BOSCH GCD 18V355 Professional - Пила

GCD 18V355 Professional - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCD 18V355 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 437 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice BOSCH GCD 18V355 Professional - page 260
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GCD 18V355 Professional

Категорија : Пила

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCD 18V355 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCD 18V355 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCD 18V355 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. Bosch Power Tools 1 609 92A A2V | (20.12.2024)260 | Македонски u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно 1 609 92A A2V | (20.12.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 261 ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од

u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за пили за сечење на

u Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде. u Секогаш користете неоштетена стезна прирабница со соодветна големина и облик за избраното сечило за пила. Соодветната прирабница го држи сечилото за пила за сечење и така ја намалува опасноста од лизгање на сечилото. u Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се заштити и контролира. u Сечилата за пила и прирабницата мора точно да одговараат на вретеното на Вашиот електричен алат. Алатите за вметнување што не одговараат точно на вретеното на електричниот алат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може да доведат до губење на контролата. u Не користете оштетени сечила за пила. Пред секоја употреба проверете ги сечилата за пила дали се скршени или пукнати. Доколку ви падне електричниот алат или сечилото за пила, проверете дали е оштетен алатот или пак употребете неоштетено сечило за пила. Откако сте го провериле и ставиле сечилото за пила, не им дозволувајте на лицата да бидат во близина на висина на ротирачкото сечило за пила и оставете го електричниот алат да врти една минута на највисок број на вртежи. Повеќето оштетени сечила за пила ќе се скршат во текот на овој пробен период. u Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка којашто ги запира малите абразивни парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да овозможи спречување на остатоци што се распрскуваат при работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на слухот. u Доколку има други лица во работното поле, држете ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе во работното поле, мора да носи лична заштитна опрема. Парчињата од делот што се обработува или скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу и да предизвикаат повреди и надвор од директното поле на работа. u Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Моторот на вентилаторот може да ја повлече прашината во куќиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електрична енергија. u Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Не работете со електричниот алат доколку се наоѓа на запалива површина, како Bosch Power Tools 1 609 92A A2V | (20.12.2024)262 | Македонски на пример на дрво. Искрите можат да ги запалат овие материјали. u Не користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар. Одбивање и слични предупредувања Повратниот удар е ненадејна реакција како последица од заглавено или блокирано ротирачко сечило за пила. Заглавувањето или блокирањето води кон ненадејно запирање на ротирачкиот алат за вметнување. Со тоа агрегатот за брусење неконтролирано се забрзува нагоре во правец на корисникот. Доколку на пр. се заглави или се блокира некое сечилото за пила, работ на сечилото кој влегува во делот што се обработува може да се закачи и така да го скрши сечилото за пила или да предизвика повратен удар. Притоа сечилата за пила може исто така да се скршат. Повратниот удар е последица од погрешна употреба на електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни прописни мерки, како што е опишано подолу. u Цврсто држење на електричниот алат и позиционирање на вашето тело и рака за да се овозможи отпор на силите на одбивање. Операторот може да ги контролира реакциите на силата на одбивање, доколку се преземат соодветни превентивни мерки. u Избегнувајте го подрачјето пред и зад ротирачкото сечило за пила. При повратен удар агрегатот за брусење се исфрла нагоре во правец на корисниот. u Не користете синџирест или лист за сечење на дрво како и сегментни дијамантски плочи со процепи широки повеќе од 10 mm. Таквите алати за вметнување честопати предизвикуваат повратен удар или губење на контролата над електричниот алат. u Избегнувајте блокирање на сечилото за пила или преголем притисок. Не правете премногу длабоки резови. Преоптоварувањето на сечилото за пила ја зголемува неговата искористеност и склоност на закосување или блокирање и со тоа можноста за повратен удар или кршење на сечилото за пила. u Во случај да се заглави сечилото за пила или да се прекине работата, исклучете го електричниот алат и држете го цврсто агрегатот за брусење, додека сечилото за пила не дојде во состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш сечилото за пила што се врти да го вадите од резот, бидејќи може да настане повратен удар. Откријте ја и поправете ја причината за заглавувањето. u Не го вклучувајте повторно електричниот алат, додека се наоѓа во делот што се обработува. Оставете