GST 18V155 BC Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GST 18V155 BC Professional BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Безжична прободна пила |
| Марка | Bosch |
| Модел | GST 18V155 BC Professional |
| Номинален напон | 18 V |
| Брзина на рез без оптоварување | 0 – 3 800 мин⁻¹ (променлива) |
| Ход | 26 mm |
| Макс. длабочина на рез (дрво) | 155 mm |
| Макс. длабочина на рез (алуминиум) | 20 mm |
| Макс. длабочина на рез (нелегиран челик) | 10 mm |
| Тежина (во зависност од батерија) | 2,3 – 3,3 kg |
| Ниво на звучен притисок | 89 dB(A) |
| Ниво на звучна моќност | 100 dB(A) |
| Неодреденост K | 5 dB |
| Вибрации (сечење панели) | 8 m/s² (K=1,5 m/s²) |
| Вибрации (сечење лимови) | 5 m/s² (K=1,5 m/s²) |
| Компатибилни батерии | GBA 18V… / ProCORE18V… |
| Компатибилни полначи | GAL 18… / GAX 18… / GAL 36… |
| Пренос на податоци | Bluetooth® 4.2 Low Energy (досег 30 m) |
| Клатно движење | 4 позиции (0, I, II, III) |
| Дување | Може да се активира/деактивира |
| LED осветлување | Да, прилагодливо преку контролен екран |
| Функција Drop Control | Автоматско запирање при пад |
| Безбедност | Заштита од термичко преоптоварување, двојна брава на батеријата |
| Одржување | Редовно чистете ги вентилационите отвори и држачот за сечиво |
| Резервни делови | Достапни на www.bosch-pt.com |
| Поправливост | Сервис на Bosch (онлајн формулар и телефонска услуга) |
Frequently Asked Questions - GST 18V155 BC Professional BOSCH
Прашања на корисниците за GST 18V155 BC Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GST 18V155 BC Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GST 18V155 BC Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GST 18V155 BC Professional BOSCH
mk Оригинално упатстро за работа
sr Originalno uputstvo za rad
sl Izvima navpdila
hr Originalne upute za rad
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
▶ Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат.
Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
He користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги cite упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за убодни пили
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Користете менгеме или некој друг практичен начин за да го обезбедите и прицврстите делот што се обработува на стабилна површина. Доколку го држите делот што се обработува со рака или го потпрете на вас, тоа ће биде нестабилно и може да изгубите контрола.
▶ Држете ги рацете подалеку од делот каде што се сече. Не факајте под делот што се обработува.
Доколку дојдете во контакт со листовите за пила постои опасност од повреда.
Ставете го електричниот алат само кога е включен на делот што се обработува. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку алатот што се вметнува се заглави во делот што се обработува.
▶ При сечење внимавајте на тоа, основната плоча да лежи стабилно. Свитканиот лист пила може да се скрши или да доведе до повратен удар.
По завршувањето на работењето исключете го електричниот алат и извадете го листот за пила од исечокот дури тогаш кога тој ќе застане. На тој начин ќе избегнете повратен удар и ќе може безбедно да го оставите електричниот алат.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ Користете само неоштетени, беспрекорни листови за пила. Искривените или неостри листови за пила може да се скршат, да влијаат негативно на сечењето или да предизвикаат повратен удар.
▶ Не го блокирајте листот за пилата по ислучувањето со странично контра-притискање.
Листот за пила може да се оштети, скрши или да предизвика повратен удар.
▶ Користете го електричниот алат ислучиво со основната плеча. Кога работите без основната плеча, постои ризик да не можете да го контролирате електричниот алат.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
▶ Внимание! При користењето на електричниот алат со Bluetooth ^ може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се исклучи можноста за повреда на луфе и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth ^ во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете електричниот алат со Bluetooth ^* во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за сечење во дрво, пластика, метал, керамички плочки, гумени материјали и ламинат/HPL (High Pressure Laminate) на стабилна подлога. Toj е наменет за прави и криви резови. Внимавајте на безбедносните напомени за пила.
