GCM 80 SJ Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCM 80 SJ Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCM 80 SJ Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCM 80 SJ Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCM 80 SJ Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност на електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. 1 609 92A A0B | (28.08.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 241 u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни предупредувања за аголни пили u Аголните пили се наменети за сечење дрво или слични производи, не може да се употребуваат со абразивни дискови за сечење на обоени метали, како на пр. шипки, прачки, шајки и др. Абразивната прашина предизвикува блокирање на ротирачките делови, како што е долниот штитник. Искрите од абразивно сечење го горат долниот штитник, засекот и пластичните делови. u Користете стегачи за држење на делот што се обработува кога постои можност. Ако го потпирате делот што се обработува со рака, раката постојано мора да биде на оддалеченост од најмалку 100mm од двете страни на сечилото од пилата. Не ја користете оваа пила за сечење на многу мали парчиња што не може безбедно да се зацврстат или да се држат со рака. Ако раката ја ставите премногу блиску до сечилото на пилата, постои голема опасност од повреда ако го допрете сечилото. u Делот што се обработува мора да биде статичен и прицврстен, или да се држи и за граничникот и за масата. Не го ставајте делот што се обработува во сечилото или жлебот со слободна рака. Слободен или неприцврстен дел што се обработува може да се отфрли со голема брзина и да предизвика повреда. u Притиснете ја пилата низ делот што се обработува. Не ја влечете пилата низ делот што се обработува. За да пресечете, подигнете ја главата на пилата и повлечете ја преку делот што се обработува без сечење, вклучете го моторот, притиснете ја главата Bosch Power Tools 1 609 92A A0B | (28.08.2024)242 | Македонски на пилата надолу и турнете ја пилата низ делот. Со повлекување на пилата додека сечете сечилото може да се искачи на врвот на делот што се обработува и силно да го отфрли склопот на сечилото кон операторот. u Не ги прекрстувајте рацете врз одредената линија за сечење пред и зад сечилото на пилата. Држење на делот што се обработува со вкрстени раце т.е. држење на делот на десната страна од сечилото на пилата со лева рака или обратно е многу опасно. u Не посегнувајте зад граничникот на растојание помало од 100mm од двете страни на сечилото за да ги отстраните дрвените остатоци или заради друга причина додека сечилото ротира. Може да не забележите колку блиску е сечилото до вашата рака и може сериозно да се повредите. u Разгледајте го делот што се обработува пред да започнете со сечење. Ако делот што се обработува е накривен или навален, прицврстете ја надворешната навалена страна на граничникот. Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу делот што се обработува, граничникот и масата покрај линијата на сечење. Накривен или навален дел што се обработува може да се извитка или помести и да предизвика виткање на сечилото кое ротира при сечење. Не смее да има шајки или други надворешни предмети во делот што се обработува. u Не ја употребувајте пилата ако на масата, освен делот што се обработува, има алати, дрвени остатоци и др. Мали остатоци или расфрлани парчиња дрво или други предмети ако се допрат до ротирачкото сечило може да се расфрлат со голема
u Сечете само еден дел истовремено. Повеќе парчиња не може соодветно да се зацврстат или поврзат и може да се фатат за сечилото или да се изместат во текот на сечењето. u Проверете дали пилата за сечење под агол е монтирана или наместена на рамна, цврста работна површина пред да ја користите. Рамна и цврста работна површина го намалува ризикот пилата за сечење под агол да стане нестабилна. u Испланирајте ја работата. Кога ќе ја промените косината или подесениот агол на закосување, проверете дали граничникот кој се подесува е правилно поставен за држење на делот што се обработува и дека нема да го попречува сечилото или заштитниот систем. Без вклучување на алатот на „ON“ и без делот што се обработува на масата, движете го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек за да проверите дали има некакви пречки или опасност да се пресече граничникот. u Обезбедете соодветен потпирач, како на пр., додаток на масата, ногарки за потпора на пилата и др., за дел што се обработува кој е поширок или подолг од горниот дел на масата. Ако деловите што се обработуваат се подолги или пошироки од пилата за сечење под агол може да се навалат доколку не се зацврстени. Ако отсечен дел или дел што се обработува се навали, може да го подигне долниот штитник или да биде отфрлено од ротирачкото сечило. u Не користете друго лице како замена за додаток на масата или како дополнителен држач. Нестабилен држач за делот што се обработува може да предизвика зафаќање на сечилото или поместување на делот што се обработува во текот на сечењето и да ве повлече вас и помошникот кон ротирачкото сечило. u Отсечен дел не смее да се заглави или притиска кон ротирачкото сечило. Ако е ограничено, т.