STIGA HT 300e - Градинарски ножици

HT 300e - Градинарски ножици STIGA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HT 300e STIGA во PDF формат.

📄 471 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice STIGA HT 300e - page 271
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за HT 300e STIGA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Градинарски ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HT 300e - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HT 300e на марката STIGA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HT 300e STIGA

3.1.1 Предвидена употреба

  • 0°C - 60°C за 1 месец
  • 0°C - 45°C за 3 месеца
  • 0°C - 25°C за 1 година

3.1 Опис на машината и предвидена употреба .....5
3.2 Главни компоненти (Сл.1) 6
3.3 Етикета за идентификација на производот (Сл. 1) 6
3.4 Безбедносна сигнализација (Сл. 2)......6

  1. МОНТИРАЊЕ....7

4.1 РАСПАКУВАНЬЕ....7
4.2 Склопување на ОСНОВАТА ЗА ПОЛНЕЊЕ (Сл. 3) 7
4.3 Монтирање НА ШИНАТА ЗА ПРИЦВРСТУВАЊЕ НА СИДОТ (сл.4)....7

  1. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА....7

5.1 Копчето за блокирање на командата за сечивото (Сл. 5.С)....7
5.2 Рачка за команда на сечивото (сл. 5.A) .....7
5.3 Безбедносен прекинувач (сл. 5.В)......7
5.4 КОПЧЕ за деблокирање на задната рачка (сл. 5.D)

  1. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА....7

6.1 Воведни операции....7
6.2 Безбедносни контроли....8
6.3 Паленье....8
6.4 Работа....8
6.5 Застанување....9
6.6 По работата....9

  1. ОДРЖУВАНЬЕ....10

7.1 Општо 10
7.2 Акумулатор....10
7.3 Чистење на машината....11
7.4 Чистење и подмачкување на уредот со сечивото 11
7.5 Навртки и шрафови за фиксирање......11
7.6 Уред за сечење....11

  1. ОДЛОЖУВАЊЕ....11

8.1 Одложување на машината....12
8.2 Одложување на батеријата....12

ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО даваат прецизни или други информации како што е претходно наведено, со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета.

Символот посочува на опасност. Непочитувањето на мерните за претпазливост доведува до можност за лични или повреди и оштетувања на трети лица.

Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви точки посочуваат на изборни одлики коишто не се присутни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали таа одлика е присутна кај дадениот модел.

Сите индикации „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.

2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

2.1 ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

⚠️ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификацииприложени со оваа електрична алатка. Непочитувањето на наведените упатства може да предизвика електричен удар, пожар и тешки телесни повреди.

Сочувајте ги предупредувањата заедно со упатството за идна консултација.

Терминот „електричен апарат” наведен во предупредувањата се однесува на вашиот апарат напојуван од електричната мрежа (со кабел) или со помош на батерии (без кабел).

1) Обезбедување на работната средина

a) Одржувајте ја работната средина чиста и добро осветлена. Пренатрупаните и темни средини може да доведат до инциденти.
b) Не користете ги електричните апарати во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови

или нечистотија. Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.

с) Децата и другите кои што се во близина треба да се оддалечат кога се користат електричните апарати. Одвлекување внимание може да предизвика губење контрола.

2) Електрична безбедност

a) Приклучоците за електричните алати мора да одговараат на штекерот. Никогаш немојте да го модицирате приклучокот на кој било начин. Не користете приклучоци за адаптер со заземјени електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен удар.

b) Избегнувајте контакт на телото со заземјени површини, како цевки, радијатори, ладилници и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар доколку вашето тело е заземјено.

с) Не изложувајте ги електричните алати на дожд или на влага. Водата што може да навлезе во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар.

d) Не користете го кабелот за други намени. Никогаш не користете го кабелот за носење, влечење или ислучување на електричниот алат. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижни делови. Оштетен или заплеткан кабел го зголемува ризикот од електричен удар.

e) Нога работите со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел погоден за надворешна употреба. Употребата на соодветен кабел за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен удар.

f) Доколку работењето со електричниот алат на влажна локација е неизбежно, користете заштитено напојување со уред за преостаната струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од електричен удар.

3) Лична безбедност

a) Бидете внимателни, контролирајте што се случаува и со целосно внимание служете се со електричните апарати. Не користете ги електричните апарати нога сте уморни или под влијание на лекови, алкохол или дрога. При растроеност, не користете го електричниот апарат бидејки може да предизвика тешки телесни оштетувања.

b) Користете заштитна облека. Сеногаш ставајте заштитни очила. Носење на

заштитна опрема како што се маска против прав, чевли против лизгање, заштитен шлем и заштита за уши го намалуваат ризикот од телесни повреди.

