BOSCH HGS 85/80 Professional - мелница

HGS 85/80 Professional - мелница BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HGS 85/80 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 325 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH HGS 85/80 Professional - page 196
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за HGS 85/80 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HGS 85/80 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HGS 85/80 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HGS 85/80 Professional BOSCH

Македонски.... Страница 195

Srpski Strana 204

Slovenščina ....Stran 212

Hrvatski ....Stranica 220

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.

▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.

Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го

менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.

Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ње се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.

▶ Облечете се соодветно. Не носете широко облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.

Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

Безбедносни напомени за рамни брусилки

Безбедносни предупредувања вообичаени за брусење:

▶ Овој електричен алат е наменет да функционира како алат за брусење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции приложени подолу може да предизвикаат струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Задачите како на пр.шмирглање, жичано четкање, полирање, дупчење или сечење не се препорачува да се вршат со овој електричен алат. Операциите за кои не є наменет електричниот алат може да предизвикаат опасност и лична повреда.

▶ Не ракувајте со електричниот алат на несоодветен начин што не є препорачан од производителот. Тоа може да предизвика да изгубите контрола и сериозно да се повредите.

He користете дополнителна опрема која не е специјално дизајнирана и не е препорачана од производителот на алатот. Само затоа што дополнителната опрема може да се вгради во вашиот електричен алат, не значи дека може да се обезбеди безбедно работење.

▶ Утврдената брзина на дополнителната опрема мора да биде најмалку еднаква на максималната брзина означена на електричниот алат. Дополнителната опрема која работи побрзо од утврдената брзина може да експлодира и да се распрска насекаде.

▶ Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата дополнителна опрема мора да биде во рамките на класата на вашиот електричен алат. Дополнителна опрема со несоодветна величина не може соодветно да се заштити и контролира.

Димензиите на додатоците за прицврстување мора да се совпајаат со димензиите на делот што треба да се прицврсти на електричниот алат.

Дополнителната опрема која не е соодветна на хардверот на електричниот алат не може да одржува рамнотежа, заради прекумерните вибрации и може да предизвика губење на контрола.

▶ Не користете оштетена дополнителна опрема. Пред употреба проверете ја дополнителната опрема,

како на пр., абразивните дискови за иверки и струготини, заштитната подлога за отвори, стружење или претерано абење, жичаната четка за олабавени или пукнати жици. Ако електричниот алат или дополнителната опрема падне, проверете дали е оштетена или инсталирајте неоштетена дополнителна опрема. По проверката и инсталирањето на дополнителната опрема, вие и лујето во близина поместете се подалеку од површината на ротирачката опрема, и включете го електричниот алат на максимальна брзина без оптоварување една минута. Оштетената дополнителна опрема вообичаено се расипува во текот на овој тест период.

Носете лична заштитна опрема. Во зависност од примената, користете штитник за лице, безбедносни или заштитни очила. Како што е соодветно, носете маска за заштита од прашина, штитници за уши, ракавици и работничка престилка, којашто ги запира малите абразивни парчиња или парчиња од делот што го обработувате. Заштитата за очи мора да спречува навлегување остатоци што се распрескуваат при работењето. Маската против прав или респираторот мора да ги филтрира честичките што се генерираат при работењето. Долготрајна изложеност на интензивна бучава може да доведе до губење на слухот.

▶ Луғето во ваша близина треба да бидат оддалечени од работниот простор. Секој што влегува во работниот простор мора да носи лична заштитна опрема. Парчиња од делот што го обработувате или расипана дополнителна опрема може да експлодира и распрска и да предизвика повреда надвор од непосредната работна површина.

Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.

▶ Тргнете го настрана кабелот од ротирачка дополнителна опрема. Ако изгубите контрола, кабелот може да се пресече или закачи и вашата дланка или рака може да влезе во ротирачката дополнителна опрема.

▶ Не го оставајте електричниот алат долу додека дополнителната опрема не запре целосно. Ротирачката опрема може да ја зафати површината и да го повлече електричниот алат надвор од ваша контрола.

▶ Не го вклучувајте електричниот алат додека го држите свртен кон вас. Случаен контакт со ротирачка дополнителна опрема може да ја закачи вашата облека, со повлекување на дополнителната опрема кон вашето тело.