Податоците и подесувањата на електричниот алат може да се пренесат при активиран Bluetooth ^ Low Energy модул со Bluetooth ^ безжичната технологија меѓу електричниот алат и мобилниот уред.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Рачка (изолирана површина на рачката)
(2) Кориснички интерфејс
(3) Приказ за паметен телефон (Кориснички интерфејс)
(4) Приказ за ASC (Кориснички интерфејс)
(GST 18V-155 SC)
(5) Приказ за статусот на електричниот алат (кориснички интерфејс)
(6) Приказ за работно светло (кориснички интерфејс)
(7) Копче за работно светло (кориснички интерфејс)
(8) Приказ за степен на работни одови (Кориснички интерфејс)
(9) Копче за претходно избирање на работни одови (кориснички интерфејс)
(10) Батерија ^a)
(11) Копче за отклучување на батерија ^a)
(12) Копче за отклучување на млазници за всисување
(13) Основна плоча
(14) Пластична лизгачка плоча
(15) Водилка за сечилото за пилата
(16) Сечило за пила
(17) Заштита од допир
(18) Прифат на сечило за пила
(19) SDS-лост за блокирање на сечилото за пила
(20) Работно светло
(21) Прекинувач за включување/исклучување
(22) Лост за подесување на осцилациите
(23) Прекинувач за уред за оддувување на струготините
(24) Отвор за поставување на водилката на сечилото за пилата
(25) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување (GST 18V-155 BC)
(26) Клуч со внатрешна шестаголна глава
(27) Заштита од кинење
(28) Заштитен капак за всисување
(29) Млазници за всисување
(30) Црево за издувни гасови ^a)
(31) Водилка за паралелниот граничник
(32) Завртка за подесување на паралелниот граничник ^a)
(33) Паралелен граничник ^4
(34) Шина водилка ^a)
(35) Адаптер за шините-водилки ^a)
(36) Кружен секач ^4
a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Батерија на убодна пила GST 18V-155 SC GST 18V-155 BC | ||
| Број на дел | 3 601 EB0 0.. 3 601 EB1 0.. | |
| Номинален напон V= 18 18 | ||
| Број на работни одови во празно n_o min | -1 | 800–3800 0–3800 |
| Работен од mm 26 26 | ||
| Макс. длабочина на резот | ||
| – во дрво mm 155 155 | ||
| – во алуминиум mm 20 20 | ||
| – во челик (нелегиран) mm 10 10 | ||
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg 2,3–3,3 | A) | 2,3–3,3A) |
| Препорачана околна температура при полнење °C 0 ... +35 0 ... +35 | ||
| Дозволена околна температура при полнењеB) и при складирање | °C | -20 ... +50 -20 ... +50 |
| Препорачани акумулаторски батерии | GBA 18V...ProCORE18V... | GBA 18V...ProCORE18V... |
| Препорачани полначи | GAL 18...GAX 18...GAL 36... | GAL 18...GAX 18...GAL 36... |
Пренос на податоци
| Bluetooth®(C) | Bluetooth® 4.2(Low Energy) | Bluetooth® 4.2(Low Energy) | |
| Maks. oncser ha cinnalot. D) | m 30 30 | ||
| Oncser ha operativna φrekvenциja | MHz | 2400-2483,5 | 2400-2483,5 |
| Jačina na inspračaњe maks. | mW | < 1 | < 1 |
A) во зависност од употребената батерија
В) Ограничена јачина при температури <0 °C.
C) Мобилните уреди мора да се компатибилни со Bluetooth ^™ Low Energy уредите (верзија 4.2) и да го поддржуваат Generic Access Profile (GAP).
D) Опсегот може могу да варира во зависност од надворешните услови, включително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. сидови, ормари, куфери итн.) опсerot на Bluetooth® може значително да се намали.
Информации за бучава/вибрации
| GST 18V-155 SC GST 18V-155 BC | |||
| Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-11. | |||
| Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: | |||
| Ниво на звучен притисок | dB(A) | 89 89 | |
| Ниво на звучна јачина | dB(A) | 100 100 | |
| Несигурност К | dB | 5 | 5 |
| Носете заштита за слухот! | |||
GST 18V-155 SC GST 18V-155 BC
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-11:
Сечење на шперплоча со сечило за пила Т 144 DP:
| a_h,B | m/s2 | 8 | 8 |
| K m/s | 2 | 1,5 | 1,5 |
Сечење на метален лим со сечило за пила T 118 AF (со стапка на број на движења 4):
| a_h,M | m/s2 | 7 | 5 |
| K m/s | 2 | 1,5 | 1,5 |
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , вода се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.
Наполнетоста на акумулаторската батерија се прикажува и на корисничкиот интерфејс (види „Прикази за Costaјба“, Страница 235).
| Трајно светло 2 × зелено 30–60 % |
| Трајно светло 1 × зелено 5–30 % |
| Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 % |
| Трајно светло 4 × зелено 60–80 % |
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Вметнување/замена на сечилото за пилата
▶ При ставање или при замена на електричниот алат носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување се остри и може да се загреат при подолга употреба.
