ALPINA BL 380 E - кошачка за трева

BL 380 E - кошачка за трева ALPINA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BL 380 E ALPINA во PDF формат.

📄 187 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice ALPINA BL 380 E - page 108
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за BL 380 E ALPINA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BL 380 E - ALPINA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BL 380 E на марката ALPINA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BL 380 E ALPINA

MK Тревокосачка на струја со оператор на нозе УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА

ВНИМАНИЕ: прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината.

NL Lopend bediende elektrische grasmaaier GEBRUIKERSHANDLEIDING

Сменете повредените или нечетливи етикети.

БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ до коишто треба строго да се придржувате

A) ОБУКА

1) ВНИМАНИЕ! Прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината. Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да го запирате моторот. Непридржување кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат електричен удар, изгореници и сериозни повреди. Сочувајте ги предупредувањата заедно со упатството за идна консултација.
2) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината, или други лица што не се запознаени со основните упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
3) Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години, но и лица со намалени физички, сензорни и ментални способност или лица коишто немаат доволни познавања само доколку се под надзор или се подучува- ни за употребата на апаратот на безбеден начин и ги раз- бираат можните опасности. Децата не смее да си играат со апаратот. Децата не смее да го спроведуваат редовно- то чистење и одржување доколку не се под надзор.
4) Не користете ја тревокосачката никогаш кога во близина има лица, особено деца или животни.
5) Никогаш не користете ја машината доколку корисникот е во состојба на замор или изнемоштеност, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз капацитетот за навремено реагирање или внимание,
6) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спаға и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
7) Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица, проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се содржани во ова упатство.

В) ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ

1) Кога ја користите машината, секогаш носете отпорни работни чевли коишто не се лизгаат и долги пантолони. Не вклучувајте ја машината со боси нозе или отворени сандали. Избегнувајте да носите ланчиња, бразлетни и алишта со делови што се виорат или имаат реси или ленти. Приберете ја косата доколку е долга. Секогаш ставајте заштита за уши.
2) Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете се што би можело да биде отфрлено од машината и да ги оштети сечивото и моторот (камења, гранки, железни остатоци, коски, итн.).
3) Пред употреба, проверете ја машината детално и особено:
- во однос на сечивата, проверете дали навртките и уредот за косење се изабени или оштетени. Заменете го

делот со уредот за косење ако сечивото и навртките се оштетени или истрошени за да ја одржите рамнотежата. Евентуалните поправки треба да се направат во специјализиран сервисен центар.

  • Безбедносната рачка треба да има слободно движење, без примена на сила и при отпуштање треба да се вра-ти автоматски и бргу во неутрална позиција со што се одредува застанување на уредот за косење.
    4) Пред секоја употреба, проверете дали кабелот за напојување и на продолжниот приклучок имаат знаци на оштетување или знаци на истрошеност застареност. Веднаш исключете го приклучокот од штекер ако кабелот или продолжниот кабел се оштетени или пресечени. НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО КАБЕЛОТ ПРЕД ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ ОД ИЗВОР НА НАПОЈУВАЊЕ. Никогаш не користете ја машината ако кабелот за напојување или продолжниот кабел се оштетени или изабени. Оштетен или изабен кабел може да предизвика контакт со делови под напон.
    5) Пред да започнете со работа, секогаш поставете ги за- штитите на излезот (вреќа за собирање, заштита на ста- ничниот испуст или заштита на задниот испуст).

1) Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление и при услови на добра видливост. Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа за работа.
2) Ако е можно, избегнувајте работа на мокра трева. Избегнувајте да работите кога врне и кога има невреме. Не користете ја машината кога времето е многу лошо, особено кога има можност од грмотевици.
3) Не изложувајте ја машината на дожд или влажни услови. Водата што може да навлезе во електричниот дел го зголемува ризикот од електричен удар.
4) Секогаш обезбедувајте правилно потпориште на за- косени терени.
5) Никогаш не трчајте, туку одете избегнувајки при тоа да ве влече тревокосачката.
6) Секогаш обрнувајте внимание кога во близина има пречки коишто може да ја намалат видливоста.
7) Косете секогаш надолжно во однос на косината, во правец нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајки при тоа на менувањето на правецот, тркалата да не удираат на пречки (камења, гранки, корења и сл.) со што може да се предизвика странично лизгање, превртување или загуба на контролата врз машината.
8) Машината не смее да се користи на закосувања поголеми од 20° без оглед на правецот на движење.
9) Обрнете максимально внимание кога ја влечете тревокосачката кон себе. Погледнете зад неа пред и при движење наназад за да обезбедите дека нема никакви пречки.
10) Застанете го уредот со сечивото ако тревокосачката треба да се закоси при транспорт, кога се поминува преку терени без трева и кога тревокосачката се носи кон теренот на кој треба да се коси и обратно.
11) Внимавајте на сообраćајот кога машината се користи во близина на пат.
12) Не користете ја машината кога деловите се оштетени или ако нема вреќа за собирање, заштита за страничниот испуст или заштита за задниот испуст.
13) Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини,

дупки или препреки.

14) Внимателно включете го моторот според упатството и држете ги нозете подалеку од уредот со сечивото.
15) За време на палењето, двете раце треба да се ракофатот.

16) Не закосувајте ја тревокосачката во движење. Вклучувајте ја на рамни површини, исчистени од препреки и висока трева.

17) Не приближувајте ги рацете или нозете до или под деловите што ротираат. Секогаш стојте оддалечено од отворот за празнење.

18) Не подигнувајте ја или не транспортирајте ја тревоко- сачката кога работи моторот.

19) Не преправајте или дезактивирајте ги безбедносни- те системи.

20) Кај моделите на погон, исключете ја спојницата за пре- нос на тркалата пред да го включите моторот.

21) Секогаш користете дополнителна опрема одобрена од производителот на машината.

22) Не користете ја машината ако дополнителната/помошната опрема не се поставени на дадените точки.

23) Исключете го уредот со сечивото, застанете го моторот и извадете го кабелот за напојување (внимавајки при тоа сите делови во движење да бидат застанати докрај):

– секојпат кога ја оставате тревокосачката без надзор,

– пред да ги отстранувате причините за блокирање или чистење на испусниот канал,

– пред проверка, чистење или работа врз машината,

– по удар во страни предмети. Проверете дали има евентуални оштетувања на машината и направете ги неопходните поправки пред да одново да ја користите.

24) Исключете го уредот со сечивото и застанете го моторот:

– секојпат кога ја вадите или поставувате вреćата за собирање,

- секојпат кога го вадите или поставувате дефлекторот за страничниот испуст.

– Пред да ја регулирате висината на косење ако оваа операција не била извршена од позицијата на операторот.

25) Во текот на работата, секогаш одржувајте безбедно растојание од уредот со сечивото која се определува со должината на ракофатот.

26) ВНИМАНИЕ – Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исключете го моторот и оддалечете ја машината внимавајки да не предизвикате други оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината.

27) ВНИМАНИЕ – нивото на бучавата и вибрациите да- дени во ова упатство се максимальни вредности при упо- треба на машината. Употребата на елемент за косење којшто не е стабилен, движењето со преголема брзина, неодржувањето на машината, значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки за да елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава или значителни ви- брации. Редовно одржувајте ја машината, носете слушал- ки против бучава и правете паузи во работата.

D) ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ

1) ВНИМАНИЕ! – Исклучете ја ма шината од напојувањеи прочитајте го соодветното упат- ство пред да започнете какви било дејства за одржување или поправка. Носете соодветна облека и ракавици за ра- бота во сите ситуации каде има ризик за рацете.

