BOSCH PFS 3000-2 - Пиштол за боја

PFS 3000-2 - Пиштол за боја BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PFS 3000-2 BOSCH во PDF формат.

📄 281 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH PFS 3000-2 - page 208
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Тип на производ Пиштол за бојадисување
Марка Bosch
Модел PFS 3000-2
Напон на напојување 230 V ~ 50 Hz
Потрошувачка на енергија 1200 W
Работен притисок 2,5 bar
Излез на прскање До 500 ml/min
Зафатнина на резервоарот 800 ml
Тип на прскање HVLP (голем волумен, низок притисок)
Вискозност на боја До 40 DIN-s
Регулација на проток Да, непрекината регулација
Регулација на количество материјал Да, со копче
Должина на кабелот за напојување 2,5 m
Тежина (без додатоци) 2,1 kg
Димензии (должина x ширина x висина) 280 x 150 x 260 mm
Работни материјали Латексни бои, емулзиони бои, лакови, белаци, масла
Број на млазници во комплетот 3 (различни големини)
Функција за автоматско чистење Да, со испирање со вода
Ниво на бучава 75 dB(A)
Класа на заштита II
Содржина на комплетот Пиштол, црево, 3 млазници, мерка за вискозност, упатство
Гаранција 2 години

Frequently Asked Questions - PFS 3000-2 BOSCH

Како правилно да се разреди бојата за пиштолот Bosch PFS 3000-2?
Боите треба да се разредуваат според препораките на производителот за да се постигне вискозност од околу 30-40 DIN-s. Користете ја приложената мерка за вискозност: наполнете ја со боја и измерете го времето на истекување – оптималното е 20-30 секунди. Секогаш мешајте ја бојата пред употреба.
Дали можам да бојадисувам со латексна боја со пиштолот PFS 3000-2?
Да, пиштолот Bosch PFS 3000-2 е погоден за латексни бои, емулзиони бои, лакови, белаци и масла. Проверете дали бојата е соодветно разредена (не премногу густа). Филтерот во пиштолот спречува затнување.
Како да го исчистам пиштолот по бојадисување?
По завршување на работата веднаш исплакнете го пиштолот со вода (или растворувач за маслени бои). Истурете вода во резервоарот, поврзете го пиштолот и прскајте додека водата не стане чиста. Потоа извадете ја млазницата и исчистете ја со четка. Редовното чистење го продолжува животниот век.
Зошто пиштолот плука боја или капе?
Причината може да биде премногу густа боја, затната млазница или превисок притисок. Проверете ја вискозноста на бојата, исчистете ја млазницата и намалете го притисокот со регулационото копче. Проверете дали резервоарот е правилно затворен.
Кој работен притисок се препорачува за PFS 3000-2?
Препорачаниот работен притисок е околу 2,5 bar. Може да се регулира со копчето на пиштолот. Премногу висок притисок предизвикува прекумерно прскање, премногу низок – нерамномерно покривање.
Може ли да го користам овој пиштол за бојадисување на мебел?
Да, пиштолот Bosch PFS 3000-2 одлично се погодува за бојадисување на мебел, врати, ѕидови и други површини. Изберете соодветна млазница – помала за детали, поголема за големи површини. Пред бојадисување направете тест на картон.
Колку често да се менуваат млазниците на пиштолот PFS 3000-2?
Млазниците треба да се менуваат кога се истрошени или оштетени (на пр. по чистење со тврда четка). Во нормални услови, млазниците траат до неколку апликации. Во комплетот има 3 млазници со различни големини. Менувајте кога протокот на боја станува нерамномерен.
Може ли пиштолот да се приклучи на продолжувач?
Да, но користете продолжувач со соодветен пресек (мин. 1,5 mm²) и должина не поголема од 10 метри. Премногу долг или тенок кабел може да предизвика пад на напон и оштетување на моторот.
Што да направам ако пиштолот не вшмукува боја?
Проверете дали цревото за вшмукување е правилно потопено во бојата. Проверете дали резервоарот е херметички затворен и филтерот не е затнат. Ако тоа не помогне, исчистете го системот или зголемете ја вискозноста на бојата. Никогаш не пуштајте го пиштолот без боја.
Која е гаранцијата за Bosch PFS 3000-2?
Гаранцијата на производителот изнесува 2 години од датумот на купување. Гаранцијата не покрива механички оштетувања, нормално абење (млазници) ниту оштетувања од неправилна употреба. Чувајте го доказот за купување.

