STIGA SHT 100 AE - Градинарски ножици

SHT 100 AE - Градинарски ножици STIGA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SHT 100 AE STIGA во PDF формат.

📄 387 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice STIGA SHT 100 AE - page 223
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за SHT 100 AE STIGA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Градинарски ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SHT 100 AE - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SHT 100 AE на марката STIGA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SHT 100 AE STIGA

6) Употреба и предпазни мерки при употреба на безжични инструменти

3.1.1 Предвидена употреба

за безопасност преди употреба.

6.2.1 Обща проверка

- Спрете машината (пар. 6.5);

3.1 Опис и употреба на машината....4
3.2 Главни делови (Сл. 1) 5
3.3 Етикета за идентификација на производ (Сл. 1)......5
3.4 Ознаки за безбедност (Сл. 2)...... 5

5.1 Рачка за управување со сечилото ...... 6
5.2 Копче за блокирање на сечилото (МОД. НТ 20 LI S)......6
5.3 Безбедносен прекинувач 6
5.4 Копче за отпуштање на задната рачката (МОД. НТ 20 LI S)......6

  1. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА 6

6.1 Прелиминарни операции.... 6
6.2 Безбедносни контроли 7
6.3 Стартување 7
6.4 Работа 7
6.5 Запирање....8
6.6 По работата....8

  1. ОДРЖУВАЊЕ 9

7.1 Општи информации....9
7.2 Батерија 9
7.3 Чистење на косилката 9
7.4 Чистење и подмачкување на сечилото......9
7.5 Навртки и шрафови за фиксирање...... 10
7.6 Сечило 10

  1. СКЛАДИРАЊЕ.... 10

8.1 Одложување на машината 10
8.2 Одложување на батеријата 10

13.1 Батерии.... 13
13.2 Полнач за батерија.... 13

1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО Даваат податоци или понатамошни информации за она што е претходно наведено и имаат за цел да спречат оштетување на машината или настанување на други штети.

Симболот посочува на опасност. Непочитувањето на ова предупредување создава можност за лични повреди или на трети лица и/или штети.

Пасусите означени со сиви квадратчиња ги посочуваат опционалните характеристики коишто не се достапни кај сите модели дадени во ова упатство. Проверете дали се достапни характеристики за овој модел.

Сите индикации за позицијата на машината „напред“, „назад“, „десно“ и „лево“ се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.

2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

2.1 ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ

⚠️ Прочитајте ги сите предупредувања за безбедност, упатства, илустрации и спецификации што доағаат со овој електричен алат. Непочитувањето на упатствата наведени подолу може да резултира со струен удар, пожар и/или сериозна повреда.

Зачувајте ги сите предупредувања и упатството за понатамошно упатување.

Поимот „електричен алат“ во предупредувањата се однесува на вашиот електричен алат што работи на струја (со кабел) или на електричен алат што работи на батерија (безжичен).

1) Безбедност на работната локација a) Работната локација треба секогаш да биде чиста и добро осветлена. Може да дојде до несрећа доколку локацијата е преполнета или темна.

b) Не ракувајте со електрични алати во експлозивни атмосфери, на пример во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните делови предизвикуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.

с) При користење на електрични алати, децата и другите лица не треба да стојат во близина. Одвлекување на вниманието може да направи да изгубите контрола.

2) Електрична безбедност

a) Избегнувајте контакт на телото со површина со маса или со земја, како цевки, радијатори, кујнски апарати, фрижидери. Ризикот од електричен удар се поттикнува ако телото се најде на маса или земја.

b) Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влага. Доколку навлезе вода во електричниот алат, се зголемува ризикот од електричен удар.

3) Лична безбедност

a) Бидете внимателни, проверете што правите и свесно размислувајте при употреба на електричен алат. Не користете електричен алат кога сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Момент на невнимание при ракување со електричен алат може да резултира со сериозна лична повреда.

b) Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштитни очила. Носењето заштитна опрема како што е маска за прашина, безбедносни чевли што не се лизгаат, тврда капа или заштита на слух што се користи за соодветни услови ке го намали ризикот од лични повреди.

с) Спречете го ненамерното стартување. Проверете дали апаратот е исключен пред да ја вметнете батеријата, или пред да го подигнете или пренесувате електричниот алат. Носењето на електричен алат со прстот на прекинувачет, или вметнувањето на батеријата со прекинувачет на позиција „ON“ може да доведе до несреќа.

d) Пред вклучување на електричниот алат отстранете го секој прилагодлив или француски клуч. Француски или друг вид на клуч што е прикачен за ротирачките делови на машината може да доведе до лична повреда.

e) Не се преработувајте. Постојано бидете исправени и одржувајте рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола врз електричниот алат во неочекувани ситуации.

f) Соодветно облечете се. Не носете лелеава облека или накит. Косата и облеката треба да бидат подалеку од подвижните делови.

Лелеавата облека, накитот или долгата коса можат да се заглават во подвижните делови.

g) Доколку треба да се поврзе уред за екстракција на прашина и опрема за собирање, осигурете се дека истите се поврзани и правилно користени. Употребата на екстрактор за прашина може да ја намали опасноста од прашина.

h) Не дозволувајте доброто познавање на алатот да направи да бидете невнимателни и да ги игнорирате принципите на безбедност. Невниманието може да предизвика сериозни повреди во дел од секунда.

