GDR 10 8 V-EC Professional - шрафцигер BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GDR 10 8 V-EC Professional BOSCH во PDF формат.
| Марка | Bosch |
| Модел | GDR 10 8 V-EC Professional |
| Тип на производ | Бежичен ударен шрафцигер |
| Номинален напон | 10,8 V |
| Брзина без оптоварување | Режим 1: 0 - 1200 вртежи/мин Режим 2: 0 - 2600 вртежи/мин |
| Број на удари | Режим 1: 0 - 2700 мин⁻¹ Режим 2: 0 - 3100 мин⁻¹ |
| Максимален момент (тврдо зашрафување) | 110 Nm (според ISO 5393) |
| Максимален дијаметар на завртка | 8 mm |
| Држач на алат | 1/4" шестоаголен отвор |
| Тежина (според EPTA 01/2003) | 0,9 kg |
| Напојување | Литиум-јонска батерија 10,8 V (модели GBA 10,8V) |
| Компатибилни полначи | Серија AL 11.. |
| Работен температурен опсег | -20 °C до +50 °C |
| Температурен опсег на полнење | 0 °C до +45 °C |
| Ниво на звучен притисок | 87 dB(A) (несигурност K=3 dB) |
| Ниво на акустичка моќност | 98 dB(A) (несигурност K=3 dB) |
| Вибрации (шрафови/навртки) | a_h = 10,5 m/s² (K=1,5 m/s²) |
| Основни функции | Зашрафување и одшрафување, затегнување и олабавување на навртки, 2 претходно поставени брзини, PowerLight светилка, заштитно исклучување ECP |
| Безбедност | Прочитајте ги предупредувањата, носете заштита за слух, користете ракавици, одржувајте ја работната област чиста |
| Одржување и чистење | Редовно чистете ги отворите за вентилација со мека четка; извадете ја батеријата пред секое одржување |
| Резервни делови и поправливост | Контактирајте го сервисот на Bosch (Франција: 0811 360122) или нарачајте онлајн на bosch-pt.fr |
| Вклучени додатоци | Двоен врв, универзален држач за врвови, клип за појас, клип во боја (според верзијата) |
Frequently Asked Questions - GDR 10 8 V-EC Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GDR 10 8 V-EC Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GDR 10 8 V-EC Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GDR 10 8 V-EC Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GDR 10 8 V-EC Professional BOSCH
Македонски ...... Страна 145
Srpski.... Strana 152
Slovensko.... Stran 158
Безбедносни напомени
Општи напомени за безбедност за електричните апарати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).
146 | Македонски
Безбедност на работното место
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
He работete со електричниот апарат во околина каде посто опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Drжете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај на смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните сидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениют или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.
Безбедност на лица
▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.
▶ Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носеньето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
- Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреја.
Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го включите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
- Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ће може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
▶ Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приключени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасности од прав.
Користење и ракување со електричниот апарат
▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
He користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеće не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
- Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријага, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.
Македонски | 147
▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреći својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
▶ Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејности што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Користење и ракување на батерискиот апарат
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот.
Доколку полночат кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар.
Затоа користете батерии кои се предвидени за електричниот апарат. Користеньето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој мefу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исппакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ће бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.
Безбедносни напомени за ударни одвртувачи
Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува или шрафот може да наиде на скриени електрични кабли. Контактот на шрафот со струјниот кабел може металлите делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, орган, вода или влага. Постои опасност од експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Користете батерии кои се соодветни на Вашиот производ од Bosch. Само на тој начин батеријата їе се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафифигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее.
