GET 55125 Professional - брусилка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GET 55125 Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GET 55125 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GET 55125 Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GET 55125 Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. Bosch Power Tools 1 609 92A 5FZ | (13.01.2020)136 | Македонски u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. 1 609 92A 5FZ | (13.01.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 137 Безбедносни напомени за брусилки u Користете го електричниот алат само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар. u Внимавајте на тоа лицата да не се во опасност поради искри што летаат. Тргнете ги запаливите материјали од близина. При брусење на материјали постои опасност од искрите што летаат. u Внимание опасност од пожар! Избегнувајте прегревање на парчето што се бруси и брусилката. Пред да направите пауза во работата, секогаш испразнете го резервоарот за прав. Правта од брусењето во торбата за прав, микро честичките, хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав) може да се запали при неповолни услови, како на пр. летање на искри при брусење на метали. Особена опасност постои, доколку правта од брусењето се измеша со остатоци од лак, полиуретан или други хемиски материјали и доколку парчето што се бруси се вжешти по долготрајна
u Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот влече прав во куќиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрични опасности. u При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за суво брусење на дрво, пластика, метал, шпахтел маса како и лакирани
Електричните алати со електронска контрола исто така се погодни за полирање. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
(2) Прекинувач за вклучување/исклучување (3) Цевка за издувување (4) Млазници за издувување (5) Дополнителна рачка (изолирана површина на
(6) Завртка за дополнителна рачка
(9) Клуч со внатрешна шестаголна глава (10) Завртка за брусниот диск (11) Брусен диск (12) Заштита на рабови (13) Отвор со навој (14) Прекинувач за избирање на режим на работа (15) Копче за отклучување
Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Ексцентрична брусилка GEX 75-150 GEX 55-125 Број на дел/артикл 3 601 B57 1.. 3 601 B57 0.. Претходен избор на бројот на осцилации ● ● Номинална јачина W 750 550 Број на вртежи во празен од n
3300 – 7300 3300 – 7800 Број на осцилации во празен од мин
6600 – 14600 6600 – 15600 Број на вртежи на брусниот диск за грубо
290 – 640 200 – 480 Bosch Power Tools 1 609 92A 5FZ | (13.01.2020)138 | Македонски Ексцентрична брусилка GEX 75-150 GEX 55-125 Дијаметар на резонантното коло mm 4,5 3,5 Дијаметар на брусниот диск mm 150 125 Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 kg 2,6 2,4 Класа на заштита / II / II Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Информации за бучава/вибрации
GEX 75-150 GEX 55-125
3 601 B57 1.. 3 601 B57 0.. Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN62841-2-4. Нивото на звук на електричниот алат оценето соA, типично изнесува Звучен притисок Звучна јачина НесигурностK Носете заштита за слухот! dB(A) dB(A)
Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со EN62841-2-4: Брусење: Нормално работење
7,0 1,5 7,5 1,5 Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
Менување на брусните листови За вадење на сечилото за пила (8) подигнете го странично и извлечете го од брусниот диск (11). Пред да ставите ново сечило за пила, отстранете ја нечистотијата и правта од брусниот диск (11), на пр. со
Површината на брусниот диск (11) се состои од лепенка, така што сечилата за пила со лепенка може брзо и едноставно да се прицврстат. 1 609 92A 5FZ | (13.01.2020) Bosch Power ToolsМакедонски | 139 Цврсто притиснете го сечилото за пила (8) на долната страна на брусниот диск (11). За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на сечилото за пила(8) да одговараат со дупките на брусниот диск(11). Избор на брусен диск Во зависност од употребата, електричниот алат може да се опреми со брусни дискови со различна цврстина: – Екстра меки брусни дискови: соодветни за полирање и удобно брусење и на заоблени површини – Меки брусни дискови: соодветни за сите брусења, се поставуваат универзално – Цврсти брусни дискови: соодветни за висок брусен капацитет на рамни површини Менување на брусните дискови Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни дискови (11). Извлечете го брусниот лист одн. алатот за полирање. Целосно одвртете ја завртката (10) извадете го брусниот диск (11). Ставете го новиот брусен диск (11) и повторно затегнете ја завртката со рака. Напомена: Носачите се различни за Ø150-подлогите и Ø125-подлогите. Подлогите можат да се монтираат само на соодветен електричен алат. Напомена: При поставувањето на брусниот диск внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во отворите на брусниот диск. Напомена: Оштетениот носач на брусен диск смее да се замени само од овластена сервисна служба за електрични алати на Bosch. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. За брусење се препорачува да се приклучи електричниот алат со всисувач. Електричниот алат нема сопствен вентилатор; не може да се користат ќеси за прав. Надворешно всисување Приклучете ја цевката за всисување (опрема) директно на цевката за издувување (3) или директно на млазниците за издувување (4) на електричниот алат. Напомена: Цевката за издувување(3) е изработена од антистатички материјал. Со дополнителното користење на антистатичко црево за издувување (опрема) се спречува електростатичкото полнење на уредот, коешто може да настане во ретки случаи за време на брусењето. При работење без всисување на прав (напр. полирање) извадете ја цевката за издувување (3). За тоа притиснете го копчето за отклучување (15) и цевката за издувување (3) извадете ја наназад од електричниот алат. Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува. При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
Дополнителна рачка Дополнителната рачка (5) овозможува удобно ракување и оптимална распределба на јачината, пред сè при отстранување на голема количина материјал при
Прицврстете ја дополнителната рачка(5) по избор десно или лево на куќиштето во навојот (13). За подобра контрола на електричниот алат, при брусење се препорачува да се стави дланката предниот потпирач за дланка. Дополнителната рачка (5) може да направи странична сила, којашто може да предизвика тресење на електричниот алат. Ова може да ги оштети површините за брусење и подлогата. Заштита на рабови Заштитата на рабовите (12) го штити брусниот диск при брусење на делови блиску до работ. Прицврстете ја заштитата на рабовите (12) од напред на електричниот алат. За вадење, извлечете ја заштитата на рабовите (12) за едниот крај нанапред.
Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230V исто така може да се користат и на 220V. Вклучување/исклучување u Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување, без да ја отпуштите рачката. Bosch Power Tools 1 609 92A 5FZ | (13.01.2020)140 | Македонски За вклучување на електричниот алат, притиснете Прекинувач за вклучување/исклучување (2) нанапред. За исклучување на електричниот алат, притиснете го Прекинувач за вклучување/исклучување (2) наназад. Претходно избирање на број на осцилации Со копчето за подесување на бројот на осцилации (1) можете да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот. 1 – 2 низок број на осцилации 3 – 4 среден број на осцилации 5 – 6 висок број на осцилации Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична
Константната електроника одржува постојан број на осцилации при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето. По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи. Избор на капацитет на отстранување на материјал На располагање Ви стојат два режими за работа со различен капацитет на отстранување на материјал. За грубо брусење ставете го прекинувачот за избирање на режим на работа (14) нанапред, а за фино брусење ставете го прекинувачот (14) наназад додека не слушнете да се вклопи. u Не го менувајте режимот на работа за време на брусењето! Постои опасност од повреда. Режим на работа за грубо брусење (принудно
Овој режим на работа со висок капацитет на отстранување при брусењето се препорачува за обработка на многу груби, нечувствителни површини како и за брусење со полирање. Со принудното зафаќање на брусниот диск се постигнува константно ексцентрично и ротационо движење. Режим на работа за фино брусење (слободен од) Овој режим на работа се препорачува за третирање на чувствителни површини, како и за фино полирање. Со слободниот од на брусниот диск се постигнува ротационо движење зависно од притисокот при константно ексцентрично движење. Со промена на притисокот може дополнително да се подеси капацитетот на отстранување. Совети при работењето u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. u Не го оставајте електричниот алат на страна. Со тоа може трајно да се деформира брусниот диск. u Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа. Брусење на површини Вклучете го електричниот алат, поставете го со целата површина за брусење на подлогата што се обработува и движете го со благ притисок преку парчето што го обработувате. Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на избраниот број на осцилации и притисокот на површината. Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат. Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси. Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусниот лист. Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали. Користете само оригинална Bosch брусна опрема. Грубо брусење Поставете брусен лист со груба гранулација. Лесно притиснете го пневматскиот алат, за да работи со поголем број на осцилации и да се постигне поголем капацитет на отстранување на материјалот. Фино брусење Поставете брусен лист со фина гранулација. Со мала варијација на притисокот одн. промена на степенот на број на осцилации може да го намалите бројот на осцилации на брусниот диск, при што се задржува ексцентричното движење. Движете го електричниот алат со рамномерен притисок кружно по површината или наизменично по должина или попречно на делот што се обработува. Не го накосувајте електричниот алат, за да го избегнете брусењето низ делот што се обработува, на пр. фурнир. По завршување на работниот процес исклучете го електричниот алат.
Напомена: При полирање може да ја извадите цевката за издувување (3), за полесно да ракувате со уредот и да не го оштетите делот што се обработува. За полирање на лакови оштетени од времето или полирање на гребнатини (на пр. акрилно стакло) електричниот алат може да се опреми со соодветните алати за полирање како јагнешко крзно за полирање, филц или сунѓер за полирање (опрема). При полирањето изберете низок број на осцилации (степен 1 –2), за да избегнете прекумерно загревање на површината. 1 609 92A 5FZ | (13.01.2020) Bosch Power ToolsSrpski | 141 Доколку сакате да полирате, нанесете ја политурата на помала површина. Средството за полирање нанесете го со соодветен алат за полирање со вкрстени и кружни движења и масивен притисок. Оставете да се осуши средството за полирање на површината, инаку таа би можела да се оштети. Никогаш не ја изложувајте исполираната површина на директни сончеви зраци. Редовно чистете ги алатите за полирање, за да обезбедите добри резултати од полирањето. Исперете ги алатите за полирање со благ детергент и топла вода, не користете средства за разредување. Редовно чистете ги млазниците за издувување (4), за да загарантирате перфектно отстранување на прав за следните брусења. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Ексцентрична
Notice-Facile