сечилото за пила да го постигне целосниот вртежен момент, пред да продолжите со резот. Инаку, сечилото за пила може да се заглави, да излета од делот што се обработува или да предизвика повратен удар. u Потпрете ги големите делови што се обработуваат, за да избегнете ризик од повратен удар поради заглавено сечило за пила. Големите делови што се обработуваат може да се свиткаат поради нивната тежина. Делот што се обработува мора да го потпрете на двете страни од сечилото за пила, во близина на линијата на сечење и на работ. u Користете стегачи за држење на делот што се обработува кога постои можност. Ако го потпирате делот што се обработува со рака, раката постојано мора да биде на оддалеченост од најмалку 100mm од двете страни на сечилото од пилата. Не ја користете оваа пила за сечење на многу мали парчиња што не може безбедно да се зацврстат или да се држат со рака. Ако раката ја ставите премногу блиску до сечилото на пилата, постои голема опасност од повреда ако го допрете сечилото. u Делот што се обработува мора да биде статичен и прицврстен, или да се држи и за граничникот и за масата. Не го ставајте делот што се обработува во сечилото или жлебот со слободна рака. Слободен или неприцврстен дел што се обработува може да се отфрли со голема брзина и да предизвика повреда. u Притиснете ја пилата низ делот што се обработува. Не ја влечете пилата низ делот што се обработува. За да пресечете, подигнете ја главата на пилата и повлечете ја преку делот што се обработува без сечење, вклучете го моторот, притиснете ја главата на пилата надолу и турнете ја пилата низ делот. Со повлекување на пилата додека сечете сечилото може да се искачи на врвот на делот што се обработува и силно да го отфрли склопот на сечилото кон операторот. u Не ги прекрстувајте рацете врз одредената линија за сечење пред и зад сечилото на пилата. Држење на делот што се обработува со вкрстени раце т.е. држење на делот на десната страна од сечилото на пилата со лева рака или обратно е многу опасно. u Не фаќајте зад граничникот кај ротирачкото сечило за пила. Никогаш не надминувајте безбедносно растојание од 100 mm меѓу раката и ротирачкото сечило за пила (важи за двете страни на сечилото за пила). Можно е да не може да се препознае близината на ротирачкото сечило за пила до Вашата рака и можете да се здобиете со сериозни повреди. u Разгледајте го делот што се обработува пред да започнете со сечење. Ако делот што се обработува е накривен или навален, прицврстете ја надворешната навалена страна на граничникот. Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу делот што се обработува, граничникот и масата покрај линијата на сечење. Накривен или навален дел што се обработува може да се извитка или помести и да предизвика виткање на сечилото кое ротира при сечење. Не смее да има шајки или други надворешни предмети во делот што се обработува. 1 609 92A A2V | (20.12.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 263 u Користете го електричниот алат откако на масата нема да има алати; на масата треба да се наоѓа само делот за обработка. Малите парчиња или другите предмети, кои доаѓаат во контакт со ротирачкото сечило за пила може да летнат кон корисникот со голема брзина. u Сечете само еден дел истовремено. Повеќе парчиња не може соодветно да се зацврстат или поврзат и може да се фатат за сечилото или да се изместат во текот на сечењето. u Погрижете се електричниот алат да биде на рамна цврста површина пред употребата. Рамна цврста работна површина ја намалува опасноста од нестабилност на електричниот алат. u Испланирајте ја работата. Кога ќе ја промените косината или подесениот агол на закосување, проверете дали граничникот кој се подесува е правилно поставен за држење на делот што се обработува и дека нема да го попречува сечилото или заштитниот систем. Без вклучување на алатот на „ON“ и без делот што се обработува на масата, движете го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек за да проверите дали има некакви пречки или опасност да се пресече граничникот. u Погрижете се деловите за обработка кои се подолги или пошироки од горната страна на масата да имаат соодветна потпора, на пр. со продолжетоци за маса или сталаци за сечење. Деловите за обработка кои се подолги или пошироки од масата на електричниот алат може да се превртат ако не се прицврстени. Ако исечено парче метал или дел за обработка се преврти, може да го крене долниот заштитен капак или неконтролирано да се исфрли од ротирачкото сечило. u Не користете друго лице како замена за додаток на масата или како дополнителен држач. Нестабилен држач за делот што се обработува може да предизвика зафаќање на сечилото или поместување на делот што се обработува во текот на сечењето и да ве повлече вас и помошникот кон ротирачкото сечило. u Отсечен дел не смее да се заглави или притиска кон ротирачкото сечило. Ако е ограничено, т.е. со помош на граничниците за должина, исечениот дел може да се заглави на сечилото и силно да се отфрли. u Постојано користете стега или прицврстувач правилно дизајниран за држење на тркалезен материјал, како на пр., прачки или цевки. Прачките се склони кон вртење додека се сечат и предизвикуваат сечилото да го засекува и влече делот со вашата рака кон сечилото. u Оставете сечилото да достигне целосна брзина пред да го допре делот што се обработува. Со ова ќе се намали ризикот делот што се обработува да биде