Опис на производот и мокноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и отшрафување на шрафови како и за зацврстување и отшрафување на мутери во дадените граници на димензии.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го осветли директно полето на работа на електричниот апарат и не е погодно за просторно осветлување во домакинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
148 | Македонски
1 Прифат на алатот
2 Чаура за заклучување
3 Лампа „PowerLight“
4 Копче за сијалицата „PowerLight“
5 Приказ на бројот на вртежи
6 Копче за електронски избор на бројот на вртежи
7 Копче за отклучување на батеријата
8 Батерија
9 Прекинувач за менување на правецот на вртење
10 Прекинувач за вклучување/исклучување
11 Приказ за наполнетоста на батеријата
12 Рачка (изолирана површина на дршката)
13 Двоен бит*
14 Универзален држач за битови*
15 Бит за одвртувач/зашрафувач*
16 Алат за вметнување (на пр. мутер за зашрафување) *
17 Држач за појас*
18 Стега во боја*
*Опишаната опрема прикажана на спиките не е дел од стандартдниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Батериски ударен одвртувач GDR 10,8 V-EC GDS 10,8 V-EC | |||
| Број на дел/артикл | 3 601 JE0 0.. 3 601 JE0 1.. | ||
| Номинален напон | волти= 10,8 10,8 | ||
| Број на празни вртежи | |||
| – Поставка 1 | min ^-1 | 0 - 1200 | 0 - 1200 |
| – Поставка 2 | min ^-1 | 0 - 2600 | 0 - 2600 |
| Број на удари | |||
| – Поставка 1 | min ^-1 | 0 - 2700 | 0 - 2700 |
| – Поставка 2 | min ^-1 | 0 - 3100 | 0 - 3100 |
| макс. вртежен момент при јако зашрафување според ISO 5393 | Nm 110 115 | ||
| Машински шрафови ∅ | мм | M4 – M12 | M4 – M12 |
| макс. поле на ∅ | мм 8 8 | ||
| Прифат на алатот | 14" Внатрешна шестаголна глава | ■ 3/8" | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003 | кг | 0,9 | 0,9 |
| Дозволена температура на околината | |||
| – при полнење | °C | 0...+45 | 0...+45 |
| – при работа* и при складирање | °C | -20...+50 | -20...+50 |
| Препорачани батерии | GBA 10,8V ... | GBA 10,8V ... | |
| Препорачани полначи | AL 11.. | AL 11.. | |
| * ограничена јачина при температури <0 °C | |||
Информации за бучава/вибрации
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-2.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 87 dB(A); ниво на звучна јачина 98 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-2:
Зацврстување на шрафови и мутери со максимально дозволена големина: a_h=10.5 m/s^2 , K=1.5 m/s ^2 .
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации.
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.
Македонски | 149
Изјава за сообразност
CE
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите примениви одредби од директивите 2009/125/EC (одредба 1194/2012), 2011/65/EU, до 19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016: 2014/30/EU, 2006/42/EC включително нивните измени и е сообразен со следните норми: EN 60745-1, EN 60745-2-2.
Техничка документација (2006/42/EC) пр Robert Bosch GmbH, PT/ETM9, 70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
▶ Користете ги само полначите што се наведени на страницата со опрема. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно. Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на келиите (ECP)” од длабинско празнење. Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ће се исклучи со помош на заштитно струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеће.
▶ По автоматското исклучување на електричниот апарат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
За да ја извадите батеријата 8 притиснете на копчињата за отворање 7 и извлечете ја батеријата надолу од електричниот уред. Притоа не употребувајте сила. Внимавајте на напомените за отстранување.
Замена на алатот
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од на него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот влече прав во кукиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрична несреќа.
GDR 10,8 V-EC:
Ставање на апатот за вметнување (види слика В)
Извлечете ја чаурата за заклучување 2 нанапред, алатот што се вметнува ставете го до крај во прифатот за алат 1 и повторно олабавете ја чаурата за заклучување 2, за да го блокирате алатот за вметнување.
Битовите за одвртувачот 15 може да ги ставите со помош на универзален држач за битови со топчест затворач 14.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја чаурата за заклучување 2 нанапред и извадете го алатот за вметнување.
▶ При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот за алат, може да се олабави за време на одвртувањето.
