STIGA PH 700e - Градинарски ножици

PH 700e - Градинарски ножици STIGA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PH 700e STIGA во PDF формат.

📄 472 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice STIGA PH 700e - page 272
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за PH 700e STIGA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Градинарски ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PH 700e - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PH 700e на марката STIGA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PH 700e STIGA

3.1.1 Предвидена употреба

машината работи (Фиг. 8.D).

3.1 Опис на машината и предвидена употреба 4
3.2 Безбедносна сигнализација.... 5
3.3 Етикета за идентификација на производот 5
3.4 Главни делови.... 5

  1. МОНТИРАЊЕ......6

4.1 Делови за монтирање....6
4.2 Монтирање на уредот на поткаструвачот за грмушки.... 6
4.3 ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА УРЕДОТ СО поткаструвачот за грмушки ....6
4.4 ВАДЕЊЕ НА УРЕДОТ СО поткаструвачот за грмушки ....6
4.5 ПОДГОТОВКА НА ТОРБИЧКАТА ЗА БАТЕРИИ (ако е предвидено) ...... 7

  1. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА....7

5.1 Безбедносно копче (уред за активирање/дезактивирање) ...... 7
5.2 Команда на рачката за забрзувачот...... 7
5.3 рачка за блокирање на забрзувачот ..... 7

  1. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА 7

6.1 Воведни операции....7
6.2 Безбедносни контроли 8
6.3 Паленье....8
6.4 Работа 9
6.5 Застанување....9
6.6 По работата.... 10

  1. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ.....10

7.1 Општо.... 10
7.2 Акумулатор 10
7.3 Чистење на машината.... 11
7.4 чистење и подмачкување на уредот со сечивото.... 11
7.5 Навртки и шрафови за фиксирање...... 12

  1. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ 12

8.1 Вонредно одржување на уредот со сечивото.... 12

  1. ОДЛОЖУВАЊЕ 12

9.1 Одложување на машината 12
9.2 Одложување на батеријата 12

Во ова упатство одредени поглавја содржат информации со одредена важност во однос на безбедноста и на функционалноста и се евидентирани на различни начини согласно овој критериум:

ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО даваат

прецизни или други информации како што е претходно наведено, со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета. Симболот посочува на опасност.

Непочитувањето на мерките за претпазливост доведува до можност за лични или повреди и оштетувања на трети лица.

Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви точки посочуваат на изборни одлики коишто не се присутни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали таа одлика е присутна кај дадениот модел.

Сите индикации „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.

1.2 НАСОКИ

1.2.1 Слика

Сликите во ова упатство за употреба се нумериани со 1, 2, 3 и така натаму.

Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, В, С и така натаму.

Насоката за компонентата С на сликата 2 се означува со изразот: „Видете на сл. 2. С“, или поедноставно „(слика 2.С)“.

Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се разликуваат во однос на оние на сликата.

1.2.2 Наслови

Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус „2.1 Обука“ е заменето со „2. Безбедносни мерки“. Насоките за насловите или пасусите се означени со кратенки погл. или пас. и со соодветниот број. Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1”.

2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

2.1 ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

⚠️ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификацииприложени со оваа електрична алатка. Непочитувањето на наведените упатства може да предизвика електричен удар, пожар и тешки телесни повреди.

Сочувајте ги предупредувањата заедно со упатството за идна консултација.

Терминот „електричен апарат” наведен во предупредувањата се однесува на вашиот апарат напојуван од електричната мрежа (со кабел) или со помош на батерии (без кабел).

1) Обезбедување на работната средина
a) Одржувајте ја работната средина чиста и добро осветлена. Пренатрупаните и темни средини може да доведат до инциденти.
b) Не користете ги електричните апарати во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
с) Децата и другите кои што се во близина треба да се оддалечат кога се користат електричните апарати. Одвлекување внимание може да предизвика губење контрола.

2) Електрична безбедност

a) Приклучоците за електричните алати мора да одговараат на штекерот. Никогаш немојте да го модицирате приклучокот на кој било начин. Не користете приклучоци за адаптер со заземјени електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен удар.

b) Избегнувајте контакт на телото со заземјени површини, како цевки, радијатори, ладилници и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар доколку вашето тело е заземјено.

с) Не изложувајте ги електричните алати на дожд или на влага. Водата што може да навлезе во електричниот

алат го зголемува ризикот од електричен удар.

d) Не користете го кабелот за други намени. Никогаш не користете го кабелот за носење, влечење или исклучување на електричниот алат. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижни делови. Оштетен или заплеткан кабел го зголемува ризикот од електричен удар.

e) Кога работите со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел погоден за надворешна употреба. Употребата на соодветен кабел за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен удар.

f) Доколку работењето со електричниот алат на влажна локација е неизбежно, користете заштитено напојување со уред за преостаната струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од електричен удар.

3) Лична безбедност

a) Бидете внимателни, контролирајте што се случаува и со целосно внимание служете се со електричните апарати. Не користете ги електричните апарати кога сте уморни или под влијание на лекови, алкохол или дрога. При растроеност, не користете го електричниот апарат бидејки може да предизвика тешки телесни оштетувања. b) Користете заштитна облека. Секогаш ставајте заштитни очила. Носење на заштитна опрема како што се маска против прав, чевли против лизгање, заштитен шлем и заштита за уши го намалуваат ризикот од телесни повреди. c) Избегнувајте нестандардизирани приклучоци. Проверете дали уредот е ислучен пред да ја ставите батеријата, го зафаćате или транспортирате електричниот апарат. Транспортирање на електричниот апарат со прстот на прекинувачот или поставување на батеријата кога прекинувачот е во позиција „ON“ (включено) со леснотија доведува до инциденти.

d) Отстранете ги сите клучеви или алатки за регулација пред да го включите електричниот апарат. Ако некој клуч или алатка останат во контакт со некој ротирачки дел може да предизвика тешки телесни оштетувања.

e) Не губете рамнотежа. Секогаш имајте сигурна потпора и соодветна рамнотежа. На тој начин најдобро ће го

контролирате електричниот апарат во непредвидени ситуации.

f) Облечете се соодветно. Не носете широки алишта или накит. Косата, облеката и ракавиците треба да се држат настрана од деловите што се движат. Широка облека, накит или долга коса може да се закачат за деловите во движење.

g) Ако имате уреди за поврзување на апарати за издвојување и собирање на нечистотии, проверете дали се поврзани и се користат на правилен начин. Употребата на овие апарати може да ги намали ризиците што се поврзани со нечистотиите.

h) Не дозволувајте слободата стекната од честата употреба на алатки да ви овозможи да бидете самоуверени и да ги игнорирате принципите за безбедност на алатката. Несовесно постапување може да предизвика сериозна повреда за дел од секундата.

