BOSCH GCM 18V-216 Professional - Service après-vente

GCM 18V-216 Professional - Service après-vente BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCM 18V-216 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 447 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH GCM 18V-216 Professional - page 309
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Безжична радијална пила за косење
Марка и модел Bosch GCM 18V-216 Professional
Референца 3 601 M41 0.. / 3 601 M41 0B0
Димензии на сечилото Дијаметар 216 мм, отвор 30 мм (или 25,4 мм), дебелина 1,2-1,8 мм
Брзина на празен од 4 600 врт/мин
Тежина 15,1-16,1 кг (во зависност од батеријата)
Напојување Литиум-јонска батерија 18 V (тип GBA 18V... или ProCORE18V...)
Максимален капацитет на сечење (0°/0°) 70 x 270 мм (висина x ширина)
Опсег на агол на косење (хоризонтално) -47° до +47°
Опсег на агол на наклон (вертикално) 0° до 45°
Вграден ласер Класа 1M, 650 nm, < 0,39 mW
Ниво на бучава (звучен притисок) 95 dB(A); моќност 104 dB(A)
Главни функции Прави сечења, надолжни, попречни, накосени, под агол; сечење со/без радијално движење; жлебење
Безбедносни уреди Заштитен капак со нишало, блокирање на вретеното, безбедност при транспорт, блокирање на прекинувачот
Прибор во комплет Вреќа за прашина, рачка за носење, SDS вретено, стега, внатрешен клуч
Одржување и чистење Чистење на отворите за вентилација, лизгачкиот валјак; замена на истрошените штитници за отсечоци; проверка на основните подесувања во овластен сервис
Резервни делови и поправка Резервни делови достапни преку Bosch; поправка можно за помалку од 5 дена преку SAV DIRECT
Гаранција и сервис Постпродажен сервис Bosch: тел. 0811 360122 (Франција), sav.outillage-electroportatif@fr.bosch.com
Работни температури -20 до +50 °C (полнење: 0 до +45 °C)
Препорачани полначи AL 18.., AL 36.., GAL 18V-..., GAL 18.., GAX 18V-30, GAL 3680

Frequently Asked Questions - GCM 18V-216 Professional BOSCH

Кој е максималниот капацитет на сечење на GCM 18V-216?
При право сечење (0° косење и 0° наклон), максималната висина е 70 mm, а ширината 270 mm. Со агол на косење од 45°, ширината се намалува на 190 mm.
Како да го сменам сечилото?
Извадете ја батеријата. Користете го внатрешниот клуч за да го одвртите завртката со шестоаголни отвори (лева навој) или SDS вретеното. Притиснете и задржете го блокирањето на вретеното. Отстранете го завртката, притисната плоча, па сечилото. Поставете го новото сечило според насоката на вртење, вратете ја притиснатата плоча и затегнете. Носете заштитни ракавици.
Која батерија можам да ја користам со оваа пила?
Користете исклучиво оригинални Bosch литиум-јонски батерии од 18 V, модели GBA 18V... или ProCORE18V.... Компатибилни полначи се AL 18.., AL 36.., GAL 18V-..., итн.
Како да го подесам аголот на косење и наклон?
За косење, отпуштете го копчето за блокирање (19), свртете ја масата и вклучете го саканиот агол. За наклон, отпуштете ја рачката за стегање (31), навалете ја рачката на алатот и повторно затегнете. Претходно поставените вдлабнатини олеснуваат вообичаени подесувања (0°, 15°, 22,5°, 45°).
Како да го активирам ласерот за водење?
Нежно притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) без да го притиснете блокирањето на прекинувачот (7). Ласерски зрак ја покажува линијата на сечење. За подесување, користете го завртката за подесување (54).
Кои се основните безбедносни упатства?
Прочитајте ги сите предупредувања. Носете заштитни очила, заштита за слух, маска против прашина. Никогаш не ставајте ги рацете во зоната на сечење. Користете стеги. Осигурете се дека делот е добро прицврстен. Исклучете ја батеријата пред било какво подесување.
Како да ја монтирам пилата на подлога?
Прицврстете ја пилата на рамна и стабилна површина користејќи ги отворите (16) и соодветни завртки. Можете исто така да користите работна подлога Bosch GTA. За флексибилна инсталација, спуштете ја ногата против превртување (21).
Што да правам ако сечилото се заглави?
Ставете ја пилата во исклучен режим, почекајте целосно запирање на сечилото, па извадете ја батеријата. Ослободете го заглавениот дел. Проверете дали сечилото не е оштетено.
Како да ја одржувам пилата?
Редовно чистете ги отворите за вентилација, лизгачкиот валјак и заштитниот капак. Заменете ги истрошените штитници за отсечоци. За основните подесувања, обратете се до овластен Bosch сервис.
Како безбедно да ја транспортирам пилата?
Поставете ја пилата во позиција за транспорт: блокирајте ја масата, извлечете ја рачката на алатот целосно напред, затегнете го завртката за стегање, а потоа спуштете ја рачката и вклучете го безопасниот уред за транспорт (36). Носете ја пилата за рачката за носење (4). Извадете ја батеријата.

