GSS 23 AE - брусилка BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSS 23 AE BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSS 23 AE - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSS 23 AE на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSS 23 AE BOSCH
Безбедносни напомени Општи напомени за безбедност за електричните апарати Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел). Безбедност на работното место Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот. Електрична безбедност Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
Електричните апарати држете ги подалеку од дожд
ага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ OBJ_BUCH-80-005.book Page 109 Thursday, March 10, 2016 9:27 AM110 | Македонски 1 609 92A 2BP | (10.3.16) Bosch Power Tools погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар. Безбедност на лица Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди. Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа. Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани
ка. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав. Користење и ракување со електричниот апарат Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи. Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. Алатот за сече
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот
Безбедносни напомени за брусилки Користете го електричниот уред само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот уред го зголемува ризикот од електричен удар. Внимание, постои опасност од пожар! Избегнувајте прегревање на парчето што се бруси и брусилката. Пред да направите пауза во работата, секогаш испразнете го резервоарот за прав. Правта од брусењето, микро честичките, хартиената кеса (или филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав) можат самите да се запалат при неповолни услови, како на пр. летање на искри при брусење на метали. Особена опасност постои, доколку правта од брусењето се измеша со остатоци од лак, полиретан или други хемиски материјали и доколку парчето што се бруси се вжешти по долготрајна работа. При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. OBJ_BUCH-80-005.book Page 110 Thursday, March 10, 2016 9:27 AMМакедонски | 111 Bosch Power Tools 1 609 92A 2BP | (10.3.16) Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. Опис на производот и моќноста Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба. Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е наменет за суво брусење на дрво, пластика, шпахтел маса како и лакирани површини. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката
1 Вртливо копче за претходно бирање на бројот на
2 Прекинувач за вклучување/исклучување 3 Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување 4 Комплет кутија за прав (Microfilter System) 5 Затезен стремен 6 Основна брусна плоча 7 Брусен лист 8 Копче за отклучување на предниот терминален блок 9 Преден терминален блок 10 Алат за дупчење * 11 Шрафови за основната брусна плоча 12 Млазници за издувување 13 Филтер (Microfilter System) 14 Црево за вшмукување* 15 Рачка (изолирана површина на дршката) *Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Информации за бучава/вибрации Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-4. Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 80 dB(A); ниво на звучна јачина 91 dB(A). Несигурност K=3 dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 60745-2-4:
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата. Вибрациона брусилка GSS 23 AE Број на дел/артикл 3 601 K70 7.. Номинална јачина W190 Претходен избор на бројот на осцилации
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Број на празни вртежи min
7000–12000 Број на осцилации во празен од min
14000 – 24000 Дијаметар на кругот на
мм 2,0 Димензии на брусниот лист — Велкро лепенка — Сврзен напон
93 x 185 93 x 230 Димензии на основната брусна плоча мм 92 x 182 Тежина согласно EPTA- Procedure 01:2014 кг 1,7 Класа на заштита /II Вибрациона брусилка GSS 23 AE Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. OBJ_BUCH-80-005.book Page 111 Thursday, March 10, 2016 9:27 AM112 | Македонски 1 609 92A 2BP | (10.3.16) Bosch Power Tools Изјава за сообразност Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до
19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016:
Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Сопствено вшмукување со кутија за прав (види сликиG1–G4) Ставете ја кутијата за прав 4 на млазниците за издувување 12, додека не се вклопи. За да ја испразните кутијата за прав 4 извлечете ја надолу. Пред да ја отворите кутијата за прав 4, тропнете со неа на цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за да ј
отстраните правта од филт
Фатете ја кутијата за прав 4 за вградената рачка, преклопете го филтерот 13 нагоре и испразнете ја кутијата за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот 13 со мека
