GSA 18V28 Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSA 18V28 Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GSA 18V28 Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSA 18V28 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSA 18V28 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSA 18V28 Professional BOSCH
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
▶ Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги cite упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за сабјести пили
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го потпрете на вас, тоа ће биде нестабилно и може да изгубите контрола.
▶ Држете ги рацете подалеку од делот каде што се сече. Не факајте под делот што се обработува.
Доколку дојдете во контакт со листовите за пила постои опасност од повреда.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
▶ При сечење внимавајте на тоа, основната плоча секогаш да лежи на делот што се обработува.
Листот за пилата може да се блокира и да доведе до губење контрола над електричниот алат.
По завршувањето на работењето исключете го електричниот алат и извадете го листот за пила од исечокот дури тогаш кога тој ќе застане. На тој начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно да го оставите електричниот алат.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила. Искривените или неостри листови за пила може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето или да предизвикаат повратен удар.
▶ Не го блокирајте листот за пилата по исклучувањето со странично контра-притискање.
Листот за пила може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
Цврсто стегнете го материјалот. Не го потпирајте делот што се обработува со рака или со нога. Не допирајте предмети или под со пила што работи.
Постои опасност од повратен удар.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвikuва оштетување.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага.
Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење на дрво, пластика, метал и градежни материјали со фиксирано запирање. Тој е наменет за прави и криви резови. Со користење на соодветни биметални сечила за пила, возможни се и кратки резови. Треба да внимавате на препораките за сечила за пила.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Сечило за пила ^a)
(2) Подеслива основна плоча
(3) Чаура за блокирање на сечилото за пила
(4) Прифат на сечило за пила
(5) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(6) Куки за закачување
(7) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
(8) Прекинувач за включување/исклучување
(9) Лост за подесување на осцилациите
(10) Копче за отклучување на батерија ^a)
(11) Батерија ^a)
(12) Рачка (изолирана површина на рачката)
(13) Завртка за основната плоча
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.
Технички податоци
| Сабјеста пила GSA 185-LI | ||
| Број на дел | 3 601 FC0 0.. | |
| Номинален напон V= 18 | ||
| Број на работни одови во празно n_o^A) | min ^1 | 0–2900 |
| Прифат на алатот SDS | ||
| Работен од mm 28 | ||
| Макс. длабочина на резот | ||
| – Во дрво mm 230 | ||
| – Во челик (нелегиран) mm 20 | ||
| – Дијаметар на цевката mm 150 | ||
| Тежина kg 3,5–4,6 | B) | |
| Препорачана околна температура при полнење | °C 0 ... +35 | |
| Дозволена околна температура при работење ^C) и при складирање | °C -20 ... +50 | |
| Компатибилни акумулаторски батерии | GBA 18V...ProCORE18V... | |
| Препорачани батерии за целосна моќност | ProCORE18V...≥ 5,5 Ah | |
A) Мерено при 20–25 °C со батерија ProCORE18V 8.0Ah.
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена мокност на температури < 0 °C
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-11.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 89 dB(A); ниво на звучна јачина 97 dB(A). Несигурност K = 5 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a_n (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-11:
Сечење на шперплоча со сечило за пила S 2345 X:
a_n,B = 18,7m / s^2,K = 1,5m / s^2
Сечење на дрвени греди со сечило за пила S 2345 X: a_n,WB = 23,1 m/s^2, K = 1,5 m/s^2 .
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , вода се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
| Трајно светло 3 × зелено 40–60 % |
| Трајно светло 2 × зелено 20–40 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–20 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
▶ При ставање или при замена на електричниот алат носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување се остри и може да се загреат при подолга употреба.
▶ При менувањето на сечилата за пила внимавајте на тоа, на прифатот за сечило за пила да нема остатоци од материјал, на пр. дрвени или метални струготини.
Бирање на сечилото за пила
Користете само сечила за пила со универсална основа од 1/2". Сечилото за пилата не треба да биде подолго отколку што е потребно за наменетото сечење.
Вметнување на сечилото за пила (види слика А)
Притиснете го сечилото за пила (1) силно во прифатот за сечило за пила (4), додека не слушнете да се вклопи. Притоа чаурата за блокирање (3) се врти за околу 90° и го блокира сечилото за пила.
Доколку сечилото за пила (1) не се блокира, свртете ја чаурата за блокирање (3) за околу 90° во правец на стрелката, додека не се блокира во отворена позиција и не се слушне кликнување. Потоа уште еднаш притиснете го сечилото за пила во прифатот за сечило за пила (4).
▶ Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото за пилата. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да се стави.
▶ При вадењето на сечилото за пила држете го електричниот алат така што нема да се повредат лица или животни со исфрленото сечило.