Прашања на корисниците за PFS 3000-2 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Пиштол за боја во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PFS 3000-2 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PFS 3000-2 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PFS 3000-2 BOSCH

Македонски ...... Страна 207

Srpski.... Strana 217

Slovensko....Stran 226

Hrvatski. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . Stranica 234

Eesti Lehekülg 242

Безбедносни напомени

Општи напомени за безбедност за електричните апарати

BOSCH PFS 3000-2 - Општи напомени за безбедност за електричните апарати - 1

ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ

Прочитајте ги сите

напомени и упатства за

безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).

208 | Македонски

Безбедност на работното место

Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.

Безбедност на лица

▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр. маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и

примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.

▶ Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исключен електричниот апарат, пред да го приключите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го прилучиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
▶ Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го включите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој одделовите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
▶ Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин їе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приключени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.

Користење и ракување со електричниот апарат

▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
He користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеće не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
▶ Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
▶ Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреći

Македонски | 209

својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.

▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Сервис

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.

Безбедносни напомени за системи за фино прскање

▶ Одржувајте го работното поле чисто, добро осветлено и без садови со боја и растворачи, крпи и останати запаливи материјали. Можна опасност од самозапалување. Функционалните апарати за гаснење на пожар треба да бидат достапни во секое време.
▶ Обезбедете добро проветрување во подрачјето на прскање и доволен чист воздух во целата просторија. Запаливите растворачи што испариле создаваат експлозивна средина.
▶ Не прскајте и не чистете со материјали, чија точка на палење е под 55 °C. Користете материјали на база на вода, тешко испарливи или слични материјали. Лесно испарливите разредени растворачи создаваат експлозивна околина.
▶ Не прскајте во близина на извори на палење како статички електрични искри, отворен пламен,

пламен за палење, врели предмети, мотори, цигари и искри при ставање и вадење на струјни кабли или користење на прекинувачи. Ваквите извори на палење може да доведат до запалување на околината.

▶ Не прскајте материји за кои не е познато дали претставуваат опасност. Непознатите материјали може да создадат опасни работни услови.
▶ Не распрескувајте средство за отстранување тапети и врела вода. Прскајте само топла вода (макс. 55 °C) без хемиски додатоци.
Носете дополнителна заштитна опрема како на пр. соодветни заштитни ракавици или заштитна маска за дишење при прскањето или ракувањето со хемикалии. Со носењето на заштитна опрема за соодветните работни услови се намалува изложеноста на опасни супстанци.

BOSCH PFS 3000-2 - Безбедносни напомени за системи за фино прскање - 1

BOSCH PFS 3000-2 - Безбедносни напомени за системи за фино прскање - 2

BOSCH PFS 3000-2 - Безбедносни напомени за системи за фино прскање - 3

▶ Внимавајте на можните опасности од средствата за прскање. Внимавајте на ознаките на амбалажата или информациите на производителот на средството за прскање, како и барањата за носење на лични заштитни средства. Внимавајте на упатствата на производителот за да го намалите ризикот од пожар како и повредите од отровните и канцерогени средства.
▶ Приклучокот на струјниот кабел и прекинувачот за активација на пиштолите за прскање држете ги подалеку од боја и други течности. Кабелот за потпора никогаш не го држете за приклучните врски. Доколку случајно згрешите, може да доведе до електричен удар.
▶ Не ги оставајте децата без надзор. Така ће се осигурате дека децата нема да си играат со системот за фино прскање.

Ознаки

ALLPaint ①. PAINT-Lims ②. AIR-Lims 1-3 3-5

Налепницата за употреба на системот за фино прскање се наоћа на базната станица. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите системот за фино прскање.

