AEG KS 662 - жичена пила

KS 662 - жичена пила AEG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот KS 662 AEG во PDF формат.

📄 106 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice AEG KS 662 - page 97
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за KS 662 AEG

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот жичена пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник KS 662 - AEG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. KS 662 на марката AEG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК KS 662 AEG

Изолирана површина на дршката

Доколку е потребно корегирање на аголот од 90° водечката површина кон сечилото на пилата, користет го шрафот за корекција.

Да се направи пробно сечење

Прилагодете ја длабочината на засекот во зависност од густината на обработуваното парче. Нешто помалку од цел забец од сечилото треба да биде видлив под работното парче.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИЕЛЕКТОРНСКАТА ЦИРКУЛАРНОТОСЕЧИЛОKS 66-2
Производен број 4466 76 06 ...4601 60 05 ...... 000001-999999
Определен внес 1600 W
Брзина без оптоварување 5800 min ^-1
Сечило на пила дијаметар х дијаметар на отвор190 x 30 mm
Густина на запците на сечилото на пилата 2,2mm
Макс. Длабочина на сечење при 0^ / 45^ / 56^ 63 / 47 / 36 mm
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2014 4,8 kg
Информации за бучаватаИзмерените вредности се одредени согласно стандартот EN 62841.А-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A))Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A))Носте штитник за уши.93,5 dB(A)104,5 dB(A)
Информации за вибрацииВкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 62841.ДрвоВибрациска емисиона вредност a_h,w Несигурност K1,5 m/s4,5 m/ s^2 ^2

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Нивото на вибрации и емисија на бучава дадени во овој информативен лист се измерени во согласност со стандардизиран метод на тестирање даден во EN 62841 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Тие исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.

Наведеното ниво на вибрации и емисија на бучава ја претставува главната примена на алатот. Сепак ако алатот се користи за поинакви примени, со поинаков прибор или лошо се одржува, вибрациите и емисијата на бучава може да се разликуваат. Тоа може значително да го зголеми нивото на изложеност преку целиот работен период.

Проценка на нивото на изложеност на вибрации и бучава треба исто така да се земе предвид кога е исключен алатот или кога е включен, но не врши никаква работа. Тоа може значително да го намали нивото на изложеност преку целиот работен период.

Утврдете дополнителни безбедносни мерки за да се заштити операторот од ефектите на вибрациите и/или бучавата како на пр.: одржувајте го алатот и приборот, рацете нека ви бидат топли, организација на работните шеми.

AEG KS 662 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни

напомени, упатства, цртежи и податоци, коишто ги добивате заедно со уредот. Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди.

Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.

AEG KS 662 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни - 1

НАПОМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЗА КРУЖНИ ПИЛИ

Постапка на пилење

a) 🚠️ Опасност: Држете ги рацете настрана од зоната на сечење. Држете ја другата рака на помошната рачка или кујиштето на моторот. Доколку пилата ја држите со двете раце, не можете да се пресечете од сечилото.
b) Не посегајте под обработуваното парче. Заштитата не може да Ве заштити од сечилото под обработуваното парче.
с) Прилагодете ја длабочината на засекот во зависност од густината на обработуваното парче. Нешто помалку од цел забец од сечилото треба да биде видлив под работното парче.
d) Никогаш не го држете парчето кое се обработува со раце или преку нога. Обезбедете го на стабилна површина. Важно е соодветно да ја потпирате работата како би ја минимизирале телесната изложеност, виткањето на сечилото или губењето контрола.
e) Држете го електричниот алат за изолираните површини кога вршите операција каде што приборот за сечење може да дојде во контакт со скриени жици или со сопствениот кабел. Контактот со водови што спроведуваат напон, става и метални делови од електро-апаратот под напон и доведува до електричен удар.
f) При ракување со рачна пила користете бариера или водилка под прав агол. Ова ја подобрува прецизноста на резот и го намалува ризикот од свиткување на сечилото.
g) Секогаш користете сечила со соодветна големина и форма (дијамантски наспроти кружни) или крупски пили. Сечила кои не одговараат на монтираниот хардвер на пилата ќе се движат неправилно предизвикувајки губење на контролата.
h) Никогаш не користете оштетени или несоодветни средства за чистење или ... Тие средства и... Се специјално наменети за вашата пила, за оптимални перформанси и сигурност при користењето.