4) Употреба и безбедносно ракување со електричниот апарат

a) Не прегревајте го електричниот апарат. Користете го електричниот апарат прилагоден на работните услови. Правилно користење на апаратот обезбедува најдобра и најсигурна работа, според моќноста за која е создаден.

b) Не користете го електричниот апарат ако прекинувачот не е правилно поставен во позиција за вклучување или исклучување. Ако електричниот апарат не може да се вклучи со прекинувачот, тој е опасен за употреба и треба да се поправи.

с) Извадете ја батеријата од лежиштето пред каква било регулација или менување делови или пред складирање на апаратот. Овие безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на електричниот апарат.

d) Одложете го електричниот апарат кога не го користите подалеку од дофат на деца и не давајте апаратот да го користат лица што не се запознале со истиот и не го прочитале ова упатство. Електричните апарати се опасни во рацете на неискусни корисници.

e) Редовно извршувајте проверка на електричниот апарат. Проверете дали подвижните делови се наместени правилно и слободни за движење, дека не се оштетени и елиминирајте

ја секоја друга можност што може да повлијае врз функционалноста на овој апарат. Во случај на оштетувања, електричниот апарат треба да се поправи пред повторна употреба. Многу инциденти се предизвикани заради невнимателно користење.

f) Одржувајте го апаратот наострен и исчистен од остатоци при сечењето. Адекватно одржување од остатоци при сечењето, со наострени сечива носи помалку случаи на заглавување и полесно е за контролирање.

g) Користете го електричниот апарат и дополнителната опрема согласно дадените упатства, одржувајки ги работните услови и типот на работа што треба да се изврши. Употребата на овој електричен апарат за работи што се разликуваат од превидените може да предизвикаат опасни ситуации.

h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и без масло и маснотии. Лизгави рачки и површини за фаќање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

5) Употреба и мерки на претпазливост при употреба на деловите за батеријата

a) Полнете само со полнач што го одредува производителот. Адаптираниот полнач за одредена група батерии може да доведе до ризик од пожар ако се користи за друга група батерии.

b) Користете електрични делови само со специфично утврдена група батерии. Употребата на каква било друга група батерии може да создаде ризик од повреди или инциденти.

с) Кога групата со батеријата не се користи, треба да се чува подалеку од други метални ситни предмети како спајалки, монети, шајки, игли, шрафови и други ситни метални предмети коишто може да создадат врска меѓу двете клеми. Создавањето врска меѓу клемите на батеријата може да предизвика изгореници или искри.

d) Ако е во лоша состојба, батеријата може да протече: избегнувајте секаков контакт. Ако има случаен контакт, исплакнете веднаш со вода. Ако течноста ви навлезе во очи, веднаш побарајте медицинска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика иритација на кожата и изгореници.

e) Не користете батерија или алатка која е оштетена или модифицирана. Оштетените или модифицирани батерии може да покажат непредвидливо однесување што резултира со пожар, експлозија или ризик од повреда.

f) Не изложувајте батерија или алатка на орган или прекумерна температура. Изложеноста на орган или на температура над 130 °C може да предизвика експлозија. ЗАБЕЛЕШКА. Температурата „130 °C“ може да се замени со температурата „265 °F“.

g) Следете ги сите упатства за полнење и не полнете ги батеријата или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температури надвор од одредениот опсег, може да ја оштети батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.

6) Помош

a) Електричниот апарат треба да го поправа квалификувано лице со примена на само оригинални резервни делови. На тој начин се одржува безбедноста на електричниот апарат.

b) Никогаш не сервисирајте оштетени батерии. Сервисирањето на батериите треба да го врши само производителот или овластени даватели на услуги.

а) Држете ги сите делови од телото подалеку од сечивото. Не вадете го исечениот материјал и не држете материјал за сечење кога сечивото се движи. Сечилото продолжува да се движи и откако прекинувачот ће се исклучи. Момент на невнимание додека ракувате со поткаструвачот за грмушки може да доведе до сериозни лични повреди.

b) Носете го поткаструвачот за грмушки за рачката со запрено сечило, внимавајни да не притиснете на прекинувачот за стартување. Правилното носење на поткаструвачот за грмушки ќе го намали ризикот од ненамерно стартување и предизвикување на повреди од сечилото. с) Кога го транспортирате или складирате потнаструвачот за грмушки, сеногаш ставајте го капакот на сечилото. Правилното ракување со поткаструвачот

за грмушки ја намалува можноста од лични повреди предизвикани од сечилото.

d) Кога чистите заглавен материјал или го сервисирате уредот, проверете дали сите прекинувачи за напојување се исключени и дека батеријата е отстранета или ислучена. Неочекуваното активирање на поткаструвачот за грмушки при чистење на заглавениот материјал или при сервисирање може да доведе до сериозни повреди.

e) Држете го поткаструвачот за грмушки само за изолираните површини на рачките бидејки сечивото може да дојде во контакт со скриените кабли. Контакт на сечилото со кабел под напон може да ги наелектризира металните делови на машината и да предизвика електричен удар на операторот.

f) Држете ги каблите за напојување подалеку од областа за сечење. Каблите за напојување може да бидат сокриени во жива ограда или грмушки и може случајно да бидат пресечени од сечилото.

g) Не користете го поткаструвачот за грмушки во лоши временски услови, особено кога постои ризик од гром. Ова го намалува ризикот од удар на гром.

h) За да го намалите ризикот од струен удар, никогаш не го користете тримерот со продолжена рачка во близина на електрични водови. Контактот со или работењето во близина на електрични водови може да предизвика сериозна повреда или струен удар со смртен исход.

i) Секогаш користете ги двете раце при употреба на тримерот со продолжена рачка. Држете го тримерот со продолжена рачка со двете раце за да не изгубите контрола.

j) Секогаш користете заштита за глава при употреба на тримерот со продолжена рачка. Остатоците што се исфрлаат може да доведат до сериозна повреда

⚠️ Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исключете го моторот и оддалечете ја машината внимавајки да не предизвикате други оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината.

