) од пиштолот за прскање (1)и целосно испразнете го во соодветно канче што се затвора.
– Демонтирајте ја преклопната навртка (3), капачето за вентилација (2), искористеното капаче со млазница (10)/(11)/(12) и цевката за вшмукување (17) со дихтунгот за резервоарот (16).
– Во една кофа со средство за разредување исчистете ги сите делови што спроведуваат боја со четка за чистење (28) или вообичаена четка за миење. Исчистете го и каналот за боја (19) на пиштолот за прскање (1).
– Проверете дали во цевката за всисување (17) со дихтунгот на резервоарот (16) нема материјал за прскање и дали е оштетена.
По потреба, исчистете го дихтунгот на резервоарот (16) уште еднаш со средство за разредување.
– Исчистете го отворот за проветрување (18) со четка за чистење (28).
– По потреба, темелно исчистете го ситото за полнење (13) со средство за разредување.
– Исчистете ги резервоарот (7) и пиштолот за прскање (1) однадвор со крпа натопена во средство за разредување.
– Пред да ги вградите деловите, оставете ги целосно да се исушат.
– Монтирајте го системот за фино распрескување по обратен редослед.
Дихтунгот на резервоарот (16) притиснете го нагоре во жлебот на цевката за всисување (17).
Осигурете се дека дихтунгот на резервоарот е правилно позициониран во жлебот на цевката за всисување, за да се заптијат добро пиштолите за прскање.
Цевката за всисување (17) ставете ја повторно до крај во каналот за боја (19).
Филтерот за воздух (30) мора да се исчисти повремено. Доколку филтерот за воздух е многу извалкан, мора да се замени.
– Отворете го поклопецот за филтерот за воздух (29).
- Извадете го филтерот за воздух (30).
- Мала нечистотија:
Тропнете го филтерот за воздух (30).
ИЛИ
Голема нечистотија:
Исчистете го филтерот за воздух (30) под истечна вода и оставете го добро да се исуши, за да го избегнете создавањето на мувла.
или
Заменете го филтерот за воздух (30).
– Повторно ставете го филтерот за воздух.
– Повторно затворете го поклопецот на филтерот за воздух (29).
▶ Никогаш не го користете системот за фино распрскување без филтер за воздух. Честичките од нечистотија може да навлезат во просторот за мотор и да го оштетат.
Депонирање на материјалот
Нечисто средство разредување, остатоците од материјалот за прскање и ев. остатоците од разредувачот мора да се отстранат на соодветен и еколошки начин. Внимавајте на упатствата на производителот за депонирање и месните прописи за посебно депонирање на отпадот.
Хемикалии штетни за околината не смеат да достигнат на земјата, во подземни води или во површински води. Хемикалиите штетни за околината никогаш не ги фрлајте во канализација!
Складирање
– Пред да го складирате прстенот за фино
распрскување, исчистете го темелно и оставете ги
сите делови добро да се исушат пред да ги монтирате.
Отстранување на пречки
| Проблем Причина Помош |
| Материјалот за прскање не покрива правилно | Премала количина на материјал за прскање | Тркалцето за подесување свртете го (4) во правец на степен 5 |
| Преголемо растојание до површината на прскање | Намалете го растојанието на прскање |
| Премалку материјал за прскање на површината за прскање, ретко распрскана по површината за прскање | Прскајте често по површината за прскање |
| Материјалот за прскање е премногу густ Одново разредете го материјалот за прскање и направете пробно прскање |
| По нанесувањето, материјалот за прскање тече | Нанесена е преголема количина на материјал за прскање | Тркалцето за подесување свртете го (4) во правец на степен 1 |
Bosch Power Tools 1 609 92A 7VA | (30.05.2022)
Проблем Причина Помош
| Премало растојание до површината на прскање | Зголемете го растојанието на прскање |
| Материјалот за прскање е прередок Додадете оригинален материјал за прскање |
| Пречесто е прскано на исто место Извадете ја бојата и следниот пат не прскајте често на исто место |
| Премногу грубо распрскување | Преголема количина на материјал за прскање | Тркалцето за подесување свртете го (4) во правец на степен 1 |
| Премала количина на воздух Свртете ја регулацијата на количината на воздух (25) на десно |
| Монтирајте го белото капаче со млазница (10) (преголем дијаметар на млазницата) | Монтирајте го сивото капаче со млазница (11) или црното капаче со млазница (12) |
| Иглата на млазницата (15) е извалкана | Исчистете ја иглата на млазницата |
| Материјалот за прскање е премногу густ Одново разредете го материјалот за прскање и направете пробно прскање |
| Филтерот за воздух (30) е многу извалкан | Менување на филтерот за воздух |
| Прејака магла од боја Нанесена е преголема количина на материјал за прскање | Тркалцето за подесување свртете го (4) во правец на степен 1 |
|
|
|
|
|
| Млазот на прскање пулсира | Премалку материјал за прскање во резервоарот | Дополнете материјал за прскање |
| Отворот за вентилација (18) на цевката за всисување (17) е затнат | Исчистете ги цевката за всисување и отворот за вентилација |
| Цевката за всисување (17) е олабавена | Притиснете ја цевката за всисување до крај на каналот за боја (19) |
| Дихтунгот на резервоарот (16) не е позициониран или не е правилно позициониран во жлебот на цевката за всисување (17) | Монтирајте го дихтунгот на резервоарот наоколу точно во жлебот на цевката за всисување |
| Капачето со млазницата (10)/(11)/(12) е олабавено | Прицврстете го капачето на млазницата |
| Филтерот за воздух (30) е многу извалкан | Менување на филтерот за воздух |
| Материјалот за прскање е премногу густ Одново разредете го материјалот за прскање и направете пробно прскање |
| Материјалот за прскање капе на капачето со млазница | Наслаги од материјал за прскање на капачето на млазница (10)/(11)/(12), иглата на млазницата (15) и капачето за вентилација (2) | Исчистете го капачето со млазница, иглата на млазницата и капачето за вентилација |
| Капачето со млазницата (10)/(11)/(12) е олабавено | Прицврстете го капачето на млазницата |
| Од капачето со млазница не излегува материјал за прскање | Основната единица е исклучена Притиснете на копчето за вклучување/исклучување (25) |
| Нема пораст на притисокот во резервоарот (7), бидејки тој не е целосно затворен | Вртете го резервоарот (7) во правец на ознаката за затворање, додека не слушнете прстенот за затворање (6) да се вклопи правилно |
| Цевката за всисување (17) е олабавена | Притиснете ја цевката за всисување до крај на каналот за боја (19) |
Проблем Причина Помош
| Иглата на млазницата (15) е запушена | Исчистете ја иглата на млазницата |
| Цевката за всисување (17) е затната | Исчистете ја цевката за всисување |
| Отворот за вентилација (18) на цевката за всисување (17) е затнат | Исчистете ги цевката за всисување и отворот за вентилација |
| Дихтунгот на резервоарот (16) недостига или е оштетен | Ставете го (новиот) дихтунг на резервоарот над цевката за всисување во жлебот |
| Материјалот за прскање е премногу густ Одново разредете го материјалот за прскање и направете пробно прскање |
| Материјалот за прскање е извалкан (грутки боја) | Целосно испразнете го и исчистете го пиштолот; при дополнувањето истурајте го материјалот за прскање низ ситото за полнење (13) |
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Пиштолите за прскање, електричната единица, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луғето поради можното присуство на опасни материи.
Srpski