4) Употреба и грижа за електричниот алат

a) Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете го соодветниот електричен алат согласно типот на работа. Соодветниот електричен алат ће ја заврши работата подобро и побезбедно со брзината за која е наменет.

b) Не користете го електричниот апарат ако прекинувачот не е правилно поставен во позиција за вклучување или исклучување. Ако електричниот апарат не може да се вклучи со прекинувачот, тој е опасен за употреба и треба да се поправи.

с) Извадете ја батеријата од машината пред да вршите какви било подесувања, промена на додатоци или пред да го складирате електричниот алат. Ваквите превентивни безбедносни мерки го намалуваат ризикот од ненамерно вклучување на електричниот алат.

d) Неактивните електрични алати чувајте ги подалеку од дофат на деца и не дозволувајте употреба на електричниот алат од страна на лица што не се запознаени со алатот или со овие упатства. Електричните алати се опасни кога се користат од страна на неискусни лица.

e) Одржувајте ги електричните алати и додатоците. Проверете дали подвижните делови се погрешно поставени, скршени или заглавени и проверете ги другите состојби што можат да влијаат врз работата на електричниот алат. Во случај на оштетување, електричниот алат мора прво да се поправи за да може повторно да се користи. Многу несреći се предизвикани поради несоодветно одржување.

f) Сечилата треба секогаш да бидат остри и чисти. Правилно одржуваните алати за сечење со остри сечила имаат помала веројатност да се заглават и се полесни за управување.

g) Користете го електричниот алат и неговите додатоци во согласност со овие упатства, земајки ги предвид работните услови и задачата што треба да се изврши. Користењето на електричниот алат за друг тип на работа освен онаа за која е наменет може да доведе до несреќа.

h) Рачките и останатите површини за држење треба да бидат суви, чисти и без остатоци од масло и подмачкувач. Лизгавите рачки и површини за држење не се безбедни за ракување и управување со алатот во неочекувани ситуации.

5 Употреба и грижа за батеријата

a) Полнете ја батеријата ислучиво со полначот наведен од производителот.
Полначот што е соодветен за еден тип на батерија може да создаде ризик од пожар, електричен удар, прегревање или протекување на корозивна течност од батеријата при употреба кај друг тип на батерија.
b) Користете ги електричните алати ислучиво со специјално наменетата батерија. Употребата на други батерии може да создаде ризик од повреда или пожар.
с) Кога батеријата не е во употреба, чувајте ја подалеку од други метални предмети, како што се спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други мали метални предмети што можат да магнетизираат еден терминал со друг. Спојувањето на терминалите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
d) Под несоодветни услови, батеријата може да исфрли течност: избегнете контакт. Доколку дојде до контакт, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, веднаш побарајте лекарска помош. Исфрлената течност од батеријата може да предизвика иритација и изгореници.
e) Не користете батерија или алат што е оштетен или изменет. Оштетените или изменетите батерии можат да покажат несоодветно однесување што резултира со пожар, експлозија или ризик од повреда.
f) Не ја изложувајте батеријата или алатот на пожар или прекумерна температура. Изложувањето на пожар или температура повисока од 130 °С може да предизвика експлозија.
g) Полнете ја само на собна температура, помеѓу 0° + 45 °C. Не ја полнете батеријата или алатот надвор од наведениот температурен опсег. Несоодветното полнење или полнењето на температури надвор од наведениот

опсег може да ја оштетат батеријата и да го зголемат ризикот од пожар.

6) Сервисирање

a) Вашиот електричен алат треба да биде сервисиран од страна на квалификувано лице со употреба на идентични резервни делови. Со ова ће се одржи безбедноста на електричниот алат.
b) Никогаш не ги сервисирајте оштетените батерии. Сервисирањето на батериите треба да се врши ислучиво од страна на производителот или овластените сервисни центри.

  • Во текот на работата, машината секогаш мора да се држи цврсто со двете раце. Управувањето со само една рака може да доведе до губење контрола и сериозна лична повреда
  • Држете го телото подалеку од сечилото. Не го вадете исечениот материјал или не го држете материјалот за сечење кога сечилото е во функција. Сечилата продолжуваат да ротираат и по исклучување на прекинувачот. Момент на невнимание при ракување со тримерот за жива ограда може да резултира со сериозна лична повреда.
  • При пренесување, држете го тримерот за жива ограда за рачната, осигурете се дека сечилото е неподвижно и внимавајте да не притиснете на некој прекинувач. Правилното носење на тримерот за жива ограда ће го намали ризикот од ненамерно стартување и лична повреда предизвикана од сечилата.
  • Фаќајте го електричниот дел само за изолираните површини на рачките бидејки сечивото може да дојде во контакт со сокриените кабли. Контактот на сечилата со жица под напон може да ги наелектризира изложените метални делови на алатот и да предизвика струен удар на операторот.
  • Секогаш ставајте ја заштитата на сечилото при транспорт или складирање на тримерот за жива ограда. Правилното ракување со тримерот за жива ограда го намалува ризикот од лична повреда предизвикана од сечилата.
  • Не го користете тримерот за жива ограда при неповолни временски услови, особено кога постои ризик од грмотевици. Ова го намалува ризикот од удар на гром.

Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исключете го моторот и оддалечете ја машината внимавајки да не предизвикате други оштетувања Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за

дадената сostoјба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвинаат дефент или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината.

STIGA SHT 100 AE - 6) Сервисирање - 1

Продолжена изложеност на

вибрации може да предизвика повреди и невроваскуларни нарушувања (познати и нако „Рејнодов синдром“ или „бела рака“) особено кај оние што се изложени на циркуларни влијанија. Симптомите може да се покажат на рацете, на рачните зглобови или на прстите и се манифестираат со губење на осет, вючанетост, чешање, болка, обезбојување и структурални промени на кожата. Овие ефекти може да се зголемат со ниски надворешни температури и / или од прекумерен притисок врз рачките. При појава на овие симптоми, треба да го намалите времето на користење на машината и да се советувате со лекар.

2.3 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

  • Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина овие отпадоци не се фрлаат во ўубре, туку треба да бидат разделени и да се достават до соодветни центри за собирање на истите, кои ће се погрижат за рециклирање на материјалите.
  • Следете ги во целост локалните закони за фрлање на материјалите што се резултат на сечењето
  • Кога косилката ће се расипе, не ја исфрлајте надвор, туку однесете ја во депонијата за отпадни материјали, согласно позитивните локални одредби.

STIGA SHT 100 AE - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 1

Не фрлајте ги електричните апарати заедно со домашен отпад. Во согласност со директивата на ЕУ 2012/19/EU, отпадот што се состоит од електрични и електронски апарати е ваша одговорност и, во согласност со националните одредби, електричните апарати за фрлање треба да се фрлат засебно за да може подоцна повторно да се употребат на еко-компатибилен начин. Ако електричните апарати се одложат на губриште или на земја, штетните Costaјки може да стапат во контакт со елементите во почвата и да навлезат во синζирот на исхрана, со што ќе се нарушат вашето здравје и благосостојбата. За подетални информации околу фрлањето на овој производ, контактирајте со компетентни институции за фрлање домашен отпад или со застапникот.

STIGA SHT 100 AE - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 2
Li-ion

Откако ће ћ помине рокот на употреба, извадете ја батеријата обрнувајки внимание на животната средина. Батеријата содржи материјал што е опасен за вас и за средината. Треба да се извади и расклопи во засебен сад што може да содржи литиумски јони.

STIGA SHT 100 AE - ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА - 3

Засебното собирање на производите и искористените пакувања овозможува рециклирање на материјалите и повторна употреба. повторната употреба на рециклираните материјали спречува штета на животната средина и ја намалува потребата за примарни материјали.

3. ПОЗНАВАЊЕ НА МАШИНАТА

3.1 ОПИС И УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

Оваа машина е градинарска алатка и поконкретно преносен батериски тример за жива ограда.

Машината главно се состоит од мотор којшто активира уред за сечење.

Операторот може да вклучува разни главни команди секогаш одржувајки го безбедносното растојание од уредот за сечење.

3.1.1 Предвидена употреба

Оваа машина е проектирана и конструирана за:

  • сечење и кастрење на грмушки и живи огради со мали гранки
  • Само еден оператор може да ја користи.

3.1.2 Несоодветна употреба

Секоја различна употреба од горенаведената може да биде опасна и/или да предизвика штети на лица или предмети. Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):

  • косење трева воопшто, а особено во близина на нерамен терен,
  • сечкање материјали за губрење,
  • обликување,
  • употреба на машината со уредот за сечење над линијата на рамото,
  • употреба на машината за косење материјали што не се од вегетативна природа,
  • употреба на уреди со сечива што не се наведени во табелата "Технички податоци". Ризик од сериозни повреди.;
  • употреба на машината од страна на повеќе луге.

ВАЖНО Неправилното користење на машината ја поништува гаранцијата и го ослободува Производителот од секаква одговорност, и целата одговорност за штета или повреда на корисникот или трети лица, пага на корисникот.

Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Наменета е за непрофесионална употреба.

3.2 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ (Сл. 1)

A. Мотор: обезбедува движење на уредот со сечивото.
В. Сечиво (уред со сечиво): соодветен елемент за сечење на вегетација.
С. Предна рачка: овозможува управување со машината и таму се наога безбедносното копче.
D. Задна рачка: овозможува управување со машината и таму се наогаат командите за главната контрола.
E. Заштита за сечивото (при транспорт и преместување на машината): спречува несакан контакт со уредот со сечивото што може да доведе до тешки повреди.
F. Батерија (доколку не е доставена со машината, види поглавје: 13 „опционални додатоци“ уред што го снабдува алатот со електрична енергија; неговите спецификации и правила за користење се опишани во специјалниот прирачник.
G. Полнач за батерија (доколку не е доставен со машината, види поглавје: 13 „опционални додатоци“ уред што ја полни батеријата; неговите спецификации и правила за користење се опишани во специјалниот прирачник.