198 | Македонски

▶ Редовно чистете ги воздушните вентили на електричниот алат. Вентилаторот на моторот повлекува прав во кукиштето, а претераната акумулација на метален прав може да предизвика опасност од електричен удар.
▶ Не работете со електричниот алат во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали.
He користете дополнителна опрема за која се потребни течни разладувачи. Користењето вода или други течни разладувачи може да доведе до смрт или струен удар.

Предупредувања за одбивање и слични предупредувања:

Одбивање е ненадејна реакција на приклештен или закачен ротирачки диск, потпорен диск, четка или друга дополнителна опрема. Приклештувањето или закачувањето предизвikuва брзо маневрирање на ротационата дополнителна опрема, кое од друга страна, предизвikuва присилно насочување на неконтролираниот електричен алат во спротивен правец од ротирањето на опремата во точката на навалување. На пример, ако абразивен диск е закачен или приклештен од делот што го обработувате, острицата на дискот која влегува во приклештената точка може да се зарие во површината на материјалот и дискот да се помести или ослободи. Дискот може да скокне или одбие од операторот, во зависност од насоката на движење на дискот во точката на приклештување. Абразивните дискови, исто така, може да се искршат под овие услови. Одбивањето е резултат на погрешна употреба и/или несоодветни оперативни постапки или услови и може да се избегне со преземање на соодветните превентивни мерки приложени подолу.

Цврсто држете го електричниот алат и поставете го телото и рацете така што ће овозможите отпор на силите на одбивање. Секогаш користете помошна рачка, доколку има, за максимальна контрола на одбивањето или силата на вртење при вклучување. Операторот може да ги контролира реакциите на силата на вртење или силите на одбивање, доколку се преземат соодветни превентивни мерки.
He ја ставајте раката во близина на ротирачката дополнителна опрема. Дополнителната опрема може да се одбие преку вашата рака.
He го позиционирајте вашето тело во областа каде електричниот алат се двжижи, доколку настане одбивање. Одбивањето ќе го придвижи алатот во спротивен правец од движењето на дискот во точката на закачување.
▶ Обрнете посебно внимание при изработка на агли, остри рабови и др. Избегнувајте отскокнување и закачување на дополнителната опрема. Аглите, острите рабови или отскокнувањето може да доведат до закачување на дополнителната опрема и да предизвикаат губење на контрола или одбивање.

He закачувајте сечило за длабење, сегментирани дијамантски дискови со периферна празнина поголема од 10 mm или назабено сечило за пила. Овие сечила предизвикуваат брзи одбивања и губење на контрола.

Безбедносни предупредувања специфични за брусење:

▶ Користете само видови на дискови специјално наменети за вашиот електричен алат и соодветната заштита за избраниот диск. Дискови коишто не се дизајнирани за дадениот електричен алат не може соодветно да се заштитат и не се безбедни.
▶ Површината за брусење на централните потиснати дискови мора да се инсталира под рамнината на заштитниот поклопец. Неправилно монтиран диск којшто се протега преку рамнината на заштитната рамка не може соодветно да се заштити.
Заштитата мора да биде безбедно прицврстена на електричниот алат, и соодветно поставена за да обезбеди максимальна безбедност, така што минимален дел од дискот да биде изложен кон операторот. Заштитата го заштитува операторот од скршените парчиња на дискот, случаен контакт со дискот и искри коишто можат да ја запалат облеката.
▶ Дисковите мора да се користат само за соодветни намени. На пример: не користете диск за сечење за странично брусење. Абразивните дискови за сечење се наменети за периферно брусење, страничните сили што се применуваат на овие дискови може да предизвикаат нивно распарчување.
▶ Секогаш користете неоштетени прирабници за дискови со правилна величина и форма за вашиот избран диск. Соодветните прирабници за дискови го потпираат дискот со што се намалува можноста од кршење на дискот. Прирабниците за дискови за сечење може да се разликуват од прирабниците за дискови за брусење.
▶ Не употребувајте користени дискови од поголеми електрични алати. Диск наменет за поголеми електрични алати не е соодветен за големи брзини на мали алати и може да се распресне.
Koga користите дискови со двојна намена, секогаш користете ја соодветната заштита за работата што ја вршите. Ако не го користите соодветниот штитник, истиот може да не заштитува правилно и со тоа може сериозно да се повредите.