с) Избегнувајте нестандардизирани приклучоци. Проверете дали уредот е исключен пред да ја ставите батеријата, го зафаћате или транспортирате електричниот апарат. Транспортирање на електричниот апарат со прстот на прекинувачот или поставување на батеријата кога прекинувачот е во позиција „ON“ (включено) со леснотија доведува до инциденти.

d) Отстранете ги сите клучеви или алатки за регулација пред да го включите електричниот апарат. Ако некој клуч или алатка останат во контакт со некој ротирачки дел може да предизвика тешки телесни оштетувања.

e) Не губете рамнотежа. Секогаш имајте сигурна потпора и соодветна рамнотежа. На тој начин најдобро їе го контролирате електричниот апарат во непредвидени ситуации.

f) Облечете се соодветно. Не носете широки алишта или накит. Косата, облеката и ракавиците треба да се држат настрана од деловите што се движат. Широка облека, накит или долга коса може да се закачат за деловите во движење.

g) Ако имате уреди за поврзување на апарати за издвојување и собирање на нечистотии, проверете дали се поврзани и се користат на правилен начин. Употребата на овие апарати може да ги намали ризиците што се поврзани со нечистотиите.

h) Не дозволувајте слободата стекната од честата употреба на алатки да ви овозможи да бидете самоуверени и да ги игнорирате принципите за безбедност на алатката. Несовесно постапување може да предизвика сериозна повреда за дел од секундата.

4) Употреба и безбедносно ракување со електричниот апарат

a) Не прегревајте го електричниот апарат. Користете го електричниот апарат прилагоден на работните услови. Правилно користење на апаратот обезбедува најдобра и најсигурна работа, според моќноста за која е создаден.

b) Не користете го електричниот апарат ако прекинувачот не е правилно поставен во позиција за вклучување или исклучување. Ако електричниот апарат не може да се вклучи со прекинувачот, тој е опасен за употреба и треба да се поправи.

с) Извадете ја батеријата од лежиштето пред каква било регулација или менување делови или пред складирање на апаратот. Овие безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на електричниот апарат.

d) Одложете го електричниот апарат кога не го користите подалеку од дофат на деца и не давајте апаратот да го користат лица што не се запознале со истиот и не го прочитале ова упатство. Електричните апарати се опасни во рацете на неискусни корисници.

e) Редовно извршувајте проверка на електричниот апарат. Проверете дали подвижните делови се наместени правилно и слободни за движење, дека не се оштетени и елиминирајте ја секоја друга можност што може да повлијае врз функционалноста на овој апарат. Во случај на оштетувања, електричниот апарат треба да се поправи пред повторна употреба. Многу инциденти се предизвикани заради невнимателно користење.

f) Одржувајте го апаратот наострен и исчистен од остатоци при сечењето. Адекватно одржување од остатоци при сечењето, со наострени сечива носи помалку случаи на заглавување и полесное за контролирање.

g) Користете го електричниот апарат и дополнителната опрема согласно дадените упатства, одржувајки ги работните услови и типот на работа што треба да се изврши. Употребата на овој електричен апарат за работи што се разликуваат од превидените може да предизвикаат опасни ситуации.

h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и без масло и маснотии. Лизгави рачки и површини за фаќање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

5) Употреба и мерки на претпазливост при употреба на деловите за батеријата

a) Полнете само со полнач што го одредува производителот. Адаптираниот полнач за одредена група батерии може да доведе до ризик од пожар ако се користи за друга група батерии.

b) Користете електрични делови само со специфично утврдена група батерии. Употребата на каква било друга група батерии може да создаде ризик од повреди или инциденти.

с) Кога групата со батеријата не се користи, треба да се чува подалеку од други метални ситни предмети како спајалки,

монети, шајки, игли, шрафови и други ситни метални предмети коишто може да создадат врска меѓу двете клеми. Создавањето врска меѓу клемите на батеријата може да предизвика изгореници или искри.

d) Ако е во лоша состојба, батеријата може да протече: избегнувајте секаков контакт. Ако има случаен контакт, исплакнете веднаш со вода. Ако течноста ви навлезе во очи, веднаш побарајте медицинска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика иритација на кожата и изгореници.

e) Не користете батерија или алатка која е оштетена или модифицирана. Оштетените или модифицирани батерии може да покажат непредвидливо однесување што резултира со пожар, експлозија или ризик од повреда.

f) Не изложувајте батерија или алатка на орган или прекумерна температура. Изложеноста на орган или на температура над 130 °C може да предизвика експлозија. ЗАБЕЛЕШКА. Температурата „130 °C“ може да се замени со температурата „265 °F“.

g) Следете ги сите упатства за полнење и не полнете ги батеријата или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температури надвор од одредениот опсег, може да ја оштети батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.

6) Помош

a) Електричниот апарат треба да го поправа квалификувано лице со примена на само оригинални резервни делови. На тој начин се одржува безбедноста на електричниот апарат.

b) Никогаш не сервисирајте оштетени батерии. Сервисирањето на батериите треба да го врши само производителот или овластени даватели на услуги.

a) Држете ги сите делови од телото подалеку од сечивото. Не вадете го исечениот материјал и не држете материјал за сечење кога сечивото се движи. Сечилото продолжува да се движи и откако прекинувачот ће се ислучи. Момент на невнимание додека ракувате со поткаструвачот за грмушки може да доведе до сериозни лични повреди.

б) Носете го поткаструвачот за грмушки за рачката со запрено сечило, внимавајки да не притиснете на прекинувачот за стартување.

Правилното носење на поткаструвачот за грмушки ће го намали ризикот од ненамерно стартување и предизвикување на повреди од сечилото.

в) Кога го транспортирате или складирате поткаструвачот за грмушки, секогаш ставајте го капакот на сечилото. Правилното ракување со поткаструвачот за грмушки ја намалува можноста од лични повреди предизвикани од сечилото.

г) Кога чистите заглавен материјал или го сервисирате уредот, проверете дали сите прекинувачи за напојување се исключени и дека батеријата е отстранета или исключена.