е. со помош на граничниците за должина, исечениот дел може да се заглави на сечилото и силно да се отфрли. u Постојано користете стега или прицврстувач правилно дизајниран за држење на тркалезен материјал, како на пр., прачки или цевки. Прачките се склони кон вртење додека се сечат и предизвикуваат сечилото да го засекува и влече делот со вашата рака кон сечилото. u Оставете сечилото да достигне целосна брзина пред да го допре делот што се обработува. Со ова ќе се намали ризикот делот што се обработува да биде
u Ако делот што се обработува или сечилото се заглави, исклучете ја аголната пила. Почекајте сите подвижни делови да застанат и исклучете го приклучокот од струја и/или извадете го пакувањето со батерии. Потоа извадете го заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете со заглавен дел што се обработува може да изгубите контрола или да ја оштетите пилата. u Откако ќе завршите со сечењето, ослободете го копчето, држете ја главата на пилата надолу и почекајте сечилото да застане пред да го извадите исечениот дел. Приближување на раката до сечило кое сè уште врти е опасно. u Држете ја рачката цврсто кога правите нецелосен засек или кога го ослободувате копчето пред пилата да биде ставена во целосна надолна позиција. Сопирањето на пилата може да предизвика главата на пилата ненадејно да биде повлечена надолу и да предизвика опасност или повреда. u Не отпуштајте ја рачката ако главата на пилата ја има достигнато најдолната позиција. Секогаш враќајте ја рачно главата на пилата до најгорната позиција. Ако главата на пилата се движи неконтролирано, тоа може да доведе до ризик од
u Одржувајте ја чистотата на работното место. Мешавините на материјали се особено опасни. Правта од лесен метал може да се запали или експлодира. u Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени листови за пила. Листовите на пилата со тапи или неправилни запци, заради претесниот резен процеп, предизвикуваат зголемено триење и 1 609 92A A0B | (28.08.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 243 заглавување на листот на пилата или повратен
u Не користете листови за пила од високо легиран брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на пила може лесно да се скршат. u Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што ќе предизвика губење на контрола. u Никогаш не ги отстранувајте остатоците од сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за сечење, додека е вклучен електричниот уред. Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на мирување и потоа исклучете го електричниот апарат. u Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека не се олади. Листот за пилата за време на работата се
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат. Ознаки и нивно значење Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда. Носете маска за заштита од прав. Носете заштитни очила. Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона. При сечење на вертикални агли на закосување, подесливата гранична водилка мора да се повлече нагоре. Ознаки и нивно значење За поместување на подесливата гранична водилка мора да се олабави средната завртка за фиксирање. Двете надворешни завртки за прицврстување не смеат да се олабавуваат! D d Внимавајте на димензиите на сечилото за пила (дијаметар на сечилото за пила D, дијаметар на отворот d). Дијаметарот на отворот d мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирачки делови, внимавајте димензиите на редуцирачкиот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирачки делови. Дијаметарот на сечилото за пила D мора да одговара на податоците на