2) ВНИМАНИЕ! – Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат. Користете само оригинални резервни делови: употребата на делови коишто не се оригинални и/или несоодветно поставени може да доведат до инциденти или лични повреди, а со тоа се ослободува производителот од секоја обврска или одговорност.

3) Сите операција за одржување и регулација што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејки знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ће се заврши правилно, земајки го во предвид првибитниот степен на безбедност на машината. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.

4) По секое користење, исключете ја машината од довод на ел. енергија и проверете ја да не има оштетувања.

5) Сите завртки и навртки одржувајте ги соодветно зацврстени за да бидете сигурни дека машината е безбедна за работа. Редовното одржување е основен пред-услов за безбедност и за одржување на правилна работа на машината.

6) Редовно проверувајте дали навртките на уредот за косење се правилно засегнати.

7) Носете работни ракавици за ракување со уредот со сечивото при вадење и иставање.

8) Одржувајте ја рамнотежата на уредот со сечивото кога се остри. Сите операции што се поврзани со уредот со сечивото (вадење, острење, изедначување, повторно ставање и/или замена) се одговорни работи и изискува- ат специфична компетентност покрај соодветни алати. Од безбедносни причини, истите треба секогаш да ги из- вршува специјализиран сервисен центар.

9) Во текот на операциите за регулирање на машина- та, обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви се наогаат заглавени во уредот со сечивото во движење и фиксните делови на машината.

10) Не допирајте го уредот со сечивото додека е машина- та поврзана во извор на напојување и додека сечивото не запре да се движи докрај. При интервенции на уредот со сечивото, проверете дали уредот може да се движи и да- ли машината е исключена од струја.

11) Честопати проверувајте ги заштитата за задниот испуст, заштитата за страничниот испуст или заштитата на задниот испуст, како и вреćата за собирање за да проверите дека не се изабени или оштетени. Заменете ги ако се оштетени.

12) Заменете ги етикетите со упатства и пораки за внимание ако се оштетени.

13) Чувајте ја машината на место до кое што не допира- ат децата.

14) Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било средина.

15) За намалување на ризикот од запалување, одржувајте ги тревокосачката и машината, а особено моторот од остатоци од трева, листови и прекумерно масло. Извадете ја вреќата за собирање и не оставајте остатоци од покосена трева во затворен објект.

Е) ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА

1) Не користете ја машината во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвивуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
2) Држете го продолжниот кабел подалеку од уредот со сечивото. Уредот со ечивото може да го оштети кабелот и да предизвика контакт со делови под напон.
3) Никогаш не поминувајте со тревокосачката врз електричниот кабел. За време на косење, треба секогаш да го влечете кабелот зад тревокосачката и секогаш кај штотуку покосената трева. Користете ја стегалката за кабелот како што е прикажано во ова упатство за да избегнете кабелот случајно да се заглави, обезбедувајки истовремено правилно приклучување без притисок врз приклучокот.
4) Уредот напојувајте го само преку диференцијал (RCD – уред за наизменична струја) со струја на прекин која не надминува 30 mA.
5) Приклучокот за машината треба да биде компатибилен со електричниот довод. Никогаш не преправајте го приклучокот. Не користете адаптери за машината што имаат заземјување. Приклучокот што не претрпел измена или не е адаптиран го намалува ризикот од електричен удар.
6) Ако кабелот за електрично напојување на машината е оштетен, треба да се замени само со оригинален резервен дел од страна на застапникот или во специјализиран сервисен центар.
7) Трајното поврзување на кој и да било електричен апарат во ел. мрежа на даден објект треба да го направи квалификуван електричар следејки ги најстрого соодветните одредби. Некоректно поврзување може да предизвика сериозни повреди, вклучувајки и смрт.
8) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Влажноста и ел. струја не се компатибилни:

Ракувањето и поврзувањето на електричните кабли мора да се изведува на суво место,