Прашања на корисниците за GCM 18V-216 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Service après-vente во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCM 18V-216 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCM 18V-216 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCM 18V-216 Professional BOSCH

Македонски.... Страница 309

Srpski ...... Strana 323

Slovenščina ....Stran 335

Hrvatski ....Stranica 348

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
He постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.

▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.

▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е ислучен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.

Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.

▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.

▶ Облечете се соодветно. Не носете широко облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.

He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената.

Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ће ја извршите работата за која е наменет.

▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Ислучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
▶ Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток

спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.

▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни предупредувања за аголни пили

▶ Аголните пили се наменети за сечење дрво или слични производи, не може да се употребуваат со абразивни дискови за сечење на обоени метали, како на пр. шипки, прачки, шајки и др. Абразивната прашина предизвикува блокирање на ротирачките делови, како што е долниот штитник. Искрите од абразивно сечење го горат долниот штитник, засекот и пластичните делови.
▶ Користете стегачи за држење на делот што се обработува кога постои можност. Ако го потпирате делот што се обработува со рака, раката постојано мора да биде на оддалеченост од најмалку 100 mm од двете страни на сечилото од пилата. Не ја користете оваа пила за сечење на многу мали парчиња што не може безбедно да се зацврстат или да се држат со рака. Ако раката ја ставите премногу блиску до сечилото на пилата, постои голема опасност од повреда ако го допрете сечилото.
▶ Делот што се обработува мора да биде статичен и прицврстен, или да се држи и за граничникот и за масата. Не го ставајте делот што се обработува во сечилото или жлебот со слободна рака. Слободен

или неприцврстен дел што се обработува може да се отфрли со голема брзина и да предизвика повреда.

▶ Притиснете ја пилата низ делот што се обработува. Не ја влечете пилата низ делот што се обработува. За да пресечете, подигнете ја главата на пилата и повлечете ја преку делот што се обработува без сечење, включете го моторот, притиснете ја главата на пилата надолу и турнете ја пилата низ делот. Со повлекување на пилата додека сечете сечилото може да се искачи на врвот на делот што се обработува и силно да го отфрли склопот на сечилото кон операторот.
He ги прекрстувајте рацете врз одредената линија за сечење пред и зад сечилото на пилата. Држење на делот што се обработува со вкрстени раце т.е. држење на делот на десната страна од сечилото на пилата со лева рака или обратно е многу опасно.
He посегнувајте зад граничникот на растојание помало од 100 mm од двете страни на сечилото за да ги отстраните дрвените остатоци или заради друга причина додека сечилото ротира. Може да не забележите колку блиску е сечилото до вашата рака и може сериозно да се повредите.
▶ Разгледајте го делот што се обработува пред да започнете со сечење. Ако делот што се обработува е накривен или навален, прицврстете ја надворешната навалена страна на граничникот. Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу делот што се обработува, граничникот и масата покрај линијата на сечење. Накривен или навален дел што се обработува може да се извитка или помести и да предизвика виткање на сечилото кое ротира при сечење. Не смее да има шајки или други надворешни предмети во делот што се обработува.
He ja употребувајте пилата ако на масата, освен делот што се обработува, има алати, дрвени остатоци и др. Мали остатоци или расфрлани парчиња дрво или други предмети ако се допрат до ротирачкото сечило може да се расфрлат со голема брзина.
▶ Сечете само еден дел истовремено. Повеќе парчиња не може соодветно да се зацврстат или поврзат и може да се фатат за сечилото или да се изместат во текот на сечењето.
▶ Проверете дали пилата за сечење под агол е монтирана или наместена на рамна, цврста работна површина пред да ја користите. Рамна и цврста работна површина го намалува ризикот пилата за сечење под агол да стане нестабилна.
Испланирајте ја работата. Кога ће ја промените косината или подесениот агол на закосување, проверете дали граничникот кој се подесува е правилно поставен за држење на делот што се обработува и дека нема да го попречува сечилото или заштитниот систем. Без вклучување на алатот на „ON“ и без делот што се обработува на масата, движете го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек

за да проверите дали има некакви пречки или опасност да се пресече граничникот.