Дополнителни безбедносни напомени

BOSCH HGS 85/80 Professional - Дополнителни безбедносни напомени - 1
Носете заштитни очила.

BOSCH HGS 85/80 Professional - Дополнителни безбедносни напомени - 2
При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.

Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување и може да предизвика електричен удар.
Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/исклучување и ставете го во позиција Исклучено, доколку се прекине напојувањето со струја, на пр. по снемување струја или влечење на струјниот приключок. Со тоа ќе спречите неконтролирано рестартирање на уредот.
▶ Не ги допирајте брусните дискови, пред да се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Приключете го електричниот уред на прописно заземјена струјна мрежа. Приклучницата и продолжниот кабел мора да имаат функционален заштитен проводник.

Безбедносни напомени за напојувањето со енергија на високофреквентни алати

▶ Безбедносните и работните напомени за претворачот на фреквенции мора строго да се почитуваат! Подетални податоци за тоа єе добиете од производителот на претворачот на фреквенции.
▶ Претворачот на фреквенции мора да се обезбеди со заштитен уред со диференцијална струја, кога сакате да го користите во околина, каде е потребна особена заштита на лицата. Особената заштита на лицата е на пример неопходна при работа во влажни простории или со материјали, каде може да се создаде спроводлива прав. Откажувањето на заштитниот уред со диференцијална струја може да доведе до електричен удар, опасност од пожар или сериозни повредувања.
Заштитниот уред со диференцијална струја смее да биде вградуван во мрежата за напојување со струја само од страна на стручен персонал. Само така може да биде загарантирна беспрекорна функција.
▶ Излезниот напон и фреквенција на претворачот на фреквенции мора да одговараат на податоците на спецификационата плочка на високофреквентниот електричен апарат.
▶ Електричниот апарат треба да се работи ислучиво со соодветен приключок. СЕЕ-приклучокот мора да биде конструиран за номинална струја, којашто е потребна за електричниот апарат (види Технички податоци).

▶ Монтажата на приклучокот и приклучувањето на снабдувањето со енергија мора да се изврши од страна на стручен персонал, кој е обучен за постапување со системи на високофреквентни алати.
▶ Користете ислучиво оригинален кабел! Пред секое користење на електричниот апарат проверете дали е оштетен уредот, кабелот и приключокот. Кабелот и приключокот не смеат да се поправаат, туку мора да се заменат, за да се избегнат опасности.

Опис на производот и перформансите

BOSCH HGS 85/80 Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Наменета употреба

Електричниот алат е наменет за брусење и отстранување остатоци од метал со корундни брусни тела. За овој електричен апарат смеат да се користат ислучиво испорачаните или одобрените заштитни хауби и затегнувачки навртки.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Брусни тела
(2) Заштитен капак за брусење
(3) Прекинувач за вклучување/исклучување
(4) Брусно вретено
(5) Приклучна прирабница

(6) Затезна навртка

(7) Клуч со два отвори за затезната навртка

(8) Завртка за фиксирање на заштитниот капак

(9) Вилушкаст клуч во приклучната прирабница

(10) Кабелска уводница (СЕЕ-приклучок)

(11) Додаток за приклучок (СЕЕ-приклучок)

(12) Завртки (СЕЕ-приклучок)

(13) Завртки во додатокот за приклучок (11) (CEE-приклучок)

(14) CEE-приклучок

(15) Пластично цевче (СЕЕ-приклучок)

200 | Македонски

Упатства за снабдување со енергија

Електричниот уред е дел од високофреквентен систем и му е потребна трофазна струја со фреквенција соодветна на спецификационата плочка.

За да се постигне оваа фреквенција, електричниот алат мора да биде поврзан со претворач на фреквенција (види „Приклучок на напојувањето со енергија“, Страница 202).