3.3 ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА НА ПРОИЗВОД (Сл. 1)

  1. Ознака за усогласеност со СЕ
  2. Име и адреса на производителот
  3. Ниво на акустична моїност
  4. Код на производ
  5. Тип на машина
  6. Сериски број
  7. Година на производство
  8. Волтажа и вид напојување
  9. Брзина на сечило

Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.

ВАЖНО Наведете ги податоците од етикетата за идентификација на производот секогаш кога ње го контактирате Овластениот сервисен центар.

ВАЖНО Пример на Изјавата за сообразност се наога на последната страница во ова упатство.

3.4 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ (Сл. 2)

Машината има различни символи. Значење на символите:

STIGA SHT 100 AE - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ (Сл. 2) - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ! Оваа машина може да биде опасна за вас или за другите доколку не се користи правилно.

STIGA SHT 100 AE - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ (Сл. 2) - 2

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Пред да ја користите оваа машина, прочитајте го упатството за употреба.

STIGA SHT 100 AE - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ (Сл. 2) - 3

Користете заштита за ушите и очите.

STIGA SHT 100 AE - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ (Сл. 2) - 4

STIGA SHT 100 AE - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ (Сл. 2) - 5

Носете заштитни чевли со заштита против лизгање.

STIGA SHT 100 AE - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ (Сл. 2) - 6

Носете цврсти ракавици за работа со заштита против лизгање.

STIGA SHT 100 AE - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ (Сл. 2) - 7

Да не се изложува на дожд (или на влажност)

STIGA SHT 100 AE - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ (Сл. 2) - 8

Извадете ја батеријата пред да вршите какви било проверки, чистење или одржување/ подесување на машината.

ВАЖНО Сите оштетени или нечитливи ознаки мора да се заменат. Нарачајте резервни ознаки од Овластен сервисен центар.

4. РАСПАКУВАЊЕ

ВАЖНО Безбедносните стандарди што треба да се почитуваат се опишани во поглавје. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

⚠️ Распакувањето треба да се изврши на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејни секогаш соодветни алати.

  1. Отворете го пакувањето внимателно за да не ги расфрлите деловите.
  2. Прочитајте ја документацијата во кутијата каде се наведени овие упатства.
  3. Извадете ја машината од кутијата.
  4. Фрлете ги кутијата и амбалажата согласно локалните одредби.

5. КОМАНДИ ЗА КОНТРОЛА

5.1 РАЧКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО СЕЧИЛОТО

Рачката за управување со сечилото (Сл. 3.А, Сл. 4.А) ја овозможува работата на сечилото.

- Модел НТ 20 Li A

Работењето на сечилото е можно само ако рачката за управување со сечилото (Сл. 3.А) и безбедносниот прекинувач (Сл. 3.В) се притиснати истовремено.

- Модел НТ 20 Li S

Работењето на сечилото е можно само ако рачката за управување со сечилото (Сл. 4.А), копчето за блокирање на сечилото (Сл. 4.С) и безбедносниот прекинувач (Сл. 4.В) се притиснати истовремено.

Сечилото автоматски запира кога рачката е отпуштена.

Копчето за блокирање на сечилото (Сл. 4.С) ја овозможува работата на рачката за управување со сечилото (Сл. 4.А).

5.3 БЕЗБЕДНОСЕН ПРЕКИНУВАЧ

Безбедносниот прекинувач на предната рачка (Сл. 3.В, Сл. 4.В) овозможува дополнителна безбедност бидејки треба да се притисне заедно со рачката за управување со сечилото, за сечилото да може да работи.

Сечилото автоматски запира кога безбедносниот прекинувач е отпуштен.

Рачката за отпуштање (Сл. 4.D) се користи за подесување на задната рачка (Сл. 1.D) во 3 различни позиции во однос на поставеноста на сечилото за да ви го олесни кастрењето на живата ограда (пас. 6.4.1).

⚠️ Рачката може да се подесува само кога машината е исключена.

6. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

ВАЖНО Безбедносните стандарди што треба да се почитуваат се опишани во поглавје. 2. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот.

Пред секоја употреба проверете ја состојбата на наполнетост на батеријата следејки ги насоките дадени во ова упатство за батерија.

6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ

⚠️ Секогаш проверувајте ги безбедносните контроли пред работа.

Предмет Резултат
Рачки (сл. 1.C, сл. 1.D) и заштитиЧисти, исушени, правилно и цврсто фиксирани на машината
Шрафови на машината и сечивотоДобро зашрафени (не разлабавени)
Отвори за воздух за ладењеБез пречки
Сечиво (сл. 1.B) Остро, ненеоштетено или изабено, добро наострено.
Заштити Цели и без оштетувања.
Батерија (сл. 1.F) Без никаакви оштетувања на куќиштето и без протекување на течност.
Машина Никаков знак наоштетување или изабеност. Нема чудни вибрации. Нема чудни звуци.
Рачки, копчиња и безбедносни прекинувачиМора слободно да се движат, без присила и кога ће се отпуштат мора автоматски и брзо да се вратат во неутрална позиција.
Дејство Резултат
1. Стартувајте ја машината (пас. 6.3 );2. Отпуштете ја рачката за управување со сечилото (Сл. 3.А, Сл. 4.А) или безбедносниот прекинувач (Сл. 3.В, Сл. 4.В)1. Сечивото треба да се движи2. Командите треба да се врата автоматски и бргу во неутрална позиција, а сечивото треба да застане

⚠️ Ако некој од резултатите не е ист како што е посочено во табелата, не ја користете машината! Однесете ја во овластен сервис на проверка и поправка.

