PLL 360-1G - мерни уреди BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PLL 360-1G BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за PLL 360-1G BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот мерни уреди во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PLL 360-1G - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PLL 360-1G на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PLL 360-1G BOSCH
Македонски....Страница 217
Srpski Strana 227
Slovenščina .... Stran 236
Hrvatski....Stranica 245
Eesti Lehekülg 254
Безбедносни напомени

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги
оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЛТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.
218 | Македонски
▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате нескреки или да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраćajot. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку
течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.


Заштитете го мерниот уред од топлина, на пр. исто така од постојана изложеност на сончеви зраци, орган, вода или влажност. Постои опасност од експлозија.
▶ Користете и полнете ја батеријата само во компатибилни производи од производителот. Само на тој начин батеријата ње се заштити од опасно преоптоварување.

Не го принесувајте магнетот во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа.
Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.
▶ Држете го мерниот уред подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот може да дојде до неповратно губење на податоците.
Опис на производот и перформансите
Видете ги илустрациите во предниот дел од упатството за работа.
Употреба со соодветна намена
Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални линии.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен простор.
Овој производ е потрошувачки ласерски производ во согласност со EN 50689.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.
(1) Поклопец на преградата за батерии
(2) Завртка за поклопецот на преградата за батерии
(3) Прифат на стативот 1/4"
(4) Сериски број
220 | Македонски
(5) Натпис за предупредување на ласерот
(6) USB Type-C®-порта ^a)
(7) Приказ за наполнетост на батеријата
(8) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(9) Копче за функција за навалување
(10) Прекинувач за вклучување/исклучување
(11) Статив ^b)
(12) Приклучница за батерија
(13) Приклучок за батерија
(14) Батерија
(15) USB-кабел ^b)
a) USB Type-C® и USB-C® се трговски ознаки за USB Implementers Forum.
b) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака.
Технички податоци
| 360°-линиски ласер PLL 360-1G | |
| Број на дел | 3 603 F63 M.. |
| Работно поле (дијаметар) до околу^A) | 30 m |
| Точност на нивелирање ^B)C)D) | ±0,4 mm/m |
| Поле на самонивелирање ±4° | |
| Време на нивелирање < 4 s | |
| Препорачана околна температура при полнење 0 °C ... +40 °C | |
| Оперативна температура -5 °C ... +40 °C | |
| Температура при складирање -20 °C ... +50 °C | |
| Макс. оперативна висина преку референтната висина 2000 m | |
| Макс. релативна влажност на воздухот 90 % | |
| Степен на извалканост според IEC 61010-1 2 | E) |
| Класа на ласер 2 | |
| Тип на ласер < 10 mW, 500–540 nm | |
| C_6 10 | |
| Отстапување 50 × 10 mrad (целосен агол) | |
1 609 92A A8T | (02.04.2025) Bosch Power Tools
360°-линиски ласер PLL 360-1G
| Прифат за стативот 1/4" | |
| Времетраење на работа околу ^B) | >5 h |
| Тежина 0,45 kg | |
| Димензии (должина × ширина × висина) 110 × 61 × 124 mm | |
| Приклучок за полнење USB Type-C® | |
| Препорачан USB Type-C®-кабел | 1 600 A01 L6H |
| Номинален напон 3,6 V | — |
| Капацитет 2 Ah | |
| Макс. време на полнење на батеријата (со ислучен мерен уред) | 4 h |
Приклучок за напојување (опрема)
| Излезен напон 5,0 V | == |
| Работно поле на излезна струја 1,0 A | |
| Препорачан мрежен напојувач ^F) | |
| – EU | 2 609 120 713 |
| – UK | 2 609 120 718 |
| – AU | 2 609 120 717 |
A) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (на пр. директна изложеност на сончеви зраци).
B) kaj 20-25°C
C) При максимально поле на самонивелирање, треба да се пресмета дополнително отстапување од ±0,2 mm/m.
D) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста.
E) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
F) Дополнителни технички податоци може да најдете на: http://www.bosch-do-it.com/ecodesign
Серискиот број (4) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.
Снабдување со енергија на мерниот уред
Полнење на батеријата
▶ За полнење, користете го препорачаниот USB-мрежен напојувач или USB-мрежен напојувач, чиј излезен напон и минимална излезна струја ги исполнуваат барањата во поглавјето „Технички податоци“. Притоа внимавајте на упатството за користење на USB-мрежниот напојувач.
Препорачан мрежен напојувач: види „Технички податоци“.
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.
▶ Полнете ја батеријата само преку USB-приклучок на амбиентални температури меѓу 0 °C и +40 °C. Полнењето надвор од температурниот опсег може да ја оштети батеријата или да го зголеми ризикот од пожар.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Приказот за наполнетост на батеријата (7) го покажува нивото на наполнетост на батеријата при работа:
LED Капацитет
| Трајно зелено светло 70–100 % |
| Трајно жолто светло 30–70 % |
| Трајно црвено светло 10–30 % |
| Трепкаво црвено светло 0–10 % |
Ако приказот за наполнетост на батеријата (7) трепка црвено, ласерските зраци се исклучени.