Поставете го алатот за вметнување 16 на четириаголниот прифат за алат 1.
Во зависност од системот, алатот за вметнување 16 ке се постави на прифатот за алат со мали двжижења 1; ова нема влијание на функцијата/безбедноста.
Употреба
Функционалност
Прифатот за алат 1 и алатот што се вметнува се ставаат во погон со електромотор со помош на погон и ударен механизмам.
Работната постапка се дели на две фази:
Зашрафување и Прицврстување (ударен механизмам во акција).
Ударниот механизмам се активира, штом се затегне спојот на шрафовите и така се оптоварува моторот. Притоа ударниот механизмам ја претвора силата на моторот во еднакви удари со вртење. При олабавување на шрафови и мутери, оваа постапка тече по обратен редослед.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Прекинувачот за правец на вртење 9 поставете го во средната позиција, за да го заштитите електричниот апарат од невнимателно вклучување.
Наполнетата батерија 8 притиснете ја однапред навнатре во подножјето на електричниот апарат, додека не се заклучи батеријата.
150 | Македонски
Поставете го правецот на вртење (види слика D)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 9 може да го промените правецот на вртење на електричниот апарат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 10 е притиснат ова не е возможно.
Тек на десно: За зашрафување на шрафови и прицврстување на мутери притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење 9 на лево до крај.
Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на шрафови и мутери притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење 9 на десно до крај.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 10 и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го прекинувают за вклучување/исклучување 10.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.
Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување 10.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување 10 се постигнуваат мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи.
Бирање на бројот на вртежи/удари
Со копчето 6 може претходно да го изберете потребниот број на вртежи/удари во 2 степени. Притискајте го копчето 6 додека не сигнализира саканата поставка на приказот за број на вртежи 5. Избраната поставка е зачувана.
Неопходниот број на вртежи/удари зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.
Вклучување/исклучување на сијалицата „PowerLight“
За ставање во употреба на сијалицата 3 притиснете го копчето 4. За да ја 3 исключите сијалицата, одново притиснете го копчето 4.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Приказот на наполнетост на батеријата 11 при половично или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување 10 за неколку секунди ја прикажува наполнетоста на батеријата и се состоит од 3 зелени LED светилки.
ЛЕД светло Капацитет
| Трајно светло 3 x зелено ≥ 2/3 |
| Трајно светло 2 x зелено ≥ 1/3 |
| Трајно светло 1 x зелено < 1/3 |
| Трепкаво светло 1 х зелено Резерва |
Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електри чниот апарат. При преголемо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата, се намалува излезната јачина или се исклучува електричниот уред. Дури по постигнувањето на дозволената температура на батеријата, електричниот апарат повторно работи со полна излезна јачина.
Совети при работењето
▶ Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот само доколку е ислучен. Доколку апаратот е включен и се врти, тој може да се преврти и падне.
Вртежниот момент зависи од времетраењето на ударот. Максimalниот постигнат вртежен момент е резултат од сумата на сите поединечни вртежни моменти постигнати со удари. Максimalниот вртежен момент се постигнува по времетраење на удар од 6 – 10 секунди. По овој период, затезниот вртежен момент се зголемува минимально.
Времетраењето на ударот треба да се одреди за секој потребен затезен вртежен момент. Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч.
Зашрафување со цврсто, меко и лежиште со пружина
Доколку има обид да се измерат постигнатите удари во последователни удари и да се пренесат во дијаграм, ће се добие крива на текот на вртежни моменти. Висината на кривата одговара на максимальниот постигнат вртежен момент, а косината покажува кога е постигнат.
Еден вртежен момент зависи од следните фактори:
- Цврстината на шрафовите/мутерите
- Видот на подлогата (диск, подлошка, дихтунг)
- Цврстина на материјалот што се зашрафува
- Подмачканост на шрафовите
Зависно од горенаведените фактори, постојат следниве видови на примена:
- Цврсто лежиште при зашрафување на метал на метал со користење на подлошки. Максималниот вртежен момент се постигнува по релативно кратко време на удар (кос тек на линијата). Непотребното долго време на удари и штети на машината.