Неочекуваното активирање на поткаструвают за грмушки при чистење на заглавениот материјал или при сервисирање може да доведе до сериозни повреди.

Држете го поткаструвачот за грмушки само за изолираните површини на рачките бидејни сечивото може да дојде во контакт со скриените набли. Контакт на сечилото со кабел под напон може да ги наелектризира металните делови на машината и да предизвика електричен удар на операторот.

Г) Држете ги каблите за напојување подалеку од областа за сечење. Каблите за напојување може да бидат сокриени во жива ограда или грмушки и може случајно да бидат пресечени од сечилото.

e) Не користете го поткаструвачот за грмушки во лоши временски услови, особено нога постои ризик од гром. Ова го намалува ризикот од удар на гром.

ж) За време на работата, машината секогаш треба да се држи цврсто со двете раце. Ракувањето со една рака може да предизвика да ја загубите контролата и да доведе до сериозни лични повреди.

Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исключете го моторот и оддалечете ја машината внимавајки да не предизвикате други оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвинаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината.

Продолжена изложеност на вибрации може да предизвика повреди и невроваскуларни пореметувања (познати и како „Рејнодов синдром“ или „бела рака“) особено кај оние кои патат од нарушувања на циркулацијата Симптомите може да се покажат на рацете, на рачните зглобови или на прстите и се манифестираат со губење на осет, вючанетост, чешање, болна, обезбојување и структурални промени на кожата. Овие ефекти може да се зголемат со ниски надворешни температури и

/ или од прекумерен притисон врз рачките. При појава на овие симптоми, треба да го намалите времето на користење на машината и да се советувате со лекар.

2.3 ОДРЖУВАНЬЕ, ОДЛОЖУВАНЬЕ

Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.

  • Кога ће ја запрете машината за одржување, проверка, складирање или менување на додаток, запрете го моторот, исключете ја машината од струја и уверете се дека сите подвижни делови се целосно запрени.
  • Оставете ја машината да се излади пред да вршите какви било проверки, прилагодувања и пред да ја складирате.
  • Одржувајте ја машината и чувајте ја чиста, на суво место и подалеку од дофат на деца.
  • Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или расипаните делови мора да се заменат со нови и никогаш не треба да се поправаат.
    • За намалување на ризикот од орган, не оставајте полни контејнери во затворен простор.

⚠️ Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство се максимальни вредности при употреба на машината. Употребата на елемент за косење којшто не е стабилен, движењето со преголема брзина, неодржувањето на машината, значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки за да елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава или значителни вибрации. Редовно одржувајте ја машината, носете слушалки против бучава и правете паузи во работата.

Следните безбедносни мерки ги опфајаат безбедносните одредби коишто се претставени во даденото упатство за полначот на батеријата кое што се доставува со машината.

  • Користете само полначи за полнење на батериите што ги препорачува производителот. Несоодветен полнач за батеријата може да предизвика електричен удар, прегревање или протекување на корозивната течност од батеријата.
  • Користете само батерии со спецификации што се предвидени за вашиот апарат. Употреба на други батерии може да предизвика повреди и ризик од пламен.

  • Чувајте ја батеријата што не ја користите подалеку од канцелариски прибор, пари, клучеви, игли, навртки и други мали метални предмети што може да предизвикаат краток спој на контактите. Краток спој на контактите на батеријата може да доведе до експлозија и пламен.

  • Не користете го полначот за батеријата на места каде има гасови, запаливи супстанци или лесно запаливи површини, како што се хартија, ткаенина и слично. За време на полнењето, батеријата се загрева и може да предизвика орган.
  • За време на транспорт на акумулаторите, обратете внимание контактите да не дојдат во спој меѓу себе и не користете метални кутии за транспорт

2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

  • Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во губре, туку треба да се селектираат и да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање материјали.
  • Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето.
  • При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.

STIGA HT 300e - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 1

Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ 2012/19/UE, отпадот што се состоит од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во согласност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на еко-компатибилен начин. Ако електричните апарати се одложат на эубриште или на земја, штетните состојки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синцирот на исхрана, со што ће се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.

STIGA HT 300e - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2
Li-ion

Откако ће ї помине рокот на употреба, извадете ја батеријата обрнувајки внимание на животната средина. Батеријата соджи материјал што е опасен за вас и за средината. Треба да се извади и расклопи во засебен сад што може да содржи литиумски јони.

STIGA HT 300e - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 3

Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета

на животната средина и ја намалува потребата за примарни материјали.

3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА

3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА

Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно преносен поткаструвач на грмушки на батерии.

Машината главно се состоит од мотор којшто активира уред за сечење.

Операторот може да вклучува разни главни команди секогаш одржувајки го безбедносното растојание од уредот за сечење.

3.1.1 Предвидена употреба

Оваа машина е проектирана и конструирана за:

  • сечење и регулација на жива ограда и грмушки коишто имаат мали гранки,
  • Само еден оператор може да ја користи.

3.1.2 Несоодветна употреба

Која и да е друга употреба,поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):

  • косење трева воопшто, а особено во близина на нерамен терен,
  • сечкање материјали за эубрење,
  • обликување,
  • употреба на машината со уредот за сечење над линијата на рамото,
  • употреба на машината за косење материјали што не се од вегетативна природа,
  • употреба на уреди со сечива што не се наведени во табелата „Технички податоци“. Опасност од сериозни повреди и оштетувања;
  • употреба на машината од страна на повеće луге.