Видете исто така „Димензии за соодветни сечила за пила“ во поглавјето „Технички податоци“. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за правење на должински и напречни резови со прав рез во цврсто и меко дрво, како и иверки и лесонит, како фиксен уред. Притоа се возможни хоризонтални агли на закосување од –47° до +47° како и вертикални агли на закосување од 0° до +45°. Со користење на соодветни сечила за пила, можно е и сечење на алуминиумски профили и пластика. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Отвори за монтажа Bosch Power Tools 1 609 92A A0B | (28.08.2024)244 | Македонски (2) Завртка за затворање на продолжетокот на масата за сечење (3) Продолжеток за маса за сечење (4) Жлебови за држење (5) Скала за аголот на закосување (хоризонтално) (6) Подеслива гранична водилка (7) Столарска стега (8) Граничник за стандарден агол на закосување 45° (вертикално) (9) Завртка-граничник за 45°-агол на закосување (вертикално) (10) Затегнувачка рачка за саканиот агол на закосување (вертикално) (11) Завртка за фиксирање на механизмот за влечење (12) Механизам за влечење (13) Исфрлувач на струготини (14) Одбивач на струготини (15) Прекинувач за вклучување/исклучување (16)
(17) Прекинувач за блокада за олабавување на кракот
(18) Заштитен капак (19) Осцилаторен заштитен капак (20) Лизгачки валјак (21) Гранична водилка (22) Маса за сечење (23) Плоча за вметнување (24) Агломер за аголот на закосување (хоризонтално) (25) Копче за фиксирање на саканиот агол на закосување (хоризонтално) (26) Лост за претходно поставување на аголот на закосување (хоризонтално) (27) Заштита од превртување (28) Жлебови за стандарден агол на закосување (хоризонтално) (29) Блокада за вретеното (30) Транспортен осигурувач (31) Скала за аголот на закосување (вертикално) (32) Агломер за аголот на закосување (вертикално) (33) Завртка-граничник за 0°-агол на закосување (вертикално) (34) Граничник за стандарден агол на закосување 0° (вертикално) (35) Клуч со внатрешна шестаголна глава (5mm)/ крстест одвртувач (36) Завртка со внатрешна шестаголна глава за прицврстување на сечилото за пила (37) Стезна прирабница (38) Внатрешна стезна прирабница (39) Сечило за пила (40) Завртка за блокада на подесливата гранична
(41) Отвори на столарската стега (42) Навојна прачка (43) Завртки за плочата за вметнување (44) Завртка за агломерот (вертикално) (45) Завртка за агломерот (хоризонтално) Технички податоци Пила за оплата GCM80SJ GCM800SJ GCM8000SJ GCM80SJ GCM800SJ GCM8000SJ Број на дел 3601M190.. 3601M1906. Номинална јачина W 1400 1250 Број на вртежи во празен од min
Ограничување на стартната струја ● ●
kg 14,1 14,1 Класа на заштита /II /II Димензии за соодветни сечила за пила Дијаметар на сечилото за пила mm 216 216 Дебелина на сечилото на пила mm 1,3−1,8 1,3−1,8 макс. ширина на сечење mm 3,3 3,3 1 609 92A A0B | (28.08.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 245 Пила за оплата GCM80SJ GCM800SJ GCM8000SJ GCM80SJ GCM800SJ GCM8000SJ Дијаметар на отворот mm 30 30 A) Тежина без кабел за струја и без приклучок за струја Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Дозволени димензии на делот што се обработува (види „Дозволени димензии на делот што се обработува“, Страница249) Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac. Информација за бучава Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841-3-9. 3601M190..: Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок91dB(A); ниво на звучна јачина104dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! 3601M1906.: Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок90dB(A); ниво на звучна јачина103dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вредноста на емисија на бучава наведена во овие упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на емисијата на бучава. Наведената вредност на емисија на бучава се однесува на основната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, вредноста на емисијата на бучава може да отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
u Избегнувајте невнимателно вклучување на електричниот алат. За време на монтажата и при сите интервенции на електричниот алат, струјниот приклучок не смее да се приклучува на напојување
Обем на испорака За тоа внимавајте на приказот на обемот на испорака на почетокот на упатството за
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани: – Пила за оплата со монтирано сечило на пилата – Столарска стега(7) – Продолжеток за маса за сечење(3) со сет за прицврстување (2x завртки за затворање(2), 2x завртки со крстест жлеб како осигурувач на извлекување) – Клуч со внатрешна шестаголна глава/крстест одвртувач(35) Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања. Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа. Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница. Монтирање на продолжетоци за масата за сечење (видисликаA) Масата за сечење може да се зголеми на левата и десната страна со помош на продолжетоците(3). – Вметнете ги продолжетоците за масата за сечење(3) до крај низ предвидените отвори на масата за сечење. – Навалете го електричниот алат, така што испорачаните две завртки со крстест жлеб ќе може да се монтираат како осигурувач на извлекување. Навртете ги завртките со крстест жлеб во предвидениот навој на продолжетоците за масата за сечење(3) и затегнете ги со крстест одвртувач(35). – Навалете го електричниот алат наназад и навртете ги завртките за затворање(2) за фиксирање на продолжетоците за масата за сечење(3) во предвидениот навој на масата за сечење(22). Фиксна или флексибилна монтажа u За да се овозможи безбедно ракување, електричниот алат мора да се монтира пред употребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа). Bosch Power Tools 1 609 92A A0B | (28.08.2024)246 | Македонски Монтажа на работна површина (види слика B1) – Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки на работната површина. За тоа служат отворите (1). Монтажа на работна маса на Bosch GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на електричниот алат на секоја подлога со помош на ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се обработува на работната маса служат како потпора на подолгите делови за обработка. u Прочитајте ги сите напомени за предупредување и упатства што се приложени на работната маса. Грешките настанати при непридржување до напомените за предупредување и упатствата може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
u Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го монтирате електричниот алат. Беспрекорната монтажа е важна за избегнување на ризикот од расклопување. – Монтирајте го електричниот алат во транспортна положба на работната маса. Флексибилна инсталација (не се препорачува!) (види слика B2) Доколку, во исклучителни случаи, не е возможно да го монтирате електричниот алат на рамна и стабилна работна подлога, може привремено да го поставите со заштита од превртување. u Без заштитата од превртување, електричниот алат нема да биде стабилен и може да се преврти при сечење на максимални хоризонтални и/или вертикални агли на закосување. – Свртете ја заштитата од превртување (27) навнатре или нанадвор додека електричниот алат не застане рамно на работната површина. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Всисувачот за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува. – Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот приклучок од приклучницата. – Почекајте додека сечилото за пила целосно не дојде во состојба на мирување. – Откријте ја причината за блокада и отстранете ја. Надворешно всисување За всисување, на исфрлувачот на струготини (13) може да приклучите и црево за всисување на прав (Ø 35 mm). – Поврзете го цревото за всисување на прав со исфрлувачот на струготини (13). Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува. При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач. Замена на сечилото за пила (види слика C1−C4) u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда. Употребувајте само сечила за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат. Користете само сечила за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN847-1 и се соодветно означени. Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето. Вадење на сечилото за пила – Подесете го електричниот алат во работна позиција. – Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава(36) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава(35) и истовремено притиснете ја блокадата за вретеното(29), додека не се вклопи. – Држете ја притисната блокадата на вретеното (29) и одвртете ја завртката (36) во правец на стрелките на часовникот (лев навој!). – Извадете ја стезната прирабница (37). – Притиснете го прекинувачот за блокада(17) и навалете го осцилаторниот заштитен капак(19) наназад до крај. – Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа позиција и извадете го сечилото за пила (39). 1 609 92A A0B | (28.08.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 247 – Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
Монтирање на сечилото за пила u При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на заштитниот капак! Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат. – Притиснете го прекинувачот за блокада(17), навалете го осцилаторниот заштитен капак(19) наназад до крај и држете го во оваа позиција. – Ставете го новото сечило за пила на внатрешната стезна прирабница(38). – Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак
– Поставете ги стезната прирабница(37) и завртката(36). Притиснете ја блокадата на вретеното(29), додека не се вклопи и затегнете ја завртката во правец спротивен на стрелките на часовникот.