– Никогаш не спојувајте извор на електрична енергија или кабел во мокра зона (бара или влажен терен);
- Поврзувањето међу каблите и штекерите мора да биде од водоотпорен материјал. Користете продолжен кабел од интегрирани и водоотпорни делови кои може да се набават во трговија.
9) Наблите за напојување треба да се со квалитет не помал од типот H05RN-F или H05VV-F со минимален пресек од 1,5 мм2 и со препорачана максимальна должна од 25 м.
10) Пред да ја включите машината, прицврстете го кабелот за водилката.
11) Не користете го кабелот несоодветно. Не користете го кабелот за транспортирање, влечење или расклопување на машината. Чувајте го кабелот подалеку од извори на топлина, масло, орган или предмети во движење. Оштетен или пресечен кабел го зголемува ризикот од електричен удар.
12) Внимавајте продолжниот кабел да не се заплеткува во текот на работата за да избегнете прекумерно загревање.
13) Избегнувајте контакт на телото со површина со маса или со земја, како цевки, радијатори, кујнски апарати, фрижидери. Ризикот од електричен удар се поттикнува ако телото се најде на маса или земја.
14) Никогаш не прегревајте ја машината. Користете ја машината за наменетата работа. Правилно користење на машината обезбедува најдобра и најсигурна работа, според мојноста за која е создадена.

1) Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или закосување на машината, треба:
– да носите заштитни ракавици,
– да ја зафатите машината на места кои нудат сигурен зафат, имајки ја предвид нејзината тежина и распределба на истата;
– да ангажирате соодветен број луге во согласност со тежината на машината и карактеристиките на средството за транспорт или за местото на кое треба да се донесе или земе истата.
– проверете дали кога работи машината, нема знаци на оштетувања или дефекти.
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машината со помош на јажиња или синцири.

G) ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

1) Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на грағанските погодности и на просторот во кој живееме. Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување.
2) Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во ўубре, туку треба да се селектираат и да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање материјали.
3) Следете ги точно локалните закони за фрлање на материјалите кои ће се резултат на сечењето.
4) При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.

ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА

ОПИС НА МАШИНАТА И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА

Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно тревокосачка со оператор на нозе.

Машината во основа се состоит од мотор којшто придви- жува уредот со сечивото со запци сместени во картер и има тркала и рачка.

Операторот е во позиција да управува со машината и да ги включува главните команди држејки се секогаш зад рачката и на безбедно растојание од ротирачкиот уред со сечивото. Оддалечувањето на операторот од машина- та предизвикува запирање на и на ротирачкиот уред по неколку секунди.

Предвидена употреба

Оваа машина е дизајнирана и произведена за косење (и собирање) трева во градини и на тревни површини со опсег наведен кај капацитетот за косење што се спроведува во присуство на оператор којшто оди.

Присуството на дополнителната опрема и на одреде- ни уреди овозможува собирање на покосената трева, но може и да го предизвигува ефектот на „дробење“ и положување на покосената трева врз теренот.

Вид на корисник

Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Оваа машина е наменета за „домашна употреба“.

Несоодветна употреба

Која и да е друга употреба,поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети.

Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):

– превоз на лица, деца или животни врз машината,
– при транспорт на машината,
– употреба на машината за влечење или буткање товар,
– употреба на машината за собирање лисја или гранки,
– употреба на машината за порамнување огради или за сечење вегетација што не е трева,
– употреба на машината од страна на повеќе луге,
– вклучување на сечивата врз терени на кои нема трева

ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И КОМПОНЕНТИ НА МАШИНАТА

(видете ги сликите на страница ii)

  1. Ниво на акустична моїност
  2. Ознака за усогласеност со СЕ
  3. Година на производство
  4. Вид тревокосачка
  5. Сериски број
  6. Име и адреса на производителот
  7. Код на производ
  8. Номинална моїност и максимальна брзина на работата на моторот
  9. Тежина во кг.
  10. Волтажа и вид напојување
    10a. Степен на електрична заштита
  11. Ку́киште
  12. Мотор
  13. Уред со сечивото
  14. Заштита на заден испуст
  15. Вреќа за собирање
  16. Ракофат
  17. Команда за палење
  18. Кука за електричниот кабел

Веднаш по набавка на машината, запишете ги броевите за идентификација (3 – 4 – 5) во соодветното место на последната страница од ова упатство.