Бирање на сечилото за пилата
Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за пила со сечило со еден заоблен дел (Т-сечило). Сечилото за пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за предвидениот рез.
За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за пила.
Вметнување на сечилото за пила и прилагодување на водилката на сечилото за пила (види слики А–В)
Исчистете го сечилото на листот за пила пред вметнувањето. Нечистото сечило не може да се прицврсти стабилно.
Евентуално извадете го заштитниот капак (28).
Повлечете го SDS-лостот (19) до крај кон нанапред и држете го таму. Вметнете го сечилото за пила (16) со запците во правец на резот, додека не се вклопи во прифатот за сечило за пила (18).
Внимавајте при вметнувањето на сечилото за пила, тоа да поминува помеѓу запците на водилката на сечилото за пила (15).
▶ Проверете дали е стабилно сечилото за пила.
Лабаво поставеното сечило за пила може да испадне и да Ве повреди.
За добар резултат од сечење, запците на водилката на сечилото за пила (15) колку што е можно поблиску да лежат на сечилото за пила (16), без да го заглавува сечилото за пила. За да го прилагодите растојанието до дебелината на сечилото за пила, можете да прилагодите еден забец на водилката за сечилото на пилата.
Поставете клучот со внатрешна шестаголна глава (26) во отворот за поставување (24) во основната плоча. Вртете го клучот со внатрешна шестаголна глава според ознаката покрај отворот за поставување (во правец на стрелките на часовникот: намалување на растојание; спротивно од стрелките на часовникот: зголемување на растојание). Проверете дали сечилото на пилата може да се движи слободно.
Повлечете го SDS-лостот (19) нанапред до крај и извадете го сечилото за пила (16).
Заштитата од кинење (27) (опрема) може да спречи кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од кинење може да се користи само со одредени видови на сечила за пила.
Вметнете ја заштитата од кинење (27) од напред во основната плоча (13).
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
- Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Монтирајте го заштитниот капак (28), пред да го приключите електричниот алат на всисувач за прашина.
234 | Македонски
Ставете го заштитниот капак (28) (опрема) со држачот странично на заштитата од допир (17). Притиснете го заштитниот капак на другата страна на заштитата од допир, на тој начин што држачите ће се вклопат на заштитата од допир.
Извадете го заштитниот капак (28) кога работите без приклучување на всисувач за прав. Држете го заштитниот капак на една страна и извлечете го нанапред од заштитата од допир (17).
Вклучување на системот за всисување прав (види слики F-H)
Отстранете ја батеријата (10), пред да ги вметнете или отстраните млазниците за всисување.
Поставете ги млазниците за всисување (29) во вдлабнатините на основната плоча (13).
Поставете црево за всисување (30) (опрема) на млазниците за всисување (29). Поврзете го цревото за всисување (30) со всисувач за прашина (опрема).
Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова упатство.
Исклучете го уредот за оддувување на струготините, ако го имате приключено всисувачот за прашина.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.
За повторно да ги отстраните млазниците за всисување (29), притиснете го копчето за отклучување (12) и извлечете ги млазниците за всисување од основната плоча (13).
Употреба
Начини на работа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за включување/исклучување постои опасност од повреди.
Подесување на осцилации
Осцилациите што се подесуваат на четири нивоа овозможуваат оптимално прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се обработува.
Со рачката за подесување (22) можете да ги поставите осцилациите и за време на работата.
Ниво О нема осцилации
Ниво III (MAX) големи осцилации
Оптималниот степен на осцилирање за односната примена може да се одреди со практичен обид. Притоа важат следните препораки:
– Доколку го изберете степенот на осцилирање што помал одн. целосно го исключите, толку єе биде подобар и почист исечениот раб.
– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови) исключете го осцилирањето.
– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало осцилирање.
– Кај меки материјали и при сечење на дрво може да се работи со максимально осцилирање.
Уред за оддувување на струготините
Со струењето на воздухот на уредот за оддувување на струготини може да се одржува чиста линијата на резот од струготини.
Вклучување на уредот за оддувување на струготините: за работа со големи количини на отстранет материјал во дрво, пластика итн., притиснете го прекинувачот (23) во позиција I.
Исклучување на уредот за оддувување на струготините: за работа во метал како и приключениот систем за всисување прав, притиснете го прекинувачот (23) во позиција 0.
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување (GST 18V-155 SC)
▶ Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за включување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат, притиснете го десниот или левиот прекинувач за вклучување/исклучување (21) до крај нанапред и потоа пуштете го.