u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
Транспортен осигурувач (видисликаD) Транспортниот осигурувач(30) Ви овозможува лесно ракување со електричниот алат при транспорт на различни места на примена. Отклучување на електричниот алат (работна
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (16), за да го ослободи транспортниот осигурувач (30). – Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот осигурувач (30). – Полека водете ја рачката на алатот нагоре. Прицврстување на електричниот алат (позиција за
– Олабавете ја завртката за фиксирање (11), ако го заглавува механизмот за влечење (12). Извлечете го кракот на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на механизмот за влечење. – За фиксирање на масата за сечење (22) затегнете го копчето за фиксирање (25). – Притиснете го прекинувачот за блокада(17) и рачката на алатот водете ја полека надолу со дршката(16). – Водете ја рачката на алатот надолу додека транспортниот осигурувач (30) целосно не се притисне навнатре. Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт. Подготовка за работа За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите. За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо. Поместување на граничната водилка (види сликаE) При сечење на вертикални агли на закосување мора да ја поместите подесливата гранична водилка (6). – Олабавете ја завртката за блокада(40) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава(35). Двете надворешни завртки за прицврстување не смеат да се олабавуваат! – Целосно извлечете ја граничната водилка (6)
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (40). По сечење на вертикални агли на закосување, повторно вратете ја назад подесливата гранична водилка (6) (олабавете ја завртката за фиксирање (40); поместете ја граничната водилка (6) целосно навнатре; повторно зетегнете ја завртката за фиксирање). Продолжување на масата за пила (види сликаF) Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат. Масата за пила може да се зголеми на левата и десната страна со помош на продолжетоците (3). – Олабавете ja завртката за затворање (2). – Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за сечење (3) до саканата должина. – За фиксирање на продолжетокот на масата за сечење повторно затегнете ја завртката за затворање (2). Прицврстување на делот што се обработува (види сликаG) За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот за
Не обработувајте делови за обработка, кои се премали за добро да се прицврстат. – Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки(6) и(21). – Вметнете ја испорачаната столарската стега(7) во отворите предвидени за таа намена(41). – Прилагодете ја навојната прачка(42) на столарската стега според висината на делот што се обработува. – Цврсто затегнете ја навојната прачка(42) и со неа фиксирајте го делот што се обработува. Bosch Power Tools 1 609 92A A0B | (28.08.2024)248 | Македонски Подесување на хоризонталниот агол на
Поставување на хоризонтални стандардни агли на закосување (види слика H) За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување на масата за пила има жлебови (28):
45°; 22,5°; 15° 15°; 22,5°; 45° – Отпуштете го копчето за фиксирање(25) доколку е
– Притиснете на лостот(26) и свртете ја масата за пила(22) до саканиот жлеб на левата или десната
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот. – Повторно затегнете го копчето за фиксирање(25). Подесување на хоризонтални агли на закосување Хоризонталниот агол на закосување може да се поставува во опсег од47° (на левата страна) до47° (на десната страна). – Отпуштете го копчето за фиксирање(25), доколку е
– Повлечете го лостот(26), свртете ја масата за пила(22) со копчето за фиксирање кон лево или десно и со помош на агломерот(24) наместете го посакуваниот хоризонтален агол на закосување. – Повторно затегнете го копчето за фиксирање(25). Подесување на вертикалниот агол на
Вертикалниот агол на закосување може да се поставува во опсег од0° (на левата страна) до45° (на десната
За брзо и прецизно подесување на често користени вертикални агли на закосување, предвидени се фиксни позиции за агли од 0° и 45°. Поставување на саканиот вертикален агол на закосување (види слика I) – Целосно извлечете ја граничната водилка(6)
– Олабавете ја затегнувачката рачка(10). – Рачката на алатот навалете ја на дршката(16), додека агломерот(32) не го прикаже саканиот агол на закосување. – Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и повторно затегнете ја затегнувачката рачка(10). Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот
Вклучување (види сликаJ) – За ставање во употреба притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (15) и држете го
