BOSCH GSA 1500 Professional - Пила

GSA 1500 Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSA 1500 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 126 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH GSA 1500 Professional - page 115
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GSA 1500 Professional

Категорија : Пила

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSA 1500 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSA 1500 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSA 1500 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. Bosch Power Tools 1 609 92A 52K | (05.02.2021)116 | Македонски u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни напомени за сабјести пили u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. u Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го потпрете на вас, тоа ќе биде нестабилно и може да изгубите контрола. u Држете ги рацете подалеку од делот каде што се сече. Не фаќајте под делот што се обработува. Доколку дојдете во контакт со листовите за пила постои опасност од повреда. u При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. u Ставете го електричниот алат само кога е вклучен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува. u При сечење внимавајте на тоа, основната плоча секогаш да лежи на делот што се обработува. Листот за пилата може да се блокира и да доведе до губење контрола над електричниот алат. u По завршувањето на работењето исклучете го електричниот алат и извадете го листот за пила од исечокот дури тогаш кога тој ќе застане. На тој начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно да го оставите електричниот алат. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. u Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила. Искривените или неостри листови за пила може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето или да предизвикаат повратен удар. u Не го блокирајте листот за пилата по исклучувањето со странично контра-притискање. Листот за пила може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар. u Цврсто стегнете го материјалот. Не го потпирајте делот што се обработува со рака или со нога. Не допирајте предмети или под со пила што работи. Постои опасност од повратен удар. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар. 1 609 92A 52K | (05.02.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 117 Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за сечење на дрво, пластика, метал и градежни материјали со фиксирано запирање. Тој е наменет за прави и криви резови. Со користење на соодветни биметални сечила за пила, возможни се и кратки резови. Треба да внимавате на препораките за сечила за пила. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Сечило за пила (2) Основна плоча (3) Прифат на сечило за пила (4) Капачиња за карбонските четки (5) Блокада на прекинувачот за вклучување/ исклучување (6) Прекинувач за вклучување/исклучување (7) Клуч со внатрешна шестаголна глава (8) Рачка (изолирана површина на рачката) (9) SDS-рачка за стегање и олабавување на сечила за

(10) Карбонски четки Технички податоци Сабјеста пила GSA 120 Број на дел 3601FB10.. Контрола на бројот на работни

Номинална јачина W 1200 Број на работни одови во празно n

0−3000 Прифат на алатот SDS Работен од mm 29 макс. длабочина на резот – во дрво mm 220 – во челик (нелегиран) mm 20 – дијаметар на цевката mm 220 Сабјеста пила GSA 120 Тежина согласно EPTA- Procedure01:2014 kg 3,7 Класа на заштита

Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноEN62841‑2‑11. Нивото на звук на електричниот алат оценето соА типично изнесува: ниво на звучен притисок 89dB(A); ниво на звучна јачина 100dB(A). Несигурност K=5dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со EN62841‑2‑11: Сечење на шперплоча со сечило за пилаS611DF:

Сечење на дрвени греди со сечило за пилаS611DF:

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

Bosch Power Tools 1 609 92A 52K | (05.02.2021)118 | Македонски Вметнување/замена на сечилото за пилата u При ставање или при замена на електричниот алат носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување се остри и може да се загреат при подолга употреба. u При менувањето на сечилата за пила внимавајте на тоа, на прифатот за сечило за пила да нема остатоци од материјал, на пр. дрвени или метални струготини. u Исто така, осигурајте се дека не е скршено вратилото на прифатот за сечило за пила. Бирање на сечилото за пила Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство. Ставајте само сечила за пила со 1/2"-универзален држач. Сечилото за пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за предвидениот

Дебелината на држачот на сечилото за пила мора да изнесува0,8–1,8mm. Вметнување на сечилото за пила (видисликаA) Притиснете го SDS-лостот(9) нанапред и водете го сечилото за пилата(1) зад стезната плоча во прифатот за сечило за пила(3). Отпуштете го SDS-лостот(9). u Со влечење проверете дали е зацврстено сечилото за пилата. Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди. За одредени работи, сечилото за пила(1) може да се сврти за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да