Напомена: При вклучувањето, прекинувачот за вклучување/исклучување (21) мора да биде малку подолго време притиснат нанапред отколку што е потребно за исклучувањето, за да се спречи случајно вклучување.
За исклучување на електричниот алат, повторно притиснете го десниот или левиот прекинувач за вклучување (21) до крај нанапред и потоа пуштете го.
Вклучување и исклучување и контрола на работни одови (GST 18V-155 BC)
За Вклучување на електричниот алат прво притиснете покрај симболот на блокадата при вклучување (25) и со тоа єе ја деактивирате. Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (21) и држете го притиснат.
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (21).
Со нежно притискање на прекинувают за вклучување/исклучување (21) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на работни одови.
Максималните работни одови зависит од степенот на работни одови, кој се поставува во корисничкиот интерфејс.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (21). За да ја активирајте блокадата при вклучување (25), притиснете покрај симболот на блокадата при вклучување
Исклучување при удар
Интегрираното ислучување при удар го ислучува електричниот алат, штом по пад се најде на земјата.
Ако е активирано исклучувањето при удар, приказот за статус (5) свети во црвена боја. Информации за причината на исклучувањето може да најдете во апликацијата Bosch Toolbox.
Повторно включете го електричниот алат:
– GST 18V-155 SC: Притиснете го десниот или левиот прекинувач за включување/исклучување (21) двапати до крај нанапред и потоа пуштете го.
– GST 18V-155 BC: Притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (21)и држете го притиснат.
Исклучувањето при удар може да го деактивирате преку апликацијата Bosch Toolbox.
Корисничкиот интерфејс служи за:
– приказ за статус на електричниот алат
– за включување/исклучување на работното светло
– за претходно избирање/контролирање на работни одови
– за контрола на ASC при степенот на работни одови 6 (GST 18V-155 SC, кај фабричка поставка)
– за сигнализирање на предупредувањата во апликацијата (заштита од преоптоварување зависно од температурата, исклучувањето при удар)
Прикази за состојба
| Боја на приказ за статус (5) | Значење Помош |
| – Електричниот алат е ислучен – | |
| Зелено Електричниот алат е включен и е подготвен за употреба | – |
| Жолто достигната е критична температура Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот алат да се излади околу 3 мин.со максимален број на работни одови. | |
| Батеријата е речиси празна Наполнете ја батеријата. | |
| Црвено Електричниот алат е прегреан. Оставете го електричниот алат да се олади. | |
| Батеријата е празна Наполнете ја батеријата. | |
| Трепка црвено Исклучувањето при удар е активирано Прочитајте ја пораката на мобилниот уред. | |
| сино Поврзете го електричниот алат преку Bluetooth® со мобилен уред | – |
| Трепка сино Пренос на податоци | – |
Вклучување/исклучување на LED-работното светло
За включување одн. исклучување на работното светло (20) притиснете го копчето за работното светло (7), додека на приказот за работното светло (6) не се прикаже саканиот статус.
▶ Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
Претходно избирање на бројот на одови
Со копчето за избирање на бројот на работни одови (9) можете претходно да го изберете бројот на работни одови и за време на работата да го промените. Притискајте го копчето за избирање на работни одови, додека саканиот степен на работни одови не се прикаже во приказот за степен на работни одови (8). При исклучување на електричниот алат се зачувува последно поставениот степен на работни одови.
Достапни степени на работни одови:
- GST 18V-155 SC: Степен на работни одови 1–6 како и дополнителен степен на работни одови 6 со ASC (приказот за ASC (4) свети)
– GST 18V-155 BC: Степен на работни одови 1–6; работните одови дополнително може да се контролираат преку прекинувачот за вклучување/исклучување (21) до максимальниот број на работни одови на поставениот степен на работни одови
Можете да ги промените вредностите и бројот на претходно поставените степени на работни одови преку апликацијата Bosch Toolbox.
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови при сечење на пластика и метал.
Контролирање на работните одови преку ASC (Adaptive Speed Control) (GST 18V-155 SC)
За што е можно попрецизно сечење, работните одови може автоматски да се намалат со помош на ASC пред да се стави сечилото на пилата на делот што се обработува. Ако сечилото на пилата го допре делот што се обработува, работните одови автоматски се зголемуваат до поставениот степен на работни одови.
Кај фарбичка поставка степенот на работни одови 6 е достапен со или без ASC. За работа со ASC притискајте го копчето за претходно избирање на бројот на работните одови (9), додека приказот за ASC (4) не свети и додека А не се појави во приказот за степенот на работни одови (8).