Продолжена изложеност на вибрации може да предизвика повреди и невроваскуларни пореметувања (познати и како „Рејнодов синдром“ или „бела рака“) особено кај оние кои патат од нарушувања на циркулацијата Симптомите може да се покажат на рацете, на рачните зглобови или на прстите и се манифестираат со губење на осет, вючанетост, чешање, болка, обезбојување и структурални промени на ножата. Овие ефенти може да се зголемат со ниски надворешни температури и / или од прекумерен притисок врз рачните. При појава на овие симптоми, треба да го намалите времето на користење на машината и да се советувате со лекар.

2.3 ОДРЖУВАЊЕ, ОДЛОЖУВАЊЕ

Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.

  • Кога ће ја запрете машината за одржување, проверка, складирање или менување на додаток, запрете го моторот, исключете ја машината од струја и уверете се дека сите подвижни делови се целосно запрени.
  • Оставете ја машината да се излади пред да вршите какви било проверки, прилагодувања и пред да ја складирате.
  • Одржувајте ја машината и чувајте ја чиста, на суво место и подалеку од дофат на деца.
  • Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или расипаните делови мора да се заменат со нови и никогаш не треба да се поправаат.
  • За намалување на ризикот од орган, не оставајте полни контејнери во затворен простор.

⚠️ Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство се максимални вредности при употреба на машината. Употребата на елемент за косење којшто не е стабилен, движењето со преголема брзина, неодржувањето на машината, значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки за да елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава или значителни вибрации. Редовно одржувајте ја машината, носете слушалки против бучава и правете паузи во работата.

Следните безбедносни мерки ги опфајаат безбедносните одредби коишто се претставени во даденото упатство за полначот на батеријата кое што се доставува со машината.

  • Користете само полначи за полнење на батериите што ги препорачува производителот. Несоодветен полнач за батеријата може да предизвика електричен удар, прегревање или протекување на корозивната течност од батеријата.
  • Користете само батерии со спецификации што се предвидени за вашиот апарат. Употреба на други батерии може да предизвика повреди и ризик од пламен.
  • Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли, навртки и други мали метални предмети што може да предизвикаат краток спој на контактите. Краток спој на контактите на батеријата може да доведе до експлозија и пламен.
  • Не користете го полначот за батеријата на места каде има гасови, запаливи супстанци или лесно запаливи површини, како што се хартија, ткаенина и слично. За време на полнењето, батеријата се загрева и може да предизвика орган.
  • За време на транспорт на акумулаторите, обратете внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и не користете метални кутии за транспорт

2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

  • Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во губре, туку треба да се селектираат и да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање материјали.
  • Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето.
  • При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.

STIGA PH 700e - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 1

Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ 2012/19/UE, отпадот што се состоит од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во согласност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на еко-компатибилен начин. Ако електричните апарати се одложат на губриште или на земја, штетните состојки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синцирот на исхрана, со што ќе се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.

STIGA PH 700e - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2

Откако ће ј помине рокот на употреба, извадете ја батеријата обрнувајки внимание на животната средина. Батеријата содржи материјал што е опасен за вас и за средината. Треба да се извади и расклопи во засебен сад што може да содржи литиумски јони.

STIGA PH 700e - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 3

Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета на животната средина и ја намалува потребата за примарни материјали.

3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА

3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА

Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно преносен уред со поткаструвач на грмушки на батерии.

Машината главно се состоит од мотор којшто активира уред за сечење.

Операторот може да вклучува разни главни команди секогаш одржувајки го безбедносното растојание од уредот за сечење.

3.1.1 Предвидена употреба

Оваа машина е проектирана и конструирана за:

- сечење и регулација на жива ограда и грмушки коишто имаат мали гранки;

- Само еден оператор може да ја користи.

3.1.2 Несоодветна употреба

Која и да е друга употреба,поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):

  • косење трева воопшто, а особено во близина на нерамен терен;
  • сечкање материјали за губрење;
  • обликување;
  • употреба на машината со уредот за сечење над линијата на рамото;
  • употреба на машината за косење материјали што не се од вегетативна природа;
  • употреба на уреди со сечива што не се наведени во табелата „Технички податоци“. Опасност од сериозни повреди и оштетувања;
  • употреба на машината од страна на повеќе луге.

ВАЖНО Несоодветната употреба на машината доведува до отфрлање на гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност на производителот, префрлувајки ги на корисникот произлезените обврски предизвикани од повреди или оштетувањата лично или на трети лица.

Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за „домашна употреба“.

3.2 БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА

На машината има символи (сл. 2). Нивната задача е да го потсетуваат операторот на постапките што треба да ги следи внимателно и со задолжителни мерки за претпазливост.

машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно.

STIGA PH 700e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 1

ВНИМАНИЕ! Пред

да ја користите оваа машина, прочитајте го упатството за употреба.

STIGA PH 700e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 2

Носете заштитни очила..

STIGA PH 700e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 3

Носете цврсти ракавици за работа со заштита против лизгање.

STIGA PH 700e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 4

Да не се изложува на дожд (или на влага).

STIGA PH 700e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 5

Ризик од посекотини! Држете ги рацете и нозете подалеку од сечивото.

STIGA PH 700e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 6

Внимавајте на можни исфрлувања на материјали коишто ги предизвикува уредот со сечивото коишто може да предизвикаат тешки повреди на лица и предмети.

STIGA PH 700e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА - 7

Оддалечете ги сите лица или домашни животни најмалку 15 метри додека работи машината.

ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Побарајте нови етикети од соодветен центар или од овластениот сервисер.

3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ

Етикетата за идентификација на производот ги содржи следните податоци (сл.: 1):

  1. Ниво на акустична моїност
  2. Ознака за усогласеност
  3. Месец/Година на производство
  4. Тип на машината
  5. Сериски број
  6. Име и адреса на производителот
  7. Код на производ
  8. Напон на напојување

Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.