Вадење на сечилото за пила (видисликаB) u Пред да го извадите сечилото за пила, оставете го да се олади. Доколку го допрете жешкото сечило на пила, постои опасност од повреда. Притиснете го SDS-лостот(9) нанапред и извлечете го сечилото на пила(1). Отпуштете го SDS-лостот(9). Всисување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230V исто така може да се користат и на 220V. Вклучување/исклучување За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (6). За Фиксирање на прекинувачот за вклучување/ исклучување, (6) држете го истиот притиснат и дополнително притиснете на копчето за фиксирање (5). За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6). Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (6) е блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го. Контрола на бројот на работни одови Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/ исклучување (6). Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување (6) се постигнуваат мал број на работни одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови. Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична

Се препорачува намалување на бројот на работни одови при поставување на сечилото за пила на алатот, како и при сечење на пластика и алуминиум. При подолготрајно работење со мал број на работни одови, електричниот алат може многу да се вжешти. Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да работи околу 3 мин. со максимален број на работни одови. Совети при работењето u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го електричниот алат.

u При сечење на лесни градежни материјали, внимавајте на законските одредби и препораки на производителот на материјалот. Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како 1 609 92A 52K | (05.02.2021) Bosch Power ToolsМакедонски | 119 на пр. клинци, завртки и употребете го соодветното сечило за пила. Вклучете го електричниот алат и водете го по делот што треба да се обработи. Поставете ја основната плоча(2) на површината од делот што се обработува и сечете со еднаков притисок одн. иста брзина по материјалот. По завршување на работниот процес, исклучете го електричниот алат. Доколку се заглави сечилото за пила, веднаш исклучете го електричниот алат. Раширете го процепот што сте го направиле при сечењето со соодветен алат и извлечете го електричниот алат. Подеслива основна плоча (видисликаC) Основната плоча(2) поради својата подвижност се подесува на потребниот агол на површината. Сечење со вдлабнување (види сликиE–F) u Смеат да се обработуваат само меки материјали како дрво, гипс картон и сл. при сечење со вдлабнување! Не обработувајте метални материјали со сечење со вдлабнување! За пилата за вдлабнување користете само кратки сечила

Поставете го електричниот алат со предниот раб на основната плоча (2) на делот што се обработува, без сечилото за пила (1) да го допира делот што се обработува и вклучете го. Кај електричните алати со контрола на бројот на удари, поставете го максималниот број на работни одови. Притиснете го електричниот алат на делот што се обработува и оставете го сечилото за пила полека да се вдлабне во делот што се обработува. Штом основната плоча(2) целосно ќе налегне на површината на делот што се обработува, продолжете да сечете по должина на саканата линија. За одредени работи, сечилото за пила(1) може да се постави со вртење за 180°, а сабјестата електричниот алат да се води соодветно свртен. Кратки резови (видисликаD) Со еластичните биметални сечила за пила, може да сечете на пр. градежни елементи што стрчат непосредно на ѕидот, како што се водоводни цевки. u Внимавајте, сечилото за пила треба секогаш да биде подолго од дијаметарот на делот што се обработува. Постои опасност од повратен удар. Поставете го сечилото за пила директно на ѕид и свиткајте го малку со страничен притисок на електричниот алат, додека основната плоча не легне на ѕидот. Вклучете го електричниот алат и сечете го делот што се обработува со константен страничен притисок. Средство за ладење/подмачкување При сечење на метал поради загревање на материјалот треба да нанесете средство за ладење одн. подмачкување по должина на линијата за сечење. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Прифатот за сечило за пила, воглавно може да го исчистите со мека четка. Притоа, извадете го сечилото за пила од електричниот алат. Одржувајте ја функционалноста на прифатот за листовите за пила со употреба на соодветни средства за подмачкување. Големи нечистотии можат да доведат до пречки во функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава материјали што прават многу прашина. Замена на карбонските четки (видисликаG) Проверувајте ја должината на карбонските четки на секои 2–3 месеци и доколку е потребно заменете ги. Никогаш не менувајте само една карбонска четка! Напомена: Користете само карбонски четки од Bosch, кои се наменети за производот. – Олабавете ги капачињата (4) со соодветен одвртувач. – Заменете ги карбонските четки (10) што се под притисок на пружината и повторно навртете ги капачињата. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Bosch Power Tools 1 609 92A 52K | (05.02.2021)120 | Srpski Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете