SC 100e - ножици STIGA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SC 100e STIGA во PDF формат.
| Вид на производ | Безжични електрични ножици за гранки |
| Бренд | STIGA |
| Модел | SC 100e |
| Напојување | Полнач на литиум-јонска батерија (не е вклучена во основниот производ) |
| Максимален капацитет на сечење | 30 мм дијаметар (режим 3) |
| Режими на сечење | 3 режима: до 15 мм (режим 1), 25 мм (режим 2), 30 мм (режим 3) |
| Тип на употреба | Аматерска употреба (приватна) |
| Главни функции | Сечење гранки, кроење, сечење грмушки |
| Контроли | Прекинувач ON/OFF, активирач, рачка за заклучување/отклучување |
| Безбедност | Заштита на сечилото, автоматско исклучување по 1 мин неактивност, заклучување на активаторот |
| Редовно одржување | Чистење на сечилото по секоја употреба, подмачкување со масло или заштитен спреј, затегнување на механизмот за фиксирање |
| Одржување на батеријата | Полнење со оригиналниот полнач, чување на суво место и заштитено од екстремни температури |
| Достапни резервни делови | Сечило за сечење, батерии со различен капацитет, полнач за батерии (опционално) |
| Гаранција | Ги покрива дефектите на материјалите и изработката; не ја вклучува нормалната абење и оштетувањата од неправилна употреба |
| Опкружување за употреба | На отворено, во суво време; не користете на дожд или снег |
Frequently Asked Questions - SC 100e STIGA
Прашања на корисниците за SC 100e STIGA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SC 100e - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SC 100e на марката STIGA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SC 100e STIGA
3.1.1 Предвидена употреба
ВАЖНО Повредените или нечетливите стикери
3.1 Опис на машината и предвидена
употреба....5
3.2 Безбедносна сигнализација ....5
3.3 Етикета за идентификација ......6
-
ОТПАКУВАНЬЕ (СЛ. 2)......6
-
КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА......6
5.1 Прекинувач За Вклучување /
Исклучување (сл. 1 L) ......6
5.2 Копче за активирање (сл.1 Е)......6
5.3 Рачка за заклучување/отклучување (сл. 1 D)....6
- УПОТРЕБА НА МАШИНАТА....6
6.1 Воведни операции 6
6.2 Безбедносни контроли....7
6.3 Стартување и работа....7
6.4 Прилагодување на отворот на сечилото (сл. 6)....7
6.5 Застанување 7
- РЕДОВНО ОДРЖУВАНЬЕ....7
7.1 Општо 7
7.2 Акумулатор....8
7.3 Чистење....8
-
ВОНРЕДНО ОДРЖУВАНЬЕ .....9
-
ОДЛОЖУВАНЬЕ....9
9.1 Чување на машината и батеријата......9
- ПОМОШ И ПОПРАВКА .....9
- ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА....9
- ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАНЬЕ 10
- НЕСООДВЕТНА РАБОТА....10
- ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА ПО ИЗБОР......10
Во ова упатство одредени поглавја содржат информации со одредена важност во однос на безбедноста и на функционалноста и се евидентирани на различни начини согласно овој критериум:
ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО даваат
прецизни или други информации како што е претходно наведено, со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета.
Символот посочува на опасност.
Непочитувањето на мерките за претпазливост доведува до можност за лични или повреди и оштетувања на трети лица.
Пасусите означени со квадратче со рамка и сиви точки посочуваат на изборни одлики коишто не се присутни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали таа одлика е присутна кај дадениот модел.
Сите индикации „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.
1.2 НАСОКИ
1.2.1 Слика
Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3 и така натаму.
Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, В, С и така натаму.
Насоката за компонентата С на сликата 2 се означува со изразот: „Видете на сл. 2 С“, или поедноставно „(Сл 2 С)“.
Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се разликуваат во однос на оние на сликата.
1.2.2 Наслови
Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус „2.1 Обука“ е заменето со „2. Безбедносни мерки“. Насоките за насловите или
пасусите се означени со кратенки погл. или пас. и со соодветниот број. Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1”.
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1 ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ АПАРАТИ
⚠️ ВНИМАНИЕ Прочитајте ги сите предупредувања во однос на безбедноста и целосното упатство. Непридржување кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат електричен удар, изгореници и сериозни повреди.
Сочувајте ги предупредувањата заедно со упатството за идна консултација.
Терминот „електричен апарат” наведен во предупредувањето се однесува на вашиот апарат со напојување на батерии (без кабел).
1) Обезбедување на работната средина
a) Одржувајте ја работната средина чиста и добро осветлена. Нечисти или несредени средини може да доведат до инциденти.
b) Не користете ги електричните апарати во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвигуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
с) Децата и другите кои што се во близина треба да се оддалечат кога се користат електричните апарати. Одвлекување внимание може да предизвика губење контрола.
2) Електрична безбедност
a) Приклучоците за електричните алати мора да одговараат на штекерот. Никогаш немојте да го модицирате приклучокот на кој било начин. Не користете приклучоци за адаптер со заземјени електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните штекери го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте контакт на телото со заземјени површини, нано цевки, радијатори, ладилници и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар доколку вашето тело е заземјено.
с) Не изложувајте ги електричните алати на дожд или на влага. Водата што може да навлезе во електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар.
d) Не користете го кабелот за други намени.
Никогаш не користете го кабелот за
носење, влечење или исклучување на електричниот алат. Држете го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или подвижни делови. Оштетен или заплеткан кабел го зголемува ризикот од електричен удар.
e) Кога работите со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел погоден за надворешна употреба.
Употребата на соодветен кабел за надворешна употреба го намалува ризикот од електричен удар.
f) Доколну работењето со електричниот алат на влажна локација е неизбежно, користете заштитено напојување со уред за преостаната струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од електричен удар.
3) Лична безбедност
a) Бидете внимателни, контролирајте што се случаува и со целосно внимание служете се со електричните апарати. Не користете ги електричните апарати кога сте уморни или под влијание на лекови, алкохол или дрога. При растроеност, не користете го електричниот апарат бидејки може да предизвика тешки телесни оштетувања.
b) Користете заштитна облека. Секогаш ставајте заштитни очила. Носење на заштитна опрема како што се маска против прав, чевли против лизгање, заштитен шлем и заштита за уши го намалуваат ризикот од телесни повреди.
с) Избегнувајте нестандардизирани приклучоци. Проверете дали уредот е исключен пред да ја ставите батеријата, го зафајате или транспортирате електричниот апарат. Транспортирање на електричниот апарат со прстот на прекинувачот, поставување на батеријата кога прекинувачот е во позиција „ON“ (включено) со леснотија доведува до инциденти.
d) Отстранете ги сите клучеви или алатки за регулација пред да го включите електричниот апарат. Ако некој клуч или алатка останат во контакт со некој ротирачки дел може да предизвика тешки телесни оштетувања.
e) Не губете рамнотежа. Секогаш имајте сигурна потпора и соодветна рамнотежа.
На тој начин најдобро ќе го контролирате електричниот апарат во непредвидени ситуации.
f) Облечете се соодветно. Не носете широки алишта или накит. Косата, облеката и ракавиците треба да се држат настрана од деловите што се движат. Широка облека,
накит или долга коса може да се закачат за деловите во движење.
g) Не дозволувајте слободата стекната од честата употреба на алатки да ви овозможи да бидете самоуверени и да ги игнорирате принципите за безбедност на алатката. Несовесно постапување може да предизвика сериозна повреда за дел од секундата.
h) Доколку имате уреди за поврзување на апарати за издвојување и собирање на нечистотии, проверете дали се поврзани и се користат на правилен начин. Употребата на уред за собирање прашина може да ги намали опасностите поврзани со прашина.
4) Употреба и безбедносно ракување со електричниот апарат
a) Не прегревајте го електричниот апарат. Користете го електричниот апарат прилагоден на работните услови. Правилно користење на апаратот обезбедува најдобра и најсигурна работа, според моќноста за која е создаден.
b) Не користете го електричниот апарат ако прекинувачот не е правилно поставен во позиција за вклучување или исклучување.
Ако електричниот апарат не може да се ввлучи со прекинувачот, тој е опасен за употреба и треба да се поправи.
с) Извадете ја батеријата од кућиштео пред да направите какви било прилагодувања или пред да го складирате електричниот алат. Овие безбедносни мерки го намалуваат ризикот од случајно вклучување на електричниот апарат.
d) Одложете го електричниот апарат кога не го користите подалеку од дофат на деца и не давајте апаратот да го користат лица што не се запознале со истиот и не го прочитале ова упатство. Електричните апарати се опасни во рацете на неискусни корисници.
e) Редовно извршувајте проверка на електричниот апарат. Проверете дали подвижните делови се наместени правилно и слободни за движење, дека не се оштетени и елиминирајте ја секоја друга можност што може да повлијае врз функционалноста на овој апарат. Во случај на оштетувања, електричниот апарат треба да се поправи пред повторна употреба. Многу инциденти се предизвикани заради невнимателно користење.
f) Одржувајте го апаратот наострен и исчистен од остатоци при сечењето. Адекватно одржување од остатоци при сечењето, со наострени сечива носи помалку
случаи на заглавување и полесно е за контролирање.
g) Користете го електричниот апарат согласно дадените упатства, одржувајки ги работните услови и типот на работа што треба да се изврши. Употребата на овој електричен апарат за работи што се разликуваат од превидените може да предизвикаат опасни ситуации.
h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и без масло и маснотии. Лизгави рачки и површини за фаќање не дозволуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
5) Употреба и мерки на претпазливост при употреба на деловите за батеријата
a) Полнете само со полнач што го одредува производителот. Адаптираниот полнач за одредена група батерии може да доведе до ризик од пожар ако се користи за друга група батерии.
b) Користете го електричниот алат само со специјално наменети батерии. Употребата на каква било друга група на батерии може да создаде ризик од повреди или инциденти.
с) Кога групата со батеријата не се користи, треба да се чува подалеку од други метални ситни предмети како спајалки, монети, шајки, игли, шрафови и други ситни метални предмети коишто може да создадат врска меѓу двете клеми. Создавањето врска меѓу клемите на батеријата може да предизвика изгореници или искри.
d) Ако е во лоша состојба, батеријата може да протече: избегнувајте секаков контакт. Ако има случаен контакт, исплакнете веднаш со вода. Ако течноста ви навлезе во очи, веднаш побарајте медицинска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика иритација на кожата и изгореници.
e) Не користете батерија или алатка која е оштетена или модифицирана. Оштетените или модифицирани батерии може да покажат непредвидливо однесување што резултира со пожар, експлозија или ризик од повреда.
f) Не отворајте ја батеријата. Опасност од краток спој.
g) Не изложувајте батерија или алатка на орган или прекумерна температура. Постои опасност од експлозија.
6) Правила за безбедност при ракување со електричниот алат
a) Држете ги рацете подалеку од местото за сечење и ножот на ножицата. Бидејки уредот се држи со едната рака, не приближувајте ја другата рака до сечилата.
b) Држете го секој дел од вашето тело оддалечен најмалку 15 см од сечилото. Со внимателна употреба на алатката може да се избегне повреда.
с) Држете ги другите луге на најмалку 1,5 метри оддалеченост од сечилото. Не поместувајте ја алатката додека сечилото се движи.
d) Доколку алатката е заглавена, исключете го прекинувачот пред да се обидете да го ослободите сечилото.
e) Сечилата на електричниот алат се многу остри. Не допирајте ги сечилата за да избегнете повреда.
f) Пред да започнете со кастрењето, проверете дали нема скриени предмети или кабли низ гранките.
g) Во особено тешки ситуации на употреба, сечилото и рачката може да достигнат високи температури. Се препорачува употреба на заштитни ракавици.
h) Забрането е ракување додека врне и оставање на електричниот алат на дожд или снег.
7) Помош
a) Абењето на сечилото мора да се проверува редовно и да се остри. Тапите ножеви ја преоптоваруваат алатката. Оштетувањата настанати од користењето на алатот со ножеви во лоша состојба не се покриени со гаранцијата.
b) Електричниот апарат треба да го поправа квалификувано лице со примена на само оригинални резервни делови. На тој начин се одржува безбедноста на електричниот апарат.
с) Никогаш не сервисирајте оштетени батерии. Сервисирањето на батериите треба да го врши само производителот или овластени даватели на услуги.
Следните безбедносни мерки ги опфајаат безбедносните одредби коишто се претставени во даденото упатство за полначот на батеријата кое што се доставува со машината.
- Полначот е наменет за внатрешна употреба. Полненьето мора да се врши во затворен простор.
- Отстранете ја батеријата пред да го исчистите полначот за да избегнете оштетување и ризик од електричен удар.
-
Не ја изложувајте батеријата на сонце или силна светлина. Не ставајте на жешки површини. Тие може да предизвикаат експлозија на батеријата.
-
Оставете ја батеријата целосно да се излади пред да започнете со полнење.
- Не расклопувајте или оштетувајте ја батеријата, за да избегнете лична повреда.
- Користете го полначот само со батерии што се полнат. Во спротивно може да дојде до пожар и експлозија. Користете го единствено оригиналниот полнач.
- Секогаш проверувајте ги полначот, кабелот и приключокот пред секоја употреба. Доколку се оштетени, однесете ги во сервисен центар за поправка. Не користете оштетени полначи. Не обидувајте се да ги поправите оштетените батерии за да ја зачувате безбедноста на алатката.
- Проверете дали напонот на полначот одговара на напонот на батеријата, во спротивно може да предизвика лична повреда.
- Чувајте го полначот чист, подалеку од влажни средини и дожд. Не користете го полначот на отворено, нечистотијата и водата може да предизвикаат оштетување на полначот и повреда.
- Полначот е дизајниран за употреба со оригинални батерии, во спротивно може да предизвика пожар или експлозија.
- Некористењето на оштетени полначи го намалува ризикот од повреда.
- Не користете го полначот на запаливи површини (на пр. хартија).
2.3 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на грағанските погодности и на просторот во кој живееме.
- Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување. Користете ја машината само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите лугето).
- Во текот на работата доаға до одредено распрскување на маслото во средината, кое пак е неопходно за подмачкување на синцирот. Заради тоа, користете само биоразградливи масла, специфични за вакво користење. Употребата на минерално масло или моторно масло предизвикува сериозни штети на околината.
- Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смеат да се фрлаат во ўубре, туку треба да се селектираат и да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање материјали.
- Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето.
- При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте
ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.

Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ 2012/19/UE, отпадот што се состоит од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во
согласност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на еко-компатибилен начин. Ако електричните апарати се одложат на губриште или на земја, штетните Costaјки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синцирот на исхрана, со што ќе се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.

Откако ће ї помине рокот на употреба, извадете ја батеријата обрнувајки внимание на животната средина.
Батеријата содржи материјал што е опасен за вас и за средината. Треба да се извади и
расклопи во засебен сад што може да содржи литиумски јони.

Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета на животната средина и ја намалува
потребата за примарни материјали.
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
Оваа машина претставува градинарска опрема и конкретно преносни ножици за кастрење на батерии.
Машината главно се состоит од мотор којшто активира уред за сечење.

ВНИМАНИЕ
Долготрајната употреба или во употребата во неправилни позиции може да предизвика сериозно оштетување на вашето тело.
По употреба на машината, пред да ја вратите, извршете ги операциите за чистење и одржување. Доколку машината претрпела удар или пад проверете дали е во добра состојба пред да ја включите.
3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Машината се состоит од (сл. 1):
А подвижен нож
В фиксен нож
С механизмам за фиксирање на ножовите
D рачка за заклучување/отклучување
Е прекинувач
F рачка за држење
G дисплеј
Н батерии
J заштита на сечилото
К цеваст клуч
L прекинувач за включување / исключување
3.1.1 Предвидена употреба
Оваа машина е проектирана и конструирана ислучиво за кастрење на гранки:
– сечење и кастрење;
– сечење грмушки
– Само еден оператор може да ја користи.
3.1.2 Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба, поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):
- обликување,
– месарски работи,
– употреба на алатот за сечење материјали кои што не се од дрво (пластика, градежен материјал);
– употреба на алатот од страна на повеќе луге.
ВАЖНО Несоодветната употреба на машината доведува до отфрлање на гаранцијата и ја отфрла секоја одговорност на производителот, префрлувајки ги на корисникот произлезените обврски предизвикани од повреди или оштетувањата лично или на трети лица.
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за „домашна употреба“.
3.2 БЕЗБЕДНОСНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
На машината има символи (сл. 1). Нивната задача е да го потсетуваат операторот на постапките што треба да ги следи внимателно и со задолжителни мерки за претпазливост.
Опасност! Оваа машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно.

Опасност! Опасност од сериозна повреда.

Внимание! Прочитајте го упатството пред да ја користите машината.

Внимание! Користетезаштита за уши, заштитни очила и заштитна кацига.

Внимание! Носете ракавици и заштитни чевли!

Опасност! Не изложувајте ја на дожд или влага.

Внимание! За батеријата и полначот за батерии, погледнете го приложениот прирачник
- Отворете го пакувањето внимателно за да не ги расфрлите деловите.
- Прочитајте ја документацијата во кутијата каде се наведени овие упатства.
- Извадете ја алатката од кутијата.
- Фрлете ги кутијата и амбалажата согласно локалните одредби.
⚠️ Проверете дали алатот и батериите се чисти и суви, а потоа вметнете ја батеријата во соодветното лежиште на ножиците.
5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА
5.1 ПРЕКИНУВАЧ ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ / ИСКЛУЧУВАЊЕ (сл. 1L)
- Активирајте ја машината
- изберете го отворот за сечилото
5.2 КОПЧЕ ЗА АКТИВИРАЊЕ (сл.1 Е)
- Го активира движењето на сечилото
5.3 РАЧКА ЗА ЗАКЛУЧУВАЊЕ/ ОТКЛУЧУВАЊЕ (сл. 1D)
ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или не се читливи, треба да се заменат. Побарајте нови • Спречува или овозможува активирање на етикети од соодветен центар или од овластениот прекинувачот. сервисер.
Етикетата за идентификација ги содржи следните податоци (сл. 2):
- Име и адреса на производителот
- Ознака за усогласеност
- Месец / година на производство
- Тип на машината
- Напон на напојување
- Номинален напон
- Сериски број
- Код на производ
- Двојна изолација
Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.
6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
⚠️ Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.
ВАЖНО За инструкции во врска со батеријата прочитајте ги соодветните прирачници.
Пред да започнете со работа, неопходно е да спроведете серија контроли и операции за да обезбедите дека работата ће се одвива на ефикасен начин и со максимальна безбедност.
6.1.1 Контрола на батеријата
ВАЖНО Користете ги дадените податоци идентификација секојпат кога контактирате со овластен центар.
Набавете батерија со соодветен капацитет за работните задачи и прво наполнете ја докрај следејки ги упатствата што се содржат во упатството за батеријата. Списокот со батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наога во табелата „Технички податоци“.
- Пред секоја употреба:
– проверете ја состојбата на полначот за батеријата следејки ги насоките посочени во упатството за батеријата.
6.1.2 Контрола на прекинувачот ON / OFF
Проверете ја правилната работа на прекинувачот за включување/исклучување.

Спроведете ги следните безбедносни контроли и проверете дали резултатите соодветствуваат со даденото во табелата.

Секогаш проверувајте ги безбедносните ^2 .
контроли пред работа.
| Предмет Резултат | |
| Рачки и заштити Исчистени ,суви и без траги на масло и маст, фиксирани правилно и цврсто на машината. | |
| Шрафови на машината и сечивото | добро зашрафени (не разлабавени) |
| Заштити Цели и без оштетувања | |
| Акумулатор | Без никакви оштетувања на куќиштето и без протекување на течност |
| Машина | Никаков знак на оштетување или изабеност |
| Прекинувач ON/OFF, копче за активирање, рачка за закл./отклуч. | Сите контроли мора да се движат слободно и без употреба на сила. |
| Пробна работа | Нема чудни вибрации. Нема чудни звуци |
- Отстранете го заштитниот капак на сечилото (сл. 3.A).
- Притиснете го прекинувачот ON/OFF (сл. 3 В) за 2 секунди.
- По звучниот сигнал.
-
дејствувајте на рачката за заклучување/отклучување (сл. 3C) и притиснете гочкрапалото за да ги активирате сечилата (сл. 3D).
-
Со притискање на прекинувачот, сечилото се затвора, со отпуштање на прекинувачот, сечилото се отвора (сл. 4).
- Ставете го сечилото на гранката што треба да се пресече (сл. 5).

Пуштете го прекинувачот ако сечилото
блокирано, ножот автоматски ће се врати во максималната положба за отворање.