▶ Обезбедете соодветен потпирач, како на пр., додаток на масата, ногарки за потпора на пилата и др., за дел што се обработува кој е поширок или подолг од горниот дел на масата. Ако деловите што се обработуваат се подолги или пошироки од пилата за сечење под агол може да се навалат доколку не се зацврстени. Ако отсечен дел или дел што се обработува се навали, може да го подигне долниот штитник или да биде отфрлено од ротирачкото сечило.
▶ Не користете друго лице како замена за додаток на масата или како дополнителен држач. Нестабилен држач за делот што се обработува може да предизвика зафаќање на сечилото или поместување на делот што се обработува во текот на сечењето и да ве повлече вас и помошникот кон ротирачкото сечило.
Отсечен дел не смее да се заглави или притиска кон ротирачкото сечило. Ако е ограничено, т.е. со помош на граничниците за должна, исечениот дел може да се заглави на сечилото и силно да се отфрли.
Постојано користете стега или прицврстувач правилно дизајниран за држење на тркалезен материјал, како на пр., прачки или цевки. Прачките се склони кон вртење додека се сечат и предизвикуваат сечилото да го засекува и влече делот со вашата рака кон сечилото.
▶ Оставете сечилото да достигне целосна брзина пред да го допре делот што се обработува. Со ова ке се намали ризикот делот што се обработува да виде отфрлен.
▶ Ако делот што се обработува или сечилото се заглави, исключете ја аголната пила. Почекајте сите подвижни делови да застанат и исключете го приключокот од струја и/или извадете го пакувањето со батерии. Потоа извадете го заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете со заглавен дел што се обработува може да изгубите контрола или да ја оштетите пилата.
Откако ће завршите со сечењето, ослободете го копчето, држете ја главата на пилата надолу и почекајте сечилото да застане пред да го извадите исечениот дел. Приближување на раката до сечило кое сё уште врти е опасно.
Држете ја рачката цврсто кога правите нецелосен засек или кога го ослободувате копчето пред пилата да биде ставена во целосна надолна позиција. Сопирањето на пилата може да предизвика главата на пилата ненадејно да биде повлечена надолу и да предизвика опасност или повреда.
▶ Одржувајте ја чистотата на работното место. Мешавините на материјали се особено опасни. Правта од лесен метал може да се запали или експлодира.
He користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени листови за пила. Листовите на пилата со тапи или неправилни запци, заради претесниот резен процеп, предизвикуваат зголемено триење и

312 | Македонски

заглавување на листот на пилата или повратен удар.

▶ Не користете листови за пила од високо легиран брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на пила може лесно да се скршат.
▶ Секогаш користете сечила со точна големина и форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што ќе предизвика губење на контрола.
▶ Никогаш не ги отстранувајте остатоците од сечењето, дрвените струготини и сл. од полето за сечење, додека е включен електричниот уред. Најпрво ставете ја рачката на апаратот во позиција на мирување и потоа исключете го електричниот апарат.
▶ Не го факајте листот од пилата по работата, додека не се олади. Листот за пилата за време на работата се вжештува.
He ja oштетувајте ознаката за предупредување на електричниот алат.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH GCM 18V-216 Professional - | Македонски - 1

BOSCH GCM 18V-216 Professional - | Македонски - 2

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

▶ Електричниот алат се испорачува со ознака за предупредување (види табела „Ознаки и нивно значење“).

BOSCH GCM 18V-216 Professional - | Македонски - 3

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така

може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.

▶ Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица коишто гледаат низ стакло или слично. Со тоа можете да ги оштетите нивните очи.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.

▶ Вградениот ласер не го заменувајте со ласер од друг тип. Доколку се искористи ласер кој не е соодветен на овој електричен алат, може да има опасност за лицата.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските заштитни очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Не користете оптички собирни инструменти како двогледи итн. за набљудување на изворот на зрачење. Со тоа можете да ги оштетите вашите очи.
▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.

Ознаки

Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат.

Ласерски зрак Не гледајте директно во оптичкиот телескоп Класа на ласер 1М

BOSCH GCM 18V-216 Professional - Ознаки - 1

Не посегнувајте со дланките во полето на сечење, додека работи електричниот алат. Доколку дојдете во контакт со сечилото за пила постои опасност од повреда.

BOSCH GCM 18V-216 Professional - Ознаки - 2

Носете маска за заштита од прав.

BOSCH GCM 18V-216 Professional - Ознаки - 3

Носете заштитни очила.

BOSCH GCM 18V-216 Professional - Ознаки - 4

Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.

Опасна зона! Држете ги дланките, прстите или рацете колку е можно подалеку од оваа зона.

BOSCH GCM 18V-216 Professional - Ознаки - 5

При сечење на вертикални агли на закосување, подесливата гранична водилка мора да се повлече нагоре.

3 601 M41 000,

3 601 M41 040:

BOSCH GCM 18V-216 Professional - Ознаки - 6

Внимавајте на димензиите на сечилото за пила. Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на вретеното на алатот. Доколку е неопходно користење на редуцирни делови, внимавајте димензиите на редуцирниот дел да одговараат на дебелината на листот за сечење и на дијаметарот на отворот на сечилото за пила, како и на дијаметарот на вретеното на алатот. Доколку е можно, со сечилото за пила користете ги испорачаните редуцирни делови. Дијаметарот на сечилото за пила мора да одговара на податоците на ознаката.

3 601 M41 0B0:

BOSCH GCM 18V-216 Professional - Ознаки - 7

Го покажува правецот на вртење на SDS-болцната за прицврстување на сечилото за пила (во правец спротивен на стрелките на часовникот) и за ослободување на сечилото за пила (во правец на стрелките на часовникот).

BOSCH GCM 18V-216 Professional - Ознаки - 8

Опис на производот и перформансите

BOSCH GCM 18V-216 Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или

тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за правење на должински и напречни резови со прав рез во цврсто и меко дрво, како и иверки и лесонит, како фиксен уред. Притоа се возможни хоризонтални агли на закосување од -47° до +47° како и вертикални агли на закосување од 0° до +45°. Со користење на соодветни сечила за пила, можно е и сечење на алуминиумски профили и пластика.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Механизам за влечење

(2) Кеса за прав ^A
(3) Исфрлувач на струготини
(4) Транспортна дршка
(5) Завртка за подесување на граничникот за длабочина
(6) Заштитно капаче за ласерот
(7) Блокада при вклучување на прекинувачот за вклучување/исклучување
(8) Прекинувач за включување/исклучување
(9) Дршка
(10) Заштитен капак
(11) Осцилаторен заштитен капак
(12) Лизгачки валјак
(13) Гранична водилка
(14) Продолжеток за маса за сечење
(15) Завртка за затворање на продолжетокот на масата за пила
(16) Отвори за монтажа
(17) Маса за сечење
(18) Плоча за вметнување
(19) Копче за фиксирање на саканиот агол на закосување (хоризонтално)
(20) Лост за претходно поставување на аголот на закосување (хоризонтално)
(21) Заштита од превртување
(22) Агломер за аголот на закосување (хоризонтално)
(23) Жлебови за стандарден агол на закосување (хоризонтално)
(24) Скала за аголот на закосување (хоризонтално)
(25) Подеслива гранична водилка
(26) Столарска стега
(27) Одбивач на струготини
(28) Граничник за стандарден агол на закосување 45° (вертикално)
(29) Завртка-граничник за 45°-агол на закосување (вертикално)
(30) Граничник за длабочина
(31) Затезна дршка за саканиот агол на закосување (вертикално)
(32) Завртка за фиксирање на механизмот за влечење
(33) Блокада за вретеното
(34) Батерија
(35) Копче за отворање на батеријата
(36) Транспортен осигурувач
(37) Скала за аголот на закосување (вертикално)
(38) Агломер за аголот на закосување (вертикално)

314 | Македонски

(39) Завртка-граничник за 0°-агол на закосување (вертикално)
(40) Граничник за стандарден агол на закосување 0° (вертикално)
(41) Клуч со внатрешна шестаголна глава (5 mm)
(42) Приказ за наполнетост на батеријата
(43) Копче за приказот за наполнетост на батеријата
(44) Завртка со внатрешна шестаголна глава за прицврстување на сечилото за пила
(45) Стезна прирабница
(46) Сечило за пила
(47) Внатрешна стезна прирабница
(48) SDS-болцна

(49) Завртка за блокирање на подесливата гранична водилка
(50) Навојна прачка
(51) Отвори на столарската стега
(52) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(53) Завртки за плочата за вметнување
(54) Завртка за подесување на позиционирањето на ласерот (паралелност)
(55) Завртка за агломерот (вертикално)
(56) Завртка за агломерот (хоризонтално)
A) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Пила за оплата GCM 18V-216 GCM 18V-216

Број на дел/артикл3 601 M41 0.. 3 601 M41 0B0
Број на вртежи во празен од min-14600 4600
Тип на ласер nm 650 650
mW < 0,39 < 0,39
Класа на ласер 1M 1M
Отстапување на ласерската линија mrad (целосенагол)1,0 1,0
Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014kg 15,1-16,1 ^A) 15,1-16,1 ^A)
дозволена околна температура
– при полнење °C 0...+45 0...+45
– при работење ^B) и при складирање°C-20...+50-20...+50
препорачани акумулаторски батерииProCORE18V...GBA 18V...GBA 18V... WProCORE18V...GBA 18V...GBA 18V... W
препорачани полначиAL 18..AL 36..GAL 18V-...GAL 18..GAX 18V-30GAL 3680AL 18..AL 36..GAL 18V-...GAL 18..GAX 18V-30GAL 3680
препорачани полначи за батерии со индуктивно полнењеGAL 18.. WGAL 18.. W

Димензии за соодветни сечила за пила

Дијаметар на сечилото за пилаmm 216 216
Дебелина на сечилото на пила mm1,2-1,81,2-1,8
Дијаметар на отворотmm3025,4

A) во зависност од употребената батерија
В) ограничена јачина при температури <0 °C
Дозволени димензии на делот што се обработува (види „Дозволени димензии на делот што се обработува“, Страница 319)

Информација за бучава

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-3-9.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 95 dB(A); ниво на звучна јачина 104 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

Вредноста на емисија на бучава наведена во овие упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на емисијата на бучава.

Наведената вредност на емисија на бучава се однесува на основната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, вредноста на емисијата на бучава може да отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Обем на испорака

BOSCH GCM 18V-216 Professional - Обем на испорака - 1

Внимавајте на приказот на обемот на испорачаните материјали на почетокот од упатството за употреба.

Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите долу наведени делови се испорачани:

– Пила за оплата со монтирано сечило на пилата
- Кеса за прав (2)
- Транспортна дршка (4), 2 завртки за монтажа
- SDS-болцна (48)
- Столарска стега (26)
- Клуч со внатрешна шестаголна глава (41)

Напомена: Проверете дали на електричниот алат има евентуални оштетувања.

Пред понатамошната употреба на електричниот алат, мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и соодветни на намената. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се

правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за да обезбедат беспрекорна работа.

Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат поправени или заменети од страна на овластена сервисна работилница.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие полначи се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен алат.

Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот при полнењето не й наштетува на батеријата.

Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не се движи веке.

По автоматското исклучување на електричниот алат, не притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.

Батеријата (34) има два степени на блокирање, што спречуват да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата (35). Сё додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина.

1.

2.

За вадење на батеријата (34) притиснете на копчињата за отклучување (35) и извлечете ја батеријата нанапред од електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.

Приказ за наполнетост на батеријата (види слика В)

Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување.

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата (42) ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата (34). Притиснете го копчето

316 | Македонски

(43), за да се прикаже состојбата на наполнетост на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето (43) не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Петте зелени LED-светилки на приказот за наполнетоста на батеријата (42) ја покажуваат Costaјбата на наполнетост на батеријата (34). Притиснете го копчето (43), за да се прикаже Costaјбата на наполнетост на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена батерија.

Доколку по притискањето на копчето (43) не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени.

Монтирање на транспортната дршка (види слика С)

– Зацврстете ја транспортната дршка (4) со приложените завртки во предвидените навои.

Фиксна или флексибилна монтажа

▶ За да се овозможи безбедно ракување, електричниот алат мора да се монтира пред употребата на рамна и стабилна работна површина (на пр. работна клупа).

- Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки на работната површина. За тоа служат отворите (16).

Монтажа на работа маса на Bosch

GTA-работните маси на Bosch му нудат стабилност на електричниот алат на секоја подлога со помош на ногарките што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се обработува на работната маса служат како потпора на подолгите делови за обработка.

▶ Прочитајте ги сите напомени за предупредување и упатства што се приложени на работната маса.

Грешките настанати при непридржување до напомените за предупредување и упатствата може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

- Монтирајте ја правилно работната маса, пред да го монтирате електричниот алат. Беспрекорната монтажа е важна за избегнување на ризик од нејзино распагање. - Монтирајте го електричниот алат во транспортна положба на работната маса.

Доколку, во исключителни случаи, не е возможно да го монтирате електричниот алат на рамна и стабилна работа подлога, може привремено да го поставите со заштита од превртување.

▶ Без заштитата од превртување, електричниот алат нема да биде стабилен и може да се преврти при сечење на максимальни хоризонтални и/или вертикални агли на закосување.

– Свртете ја заштитата од превртување (21) навнатре или нанадвор додека електричниот алат не застане ramно на работната површина.

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното место.

- Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Всисувают за прав/струготини може да се блокира поради прав, струготини или скршени парчиња од делот што се обработува.

– Включете го електричниот алат и извадете ја батеријата.
– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде во состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.

Сопствено всисување (види слика Е)

За едноставно собирање на струготините користете ја испорачаната єеса за прав (2).

▶ Проверете ја и исчистете ја кесата за прав по секоја употреба.
▶ За да избегнете опасност од пожар, при сечење на алуминиум, извадете ја кесата за прав.
- Ставете ја кесата за прав (2) на исфрлувают на струготини (3).

За време на сечењето, кесата за прав никогаш не треба да дојде во допир со подвижните делови на уредот.

Редовно празнете ја кесата за прав.

Надворешно всисување

За всисување, на исфрлувачот на струготини (3) може да приключите и црево за всисување на прав (∅ 35 mm).

– Цревото на всисувачот зацврстете го на исфрлувают на струготини (3).

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален всисувач.

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ При ставањето на сечилото за пила носете заштитни ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила постои опасност од повреда.

Употребувајте само сечила за пила, чија максимально дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи на вашиот електричен алат.

Користете само сечила за пила, кои одговараат на наведените податоци во ова упатство за употреба или се проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.

Користете само сечила за пила, што се препорачани од производителот на овој електричен алат и се погодни за материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи прекумерно загревање на запците на пилата за време на сечењето.

Монтажа со завртка со внатрешна шестоаголна глава (види слики F1-F4)

Вадење на сечилото за пила:

  • Подесете го електричниот алат во работна позиција.
    – Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава (44) со клуч со внатрешна шестаголна глава (5 mm) и истовремено притиснете ја блокадата на вретеното (33), додека не се вклопи.
  • Држете ја притисната блокадата на вретеното (33) и одвртете ја завртката (44) во правец на стрелките на часовникот (лев навој!).
  • Извадете ја стезната прирабница (45).
    – Навалете го заштитниот капак со повратен механизмам (11) до крај наназад.

  • Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа позиција и извадете го сечилото за пила (46).
    – Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.

Вметнување на сечило за пила:

Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (11). Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа позиција.
- Ставете го новото сечило за пила на внатрешната стезна прирабница (47).

▶ При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаға со правецот на стрелката на заштитниот капак!

– Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.
– Поставете ги стезната прирабница (45) и завртката со внатрешна шестаголна глава (44). Притиснете ја блокадата на вретеното (33), додека не се вклопи и затегнете ја завртката во правец спротивен на стрелките на часовникот.

Вадење на сечилото за пила:

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното (33) и одвртете ги SDS-болцните (48) во правец на стрелките на часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница (45).
– Навалете го заштитниот капак со повратен механизмам (11) до крај наназад.
– Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа позиција и извадете го сечилото за пила (46).
- Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.

Вметнување на сечило за пила:

Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.

– Навалете го наназад осцилаторниот заштитен капак (11). Држете го осцилаторниот заштитен капак во оваа позиција.
- Ставете го новото сечило за пила на внатрешната стезна прирабница (47).

▶ При монтажата, внимавајте правецот на сечење на запците (правецот на стрелката на сечилото за пила) да се совпаға со правецот на стрелката на заштитниот капак!

  • Полека вратете го осцилаторниот заштитен капак надолу.
    – Поставете ги стезната прирабница (45) и SDS-болцните (48). Притиснете ја блокадата на вретеното (33), додека не се вклопи и затегнете ги SDS-болцните во правец спротивен на стрелките на часовникот.

Употреба

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Транспортниот осигурувач (36) Ви овозможува лесно ракување со електричниот алат при транспорт на различни места на примена.

Отклучување на електричниот алат (работна позиција)

– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот (9), за да го ослободи транспортниот осигурувач (36).
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот осигурувач (36).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

Прицврстување на електричниот алат (позиција за транспорт)

– Олабавете ја завртката за фиксирање (32), ако го заглавува механизмот за влечење (1). Извлечете го кракот на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на механизмот за влечење.
– Завртете ја завртката за подесување (5) сосема нагоре.
– За фиксирање на масата за пила (17) затегнете го копчето за фиксирање (19).
– Повлечете го кракот на алатот на рачката (9) надолу, додека транспортниот осигурувач (36) целосно не се притисне навнатре.

Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.

Подготовка за работа

Продолжување на масата за пила (види слика I)

Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Масата за пила може да се зголеми на левата и десната страна со помош на продолжетоците (14).

  • Олабавете ја завртката за затворање (15).
    – Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за сечење (14) до саканата должна.
    – За фиксирање на продолжетокот на масата за сечење повторно затегнете ја завртката за затворање (15).

При сечење на вертикални агли на закосување мора да ја поместите подесливата гранична водилка (25).

– Олабавете ја завртката за блокирање (49).
– Целосно извлечете ја граничната водилка (25) нанадвор.
– Повторно затегнете ја завртката за блокирање (49).

По сечење на вертикални агли на закосување, повторно вратете ја назад подесливата гранична водилка (25) (олабавете ја завртката за фиксирање (49); поместете ја граничната водилка (25) целосно навнатре; повторно зетегнете ја завртката за фиксирање).

Прицврстување на делот што се обработува (види слика К)

За овозможување на оптимална работна безбедност, секогаш мора добро да го прицврстите делот што се обработува.

Не обработувајте парчиња, кои се премали за добро да се зацврстат.

– Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (13) и (25).
– Вметнете ја испорачаната столарската стега (26) во отворите предвидени за таа намена (51).
– Прилагодете ја навојната прачка (50) на столарската стега според висината на делот што се обработува.
– Цврсто затегнете ја навојната прачка (50) и со неа фиксирајте го делот што се обработува.

Подесување на хоризонталниот и вертикалниот агол на закосување

За правење на прецизни резови, по интензивно користење на електричниот алат мора да проверите во основните поставки и евентуално да го подесите (види „Проверка и подесување на основните поставки“).

▶ Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање (19)пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.

Подесување на хоризонталниот агол на закосување (види слика L)

Хоризонталниот агол на закосување може да се подеси во граници од 47° (на левата страна) до 47° (на десната страна).

– Отпуштете го копчето за фиксирање (19), доколку е затегнато.

– Повлечете го лостот (20) и свртете ја масата за пила (17), додека агломерот (22) не го покаже саканиот агол на закосување.

– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (19).

За брзо и прецизно подесување на често користени хоризонтални агли на закосување на масата за пила има жлебови (23):

лево десно

0^

45^; 22,5^; 15^15^; 22,5^; 45^

– Отпуштете го копчето за фиксирање (19), доколку е затегнато.
– Повлечете го лостот (20) и свртете ја масата за пила (17) до саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (19).

Подесување на вертикалниот агол на закосување (види слика М)

Вертикалниот агол на закосување може да се постави во граници од 0° до 45°.

– Целосно извлечете ја граничната водилка (25) нанадвор.
- Олабавете ја затезната дршка (31).
– Навалете ја на рачката на алатот со дршката (9) додека агломерот (38) не го прикаже саканиот агол на закосување.
– Држете ја рачката на алатот во оваа позиција и повторно затегнете ја затезната рачка (31).

За брзо и прецизно подесување на стандарден агол 0° и 45° на кујиштето има крајни граничници.

– Целосно извлечете ја граничната водилка (25) нанадвор.
- Олабавете ја затезната дршка (31).
- За тоа навалете ја рачката на алатот со дршката (9) до крај (40) кон десно (0°) или до крај (28) кон лево (45°).
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка (31).

Ставање во употреба

Вметнување на батеријата

▶ Користете само оригинални Boschлитиум-јонски батерии со напон кој е наведен на спецификационата плочка на Вашиот електричниот алат. Користењето друг вид батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.
– Наполнетата батерија (34) притиснете ја од горе во отворот за батерија на електричниот алат, додека не се заклучи батеријата.

– За ставање во употреба на електричниот алат најпрво притиснете ја блокадата при вклучување (7). Потоа целосно притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) и држете го притиснат.

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот за вклучување/исклучување (8) не се блокира, туку мора постојано да се држи притиснат за време на работата.

Исклучување

- За исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8).

Совети при работењето

Општи напомени за сечење

Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање (19) и затегнувачкиот лост (31) пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.
▶ При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека сечилото за пила во ниеден момент нема да ја допре граничната водилка, столарските стеги или другите делови на уредот. Извадете го евентуално

монтираниот помошен граничник или соодветно подесете го.

Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го изложувајте сечилото за пила на страничен притисок. Не обработувајте искривени делови. Делот што се обработува мора да има секогаш прав раб за поставување на граничната водилка.

Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Проверете дали осцилаторниот заштитен капак може правилно да функционира и дали може слободно да се движи. Кога ја водите рачката на алатот надолу, мора да го отворите осцилаторниот заштитен капак. Кога ја водите рачката на алатот нагоре, мора повторно да се затвори осцилаторниот заштитен капак над сечилото за пилата.

Сечете само материјали, кои се дозволени за наменската употреба.

Означување на линијата за сечење (види слика О)

Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може точно да го позиционирате за сечење, без да го отворате осцилаторниот заштитен капак.

– За тоа включете го ласерскиот зрак со кратко притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) без да ја притиснете блокадата при вклучување (7).
– Насочете ги ознаките на делот што се обработува на десниот раб на линијата на ласерот.

Напомена: Пред сечењето, проверете дали линијата на сечење е точно прикажана (види „Подесување на ласерот“, Страница 320). Ласерскиот зрак може да се помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.

He застанувајте во една линија со сечилото за пила пред електричниот алат, туку секогаш странично од сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од ротирачкото сечило за пила.
– Не ги прекrstувајте дланките пред рачката на алатот.

Дозволени димензии на делот што се обработува

Максимални делови за обработка:

Хоризонтален агол на закосувањеВертикален агол на закосувањеВисина х ширина [mm]
0^ 0^ 70 × 270
45^ (десно/лево) 0^ 70 × 190
0^ 45^ 45 × 270
45^ (лево) 45^ 45 × 190
45^ (десно) 45^ 45 × 190

Минимални делови за обработка (= сите делови што се обработуваат, што може да се затегнат со брза стега лево

или десно од сечилото за пила): 100 x 40 mm (должина х ширина)

макс. длабочина на резот (0°/0°): 70 mm

Менување на плочата за вметнување (види слика Q)

Плочите за вметнување (18) може да го истрошат електричниот алат по подолга употреба.

Заменете ја дефектната плоча за вметнување.

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Одвртете ги завртките (53) со клуч со внатрешна шестаголна глава (41) и извадете ги старите плочи за вметнување.
- Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
– Прицврстете ја плочата за вметнување со завртките (53) што е можно по десно, така што по целата должна на можното повлекување на сечилото за пила нема да дојде во контакт со плочата за вметнување.
– Повторете ги работните чекори аналогно за новата лева плоча за вметнување.

Сечење

Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање (19) и затегнувачкиот лост (31) пред сечењето. Инаку сечилото за пила може да се заглави во делот што се обработува.

Сечење без влечење (отсекување) (види слика R)

  • За сечење без повлекување (мали делови за обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (32), доколку истата е затегната. Поместете ја рачката на алатот до крај во правец на граничните водилки (13) и повторно затегнете ја завртката за фиксирање (32).
    – По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален агол на закосување.
    – Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (13) и (25).
    – Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.
    – Включете го електричниот алат.
    – Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (9).
    – Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
  • Исключете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на мирување.
  • Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

Сечење со влечење

  • За сечење со помош на механизмот за влечење (1) (широки делови за обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (32), доколку таа е затегната.
  • По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или вертикален агол на закосување.
    – Притиснете го делот што се обработува кон граничните водилки (13) и (25).
    – Прицврстете го делот што се обработува согласно димензиите.

  • Поместете го рачката на алатот од граничните водилки (13), додека сечилото за пила не дојде пред делот што се обработува.
    – Включете го електричниот алат.

  • Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (9).
    – Сега притиснете го кракот на алатот во правец на граничните водилки (13) и (25) и сечете го делот што се обработува со рамномерен притисок.
    – Исключете го електричниот алат и почекајте додека сечилото за пила не дојде целосно во состојба на мирување.
    – Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

Подесување на граничникот за длабочина (сечење на жлеб) (види слика S)

Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку сакате да исечете жлеб.

– Свртете го граничникот за длабочина (30) кон надвор.
– Навалете ја рачката на апаратот на дршката (9) во саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување (5), додека крајот на завртката не го допре граничникот за длабочина (30).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

Специјални делови за обработка

При сечење на свиткани или тркалезни делови за обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На линијата на сечење не смее да постои процеп међу делот што се обработува, граничната водилка и масата за пила. Доколку е потребно, мора да направите специјални држачи.

Проверка и подесување на основните поставки

За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите основните поставки по интензивно користење на електричниот алат и евентуално да ги подесите.