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (15) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на
Само со притискање на прекинувачот за блокада(17), кракот на алатот може да се спушти надолу. – За сечење дополнително кон активирањето на прекинувачот за вклучување/исклучување(15) мора да го притиснете прекинувачот за блокада(17). Исклучување – За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (15). Ограничување на стартната струја Електронското ограничување на стартната струја ја ограничува јачината на струјата при вклучување на електричниот алат и овозможува работа на осигурувач од 16‑A. Напомена: Доколку електричниот алат стартува веднаш по вклучувањето со полн број на вртежи, ограничувањето на стартната струја не работи. Електричниот алат мора веднаш да се испрати во сервисната служба.
Општи напомени за сечење u Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање (25) и затегнувачкиот лост (10) пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува. u При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека сечилото за пила во ниеден момент нема да ја допре граничната водилка, столарските стеги или другите делови на уредот. Извадете го евентуално монтираниот помошен граничник или соодветно подесете го. Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го изложувајте сечилото за пила на страничен притисок. Сечете само материјали, кои се дозволени за наменската
Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора да има секогаш прав раб за поставување на граничната водилка. Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат. Проверете дали осцилаторната заштитна хауба може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Кога ја водите рачката на алатот надолу, мора да го отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога го водите рачката на алатот нагоре, осцилаторниот заштитен 1 609 92A A0B | (28.08.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 249 капак мора да се затвори преку сечилото за пила и да се фиксира во најгорната позиција на кракот на алатот. Позиција на корисникот (види слика K) u Не застанувајте во една линија со сечилото за пила пред електричниот алат, туку секогаш странично од сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е заштитено од можен повратен удар. – Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкото сечило за пила. – Не ги прекрстувајте дланките пред рачката на алатот. Сечење со влечење – За сечење со помош на механизмот за влечење (12) (широки делови за обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (11), доколку таа е затегната. – По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален агол на закосување. – Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки(6) и(21). – Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите. – Поместете го кракот на алатот од граничните водилки(6) и(21), додека сечилото за пила не дојде пред делот што се обработува. – Вклучете го електричниот алат. – Притиснете го прекинувачот за блокада(17) и рачката на алатот водете ја полека надолу со дршката(16). – Сега притиснете го кракот на алатот во правец на граничните водилки(6) и(21) и сечете го делот што се обработува со рамномерен притисок. – Исклучете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре. Сечење без влечење (отсекување) (види сликаL) – За сечење без повлекување (мали делови за обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (11), доколку истата е затегната. Поместете ја рачката на алатот до крај во правец на граничните водилки(6) и(21) и повторно затегнете ја завртката за фиксирање(11). – По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален агол на закосување. – Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки(6) и(21). – Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите. – Вклучете го електричниот алат. – Притиснете го прекинувачот за блокада(17) и рачката на алатот водете ја полека надолу со дршката(16). – Сечете го делот што се обработува со ист притисок. – Исклучете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре. Совети при работењето Дозволени димензии на делот што се обработува Максимални делови за обработка: Хоризонтален
Вертикален агол на закосување Висина x ширина [mm] 0° 0° 70x270 45° 0° 70x190 0° 45° 45x270 Минимални делови за обработка (= сите делови што се обработуваат, што може да се затегнат со испорачаната столарска стега(7) лево или десно од сечилото за пила): 100x40mm (должина х ширина) Максимална длабочина на резот (0°/0°): 70mm Специјални делови за обработка При сечење на свиткани или тркалезни делови за обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот што се обработува, граничната водилка и масата за пила. Доколку е потребно, мора да направите специјални