ВАЖНО Несоодветната употреба на машината доведува до отфрлање на гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност на производителот, префрлувајки ги на корисникот произлезените обврски предизвикани од повреди или оштетувањата лично или на трети лица.

Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за „домашна употреба“.

3.2 ГЛАВНИ КОМПОНЕНТИ (Сл.1)

A. Мотор: обезбедува движење на уредот со сечивото.
В. Сечиво (уред со сечиво): соодветен елемент за сечење на вегетација.
С. Предна рачка: овозможува управување со машината и таму се наога безбедносното копче.
D. Задна рачка: овозможува управување со машината и таму се наогаат командите за главната контрола.
E. Заштита за сечивото (при транспорт и преместување на машината): спречува несакан контакт со уредот со сечивото што може да доведе до тешки повреди
F. Батерија (ако не се доставува со машината, погледнете го поглавјето 13 „Дополнителна опрема на барање“): уред којшто овозможува електрично напојување за машината. Нејзините одлики и условите за употреба се опишани во засебно упатство.
G. Полнач за батерија (ако не се доставува со машината, погледнете го поглавјето 13 „Дополнителна опрема на барање“): уред којшто служи за полнење на батеријата. Неговите одлики и условите за употреба се опишани во засебно упатство).
Н. Шина за монтирање на сид
I. Основа за полнење
J. Отвор за предмети
К. Испорачани се завртки и пластични спојки
ВАЖНО Машината работи само доколку се вметнати и двете батерии.
ЗАБЕЛЕШКА Батериите може да се полнат директно на машината преку основата за полнење.
1. Име и адреса на производителот
2. Тип на машината
3. Ниво на акустична моїност
4. Ознака за усогласеност
5. Волтажа и вид на напојување
6. Година на производство
7. Сериски број
8. Код на производ
9. Брзина на сечивото

3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОДОТ (Сл. 1)

Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.

ВАЖНО Користете ги дадените податоци за идентификација секој пат кога контактирате со овластен центар.

3.4 БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА (Сл. 2)

На машината има разни символи. Значење на символите:

STIGA HT 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА (Сл. 2) - 1

ВНИМАНИЕ! ОПАСНОСТ! Оваа машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно.

STIGA HT 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА (Сл. 2) - 2

Пред да ја користите оваа машина, прочитајте го упатството за употреба.

STIGA HT 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА (Сл. 2) - 3

Користете заштита за главата, заштита за ушите и очила.

STIGA HT 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА (Сл. 2) - 4

Носете чевли со заштита против лизгање.!

STIGA HT 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА (Сл. 2) - 5

Носете цврсти ракавици за работа со заштита против лизгање.

STIGA HT 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА (Сл. 2) - 6

ОПАСНОСТ! Држете ги рацете подалеку од сечилото

STIGA HT 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА (Сл. 2) - 7

Да не се изложува на дожд (или на влага).

STIGA HT 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА (Сл. 2) - 8

Извадете ја батеријата пред да извршите каква било контрола, чистење или интервенција за одржување/регулација на машината.

STIGA HT 300e - БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА (Сл. 2) - 9

Внимание! За батеријата и полначот за батерии, погледнете го приложениот прирачник

ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Побарајте нови етикети од соодветен центар или од овластениот сервисер.

4. МОНТИРАЊЕ

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

За потребите на складирање и транспорт, одредени компоненти на машината не се монтирани во фабриката, туку треба да се монтираат по вадење на амбалажата следејки ги следните упатства.

⚠️ Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејни секогаш соодветни алати.

4.1 РАСПАКУВАЊЕ

  1. Отворете го пакувањето внимателно за да не ги расфрлите деловите.
  2. Прочитајте ја документацијата во кутијата каде се наведени овие упатства.
  3. Извадете ја машината од кутијата.
  4. Фрлете ги кутијата и амбалажата согласно локалните одредби.

⚠️ Пред да започнете со склопување (ано е потребно), уверете се дека батеријата не е вметната.

4.2 СКЛОПУВАЊЕ НА ОСНОВАТА ЗА ПОЛНЕЊЕ (СЛ. 3)

ЗАБЕЛЕШКА Алатката може да се закачи на сидот, но внимавајте задната рачка да биде во првобитната положба.

Батериите може да се полнат директно на машината преку основата за напојување (Сл. 3.А).

ЗАБЕЛЕШКА Основата за полнење може да се прицврсти на сидот (Сл. 3.В) (со доставените навртки, сл. 1.К).

4.3 МОНТИРАЊЕ НА ШИНАТА ЗА ПРИЦВРСТУВАЊЕ НА СИДОТ (СЛ.4)

Откако шината (Сл. 1.Н) ће се прицврсти на sidот (со испорачаните завртки), лизнете ги основата за полнење (Сл. 4.А) и држачот (Сл. 4.В).

5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА

Овозможува активирање на рачката за контрола на сечивото (сл. 5.A).

Овозможува ракување со сечивото (уредот за сечење).

ЗАБЕЛЕШКА Уредот со сечивото застанува автоматски со пуштање на рачката.

Безбедносниот прекинувач кој се наога на предната рачка, обезбедува дополнителна заштита, бидејки мора да се одржи заедно со рачката за контрола на сечилото (сл. 5.A), за да може да работи уредот за сечење.