u Ако делот за обработка се заглави или сечилото се блокира, исклучете го електричниот алат. Почекајте додека сите делови кои се движат не се смират, извадете го мрежниот приклучок и/или извадете ја батеријата. Потоа отстранете го заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете при такво блокирање, може да дојде до губење на контролата или оштетување на електричниот алат. u Откако ќе завршите со сечењето, ослободете го копчето, држете ја главата на пилата надолу и почекајте сечилото да застане пред да го извадите исечениот дел. Приближување на раката до сечило кое сè уште врти е опасно. u Држете ја рачката цврсто кога правите нецелосен засек или кога го ослободувате копчето пред пилата да биде ставена во целосна надолна позиција. Сопирањето на пилата може да предизвика главата на пилата ненадејно да биде повлечена надолу и да предизвика опасност или повреда. u Никогаш не ги отстранувајте остатоците од сечењето и сл. од полето за сечење, додека е вклучен електричниот алат. Најпрво ставете ја рачката на алатот во позиција на мирување и потоа исклучете го електричниот алат. u Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека не се олади. Листот за пилата за време на работата се

u Одржувајте ја чистотата на работното место. Мешавините на материјали се особено опасни. Правта од лесен метал може да се запали или експлодира. u Не користете листови за пила од високо легиран брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на пила може лесно да се скршат. u Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени листови за пила. Листовите на пилата со тапи или неправилни запци, заради претесниот резен процеп, предизвикуваат зголемено триење и заглавување на листот на пилата или повратен

u Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупките. Сечилата што не се совпаѓаат со монтираниот тврд дел на пилата, ќе се поместат надвор од центарот и ќе изгубите контрола. u Проверете дали заштитната хауба може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Никогаш не ја блокирајте заштитната хауба во отворена состојба. u Одржувајте го подот чист, без метални струготини и остатоци од материјал. Може да се лизнете или да се

u Користете го електричниот алат само доколку на работната површина до делот што се обработува нема алати за подесување, метални струготини итн. Малите метални парчиња или другите предмети, кои доаѓаат во контакт со ротирачкото сечило за пила, може да летнат кон корисникот со голема брзина. u Не го оставајте настрана алатот, доколку не е целосно во состојба на мирување. Електричните Bosch Power Tools 1 609 92A A2V | (20.12.2024)264 | Македонски алати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди. u Сечилото за пила водете кон делот што се обработува само при вклучена пила. Инаку постои опасност од повратен удар, доколку сечилото за пила се заглави во делот што се обработува. u Не ставајте ништо на електричниот алат. Може да настанат сериозни повреди, доколку електричниот алат се преврти или доколку случајно дојдете во контакт со листот за пилата. u Користете го електричниот алат само за сечење во суви материјали. Навлегувањето на вода во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен

u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. u Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на електричниот алат. u Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење. u Вградениот ласер не го заменувајте со ласер од друг тип. Доколку се искористи ласер кој не е соодветен на овој електричен алат, може да има опасност за лицата. u Не правете промени на ласерскиот уред. Можностите за подесување опишани во ова упатство за употреба можете безбедно да ги користите.