Примерот со декларацијата за усогласеност се наоға на последната страница од упатството.

ALPINA BL 380 E - (видете ги сликите на страница ii) - 1

Не фрлајте го електричниот апарат заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на 2012/19/EU, отпадот што се состоит од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во со- гласност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на еко-компатибилен начин. Ако електричните апарати се одложат на губриште или на земја, штетните состојки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синцирот

на исхрана, со што ће се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.

ОПИС НА ДАДЕНИТЕ СИМБОЛИ НА КОМАНДИТЕ (каде што е предвидено)

  1. ВНИМАНИЕ - палењето на моторот предизвикува истовремено активирање на уредот со сечивото.
  2. Застанување
  3. Движење

БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ – со тревокосачката треба да се работи внимателно. За таа цел, на машината се поста-вени илустрации наменети да ве потсетуваат за главни-те безбедносни мерки при употреба. Нивното значење е објаснето подолу. Затоа, препорачуваме внимателно да ги прочитате безбедносните мерки што се дадени во за-себно поглавје на ова упатство.

Заменете ги оштетените или нечитливите етикети.

  1. Внимание: Прочитајте го упатството за употреба пред да ја користите машината.
  2. Ризик од исфрлање. Држете ги лицата подалеку од опсегот на работа додека ја користите машината.
  3. Внимание за уредот со сечивото за косење: сечивото продолжува да се движи по ислучувањето на моторот. Исключете го напојувањето пред да пристапите кон процедури за одржување или ако кабелот е оштетен.
  4. Внимание: држете го продолжниот кабел подалеку од уредот со сечивото.

ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА

ЗАБЕЛЕШКА - соодветноста меѓу насоките дадени во ова упатство и соодветните слики (дадени на страниците 2 и понатаму) е претставена преку бројот кој му претходи на дадениот пасус.

1. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА

ЗАБЕЛЕШКА Машината може да се доставува со некои веке монтирани делови.

ВНИМАНИЕ!

Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со доволно простор за поместување на машината и на амбалажата користејки секогаш соодветни алати. Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во согласност со важечките локални закони.

1.1a Монтирање на рачката (Тип „I“)

Вметнете ги долниот десен (1) и лев (2) дел на ракофатот во соодветните отвори и фиксирајте со дадените навртки (3).

Поставете ја стегалката за кабелот (4) во горниот дел на рачката (5) на посочената позиција и фиксирајте ја со доставените шрафови (6) и навртки (7).

Фиксирајте го горниот дел на рачката (5) за задните делови меѓу ракофатите (8) и доставените навртки како што е прикажано користејки еден од двата предвидени отвори за прилагодување на висината на рачката според ставата на операторот.

Порамнете ги запците на прекинувачот (9) со водил-

ката на потпората (10) и придвижете го прекинувачот (9) во правецот што го покажуваат стрелките докрај обезбедувајки стабилност при составувањето. Поставете ја стегалката за кабелот (11) во прикажаната позиција и приключете го кабелот (12).

1.1b Монтирање на рачката (Тип „II“)

Поставете ги долниот десен (1) и лев (2) дел на рачката врз навртките (За) коишто излегуваат од куќиштето и фиксирајте ги со доставените ракофати (3).

Поставете ја стегалката за кабелот (4) во горниот дел на рачката (5) на посочената позиција и фиксирајте ја со доставените шрафови (6) и навртки (7).

Фиксирајте го горниот дел на рачката (5) за задните делови меѓу ракофатите (8) и доставените навртки како што е прикажано користејки еден од двата предвидени отвори за прилагодување на висината на рачката според ставата на операторот.