ЗАБЕЛЕШКА Уредот со сечивото застанува автоматски со пуштање на безбедносниот прекинувач.

5.4 КОПЧЕ ЗА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА ЗАДНАТА РАЧКА (сл. 5.D).

Овозможува прилагодување на задната рачка (сл. 1.D) во 5 различни ориентации во однос на поставеноста на ножот за комотно изведување на операциите за сечење (пас. 6.4.1).

⚠️ Регулирањето на рачната мора да се изведе само кога машината е исключена.

6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот.

6.1.1 Проверка и полнење на батеријата (сл. 6)

Пред секоја употреба, проверете го статусот на полнење на батериите следејки ги инструкциите посочени во упатството за батеријата.

ЗАБЕЛЕШКА Машината работи само доколку се вметнати и двете батерии.

6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ

⚠️ Секогаш проверувајте ги безбедносните контроли пред работа.

Предмет Резултат
Рачки (сл. 1.С, сл. 1.Д)и заштитиЧисти, исушени, правилнои цврсто фиксиранина машината.
Шрафови на машинатаи сечивотодобро зашрафени(не разлабавени)
Отвори за воздух за ладењеБез пречки
Сечиво (сл. 1.В) Чисто, не треба да еоштетено или изабено,добро наострено.
Заштити Цели и без оштетувања.
Батерија (сл. 1.Г) Без никаквиоштетувањана куќиштето и безпротекување на течност.
Машина Без знаци на оштетувањеили изабеност.Без чудни вибрации.Без чудни звуци.
Рачки, копчиња,безбедносни прекинувачиТие треба да се движатслободно, без примена насила и при отпуштање требада се вратат автоматски ибрзо во неутрална позиција.
ДејствоРезултат
1. Стартувајте ја машината (пасус 6.3).2. Пуштете ја рачката за команда на сечивото (сл.5.A) или безбедносниот прекинувач (сл.5.B)1. Сечивото треба да се движи2. Командите треба да се врата автоматски и бргу во неутрална позиција, а сечивото треба да застане

⚠️ Ако некој од резултатите не е ист како што е посочено во табелата, не ја користете машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и поправка.

6.3 ПАЛЕЊЕ

ЗАБЕЛЕШКА Се препорачува машината да се користи на температура помегу -10°C и 60°C.

⚠️ Вклучувањето на машината предизвикува истовремено вклучување на уредот за сечење.

⚠️ Не вклучувајте ја машината додека се полни.

ЗАБЕЛЕШКА Ракувајте со машината на рамна, цврста површина.

  1. Извадете ја заштитата на сечивото (сл. 1.E) (ако е ставена);
  2. Проверете дали ножот го допира теренот или други предмети;
  3. Ставете ја батеријата правилно на своето место (сл. 7.A) притискајки ја докрај се додека не слушнете звук на кликнување што ја фиксира на место и обезбедува електричен контакт;

ЗАБЕЛЕШКА Машината работи само доколку се вметнати и двете батерии.

  1. Заземете цврста и стабилна позиција:
  2. Притиснете го копчето за блокирање на командата за сечивото (сл. 8.С).
  3. Притиснете ја рачката за контрола на сечивото (сл. 8.A).
  4. Притиснете го безбедносниот прекинувач (сл. 8.В).

6.4 РАБОТА

⚠️ За време на работата, машината мора секогаш да се држи цврсто со двете раце, држејни го делот за сечење под линијата на рамењата.

⚠️ Секогаш користете ја машината со стоење на земја, а не на скали или било која друга нестабилна поддршка.

He вадете го исечениот материјал или држете го цврсто материјалот за сечење кога сечивото е во функција. Уверете се дека машината е исключена кога ги вадите исечениот материјал.

ЗАБЕЛЕШКА За време на работата, батеријата е заштитена од комплетно празнење преку заштитниот уред кој што ја ислучува машината и ја блокира работата.

6.4.1 Подесување на задната рачка (сл. 9)

Извршувајте ја работата со изгасната машина.

  1. Притиснете го копчето за одблокирање (сл. 9 (А) на задната рачка;
  2. Почнете да ја вртите задната рачка (сл. 9.В);
  3. Пуштете го копчето за одблокиране;
  4. Свртете ја рачката докрај за да слушнете звук дека се наместила во саканата положба.

ВАЖНО Пред да ја користите машината, проверете дали копчето за одблокирање е целосно вратено во позиција за блокирање и дека задната рачка е потполно стабилна.

Во текот на работата, задната рачка мора секогаш да биде во вертикална позиција, независно од заземената позиција на ножот.

6.4.2 Техника на работа

Секогаш се претпочита да се сече првиот и вториот ред вертикални израстоци на грмушката, а потоа легнатите делови.

ЗАБЕЛЕШКА Автономијата на батеријата (што значи обработена површина со вегетација пред повторно полнење) вообичаено е условена со разни фактори дадени во (пасус 7.2.1).

6.4.2.a Вертикално сечење (сл. 10)

Ножот треба да се постави со кружно движенье оддолу нагоре со тоа што сечивото ће се држи што е можно подалеку од телото.

6.4.2.b Хоризонтално сечење (сл. 11)

Најдобри резултати се постигнуваат кога сечивата се благо закосени (5° - 10°) во правец на сечењето, со кружно движење и лесно и константно придвижување, особено во случај на многу густи грмушки.