Наполнете ја батеријата. Поврзете го USB Type-C®-приклучокот (6) со соодветен USB-кабел (15) во USB-мрежниот напојувач. Поврзете го USB-мрежниот напојувач во струја. Мерниот уред може да се продолжи да се користи за време на полнењето. За време на процесот на полнење, приказот за наполнетост на батеријата (7) го прикажува напредокот на полнењето или грешките:
LED Значење
| Трепка зелено Батеријата се полни |
| Трајно зелено светло Батеријата е целосно наполнета |
LED Значење
Трепкаво црвено светло Температура на батеријата надвор од препорачаниот температурен опсег, напонот за полнење или струјата за полнење е несоодветна
Трајно црвено светло Батеријата е неисправна или не е вметната
Кога полнеьето ке заврши, извадете го USB-кабелот (15). Заштитете го USB Type-C®-приклучокот (6) од прашина и вода.
Напомена: ако треба, може да ракувате со мерниот уред и без вметната батерија, користејки само поврзан USB-мрежен напојувач. Исклучете го мерниот уред од струја по работа.
Напомени за оптимално користење на батериите во мерниот уред
Чувајте го мерниот уред само во дозволениот температурен опсег како што е наведено во делот „Технички податоци“. Не оставајте го мерниот уред на пр. во автомобил во лето.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот.
При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се
аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или
температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. Доколку се оштети мерниот уред, може да се наруши прецизноста. По тежок пад или удар, споредете ги ласерската линија за контрола со познатата хоризонтална или вертикална референтна линија.
▶ Исключете го мерниот уред за време на транспортот. При ислучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.
224 | Македонски
Вклучување/исклучување
За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (10) во позиција ON. Мерниот уред ја испраќа циркулирачката ласерска линија надвор од отворот за излез веднаш по вклучувањето (8).
▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (10) во позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.
▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
Автоматика за нивелирање
Работење со автоматика за нивелирање (види слика А)
При работење со автоматика за нивелирање, копчето за функцијата за навалување (9) не смее да свети. Доколку е потребно, включете ја автоматиката за нивелирање со повторно притискање на копчето за функција за навалување (9) со што копчето за статус їе се изгаси.
Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на стативот (11).
Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерската линија не се движи повеće.
Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејки површината на која е поставен мерниот уред отстапува повеće од 4° од хоризонталата, ласерската линија почнува да трепка.
Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ће се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4° ласерската линија свети постојано.
Работата со автоматско нивелирање не е можна надвор од опсегот на самонивелирање од ±4° бидејки во спротивно не може да се гарантира точноста на нивелирањето на ласерската линија.
При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на ласерската линија во однос на референтните точки, за да се избегнат грешките при поместување.
Работење со функција за навалување (види слика В)
За работење со функција за навалување, притиснете го копчето (9), за да светне.
При работа со функција за навалување автоматиката за нивелирање е исклучена.
Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Ласерската линија веке не е нивелирана.
Совети при работењето
▶ За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.
Работење со стативот
Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина.
Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (3) на навојот на стативот (11) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.
Грубо центрирајте го стативот, пред да го включите мерниот уред.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.
Отстранетата батерија за замена држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, монети, клучеви, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата како последица може да предизвика изгореници или пожар.
Заменете ја батеријата ако времето на работа е значително намалено по полнењето.
Олабавете ја завртката (2) со соодветен алат и извадете го поклопецот на преградата за батерии (1).
226 | Македонски
Притиснете ја шајбната на приклучокот (13) на батеријата и извлечете го приклучокот од приклучницата (12). Извадете ја батеријата (14) од преградата за батерии.
Вметнете нова батерија (14) во преградата за батерии. Користете само литиум-јонска батерија од Bosch наменета за овој мерен уред (број на нарачка 1 619 PS1 251).
Турнете го приклучокот (13) внимателно и без примена на сила во приклучницата (12), додека не се вклопи шајбната на приклучокот.
Поставете го поклопецот на преградата за батерии (1) и затегнете ја завртката (2).
Сервисна служба и совети при користење
Северна Македонија
Тел.: 02/ 246 76 10

Нашиот сервисен адреси и линкови за услуги на поправка и нарачка на резервни делови можете да ги најдете на: www.bosch-pt.com/serviceaddresses
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Отстранување

Мерните уреди, акумулаторите/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.
Батерии:
Вградената батерија мора да се исфрли одделно од мерниот уред. Оставете го мерниот уред включен додека батеријата не се испразни целосно. Отстранете ја батеријата од мерниот уред како што е опишано во поглавјето за замена на
батеријата. Фрлете ја отстранетата батерија во согласност со важечките закони и прописи.