210 | Македонски

Системот за фино прскање е наменет за лазури и лакови, како и сидни бои.

Случај на примена „Дрво“: Прскање на бои, лазури, прајмери, лакови и масла на база на растворувачи и растворливи во вода

BOSCH PFS 3000-2 - | Македонски - 1

Детален опис

Види „Употреба со соодветна намена“, страна 210.

BOSCH PFS 3000-2 - Детален опис - 1

Чекор 1: Одберете го правилниот додаток со млазница

BOSCH PFS 3000-2 - Детален опис - 2

За апликација на „дрво“ одберете го сивиот додаток со млазница 10

BOSCH PFS 3000-2 - Детален опис - 3

За апликација на „сид“ одберете го белиот додаток со млазница 9

Види „Менување на капачето со млазницата“, страна 212.

BOSCH PFS 3000-2 - Детален опис - 4

Чекор 2: Подесете ја количината на материјалот за прскање

BOSCH PFS 3000-2 - Детален опис - 5

За апликација на „дрво“ степен 1, 2 или 3 поставете на копчето за подесување 4

BOSCH PFS 3000-2 - Детален опис - 6

За апликација на „сид“ степен 3, 4 или 5, поставете на копчето за подесување 4

Види „Подесете ја количината на материјалот за прскање“, страна 213.

BOSCH PFS 3000-2 - Детален опис - 7

Чекор 3: Подесете ја количината за воздух

BOSCH PFS 3000-2 - Детален опис - 8

Поставете ја апликацијата „дрво“ на прекинувачот на лизгање 24

BOSCH PFS 3000-2 - Детален опис - 9

Поставете ја апликацијата „сид“ на прекинувачот на лизгање 24

Види „Подесете ја количината за воздух“, страна 214.

Опис на производот и мокноста

BOSCH PFS 3000-2 - Опис на производот и мокноста - 1

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за прскање на дисперзивни и латекс бои, бои, лазури, прајмери, лакови и масла на база на растворувачи и растворливи во вода (ALLPaint) и вода. Електричниот апарат не е наменет за обработка на раствори, материјали за премачување што содржат киселина и бои за фасади.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.

1 Пиштолзапрскање
2 Капаче за вентилација
3 Преклопна навртка
4 Тркалце за подесување на количината на материјалот за прскање
5 Прекинувач
6 Прстен за затворање
7 Резервоар за материјалот за прскање
8 Приклучок за цревото (пиштол за прскање)
9 Капаче со млазница (бело: за апликација на „сид“)
10 Капаче со млазница (сиво: за апликација на „дрво“)
11 Сито за полнење
12 Кофа за преточување*

Македонски | 211

14 Дихтунг за резервоарот

15 Цевка за вшмукување

16 Отвор за проветрување

17 Канал за бојата

18 Црево за воздух

19 Бајонет-завртка

20 Базна единица

21 Ремен за носење

22 Рачка за носење

23 Гумена лента (држач за цревото)

24 Прекинувач на лизгање за включување/исклучување и регулирање на количината на воздух

25 Четка за чистење

26 Поклопец за филтерот за воздух

27 Приклучок за цревото (основна единица)

28 Преграда за прибор

29 Филтер за воздух

*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартдниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Систем за фино распрскувањеPFS 3000-2
Број на дел/артикл3 603 B07 1..
Номинална јачинаW650
Капацитет на транспортml/min 300
Потрошување на време за нанесување на боја на 2 m^2 мин 1
Волумен на резервоарот за материјал за прскањемл1000
Должина на цревото за воздухм 2
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014кг 3,7
Класа на заштита☐ /II
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-1, EN 50580.

Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со А, типично изнесува 79 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Нивото на звучниот притисок при работењето може да пречекори и 80 dB(A).

Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-1, EN 50580:

$$ a _ {h} < 2, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}. $$

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и

може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.

Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Осигурете се, дали пиштолите за прскање и основната единица се целосно монтирани со сите елементи за дихтување. Само на тој начин е загарантирана функцијата и безбедноста на системот за фино прскање.

Приклучување на цревото за воздух (види слики A1-A3)

- Отворете ја гумената лента 23 и комплетно одмотајте го цревото за воздух 18.