Порамнете ги запците на прекинувачот (9) со водилката на потпората (10) и придвижете го прекинувачот (9) во правецот што го покажуваат стрелките докрај обезбедувајки стабилност при составувањето.

Поставете ја стегалката за кабелот (11) во прикажаната позиција и приключете го кабелот (12).

1.2. Монтирање на врејата за собирање (Тип „I“ и „II“)

Монтирајте ја дршката (1) на горниот дел од вреćата за собирање (2) и вметнете ја на соодветните места со кликнување.

Ставете го продолжетокот (3) врз основата од задната страна на вреćата за собирање (4) и вметнете ја на соод-ветните места со кликнување.

Монтирајте ги двата дела (2) и (4) внимавајки да ги вметнете докрај куките во лежиштата со кликнување.

2. ОПИС НА КОМАНДИТЕ

ЗАБЕЛЕШКА значењето на дадените символи за командите е објаснето на претходните страници.

2.1 Двостепен прекинувач

Моторот се вклучува со помош на двостепен прекинувач за да се избегне случајно придвижување.

За вклучување, притиснете го копчето (2) и повлечете ја рачката (1).

ВНИМАНИЕ! Палењето на моторот предизвинува истовремено активирање на уредот со сечивото.

Моторот автоматски се гаси со пуштање на рачката (1).

2.2 Регулација на висината на косењето

За да ја регулирате висината на косењето, закосете ја машината на страна и поставете ги оските на тркалата на еден од трите предвидени запци од внатрешната страна на кујиштето,

Висината треба да биде иста за двете оски.

ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТИТЕ СО ЗАСТАНАТ УРЕД ЗА КОСЕНЬЕ.

3. КОСЕНЬЕ ТРЕВА

ЗАБЕЛЕШКА оваа машина дозволува косење на тревникот на различни начини. Пред да започнете со работа, потребно е да ја поставите машината во правецот како што имате намера да косите. ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА

3.1 Поставување за косење и собирање на тревата во врејата за собирање

Подигнете ја заштитата за заден испуст (1) и прикачете ја правилно вреćата за собирање (2) како што е посочено на сликата.

3.2 Палење

Закачете го продолжниот кабел правилно како што е по- сочено.

За вклучување на моторот, притиснете го безбедносно-то копче (2) и повлечете ја рачката (1) на прекинувачот.

3.3 Косење трева

При косење, ел. кабел треба секогаш да се наога одзади и на веке покосениот терен.

Изгледот на тревникот ће има поубав изглед ако косењето се изведува секогаш на иста висина и наизменично во два правци.

Кога вреćата за собирање трева ће се наполни, собирањето нема да биде ефикасно и звукот на машината се менува.

За да ја извадите и испразните вреćata за собирање:

– пуштете ја рачката на прекинувачот и почекајте да се смири уредот со сечивото,

– подигнете ја заштитата за заден испуст, зафатете ги ракофатите и извадете ја вреćата за собирање држејки ја исправено.

Совети за третман на тревникот

Секој вид на присутна трева има различни карактеристики и може да бара различни режими на косење на тревникот. Прочитајте ги секогаш упатствата што се содржани на пакувањето на семето во однос на висината на косење во однос на условите на растење во пределот каде е посадена.

Треба да се трудите поголемиот дел од тревата да е од ист вид и со едно или повеće видови ливчиња. Ако ливчињата се покосат целосно, се оштетува тревникот и идното косење ће биде многу тешко.

Генерално, вреди да се следат следните упатства:

– многу ниско косење предизвивува корнење и проретчување на тревната површина со што остануваат „голи места“,

– на лето, косењето треба да е највисоко за да се избегне исушување на теренот,

– не косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа може да ја намали ефикасности на уредот со сечивото врз тревата бидејки ће се лепи и ће предизвика заглавување со залепена трева,

– во случај на делумно израсната трева, најдобро е прво да се искоси на најголема висина што ја дозволува машината, проследено со второ косење по два или три дена.