Технички податоци

Високофреквентна рамна брусилка
Број на дел0 602 240 1040 602 240 1070 602 240 1340 602 242 234
Номинален напон V 135 72 200 200
Фреквенција Hz 200 200 300 300
Номинална јачина W 2100 1990 3060 1890
Номинална излезна јачина W 1630 1420 2250 1420
Номинална струја A 10,0 18,0 10,0 6,4
Број на вртежи во празен од min-15700570059006850
Макс. дијаметар на брусното тело (до 45 m/s)mm150150150125
Макс. дебелина на брусното тело mm 20 20 20 20
Прифат на алатот
– Стезна прирабница за дијаметар на дупчење 20 mmM14M14M14M14
Тежина ^A) kg8,48,48,44,9
Класа на заштита / I/ I/ I
Вид на заштитаIP20IP20

A) Тежина без кабел за струја и без приключок за струја
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информации за бучава/вибрации

Високофреквентна рамна брусилка
0 602 240 1040 602 242 234
0 602 240 107
0 602 240 134

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN IEC 62841-2-3.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува

Ниво на звучен притисокdB(A)9186
Ниво на звучна јачинаdB(A)9994
Несигурност КdB33
Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN IEC 62841-2-3:

Брусењето TENки лимови или други материјали со мала вибрација со голема површина може да резултира со зголемена вредност за емисија на бучава до 15dB. Со соодветни антивибрациони подлоги може да се намали зголемената емисија на бучава. Зголемената емисија на бучава мора да се земе предвид и при проценката на ризикот од јачината на бучавата и при изборот на соодветна заштита за слухот.

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Прекинете го струјното напојување, пред да почнете да го подесувате уредот, да менувате делови од опремата или доколку долго време не сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат.

Монтирање на заштитен уред

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Поставете ја заштитната хауба (2) на тој начин што ње го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи.

Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот алат, тој мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“.

Поставете го заштитниот капак (2) на грлото на вретеното. Подесете ја позицијата на заштитниот капак (2) според потребите на работниот процес. Фиксирајте го заштитниот капак (2) со завртката за

подесување (8) и затегнете ја завртката за подесување со најмалку 12 Nm.

Вметнување на дискот за брусење

▶ При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте држачот на алатот за вметнување да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку држачот на алатот за вметнување не е довольно длабоко вметнат во прифатот за алат, алатот што се вметнува може да се слизне и да не може повеće да се контролира.
▶ Користете само исправни, неизабени алати за вметнување. Дефектните алати за вметнување може на пр. да се скршат и да доведат до повреди и материјални штети.

Проверете дали е поставен соодветниот заштитен капак (види „Монтирање на заштитен уред“, Страница 201).

Внимавајте на димензиите на алатите за брусење.

Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори.

– Исчистете го вретеното за брусење (4) и сите делови за монтирање.
– Поставете ја приклучната прирабница (5) на вретеното за брусење (4).
– Поставете го брусното тело (1) (брусна плоча) соодветно на точната насока на вртење на вретеното за брусење (4).
- Ставете ја затезната навртка (6) така на навојот на навртката, што средната длабина на затезната навртка покажува нагоре.
- Зашрафете ја затезната навртка со клучот со два отвори (7), додека со вилушкаст клуч (9) ќе држите на површината на клучот на вретеното за брусење (4).

По монтажата на алатот за брусење, пред вклучувањето, проверете дали тој е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали алатот за брусење не струга на заштитната хауба или другите делови.

Отстранување на брусната плоча

▶ Не ги допирајте брусните дискови, пред да се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки.
– Држете го цврсто брусното вретено (4) на површината на клучот со вилушкастиот клуч (9).
– Одвртете ја затезната навртка (6) со клучот со два отвори (7) од вретеното за брусење, додека со вилушкастиот клуч (9) ће држите на површината на клучот.
- Потоа извлечете го алатот за брусење како и приклучната прирабница од вретеното за брусење.

Всисување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по

202 | Македонски

здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Приклучок на напојувањето со енергија

За употреба на електричните апарати потребен ви е претворач на фреквенции, кој произведува трофазна струја со фреквенција соодветна на спецификационата плочка.

Претворачи на фреквенции има во различни големини, со различни фреквенции, секундарни напони и номинални јачини. Изборот на претворач на фреквенции зависи од електричните апарати што треба да се приклучат. Побарајте совет од вашиот дистрибутер за Bosch при изборот на претворачот на фреквенции.

Електричниот апарат го добивате со специјален кабел од четири метри без приклучок. За да се пушки во употреба, специјалниот кабел мора се обезбеди со четворополен СЕЕ-приклучок (идентификациона боја зелена).