6.4.3 Совети за работа

  • Ако сечивото се блокира во текот на работата или се заплетка во гранките на грмушката:
  • Веднаш пуштете ја рачката за команда на сечивото (сл. 12.A) или безбедносниот прекинувач (сл. 12.B);
  • Уверете се дека уредот за сечење е застанат;
  • Извадете ја батеријата (пасус 7.2.2);
  • Извадете го заглавениот материјал.

6.4.4 Подмачкување на сечивата во текот на работата (сл.

Доколку уредот за сечење се загрева премногу при работа, треба да се подмачкуваат внатрешните површини на сечивото (пасус 7.4).

⚠️ Оваа операција треба да се изведе нога машината е застаната и батеријата е извадена од лежиштето.

6.5 ЗАСТАНУВАЊЕ

  1. Пуштете ја рачката за команда на сечивото (сл. 12.A) или безбедносниот прекинувач (сл. 12.B);

По запирање на машината, потребни се неколку секунди додека да застане уредот за сечење.

Секогаш запирајте ја машината кога се поместувате помеѓу зони на работа.

⚠️ При преместување, никогаш не држете ја раката врз безбедносниот прекинувач за да избегнете случајно палење.

6.6 ПО РАБОТАТА

  • Кога машината не се полни, извадете ги батериите од ку́киштето.
  • Со застанат уред со сечивото, ставете ја заштитата на сечивото (Сл. 1.Е).
  • Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија.
  • Исчистете ја машината (пасус 7.3).
  • Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте со овластен сервисер.
  • Проверка на можни оштетувања на машината. Ако е потребно, контактирајте со овластен сервисен центар.

ВАЖНО Секогаш вадете ги батериите и ставете ја заштитата за сечивото секојпат кога ја оставате машината без надзор или нема повеće да работите.

6.6.1 Отстранување на батериите

За да ги извадите батериите, притиснете го Ткопчето за блокирање за батеријата (сл. 13.С).

7. ОДРЖУВАНЬЕ

7.1 ОПШТО

⚠️ Пред да извршите канва било контрола, исчистете или интервенирајте кај одржувањето/регулацијата на машината:

  1. Застанете ја машината;
  2. Отстранете ги батериите (никогаш не оставајте ја батеријата вметната или на дофат на деца или неовластени лица);
  3. Со застанат уред за сечење, ставете ја заштитата за сечивото (освен кога работите на самото сечиво);
  4. Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија;
  5. Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.
  6. Прочитајте ги соодветните упатства.

ВАЖНО Сите работи за одржување и регулација коишто не се опишани во ова упатство треба да се извршат кај застапникот или во овластен сервис.

7.2 АКУМУЛАТОР

7.2.1 Автономија на батеријата

Автономијата на батеријата (што значи обработена површина со вегетација пред повторно полнење) вообичаено е условена со:

а. факторите на средината на работа коишто предизвикуваат најголема потрошувачка на батеријата:
– сечење/регулација на грмушки со многу лисја или мокри,
– сечење/регулација на жбунови чии гранки се многу големи,
b. однесувањето на операторот кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во текот на работата;
– употреба на несоодветна техника за сечење во однос на работата што треба да се заврши (пасус 6.4.1);
– брзина на движење при сечењето којашто не е адаптирана на условите со грмушката што треба да се сече.

За да се зголеми автономијата на батеријата, секогаш треба:

  • сечете ја грмушката кога е сува,
  • применете брзина на движење што е соодветна за сечењето и условите со жбунот,
  • користете ја најсоодветната техника за работа.

Во случај да сакате да ја користите машината за многу долга работа и користите стандардни батерии, може:

  • да набавите уште две стандартни батерии за веднаш да ги замените испразнетите батерии без да треба да ја прекинувате работата;
  • да набавите уште две батерии со зголемена автономија во споредба со стандардните батерии (пасус 13.1).

7.2.2 Полнење на батериите директно на машината (сл. 14)

Батериите може да се полнат директно на машината со поврзување на конекторот (сл. 14.A) на машината (сл. 14.B) преку приклучокот за полнење.

Машината може да биде обесена на сидот:

  • фиксирање на основата за полнење директно на сидот (сл. 14.l).
  • фиксирање на шината на сидот на која ће се лизга основата за полнење и држачот (сл. 14.II).

Наместете го штитникот на сечивото пред да ја закачите машината на сидот.

ЗАБЕЛЕШКА Батеријата се доставува со заштита што го прекинува полнењето ако температурата во средината не е помеѓу 0°C и 40°C.

ВАЖНО Батеријата може да се полни во секој момент, дури и делумно, без ризик од оштетување.

Батериите се полнат делумно последователно, според дијаграмот:

ФазаБатерија (сл.13)Полнење
1A (Д)40%
2B (Л)40%
3A (Д)100%
4B (Л)100%

ЗАБЕЛЕШКА Делумното полнење овозможува да ја завршите работата без да се чека целосно полнење.

ЗАБЕЛЕШКА Не отстранувајте ги батериите додека машината се полни.

ЗАБЕЛЕШКА Не стартувајте ја машината кога е во состојба на полнење.