Надворешно вшмукување (види слика H) Ставете едно црево за вшмукување 14 на млазниците за издувување 12. Цревото за вшмукување 14 поврзете го со вшмукувач за прав. Прегледот за приклучување на различните видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од ова упатство. Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува. При вшмукување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален вшмукувач. Менување на брусните листови Пред да ставите нов лист за брусење, отстранете ја нечистотијата и правта од брусната плоча 6, на пр. со
За овозможување на оптимално вшмукување на прав, внимавајте на тоа, отворите на брусниот лист да одговараат со отворите на основната брусна плоча. Брусни листови со велкро лепенка (види слика A) Основната брусна плоча 6 е опремена со велкро лепенка, така што брусните листови со велкро може брзо и едноставно да се прицврстат. Истресете ја велкро лепенката од основната брусна плоча 6 пред да ја наместите на брусниот лист 7, за да овозможите оптимално слепување. Брусниот лист 7 ставете го израмнето на едната страна од основната брусна плоча 6, поставете го брусниот лист на основната брусна плоча и притиснете го добро. За вадење на брусниот лист 7 фатете го за врвот и извлечете го од основната брусна плоча 6. Брусни листови без велкро лепенка (види слики B–D) Притиснете на копчето за отклучување 8 и држете го притиснато. Водете го брусниот лист 7 до крај под отворениот заден терминален блок 9 и повторно отпуштете го копчето за отклучување 8. Внимавајте на затегнатоста на брусниот лист во средината. Притиснете го затезниот стремен 5 навнатре и навалете го до крај. Брусниот лист 7 поставете го цврсто околу брусната плоча. Водет е го другиот крај на бр усниот лист 7 помеѓу задниот терминален блок и црвениот валјак на затезниот стремен 5. Држете го брусниот лист затегнат и притиснете го затезниот стремен 5 во правец на брусната плоча, за да го фиксирате брусниот лист. Henk Becker Executive Vice President Engineering Helmut Heinzelmann Head of Product Certification PT/ETM9 OBJ_BUCH-80-005.book Page 112 Thursday, March 10, 2016 9:27 AMМакедонски | 113 Bosch Power Tools 1 609 92A 2BP | (10.3.16) Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со алатот за дупчење 10 за вшмукување на прав. Електричниот апарат со монтиран брусен лист притиснете го на алатот за дупчење (види слика E). За вадење на брусниот лист 7 олабавете го затезниот стремен 5 и извлечете го брусниот лист од задниот држач. Притиснете го копчето за отклучување 8 и целосно извадете го брусниот лист. Избор на лист за брусење Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање, на располагање ви се различни брусни
Менување на основната брусна плоча (види слика F) Основната брусна плоча 6 може да се замени по потреба. Целосно одвртете ги 4-те завртки 11 и извадете ја брусната плоча 6. Поставете ја новата брусна плоча 6 и повторно затегнете ги завртките.
Ставање во употреба Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 2 и држете го притиснат. За Фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување 2 притиснете го копчето за фиксирање 3. За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување 2 одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање 3, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 2 и потоа ослободете го. За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите. Претходно избирање на број на осцилации Со копчето за подесување на бројот на осцилации 1 може да го изберете потребниот број на вртежи и за време на користењето на апаратот.
пходниот број на осцилации зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична
Совети при работењето Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Капацитетот на отстранување при брусење, во главно, се одредува со изборот на брусен лист како и претходно избраниот број на осцилации. Само беспрекорните брусни листови може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот апарат. Внимавајте на рамномерноста на притисокот, за да го зголемите рокот на употреба на алатот што се бруси. Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусниот лист. Брусниот лист со кој сте обработувале метал, не го користете за други материјали. Користете само оригинална Bosch опрема за брусење. Одржување и сервис Одржување и чистење Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста. Гранулација За обработка на сите дрвени
40—240 За претходно брусење, на пр. за груби нерендани греди и даски грубо 40, 60 За рамно брусење и израмнување на мали нерамнини средно 80, 100, 120 За завршно и фино брусење на цврсти дрва фино 180, 240 За обработка на обоени/лакирани слоеви одн. подлоги, како маса за полнење и шпахтел маса 40—320 За брусење на боја грубо 40, 60 За брусење на основната боја средно 80, 100, 120 За крајно брусење на основната боја пред лакирање фино 180, 240, 320 OBJ_BUCH-80-005.book Page 113 Thursday, March 10, 2016 9:27 AM114 | Srpski 1 609 92A 2BP | (10.3.16) Bosch Power Tools Сервисна служба и совети при користење За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот. Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
Notice-Facile