6.3 СТАРТУВАЊЕ

Стартувањето на машината предизвивува истовремено активирање на сечилото.

ЗАБЕЛЕШКА Користете ја машината само на цврста, рамна површина.

  1. Извадете ја заштитата на сечилото (Сл. 1.Е) (ако е ставена)

  2. Проверете дали сечилото го допира теренот или други предмети

  3. Ставете ја батеријата (Сл. 6.А) во своето куќиште притискајки ја докрај се додека не слушнете звук на кликнување и проверете го електричниот контакт
  4. Заземете цврста и урамнотежена позиција

5.a Mod. HT 20 Li A

– Истовремено дејствувајте на рачката за управување со сечилото (Сл. 7.А) и безбедносниот прекинувач (Сл. 7.В),

5.b Mod. HT 20 Li S

– Истовремено дејствувајте на рачката за управување со сечилото (Сл. 8.А), копчето за блокирање на сечилото (Сл. 8.С) и безбедносниот прекинувач (Сл. 8.В).

6.4 РАБОТА

⚠️ При употреба, секогаш држете ја машината цврсто со двете раце, тана што сечилото да биде под ниво на раменици на операторот.

⚠️ Секога користете го тримерот за жива ограда на ниво на земја, не на скали или друга нестабилна потпора.

Не вадете го исечениот материјал или држете го цврсто материјалот за сечење кога сечивото е во функција. Проверете дали машината е исключена пред да го вадите исечениот материјал.

ЗАБЕЛЕШКА За време на работата, батеријата е заштитена од целосно празнење со помош на заштитен уред што се ислучува кога машината прекинува да работи.

6.4.1 Подесување на задната рачка (Мод. НТ 20 Li S)

STIGA SHT 100 AE - Подесување на задната рачка (Мод. НТ 20 Li S) - 1

Вршете го ова само нога ината е исключена.

  1. Притиснете го копчето за отпуштање на задната рачка (Сл. 9.А); (Сл. 9.А)
  2. Почнете да ја вртите задната рачка (Сл. 9.В)
  3. Отпуштете го копчето
  4. Вртете ја рачката додека да кликне во саканата положба.

ВАЖНО Пред да ја користите машината, проверете дали отпуштеното копче е целосно вратено во позиција за блокирање и дали задната рачка е цврто прикачена.

STIGA SHT 100 AE - Вршете го ова само нога ината е исключена. - 1

Во текот на работата, задната на мора секогаш да биде во гиканална позиција, независно позицијата на сечилото.

6.4.2 Техника на работа

Секогаш се претпочита да се сече првиот и вториот ред вертикални израстоци на грмушката, а потоа легнатите делови.

ЗАБЕЛЕШКА Резервната моćност на батеријата (и затоа е потребен пресек на вегетационкото подраче) зависи од повеće фактори опишани во (пас. 7.2.1).

6.4.2.a Вертикално сечење

Ножот треба да се постави со кружно движење оддолу нагоре со тоа што сечивото ће се држи што е можно подалеку од телото (сл. 10).

6.4.2.b Хоризонтално сечење

Најдобри резултати се добивают кога сечилото е благо закосено (5° - 10°) во насока на сечењето, проследено со кружно движење, бавно и без прекин, особено во случај на многу густа жива ограда (Сл. 11).

6.4.3 Совети за работа

Ако сечивото се блокира во текот на работата или се заплетка во гранките на грмушката:

  1. Веднаш пуштете ја рачката за управување со сечилото (Сл. 12.А, Сл. 13.А) или безбедносниот прекинувач (Сл. 12.В, Сл. 13.В);
  2. Почекајте сечилото да прекине да ротира

  3. Извадете ја батеријата (пас. 7.2.2)

  4. Извадете го заглавениот материјал.

6.4.4 Подмачкување на сечивата во текот на работата

Доколку сечилото се прегрее за време на работата, треба да ги подмачкате внатрешните површини на сечилото (пас. 7.4).

STIGA SHT 100 AE - Подмачкување на сечивата во текот на работата - 1

Ова може да се изврши кога машината е лучена и батеријата е извадена од кућиштето.

6.5 ЗАПИРАЊЕ

  1. Отпуштете ја рачката за управување со сечилото (Сл. 12.А, Сл. 13.А) или безбедносниот прекинувач (Сл. 12.В, Сл. 13.В).

STIGA SHT 100 AE - ЗАПИРАЊЕ - 1

Секогаш исклучувајте ја машината при менување на локацијата на работа.

STIGA SHT 100 AE - ЗАПИРАЊЕ - 2

Не ја држете раката на безбедносниот кинувач при преместување на вината за да избегнете ненамерно ртување на машината.