- Лежиште со пружина при зашрафување на метал на метал, при користење на прстени-пружини, подлошки, болцни или шрафови/мутери со конусно лежиште како и при користење на продолжетоци.
- Меко лежиште при зашрафување на на пр. метал на дрво, или при користење на оловни или фибер дискови како подлога.
При меко одн.лежиште со пружина максимальниот вртежен момент на прицврстување е помал отколку при меко лежиште. Исто така е потребно значително подолго време на удари.
Македонски | 151
Референтни вредности за максимальни вртежни моменти на зацврстување на шрафови
Податоци во Nm, пресметани од просекот на затегање; искористување на границата на еластичност 90 % (при број на триења _вв. = 0,12 ). Постигнатиот затезен вртежен момент, треба постојано да се проверува со вртежен момент клуч.
| Класи на цврстина според DIN 267 | Стандардни шрафови Шрафови со висока | ||||||||||
| отпорност | |||||||||||
| 3.6 | 4.6 | 5.6 | 4.8 | 6.6 | 5.8 | 6.8 | 6.9 | 8.8 | 10.9 | 12.9 | |
| M 6 | 2.71 | 3.61 | 4.52 | 4.8 | 5.42 | 6.02 | 7.22 | 8.13 | 9.7 | 13.6 | 16.2 |
| M 8 | 6.57 | 8.7 | 11 | 11.6 | 13.1 | 14.6 | 17.5 | 19.7 | 23 | 33 | 39 |
| M 10 | 13 | 17.5 | 22 | 23 | 26 | 29 | 35 | 39 | 47 | 65 | 78 |
| M 12 | 22.6 | 30 | 37.6 | 40 | 45 | 50 | 60 | 67 | 80 | 113 | 135 |
| M 14 | 36 | 48 | 60 | 65 | 72 | 79 | 95 | 107 | 130 | 180 | 215 |
| M 16 | 55 | 73 | 92 | 98 | 110 | 122 | 147 | 165 | 196 | 275 | 330 |
Совети
Пред зашрафување на големи, подолги шрафови во цврсти материјали, претходно издупчете ^2/_3 од должената на шрафот според внатрешниот дијаметар на навојот.
Напомена: Внимавајте, да не навлезат ситните метални делови во електричниот апарат.
Со држачот за појас 17 може да го закачите електричниот апарат на пр. на појас. Така двете дланки ће ви бидат слободни, а електричниот апарат ће го имате на дофат во секое време.
Со стегата во боја 18 може да индивидуално да го означите електричниот апарат.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од -20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот летно време.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од на него. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови ће најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
152 | Srpski
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ўубре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:

Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во дел „Транспорт“, страна 151.
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti
Opšta upozorenja za električne alate
UPOZORENJE
Čitajte sva upozorenja i uputstva. Propusti kod pridržavanja
upozorenja i uputstava mogu imati za posledicu električni udar, požar i/ili teške povrede.
Čuvajte sva upozorenja i uputstva za budućnost.
Pojam upotrebljen u upozorenjima „električni alat” odnosi se na električne alate sa radom na mreži (sa mrežnim kablom) i na električne alate sa radom na akumulator (bez mrežnog kabla).
Sigurnost na radnom mestu
Držite Vaše radno područne čisto i dobro osvetljeno. Nered ili neosvetljena radna područja mogu voditi nesrećama.
▶ Ne radite sa električnim alatom u okolini ugroženoj eksplozijom, u kojoj se nalaze zapaljive tečnosti, gasovi ili prašine. Električni alati prave varnice koje mogu zapaliti prašinu ili isparenja.
Držite podalje decu i druge osobe za vreme korišćenja električnog alata. Prilikom rada možete izgubiti kontrolu nad aparatom.