BOSCH GEX 18V-150-3 Professional - брусилка

GEX 18V-150-3 Professional - брусилка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GEX 18V-150-3 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 263 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GEX 18V-150-3 Professional - page 173

Прашања на корисниците за GEX 18V-150-3 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GEX 18V-150-3 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GEX 18V-150-3 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GEX 18V-150-3 Professional BOSCH

Македонски.... Страница 172

Shqip.... Faqe 180

Srpski ...... Strana 187

Slovenščina ....Stran 194

Hrvatski....Stranica 201

1-2 ниско
1-4 средно
1-5 високо

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ-

ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.

▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати

создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.

Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.

Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

He го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.

174 | Македонски

▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за брусилки

▶ Користете го електричниот алат само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Внимание опасност од пожар! Избегнувајте прегревање на парчето што се бруси и брусилката. Пред да направите пауза во работата, секогаш испразнете го резервоарот за прав. Правта од брусењето во ъесата за прав, микрофилтер, хартиена ъеса (или во филтер ъесата одн. филтерот на всисувачот за прав) може да се запали при неповолни услови. Особена опасност постои, доколку правта од брусењето се измеша со остатоци од лак, полиуретан или други хемиски материјали и доколку парчето што се бруси се вжешти по долготрајна работа.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата їе се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GEX 18V-150-3 Professional - Безбедносни напомени за брусилки - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.

Опис на производот и перформансите

BOSCH GEX 18V-150-3 Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот апарат е наменет за суво брусење на дрво, пластика, шпахтел маса како и лакирани површини.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Прекинувач за включување/исклучување
(2) Комплет кутија за прав
(3) Батерија ^a)
(4) Копче за отклучување на батерија
(5) Копче за прикажување на наполнетоста на батеријата
(6) Приказ за наполнетост на батеријата
(7) Заштита на рабови
(8) Брусен диск
(9) LED-приказ за одредување на бројот на вртежи (бела) и статусот на наполнетост на батеријата (зелена)
(10) Копче за намалување на бројот на осцилации
(11) Копче за зголемување на бројот на осцилации
(12) Рачка (изолирана површина на рачката)
(13) Брусно сечило ^a)
(14) Завртка за брусниот диск
(15) Носач за брусниот диск
(16) Диск сопирачка/гумена чаура
(17) Млазници за издувување
(18) Кеса за прав
(19) Адаптер за кеса за прав
(20) Црево за всисување
a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака.

Технички податоци

Ексцентрична брусилка GEX 18V-150-3
Број на дел3 601 C72 901
Номинален напон V 18
Претходен избор на бројот на осцилации
Број на вртежи во празен од n_0^A) min^-1 5000-10000
Број на осцилации во празен од ^A) min^-1 10000-20000
Дијаметар на осцилаторниот кругmm3

A) Мерено при 20–25 °C со батерија ProCORE18V 4.0Ah
В) во зависност од употребената батерија
C) ограничена мокност на температури < 0 °C
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеće информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-4.

Нивото на звучниот притисок на електричниот алат оценето со А типично изнесува 77 dB(A). Несигурност K = 3 dB. Нивото на звучниот притисок при работењето може да ги надмине наведените вредности. Hosete заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски эбир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-4:

$$ a _ {n} < 2, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, K = 1, 5 \mathrm{m} / \mathrm{s} ^ {2}, $$

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот

176 | Македонски

кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Одредување на број на вртежи

Со двете копчиња за претходно избирање на бројот на вртежи може претходно да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на алатот. Неопходниот број на вртежи зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

Батерија

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.

Приказ за наполнетост на батеријата

Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост.

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, Costaјбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.

Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, имли , вада се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Трајно светло 5 × зелено 80–100 %
Трајно светло 4 × зелено 60–80 %
Трајно светло 3 × зелено 40–60 %
Трајно светло 2 × зелено 20–40 %
Трајно светло 1 × зелено 5–20 %
Трепкаво светло 1 × зелено 0–5 %

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот алат. При преголемо оптоварување или работење надвор од дозволените граници на температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се ислучува електричниот уред. При намален број на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако їе се постигне дозволената температура на батеријата или при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При автоматско ислучување, исключете го електричниот алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно включете го.