Приклучување на основна единица:

  • Прицврстете една бајонет-завртка 19 на цревото за воздух во согласност со ознаките со стрелки во вдлабнатините на приклучокот 27 на основната единица.
  • Свртете ја бајонет-завртката за четвртина вртење во правец на стрелките на часовникот.

Приклучување на пиштол за прскање:

  • Прицврстете ја втората бајонет-завртка 19 на цревото за воздух во согласност со ознаките со стрелки во вдлабнатините на приклучокот 8 на пиштолот за прскање.
  • Свртете ја бајонет-завртката за четвртина вртење во правец на стрелките на часовникот.

Напомена: Пред полнењето на материјалот за прскање, извадете го цревото за воздух 18 (четвртина вртење на бајонет-завртката 19 во правец спротивен на стрелките на часовникот; извлечете ја бајонет-завртката 19 од приклучокот 8).

212 | Македонски

Менување на капачето со млазницата (види слики B1-B2)

Системот за фино прскање се испорачува со две капачиња со млазници:

Капаче со млазница 9Капаче со млазница 10
Боја бела сив
Состојба на испоракамонтирано во преградата за прибор 28 под поклопецот за филтерот за воздух 26
Апликација на„сид“„дрво“

Напомена: Пред изворот на капачето со млазница, проверете го материјалот за прскање со промешување. Реткиот материјал (на пр. боја за дрво) најдобро се распрскува со сивото капаче со млазница 10. Густиот материјал (на пр. боја за дрво) најдобро се распрскува со белото капаче со млазница 9.

  • За менување на капачето со млазница отшрафете ја преклопната навртка 3.
  • Извлечете го капачето за вентилација 2.
  • Отшрафете го монтираното капаче со млазница.
  • Отворете го поклопецот за филтерот за воздух 26 и земете го соодветното капаче со млазница од преградата за прибор 28.
  • Зашрафете го капачето со млазница на навојот во пиштолот за прскање.
  • Ставете го капачето за вентилација 2 на капачето со млазницата и прицврстете го со преклопната навртка 3.

Употреба

▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

Подготовка за работа

▶ Прскањето на работ на површински води или на соседни површини во близина на подраче на вовлекување.

При купување на бои, лакови и средства за прскање внимавајте на нивната подносливост од животната средина.

Подготвување на површината за прскање

Површината за прскање мора да биде чиста, сува и да не е замастена.

- Огрубете ги мазните површини и потоа отстранете ја правта од брусењето.

При употреба сите непокриени површини може да се извалкаат од маглата од прскање. Затоа темелно припремете ја околината на површината за прскање:

- Подовите, мебелот, вратите, прозорците и рамките на вратите и прозорците итн.покријте ги или залепете лента на нив.

Подготовка на материјалот за прскање

  • Добро промешајте го материјалот за прскање.
  • Доколку е потребно, разредете го материјалот за прскање.
Материјал за прскањеПрепорачан разредувач
Масла, лазури, средства за импрегнација, прајмери за заштита од 'р'а0 %
Бои со раствор или бои за лакирање разредени со вода, основни бои, лакови за радијатори, дебелослојни лазури0–10%
Дисперзивни бои, латекс бои 0–10 %

▶ При разредувањето внимавајте на тоа, материјалот за прскање и разредувачот да одговараат еден на друг. При користење на погрешен разредувач може да настанат грутки, кои ги затнуват пиштолите за прскање.

▶ При разредувањето на материјалот за прскање внимавајте на тоа, точката на палење на мешавината по разредувањето мора да биде повторно над 55 °C. Разредувањето на на пр. лакови што содржат растворачи ја снижува точката на палење.

Напомена: Пред полнењето на материјалот за прскање, извадете го цревото за воздух 18 (четвртина вртење на бајонет-завртката 19 во правец спротивен на стрелките на часовникот; извлечете ја бајонет-завртката 19 од приклучокот 8).

- При користење на големи количини, преточете го материјалот за прскање во мала кофа за преточување 12 (на пр. 10 л боја за сид во 2,5 л или 5,0 л празна кофа).

