Aspire P4A 18C70 - Полнач за батерии HUSQVARNA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Aspire P4A 18C70 HUSQVARNA во PDF формат.
Прашања на корисниците за Aspire P4A 18C70 HUSQVARNA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Полнач за батерии во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Aspire P4A 18C70 - HUSQVARNA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Aspire P4A 18C70 на марката HUSQVARNA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Aspire P4A 18C70 HUSQVARNA
МК Упатство за ракување Полнач за батерии
SR Uputstvo za rad Punjač za baterije
Македонски......Страница 167
Srpski....Strana 175
Безбедносни напомени

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
Користете го полначот
само откако їе ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако їе ги добиете потребните упатства.
▶ Овој полнач не е предвиден за употреба од деца и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или со недоволно искусство и знаење. Овој полнач може да го користат деца над 8 години како и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или со недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно
ракување со полначот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
За време на користењето, чистењето и одржувањето надгледувајте ги децата. Така ће се осигурате дека децата нема да си играат со полначот.
▶ Полнете само батерии од 18 V за системот POWER FOR ALL со капацитет од 1,5 Ah. Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за полнење на батеријата на полначот. Полнете само батерии за
повторно полнење.
Инаку постои опасност од пожар и експлозија.

Користете го
полначот само во
затворени простории и држете го подалеку од
влага. Навлегувањето на
вода во полнач го
зголемува ризикот од
електричен удар.
▶ Одржувајте ја
чистотата на полначот.
Доколку се извалка,
постои опасност од
електричен удар.
▶ Пред секое користење, проверете ги полначот,
како и кабелот и
приклучокот. Не го
користете полначот,
доколку забележите
оштетувања. Немојте
сами да го отворате
полначот и однесете
го на поправка само во Husqvarna или во овластен центар за постпродажна услуга каде што се користат само оригинални резервни делови.
Оштетениот полнач, кабел и приключок го зголемува ризикот за електричен удар.
▶ Не го користете получот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во запалива околина. Постои опасност од пожар заради затоплувањето на уредот што произлегува при полнењето.
▶ Не ги покривајте отворите за проветрување на полначот. Инаку
полначот може да се прегрее и да не функционира правилно.
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече
од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
Опис на производот и перформансите
Употреба со соодветна намена
Полначот за батерии е наменет за полнење на батериите од 18 V за системот POWER FOR ALL.
Илустрација на компоненти
(1) Црвен приказ за контрола на температура/грешка
(2) Зелен приказ за состојба на наполнетост
(3) Отвор за батеријата
Технички податоци
| Полнач | P4A 18-C70 |
| Класа на заштита | ☐ / II |
| Струја за полнење ^A) | 3,0 A |
| Напон на полнење на батеријата (автоматско препознавање на напон) | 14,4–18 V --- |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | 0,40 kg |
A) Во зависност од температурата и типот на батеријата
Процес на полнење
▶ Внимавајте на електричниот
напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот.

Проверете дали отворот за полнење (3) и контактите на батеријата се без груба нечистотија. Проверете дали батеријата е целосно ставена.
Полнењето започнува штом мрежниот приклучок на полначот
се приклучи во приклучницата и батеријата се стави во отворот за полнење (3).

Полнењето е можно само кога температурата на батеријата е во
дозволениот температурен опсег на полнење (0–45 °C).
Паметниот процес на полнење автоматски ја открива состојбата на наполнетост на батеријата и ја полни со оптимална струја за полнење во зависност од температурата и напонот на батеријата.
Ова ја штити батеријата и ја одржува целосно наполнета кога се складира во полначот.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
При континуирани или последователни циклуси на полнење без прекин, получот може да се затопли. Ова е безопасно и не значи дека постои технички дефект на полначот.
Времиња на полнење
Следната табела го прикажува приближното време потребно во минути за саканата за Costaјба на наполнетост, во зависност од типот на батеријата. Времето на полнење зависи од типот и температурата на батеријата.
P4A 18-C70
одговара на состојба на наполнетост од
≈ 80 %
одговара на целосна состојба на наполнетост
одговара на состојба на наполнетост од
≈ 80 %
одговара на целосна состојба на наполнетост
Значење на елементите на приказот
Трепкачко светло (брзо) на зелен приказ за состојба на наполнетост

text_image
ChargeПроцесот на брзо полнење се сигнализира со брзо трепкање на зелениот приказ за
наполнетост (2).
Батеријата може да се извади и користи во било кое време.
Веднаш штом се достигне 80 % од капацитетот на батеријата, се забавува трепкањето на зелениот приказ на наполнетост. Сега процесот на брзо полнење е завршен. Доколку батеријата остане во полначот, процесот на полнење єе заврши со помала брзина.
Трепкачко светло (бавно) на зелен приказ за состојба на наполнетост

text_image
GO 80%При состојба на наполнетост на батеријата од околу 80 % трепка зелено приказот за
состојба на наполнетост (2) бавно.
Батеријата може да се извади за користење.
Непрекинато зелено светло на приказот за состојба на наполнетост на батеријата

Непрекинатото светло на зелениот приказ за состојба на наполнетост (2) сигнализира, дека
батеријата е целосно наполнета. Конечно батеријата може веднаш да се употреби.
Откако ње ја извадите батеријата непрекинатото светло на приказот за состојба на наполнетост сигнализира (2), дека струјниот приклучок е се уште приключен на приклучницата и полначот е подготвен за работа.
Непрекинато светло на црвениот приказ за контрола на температурата

Непрекинатото светло на црвениот приказ за полнење на батеријата (1) сигнализира, дека
температурата е надвор од дозволените граници на полнење (0–45 °C). Веднаш штом се постигнат дозволените граници на температура, започнува процесот на полнење.
Трепкачко светло на црвениот приказ, грешка

text_image
---Трепкачкото светло на црвениот приказ (1) сигнализира друг дефект на процесот на полнење (види
„Батеријата не се полни“, Страница 173).
Справување со грешки
Батеријата не се полни

text_image
X--
Батеријата не се полни; црвениот приказ (1) трепка и зелениот приказ за состојба на наполнетост (2) свети постојано.
Причина: Получот детектираше внатрешна грешка Помош: Осигурете се дека сите батерии се целосно вметнати. Исклучете го приклучокот за напојување и повторно вметнете го. Ако грешката се повтори, однесете го полначот на проверка во овластен центар за постпродажна услуга за производи од Husqvarna.
Причина: Батеријата не е правилно вметната
Помош: Вметнете ја батеријата правилно во полначот.
Причина: Батеријата и контактите за полнење се валкани
Помош: Исчистете ја батеријата и контактите за полнење; на пр. со повторено вадење и ставање на батеријата.
Причина: Батеријата е дефектна
Помош: Заменете ја батеријата.

Батеријата не се полни и приказот (1) свети црвено.
Причина: Температурата на батеријата е надвор од дозволениот опсег на температура на полнење
Помош: Почекајте додека температура на батеријата не дојде повторно во рамки на дозволениот опсег на температура на полнење (0–45 °C).
Приказите не светат
Не свети приказ, батеријата не се
ПОЛНИ.
Причина: Приклучницата, струјниот кабел или полначот се дефектни
Помош: Проверете го мрежниот напон. Доколку е потребно, проверете го полначот кај овластен сервис.
Причина: Струјниот приклучок на полначот не е (правилно) вметнат
Помош: Вметнете го струјниот приклучок (целосно) во приклучницата.
Отстранување
Полначите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски стари уреди и нивна национална употреба, полначите што се вон употреба мора одделно
да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.