STEP 80 - Пила AEG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот STEP 80 AEG во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник STEP 80 - AEG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. STEP 80 на марката AEG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК STEP 80 AEG
Технички податоци, Упатства за употреба, Специфицирани услови на употреба, ЕУ- декларација за Сообразност, Напојување од мрежата, Одржување, Симболи Ве мoлиме прочитаjте го и чувајте го ова упатство!
Должина на удар 20 mm 20 mm 20 mm Дијагонален- кос рез до 45 ° 45 ° 45 ° Максимална длабочина на сечење во Дрво 100 mm 100 mm 80 mm Челик 10 mm 10 mm 10 mm Алуминиум 20 mm 20 mm 20 mm Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 2,3 kg 2,2 kg 2,2 kg Информации за бучавата Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 62841. A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=5dB(A)) Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=5dB(A)) Носте штитник за уши. 88,6 dB(A) 99,6 dB(A) 88,6 dB(A) 99,6 dB(A) 88,6 dB(A) 99,6 dB(A) Информации за вибрации Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 62841. Пилење на дрвени плочи со сечило за пила HCS, големина 100 x 8,0 x 1,3 mm и растојание помеѓу забите 4,2 mm Вибрациска емисиона вредност a h, B Несигурност К 8,71 m/s
Mетали со сечило за пила BIM, големина 75 x 8,0 x 1,0 mm и растојание помеѓу забите 2,0 mm Вибрациска емисиона вредност a h, M Несигурност К 7,01 m/s
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 62841 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата. Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период. За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни напомени, упатства, цртежи и податоци, коишто ги добивате заедно со уредот. Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди. Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во
НАПОМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА УБОДНИ ПИЛИ з) Фаќајте го електро-алатот само на изолирани површини за држење, додека извршувате работи, кај кои приборот може да погоди сокриени струјни водови или сопствениот кабел за напојување со струја. Контакт со жица под напон исто така ќе направи проводници од металните делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар. Користете клеми или друг практичен начин за прицврстување на предметот што се обработува за стабилна површина. При држење на предметот во рака или потпрен на телото тој е нестабилен, што може да доведе до губење контрола. Носте штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух. Останати безбедносни и работни упатства Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна Mak9595
облека како маска за заштита од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши. Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го телото. Користете систем за апсорпција на прашината и носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно наталожената прашина пр со правосмукалка. Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го загрозат здравјето (на пр. азбест). Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно додека употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело да дојде до повратен удар со висок момент на реакција. Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето на употребеното орудие имајќи ги во предвид напомените за безбедност. Можни причини за тоа може да бидат следните:
- Закантување во парчето кое што се обработува
- кршење на материјалот што се обработува
- Преоптоварување на електричното орудие Не фаќајте во машината кога работи. Употребеното орудие за време на примената може да стане многу жешко. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
- при менување на орудието
- при ставање на апаратот на страна Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината работи. Секогаш користете заститен штит на машината. Не користете скршени или изобличени сечила. Убодни резови без претходно дупчење се возможни кај меки материјали (дрво, лесни градежни материјали за ѕидови). Кај поцврсти материјали (метали) мора првин да се направи дупка која ќе одговара на димензијата на пилата. Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации. Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го кабелот од струјата. Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до отворите за вентилација-ризик од куршлус! СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА Оваа убодна пила сече дрво, пластика и метал; може да сече прави линии, кривини и внатречни отсечоци. ГЛАВНИ ВРСКИ Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа. Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD). Вклучувањето на кабелот во струја се прави исклучиво машината е исклучена. Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано. Ако е потребна замена на струјниот кабел, тоа треба да го направи производителот или неговиот застапник со цел да се избегнат опасности. Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на адреси). Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кај Techtro- nic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße10, 71364Winnenden, Germany. ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите 2006/42/EC 2011/65/EU (RoHS) 2014/30/EU и дека се применети следните хармонизирани стандарди EN 62841-1:2015 EN 62841-2-11:2016 EN 55014-1:2017+A11:2020 EN 55014-2:2015 EN 61000-3-2:2014 EN 61000-3-3:2013 EN IEC 63000:2018 Winnenden, 2020-11-18 Alexander Krug / Managing Director Ополномоштен за составување на техничката документација. Techtronic Industries GmbH Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany Mak9696
Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба. Секогаш при користење на машината носете ракавици. Носете ракавици! ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ! Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го кабелот од струјата. Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната, а достапна е како додаток. Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните и електронсите апарати треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици. Електрично орудие од заштитната категорија II. Електрично орудие чијашто заштита од електричен удар не зависи само од основната изолација туку и од тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни мерки како што се двоструките изолации или појачаната изолација. Не постои никаква направа за приклучување на некој заштитен вод.
Notice-Facile