автоматски се исклучуват.
6.4 ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ОТВОРОТ НА СЕЧИЛОТО (СЛ. 6)
За да го прилагодите отворот на подвижниот нож:
- притиснете го прекинувачот ON/OFF за да ја активирате машината (сл. 1 L)
притиснете го прекинувачот ON/OFF за да го изберете режимот на работа: - режим „1“ - зелено светло, за сечење гранки со дијаметар до 15 mm (сл. 6 l);
- режим „2“ - две зелени светла, за сечење гранки со дијаметар до 25 mm (сл. 6 II);
- режим „3“ - три зелени светла, за сечење гранки со дијаметар до 30 mm (сл. 6 III).
6.5 ЗАСТАНУВАНЬЕ
- Пуштете го прекинувачот
- Притиснете и задржете го прекинувачот ON/OFF 2 секунди
- Почекајте звучен сигнал
- Отстранете ја батеријата од лежиштето
- Ставете го заштитниот капак

Не допирајте го сечилото додека се движи.
⚠️ При преместување, никогаш не држете го прстот врз копчето, за да избегнете случајни активирање.
7. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
7.1 ОПШТО
⚠️ Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во поглавје 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.
⚠️ Пред да извршите каква било контрола, исчистете или интервенирајте кај одржувањето/регулацијата на алатката:
- Запрете ја машината;
- Извадете ја батеријата од лежиштето.
Редовната проверка на алатката ће ја направи безбедна и сигурна:
- Не прскајте ја алатката со вода и не ја потопувајте, тоа може да предизвика краток спој во внатрешноста на алатот.
- Одржувајте ја рачката, сите уреди за вентилација на моторот чисти, користете крпа за чистење на алатот. Не користете детергенти за чистење на алатката за да избегнете оштетување на површините.
- Чистете го сечилото по секоја употреба, заштитете го со масло или заштитен спреј (сл. 7)
- Само кога е потребно, затегнете го механизмот за прицврстување (сл. 1С) со помош на испорачаниот клуч (сл. 1 К).
7.2 АКУМУЛАТОР
7.2.1 Автономија на батеријата
Автономијата на батеријата главно е условена со:
a. факторите на средината на работа коишто предизвикуваат најголема потрошувачка на батеријата:
– сечење на грмушки чии гранки се многу големи,
b. однесувањето на операторот кој треба да избегнува:
– често палење и гаснење во текот на работата,
– употреба на несоодветна техника за сечење во однос на работата што треба да се заврши (пасус 6. 4).
За да се зголеми автономијата на батеријата, секогаш треба:
• сечете ја грмушката кога е сува,
- не ја оптеретувајте алатката.
Во случај кога сакате да ја користите машината за многу долга работа и користите стандардна батерија, може:
- да набавите втора стандардна батерија за да ја замените веднаш потрошената батерија без да треба да ја прекинувате работата,
7.2.2 Исклучување и полнење на батеријата
- Притиснете го копчето за блокирање во батеријата (сл. 8А).
- извадете ја батеријата од машината (сл. 8 В).
- Вметнете ја батеријата во лежиштето на полначот (сл. 9).
-
Включете го полначот на батерии во довод на ел. енергија (сл. 9В) во извор на ел. енергија со соодветен напон како оној што е посочен на етикетата.
-
Секогаш полнете докрај следејки ги упатствата дадени во упатството за батеријата/полначот за батеријата.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата седоставува со заштита што го прекинува полнењето ако температурата во средина не е меѓу 4 и +40 °C.
ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може да се полни во секој момент, дури и делумно без ризик оштетување.
7.2.3 Повторно поставување на батеријата во машината
Кога полнењето е завршено:
- Отстранете ја батеријата од кућиштето на полначот за батерии (не продолжувајте да ја полните кога ќе заврши полнењето).
- Исключете го полначот од електричната мрежа.
- Вметнете ја батеријата во лежиштето на машината.
- Притискајте се додека не слушнете звук на кликнување што ја блокира на место и обезбедува електричен контакт.
7.3 ЧИСТЕЊЕ
7.3.1 Чистење на алатот
На крајот на секоја работа, исчистете ја алатката детално од прав и остатоците од работата.
- Секогаш чистете ја алатката по употребата со чиста и мокра крпа потопена во неутрален детергент.
- Отстранете ги сите траги на влага со мека и сува крпа. Влагата остава простор за ризик од електричен удар.
- Не користете абразивни детергенти и растворувачи да ги исчистите пластичните делови или рачките.
- Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.