7.3 ЧИСТЕЊЕ НА МАШИНАТА

  • За намалување на ризикот од запалување, одржувајте ја машината без остатоци од лисја и гранки.
  • Секогаш чистете ја машината по употребата со чиста и мокра крпа потопена во неутрален детергент.
  • Отстранете ги сите траги на влага со мека и сува крпа. Влагата остава простор за ризик од електричен удар.
  • Не користете абразивни детергенти и растворувачи да ги исчистите пластичните делови или рачките.
  • Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.
  • За да избегнете прегревање или оштетување на моторот и на батеријата, секогаш проверувајте дали решетката за воздух за ладење е чиста и без остатоци.

7.4 ЧИСТЕЊЕ И ПОДМАЧКУВАЊЕ НА УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО

По работата, мора да го исчистите и подмачкате сечивото за да му ја продолжите функцијата и долготрајноста.

⚠️ Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте ја извадиле батеријата и ако уредот со сечивото не е застанат докрај.

  • Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот.
  • Чистете го сечивото со сува крпа и користете лопатка ако има упорни дамки.
  • Подмачкајте го сечивото внимателно нанесувајки слој на одреденото масло без да ја измачкате и делот на горниот крај на сечивото.

7.5 НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ

  • Одржувајте ги шрафовите и навртките затегнати за да бидете сигурни дека машината е секогаш безбедна за работа.
  • Редовно проверувајте дали рачките се цврсто фиксирани.

7.6 УРЕД ЗА СЕЧЕНЬЕ

Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте ги извадиле батериите и ако уредот со сечивото не е целосно застанат.

7.6.1 Контрола

⚠️ Повремено проверувајте дали се сечивата искривени, оштетени или изабени и дали се шрафовите соодветно затегнати.

Не е потребна регулација на растојанието меѓу сечивата бидејки движењето е веće поставено фабрички.

7.6.2 Острење

Острењето е неопходно кога изведбата на ножевите опаға и гранките се наведнуваат и честопати се заплеткуваат.

⚠️ Од безбедносни причини, острењето мора да се изведе во специјализиран центар кој располага со стручен персонал и соодветни алатки за извршување на оваа работа без да се ризинува оштетување на сечивото и да се предизвика небезбедна Costaјба во текот на работата.

⚠️ Нож со оштетени сечива не смее никогаш да се остри, туку мора да се замени.

7.6.3 Замена

⚠️ Сечивото никогаш не смее да се поправа, туку мора да се замени штом ће се забележат знаци на кршење, абење, виткање или ако се надмине границата за острење. Од безбедносни причини, замената мора да ја изврши специјализиран центар.

ВАЖНО Секогаш користете оригинални уреди за сечење, според шифрата наведена во табелата „Технички податоци“.

Заради развојот на производот, уредите за сечење наведени во табелата „Технички податоци“ може со тек на времето да се заменат со други со соодветни характеристики и функционална безбедност.

8. ОДЛОЖУВАЊЕ

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да се следат во текот на ракување се наведени во пас. 2.3. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

8.1 ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА

Кога машината треба да се одложи:

  1. Извадете ги батеријата од лежиштето;
  2. Со застанат уред со сечивото, ставете ја заштитата на сечивото;
  3. Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било просторија;
  4. Исчистете ја машината (пасус 7.3);
  5. Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте со овластен сервисер;
  6. Одложете ја машината:
    – во сува просторија;
    – и засолнета од лоши временски услови;
    – и на место надвор од дофатот на децата;
    – увервајки дека сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.

  7. Машината може да се закачи на sidот (Сл. 14.I - II).

ЗАБЕЛЕШКА Осигурајте се дека sidот може да издржи товар од најмалку 20 kg.

8.2 ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА

Батеријата мора да се чува во затворени простории без влага, на температура помеѓу:

• 0°C - 60°C до 1 месец
• 0°C - 45°C до 3 месеци
• 0°C - 25°C до 1 година

ЗАБЕЛЕШКА Ако нема да ја користите подолг период, полнете ја батеријата секои два месеца за да й се продолжи рокот на употреба.

9. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ

Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на машината потребно е:

– Запрете ја машината (пасус 6.5);
– Проверете дали сите подвижни делови се целосно запрени;
– Извадете ги батеријата од лежиштето;
– Носете заштитни ракавици;

- Со застанат уред со сечивото, ставете ја заштитата на сечивото;

– Фатете ја машината само за држачите и насочете го уредот за сечење во правец спротивен од насоката на движење;

– Осигурајте се дека движењето на машината не предизвикува оштетување или повреда.

Кога ја носите машината со возило:

– поставете ја на начин да не претставува опасност за никого.
– Обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или синцири.

Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Сите интервенции за приспособување и одржување што не се опишани во ова упатство мора да се извршат од страна на вашиот продавач или во специјализиран центар. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.

  • Резервните делови и дополнителната опрема коишто не се одобрени, употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални ја нарушуваат безбедноста на машината и го ослободува производителот од секоја обврска или одговорност.

- Оригиналните резервни делови се набавуваат во сервисните центри или кај авторизираните застапници.

11. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА

Гарантните услови се наменети само за потрошувачи, односно непрофесионални оператори.

Гаранцијата ги покрива сите дефекти на материјалот и квалитетот на производството констатирани во текот на гарантниот период од вашиот дилер или специјализиран центар.

Примената на гаранцијата е ограничена на поправка или замена на компонентата која се смета за неисправна.

Препорачуваме да ја однесете машината еднаш годишно во овластен сервис за одржување, помош и контрола на безбедносните уреди.

Примената на гаранцијата е предмет на редовно одржување на машината.