3.4 Завршување со работа

На крајот на работата, отпуштете ја рачката (1). Исключете го продолжниот кабел ПРВО од главниот штекер (2) а ПОТОА од прекинувачот на тревокосачката (3).

ПОЧЕКАЈТЕ УРЕДОТ СО СЕЧИВОТО ДА ЗАСТАНЕ пред да извршите каква било интервенција на тревокосачката.

ВАЖНО Во случај кога во текот на работата моторот ће престане да работи заради прегревање, неопходно е да почекате приближно 5 минути пред повторно да го включите.

4. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ

Чувајте ја тревокосачката на суво место.

ВАЖНО Неопходно е редовно и правилно одржување за долготрајно одржување на безбедносното ниво и првобитната работна Costaјба на машината.

Секоја работа поврзана со регулирање и одржување треба да се спроведе со изгаснат мотор и кога машината не е поврзана со извор за напојување со електрична енергија.

1) Носете цврсти заштитни ракавици при секоја интервенција за чистење, одржување и регулација на машината.
2) По секое косење, отстранете ги остатоците од трева и кал што се наталожиле од внатрешната страна на кујиштето за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии при подоцнежно палење заради исушување.
3) Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација се ослободени од остатоци од косењето.

4.1 Одржување на уредот со сечење

Секоја интервенција врз уредот со сечивото мора да се извршува во специјализиран сервис каде што има посо-одветна опрема.

Со оваа машина предвидено е да се користи уред со сечиво коешто го носи кодот посочен во табелата на страница ii.

Заради развојот на производот, уредот со сечивото треба со време да се замени со други со соодветни карактеристики за замена и функционална безбедност.

Поставете го уредот со сечивото (2) со знакот свртен кон теренот, следејки го посочениот редослед на сликата.

Зашрафете ја централната навртка (1) со динамометричен клуч со калибрација од 15 Nm.

4.2 Чистење на машината

Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.

Не користете абразивни течности за чистење на кујиштето.

  1. ДИЈАГНОСТИКА
Што да правите нога...
Потекло на проблемот Дејство за поправка
1. Електричната тревокосачка не работи
Нема довод на струја до машинатаПроверете го напојувањето со ел. енергија
2. Тревокосачката на струја фрла искри
Амперажата на изворот за напојувањето не е задоволителна.Поврзете ја машината со извор на ел. енергија со задоволителен број ампери.
Вклучени се други електрични апарати.Не поврзувајте други апарати во истиот период и во истиот приключок за напојување со ел. енергија.
3. Искосената трева веће не се собира во вреćата за собирање
Уредот со сечивото наишол на препрекаНаострете го уредот со сечивото или заменете го.Проверете ги крилцата кои ја насочуваат тревата кон вреćата за собирање.
Внатрешноста на шасијата е извалкана.Исчистете ја внатрешноста на шасијата за да го олесните исфрлањето на тревата кон вреćата за собирање.
4. Тревата тешко се носи
Уредот со сечивото не е добро поставенНаострете го уредот со сечивото или заменете го.
5. Машината почнува да вибрира на ненормален начин
Оштетување или разлабавени деловиЗапрете ја машината и исключете го кабелот за напојување:Проверете дали има оштетувањаПроверете дали деловите се разлабавени и затегнете гиИзвршете ги проверките, замените или поправките во специјализиран центар
6. Моторот се гаси во текот на работата
Интервенирајте на термичката заштита при прегревање на моторот.Запрете ја машината и исключете го кабелот за напојување. Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација се ослободени од остатоци од косењето.

Во случај на какво било двоумење или проблем, контактирајте со Овластениот сервис во непосредна близина или со Застапникот.

МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : ALPINA

Модел : BL 380 E

Категорија : кошачка за трева