ВАЖНО Користете ги дадените податоци за идентификација секојпат кога контактирате со овластен центар.

ВАЖНО Примерот за изјавата за усогласеност се наоға на последната страница во упатството.

3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ

Машината се состоит од следните главни делови коишто соодветствуват на следните функции (сл.1):

A. Мотор: обезбедува движење на уредот со сечивото.
В. Шипка со команди: тука се наогаат главните команди за забрзување.
С. Задна рачка: рачка за потпора поставена во задниот дел на шипката со команди. Се држи со десната рака.
D. Предна рачка: рачка за потпора поставена на шипката со команди. Се држи со левата рака.
E. Уред со поткаструвач: уред предвиден за кастрење и обликување на грмушки. Се доставува монтиран на соодветната оска.
F. Заштитна опрема: платнени ремени што минуваат под рамениците. Помага да се издржи тежината на машината во текот на работата.
G. Сечиво (уред со сечиво): соодветен елемент за сечење на вегетација.
Н. Заштита за сечивото (при транспорт и преместување на машината): спречува несакан контакт со уредот со сечивото што може да доведе до тешки повреди
I. Батерија (ако не се доставува со машината, погледнете го поглавјето 15 „Дополнителна опрема на барање“): уред којшто овозможува електрично напојување за машината. Нејзините одлики и условите за употреба се опишани во засебно упатство.
J. Полнач за батеријата (дополнителна опрема по избор, пасус 15.2): уред којшто служи за полнење на батеријата. Неговите одлики и условите за употреба се опишани во засебно упатство. Достапни се два модели на полначи на батеријата: J1 (брзо полнење на батеријата); J2 (стандардно полнење на батеријата).
К. Торбичка за батерии (дополнителна опрема на барање. пас.15.3): уред за чување на батериите.
L. Кабел за поврзување: кабел кој овозможува поврзување на машината со торбичката за батерии.
М. Симулатор на батерија(дополнителна опрема на барање. пас.15.4): уред што, ако е вметнат во кујиштето на машината, дозволува употреба на торбичката за батерии.

4. МОНТИРАЊЕ

⚠️ Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

За потребите на складирање и транспорт, одредени компоненти на машината веројатно не се монтирани во фабриката, туку треба да се монтираат по вадење на амбалажата следејки ги следните упатства.

⚠️ Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејни секогаш соодветни алати. Не користете ја машината пред да завршите со сите постапки наведени во поглавјето „МОНТИРАЊЕ“.

4.1 ДЕЛОВИ ЗА МОНТИРАЊЕ

Пакувањето ги содржи деловите за монтажа.

4.1.1 Распакување

  1. Отворете го пакувањето внимателно за да не ги расфрлите деловите.
  2. Прочитајте ја документацијата во кутијата каде се наведени овие упатства.
  3. Извадете ги од кутијата сите делови што не се монтирани.
  4. Извадете ја машината од кутијата.
  5. Фрлете ги кутијата и амбалажата согласно локалните одредби.

4.2 МОНТИРАЊЕ НА УРЕДОТ НА ПОТКАСТРУВАЧОТ ЗА ГРМУШКИ

⚠️ Пред да започнете со монтирање, уверете се дека батеријата не е на своето место.

  • Вметнете ја шипката со командите (сл. 3.A) во уредот за кастрење (сл. 3.B).
  • Лизнете го вратот (сл. 3.С) нагоре и свртете го во правецот на стрелките на часовникот да се затегне докрај.

⚠️ Проверувајте ги од време на време за да се уверите дека шипките се добро стегнати.

4.3 ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА УРЕДОТ СО ПОТКАСТРУВАЧОТ ЗА ГРМУШКИ

  • Разлабавете го ракофатот (сл. 4.A) следејки го правецот што го посочува стрелката - отлучен катанец.
  • Повлечете или лизнете ја рачката (сл. 4.B) за да ја постигнете саканата должна.
  • Кога ће ја регулирате должината, затегнете ја рачката убаво следејки го правецот што го посочува стрелката - затворен катанец.

⚠️ Проверувајте ги од време на време за да се уверите дека шипките се добро стегнати.

4.4 ВАДЕЊЕ НА УРЕДОТ СО ПОТКАСТРУВАЧОТ ЗА ГРМУШКИ

- За да го извадите уредот со поткаструвачот за грмушки (сл. 3.В) поставете ја шипката со команди (сл. 3.А) на земја, разлабавете го вратот (сл. 3.С) и отстранете го уредотза кастрење.

Торбичката за батерии се доставува монтирана (сл.1К) и може да се отстрани од држачите (сл. 5) и да се носи во рака.

За да ја извадите торбичката за батерии притиснете ги двете горни копчиња (сл. 5.А).

Кукиштата за батерии се наогаат од двете страни на торбичката (сл. 6).

На десната страна на торбичката има:

  • приключок за кабел (сл. 7.A);
    • селектор на батерија (сл. 7.B);
  • USB приключок за полнење на други уреди (на пр., мобилен телефон) (сл. 7.C).

За да се избегне присуство на пуштени кабли, има премини од двете страни и на задната страна преку која треба да помине кабелот за напојување.

5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА

5.1 БЕЗБЕДНОСНО КОПЧЕ (УРЕД ЗА АКТИВИРАЊЕ/ДЕЗАКТИВИРАЊЕ)

STIGA PH 700e - БЕЗБЕДНОСНО КОПЧЕ (УРЕД ЗА АКТИВИРАЊЕ/ДЕЗАКТИВИРАЊЕ) - 1

Зелена сијаличка: електричното коло на машината е активирано. Машината е подготвена за работа. Двете сијалички се запалени: машината е активирана (Сл. 8.D).

Изгаснати сијалички: електричното коло е целосно деактивирано.

STIGA PH 700e - БЕЗБЕДНОСНО КОПЧЕ (УРЕД ЗА АКТИВИРАЊЕ/ДЕЗАКТИВИРАЊЕ) - 2

ВАЖНО При преместување, никогаш не држете го прстот врз копчето за да избегнете случајно палење.

Иконата „Внимание“ (сл. 8.E) се пали во случај на проблем со машината (погледнете ја табелата за идентификација на проблеми, пас. 14).

5.2 КОМАНДА НА РАЧКАТА ЗА ЗАБРЗУВАЧОТ

Рачката со командата за забрзувачот (сл. 8.A) овоможува активирање на уредот за кастрење. Рачката со командата за забрзување може да се активира (сл. 8.A) можно е само со истовремено притискање на рачката за блокирање на забрзувачот (сл. 8.B-M).

5.3 РАЧКА ЗА БЛОКИРАЊЕ НА ЗАБРЗУВАЧОТ

Рачката за блокирање на забрзувачот (Сл. 8.В-М) овозможува активирање на командата за забрзување (сл. 8.А).

6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

Пред да започнете со работа, неопходно е да спроведете серија контроли и операции за да обезбедите дека работата ће се одвива на ефикасен начин и со максимална безбедност.

Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот.

6.1.1 Контрола на батеријата

Пред секоја употреба:

- проверete ја состојбата на полначот за батеријата следејки ги насоките посочени во упатството за батеријата

6.1.2 Регулација на аголот на уредот со поткаструвачот за грмушки

Уредот со поткаструвачот за грмушки се закосува на 112° и може да се блокира а 6 позиции.

- Ставете ја машината на земја, притиснете ги копчињата за вртење (сл. 9.А) за да го ротирате поткаструвачот на грмушки којшто се вметнува правилно во лежиштето.

Oваа операција треба да се изведе кога машината е застаната и батеријата е извадена од лежиштето (пасус 7.2.2).

6.1.3 Употреба на појасот

⚠️ Редовно проверувајте ја ефикасноста на копчата за брзо откачување што овозможува брзо да ја ослободите машината од ременот во случај на опасност.

Појасот треба се стави пред да се закачи машината за соодветниот прицврстувач и ременот треба да се регулира во однос на висината и тежината на корисникот.

  • Ременот (сл. 10.А) мора да мине над левото рамо кон десниот колк.
  • Закачете го копчето (сл. 10.В) на местото за прикачување на контролната шипка.
  • Доколку е потребно, откачете го копчето на клипот (сл. 10.С) за да ја извадите машината од ременот.

6.1.4 Употреба на торбичката (ако е предвидено)

  1. Вметнете ја батеријата во еден од одделите на торбичката за батерии (сл. 6) притискајки ја докрај сё додека не слушнете звук на кликнување што ја блокира на место и обезбедува електричен контакт;
  2. поврзете го кабелот на торбичката со соодветниот приклучок (сл. 7.A) вртејки го сè додека не слушнете звук на кликнување што го блокира на место и обезбедува електричен контакт;
  3. прилагодете ги држачите и затворете го предниот појас (сл. 11).

6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ

Спроведете ги следните безбедносни контроли и проверете дали результатите соодветствуваат со даденото во табелата.

Секогаш проверувајте ги безбедносните контроли пред работа.

⚠️ Ако некој од резултатите не е ист нако што е посочено во табелата, не ја користете машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и поправка.

Предмет Резултат
Рачки и заштити ЗаштитиЧисти, исушени, правилно и цврсто фиксирани на машината.
Шрафови на машината и сечивотодобро зашрафени (не разлабавени)
Отвори за воздух за ладењеБез пречки
Сечиво Наострено, безникакви знаци за оштетување или изабеност
Заштити Цели и безоштетувања
Акумулатор Без никаквиоштетувања на куќиштето и без протекување на течност
Машина Никаков знак наоштетување или изабеност
Рачка за командата на забрзувачот, рачка за блокирање на забрзувачотТреба да се движат слободно, без напор.
Пробна работа Нема чудни вибрации.Нема чудни звуци
Дејство Резултат
Ставете ја батеријата на своето место (сл. 7.2.3).Сечивото не се движи
Стиснете ја рачката за команда на забрзувачот.(без да ја притиснете рачката за блокада на забрзувачот.)Рачката за командата на забрзувачот останува блокирана.
Вклучете ја рачката за блокада на забрзувачот и рачката за командата на забрзувачот.Рачките треба да се движат слободно и без примена на сила. Сечивото се движи.
Пуштете ја рачката за команда на забрзувачот.Рачката се враćа автоматски и брзо во неутрална позиција.Сечивото застанува.

6.3 ПАЛЕЊЕ

6.3.1 Палење со батерија

  1. Извадете ја заштитата на сечивото (сл. 1.H) (ако е ставена);
  2. проверете дали ножот го допира теренот или други предмети;
  3. Ставете ја батеријата правилно на своето место (сл. 12.B) (пас. 7.2.3);
  4. притиснете го безбедносното копче (сл. 8.С);
  5. Включете ја рачката за блокирање на забрзувачот (сл. 8.В-М) и рачката за командата за забрзувачот (сл. (сл. 8.А).

6.3.2 Палење со симулатор на батерија (ако е предвидено)

  1. Заземете цврста и стабилна позиција:
  2. извадете ја заштитата на сечивото (сл. 1.H) (ако е ставена);
  3. проверете дали ножот го допира теренот или други предмети;
  4. ставете го симулаторот на батеријата правилно на своето место на машината (сл.12.J).
  5. поврзете го кабелот за поврзување со симулаторот на батерија (сл.12.1).
  6. изберете ја батеријата која треба да се активира преку селекторот (сл. 7.B).
  7. притиснете го безбедносното копче (сл. 8.А).
  8. Включете ја рачката за блокирање на забрзувачот (сл. 8.В-М) и рачката за командата за забрзувачот (сл. (сл. 8.А).

6.4 РАБОТА

Пред да започнете со кастрење за првпат и сечење и регулација на жива ограда и грмушки, треба:

– да имате соодветна обука за користење на овој вид апарати;
– носете соодветна опрема на појасот;
– да сте ги прочитале безбедносните предочувања и упатството за користење што се составен дел на овој прирачник;
– да сте вежбале на начин што ће доведе до неопходната запознаеност со машината и со најчестите техники за сечење.

За да работите се машината, постапете како што следи:

  • секогаш закачувајте ја машината за појасот правилно поставена (видете пасус 6.1.3);
  • Во текот на работата, машината секогаш мора да се држи цврсто со двете раце, со тоа што левата рака е поставена на предниот ракофат, а десната на задниот независно дали операторот е левучар или десничар.

He вадете го исечениот материјал или држете го цврсто материјалот за сечење кога сечивото е во функција. Уверете се дека машината е исключена кога ги вадите исечениот материјал.

ЗАБЕЛЕШКА За време на работата, батеријата е заштитена од комплетно празнење преку заштитниот уред кој што ја исклучува машината и ја блокира работата.

6.4.1 Техника на работа

Секогаш се претпочита да се сече првиот и вториот ред вертикални израстоци на грмушката, а потоа легнатите делови.

ЗАБЕЛЕШКА Автономијата на батеријата (што значи обработена површина со вегетација пред повторно полнење) вообичаено е условена со разни фактори дадени во (пасус 7.2.1).

6.4.1.a Вертикално сечење

Ножот треба да се постави со кружно движење оддолу нагоре со тоа што сечивото їе се држи што е можно подалеку од телото (сл. 13).

6.4.1.b Хоризонтално сечење

Најдобри резултати се постигнуваат кога сечивото (сл. 14) е благо закосено (0° - 15°) во правец на сечењето, со кружно движење и лесно и константно придвижување, особено во случај на многу густи грмушки (сл. 14).

6.4.2 Совети за работа

Ако сечивото се блокира во текот на работата или се заплетка во гранките на грмушката:

  1. застанете ја веднаш машината (пасус 6.5);
  2. уверете се дека уредот со сечивото е застанат;
  3. извадете ја батеријата (пасус 7.2.2);
  4. Извадете го заглавениот материјал.

6.4.3 Подмачкување на сечивата во текот на работата

Доколку уредот за сечење се загрева премногу при работа, треба да се подмачкуваат внатрешните површини на сечивото (пасус 7.4).

⚠️ Оваа операција треба да се изведе нога машината е застаната и батеријата е извадена од лежиштето (пасус 7.2.2).

6.5 ЗАСТАНУВАНЬЕ

За да ја исключите машината:

  • Пуштете ги рачката за команда на забрзувачот (сл. 8.A).
  • Дезактивирајте го безбедносното копче (изгасната сијаличка) (сл. 8.С).

⚠️ Штом ће ја застанете машината, потребни се неколку секунди пред да застане уредот за сечење.

Застанете ја секогаш машината: – при менување на локацијата на работа.

⚠️ При преместување, никогаш не држете го прстот врз безбедносниот прекинувач за да избегнете случајно палење.

6.6 ПО РАБОТАТА

6.6.1 По работата со батерија

  • Извадете ја батеријата од лежиштето (сл. 15.В) и ставете ја да се полни (пас. 7.2.2).
  • Ставете ја заштитата за сечивото.
  • Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија.
  • Исчистете ја машината (пасус 7.3).
  • Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки.

6.6.2 По употреба со симулатор на батерија (ано е предвидено)

  1. Поставете го селекторот на торбичката за батерии на „OFF" (сл. 7.B);
  2. отстранете го симулаторот на батерија од машината (сл. 15.J);
  3. извадете ја торбичката за батерии;
  4. отстранете го кабелот за поврзување од симулаторот на батерија (сл.15.1) и од торбичката (сл.7.A);
  5. извадете ја батеријата од торбичката (сл. 16) и ставете ја да се полни (пас. 7.2.2);
  6. оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија;
  7. исчистете ја машината (пасус 7.3);
  8. проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте со овластен сервисер.

ВАЖНО Секогаш вадете ја батеријата (пасус 7.2.2) и ставете ја заштитата за сечивото секојпат кога ја оставате машината без надзор или нема да работите.

7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ

7.1 ОПШТО

⚠️ Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.
⚠️ Пред да извршите каква било контрола, исчистете или интервенирајте кај одржувањето/регулацијата на машината:

• Застанете ја машината;

• Застанете го уредот за сечивото;

- Извадете ја батеријата од лежиштето;

- Ставете ја заштитата за сечивото дури и при интервенција на самото сечиво;

- Проверете дали моторот е соодветно изладен;

- Прочитајте ги соодветните упатства;

- Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.

Зачестеноста и висот на интервенција се дадени во „Табелата за одржување“. Табелата го прикажува опсегот што ће ви помогне при одржување на ефикасноста и безбедноста

на машината. Во неа се прикажани главните интервенции и предвидените интервали за секоја од ставките. Извршете ја соодветната постапка пред првата појава.

  • Употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални и/или не се правилно поставени, може да доведе до несакани ефекти врз работата и безбедноста на машината. Производителот ја отфрла сета одговорност во случај на штети, инциденти или повреди предизвикани од такви производи.
  • Оригиналните резервни делови се набавуваат во сервисните центри или кај авторизираните застапници.

ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација коишто не се опишани во ова упатство треба да се извршат кај застапникот или во овластен сервис.

7.2 АКУМУЛАТОР

7.2.1 Автономија на батеријата

Автономијата на батеријата главно е условена со:

a. факторите на средината на работа коишто предизвикуваат најголема потрошувачка на батеријата:
– сечење/регулација на грмушки со многу лисја или мокри;
– сечење/регулација на жбунови чии гранки се многу големи.
b. однесувањето на операторот кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во текот на работата;
– употреба на несоодветна техника за сечење во однос на работата што треба да се заврши (пасус 6.4.1).

За да се зголеми автономијата на батеријата, секогаш треба:

  • сечете ја грмушката кога е сува;
  • користете ја најсоодветната техника за работа.

Во случај кога сакате да ја користите машината за многу долга работа и користите стандардна батерија, може:

  • да набавите втора стандардна батерија за да ја замените веднаш потрошената батерија без да треба да ја прекинувате работата;
  • да набавите батерија со поголема автономија во однос на стандардната батерија (пасус 15.1).

7.2.2 Исклучување и полнење на батеријата

  1. Притиснете го копчето за блокирање поставено во батеријата на машината (сл.