Освен тоа, електричниот апарат може да биде опремен со комерцијални заштитни прекинувачи за моторот за заштита од преоптоварување. Опсегот на дотерување на овој заштитен прекинувач на моторот мора да ја покрие номиналната струја на електричниот алат Технички податоци. Заштитниот прекинувач за моторот мора да реагира за помалку од една секунда.

▶ За тоа почитувајте ги безбедносните напомени и упатството за монтажа во упатството за работа на заштитниот прекинувач на моторот!

– Олабавете ги двете завртки (12) и извлечете го додатокот за приключок (11) од кукиштето на СЕЕ-приключокот (14).
– Исечете го пластичното цевче (15) соодветно на дијаметарот на специјалниот кабел на електричниот апарат и вметнете го СЕЕ-кујиштето на приклучокот преку специјалниот кабел.
– Спроведете ги четирите жици низ кабелската уводница (10).
– Олабавете ги четирите мали завртки (13) во додатокот за приклучок (11) и включете ги

металниот прстен за кафената жица L1 во контактниот отвор L1,

металниот прстен за сината жица L2 во контактниот отвор L2,

металниот прстен за црната жица L3 во контактниот отвор L3

како и металниот прстен за зелено-жолтата жица ⏻во заштитниот контактен отвор ⏻

– Повторно затегнете ги четирите мали завртки (13) во додатокот за приклучок (11), за да ги фиксирате четирите жици.
– Потоа затегнете ја кабелската уводница (10) околу целиот кабел со облогата за кабелот, така што нема да има затегнување на металлите прстени.
– Повторно вметнете го додатокот за приклучок (11) во ку́киштето на СЕЕ-приклучокот (14) и повторно затегнете ги двете завртки (12).
– На крај проверете ја правилната функција на заштитниот спроводник.
- Ставете го СЕЕ-приклучокот (14) на електричниот апарат во приклучниот конектор на претворачот на фреквенции.

Сега можете да го приключите претворачот на фреквенции на напојувањето со енергија.

Како да го приключите претворачот на фреквенции на напојувањето со енергија, погледнете во упатството за работа на претворачот на фреквенции.

▶ На крај проверете го правецот на вртење!

Проверување на правецот на вртење

Правецот на вртење на вретеното за брусење мора да соодветствува со ознаката за стрелка на сликата на електричниот апарат.

Ако вретеното за брусење се ротира во погрешна насока при започнување со работа, (види „Вклучување/исклучување (види страница 3)“, Страница 203) мора веднаш повторно да го исключите електричниот алат и да го исключите од струја.

– Повторно олабавете ги двете завртки (12) и повторно извлечете го додатокот за приклучок (11) од куќиштето на СЕЕ-приклучокот (14).
– Олабавете ги металните прстени од кафената и црната жица од нивните контактни отвори.
- Потоа ставете го металниот прстен на црната жица L3 во контактниот отвор L1 и металниот прстен на кафената жица L1 во контактниот отвор L3.
- Повторно затегнете ги малите завртки (13) во додатокот за приклучок (11) за да ги фиксирате жиците.
– Повторно вметнете го додатокот за приклучок (11) во ку́киштето на СЕЕ-приклучокот (14) и повторно затегнете ги двете завртки (12).
– На крај проверете ја правилната функција на заштитниот спроводник.
– Приключете го електричниот апарат повторно на напојувањето со енергија.

Употреба

Ставање во употреба

▶ Напонот и фреквенцијата на изворот на струја мора да одговараат на податоците со спецификационата плочка на електричниот апарат.
▶ Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку 1 минута без оптоварување. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди.
Поставете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) во позиција „Исклучено“, кога електричниот алат неочекувано ће запре со работа, иако прекинувачот за вклучување/исклучување е во позиција на „Вклучено“. Со тоа ће спречите неконтролирано рестартирање на уредот. Проверете го напојувањето со енергија (види „Приклучок на напојувањето со енергија“, Страница 202), пред повторно да го включите електричниот алат.
▶ Секогаш прво поврзете го електричниот апарат со претворач на фреквенции, пред да го включите претворачот на фреквенции на струјна мрежа.