6.6 ПО РАБОТАТА

  • Извадете ја батеријата од куќиштето и наполнете ја (пас. 7.2.2).
  • Кога сечилото е во мирување, ставете ја заштита на сечилото (Сл. 1.Е).
  • Оставете моторот да се олади пред да ја складирате машината во затворен простор.
  • Чистење (пас. 7.3).
  • Проверете дали деловите се разлабавени или оштетени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените шрафови и навртки или контактирајте го овластениот сервисен центар.
  • Проверете дали машината е оштетена. Доколку е потребно, јавете се во овластениот сервисен центар.

ВАЖНО Секогаш вадете ја батеријата (пас. 7.2.2) и поставувајте ја заштитата на сечилото кога не ја користите машината.

7. ОДРЖУВАЊЕ

ВАЖНО Безбедносните стандарди што треба да се почитуваат се опишани во поглавје. 2. Строго

придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности.

STIGA SHT 100 AE - ОДРЖУВАЊЕ - 1

Пред да почнете со проверки, чистење одржување/подесување на машината:

  • Исклучете ја машината
  • Извадете ја батеријата од своето кућиште и наполнете ја (пас. 7.2.2) (никогаш не ја оставајте батеријата внатре или на дофат на деца или неовластени лица)
  • Ставете ја заштитата кога сечилото ње биде неподвижно (освен кога работите директно на сечилото)
  • Оставете моторот да се олади пред да ја складирате машината во затворен простор
  • Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила
  • Прочитајте ги соодветните упатства.

ВАЖНО Сите работи за одржување и подесување коишто не се опишани во ова упатство треба да се извршат кај дилерот или во овластениот сервисен центар.

7.2 БАТЕРИЈА

7.2.1 Автономија на батеријата

Зачувувањето на енергија на батеријата (и со тоа е потребна површина за сечење пред полнењето) најчесто зависи од:

a. Факторите на средината на работа коишто предизвикуваат најголема потрошувачка на батеријата:
– сечење/кастрење на многу густа и влажна жива ограда;
– сечење/регулација на жбунови чии гранки се многу големи,

b. однесувањето на операторот кој треба да избегнува:

– често палење и гаснење во текот на работата,

– употреба на несоодветна техника за сечење во однос на работата што треба да се заврши (пас. 6.4.1);

– брзина на движење при сечењето којашто не е адаптирана на условите со грмушката што треба да се сече.

За да се зголеми автономијата на батеријата, секогаш треба:

  • сечете ја грмушката кога е сува,
  • применете брзина на движење што е соодветна за сечењето и условите со жбунот,
  • користете ја најсоодветната техника за работа.

Во случај кога сакате да ја користите машината за многу долга работа и користите стандардна батерија, може:

  • да набавите втора стандардна батерија за да ја замените веднаш потрошената батерија без да треба да ја прекинувате работата,
  • да набавите батерија со поголема резервна моćност во однос на стандардната батерија (пас. 13.1).

Секогаш полнете ја до крај следејки ги упатствата дадени во упатството за батеријата/полначот за батеријата.

ЗАБЕЛЕШКА Батеријата е опремена со штитник што спречува повторно полнење ако температурата на околината не е помеѓу 0 и +45 °C.

ЗАБЕЛЕШКА Батеријата може да се полни во секој момент, дури и делумно без ризик од оштетување.

  • За намалување на ризикот од запалување, одржувајте ги машината, а особено моторот од остатоци од лисја, гранки и прекумерно масло.
  • Секогаш чистете ја машината по употребата со чиста и мокра крпа потопена во неутрален детергент.
  • Отстранете ги сите траги на влага со мека и сува крпа. Влагата остава простор за ризик од електричен удар.
  • Не користете абразивни детергенти и растворувачи да ги исчистите пластичните делови или рачките.
  • Не полевајте вода и избегнувајте мокрење на моторот и на електричните делови.
  • За да избегнете прегревање или оштетување на моторот или на батеријата, секогаш проверувајте дали решетката за воздух за ладење е чиста и без остатоци.

7.4 ЧИСТЕЊЕ И ПОДМАЧКУВАЊЕ НА СЕЧИЛОТО

По работата, мора да го исчистите и подмачкате сечивото за да му ја продолжите функцијата и долготрајноста:

⚠️ Не го допирајте сечилото додека не запре целосно и додека не се извади батеријата.

- Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот.

  • Чистете го сечивото со сува крпа и користете лопатка ако има упорни дамки.
  • Подмачкајте го сечивото внимателно нанесувајки слој на одреденото масло без да ја измачкате и делот на горниот крај на сечивото.

7.5 НАВРТКИ И ШРАФОВИ ЗА ФИКСИРАЊЕ

  • Сите завртки, навртки и лостови треба да бидат добро прицврстени за да се осигурате дека опремата е безбедна за работа.
  • Редовно проверувајте дали рачките се цврсто фиксирани.

7.6 СЕЧИЛО

⚠️ Не допирајте го уредот со сечивото ако не сте ја извадиле батеријата и ако уредот со сечивото не е застанат докрај.