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат. Ознаки и нивно значење Ласерски зрак Не гледајте во зракот Потрошувачки ласерски производ од класа 2 Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда. Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот. Носете заштитни очила. Носете маска за заштита од прав. D d Внимавајте на димензиите на сечилото за пила (дијаметар на сечилото за пила D, дијаметар на отворот d). Дијаметарот на отворот d мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирачки делови, внимавајте димензиите на редуцирачкиот дел да одговараат на дебелината на сечилото за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирачки делови. Дијаметарот на сечилото за пила D мора да одговара на податоците на

Видете исто така „Димензии за соодветни сечила за пила“ во поглавјето „Технички податоци“. За да го фиксирате ласерскиот граничник, дејствувајте на затегнувачката рачка со завртување неколку пати додека не застане во насока на стрелките на часовникот. За да го ослободите ласерскиот граничник, дејствувајте на затегнувачката рачка со завртување 1 609 92A A2V | (20.12.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 265 Ознаки и нивно значење неколку пати додека не застане во спротивна насока од стрелките на часовникот. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Наменета употреба Електричниот алат, како фиксиран уред, е наменет за изведување на хоризонтални агли со косо сечење до 45° со помош на должински и напречни резови со сечила за пила за сечење со прав тек на резот во метални материјали без користење на вода. Овој производ е потрошувачки ласерски производ во согласност со EN50689. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1)

(2) Блокада при вклучување (3) Заштитно капаче за ласерот (4) Блокада за вретеното (5) Осцилаторен заштитен капак (6) Отстранување струготини (7) Затегнувачки лост за фиксирање на аголниот

(8) Вретено за фиксирање (9) Брзо отклучување (10) Дршка за вретеното (11) Клуч со внатрешна шестаголна глава (12) Отвори за монтажа (13) Маса за сечење (14) Аголен граничник (15) Затегнувачки лост за фиксирање на аголот на закосување (хоризонтално) (16) Транспортен осигурувач (17) Излез на ласерскиот зрак (18) Натпис за предупредување на ласерот (19) Прекинувач за вклучување/исклучување (20) Стега за цевки (21) Фиока за струготини (22)

(23) Копче за отклучување на батерија

(24) Транспортна рачка (25) Заштитен поклопец (26) Прекинувач за вклучување/исклучување за ласер (означување на линијата на сечење) (27) Завртка со внатрешна шестаголна глава за прицврстување на сечилото за пила (28) Стезна прирабница (29) Сечило за пила (30) Внатрешна стезна прирабница (31) Скала за аголот на закосување (хоризонтално) (32) Транспортен осигурувач за фиока за струготини (33) Завртка за подесување на позиционирањето на ласерот (паралелност)

Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Технички податоци Батериска пила за сечење

GCD18V-355 Број на дел 3601M590.. Номинален напон V 18 Број на вртежи во празен од min

GBA18V… ProCORE18V… Препорачани полначи GAL18… GAX18… GAL36… Димензии за соодветни сечила за пила Макс. дијаметар на сечилото за пила D mm 355 Дебелина на сечилото на пила mm 1,8–2,5 Дијаметар на отворот d mm 25,4 A) Тежина без батерија (за тежината на батеријата видете http://www.bosch-professional.com) B) ограничена моќност на температури <0°C Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac. Bosch Power Tools 1 609 92A A2V | (20.12.2024)266 | Македонски Информација за бучава Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно ENIEC62841-1. Нивото на звук на електричниот алат оценето со A типично изнесува: ниво на звучен притисок 91dB(A); ниво на звучна јачина 100dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вредноста на емисија на бучава наведена во овие упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на емисијата на бучава. Наведената вредност на емисија на бучава се однесува на основната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, вредноста на емисијата на бучава може да отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето. Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред. Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја. Ставање на батеријата Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи. Вадење на батеријата За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила. Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина. Приказ за наполнетост на батеријата Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост. Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Тип на батерија GBA 18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60–100% Трајно светло 2× зелено 30–60% Трајно светло 1× зелено 5–30% Трепкаво светло 1× зелено 0–5% Тип на батерија ProCORE18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80–100% Трајно светло 4× зелено 60–80% Трајно светло 3× зелено 40–60% Трајно светло 2× зелено 20–40% Трајно светло 1× зелено 5–20% Трепкаво светло 1 × зелено 0–5% Напомени за оптимално користење на

Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.

u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно 1 609 92A A2V | (20.12.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 267 притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. Обем на испорака – Внимателно извадете ги сите испорачани делови од амбалажата. – Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од испорачаната опрема. Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани: – Батериска пила за сечење метал со монтирано сечило

– Клуч со внатрешна шестаголна глава (11) – Стега за цевки(20) Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања. Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа. Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница. Фиксна или флексибилна монтажа u За да се овозможи безбедно ракување, електричниот алат мора да се монтира пред употребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа). Монтажа на работна површина (види сликаA) – Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки на работната површина. За тоа служат отворите (12). Монтажа на работна маса на Bosch GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на електричниот алат на секоја подлога со помош на ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се обработува на работната маса служат како потпора на подолгите делови за обработка. u Прочитајте ги сите напомени за предупредување и упатства што се приложени на работната маса. Грешките настанати при непридржување до напомените за предупредување и упатствата може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки

u Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го монтирате електричниот алат. Беспрекорната монтажа е важна за избегнување на ризикот од расклопување. – Подесете го електричниот алат во транспортна

– Монтирајте ги соодветните адаптери на масата за пила одоздола(13). Следете ги деталните упатства за монтажа на адаптерите. – Прицврстете ги адаптерите на држачите на работната

Флексибилна инсталација (не се препорачува!) Доколку, во поединечни случаи, не е возможно електричниот алат да се монтира цврсто на работна површина, може да ги монтирате ногарките на масата за сечење (13) на соодветна подлога (на пр. работна клупа, рамен под), без да го зацврстувате електричниот алат. Замена на сечилото за пила (види сликиB1– B3) u Активирајте ја блокадата на вретеното (4) само доколку вретеното на алатот е во состојба на мирување. Инаку електричниот алат може да се

u При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда. Употребувајте само сечила за пила, чија максимално дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат. Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето. Вадење на сечилото за пила – Подесете го електричниот алат во работна позиција. – Навалете го осцилаторниот заштитен капак(5) наназад и задржете го во оваа позиција. – Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава(27) со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава(11) и истовремено притиснете ја блокадата за вретеното(4), додека не се вклопи. – Држете ја притисната блокадата на вретеното(4) и одвртете ја завртката(27) во правец спротивен на стрелките на часовникот. – Извадете ја стезната прирабница(28). – Извадете го сечилото за пила(29). Монтирање на сечилото за пила Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат. – Ставете го новото сечило за пила(29) на внатрешната стезна прирабница(30). u При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на заштитниот поклопец! – Поставете ги стезната прирабница(28) и завртката(27). Притиснете ја блокадата на вретеното(4) додека не се вклопи и зацврстете ја завртката во правец на стрелките на часовникот. Bosch Power Tools 1 609 92A A2V | (20.12.2024)268 | Македонски – Повторно олабавете ја блокадата на вретеното (4). По потреба, извлечете го копчето нагоре со рака. – Полека навалете го надолу осцилаторниот заштитен капак(5) додека сечилото за пила целосно не се

Транспортен осигурувач (види сликаC) Транспортниот осигурувач (16) Ви овозможува лесно ракување со електричниот алат при транспорт на различни места на примена. Отклучување на електричниот алат (работна

– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (1), за да го ослободи транспортниот осигурувач (16). – Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот осигурувач (16). – Полека водете ја рачката на алатот нагоре. Напомена: При работењето внимавајте на тоа, транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре, инаку рачката на алатот нема да може да се навали на саканата длабочина. Прицврстување на електричниот алат (позиција за