Гаранцијата не покрива штети кои произлегуваат од:

  • Непознавање на придружната документација (Упатство за употреба).
  • Професионална употреба.
  • Невнимание.
  • Виша сила (молња, удари, присуство на туги тела во машината) или несреќа.
  • Употребата и монтирањето не се соодветни на конструкцијата.
  • Лошо одржување.
  • Модификација на машината.
  • Употреба на неоригинални резервни делови (прилагодливи делови).
  • Се користи дополнителна опрема која не е одобрена ниту доставена од производителот.

Гаранцијата не покрива и:

  • Операции за одржување (опишани во упатството за употреба).
  • Нормално абење на потрошните материјали како што се уредот со сечивото, безбедносните завртки.
  • Нормално абење.
    • Влошување на изгледот на машината

поради употребата.

Дополнителните трошоци кои можат да бидат поврзани со активирање на гаранцијата, како што е трансфер на корисникот, транспорт на машината до дилерот, изнајмување на опрема за замена или повикување на независни компании за извршување на работи за одржување.

Корисникот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на корисникот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин не ја ограничуваат оваа гаранција.

Контактирајте со застапникот за помош ако проблемите опстојуваат откако сте ги направиле горепосочените операции.
12. РЕШАВАНЬЕ ПРОБЛЕМИ

ПРОБЛЕМ МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
1. Рачката за контролана сечилото, копчетоза блокирање наконтролата на сечилотои безбедносниотпрекинувач работат, номашината не стартуваНема батерија или не е ставена правилно ППроверете дали батериите сеправилно наместени (сл. 7.А)
Празна батерија Проверете ја состојбатана наполнетост инаполнете ги батериите (пасус 7)
Поткаструвачот за грмушки е оштетен. Некористете го. Извадете ги батериите иобратете се кај овластен сервисен центар.
2. Моторот се гаси вотекот на работатаБатеријата не е правилно вметнатаПроверете дали батериите се правилнонаместени (сл. 7.А)
Празна батерија Проверете ја состојбатана наполнетост инаполнете ги батериите. (пасус 7.2.2)
3. Уредот со сечивото сезагрева премногу вотекот на работатаНезадоволително подмачкувањена сечивотоЗапрете ја машината, оставете гоуредот со сечивото да се смири,извадете ги батериите и подмачкајтего сечивото (пасус 7.4)
4. Уредот со сечивото допрелвод или електричен кабел-НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО СЕЧИВОТО БИДЕЈКИИМА СТРУЈА ВО НЕГО И ПРЕТСТАВУВАОГРОМНА ОПАСНОСТ! Фатете ја машинатасамо за задната изолирана рачка и однесете јавнимателно подалеку од средината. Исклучетего напојувањето и извадете ги батериите пред даги ослободите запците на сечивото.
5. Уредот со сечивотоудрил во страно тело.-Запрете ја машината, извадете ги батериите и:- Проверете за оштетувања;- Проверете дали има разлабавениделови и затегнете ги;- Контактирајте со Центарот за помош зазамена или поправка на оштетенитеделови со делови со еквивалентникакарктеристики
6. Има бучава и/илипрекумерни вибрацииво текот на работатаРазлабавени или оштетени деловиЗапрете ја машината,извадете ги батериите и:- Проверете за оштетувања;- Проверете дали има разлабавениделови и затегнете ги;- Контактирајте со сервисен центарзамена или поправка на оштетенитеделови со делови со еквивалентникакарктеристики
7. Машината испушта димво текот на работатаМашината е оштетена.Не користете го. Веднаш запрете ја машината,извадетеги Ібатериите и обратете се во сервисенцентар.
8. Автономијатана батеријата енезадоволителнаУсловите за работа се многу тешкии бараат поголема потрошувачка наенергијатаПодобрете ја употребата (пасус 7.2.1)
Батеријата не е доволна заработните потребиКористете батерии со поголемкапацитет (пасус 13.1)
Намален капацитет на машината Набаветенови батерии.
9. Полначот не ја полнибатеријатаБатериите не се правилно вметнативо полночат или приклучокот не еправилно поврзан со машинатаПроверете дали поставеноста е точна(пасус 7.2.2)
Условите во средината заработа не се соодветниВключете го полнењето во средина со соодветнатемпература (видете го упатството за употреба забатеријата/полначот за батеријата)
Нечисти контакти Исчистете ги контактите
Нема напон кај полночат набатеријатаПроверете дали приклучокот е вметнати дали има довод на ел. енергија
Полначот на батеријата има дефект Заменете го дефектниот дел сооригинален
Батеријата е прежешка илипрестудена.Доведете ја батеријата на амбиенталнатемпераура од 4 до 40°C
Ако истиот опстојува, проверете го упатството за батеријата / полночат забатеријата

Има батерии со различен квалитет наменети за одредени работни задачи.

Списокот со батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наога во табелата „Технички податоци“.

13.2 ПОЛНАЧ ЗА БАТЕРИЈА (СЛ. 16)

Има разни уреди за полнење на батериите.

Списокот на полначи за батерии одобрени за оваа машина може да се најде во табелата „Технички податоци“.

INHOUDSOPGAVE

  1. ALGEMEEN.... 1
  2. VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN....1
  3. LEER DE MACHINE KENNEN 5

МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : STIGA

Модел : HT 300e

Категорија : Градинарски ножици