Менување на плочата за вметнување (види сликаM) Плочите за вметнување (23) може да го истрошат електричниот алат по подолга употреба. Заменете ја дефектната плоча за вметнување. – Подесете го електричниот алат во работна позиција. – Одвртете ги завртките(43) со клуч со внатрешна шестаголна глава(35) и извадете ги старите плочи за вметнување. – Ставете ја новата десна плоча за вметнување. – Прицврстете ја плочата за вметнување со завртките(43) што е можно по десно, така што по целата должина на можното повлекување на сечилото за пила нема да дојде во контакт со плочата за вметнување. – Повторете ги работните чекори аналогно за новата лева плоча за вметнување. Проверка и подесување на основните
За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите. За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо. Подесување на вертикален стандарден агол на закосување 0° – Подесете го електричниот алат во транспортна
– Свртете ја масата за пила (22) до жлебот (28) за 0°. Рачката (26) мора осетно да се вклопи во жлебот. Bosch Power Tools 1 609 92A A0B | (28.08.2024)250 | Македонски Проверка (види слика N1) – Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за пила (22). Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (39). Подесување (види сликаN2) – Олабавете ја затегнувачката рачка(10). – Олабавете ја контра-навртката на завртката- граничник(33) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10mm). – Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила. – Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката рачка(10). – Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот(33). Доколку по подесувањето агломерот(32) не е во линија со 0°-ознаката на скалата(31), олабавете ја завртката(44) со обичен крстест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0°-ознаката. Подесување на вертикален стандарден агол на закосување 45° – Подесете го електричниот алат во работна позиција. – Свртете ја масата за пила (22) до жлебот (28) за 0°. Лостот (26) мора осетно да се вклопи во жлебот. – Олабавете ја затезната дршка (10) и навалете ја рачката на алатот со дршката (16) до крај во лево (45°). Проверка (види сликаO1) – Поставете го аголното мерило 45° и ставете го на масата за пила (22). Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по целата должина со сечилото за пила (39). Подесување (види сликаO2) – Олабавете ја затезната дршка (10). – Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (9) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10mm). – Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е рамен по целата должина со сечилото за пила. – Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка (10). – Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (9). Доколку агломерот (32) по подесувањето не е во иста линија со 45°-ознаката на скалата (31), најпрво проверете ја повторно 0°-поставката за вертикалниот агол на закосување и агломерот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување. Хоризонтално подесување на агломерот (види сликаP) – Подесете го електричниот алат во работна позиција. – Свртете ја масата за пила (22) до жлебот (28) за 0°. Лостот (26) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Агломерот (24) мора да биде во една линија со 0°- ознаката на скалата (5).
– Олабавете ја завртката (45) со крстест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката. – Повторно зацврстете ја завртката. Транспорт (види сликаQ) Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори: – Олабавете ја завртката за фиксирање(11), доколку таа е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за
– Подесете го електричниот алат во транспортна
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат. Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате. – При подигање или транспорт, држете за жлебовите за држење(4) странично на масата за сечење(22). u За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Осцилаторниот заштитен капак(19) мора секогаш да се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак треба секогаш да
Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка по секоја работна
Редовно чистете го лизгачкиот валјак(20). Мерки за намалување на бучавата Мерки на производителот: – Фин старт – Испорака со сечило за пила специјално развиено за намалување на бучавата Мерки на корисникот: 1 609 92A A0B | (28.08.2024) Bosch Power ToolsSrpski | 251 – Монтажа без многу вибрации на стабилна работна
– Примена на сечила за пила со функција на намалување на бучавата – Редовно чистење на сечилото за пила и електричниот
Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Пила за оплата Број на дел/артикл
Notice-Facile