Свртете ја чаурата за блокирање (3) за околу 90° во правец на стрелката. Сечилото за пила (1) ке се исфрли.
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Употреба
Начини на работа
Вклучување/исклучување осцилации
Осцилациите овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува.
Доколку е можно, променете ја поставката на осцилации пред да го включите електричниот алат.

Включете ги осцилациите за работа во меки и средно тврди материјали (на пр. лесни градежни материјали, изолационен материјал, меко дрво, дрво и обоени метали, тврдо дрво, пластика).
Свртете го лостот за подесување осцилации (9) надолу.

Исклучете ги осцилациите за чисти рабови за сечење и за работа во тенки или тврди материјали (на пр. лим, челик). Свртете го лостот за подесување осцилации (9) нагоре.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување (види слика С)
За вклучување на електричниот алат прво притиснете ја блокадата при вклучување (7) на лево. Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8). Потоа притиснете ја блокадата при вклучување (7) повторно на десно.
Контрола на бројот на работни одови
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (8).
Со нежно притискање на прекинувают за вклучување/исклучување (8) се постинуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови:
– кога го поставувате сечилото на пилата на делот што се обработува за да може попрецизно да го поставите сечилото на пилата,
– при сечење на пластика и алуминиум за да се спречи топење на материјалот.
При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови.
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Доколку се блокира сечилото за пила, исключете го електричниот алат.
Совети
▶ При сечење на лесни градежни материјали, внимавајте на законските одредби и препораки на производителот на материјалот.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има туғи тела како на пр. клинци, завртки и употребете го соодветното сечило за пила.
Включете го електричниот алат и водете го по делот што треба да се обработи. Поставете ја основната плоча (2) на површината од делот што се обработува и сечете со еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По
завршување на работниот процес, исключете го електричниот алат.
Доколку се заглави сечилото за пила, веднаш исключете го електричниот алат. Раширете го процепот што сте го направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете го електричниот алат.
Основна плоча што може да се навали и извади (види слики D-E)
Основната плоча (2) поради својата подвижност се подесува на потребниот агол на површината.
Основната плоча (2) може да се помести бесстепено по должна во зависност од користениот лист за пила и употребата.
Олабавете ги завртките (13) со внатрешен шестаголен клуч (5) и притиснете ја основната плоча (2) во саканата позиција. Повторно затегнете ги завртките и проверете дали основната плоча е добро фиксирана.
Сечење со вдлабнување (види слика F)
▶ Смеат да се обработуваат само меки материјали како дрво, гипс картон и сл. при сечење со вдлабнување! Не обработувајте метални материјали со сечење со вдлабнување!
За пилата за вдлабнување користете само кратки сечила за пила.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на основната плоча (2) на делот што се обработува, без сечилото за пила (1) да го допира делот што се обработува и включете го. Кај електричните алати со контрола на бројот на удари, поставете го максимальниот број на работни одови. Притиснете го електричниот алат на делот што се обработува и оставете го сечилото за пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.
Штом основната плоча (2) целосно їе налегне на површината на делот што се обработува, продолжете да сечете по должна на саканата линија.
За одредени работи, сечилото за пила (1) може да се постави со вртење за 180°, а сабјестата електричниот алат да се води соодветно свртен.
Со еластичните биметални сечила за пила, може да сечете на пр. градежни елементи што стрчат непосредно на сидот, како што се водоводни цевки.
▶ Внимавајте, сечилото за пила треба секогаш да биде подолго од дијаметарот на делот што се обработува. Постои опасност од повратен удар.
Поставете го сечилото за пила директно на сид и свиткајте го малку со страничен притисок на електричниот алат, додека основната плоча не легне на сидот. Включете го електричниот алат и сечете го делот што се обработува со константен страничен притисок.
Со куките за закачување (6) може да го закачите електричниот апарат на пр. на скала. Склопете ги куките за закачување во саканата позиција.
▶ При закачувањето на електричниот уред, внимавајте листот за пилата да е заштитен од невнимателно допирање. Постои опасност од повреда.
Повторно склопете ги куките за закачување (6) кога їе сакате да работите со електричниот алат.
Средство за ладење/подмачкување
При сечење на метал поради загревање на материјалот треба да нанесете средство за ладење одн. подмачкување по должина на линијата за сечење.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Прифатот за сечило за пила, воглавно може да го исчистите со мека четка. Притоа, извадете го сечилото за пила од електричниот алат. Одржувајте ја функционалноста на прифатот за листовите за пила со употреба на соодветни средства за подмачкување.
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава материјали што прават многу прашина.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ke Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на:
Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Електричните алати кои повеće не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.
Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 163).