15.A) или во торбичката (сл. 16. A) (ако е предвидено);

  1. извадете ја батеријата од машината (сл. 15.В) или од торбичката за батерии (сл. 16.В) (ако е предвидено);
  2. ставете ја батеријата (сл. 17.A) на своето место за полнење (сл. 17.B);
  3. Поврзете го полначот на батерии (сл. 17.С) во извор на ел. енергија со соодветен напон како оној што е посочен на етикетата.
  4. Секогаш полнете го до крај следејки ги упатствата дадени во упатството за батеријата/полначот за батеријата.

ЗАБЕЛЕШКА Батеријата се доставува со заштита што го прекинува полнењето ако температурата во средина не е меѓу 0 и +45 °C.

ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може да се полни во секој момент, дури и делумно без ризик од оштетување.

7.2.3 Повторно поставување на батеријата во машината

Кога полнењето е завршено:

  1. Извадете ја батеријата (сл. 18.А) на своето место за полнење (сл. 18.В) (избегнувајки долго време да ја држите на полнење доколку завршило полнењето);
  2. откачете го полначот на батерии (сл. 18.С) од струја;
  3. вметнете ја батеријата во лежиштето на машината (сл. 19.В) или во едно од лежиштата на торбичката за батерии (сл. 6) (ако е предвидено);
  4. притискајки ја докрај сё додека не слушнете звук на кликнување што ја блокира на место и што обезбедува електричен контакт;

7.3 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА

На крајот на секоја работа, исчистете ја машината детално од прав и остатоци при работа.

  • За намалување на ризикот од запалување, одржувајте ги машината, а особено моторот од остатоци од лисја, гранки и прекумерно масло.
  • Секогаш чистете ја машината по употребата со чиста и мокра крпа потопена во неутрален детергент.
  • Отстранете ги сите траги на влага со мека и сува крпа. Влагата остава простор за ризик од електричен удар.
  • Не користете абразивни детергенти и растворувачи да ги исчистите пластичните делови или рачките.

  • Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.

  • За да избегнете прегревање или оштетување на моторот и на батеријата, секогаш проверувајте дали решетката за воздух за ладење е чиста и без остатоци.

7.4 ЧИСТЕЊЕ И ПОДМАЧКУВАЊЕ НА УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО

По работата, мора да го исчистите и подмачкате сечивото за да му ја продолжите функцијата и долготрајноста.

Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте ја извадиле батеријата и ако уредот со сечивото не е застанат докрај.

  • Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот.
  • Чистете го сечивото со сува крпа и користете лопатка ако има упорни дамки.
  • Подмачкајте го сечивото внимателно нанесувајки слој на одреденото масло без да ја измачкате и делот на горниот крај на сечивото.

7.5 НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ

  • Одржувајте ги шрафовите и навртките затегнати за да бидете сигурни дека машината е секогаш безбедна за работа.
  • Редовно проверувајте дали рачките се цврсто фиксирани.

8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ

8.1 ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ НА УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО

⚠️ Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте ја извадиле батеријата и ако уредот со сечивото не е застанат докрај.

Ако се користи во согласност со упатството, сечивото не бара никакво одржување или острење.

8.1.1 Контрола

⚠️ Повремено проверувајте дали се сечивата искривени, оштетени или изабени и дали се шрафовите соодветно затегнати.

Не е потребна регулација на растојанието меѓу сечивата бидејки движењето е веке поставено фабрички.

8.1.2 Острење

Острењето е неопходно кога изведбата на ножевите опаға и гранките се наведнуваат и честопати се заплеткуваат.

⚠️ Од безбедносни причини, острењето мора да се изведе во специјализиран центар кој располага со стручност и соодветни алатки за извршување на оваа работа без да се ризинува оштетување на сечивото и да се предизвика небезбедна состојба во текот на работата.

⚠️ Ножот со оштетени сечива не смее никогаш да се остри, туку да се замени.

8.1.3 Замена

⚠️ Сечивото никогаш не смее да се поправа, туку мора да се замени штом ће се забележат зачетоци на оштетување или кога ће се достигне дозволениот лимит за острење. Од безбедносни причини, тоа треба да се замени во овластен сервисен центар.

Со оваа машина предвидено е да се користи сечивото коешто го носи кодот посочен во табелата сос технички податоци

Заради развојот на производот, сечивата наведени во табелата „Технички податоци“ треба со време да се заменат со други со соодветни характеристики за замена и функционална безбедност.

9. ОДЛОЖУВАНЬЕ

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да се следат во текот на ракување се наведени во пас. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

9.1 ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА

Кога машината треба да се одложи:

  1. извадете ја батеријата од лежиштето и проверете го полнењето (пасус 7.2.2);
  2. Ставете ја заштитата за сечивото;
  3. Проверете дали моторот е соодветно изладен;
  4. Исчистете ја машината (пасус 7.3);
  5. Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте со овластен сервисер.
  6. Одложете ја машината:

– во сува просторија;
– и засолнета од лоши временски услови;
– и на место надвор од дофатот на децата;
– увервајки дека сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.

9.2 ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА

Батеријата треба да се чува во средина без директна сончева светлина, на студени и места без влага.

ЗАБЕЛЕШКА Ако нема да ја користите подолг период, полнете ја батеријата секои два месеца за да љ се продолжи рокот на употреба.

10. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ

Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или закосување на машината:

• Застанете ја машината;
• Застанете го уредот за сечивото;
- Извадете ја батеријата од лежиштето и проверете го полнењето;
- Ставете ја заштитата за сечивото;
- Проверете дали моторот е соодветно изладен;
- Носете заштитни ракавици;
- Фатете ја машината само за држачите и да се насочи лостот во правец спротивен од правецот на движење.

Кога ја носите машината со возило:

  • обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или синцири;
  • поставете ја на начин да не претставува опасност за никого.

Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите интервенции за регулација и одржување што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејки знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ће се заврши правилно, земајки го во предвид првобитниот степен на безбедност и условите на машината.

Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.

- Само овластените сервиси за помош може да ги извршуваат поправките и одржувањето што се под гаранција.

  • Овластените сервисни центри користат само оригинални резервни делови. Оригиналните резервни делови и дополнителна опрема се специјално дизајнирани за машината.
  • Резервните делови и дополнителната опрема што не одобрени, употребата на резервни делови и дополнителна опрема што не се оригинални ја поништуваат гаранцијата.
  • Препорачуваме да ја однесете машината еднаш годишно во овластен сервис за одржување, помош и контрола на безбедносните уреди.

12. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА

Гаранцијата ги покрива сите штети на материјалите и производството. Корисникот треба внимателно да ги следи сите упатства кои се дадени до приложената документација.

Гаранцијата не ги покрива штетите настанати затоа што:

  • Не сте се запознале со приложената документација.
  • Не сте внимателни.
  • Употребата и монтирањето не се правилни или конзистентни.
  • Се користат резервни делови коишто не се оригинални.
  • Се користи дополнителна опрема која не е одобрена ниту доставена од производителот.
    Гаранцијата не покрива и:
  • нормално абење на потрошните материјали како што се тркалата, сечивата, безбедносните светла и јажињата
  • Нормално абење.

Купувачот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на купувачот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин не ја лимитираат оваа гаранција.

  1. ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
ИнтервенцијаПериодЗабелешка
МАШИНА
Контрола на сите фиксирањаПред секоја употребапасус 7.5
Безбедносни контроли / проверка на командитеПред секоја употребапасус 6.2
Контрола на фиксирањата на шипкатаПред секоја употреба4.3, 4.4
Проверка на состојбата на батеријатаПред секоја употреба*
Полнење на батеријатаНа крајот на секоја употребапасус 7.2.2 *
Чистење на машината и на моторотНа крајот на секоја употребапасус 7.3
Чистење и подмачкување на уредот со сечивотоНа крајот на секоја употребапасус 7.4
Проверка на можни оштетувања на машината. Ако е потребно, контактирајте со овластен сервисен центар.На крајот на секоја употреба-
Контрола на уредот за сечењеНа крајот на секоја употребапасус 8.1.1
Острење на уредот за сечење-пасус 8.1.2 **
Замена на уредот со сечивото-пасус 8.1.3 **

* Прочитајте во упатството за батеријата/полначот за батеријата.
** Работа што треба да ја изведе застапникот или специјализиран центар за сервисирање

  1. НЕСООДВЕТНА РАБОТА
НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
1. Безбедносното копче е активирано, сината сијаличка поставена на безбодносното светло (сл. 8.С) не се палиНема батерија или не е ставена правилноПроверете дали батеријата е ставена (пасус 7.2.3).
2. Безбедносното копче е активирано, сината сијаличка 8.С) не се пали, сијаличката трепкаПразна батерија Проверувајте јасостојбата на наполнетост и наполнете ја батеријата (пасус 7.2.2).
3. Моторот се гаси во текот на работатаБатеријата не е правилно вметнатаПроверете дали батеријата е ставена (пасус 7.2.3).
Машината е оштетена. Не користете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар.
4. Со рачката за команда на забрзувачот (сл. 8.А) и безбедносната рачка за запирање (сл. 8.В) включени уредот за кастрење не се движиМашината е оштетена. Не користете ја машината. Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во сервисен центар.
5. Уредот со сечивото се загрева премногу во текот на работатаНезадоволително подмачкување на сечивотоЗастанете ја машината, оставете го уредот со сечивото да се смири, извадете ја батеријата и подмачкајте го сечивото (пасус 7.4).
6. Уредот со сечивото допрел вод или електричен кабел- НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО СЕЧИВОТО БИДЕЈКИ ИМА СТРУЈА ВО НЕГО И ПРЕТСТАВУВА ОГРОМНА ОПАСНОСТ! Фатете ја машината само за задната изолирана рачка и однесете ја внимателно подалеку од средината. Исклучете го напојувањето за водот или кабелот и извадете ја батеријата пред да ги ослободите запчите на сечивото.
7. Уредот со сечивото удрил во страно тело.- Застанете ја машината,извадете ја батеријата и:– проверете ги оштетувањата,– проверете дали деловите се разлабавиле и затегнете ги,– обезбедете замена или поправка на оштетените делови со резервни делови со соодветни характеристики.
8. Има бучава и/или прекумерни вибрации во текот на работатаРазлабавени или оштетени деловиЗастанете ја машината, извадете ја батеријата и:– проверете ги оштетувањата,– проверете дали деловите се разлабавиле и затегнете ги,– обезбедете замена или поправка на оштетените делови со резервни делови со соодветни характеристики.
9. Машината испушта дим во текот на работатаМашината е оштетена. Не користете ја машината. Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во овластен сервисен центар.
10. Автономијата на батеријата е незадоволителнаУсловите за работа се многу тешки и бараат поголема потрошувачка на енергијатаПодобрете ја употребата (пасус 7.2.1).
Батеријата не е доволна за работните потребиКористете и втора батерија или поголема батерија (пасус 15.1).
Намален капацитет на машината Набавете нова батерија.
НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
11. Полначот не ја полни батеријатаБатеријата не е поставена правилно во полначотПроверете дали поставеноста е точна (пасус 7.2.3).
Условите во средината за работа не се соодветниВключете го полнењето во средина со соодветна температура (видете го упатството за употреба за батеријата/ полначот за батеријата).
Нечисти контакти Исчистете ги контактите
Нема напон кај полначот на батеријатаПроверете дали приклучокот е вметнат и дали има довод на ел. енергија.
Полначот на батеријата има дефектЗаменете го дефектниот дел со оригинален.
Ако истиот опстојува, проверете го упатството за батеријата / полначот за батеријата.

Контактирајте со застапникот за помош ако проблемите опстојуваат откако сте ги направиле горепосочените операции.

Има батерии со различен квалитет наменети за одредени работни задачи (сл.20). Списокот со батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наога во табелата „Технички податоци“.

Уред што се користи за полнење на батеријата: брзо (сл. 21.A), стандард (сл. 21.B).

Уред кој овозможува лежиште за две батерии и обезбедува електрична енергија потребна за функционирање на машината.

Содржи кабел за поврзување со машината (сл. 1.L) и селектор (сл. 7.B) кој овозможува избирање на една од двете батерии (позиција „1“ и „2“) и „OFF”.

Уред што, кога е вметнат во кукиштето на машината, овозможува употреба на ранецот за батерија.

INHOUDSOPGAVE

  1. ALGEMEEN.... 1
  2. VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN....2
  3. LEER DE MACHINE KENNEN 6

МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : STIGA

Модел : PH 700e

Категорија : Градинарски ножици