– Со едната рака држете го цврсто пиштолот за прскање и со другата рака вртете го резервоарот 7 во правец на ознаката за отворање.

BOSCH PFS 3000-2 - Подготовка на материјалот за прскање - 1

- Извадете го пиштолот за прскање од резервоарот 7. - Доколку користите веке отворен материјал за прскање, ставете го претходно исчистеното сито за полнење 11 на резервоарот 7, за да ги задржи евентуалните грутки боја при полнењето.

- Наполнете со материјал за прскање максимально до 1000-ознаката на садот 7.

- Ставете го пиштолот за прскање на резервоарот 7. Вртете го резервоарот 7 во правец на ознаката за затворање, додека прстенот за затворање 6 не се вклопи правилно.

BOSCH PFS 3000-2 - Подготовка на материјалот за прскање - 2

- Направете една проба на површина за тестирање. (види „Прскање“, страна 213)

Доколку добиете оптимална слика на прскање, може да започнете со прскањето.

или

Македонски | 213

Доколку резултатот од прскањето не е задоволителен или не излегува боја, постапете како што е опишано „Отстранување на пречки“ на страна 215.

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред.
▶ Внимавајте на тоа, за време на употребата, основната единица да не вшмука прав или други нечистотии.
▶ Внимавајте да не ја испрскате основната единица.
▶ Прекинете го процесот на прскање, доколку за време на прскањето излегува течност од другите места надвор од предвидените и поправете го пиштолот за прскање. Постои опасност од електричен удар.
▶ Не се прскајте себе си, други лица или животни.

За да се заштеди енергија, вклучувајте го системот за фино распрскување само доколку го користите.

  • Проверете, дали е монтирано правилното капаче со млазница (види „Менување на капачето со млазницата“, страна212).
  • Ставете го мрежниот приклучок во сидната дозна.
  • Земете го во рака пиштолот за прскање и насочете го кон површината за прскање.
  • За регулирање на количината за воздух, поставете го прекинувачот на лизгање 24 на саканата апликација (види и „Подесете ја количината за воздух“, страна 214).
    – Притиснете го прекинувачот 5 на пиштолот за прскање.

Напомена: Доколку е включена основната единица, од капачето за вентилација 2 секогаш струи воздух.

Исклучување

  • Отпуштете го контролниот прекинувач 5 и притиснете го прекинувачот на лизгање 24 сосема на лево (позиција Ⓐ).
  • Влечете го мрежниот приклучок од сидната дозна.

Совети при работењето

Напомена: Внимавајте на правецот на ветрот, доколку го користите електричниот апарат на отворено.

  • Најпрво извршете пробно прскање и наместете ја сликата на млазот и количината на материјал за прскање во зависност од материјалот за прскање. (за подесување, видете во следните поглавја)
  • Пиштолот за прскање држете го на подеднакво растојание од 20–25 см вертикално кон објектот за прскање.
  • Почнете со прскање надвор од површината за прскање.
  • Во зависност од подесената слика на прскање, движете ги пиштолите за прскање рамномерно хоризонтално или вертикално.

Подеднаков квалитет на прскање се постигнува, кога насоките на прскање се преклопуваат за 4 – 5 см.

- При прскање на легнати објекти или при прскање на плафон, пиштолите за прскање држете ги малку на косо и движете се наназад оддалечувајки се од површината на прскање.

Опасност од сопнување! Внимавајте на можните пречки во просторијата.

- Избегнувајте прекини внатре во површината за прскање.

Рамномерното водење на пиштолот за прскање дава еднаков квалитет на површината.

Нерамномерното растојание и агол на прскање води кон зголемено создавање магла од боја, а поради тоа и до нерамномерно бојосани површини.

- Завршете со процесот на прскање надвор од површината за прскање.

Не го исцирпувајте соседема резервоарот со материјал за прскање. Доколку цевката за вшмукување не е потоната во материјалот за прскање, Ѽе се прекине млазот на прскање и се создава нерамномерна површина.