– Водете ја рачката на алатот надолу додека транспортниот осигурувач (16) целосно не се притисне навнатре. Подготовка за работа Подесување на хоризонталниот агол на закосување (види сликаD) Хоризонталниот агол на закосување може да се постави во граници од 0° до 45°. Важните вредности за поставување може да се прочитаат од скалата(31). Позициите 0° и 45° се осигуруваат со помош на крајниот граничник. – Олабавете ја затегнувачката рачка(15) 1x во правец спротивен на стрелките на часовникот. Повторно приспособете ја затегнувачката рачка (подигнете го – свртете во насока на стрелките на часовникот – спуштете го – ослободете го спротивно од стрелките на часовникот) додека да може да се заврти аголниот граничник(14). – Вртете го аголниот граничник(14) додека ознаката на масата за пила(13) не го означи саканиот хоризонтален агол на закосување на скалата(31). – Прицврстете ја затегнувачката рачка(15) 1x во насока на стрелките на часовникот. Повторно приспособете ја затегнувачката рачка (подигнете ја – свртете ја спротивно од насоката на стрелките на часовникот – спуштете ја – прицврстете ја во насока на стрелките на часовникот), додека аголниот граничник(14) да се фиксира повторно. Поместување на аголниот граничник (види сликаD) Можете да го поместувате аголниот граничник(14) за да ја поставите оптималната положба на делот што се обработува со пила. – Олабавете ја затегнувачката рачка(15) 1x во правец спротивен на стрелките на часовникот. Повторно приспособете ја затегнувачката рачка (подигнете ја – свртете ја во насока на стрелките на часовникот – спуштете ја – ослободете ја спротивно од стрелките на часовникот) додека да може да се помести аголниот граничник(14). – Поместете го аголниот граничник(14) на саканото растојание од сечилото на пилата(29). Напомена: за засеци од 45°, мора да го поставите аголниот граничник така да покажува на оваа област за обележување . – Прицврстете ја затегнувачката рачка(15) 1x во насока на стрелките на часовникот. Повторно приспособете ја затегнувачката рачка (подигнете ја – свртете ја спротивно од насоката на стрелките на часовникот – спуштете ја – прицврстете ја во насока на стрелките на часовникот), додека аголниот граничник(14) да се фиксира повторно. Прицврстување на делот што се обработува За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот за обработка. Не обработувајте делови за обработка, кои се премали за добро да се прицврстат. Долгите и тешки делови за обработка мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат. Следете ги напомените за затегнување на сликатаG. Тркалезни делови за обработка (види сликаE) – Отстранете ја стегата на цевката(20) од држачот на задниот дел од електричниот алат. Стегата на цевката ја зголемува површината за стегање на тркалезните делови за обработка. – Лизгајте ја стегата на цевката(20) на плочата на лостот за фиксирање колку што може докрај(8). – Ставете го делот што се обработува на аголниот граничник (14). – Лостот за фиксирање(8) со стегата за цевка(20) ставете го на делот што се обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката на вретеното(10). Квадратни делови за обработка (види сликаF) – Ако треба, лизгајте ја стегата на цевката(20) на плочата на лостот за фиксирање(8). Види сликаG (напомени за затегнување ). – Ставете го делот што се обработува на аголниот граничник (14). – Лостот за фиксирање (8) ставете го на делот што се обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката на вретеното (10). Олабавување на делот што се обработува – Олабавете ја рачката на вретеното (10). 1 609 92A A2V | (20.12.2024) Bosch Power ToolsМакедонски | 269 – Отворете го делот за брзо отклучување (9) и извлечете го вретеното за фиксирање (8) од делот што се обработува. Ставање во употреба Вклучување (види сликаH) – За ставање во употреба на електричниот алат прво турнете ја блокадата при вклучување(2) навнатре. Потоа целосно притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (19) и држете го притиснат. Напомена: поради безбедносни причини, прекинувачот за вклучување/исклучување(19) не може да се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на

Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот момент при вклучување и го зголемува рокот на траење на моторот. Исклучување – За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (19).