Вклучување/исклучување на претворачот на фреквенции

Најпрво мора да го активирате претворачот на фреквенции, пред да можете да го включите електричниот апарат.

Почитувајте го упатството за употреба на претворачот на фреквенции.

Вклучување/исклучување (види страница 3)

Конструкција на прекинувачот со блокада

За ставање во употреба на електричниот алат, притиснете го најпрво прекинувачот за вклучување/исклучување (3) ①, потоа турнете го нанапред ②. Притиснете го на крај и држете го притиснат ③.

За заклучување на притиснатиот прекинувач за включување/исклучување (3) вметнете го прекинувачот за исклучување/вклучување (3) нанапред ④.

За да го ислучите, електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3) и потоа отпуштете го.

Конструкција на прекинувачот без блокада

За ставање во употреба на електричниот алат, притиснете го најпрво прекинувачот за вклучување/исклучување (3) ①, потоа турнете го нанапред ②. Притиснете го на крај и држете го притиснат ③.

За да го исклучите, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (3).

Совети при работењето

▶ Прекинете го струјното напојување, пред да почнете да го подесувате уредот, да менувате делови од опремата или доколку долго време не сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат.
Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина.
▶ Не го оптоварувајте многу електричниот алат, додека не дојде во состојба на мирување.
По силното оптоварување, оставете го електричниот алат уште неколку минути во празен од, за да се излади.
▶ Брусните тела за време на работењето стануваат многу жешки. Не допирајте ги пред да се оладат.

Работење со рамна брусилка

Изоборот на алати за вметнување, како на пр. брусни плочи во вид на лепеза, се прави според областа на примена.

Вашиот специјализиран трговец Bosch ке ви помогне при изворот на соодветни брусни тела.

Движете го брусното тело напред-назад со рамномерен лесен притисок, за да постигнете оптимални работни резултати.

Преголемиот притисок го намалува учинокот на електричниот алат и резултира со брзо изабување на брусното тело.

Брусење со брусни плочи

Брусната плоча треба да се постави рамно при брусењето и на тој начин ће добиете најдобар резултат при работата. Поместувајте го електричниот алат напред и назад со умерен притисок. Притоа, делот што се обработува нема да се вжешти, да се офарба и нема да има бразди.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
▶ Прекинете го струјното напојување, пред да почнете да го подесувате уредот, да менувате делови од опремата или доколку долго време не сте го користеле електричниот алат. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот алат.
▶ При екстремни услови на примена, доколку е возможно секогаш користете уред за вшмукување. Издувујајте ги почесто отворите за проветрување и приключете заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). При обработка на

204 | Srpski

метали, во внатрешноста на електричниот алат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот алат.

Редовно мерете го бројот на вртежи во празен од на вретеното за брусење. Доколку измерената вредност е повеće од 10 % под или над зададениот број на вртежи во празен од (види Технички податоци), електричниот алат треба да се провери од страна на сервисната служба на Bosch. При превисок број на вртежи во празен од, алатот за вметнување може да се скрши, а при пренизок број на вртежи се намалува работниот учинок.
▶ Користете ислучиво оригинален кабел! Пред секое користење на електричниот апарат проверете дали е оштетен уредот, кабелот и приклучокот. Кабелот и приклучокот не смеат да се поправаат, туку мора да се заменат, за да се избегнат опасности.
▶ Одржувањето и поправката треба да се изведуваат само од страна на квалификуван стручен персонал. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот алат.

Исчистете ги со сува крпа без влакненца и отстранете ги честичките од прашина од приклучните конектори, спојките и приклучоците на електричниот апарат, кој не е приключен на струјна мрежа.

По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со разреден детергент. Следете ги напомените на производителот на детергентот за користење и фрлање. На крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по околу 300 работни часа од првото чистење.

Овластената сервисна служба на Bosch овие работи ги извршува брзо и сигурно.

Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.

Складирајте и третирајте го приборот со внимание.

Опрема

За комплетната квалитетна програма на опрема може да се информирате на интернет на www.bosch-pt.com и www.boschproductiontools.com или кај вашиот специјализиран трговец.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ke Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на:

Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH HGS 85/80 Professional - Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на: - 1

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Електричните алати кои повеке не се употребливи мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.

Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : HGS 85/80 Professional

Категорија : мелница