- За да избегнете прегревање или оштетување на моторот и на батеријата, секогаш проверувајте дали решетката за воздух за ладење е чиста и без остатоци.
8. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
⚠️ За да ги наострите или замените ножевите, контактирајте со вашиот продавач или специјализиран центар.
9. ОДЛОЖУВАНЬЕ
9.1 ЧУВАЊЕ НА МАШИНАТА И БАТЕРИЈАТА
- Извадете ја батеријата од лежиштето и проверете го полнењето;
- Избегнувајте чување на уредот во екстремно топли или ладни средини.
- Батериите и полначите мора да се остават на суво и безбедно место за да се спречи навлегување на топлина, прашина и влага.
- Чувајте ја алатката на место каде што децата не можат да дојдат до неа
- Осигурајте се дека клучевите или алатките што се користат за одржување се отстранети.
Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот.
Сите интервенции за регулација и одржување што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејки знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ће се заврши правилно, земајки го во предвид првобитниот степен на безбедност и условите на машината.
Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.
- Само овластените сервиси за помош може да ги извршуваат поправките и одржувањето што се под гаранција.
-
Овластените сервисни центри користат само оригинални резервни делови. Оригиналните резервни делови и дополнителна опрема се специјално дизајнирани за машината.
-
Резервните делови и дополнителната опрема што не одобрени, употребата на резервни делови и дополнителна опрема што не се оригинални ја поништуваат гаранцијата.
- Препорачуваме да ја однесете машината еднаш годишно во овластен сервис за одржување, помош и контрола на безбедносните уреди.
11. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА
Гаранцијата ги покрива сите штети на материјалите и производството. Корисникот треба внимателно да ги следи сите упатства кои се дадени до приложената документација.
Гаранцијата не ги покрива штетите настанати затоа што:
- Не сте се запознале со приложената документација.
- Не сте внимателни.
- Употребата и монтирањето не се правилни или конзистентни.
- Се користат резервни делови коишто не се оригинални.
- Се користи дополнителна опрема која не е одобрена ниту доставена од производителот.
Гаранцијата не покрива и:
- нормално абење на потрошните материјали како што се уредот со сечивото, безбедносните светла.
- Нормално абење.
Купувачот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на купувачот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин не ја лимитираат оваа гаранција.
- ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАЊЕ
| Интервенција Период | ||
| Првпат Последователно секои | ||
| МАШИНА | ||
| Контрола на сите фиксирања | - Пред секоја употреба | |
| Безбедносни контроли / проверка на командите | - Пред секоја употреба | |
| Општо чистење и контрола | - На крајот на секоја употреба | |
- НЕСООДВЕТНА РАБОТА
| НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ | ||
| 1. Машината не се вклучува | Главниот прекинувач ON-OFF е во положбата OFFБатеријата е празнаБатеријата не е правилно наместена | Ставете го главниот прекинувач ON-OFFво положбата ONНаполнете ја батеријатаОтстранете ја батеријатаи вметнете ја повторно |
| 2. Машината запира за време на сечењето | Батеријата е празнаБатеријата имамала автономија | Наполнете ја батеријатаНаполнете ја батеријата |
| 3. Сечилото се заглавува во дебела гранка | Батеријата имамала автономијаДрвото е премногу тврдоПреголем дијаметар награнката | Наполнете ја батеријатаГранката не е погодна за сечењеГранката не е погодна за сечење |
| 4. Сечењето не оди глатко | Ножот за сечење не е затегнатНожот за сечење е тап или истрошен | Затегнете ја завртката наножотЗаменете го ножот за сечење (*) |
Контактирајте со застапникот за помош ако проблемите опстојуваат откако сте ги направиле горепосочените операции.
(*) Интервенции што мора да ги изврши вашиот застапник или овластен сервисен центар
Има батерии со различен квалитет наменети за одредени работни задачи (сл.10). Списокот со батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наога во табелата „Технички податоци“.
Уред што се користи за полнење на батеријата (сл. 11).
INHOUDSOPGAVE
- ALGEMEEN....1
- VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN....2
- LEER DE MACHINE KENNEN ....5
МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.