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Монтажа

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

За вадење на сечилото за пила (13) подигнете го странично и извлечете го од брусниот диск (8).

Пред да ставите ново сечило за пила, отстранете ја нечистотијата и правта од брусниот диск (8), на пр. со четкичка.

Површината на брусниот диск (8) се состоит од лепенка, така што сечилата за пила со лепенка може брзо и едноставно да се прицврстат.

Цврсто притиснете го сечилото за пила (13) на долната страна на брусниот диск (8).

За овозможување на оптимално всисување на прав, внимавајте на тоа, отворите на сечилото за пила (13) да одговараат со дупките на брусниот диск (8).

За да го зголемите работниот век на брусниот диск, особено при користење на абразивни мрежи (на. пр. Bosch M480) можете да поставите заштитна подлога (опрема) помеѓу брусниот диск и абразивниот материјал.

Во зависност од употребата, електричниот алат може да се опреми со брусни дискови со различна цврстина:

– Меки брусни дискови: соодветни за удобно брусење, и на заоблени површини
– Средно цврсти брусни дискови: соодветни за сите видови брусење, се поставуваат универзално
– Цврсти брусни дискови: соодветни за висок брусен капацитет на рамни површини

Напомена: Веднаш заменете ги оштетените брусни дискови (8).

Извлечете го брусното сечило. Целосно одвртете ја завртката и извадете го брусниот диск (8). Исчистете ја површината на новиот брусен диск. Нанесете тенок слој синтетички подмачкувач на прстенот означен на брусниот диск. Ставете го новиот брусен диск (8) и затегнете ја завртката повторно.

Напомена: При поставувањето на брусниот диск внимавајте на тоа, запците на зафаќачот да се вклопат во отворите на брусниот диск.

Напомена: Оштетениот носач на брусен диск (15) смее да се замени само од овластена сервисна служба за електрични алати на Bosch.

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво и минерали може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен всисувач за прав за материјалот што се обработува.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Сопствено всисување со кутија за прав (види слики D-F)

Ставете ја и притиснете ја целосната кутија за прав (2) на млазниците за издувување (17) додека не дојде на исто ниво со алатот.

За да ја испразните кутијата за прав (18), извлечете ја целосната кутија за прав (2) од млазниците за издувување (17). Одвртете го адаптерот (19) од кутијата за прав (18) и испразнете ја.

Напомена: за да овозможите оптимално всисување прав, испразнете ја кутијата за прав (18) навремено.

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што кутијата за прав (2) ке покажува надолу.

Надворешно всисување (види слика G)

Ставете црево за всисување (20) на млазниците за издувување (17).

Цревото за всисување (20) може да се поврзе и на корисничкиот интерфејс Click&Clean на адаптерот (19) за паралелно насочување на цревото до уредот.

Цревото за всисување (20) поврзете го со всисувач за прав. Прегледот за приклучување на различните видови на всисувачи за прав їе го најдете на крајот од ова упатство.

178 | Македонски

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на честички прав кои се особено опасни по здравје, канцерогени или суви, користете специјален всисувач.

При работа на вертикални површини, држете го електричниот алат така што цревото за всисување ке покажува надолу.

Препорачуваме да користите антистатички црева и спроводливи всисувачи. Може да користите конвенционални црева и всисувачи, но не се препорачува поради можно статичко полнење што може да доведе до благ струен удар.

LED-прикази

Следната табела ги објаснува можните LED-прикази (9).

Употреба

Ставање во употреба

Вклучување/исклучување

▶ Проверете дали можете да го притиснете прекинувачот за включување/исклучување, без да ја отпуштите рачката.

За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (1).

За исклучување на електричниот алат повторно притиснете на прекинувают за вклучување/исклучување (1).