7.6.1 Контрола

⚠️ Повремено проверувајте дали се сечивата искривени, оштетени или изабени и дали се шрафовите соодветно затегнати.

Не е потребна регулација на растојанието меѓу сечивата бидејки движењето е веке поставено фабрички.

7.6.2 Острење

Острењето е неопходно кога изведбата на ножевите опага и гранките се наведнуваат и честопати се заплеткуваат.

⚠️ Од безбедносни причини, острењето мора да се врши во Овластен сервисен центар кој располага со стручност и соодветна опрема; на оваа работа без да се ризикува оштетување на сечивото и да се предизвика небезбедна costoјба во текот на работата.

Ножот со оштетени сечива не смее никогаш да се остри, туку да се замени.

7.6.3 Замена

⚠️ Сечилото никогаш не смее да се поправа, туку мора да се замени веднаш штом ће се забележат знаци на кршење, абење, превиткување или кога ће се надмине дозволениот лимит за острење.

Од безбедносни причини, тоа мора да се замени во Овластен сервисен центар.

Со оваа машина предвидено е да се користи сечивото коешто го носи кодот посочен во табелата сос технички податоци.

Заради развојот на производот, сечивата наведени во табелата "Технички податоци" треба со време да се заменат со други со соодветни характеристики за замена и функционална безбедност.

8. СКЛАДИРАЊЕ

ВАЖНО Безбедносните мерки што треба да се следат во текот на ракување се наведени во пасус 2.4. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнете сериозни ризици или нескреки.

8.1 ОДЛОЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА

Кога машината треба да се одложи:

  1. Извадете ја батеријата од куќиштето и наполнете ја (пас. 7.2.2)
  2. Ставете ја заштитата откако сечилото ће прекине да ротира
  3. Оставете моторот да се олади пред да ја складирате машината во затворен простор
  4. Чистење (пас. 7.3);
  5. Уверете се дека нема делови кои се оштетени или не се прицврстени. Ако е потребно, заменете ги оштетените делови и затегнете ги разлабавените завртки и навртки, или контактирајте го овластениот сервисен центар;
  6. Складирајте ја машината:
  7. на суво место;
    – заштитена од лошите временски услови;
    – подалеку од дофат на деца;
    – увервајки дека сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.

8.2 ОДЛОЖУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА

Доколку батеријата не е полнета подолго време, мора да се чува на ладно, темно место без влажност, со амбиентална температура помеѓу 0\~45 °C.

ЗАБЕЛЕШКА Ако не ја користите подолг период, полнете ја батеријата секои два месеца за да й се продолжи рокот на траење.

9. РАКУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ

Секогаш кога е потребен пренос или транспорт на машината потребно е:

– Запрете ја машината (пас. 6.5);
– Проверете дали сите подвижни делови се целосно запрени
– Извадете ја батеријата од куќиштето и наполнете ја (пас. 7.2.2)
– Носете заштитни ракавици за работа
– Ставете ја заштитата откако сечилото ње прекине да ротира
– Држете ја машината само за рачката и насочете го сечилото во спротивна насока од онаа што се користи за време на работењето
– Проверете дали кога работи машината, нема знаци на оштетувања или дефекти.

Кога ја транспортирате машината со возило, не заборавајте да:

– Поставете ја така што нема да претставува опасност за никого
– Прицврстете ја машината безбедно со јажиња или синцири.

Ова упатство ги претставува сите неопходни индикации за управување со машината и за правилно одржување што ги извршува корисникот. Секоја функција за регулација и одржување која не е опишана во ова упатство треба да се изврши кај дилерот или во овластениот сервисен центар. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се прекине важноста на гаранција и обврските на Производителот.

  • Резервните делови и дополнителната опрема коишто не се одобрени, употребата на резервни делови и дополнителна опрема коишто не се оригинални ја нарушуваат безбедноста на машината и го ослободуваат Производителот од секоја обврска или одговорност.
  • Оригиналните резервни делови се обезбедени од страна на овластени Дилери и Овластени сервисни центри.

11. ОПСЕГ НА ГАРАНЦИЈАТА

Условите во гаранцијата се наменети ислучиво за потрошувачи, односно оператори, а не професионалци.

Гаранцијата ги покрива сите дефекти на квалитетот на материјалите и на изработката коишто настанале во текот на периодот на гаранцијата од страна на давателот или од страна на специјализиран центар.

Примената на гаранцијата е ограничува на

поправка или замена на дефектниот дел. Примената на гаранцијата зависи од редовното одржување на машината. Гаранцијата не ги покрива штетите настанати кога:

  • Не сте се запознале со приложената документација (Упатства за користење).
  • Ja користите за професионални работи.
  • Има невнимание, занемарување.
  • Има надворешна причина (грмотевици, удари, присуство на страни тела во внатрешноста на машината) или инциденти.
  • Производителот забранува неправилна употреба или монтажа.
  • Има нередовно одржување.
  • Машината е изменета.
  • Се користат резервни делови коишто не се оригинални (дополнителни делови).
  • Се користи дополнителна опрема која не е одобрена ниту доставена од производителот.