Доколку се насобере материјал за прскање на капачето за вентилација 2 или на капачето со млазницата, исчистете ги компонентите со испорачаната четка за чистење 25.

▶ Никогаш не го активирајте прекинувачот 5 додека го поставувате капачето за вентилација 2.
- Свртете го капачето за вентилација 2 во саканата позиција.

Капаче за вентилација
Млаз за прскање
Примена
BOSCH PFS 3000-2 - Совети при работењето - 1

BOSCH PFS 3000-2 - Совети при работењето - 2

округол млаз за агли, рабови и тешко достапни места

Подесете ја количината на материјалот за прскање (види слика J)

(PAINTVolume)

- Свртете го тркалцето за подесување 4, за да ја подесите саканата количина на материјал за прскање:

BOSCH PFS 3000-2 - (PAINTVolume) - 1

BOSCH PFS 3000-2 - (PAINTVolume) - 2

BOSCH PFS 3000-2 - (PAINTVolume) - 3

BOSCH PFS 3000-2 - (PAINTVolume) - 4

BOSCH PFS 3000-2 - (PAINTVolume) - 5

BOSCH PFS 3000-2 - (PAINTVolume) - 6

BOSCH PFS 3000-2 - (PAINTVolume) - 7

BOSCH PFS 3000-2 - (PAINTVolume) - 8

BOSCH PFS 3000-2 - (PAINTVolume) - 9

BOSCH PFS 3000-2 - (PAINTVolume) - 10

214 | Македонски

Количина на материјал за прскање

Премногу материјал за прскање на површината за прскање:

Поставка

Количината на материјал за прскање мора да се намали.

BOSCH PFS 3000-2 - Поставка - 1

BOSCH PFS 3000-2 - Поставка - 2

Премалку материјал за прскање на површината за прскање:

BOSCH PFS 3000-2 - Поставка - 3

BOSCH PFS 3000-2 - Поставка - 4

Количината на материјал за прскање мора да се зголеми.

- Поставете повисок степен.

Подесете ја количината за воздух (види слика D) (AIRVolume)

- Поставете го прекинувачот на лизгање 24 на соодветната апликација за да ја подесите количината на воздух и притисокот на материјалот за прскање што го користите.

Исклучено Апликација на „дрво“

BOSCH PFS 3000-2 - Исклучено Апликација на „дрво“ - 1

BOSCH PFS 3000-2 - Исклучено Апликација на „дрво“ - 2

Апликација на „сид“

BOSCH PFS 3000-2 - Апликација на „сид“ - 1

редок материјал за прскање

густ материјал за прскање

Навлажнување на тапети

За едноставно отстранување на старите тапети, истите можете да ги попрскате со топла вода (макс. 55 °C). За ова користете го сивиот додаток со млазница 10.

Работни паузи и транспорт (види слики K-L)

За едноставен транспорт на системот за фино распрскување, на основната единица има рачка за носење 22 и појас за носење 21.

За време на работењето, основната единица 20 со помош на појасот за носење 21 може да ја закачите на рамото.

Во паузите при работата, пиштолот за прскање 1 може да го оставите на рамна работна површина. Не смее да истекува материјал за прскање.

▶ Пиштолите наполнети со материјал за прскање секогаш поставувајте ги исправени на рамна површина. Доколку го легнете пиштолот, од него може да истече материјал за прскање.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ По секоја употреба, темелно исчистете ги поединечните делови на системот за фино прскање, особено компонентите што спроведуваат боја.

Правилното чистење е предуслов за беспрекорна и безбедна работа на пиштолите за прскање. При недостиг или нестручно чистење нема да се презема право на гаранција.

Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.

Пиштолите за прскање и резервоарот за материјалот за прскање секогаш чистете ги со соодветното средство за разредување (раствор или вода) за користениот материјал за прскање.

Никогаш не ги чистете млазниците и отворите за воздух на пиштолот за прскање со остри предмети.