Општи напомени за сечење Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го изложувајте сечилото за пила на страничен притисок. Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора секогаш да има правилен раб за позиционирање. Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат. Позиција на корисникот (види сликаI) u Не застанувајте во една линија со сечилото за пила пред електричниот алат, туку секогаш странично од сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е заштитено од можен повратен удар. – Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкото сечило за пила. – Не ги прекрстувајте рацете пред рачката на алатот.

– Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите. – По потреба, поставете го саканиот хоризонтален агол на закосување. – Вклучете го електричниот алат. – Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката(1). – Сечете го делот што се обработува со ист притисок. – Исклучете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на

– Полека водете ја рачката на алатот нагоре. Совети при работењето Означување на линијата за сечење (види сликаJ) Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворите осцилаторниот заштитен капак. – Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот(26). – Насочете ги ознаките на делот што се обработува на десниот раб на линијата на ласерот. Напомена: пред сечењето, проверете дали линијата на сечење е точно прикажана. Ласерскиот зрак може да се помести на пр. со вибрации при интензивна употреба. Дозволени димензии на делот што се обработува Максимални делови за обработка [mm] Форма на делот

Агол на закосување (хоризонтален) 0° 45° Ø127 Ø115 127x127 115x115 194x101 115x115 127x127 115x115 Минимални делови за обработка (= сите делови за обработка, кои може да се зацврстат со лостот за фиксирање(8)): должина 100mm Макс. длабочина на резот (0°/0°): 127mm Всисување на прав/струготини (види сликаK) Правта од материјалите како на пр. боја што содржи олово, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички на метал важат како опасни, особено во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. Bosch Power Tools 1 609 92A A2V | (20.12.2024)270 | Македонски u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Сечилото за пила(29) може да се блокира поради прав, струготини или скршени делови на делот што се обработува во отворот на масата за сечење(13). – Исклучете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на

– Извадете ја батеријата(22). – Извлечете ја фиоката со струготини (21) и целосно испразнете ја. Проверка и подесување на основните

За гарантирање на прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите. За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо. Подесување на ласерот Напомена: батеријата мора да се вметне за да се тестира ласерската функција. u Никогаш не го активирајте прекинувачот за вклучување/исклучување за време на подесувањето на ласерот (напр. при движење на рачката на алатот). Невнимателниот старт на електричниот алат може да доведе до повреди. – Подесете го електричниот алат во работна позиција. Проверка (види сликаL1) – На делот што се обработува нацртајте права линија за

– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката(1). – Делот што се обработува поставете го на тој начин што запците од сечилото за пила ќе се израмнат со линијата за сечење. – Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре. – Прицврстете го делот за обработка. – Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот(26). Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и кога рачката на алатот ќе се води надолу. Подесување (видисликаL2) – Свртете ја завртката за подесување(33) со крстест одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави паралелно по целата должина на линијата на сечење на делот што се обработува. Едно вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево. Транспорт на електричниот алат (види сликаM) Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори: – Подесете го електричниот алат во транспортна

– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат. Прицврстете ја фиоката за струготини(21) со транспортниот осигурувач(32). Лизнете ја стегата на цевката(20) со држачот на задниот дел од електричниот алат. Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате. – Секогаш носете го електричниот алат за транспортната рачка(24). u За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување постои опасност од повреди. u Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот влече прав во куќиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрични опасности. u При екстремни услови на примена, доколку е возможно секогаш користете уред за вшмукување. Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и приклучете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на метали, во внатрешноста на електричниот алат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот алат. u Одржувањето и поправката треба да се изведуваат само од страна на квалификуван стручен персонал. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат. Осцилаторниот заштитен капак(5) мора секогаш слободно да се движи и да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак треба секогаш да биде чист. Отстранете ги прашината и струганиците со четка. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: 1 609 92A A2V | (20.12.2024) Bosch Power ToolsShqip | 271 www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат

Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Само за земјите од ЕУ: Електричните алати кои повеќе не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/ батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање. Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Батериска пила за сечење метал Број на дел/артикл