Гаранцијата не покрива:

  • Операции за одржување (опишани во упатството за користење).
  • Нормална истрошеност и абење на потрошните материјали.
  • Нормално абење.
  • Естетско вложување на машината заради употребата.
  • Дополнителните трошоци што можат да повлечат активирање на гаранцијата, се трошоци за патување до локацијата на корисникот, превоз на машината кај застапникот, изнајмување на опрема за замена или повикување на друга компанија за сите работи околу одржувањето.

Корисникот е заштитен со соодветните државни закони. Правата на корисникот кои се предвидени во дадените државни закони на ниеден начин не ја лимитираат оваа гаранција.

12. НЕСООДВЕТНА РАБОТА

НАЈДЕНА МОЖНАПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
1. Рачката за управување со сечилото и безбедносниот прекинувач се активирани, но машината не сака да стартува (мод. НТ 20 Li A)или2. Рачката за управување со сечилото, копчето за блокирање на сечилото и безбедносниот прекинувач се активирани, но машината не сака да стартува (мод. НТ 20 Li S)Нема батерија или не е ставена правилно Осигурете се дека батеријата е правилно вметната (Сл. 6.А)
Празна батерија Проверете ја состојбата на наполнетост на батеријата, и наполнете ја доколку е потребно (пас. 7.2.2)
Машината е оштетена. Не користете ја. Извадете ја батеријата и контактирајте го овластениот сервисен центар.
3. Моторот се гаси во текот на работатаБатеријата не е правилно вметната Осигурете се дека батеријата е правилно вметната (Сл. 6.А)
Празна батерија Проверувајте ја состојбата на наполнетости наполнете ја батеријата. (пас. 7.2.2)
4. Сечилото е неподвижно и покрај тоа што се активирани рачката за управување со сечилото и безбедносниот прекинувач (мод. НТ 20 Li A)или5. Сечилото е неподвижно и покрај тоа што се активирани рачката за управување со сечилото, копчето за блокирање на сечилото и безбедносниот прекинувач (мод. НТ 20 Li S)Машината е оштетена. Не користете ја. Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во овластен сервисен центар.
6. Уредот со сечивото се загрева премногу во текот на работатаНезадоволително подмачкување на сечивотоИсклучете ја машината, почекајте сечилото да запре, извадете ја батеријата и подмачкајте ги сечилата (пас. 7.4)
7. Уредот со сечивото допрел вод или електричен кабел- НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО СЕЧИВОТО БИДЕЈКИИМА СТРУЈА ВО НЕГО И ПРЕТСТАВУВА ОГРОМНА ОПАСНОСТ! Фатете ја машината само за задната изолирана рачка и однесете ја внимателно подалеку од средината.Исклучете го напојувањето за водот или кабелот и извадете ја батеријата пред да ги ослободите запчите на сечивото.
8. Уредот со сечивото удрил во страно тело.- Застанете ја машината, извадетеја батеријата и:- Проверете дали има оштетувања- Проверете дали деловите се разлабавени, и затегнете ги- Контактирајте го Овластениот сервисен центар за поправка на оштетени делови и замена со делови со исти спецификации.
НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
9. Има бучава и/или прекумерни вибрации во текот на работатаРазлабавени или оштетени делови Застанете ја машината, извадете ја батеријата и:– проверете дали има оштетувања,– проверете дали деловите се разлабавени, и затегнете ги,– Контактирајте го Овластениот сервисен центар за поправка на оштетени делови и замена со делови со исти спецификации.
10. Машината испушта чад во текот на работатаМашината е оштетена. Не користете ја. Веднаш застанете ја машината, извадете ја батеријата и обратете се во овластен сервисен центар.
11. Автономијата на батеријата е незадоволителнаУсловите за работа се многу тешки и бараат поголема потрошувачка на енергијатаОптимизирајте ја работата (пас. 7.2.1)
Батеријата не е доволна за работните потребиКористете втора батерија или батерија со продолжен век на траење (пас. 13.1)
Намален капацитет на батеријата Купете нова батерија
12. Полначот не ја полни батеријатаБатеријата не е поставена правилно во полночатПроверете дали е соодветно вметнат (пас. 7.2.2)
Условите во средината за работа не се соодветниВключете го полнењето во средина со соодветна температура (видете го упатството за употреба за батеријата/полначот за батеријата)
Нечисти контакти Исчистете ги контактите
Нема напон кај полночат на батеријата Проверете дали приклучокот е вметнат и дали има довод на ел. енергија
Полначот на батеријата има дефект Заменете го дефектниот дел со оригинален
Ако истиот опстојува, проверете го упатството за батеријата / полночат за батеријата

Доколку проблемот продолжува и по употреба на опишаните решенија обратете се на вашиот продавач..

Батерии со различен капацитет се достапни за да одговараат на специфичните барања за работа (Сл. 18). Списокот на батерии коишто се соодветни да се користат со оваа машина се наоға во табелата „Технички податоци“.

Уред што се користи за полнење на батеријата (сл.19).

INHOUDSOPGAVE

  1. ALGEMEEN.... 1
  2. VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN....1
  3. LEER DE MACHINE KENNEN 5

МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : STIGA

Модел : SHT 100 AE

Категорија : Градинарски ножици