  • Исклучете ја основната единица 20.
    – Од основната единица 20 како и од пиштолот за прскање 1 извадете го цревото за вентилација 18 (со четвртина вртење на бајонет-завртката 19 во правец спротивен на стрелките на часовникот; извлечете ја бајонет-завртката 19 од приклучокот 8/27).
  • Доколку е потребно, исчистете ја основната единица со крпа натопена со средство за разредување, потоа тргнете ги настрана основната единица 20 и цревото за вентилација 18 од непосредното место на чистење.
  • Притиснете го контролниот прекинувач 5 на пиштолот за прскање, за да може материјалот за прскање да се врати во резервоарот.
  • Отшрафете го резервоарот 7 и испразнете го преостанатиот материјал за прскање назад во амбалажата со оригинален материјал за прскање.
  • Наполнете го резервоарот 7 до половината со средство за разредување (раствор или вода) и повторно прицврстете го на пиштолот за прскање 1.
    – Протресете го пиштолот за прскање повеке пати.
  • Отшрафете го резервоарот 7 и целосно испразнете го во празна лименка.
  • Демонтирајте ја преклопната навртка 3, капачето за вентилација 2, искористеното капаче со млазница 9/10 и цевката за вшмукување 15 со дихтунгот за садот 14.
  • Во една кофа со средство за разредување исчистете ги сите делови што спроведуваат боја со една четка за чистење 25 или вообичаена четка за миење. Исчистете го и каналот за боја 17 на пиштолот за прскање 1.
  • Проверете дали во цевката за вшмукување 15 со дихтунгот на резервоарот 14 има материјал за прскање и дали е оштетена.

Македонски | 215

По потреба, исчистете го дихтунгот на резервоарот 14 уште еднаш со средство за разредување.

Исчистете го отворот за проветрување 16 со четка за чистење 25.

  • Исчистете го резервоарот и пиштолот за прскање однадвор со крпа натопена во средство за разредување.
  • По потреба, темелно исчистете го ситото за полнење 11 со средство за разредување.
    – Предда ги вградите деловите, оставете ги целосно да се исушат.
  • Монтирајте го системот за фино распрескување по обратен редослед.

Дихтунгот на резервоарот 14 притиснете го нагоре во жлебот на цевката за вшмукување 15.

Осигурете се дека дихтунгот на резервоарот е правилно позициониран во жлебот на цевката за вшмукување, за да се заптијат добро пиштолите за прскање.

Цевката за вшмукување 15 ставете ја повторно до крај во каналот за боја 17.

Филтерот за воздух 29 мора да се исчисти повремено. Доколку филтерот за воздух е многу извалкан, мора да се замени.

  • Отворете го поклопецот за филтерот за воздух 26.
    -Извадете го филтерот за воздух 29.

- Лесна нечистотија:

Тропнете со филтерот за воздух 29. или

Јака нечистотија:

Исчистете го филтерот за воздух 29 под истечна вода и оставете го добро да се исуши, за да го избегнете создавањето на мувла.

ИЛИ

Заменете го филтерот за воздух 29.

  • Повторно ставете го филтерот за воздух.
    – Повторно затворете го поклопецот за филтерот за воздух 26.

Депонирање на материјалот

Средствата за разредување и остатоците од материјал за прскање мора да се отстранат на еколошки начин.

Внимавајте на упатствата на производителот за депонирање и месните прописи за посебно депонирање на отпадот.

Хемикалии штетни за околината не смеат да достигнат на земјата, во подземни води или во површински води.

Хемикалиите штетни за околината никогаш не ги фрлајте во канализација!

Складирање

- Темелно исчистете го системот за фино прскање пред да го складирате и извадете го резервоарот 7 од пиштолот за прскање 1.