Причини и начин на спречување на повратен ефект.

повратниот ефект е ненадејна реакција при откршување, свиткување или изместување на сечилото, и предизвикува неконтролираното сечило од пилата да се крене и да излезе од обработуваното парче кон оној кој работи.

кога сечилото е откршено или цврсто завиткано од ...затворањето, запците на сечилото и реакцијата на моторот ја турка брзо назад кон оној кој работи со неа.

доколку сечилото се извитка или се измести во сечењето, забецот на надворешниот раб на сечилото може да се зарие во горната површина на дрвото правејки сечилото да излезе од лежиште и да скокне кон оној кој работи.

Повратниот ефект е резултат на неправилна употреба на пилата и/или некоректни работни процедури или услови и може да биде избегнат со превземање на соодветни претпазливи постапки наведени подолу.

а) Држете цврсто со двете раце кои се поставени да пружат отпор при повратен удар. Поставете го вашето тело од било која страна на сечилото, но не во негова линија. Повратниот удар може да предизвика пилата да потскокне наназад, но јачината на повратниот удар може

AEG KS 662 - Причини и начин на спречување на повратен ефект. - 1

AEG KS 662 - Причини и начин на спречување на повратен ефект. - 2

да биде контролирана од операторот доколку се преземени соодветни мерки на претпазливост.

b) Кога сечилото се свиткало, или прекин на сечењето од било која причина, ослободете го прекинувачот и држете го ножот во материјалот без да делувате, се додека не дојде до потполно запирање на сечилото. Никогаш не се обидувајте да ја тргнете пилата или да ја повлечете наназед додека сечилото се движи или може да се појави повратен удар. Испитајте ги и преземете корективни чекори за да ја елиминирате причината за свиткување на сечилото.
с) По рестартирање на пилата во обарботуваното парче, центрирајте го сечилото на пилата во крвината и проверете запците на пилата да не се навлезени во материјалот. Доколку сечилото на пилата е свиткано, може да тргне нагоре или да излезе од обработуваното парче, кога таа ке се стартува.
d) Потпирајте ги големите панели како би го минимизирале ризикот од свиткување на сечилото и повратен удар. Големите панели имаат тенденција да се свиткаат под сопствената тежина. Мора да биде поставена потпора под панелот од двете страни, блиску до линијата на сечење и блиску до работ на панелот.
e) Не користете отапени или оштетени сечила. Ненаострните или не соодветно поставените сечила создаваат остра кривина која предизвигува интензивно триење, виткање на сечилото и повратен удар.
f) Длабочината на сечилото и прилагодливиот заклучувач на рачката мора да биде стегнат и обезведен пред да се сече. Доколку се промени подесувањето за време на сечењето може да дојде со свиткување иповратен удар.
g) Бидете екстремно претпазливи при рез со забодување во постоечки сидови или други армирани површини. Ако сечилото на пилата дојде во контакт со предмети скриени под површината, може да ги блокира и да предизвика повратен удар.

Функција на долниот заштитен поклопец

a) Проверете ја долната заштита дали е соодветно затворена пред секоја употреба. Не работете со пилата доколку долната заштита не се движи слободно и не се затвора моментално. Никогаш не ја затегнувајте ниту врзувајте долната заштита во отворена позиција. Доколку пилата падне ненамерно, долната заштита може да се свитка. Кренете ја долната заштита со повлекување на рачката и осигурете се дека се движи слободно не допирајки до сечилото или било кој друг дел под било кој агол и длабочина на засек.
b) Проверете го функционирањето на федерот на долната заштита. Доколку заштитата и федерот не се отвораат соодветно, мора пред употреба да бидат сервисирани. Долната заштита може да функционира тромо поради оштетените делови, лепливи остатоци или насобрани делчиња.
с) Долната заштита треба да биде рачно повлечена само при специјални резови како „резови со забодување,, или „сложени резови,,. Кренете ја долната заштита со повлекување на рачката веднаш штом сечилото влезе во материјалот, долната заштита мора да биде отпуштена. При секое друго сечење, долната заштита мора да работи автоматски.
d) Секогаш гледајте долната заштита да го покрива сечилото пред пилата да ја спуштите на маса или под. Незаштитено лизгање на сечилото ке предизвика пилата да

trgne наназад, сечејки се што їе се најде на патот. Бидете свесни за потребното време за кое сечилото престанува да работи, по ослободувањето на прекинувачот.

Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух.

Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.

Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го телото. Користете систем за апсорпција на прашината и носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка.

Не користете сечила кои не одговараат напропишаните параметри дадени во овој прирачник за употреба.

Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за материјалот се сече.

Користете само ножеви за сечење дрво, специфицирани во овој прирачник, кои се во согласност со EN 847-1.

Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора да биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите на вашиот електро-алат.

Ве молиме не користете абразивни дискови-шмиргли на оваа машина!

Не го фиксирајте прекинувачот во позиција он-вклучено кога ја користите пилата држејжи ја со рака.

РАБОТНИ УПАТСТВА

Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го прегревањето на забчаниците.

ГЛАВНИ ВРСКИ

Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.

Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).

Вклучувањето на кабелот во струја се прави ислучиво машината е исклучена.

Не дозволувајте какви и да се метални делови да дојдат до отворите за вентилација-ризик од куршлус!

Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.

Пред секое користење да се провери дали уредот, приклучниот кабел, продолжниот кабел, сигурносниот појас и утикачот се оштетени или амортизирани. Оштетените делови да се поправат ислучиво од страна на стручно лице.

Кратковремени вршни напони предизвивуваат осцилирање на напонот и можат да извршат влијание врз други електрични производи во истиот струен вод. Приключете го апаратот на снабдевање со струја со импеданца од 0,368 Ω за да минимирате осцилирања на напонот.

СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА

Електорнската циркуларното сечило може да сече надолжно и триаголно прецизно во дрво.

Македонски

ОДРЖУВАЊЕ

Секогаш кога преземате активности врз машината исключете го кабелот од струјата.

Уверете се дека алатката е ислучена од напојување пред да го прикачите или отстраните сечилото.

Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.

Некои средства за чистење ја оштетуваат пластиката или други изолирани делови.

Вентиляциските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано.

Оддалечувајте редовно прашина. Внатре во пилата оддалечувајте натрупени струготини, да се избегна ризик на пожар

Одржувајте го апаратот чист и сув како и неизвалкан од истечено масло и масти.

Проверете ја функцијата на заштитните хауби.

Редовно одржување и чистење обезбедува долг век и безбедно ракување.

Ако е потребна замена на струјниот кабел, тоа треба да го направи производителот или неговиот застапник со цел да се избегнат опасности.

Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на адреси).

Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачajте ја скицата кај локалниот застапник или директно кaj: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.

ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ

Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите

2006/42/EC

2014/30/EU

2011/65/EU (RoHS)

и дека се применети следните хармонизирани стандарди

EN 62841-1:2015

EN 62841-2-5:2014

EN 55014-1:2017+A11:2020

EN 55014-2: 2015

EN 61000-3-2:2014

EN 61000-3-11:2000

EN IEC 63000:2018

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 1

Ополномоштен за составување на техничката документација.

Techtronic Industries GmbH

Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба.

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 2

Секогаш при користење на машината носете ракавици.

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 3

Носте штитник за уши.

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 4

Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна маска.

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 5

Носете ракавици!

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 6

Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го кабелот од струјата.

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 7

Не употребувајте сила.

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 8

Дополнителна опрема - Не е включена во стандардната, а достапна е како додаток.

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 9

Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните и електронсите апарати треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици.

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 10

Електрично орудие од заштитната категорија II. Електрично орудие чијашто заштита од електричен удар не зависи само од основната изолација туку и од тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни мерки како што се двоструките изолации или појачаната изолација. Не постои никаква направа за приклучување на некој заштитен вод.

n_0

Брзина без оптоварување

V

Напон

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 11

Наизменична струја

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 12

Евроазиска ознака за сообразност

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 13

AEG KS 662 - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 14

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : AEG

Модел : KS 662

Категорија : жичена пила