Преку апликацијата Bosch Toolbox можете исто така да го включите или ислучите ASC за понатамошни степени на работни одови. При променети поставки при включен ASC свети ислучиво приказот за ASC (4), во приказот за степен на работни одови (8) повеće не се прикажува A.
Совети при работењето
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Доколку се блокира сечилото за пила, исключете го електричниот алат.
▶ При обработка на мали или тенки парчиња, секогаш користете стабилна подлога.
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни материјали итн. проверете дали на нив има тући тела како на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете ги.
Убодната пила главно е дизајнирана за вршење заболени засеци. Bo Bosch-асортиманот се включени и додатоци кои овозможуваат право сечење или кружно сечење (во зависност од моделот на убодната пила на пр. паралелен граничник, шина-водилка или кружен секач).
При работата рачните убодни пили може да „го изгубат правецот“, што значи дека аголот и прецизноста на сечењето ќе бидат намалени. Одлучувачки фактори кои влијаат на прецизноста се дебелината на сечилото на пилата, должината на сечењето и густината и дебелината на материјалот на делот што се обработува.
Затоа, секогаш треба со пробни засеци да проверувате дали резултатот од сечењето на избраниот систем одговара на вашите барања на примена.
При работа со паралелен граничник (33) дебелината на делот што се обработува не смее да надминува 30 mm. Олабавете ја завртката за подесување (32) и турнете ја скалата на паралелниот граничник низ отворот (31) на основната плоча. Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на скалата на внатрешниот раб на основната плоча. Затегнете ја завртката за подесување (32).
Адаптерот за шините-водилки (35) е потребен:
– за право сечење со помош на шините-водилки (34) (опрема)
– за кружно сечење со кружен сечач (36) (опрема)
Осигурајте се дека пластичната лизгачка плоча (14) е монтирана на основната плоча (13). Поставете го електричниот уред во адаптерот за шините-водилки (35). За употреба на адаптерот за шините-водилки следете го соодветното упатство за користење.
Со помош на кружниот секач (36) и адаптерот за шините- водилки (35) можни се точни заоблени сечења. За употреба на кружниот секач следете го соодветното упатство за користење.
Средство за ладење/подмачкување
При сечење на метал поради загревање на материјалот треба да нанесете средство за ладење одн. подмачкување по должина на линијата за сечење.
Функции на поврзување
Системски предуслови за користење на апликацијата
Системски барања
Инсталација и употреба на апликацијата
За да може да ги користите функциите на поврзување, прво мора да инсталирате – специфична – апликација во зависност од крајниот уред.
– Преземете ја апликацијата преку соодветниот App-Store (Apple App Store, Google Play Store).
Напомена: потребен е кориснички профил кај соодветниот AppStore.
Име на
апликација
Bosch Toolbox
iOS Android


– Потоа во апликацијата изберете ја потточката MyTools или Connectivity.
– Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите понатамошни чекори за поврзување на електричниот уред со крајниот уред.
Пренос на податоци преку Bluetooth®
Вградениот Bluetooth ^* Low Energy модул испраќа сигнал во редовни интервали. Во зависност од околината, може да се потребни повеќе интервали за испраќање, пред да се препознае електричниот алат. Доколку електричниот алат не се препознае, проверете го следново:
– Дали растојанието до мобилниот уред е преголемо?
Намалете го растојанието меѓу мобилниот уред и
електричниот алат.
– На мобилниот уред исключете го Bluetooth® и повторно включете го.
Проверете дали сега се препознава електричниот алат.
Функции во поврзување со електричниот алат
Во поврзување со Bluetooth® Low Energy модулот на располагање ги имате следните функции на поврзување за електричниот алат:
– Регистрирање и персонализирање
– Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување
– Општи информации и подесувања
- Управување
– Програмирање на степените на работните одови
– Вклучување и исклучување и контрола на ASC (GST 18V-155 SC)
– Пораки за предупредување (заштита од преоптоварување зависно од температурата, ислучување при удар)
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Редовно чистете го прифатот за сечилата за пила. За го исчистите, извадете го сечилото за пила од електричниот алат и тропнете лесно со електричниот алат на рамна површина.
Големи нечистотии можат да доведат до пречки во функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава материјали што прават многу прашина.
Доколку излезот за прашина се затне, исключете го електричниот алат, извадете го всисувачот за прашина и отстранете ги прашината и струготините.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!
238 | Srpski
Само за земјите од ЕУ:
Според европейката директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 237).