Отстранување на пречки

Проблем Причина Помош
Материјалот за прскање не покрива правилноПремала количина на материјал за прскањеТркалцето за подесување свртете го 4 во правец на степен 5
Преголемо растојание до површината на прскањеНамалете го растојанието на прскање
Премалку материјал за прскање на површината за прскање, ретко распрскана по површината за прскањеПрскајте често по површината за прскање
Материјалот за прскање е премногу густОдново разредете го материјалот за прскање и направете пробно прскање
По нанесувањето, материјалот за прскање течеНанесена е преголема количина на материјал за прскањеТркалце за подесување свртете го 4 во правец на степен 1
Премало растојание до површината на прскањеЗголемете го растојанието на прскање
Материјалот за прскање е прередокДодадете оригинален материјал за прскање
Пречесто е прскано на исто местоИзвадете ја бојата и следниот пат не прскајте често на исто место

216 | Македонски

Проблем Причина Помош
Премногу грубо распрскувањеПреголема количина на материјал за прскањеТркалце за подесување свртете го 4 во правец на степен 1
Премала количина на воздухПрекинувачот на лизгање 24 поместете го на десно
Монтирајте го белото капаче со млазница 9 (преголем дијаметар на млазницата)Монтирајте го сивото капаче со млазница 10
Иглата на млазницата 13 е извалканаИсчистете ја иглата на млазницата
Материјалот за прскање е премногу густОдново разредете го материјалот за прскање и направете пробно прскање
Филтерот за воздух 29 е многу извалканМенување на филтерот за воздух
Прејака магла од бојаНанесена е преголема количина на материјал за прскањеТркалце за подесување свртете го 4 во правец на степен 1
Преголема количина на воздухПрекинувачот на лизгање 24 притиснете го на лево
Преголемо растојание до површината на прскањеНамалете го растојанието на прскање
Млазот на прскање пулсираПремалку материјал за прскање во резервоаротДополнете материјал за прскање
Цевката за вшмукување 15 е олабавенаПритиснете ја цевката за вшмукување до крај на каналот за боја 17
Дихтунгот на резервоарот 14 не е позициониран или не е правилно позициониран во жлебот на цевката за вшмукување 15Монтирајте го дихтунгот на резервоарот 14 наоколу точно во жлебот на цевката за вшмукување
Капачето со млазницата 9/10 е олабавеноПрицврстете го капачето на млазницата 9/10
Материјалот за прскање капе на капачето со млазницаНаслаги од материјал за прскање на капачето со млазница 9/10, иглата на млазницата 13 и капачето за вентилација 2Исчистете го капачето со млазница, иглата на млазницата и капачето за вентилација
Млазницата е олабавенаПрицврстете го капачето на млазницата 9/10
Од капачето со млазница не излегува материјал за прскање Уредот не прскаПрекинувачот на лизгање 24 стои на позиција 0Прекинувачот на лизгање 24 поставете го на апликација „дрво“ или „сид“
Нема притисок во резервоарот 7, бидејки тој не е целосно затворенВртете го резервоарот 7 во правец на ознаката за затворање, додека прстенот за затворање 6 не се вклопи правилно
Цевката за вшмукување 15 е олабавенаПритиснете ја цевката за вшмукување до крај на каналот за боја 17
Капачето со млазница 9/10 затнатоИсчистете го капачето со млазница
Цевката за вшмукување 15 е затнатаИсчистете ја цевката за вшмукување
Отворот за вентилација 16 на цевката за вшмукување 15 е затнатИсчистете ги цевката за вшмукување и отворот за вентилација
Дихтунгот на резервоарот 14 недостига или е оштетенСтавете го (новиот) дихтунг на резервоарот над цевката за вшмукување во жлебот
Материјалот за прскање е премногу густОдново разредете го материјалот за прскање и направете пробно прскање
Материјалот за прскање е извалкан (грутки боја)Целосно испразнете го и исчистете го пиштолот; при дополнувањето истурајте го материјалот за прскање низ ситото за полнење

Srpski | 217

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови їе најдете на:

www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Македонија

Д.Д.Електрис

Пиштолите за прскање, електричната единица, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH PFS 3000-2 - Македонија - 1

Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за губре!

Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивна национална употреба, електричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

Се задржува правото на промена.

Srpski

Uputstva o sigurnosti

Opšta upozorenja za električne alate

BOSCH PFS 3000-2 - Opšta upozorenja za električne alate - 1

UPOZORENJE

Čitajte sva upozorenja i uputstva.

Propusti kod pridržavanja upozo-

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : PFS 3000-2

Категорија : Пиштол за боја