Бела Трајно светло(1 x ... 5 x)Одредување на број на вртежи (види „Одредување на број на вртежи“,Страница 176)
зелена Трајно светло(2 x ... 5 x)Батеријата е полна (види „Приказ за наполнетост набатеријата“, Страница 176)
жолта Трајно светло(1 x)Батеријата е речиси празна (види„Приказ за наполнетост на батеријата“,Страница 176)Наскоро заменете ја одн. наполнете јабатеријата
трепкачко светло(5 x)Достигната е критична температура(мотор, електроника, батерија)Оставете го електричниот алат да работиво празен од и да се олади
цирвена Трајно светло(1 x)Батеријата е празна (види „Приказ занаполнетост на батеријата“,Страница 176)Заменете ја одн. наполнете ја батеријата
трепкачко светло(5 x)Електричниот алат е прегреан и сеисклучуваОставете го електричниот алат да сеизлади и включете го повторно
Електричниот алат е блокиран и сеисклучуваОтстранете ја блокадата и повторновклучете го електричниот алат

Претходно избирање на број на осцилации

Може да го зголемите бројот на осцилации со копчето за зголемување на бројот на осцилации (11), а да го намалите со копчето за намалување на бројот на осцилации (10). Може и однапред да го изберете потребниот број на осцилации за време на работата.

свети LED Број на осцилации

1-2 ниско
1-4 средно

свети LED Број на осцилации

1-5 високо

Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена.

Константната електроника одржува постојан број на осцилации при празен од и оптоварување и овозможува иста постојана јачина при работењето.

По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

Преглед на примена

Примена/материјал Абразиви Степен на број на вртежи
Брусење– Брусење на стари бои и лакови– Брусење на дрвоP60–P100 3–5
– Брусење на термопластика P60–P100 1–3
Меѓубрусење– Брусење на дрво и фурнир пред лакирање– Кршење на работ на дрвени деловиP120–P1804–5

1 609 92A B3M | (10.01.2025)

Bosch Power Tools

Примена/материјал Абразиви Степен на број на вртежи
– Измазнување на дрвената површина пред бајцување
– Меѓубрусење на лакирани површини и брусење на претходен лак– Меѓубрусење на лакирани површини на рабовитеP220–P280 1–3
Фино брусење– Брусење на дрво– Брусење на масивно дрво и рабови на фурнирP150–P180 4–5
– Брусење на лакирани бојадисани површини и рабовиP240–P320 1–3

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

▶ Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана.

▶ Електричниот алат не е погоден за стационарна употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на менгеме или на работна клупа.

За да може неуморно да работите, во зависност од употребата, може да го држите електричниот алат од горната страна, странично или од напред (види слика Н).

Брусење на површини

Включете го електричниот алат, поставете го со целата површина за брусење на подлогата што се обработува и движете го со благ притисок преку парчето што го обработувате.

Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се одредуваат според изворот на брусниот лист, степенот на избраниот број на осцилации и притисокот на површината.

Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добрар капацитет на брусење и одржување на електричниот алат.

Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси.

Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот алат и предвремено откажување на брусната плоча.

Користете само оригинална Bosch брусна опрема.

Грубо брусење

Поставете брусен лист со груба гранулација.

Лесно притиснете го пневматскиот алат, за да работи со поголем број на осцилации и да се постигне поголем капацитет на отстранување на материјалот.

Фино брусење

Поставете брусен лист со фина гранулација.

Со мала варијација на притисокот одн. промена на степенот на број на осцилации може да го намалите бројот на осцилации на брусниот диск, при што се задржува ексцентричното движење.

Движете го електричниот алат со рамномерен притисок кружно по површината или наизменично по должина или попречно на делот што се обработува. Не го накосувајте електричниот алат, за да го избегнете брусењето низ делот што се обработува, на пр. фурнир.

По завршување на работниот процес исключете го електричниот алат.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачет за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Намалување на ефектот на сопирање (види слика С)

Ако ефектот на сопирање се намали, прво проверете го брусниот диск за абење и заменете го, ако треба, и заменете ја оштетената диск сопирачка/гумена чаура (16).

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Валиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ke Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

180 | Shqip

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на:

Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GEX 18V-150-3 Professional - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GEX 18V-150-3 Professional - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Електричните алати кои повеće не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.

Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 180).

Shqip

Udhëzime sigurie

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GEX 18V-150-3 Professional

Категорија : брусилка