За тоа ви е потребно искусство и соодветен специјален алат.

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно и доверливо.

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Подесување на ласерот

Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот, електричниот алат треба да биде приклучен на напојување со струја.

▶ Никогаш не го активирајте прекинувачот за вклучување/исклучување за време на подесувањето на ласерот (на пр. при движење на

рачката на алатот). Невнимателниот старт на електричниот алат може да доведе до повреди.

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (23) за 0°. Лостот (20) мора осетно да се вклопи во жлебот.

– На делот што се обработува нацртајте права линија за сечење.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката (9).
– Делот што се обработува поставете го на тој начин што запците од сечилото за пила ќе се израмнат со линијата за сечење.
– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.
– Прицврстете го делот што се обработува.
– Включете го ласерскиот зрак со прекинувачот (8), без да ја притискате блокадата при вклучување (7).

Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должна на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и кога рачката на алатот ће се води надолу.

– Свртете ја завртката за подесување (54) со соодветен одвртувач, додека ласерскиот зрак не се постави рамно по целата должна на линијата на сечење на делот што се обработува.

Едно вртење во правец спротивен на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи ласерскиот зрак од десно на лево.

Подесување на вертикален стандарден агол на закосување 0°

– Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
- Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (23) за 0°. Рачката (20) мора осетно да се вклопи во жлебот.

– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за пила (17).

Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата должна со сечилото за пила (46).

  • Олабавете ја затезната дршка (9).
  • Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (39) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
    – Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е ramен по целата должна со сечилото за пила.
  • Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка (31).
    – Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (39).

Доколку по подесувањето агломерот (38) не е во линија со 0°-ознаката на скалата (37), олабавете ја завртката (55) со обичен крестест одвртувач и насочете го агломерот по должина на 0°-ознаката.

Подесување на вертикален стандарден агол на закосување 45°

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
- Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (23) за 0°. Лостот (20) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Олабавете ја затезната дршка (31) и навалете ја рачката на алатот со дршката (9) до крај во лево (45°).

– Поставете го аголното мерило 45° и ставете го на масата за пила (17).

Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по целата должна со сечилото за пила (46).

  • Олабавете ја затезната дршка (31).
    – Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник (29) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
    – Завртете ја завртката-граничник навнатре или нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е ramен по целата должна со сечилото за пила.
    – Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка (31).
    – Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на завртката-граничникот (29).

Доколку агломерот (38) по подесувањето не е во иста линија со 45°-ознаката на скалата (37), најпрво проверете ја повторно 0°-поставката за вертикалниот агол на закосување и агломерот. Потоа повторете го подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.

Хоризонтално подесување на агломерот (види слика W)

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (17) до жлебот (23) за 0°. Лостот (20) мора осетно да се вклопи во жлебот.

Проверка

Агломерот (22) мора да биде во една линија со 0°-ознаката на скалата (24).

Подесување

– Олабавете ја завртката (56) со крестест одвртувач и центрирајте го агломерот по должина на 0°-ознаката.
– Повторно зацврстете ја завртката.

Пред транспортот на електричниот алат мора да ги извршите следните чекори:

– Олабавете ја завртката за фиксирање (32), доколку таа е затегната. Извлечете ја рачката на алатот целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за фиксирање.
– Подесете го електричниот алат во транспортна позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може цврсто да се монтираат на електричниот алат. Ставете ги неискористените сечила за пила во затворена кутија, доколку сакате да ги транспортирате.

322 | Македонски

– Носете го електричниот алат за транспортната дршка (4).
▶ За транспортирање на електричниот алат, користете ги секогаш уредите за транспорт, а не заштитните уреди.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.

Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш да се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот околу осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде чист.

Отстранете ја правта и струготините со издувување со компресиран воздух или со четка по секоја работна постапка.

Редовно чистете го лизгачкиот валјак (12).

Опрема

Број на дел/артикл
Столарска стега 1 609 B04 224
Плочи за вметнување1 609 B05 242
Кеса за прав 1 609 B06 278
Сечила за пила „Standard“ за дрво и плочести материјали, панели и лајсни
Сечило за пила 216 x 30 mm, 24 запци2 608 837 721
Сечило за пила 216 x 30 mm, 48 запци2 608 837 723
Сечила за пила „Expert“ за дрво и плочести материјали, панели и лајсни
Сечило за пила 216 x 30 mm, 24 запци2 608 644 518
Сечило за пила 216 x 30 mm, 48 запци2 608 644 519
Сечила за пила за дрво и плочести материјали, панели и лајсни (АВСТРАЛИЈА 3 601 M41 040)
Сечило за пила 216 x 30 mm, 24 запци2 608 644 646
Сечила за пила „Standard“ за пластика и обоени метали
Сечило за пила 216 x 30 mm, 64 запци2 608 837 776

Број на дел/ артикл

Сечила за пила „Expert“ за пластика и обоени метали

Сечило за пила 216 x 30 mm, 66запци2 608 644 543

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Litiyum-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се двжиж во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GCM 18V-216 Professional - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GCM 18V-216 Professional - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европейката регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 322).

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GCM 18V-216 Professional

Категорија : Service après-vente